تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the criteria under which livestock seed is used and marketed

صدر في 2012-04-06 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за критериумите под кои се употребува и пушта во промет семе од добиток.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock
الكلمات المفتاحية
animal production, animal health, animal reproduction, certification, genetic resources, internal trade, processing/handling

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 29 став 4 од Законот за сточарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08 и 116/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ПОД КОИ СЕ УПОТРЕБУВА И ПУШТА ВО ПРОМЕТ СЕМЕ ОД ДОБИТОК Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските критериуми за употреба и пуштање во промет на семе од добиток. Член 2 Семе од добиток се употребува и пушта во промет доколку ги исполнува следните критериуми: 1. Да е добиено и обработено во Центар за производство на семе кој е одобрен од страна на министерот; 2. Да потекнува од донори - машки приплодни грла со познато потекло за кое има уредна важечка документација (педигре сертификат - извод од матична книга и/или регистер на хибриден добиток); 5. Да потекнува од донори - тестирани машки приплодни грла со оценета одгледувачка вредност според член 37 од Законот за сточарство; 4. Да потекнува од само еден ејакулат на еден избран донор - едно машко приплодно грло и 5. Да потекнува од еакулат кој е регистрирано во посебен формулар според Правилникот за формата и содржината на матична книга како и критериумите кои треба да ги исполнува приплодниот добиток за воведување во матична книга пропишани во Прилог 3 за видот свињи. 6. Семе од добиток треба да е свежо и/или длабоко замрзнато. 7. Семе од добиток треба да е јасно означено со најмалку следните податоци: единствен идентификациски број на еакулатот запишан на спермалната доза како: комбинација од букви и бројки или бар код или електронски чип и/или единствен идентификациски број на грлото донатор на семето; дата на производство на семето и/или рокот на траење и опис на генотипот на приплодното грло донатор на семето. 8. Семе од добиток треба да е придружено со соодветна зоотехничка документација. 9. Семе од добиток треба да не е со поминат рок на употреба кој се утврдува според датата на производство на семето и типот на употребениот разредител и/или преку декларираниот датум на траење на спермалната доза означен како "краен рок". 10. Семе од добиток треба да содветстува со пропишаните критериуми за генетскиот квалитет според Законот за сточарство и со здравствената исправност според Правилникот за ветеринарно-здравствени услови за ставање во промет на семе за вештачко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер, официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клетките и ембрионите како и условите за увоз на производство од животинско потекло и содржината и формата на ветеринарно-здравствениот сертификат или друг документ што ја придружува пратката. 11. Семе од нерези треба да има нормална млечно бела боја, да нема макроскопски видливи страни примеси (урина, кожа, крв и сл.), да има нормално количество на ејакулат 101-500мл (минимално дозволено до 10Омл),нормално вкупно сперматозоиди во ејакулатот (Х109) 10-100 (минимално дозволено 10), нормално прогресивна подвижност (прогресивен моталитет) од 70 9596 (минимално дозволено 6596) и да има нормално ниво на морфолошки абнормалности од 5 1095 (максимално дозволено 5090). 12. Семе од овни треба да има нормална млечно бела боја, да нема макроскопски видливи страни примеси (урина, кожа, крв и сл.), да има нормално количество на ејакулат 0.5-1.5 мл (минимално дозволено до О.5мл)нормално вкупно сперматозоиди во ејакулатот (Х109) 1-2 (минимално дозволено 1), нормално прогресивна подвижност (прогресивен моталитет) од 80 10096 (минимално дозволено 6096) и да има нормално ниво на морфолошки абнормалности од 5-1095 (максимално дозволено 2590). 13. Семе од јарци треба да има нормална млечно бела боја, да нема макроскопски видливи страни примеси (урина, кожа, крв и сл.), да има нормално количество на ејакулат 0.5-1.5 мл (минимално дозволено до О.5мл)нормално вкупно сперматозоиди во ејакулатот (Х109) 2-6 (минимално дозволено 2), нормално прогресивна подвижност (прогресивен моталитет) од 80 10076 (минимално дозволено 6096) и да има нормално ниво на морфолошки абнормалности од 5-109 (максимално дозволено 2596). 14. Семе од бикови треба да има нормална млечно бела боја до боја на слонова коска, со рН од 6,5 до 7, да нема макроскопски видливи страни примеси, да има нормално количество на ејакулат 4-8 мл (минимално дозволено до 2 мл), нормално вкупно сперматозоиди во ејакулатот од 0,2-1,2 милијарди/мл (минимално дозволено 0,2 милијарди/мл), нормално прогресивна подвижност од 80-1009 (минимално дозволено е 6596) и да има нормално ниво на морфолошки абнормалности од 5-1025 (минимално дозволено 2090). 15. Семе од пастуви треба да има нормална млечно бела боја, да нема макроскопски видливи страни примеси, да има нормално количество на ејакулат 50-120 мл (минимално дозволено до 50 мл), има рН вредност од 7,2 до 7,4, нормално вкупно 100-250 милиони сперматозоиди во 1 мл или 6-15 милијарди во еден ејакулат (минимално дозволено 100 милиони/мл), нормално прогресивна подвижност од 60-809 (минимално дозволено 6096) и да има нормално ниво на морфолошки абнормалности од 5-10 (максимално дозволено 2096). Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 08-2129/3 Министер за земјоделство, 6 април 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср.

Regulation on the criteria under which livestock seed is used and marketed · Nelum