تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the content and manner of transmission of data and information on conditions in the ambient air quality management

صدر في 2009-10-06 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за содржината и начинот на преносот на податоците и информациите за состојбите во управувањето со квалитетот на амбиентниот воздух.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Air and atmosphere
الكلمات المفتاحية
access-to-information, air quality/air pollution, business/industry/corporations, monitoring, data collection/reporting, pollution control
الفئات
*

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 1 од 4 20091382696 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 50 став 4 од Законот за квалитетот на амбиентниот воздух („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04 и 92/07), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ПРЕНОСОТ НА ПОДАТОЦИТЕ И ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ Член 1 Со овој правилник се пропишува содржината и начинот на преносот на податоците и информациите за состојбите во управувањето со квалитетот на амбиентниот воздух. Член 2 Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. Пренос на податоци преставува сет на активности со кои се врши доставување и размена на информации засновани врз обработени и систематизирани податоци од извршените мерења на квалитетот на амбиентниот воздух и имаат за цел да се престави квалитетот на амбиентниот воздух во одредено место, подрачје или на целата територија на Република Македонија. 2. Правни и физички лица кои вршат интерен мониторинг се операторите на инсталации кои имаат извор на емисија на загадувачки супстанции во амбинтниот воздух и со своите активности влијаат на квалитетот на амбиентниот воздух и со интегрираната еколошка дозвола издадена во согласност со Законот за животна средина се задолжени да вршат интерен мониторинг. Член 3 (1) Правните лица кои управуваат со мониторинг станиците за квалитет на амбиентниот воздух кои влегуваат во државната или локалната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух (во понатамошниот текст: мониторинг мрежи) или се во сопственост на правни и физички лица кои вршат интерен мониторинг го доставуваат извештајот за извршените мерења од претходниот месец до Министерството за животна средина и просторно планирање (во натамошниот текст: министерство) еднаш месечно и тоа најдоцна до 15ти во тековниот месец. (2) Извештајот од став (1) на овој член може да се достави преку пошта, факс или во електронска форма. (3) Извештајот од став (1) на овој член треба да содржи измерени податоци за квалитетот на амбиентниот воздух (едночасовни или среднодневни) и број на надминувања на граничните вредности, целните вредности, прагови на информирање и алармирање соодветно за секоја загадувачка супстанца, согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели. (4) Извештајот од став (1) е достапен на јавноста согласно одредбите за пристап до информации од областа на животната средина од Законот за животна средина. Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 2 од 4 Член 4 (1) Министерството обезбедува, навремено и соодветно информирање за квалитетот на амбиентниот воздух, согласно член 5 од овој правилник, на јавноста и правните и физичките лица, организациите кои се занимаваат со проблематиката од областа на животната средина, организациите на потрошувачите, организации кои го презентираат интересот на осетливите популации, здруженија кои се занимаваат со проблематиката од областа на здравството и здруженија кои ги застапуваат интересите на индустријата. (2) Информирањето од став (1) на овој член се врши по пат на доставување информации кои се ставаат на располагање бесплатно по пат на било кој лесно пристапен медиум, вклучувајќи интернет или било кое соодветно средство за комуникација согласно одредбите за пристап до информации од областа на животната средина од Законот за животна средина. (3) Информациите треба да бидат јасни, пристапни и разбирливи. Член 5 (1) Министерството обезбедува ажурирани информации за измерените концентрации на загадувачките супстанции и редовно ги става на располагање на јавноста. (2) Предвидените концентрации на загадувачките супстанции се прикажуваат како просечни вредности според соодветниот период на пресметаниот просек, како што е утврдено во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Службен весник на Република Македонија” бр. 50/2005). (3) Информациите од став (1) на овој член ги покажуваат најмалку нивоата кои ги надминуваат целите за квалитет на амбиентниот воздух, вклучувајќи гранични вредности, целни вредности, прагови на алармирање, прагови на информирање или долгорочни цели за соодветната загадувачка супстанција. Тие обезбедуваат и кратка оценка во врска со целите на квалитетот на амбиентниот воздухот и соодветни информации за ефектите врз човековото здравје или, кога тоа е соодветно, на вегетацијата. (4) Информациите за измерените концентрации на сулфур диоксид, азот диоксид, суспендирани честички (PM10), озон и јаглерод моноксид се ажурираат најмалку еднаш дневно, и кога тоа е изводливо, се ажурираат секој час. Информациите за измерените концентрации на олово и на бензен, изразени како просечна вредност за најмалку 12 месеци, се ажурираат секои три месеци, и секој месец за секое место каде што тоа е изводливо. (5) Министерството треба навремено да доставува информации до јавноста за фактичките или предвидените надминувања на праговите на алармирање и информирање кои ги вклучуваат најмалку следните информации: (a) информации за забележаното/ите надминување/а: локација или област на надминување, вид на праг кој е надминат (на информирање или на алармирање), време на почеток и времетраење на надминувањето, и највисока едночасовна концентрација како и највисока осумчасовна средна вредност на концентрација, во случајот на озон; (б) предвидување за следното/ен попладне/ден(ови): географска област на очекуваните надминувања на прагот на информирање и/или на алармирање, и очекувани промени во загадувањето (подобрување, стабилизирање или влошување), вклучувајќи ги и причините за овие промени; Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 3 од 4 (в) информации за видот на засегнатото население, можните последици врз човековото здравје и за препорачано однесување: информации за ризичните групи население, опис на можните симптоми, препорачани мерки на претпазливост кои засегнатото население треба да ги презема, и каде да се најдат дополнителни информации. (г) информации за превентивна активност за намалување на загадувањето и/или на изложеноста на истото: укажувања на субјектите кои управуваат со главните извори на загадување и препораки за делување заради намалување на емисиите. (д) Во случај на очекувани надминувања, министерството треба да преземе соодветни чекори за доставување на податоците со релевантните субјекти заради превземање на практични мерки за спречување на надминувањето. Член 6 Со цел да се обезбеди навремено информирање на јавноста за квалитетот на амбиентниот воздух, министерството согласно добиените податоци од мониторингот на квалитетот на амбиентниот воздух, подготвува дневни извештаи, месечни извештаи и годишен извештај за квалитетот на амбиентниот воздух. Член 7 (1) Дневните извештаи за квалитетот на амбиентниот воздух од член 6 на овој правилник, се подготвуваат за претходниот ден најдоцна до 12:00 часот во наредниот ден. Дневните извештаи содржат описни информации за надминувањата на граничните и целните вредности, праговите на информирање и алармирање за загадувачките супстанции кои се мерат. (2) Дневните извештаи за квалитетот на воздухот од член став (1) на овој член се објавуваат на web страната на министерството и преку факс или во електронска форма се доставуваат до центрите за известување и тревожење. Член 8 (1) Месечните извештаи за квалитет на амбиентен воздух од член 6 на овој правилник, ги содржат следните информации и податоци: среднодневни концентрации на сулфур диоксид, суспендирани цврсти честички во воздухот со големина до 10 микрометри ЦЧ 10 (PМ10) и бензен; едночасовни концентрации за азот диоксид; максимални дневни осумчасовни средни вредности на концентрациите на јаглерод моноксид и озон, и број на надминувања на граничните вредности, целните вредности, прагови на информирање и алармирање соодветно за секоја загадувачка супстанца, согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели. (2) Месечните извештаи за квалитет на амбиентен воздух, можат да содржат информации и податоци за други загадувачки супстанци, освен оние кои што се наведени во став (1) од овој член, доколку во претходниот месец е извршено мерење на истите. (3) Месечните извештаи за квалитет на амбиентен воздух, се објавуваат на web страната на министерството и се доставува преку пошта или во електронска форма до општините, општините во градот Скопје и градот Скопје каде што има воспоставено мерни места за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух, Управата за хидрометеоролошки работи и Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 4 од 4 Член 9 (1) Годишниот извештајза квалитет на амбиентен воздух од член 6 од овој правилник ги содржи следните информации и податоци: Опис на мониторинг мрежите; Опис на мониторинг станиците и мерните места; Опис на мерните методи и методите за обезбедување на квалитет на податоците; Процентот на обезбедни податоци по мерно место и загадувачка супстанција; Годишни просечни вредности на присуство на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух; Годишни максимални вредности кои се однесуваат на просечните периоди на граничните вредности согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели; Надминување на граничните вредности, целните вредности, долгорочните цели, праговите за алармирање и информирање и соодветни информации за ефектот врз здравјето на луѓето. Информација за релевантните прекурсори на озон; Причини за надминувањата, доколку за тоа постојат информации; Информација за трендот на концентрациите; Резултати и интерпретација на податоците од метеоролошките мерења и Приказ на емисиите во воздухот на загадувачките супстанции на годишно ниво во тони. (2) Годишниот извештај за квалитет на амбиентен воздух се објавува на web страната на министерството и се доставува преку пошта или во електронска форма до општините, општините во градот Скопје и градот Скопје каде што има воспоставено мерни места за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух, Управата за хидрометеоролошки работи и Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Член 10 Министерството обезбедува навремена достава на информации за моменталните и предвидените надминувања на праговите за алармирање и предупредување дадени во Прилог 1, поглавје Ц, од Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели. Член 11 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-8576/2 6 октомври 2009 година Скопје Министер за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, с.р.

Regulation on the content and manner of transmission of data and information on conditions in the ambient air quality management · Nelum