تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the control of shipments of plastic kitchen utensils from polyamide and melamine originating or shipped from China and Hong Kong (imports into the Republic of Macedonia)

صدر في 2014-12-05 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Решение за проверка и преглед на пратки пластичен кујнски прибор од полиамид и меламин кои потекнуваат или се испорачани од кина и хонг конг при увоз во РМ.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
food safety and quality, inspection, international trade, public health, hygiene/sanitary procedures
الفئات
*

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 195 од 26.12.2014 година 1 од 5 20141955993 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 20, став (1) алинеја 13 од Законот за безбедност на храната (“Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13 и 43/14), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе РЕШЕНИЕ ЗА ПРОВЕРКА И ПРЕГЛЕД НА ПРАТКИ ПЛАСТИЧЕН КУЈНСКИ ПРИБОР ОД ПОЛИАМИД И МЕЛАМИН КОИ ПОТЕКНУВААТ ИЛИ СЕ ИСПОРАЧАНИ ОД КИНА И ХОНГ КОНГ ПРИ УВОЗ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА(*) Член 1 Сите пратки на пластичен кујнски прибор од полиамид и меламин, кои доаѓаат во контакт со храната на луѓето и кои потекнуваат или се испорачани од Кина и Хонг Конг, подлежат на проверка и преглед при нивниот увоз во Република Македонија. Член 2 Посебните барања за безбедност на индивидуалните супстанции или групи на супстанции што доаѓаат во контакт со храната треба да се во согласност со член 9 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната. Член 3 Одделни изрази употребени во ова решение го имаат следново значење: 1) ‘пластични кујнски садови и прибор’ се пластични материјали и предмети како што се опишани во член 3 став (1) точки (а), (б) и (в) и пластични слоеви од член 3 став (1) точки (г) и (д) од Правилникот за посебни барања за безбедност на пластични материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната(*1); 2) ‘пратка’ е количина на пластични кујнски садови и прибор од полиамид и меламин опфатени со ист документ/исти документи, транспортирани со исто возило и со потекло од иста трета земја; 3) ‘надлежен орган’ е Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата); 4) ‘определено место на увоз’ значи првото влезно место на пратката на територијата на Република Македонија; 5) ‘проверка на документите’ значи проверка на документите наведени во член 4 од ова решение; 6) ‘идентификациска проверка’ е визуелна инспекција, која има за цел да гарантира дека документите кои ја придружуваат пратката одговараат на содржината на пратката и 7) ‘физичка проверка’ е земање мостри за анализа и лабораториско испитување или друга проверка потребна за да се провери усогласувањето со барањата во однос на ослободувањето на примарни ароматични амини и формалдехид утврдени во Правилникот за посебните барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната(*2). () Со ова решение се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 284/2011 од 22 март 2011 во која се пропишани посебните барања и детални постапки за увоз на пластични кујнски садови од полиамид и меламин со потекло или испратени од Кина и Хонг Конг, CELEX бр. 3211R0284. Службен весник на РМ, бр. 195 од 26.12.2014 година 2 од 5 Член 4 (1) Пратките од член 1 на оваа решение, кои се со потекло или испратени од Кина и Хонг Конг, може да се увезат во Република Македонија, доколку увозникот приложи изјава за секоја пратка, со која се потврдува дека пратката ги исполнува условите за ставање во промет на примарни ароматски амини (ПАА) и формалдехид во согласност со Прилог 1 табела 1 и со Прилог 2 од Правилникот за посебните барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната(*3). (2) Формата и содржината на изјавата од став (1) на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на ова решение. (3) Во прилог на изјавата од став (1) на овој член треба да се достави и лабораториски резултат кој содржи: 1) во однос на пластичните кујнски садови и прибор од полиамид, резултати од анализи кои докажуваат дека тие не испуштаат во храната или во симулантитена храна примарни ароматични амини во количини кои можат да се откријат. Границата на откривање се однесува на збирот на примарни ароматични амини. За целите на анализата, границата на откривање за примарните ароматични амини е одредена на 0,01 mg/kg храна или симуланти на храна или 2) во однос на пластичните кујнски садови и прибор од меламин, резултати од анализи кои докажуваат дека тие не испуштаат во храната или симулантите на храна формалдехид над 15 mg/kg храна. (4) Инспекторот за храна на определеното место за влез на храна во Република Македонија, на изјавата од став (1) на овој член треба да назначи дали пратката ги исполнува условите за ставање во промет согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната(*2). Член 5 Увозникот или неговиот застапник, треба да го известат инспекторот за храна на определеното место за влез на храна во Република Македонија, за пристигнување на секоја пратка од член 1 на оваа решение, најмалку два дена пред нејзиното пристигнување. Член 6 (1) Инспекторот за храна на определеното место за влез на храна во Република Македонија, врши: а) проверка и преглед на документите на сите пратки од член 1 на оваа решение, во рок од два работни дена од нивното пристигнување и б) идентификациски и физички проверки, вклучувајќи лабораториска анализа на 10% од пратките и тоа на начин на кој увозниците и нивните претставници нема да бидат во состојба да предвидат дали одредена пратка ќе подлежи на такви проверки, при што резултатите од физичките проверки треба да се на располагање веднаш штом тоа е технички можно. (2) Доколку лабораториските анализи од став (1) точка б) на овој член укажуваат на неусогласност, веднаш се известува Агенцијата. Член 7 (1) Инспекторот за храна на определеното место за влез на храна во Република Македонија може да дозволи понатамошен транспорт на пратките со потекло или испратени од Кина и Хонг Конг и складирање во магацин кој е регистриран во Службен весник на РМ, бр. 195 од 26.12.2014 година 3 од 5 Агенцијата, се до добивање на резултатите од проверките од член 6 став (1) точка б) на ова решение. (2) Доколку инспекторот за храна на определеното место за влез на храна во Република Македонија дозволи понатамошен транспорт и складирање од став (1) на овој член, тој го известува инспектор за храна надлежен на местото на дестинација и обезбедува копија од изјавата од член 4 на ова решение и резултати од проверките наведени во член 6 став (1) точка б) на ова решение, штом тие се достапни. (3) Пратките остануваат под постојан надзор од страна на инспекторите за храна и не можат да бидат менувани на било кој начин за времето додека не бидат готови резултатите наведени во член 6 став (1) точка б) на ова решение. Член 8 Пластични кујнски садови и прибор од полиамид и меламин со потекло или испратени од Кина и Хонг Конг може да се стават во промет доколку се пропратени со изјава од член 4 на ова решение. Член 9 По завршувањето на проверките од член 6 став (1) на ова решени Агенцијата ги чува следните информации: 1) податоци за секоја проверена пратка, вклучувајќи: (а) количина изразена во број на артиклите и (б) земја на потекло; 2) број на пратки, кои се подложени на земање примероци и анализа и 3) резултати од контролите наведените во член 6. Член 10 Со денот на влегувањето во сила на ова решение престанува да важи Решението за проверка и преглед на пратки пластичен кујнски прибор од полиамид и меламин кои потекнуваат или се испорачани од Кина и Хонг Конг при увоз во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/11). Член 11 Ова решение влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-2656/5 Директор на Агенција 5 декември 2014 година за храна и ветеринарство, Скопје м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 195 од 26.12.2014 година 4 од 5 Службен весник на РМ, бр. 195 од 26.12.2014 година 5 од 5

Regulation on the control of shipments of plastic kitchen utensils from polyamide and melamine originating or shipped from China and Hong Kong (imports into the Republic of Macedonia) · Nelum