تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the delivery of lees and wine lees for distillation or vinegar production

صدر في 2007-12-27 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за доставување на комињето и винскиот талог за дестилација или за производтсво на оцет.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
viticulture/oenological practices, processing/handling

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на членот 18 став 3 од Законот за виното (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 69/2004), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА КОМИЊЕТО И ВИНСКИОТ ТАЛОГ ЗА ДЕСТИЛАЦИЈА ИЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ОЦЕТ Член 1 Со овој правилник се уредува постапката за доставување на комињето и винскиот талог од производството на вино за дестилација или производство на оцет. Член 2 Производител на вино, во смисла на овој правилник, е правно или физичко лице кое преработува грозје или шира во вино или за чија сметка грозјето или ширата се преработуваат во вино. Дестилатор, во смисла на овој правилник, е правно или физичко лице или група на лица која: Дестилира вино, вино зајакнато за дестилација или споредни производи при производство на вино, вклучително и комиње и талог, и Има одобрение од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за дестилација. Член 3 Производителите на вино го доставуваат комињето и винскиот талог до дестилаторите најдоцна до 15 јули во текот на винската година. Производителите на вино кои произведуваат помалку од 25 хектолитри вино годишно на својот имот не треба да доставуваат комиње и вински талог за дестилација или производство на оцет. При доставувањето на комињето и винскиот талог до дестилаторите, производителите на вино доставуваат и потврда за доставување на комињето и винскиот талог за дестилација или производство на оцет на образец даден во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Потврдата за доставување на комињето и винскиот талог за дестилација или производство на оцет се потпишува од страна на производителот на вино и дестилаторот. Производителите на вино водат евиденција за количините на комиње и вински талог доставен за дестилација или производство на оцет за секоја година во влезните и излезни регистри согласно член 13 од Законот за виното. Член 4 Количината на алкохол на комињето и винскиот талог треба да биде најмалку 10% во однос на количината на алкохол на виното од кое се добиени споредните производи, доколку виното е добиено од грозје. Во технички оправдани случаи, количината на алкохол на комињето и винскиот талог треба да биде најмалку 5% доколку виното е добиено преку винификација на шира, делумно ферментирана шира или млади вина во ферментација. Доколку минималната количина на алкохол на комињето и винскиот талог не е постигната, производителите на вино доставуваат и вино од своето сопствено производство заради остварување на количината на алкохол од став 1 на овој член. Член 5 Одредбите од овој правилник ќе престанат да важат по приемот на Република Македонија во Европската унија. Член 6 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 08-16694/ 2 27 декември 2007 година Скопје Министер, Ацо Спасеноски, с.р. Образrц број 1 П()торд~ 111 ;( hСТ8В)'Dање 118 I\OMHJl.e-rO ~· RHIIC~KOТ ТIIЛОГ З-111 д,et-'ТUJllltlJJjll или IIJ)Ulf100,'t(-nJO HU UЦC'I' ШШ l !I I Д~ту~ <11.~1,. weoe11,,ro,1.11U) C\t!IJl!IIN' Де('1'5tЛН1'0р 0t.) 11t'II •11~• ..... ,1Jfl/lJI J;i,11ll!l llli f\"t(IIU hl ) Се )'t()CJ\H))'fHt: Q K1-WKfМ' СЈ IIKHC!o':11 тзnо1• KMJf'IJШ:\ (Uc.) КГ): З;1р.~д1 1: Q ,!ЏtCTIIJl ilЦ11jO 0 np()IIЗW,!1,CYBO "11. оце::r Л(»'11:НС 111.t UД1'0$Upl101'U 11·1:1.це H:t ,IOL"nltl)'llr1•to1• Пот1rl1С ЈIЦ ()Дto!X)IШQ'I'() л·,~~ на дсС'1'И.~з,uраг

Regulation on the delivery of lees and wine lees for distillation or vinegar production · Nelum