تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the content of the annual report on the performed inspection as well as the manner and deadline for its submission

صدر في 2006-05-26 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за содржината на годишниот извештај за извршениот инспекциски надзор како и начинот и рокот на негово доставување.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Environment
الكلمات المفتاحية
legal proceedings/administrative proceedings, inspection, protection of environment, data collection/reporting

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен В. на Р.М. бр: 71/2006 од 08.06.2006 Влегува во сила на: 09.06.2006 Се применува од: 01.01.2007 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Правилник за содржината на Годишниот извештај за извршениот инспекциски надзор како и начинот и рокот за негово доставување Врз основа на член 209 став (4) од Законот за животна средина ("Службен весник на РМ" бр. 53/05, 81/05), министерот за животна средина и просторно планирање донесе. П Р А В И Л Н И К ЗА СОДРЖИНАТА НА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕНИОТ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАКО И НАЧИНОТ И РОКОТ ЗА НЕГОВО ДОСТАВУВАЊЕ Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишува содржината на годишниот извештај за извршениот инспекциски надзор, како и начинот и роковите за доставување на извештајот. Член 2 Содржина на годишниот извештај за извршен инспекциски надзор (1) Годишниот извештај на државниот инспектор за животна средина и овластениот инспектор за животна средина содржи: податоци за инспекторот; податоци за извршен редовен инспекциски надзор по сектори и инсталации, и приказ на времето потрошено за инспекциски надзор; податоци за извршен инспекциски надзор во случај на пријава/сознание, вклучувајки ги хавариите, инцидентите, несреќите и друго непочитување на прописите од областа на животната средина; податоци за соработка со други надлежни органи при извршениот инспекциски надзор; податоци за степенот на усогласеност на инсталациите и индустриските сектори со прописите од областа на животната средина врз основа на извршениот редовен инспекциски надзор; податоци за планиран, но неизвршен инспекциски надзор со образложение за причините заради неизвршување на надзорот; оценка на успешноста во исполнување на програмата за вршење на инспекциски надзор; препораки за следната програма за вршење на инспекциски надзор; учество на работилници, семинари, тренинзи и друго; податоци за донесени акти и изречени санкции и мерки. (2) Извештајот од став (1) на овој член се изготвува на oбразец даден во Прилог бр.1 кој е составен дел од овој правилник. (3) Годишниот извештај на инспекторот за заштита на природата содржи: податоци за инспекторот; податоци за извршениот редовен инспекциски надзор на заштитените подрачја и друго, вклучувајќи го инспекцискиот увид, како и приказ на времето потрошено за инспекциски надзор; податоци за извршен инспекциски надзор во случај на пријава/сознание/инцидент; податоци за соработка со други надлежни органи при извршениот инспекциски надзор; податоци за степенот на усогласеност со прописите од областа на природата врз основа на извршениот редовен инспекциски надзор; податоци за планиран, но неспроведен инспекциски надзор со образложение за причините заради неизвршување на надзорот; оценка на успешноста во исполнување на програма за вршење на инспекциски надзор; http://www.slvesnik.com.mk/Issues/3549F74997B0084E9C47AC8F8A7423BC.pdf#page=57 препораки за следната програма за вршење на инспекциски надзор; учество на работилници, семинари, обуки и друго; податоци за донесени акти и изречени санкции и мерки. (4) Извештајот од став (3) на овој член се изготвува на oбразец даден во Прилог бр.2 кој е составен дел од овој правилник. Члeн 3 Начин и рок за доставување на годишниот извештај за извршениот инспекциски надзор Годишниот извештај за извршениот инспекциски надзор од член 2 став (1) и (3) од овој правилник, инспекторот, најдоцна до крајот на месец јануари во тековната година, го доставува, во печатена и електронска форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Член 4 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија", а ќе се применува од 01.01.2007 година. Бр. 07-2746/1 26 мај 2006 година Скопје , Министер за животна средина и просторно планирање, д-р Зоран Шапуриќ, с.р.

Regulation on the content of the annual report on the performed inspection as well as the manner and deadline for its submission · Nelum