تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the detailed content and manner for preparation of the plan for improvement of ambient air quality

صدر في 2014-07-11 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Air and atmosphere
الكلمات المفتاحية
air quality/air pollution, business/industry/corporations, emissions, policy/planning, pollution control, research, meteorology
الفئات
*

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 148 од 10.10.2014 година 1 од 4 20141484655 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 27 став (3) од Законот за квалитетот на амбиентниот воздух („Службен весник на Република Македонија” бр. 67/04, 92/07, 35/10, 47/11, 59/12 и 163/13), министерот за животна средина и просторно планирање во согласност со министерот за здравство и министерот за економија, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ДЕТАЛНАТА СОДРЖИНА И НАЧИНОТ НА ПОДГОТВУВАЊЕ НА ПЛАНОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ(* ) Член 1 Со овој правилник се пропишува деталната содржина и начинот на подготвување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. Член 2 Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух (во натамошниот текст: План) се подготвува преку собирање и обработка на информации од: 1. инвентарите на емисии на загадувачки супстанции во воздухот; 2. сценарија за идни емисии од поедини загадувачки супстанции; 3. оценка на квалитетот на воздухот на Република Македонија и 4. оценка на метеоролошките услови и географските фактори кои што можат да имаат влијание врз квалитетот на воздухот, генерално и во кратки временски интервали. Член 3 (1) Планот ги содржи следните податоци: 1) Локализација на прекумерното загадување: регион; град (мапа) и мерна станица (мапа, географски координати); 2) Општи информации: вид на зона (град, индустриска или рурална област); проценка на загадената област (km2) и број на населението изложено на загадувањето; климатски податоци; топографски релевантни податоци и информации за видот на целите потребни за безбедност на зоната; 3) Одговорни органи: имиња и адреси на лицата одговорни за развојот и имплементацијата на плановите за подобрување; 4) Природа и оценување на загадувањето: следени концентрации во текот на претходните години (пред имплементацијата на мерките за подобрување); () Со овој правилник се врши усогласување со Директивата 2008/50/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 21 мај 2008 година за квалитет на амбиентниот воздух и за почист воздух за Европа, CELEX број 32008L0050. Службен весник на РМ, бр. 148 од 10.10.2014 година 2 од 4 измерени концентрации од самиот почеток на проектот и употребени техники за проценка; 5) Потекло на загадувањето: листа на главните извори на емисии одговорни за загадувањето (мапа); вкупно емисии од тие извори (тони/годишно) и информации за загадувањето што доаѓа од други региони; 6) Анализа на состојбата: детални податоци за факторите кои се одговорни за надминувањата (транспорт, вклучувајќи и прекуграничен транспорт, формирање на секундарни загадувачки супстанции во атмосферата) и детални податоци за можните мерки за подобрување на квалитетот на воздухот; 7) Детали за мерки или проекти за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух што постоеле пред денот на влегувањето во сила на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух: локални, регионални, национални и меѓународни мерки и набљудувани ефекти од овие мерки; 8) Детали за донесените мерки или проекти од аспект на намалување на загадувањето: наведување и опис на сите мерки поставени во проектот; временска табела за имплементација и проценка на планираното подобрување на квалитетот на воздухот и проценка на очекуваното време потребно за да се исполнат целите; 9) Детални податоци за мерките или проектите планирани или испитувани за долг временски период; 10) Анализа на состојбата од здравствен аспект: здравствен профил на населбата/регионот за кој се изготвува планот; постојни и очекувани идни здравствени ефекти од аерозагадувањето при постојните услови на загадувањето и постојни и предвидени здравствени мерки за справување со ефектите и 11) Листа на публикации и документи, користени за дополнување на потребните информации. (2) Планот треба да содржи и информации за резултатите од спроведувањето на акциите и мерките дефинирани во Националниот план за заштита на амбиентниот воздух во Република Македонија за период од 2013 до 2018 година. Член 4 (1) Планот содржи информации за спроведување на мерките за намалување на загадувањето на воздухот кои се одредени на соодветно локално, регионално или национално ниво со цел постигнување на целите за квалитет на воздухот, при тоа вклучувајќи ги следните мерки и активности: 1) Намалување на емисиите од сообраќајот преку: рестрикција на сообраќајот за одреден тип на автомобили посебно во урбаните средини; управување со протокот на сообраќај (вклучувајќи утврдување цени за застој во сообраќајот, диференцирани цени за паркирање или други економски стимулации и формирање зони со мала емисија); мерки за поттикнување на заменување на превозот со модели кои помалку загадуваат; ограничување на брзината; Службен весник на РМ, бр. 148 од 10.10.2014 година 3 од 4 подобрување на јавниот транспорт; изградба на нови патишта; рестрикција на сообраќај во определени реони; редукција на емисии од возила со дополнително монтирање на опрема за контрола на емисиите, при што треба да се разгледа употребата на економски стимулации за да се забрза намалувањето и други мерки; 2) Користење на квалитетни горива со мала емисија во мали, средни и во големи стационарни извори и во подвижни извори; 3) Контрола на дифузни извори на емисии: забрана за палење на отворени пожари; рестрикција на домашно греење на дрва; редовно чистење на улици; изолација на градби со цел да нема загуба на топлина и подобрување на ефикасноста на грејните тела; 4) Намалување на емисии од стационарни извори (индустриски и енергетски постројки) преку рестриктивен режим за користење на овие извори и воведување на најдобри достапни техники; 5) Намалување на емисии од мали и средни стационарни извори на согорување (вклучувајќи ги и оние во кој се согорува биомаса), преку приспособување на опремата за контрола на емисиите или нивна замена; 6) При постапката за набавка на патнички возила, горива и опрема за согорување од страна на административните и јавни установи, со цел да се намалат емисиите, треба да се вклучи набавка на: нови возила, вклучувајќи возила со мала емисија; превозни услуги со почисти возила; стационарни извори на согорување со мала емисија и горива со мала емисија за стационарни и подвижни извори; 7) Мерки за намалување на загадувањето на воздухот преку системот за интегрална контрола и спречување на загадувањето, односно ИКСЗ дозволите и преку употребата на економски инструменти, како што се даноци, наплатувања или тргување со емисии; 8) Мерки за заштита на здравјето на децата или на други чувствителни групи и 9) Други мерки како што се: информирање на јавноста; вклучување на квалитетот на воздухот во градското планирање; финансиска поддршка на технологиите со низок процент на емисии преку помали даноци; континуиран мониторинг на квалитетот на воздухот и изработка на студии за намалување на загадувањето. (2) Во Планот за секоја мерка се наведуваат целите и роковите за реализација, потребните финансиски средства, изворот за обезбедување на финансиските средства, параметри за следење на спроведувањето на мерката и одговорните органи за контрола и оценување на реализираните активности. (3) Во Планот се наведуваат и информации за степенот на спроведување на прописите од областа на животната средина кои влијаат на квалитетот на воздухот, а особено на прописите кои се однесуваат на: регулирање на загадувањето на воздухот од емисии од моторни возила; Службен весник на РМ, бр. 148 од 10.10.2014 година 4 од 4 контрола на емисиите од испарливите органски соединенија од бензините кои произлегуваат како резултат на складирањето и дистрибуцијата на бензините од терминалите до бензинските станици; контрола на индустриското загадување; контрола на емисијата на гасови и цврсти честички од моторите со внатрешно согорување кои треба да се инсталираат на подвижни непатни машини; контрола на квалитетот на бензинот и дизел горивата; контрола на емисиите на испарливи органски соединенија кои се должат на употреба на органските растворувачи при одредени активности и инсталации; намалување на содржината на сулфур во течните горива; контрола на емисиите од согорување на отпад; ограничување на емисиите на одредени загадувачи во воздухот од големи постројки за согорување; за национални горни граници за емисија за одредени атмосферски загадувачи; за ограничување на емисиите на испарливи органски соединенија кои се должат на употреба на органски растворувачи во одредени бои и лакови и производи за бојадисување возила; за количество на сулфур во бродски горива; емисии на гасовидни и на цврсти загадувачи од дизел мотори за возила, и емисиите на гасовидни загадувачи од мотори со позитивно палење кои се полнат со природен гас или со течен нафтен гас за возила и за ефикасност на крајната употреба на енергијата и на услугите поврзани со енергијата. Член 5 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за деталната содржина и начинот на подготвување на Програмата за намалување на загадувањето и подобрувањето на квалитетот на амбиентниот воздух („Службен весник на Република Македонија“ број 108/09). Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-4082/5 Министер за животна средина 11 јули 2014 година и просторно планирање, Скопје Нурхан Изаири, с.р. Бр. 08-7522/3 Бр. 12-3559/2 12.09.2014 година 04.08.2014 година Скопје Скопје Министер за здравство, Министер за економија, Никола Тодоров, с.р. Беким Незири, с.р.

Regulation on the detailed content and manner for preparation of the plan for improvement of ambient air quality · Nelum