Regulation on the contents of strategic noise maps and noise action plans, the manner of preparation and the manner of data collection for the preparation of strategic noise maps and noise action plans, as well as the manner of their collection, storage and recording
صدر في 2010-08-31 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за поблиската содржина на стратешките карти на бучава и акционите планови за бучава, начинот на изработка и начинот на собирање на податоци за изработка на стратешките карти за бучава и акциони планови за бучава, како и начинот на нивното собирање, чување и евидентирање.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Environment
- الكلمات المفتاحية
- data collection/reporting, noise pollution, policy/planning, pollution control, zoning
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Стр. 72 - Бр. 133 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 6 октомври 2010 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ 2694. Врз основа на член 15 став (11) и член 17 став (11) од Законот за заштита од бучава во животната средина („Службен весник на Република Македонија” бр. 79/07), министерот за животна средина и просторно планирање донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ПОБЛИСКАТА СОДРЖИНА НА СТРАТЕШКИ ТЕ КАРТИ НА БУЧАВА И АКЦИОНИТЕ ПЛАНО ВИ ЗА БУЧАВА, НАЧИНОТ НА ИЗРАБОТКАТА И НАЧИНОТ НА СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ЗА ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕШКИ КАРТИ ЗА БУЧА ВА И АКЦИОНИ ПЛАНОВИ ЗА БУЧАВА, КАКО И НАЧИНОТ НА НИВНОТО СОБИРАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ЕВИДЕНТИРАЊЕ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишува поблиската содр жина на стратешките карти на бучава и акционите пла нови за бучава, начинот на изработката и начинот на собирање на податоци за изработка на стратешки карти за бучава и акциони планови за бучава, како и начинот на нивното собирање, чување и евидентирање. Член 2 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. Обврзник е орган на државна управа или локал на самоуправа, или правно лице кое е надлежно за изработка на стратешки карти за бучава и акциони пла нови за бучава. 2. Стратешките карти на бучава за агломерации се карти кои содржат податоци за бучавата што се еми тува од патен сообраќај, железнички сообраќај, аеро дроми и од локации со индустриска активност, вклучу вајќи и пристаништа. 3. Карта на разлика за бучава е карта која се изра ботува врз основа на изработената стратешка карта на бучава, а од која е видлива разликата меѓу постојното и/или предвиденото ниво на имисија на бучава и дозво леното ниво на бучава. Член 3 (1) Стратешката карта за бучава ја покажува со стојбата со нивото на бучава за период од пет кален дарски години кои и предходат на годината на израбо тка на стратешката карта на бучава. (2) Стратешките карти за бучава треба да се во сог ласност со измените на просторните и урбанистичките планови и се ревидираат на секоја петта година. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Европскиот парламент и на Советот од 25.06.2002 година која се однесува на проценување и управување со бучавата во животната средина, ( 32002L0049). (3) За агломерациите, се изработуваат посебни стратешки карти на бучава за бучава од од патниот со обраќај, за бучава од железничкиот сообраќај, за буча ва од авиони и за индустриска бучава. Можат да се до дадат и карти за други извори. (4) Стратешката карта за бучава се изработува за временски период „ден“, „ноќ“ и „ден-вечер-ноќ“. Член 4 (1) Стратешката карта на бучава се изработува со помош на софтверска програма. (2) Софтверската програма од став (1) на овој член треба да овозможи пресметување на нивото на бучава та со помош на индикатори за бучава согласно Правил никот за примената на индикаторите за бучава, допол нителните индикатори за бучава, начинот на мерење на бучавата и методите за оценување со индикаторите за бучава во животната средина и треба да бидат изедна чени со барањата утврдени во нормата Нордест - “Рам ка за проверка на програмски пакет за пресметување на бучавата во животната средина“ , ACOU 107 (2001) (Nordtest Method »Framework for the Verification of Environmental Noise Calculation Software) Финска, 2001, ISSN:0283-7145 или со стандардот DIN 45687 “Акусти ка – Програмска подршка за пресметка на ширеше на звукот на отворено – Барања за квалитет и услови за испитување“, Германија 2006 (Acoustics – Software products for the calculation of the sound propagation outdoors – Quality requirements and test conditions Beuth Verlag GmbH,). Член 5 За целите на информирање на јавноста за состојбата со бучавата во животната средина и изработка на акци оните планови, стратешките карти за бучава треба да бидат во облик на; графички прикази на индикатор за бучава; карти кои ги покажуваат подрачјата со надмину вање на дозволените вредности; карти на разлика во кои постоечката состојба се споредува со различни идни можни ситуации; и карти кои ја покажуваат вредноста на индикатори те на бучава на висина од четири метри, на места каде што е соодветно. Член 6 (1) Стратешките карти за бучава треба да содржат најмалку податоци за: постоечка, претходна или предвидена состојба на бучава изразена преку индикатори за бучава, надминување на дозволено ниво на бучава, проценет број на станови, училишта, болници и објектите од слична цел во дадена зона, кои се изложе ни на одреден индикатор на ниво на бучава, и проценет број на луѓе во зоната изложени на бучава. 6 октомври 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 133 - Стр. 73 (2) Стратешки карти за бучава се покажуваат на јав носта во печатена и/или електронска форма со: графички приказ, и нумерички податоци во табели. Член 7 (1) Во отсуство на реални податоци потребни за изработка на стратешки карти за бучава или акциони планови за бучава, како замена за извор на податоци се користи најновата верзија на документот на Европска та комисија, на Работната група за процена на изложе ност на бучава – Почетна основа - Упатство за добра професионална пракса за изработка на стратешки кар ти за бучава и податоците поврзани со нив за изложе ност на бучава кој е достапен на web страната http://forum.europa.eu.int/Public/irc/env/noisedir/library. (2) При користењето на документот во став (1) на овој член, изработувачот на стратешки карти за бучава или акциони планови треба писмено да се согласи со условите на користење на замена на податоци. (3) Користењето на документи/податоци од став (1) на овој член треба да е документирано во писмена фор ма на стратешката карта за бучава или акциониот план за бучава. Член 8 (1) За изработка на стратешките карти за бучава се користи три-димензионален топографски дигитален модел на зоната за која се изработува стратешката кар та за бучава. (2) Дигиталниот модел на зоната од став (1) на овој член треба да овозможи: поврзување на ивиците на објектите во затворени полигони заради правилно моделирање на објектите. препознавање и отстранување на грешките во слу чај да се повторува еден ист објект, поврзување на објектите за да се обезбеди целови тост на моделот, корекција на полигоните за да се обезбеди упро стување на моделот и да се забрза пресметката , прецизно и сигурно моделирање на најспецифич ните акустички ситуации како што се: вкрстување на патиштата на различни висински нивоа во непосредна близина на населеното место со сложена топографија на теренот, автоматски да ги изземе сите извори на бучава кои незнатно допринесуваат во вкупното ниво на звукот на местата кои се од значење, внес на податоци од најразлични формати како што се: GIS, AutoCAD (DXF), Microsoft® Access, Excel, креирање 3D топографски модели со комбинира ње и оптимизација на податоци од различни извори, и пресметка на нивоата на бучава во вертикални и хоризонтални рамнини, вклучувајќи го и нивото на бу чава на фасадите. (3) Сите податоци кои се користени за креирање на дигитален модел на зоната за стратешки карти за буча ва треба да бидат дадени во текстуалниот дел на стра тешката карта за бучава со точно наведен извор на по датоци, како и година на изработка на податоците. Член 9 (1) При изработката на стратешките карти на буча ва за главни патишта се користат официјалните подато ци од надлежните органи и институции во Република Македонија од областа на сообраќајот на патиштата. (2) При изработката на стратешките карти за бучава за главни железнички пруги се користат официјалните податоци од македонските железници. (3) При изработката на стратешките карти за бучава за главни аеродроми се користат официјалните подато ци од Агенцијата за цивилно воздухопловство. (4) Ако не постојат официјални податоци за сообра ќајот на патиштата, железничкиот и воздушниот соо браќај, се користат податоци согласно член 7 од овој правилник. Член 10 (1) При изработка на стратешки карти за бучава за аг ломерации, населени места и подрачја од посебен интерес треба да се земе во предвид бучавата емитирана од: патниот сообраќај, железничкиот сообраќај, воздушниот сообраќај и индустриски области, вклучувајќи воден сообра ќај и пристаништа. (2) Стратешките карти за бучава од став (1) на овој член, опфаќаат најмалку карти за бучава на објекти, за кои согласно прописите од областа на животната сре дина се спроведува постапка за оценка на влијанието врз животната средина. Член 11 Стратешкте карти за бучава се состојат од текстуа лен и графички дел. Член 12 (1) Текстуалниот дел на стратешките карти за буча ва за агломерации, населено место и подрачја од посе бен интерес, содржи најмалку: детален опис на зоната за која се изработува кар тата на бучава (локација, големина, број на жители), опис на мерките и програмите за заштита од буча ва, кои се применувале во последните десет години или се во тек, методи кои се користени за изработката на страте шките карти за бучава, попис на податоци за бучава за кои е применет акустичен модел на извор на бучава, попис на метеоролошките податоци, Стр. 74 - Бр. 133 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 6 октомври 2010 проценет број на луѓе (заокружен со точност од сто), кои живеат во станови кои се изложени на секоја од следниве класи вредности Lden во dB (A) пресмета ни на висина на 4 метри над земјата: 55-59, 60-64, 65 69, 70-74 > 75, на најизложената фасада посебно за бу чава од патен, железнички и воздушен сообраќај и од индустриски извори, вклучувајќи и воден сообраќај и пристаништа, и проценет број на луѓе (заокружен со точност од сто), кои живеат во станови кои се изложени на секоја од следниве класи Lnight вредности во dB (A) пресме тани на висина од 4 метри над земјата: 45-49, 50-54, 55 59, 60 - 64, 65-69 > 70, на најизложената фасада посеб но за бучава од патен, железнички и воздушен сообра ќај и од индустриски извори, вклучувајќи и воден соо браќај и пристаништа. (2) Кога постојат достапни информации, треба да се наведе колку луѓе живеат во становите со оценети ин дикатори за бучава Lden и Lnight кои имаат: посебна звучна изолација, и/или тивка фасада. (3) За податоците од став (2) на овој член треба да се определи колку од вкупниот број на луѓе придонесу ваат за метежот на патниот, железничкиот и воздушни от сообраќај и од индустриските извори, вклучувајќи воден сообраќај и пристаништа. (4) Графичкиот дел на картите на бучава се израбо тува на подлога од графичкиот дел на документите за просторно и урбанистичко планирање. (5) Во графичкиот дел се прикажува бучавата со по мош на индикатори за бучава во форма на криви на исто ниво на бучава и/или класа на бучава во чекори од 5 dB и со боја дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. (6) Графички дел од стратешките карти за бучава на населено место и подрачје од посебен интерес содржи најмалку графичко претставување на криви на еднакви нивоа на бучава индикатори и/или класи на бучава од 45, 50, 55, 60, 65, 70 и 75 dB (A). Член 13 (1) Текстуалниот дел на стратешките карти на буча ва за главните патишта, главните железнички пруги и главните аеродроми содржат најмалку: општ опис на патишта, железници и аеродроми, вклучувајќи ја локацијата, големината, и податоци за сообраќајот од соодветната година, опис на околните населени области, вклучително и податоци за намена на просторот како и податоци из вори на бучава, опис на мерките и програмите за заштита од буча ва кои се спроведувале во последните десет или повеќе години или се во тек, методи кои се користени за изработка на страте шките карти за бучава, попис на податоци со кои е изработен акустички модел на извор на бучава, листа на метеоролошките податоци, проценет број на луѓе што живеат во станови кои се изложени на секоја од следниве вредности Lden во dB (A) пресметани на износот на четири метри над земјата: 55 59, 60-64, 65-69, 70-74, > 75, на најизложената фасада, проценет вкупнен број на луѓе кои живеат во ста нови кои се изложени на секоја од следниве вредности Lnight во dB (A) пресметани на висина од четири метри над земјата: 45-49, 50-54, 55-59, 60-64, 65-69, > 70, на најизложената фасада, вкупна површина изразена во км2 која е изложена на вредност на индикатор на бучава Lden 55-64, 65-74, и повисок од 75 dB (A) пресметани на висина на чети ри метри над земјата, вклучувајќи го проценетиот вку пен број на станови и процетиот вкупен број на луѓе кои живеат во секоја од наведените површини , криви со еднакво ниво на бучава на 45, 50, 55, 60, 65, 70 и 75 dB (A) со означени позиции на населените места, и резиме на акциони планови, кои содржат подато ци од член 19 на овој правилник. (2) Кога постојат достапни информации, треба да се наведе колку луѓе живеат во становите со оценети ин дикатори за бучава Lden и Lnight кои имаат: посебна звучна изолација, и/или тивка фасада. (3) Графичкиот дел на картите на бучава се израбо тува на подлога од графичкиот дел на документите за просторно и урбанистичко планирање. (4) Во графичкиот дел се прикажуват индикатори за бучава во форма на криви на исто ниво на бучава и/или класа на бучава во чекори од 5 dB означени со боја да дена во Прилог 1 на овој правилник. (5) Графичкиот дел од стратешките карти на бучава за главните патишта, главните железнички и главните аеродроми вклучува најмалку графички криви на една кво ниво и/или класа на бучава од 45, 50, 55, 60, 65, 70 и 75 dB (A). Член 14 (1) При изработка на документите за просторно и урбанистичко планирање со цел управување со бучава та во животната средина надвор од населените места, стратешките карти за бучава се надоградуваат со карти на бучава која произлегува од останатите извори на бучава, како на пример бучава предизвикана од места за паркирање, занаети, мали индустриски објекти, спортски објекти, ресторани, активности наменета за рекреација и забава и сл. (2) Картите на бучава на имисија од став (1) на овој член треба да содржат минимум графички приказ на соодветен индикатор на бучава во класа од 40-44, 45 49, 50-54, 55-59, 60-64, 65-69, > 70 dB (A). Член 15 (1) Картата на разлика за бучава се изработува со софтверски техники, при што нивото на постоечкото и/или предвиденото ниво на бучава се одзема од доз воленото ниво на бучава. 6 октомври 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 133 - Стр. 75 (2) Разликата на вредностите и измереното ниво на бу чава се прикажуваат во форма на криви на исто ниво на бучава и/или класа на бучава во чекори од 3 dB означено со боите кои се дадени во Прилог 1 на овој правилник. Член 16 Стратешките карти за бучава и акционите планови за бучава во целост треба да бидат достапни на јавно ста, во согласност со прописите со кои се регулира ин формирањето и учеството на јавноста во прашањата за животната средина. Член 17 (1) Податоците кои се користат за изработка на стратешки карти и акциони планови за бучава се доста вуваат до Македонскиот информативен центар за жи вотна средина во органот на државната управа надле жен за работите од областа на животната средина (во натамошниот текст: министерството), на обрасците да дени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. (2) Евиденција за изработените стратешки карти за бучава и акционите планови за бучава како и податоци те кои се користат за изработка на стратешки карти за бучава и резимеа на акциони планови се водат од стра на на министерството. (3) Министерството ги евидентира податоците кои се користат за изработка на стратешки карти за бучава и резимеа на акциони планови, кои се дадени во При лог 3, кој е составен дел на овој правилник. Член 18 (1) Акциониот план се изработува врз основа на стратешките карти за бучава. (2) Основа за изработка на акциони планови за бу чава се: Планот за мерки за заштита од бучава за намалу вање на нивото на бучавата во животната средина (пла нирање на просторот, планирање на сообраќајот, кори стење на земјиштето, техничките мерки на изворите на бучава, изборот на извори на бучава со пониска емиси ја на нивото, мерките за намалување на ширењето на бучавата на сообраќајот, регулаторни и/или економски мерки, итн ), Стратегии во кои има делови за заштита од бучава како и мерки за намалување на нивоата на бучава за животната средина, Проценката за трошоците за намалување на буча вата во одредената област, Проценка на ефектите од намалување на бучавата во одредената зона, Листа на обврзници на кои треба да им се покри јат трошоците за спроведените заштитни мерки за на малување на нивоата на бучава во животната средина и Временски распоред за извршување на одредени активности во текот на спроведување на заштитата од бучава. Член 19 (1) Акционите планови за бучава содржат најмалку: Назив и дефинирана содржина; Опис на агломерацијата, населените места, пати шта, железници, аеродроми и други извори на бучава кои се земени во предвид при изработката; Податоци за нарачетелот за изработка на акциони от план и субјектот овластен за изработка на акциони от план; Законската основа за имплементација на Акцио ниот план; Законски дозволените нивоа на бучава; Преглед на резултати од изработените стратешки карти за бучава; Проценка на состојбата со бучава врз основа на проценетиот број на луѓе кои се изложени на одредени нивоа на бучава, како и идентификување на проблеми и ситуации кои треба да се подобрат; Краток преглед на јавна расправа; Постојните и до сега планирани мерки за заштита од бучава; Акции од страна на обврзникот за изработка на акциони планови кои има намера да ги преземат во следните пет години, вклучувајќи ги и сите мерки за заштита на тивките области; Долгорочна стратегија за заштита од бучава; Елементи на оценување на имплементацијата на Акциониот план и Проценка на можното намалување на бројот на лу ѓе изложени на бучава преку дозволено ниво на бучава. (2) Акциониот план треба да вклучува и финанси ски буџети, физибилити проценки, проценки на трошо ците и придобивките, доколку се располага со истите. Член 20 (1) Стратешките карти за бучава и акционите пла нови за бучава се чуваат на начин кој подразбира до стапност за разгледување и користење на податоците во секое време. (2) Стратешките карти за бучава и акционите пла нови за бучава се чуваат согласно прописите за чување на трајна архивска граѓа. Член 21 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Македонија“. Бр. 07-5586/5 Министер за животна средина 31 август 2010 година и просторно планирање, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р. Стр. 76 - Бр. 133 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 6 октомври 2010 6 октомври 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 133 - Стр. 77 Стр. 78 - Бр. 133 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 6 октомври 2010 6 октомври 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 133 - Стр. 79 Стр. 80 - Бр. 133 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 6 октомври 2010 6 октомври 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 133 - Стр. 81 Стр. 82 - Бр. 133 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 6 октомври 2010 6 октомври 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 133 - Стр. 83 Стр. 84 - Бр. 133 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 6 октомври 2010 6 октомври 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 133 - Стр. 85 Стр. 86 - Бр. 133 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 6 октомври 2010 6 октомври 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 133 - Стр. 87 Стр. 88 - Бр. 133 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 6 октомври 2010 6 октомври 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 133 - Стр. 89 Стр. 90 - Бр. 133 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 6 октомври 2010