Regulation on the conditions regarding technical means and equipment for performing waste disposal activities, as well as on the conditions and manner of training and coaching programmes for employees
صدر في 2009-07-23 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за условите во поглед на техничките средства и опремата за вршење на дејноста отстранување на отпад, како и условите и начинот за обука и тренинг програма на вработените.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Waste and hazardous substances
- الكلمات المفتاحية
- education, processing/handling, protection of environment, public health, waste disposal, waste management
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 1 од 4 20091082025 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 84 став 5 од Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Македонија” бр. 68/04, 107/07, 102/08 и 143/08), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ ВО ПОГЛЕД НА ТЕХНИЧКИТЕ СРЕДСТВА И ОПРЕМАТА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАД, КАКО И УСЛОВИТЕ И НАЧИНОТ ЗА ОБУКА И ТРЕНИНГ ПРОГРАМА НА ВРАБОТЕНИТЕ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите во поглед на техничките средства и опремата за вршење на дејноста отстранување на отпад, како и условите и начинот за обука и тренинг програма на вработените. Член 2 (1) Заради отстранување на отпад на депонија, операторот на депонија треба да ги исполнува условите во поглед на технички средства и опрема за вршење на дејноста за отстранување на отпад на депонија кои се дадени во Прилогот кој е составен дел на овој правилник. (2) Видот и карактеристиките на техничките средства и опрема треба да бидат такви да овозможуваат навремено и квалитетно отстранување на отпадот на депонија што подразбира секојдневно покривање на отпадот со инертен материјал. Член 3 (1) Операторот на депонија треба да обезбеди вработените кои директно ги спроведуваат операциите на депонирање, да посетуваат редовни обуки и тренинзи кои се однесуваат на одржување и подобрување на нивните квалификации, заштита на животната средина и здравјето на луѓето, безбедност и здравје при работа и противпожарна заштита. (2) Институциите каде се испраќаат вработените за тренинг и обука треба да поседуваат сертификат за валидност на нивните тренинзи и обуки. Доколку не постои валидна институција во земјава тогаш може да се вршат тренинзи и обуки во странство. (3) За сите вработени кои посетувале тренинзи и обуки потребно е да се поседува потврда за нивно учество или постигнато ниво на знаење. Член 4 Управителот на отпад, покрај поседувањето на уверение за управител на отпад, треба најмалку еднаш годишно да посетува редовни обуки и тренинзи кои се однесуваат за: почитување на условите пропишани со дозволата кои ги поседува депонијата; заштита на животната средина и здравјето на луѓето; безбедност и здравје при работа и противпожарна заштита. Член 5 (1) За прво вработување на ракувачи на градежни машини потребно е посета на тренинг и обука за извршување на машинските операции за депонирање на отпад пред започнување со работа. Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 2 од 4 (2) Ракувачите на градежни машини треба најмалку еднаш на пет години да посетуваат обука и тренинг за усовршување во машинските операции за депонирање на отпад кои се однесуваат за: одржување и употреба на градежната машина на депонија и начин на планирање, нивелирање и набивање на отпад. Член 6 Лицата што вршат мониторинг и ги утврдуваат карактеристиките на отпадот треба да посетуваат најмалку еднаш на три години, обука и тренинг кои се однесуваат за усовршување на активностите за: земање проби и лабораториските методи за утврдување на карактеристики на влезниот отпад, утврдување на карактеристики на исцедокот од депонијата, утврдување на карактеристики на депонискиот гас и потребниот третман на депонискиот исцедок и депонискиот гас. Член 7 (1) За прво вработување на контролори на отпад, потребно е посета на тренинг и обука пред започнувањето со работа. (2) Контролорите на отпад треба да посетуваат најмалку еднаш на пет години обука и тренинг за усовршување на активностите за: постапка и контрола на отпадот на влез на депонија, постапка и контрола на отпадот на самата депонија и процедура за известување и спречување на влез на несоодветен отпад. Член 8 Вработените задолжени за противпожарна заштита треба најмалку еднаш на пет години да имаат обука и тренинг за одржување на противпожарниот систем за кризни ситуации а најмалку еднаш годишно да имаат интерни вежби за усовршување на способностите за справување со опасности од пожари. Член 9 (1) Спроведувањето на работите од членовите 4, 5, 6, 7 и 8 од овој правилник, се врши согласно Годишна програма за обуки и тренинзи на вработените. (2) Годишната програма од став 1 на овој член содржи: 1. Список и број на вработени по работни места кои се задолжени за посета на тренинг и обука за планираната година, 2. Планирана временска динамика на изведување на тренинзите и обуките по работни места, 3. Планирани денови за тренинг и обука за секој вработен кој посетува тренинг и обука, 4. Планирана содржина на активности на тренинг и обука за секое работно место и 5. Институцијата во која се вршат потребните тренинзи и обуки за секое работно место. Член 10 Овој правилникот влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 јануари 2010 година. Бр. 07-6378/1 Министер за животна 23 јули 2009 година средина и просторно планирање, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р. Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 3 од 4 ПРИЛОГ ТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА И ОПРЕМА ЗА ВРШЕЊЕ НА ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ОТПАДОТ НА ДЕПОНИИ 1. Технички средства на депонијата се: компактор булдожер товарач/багер камион кипер 2. Основни инфраструктурни елементи на депонијата (1) Внатрешната инфраструктура ги вклучува следниве функционални зони: влезно излезен дел, дел за депонирање, дел за вработените (административни објекти, работилница, магацин, лабораторија и друго) и интерна сообраќајна инфраструктура. (2) Влезно-излезниот дел, односно делот за прифаќање и проверка на отпадот, треба да ги исполни барањата: да има доволно голема површината за извршување на процедурите за прифаќање и визуелна проверка на секоја доставена пратка на отпад пред и по растоварувањето во депонијата и за паркирање и свртување на транспортните возила; на влезниот дел од депонијата треба да има вага со која се врши мерење на донесениот отпад; да располага со паркинг простор за транспортните возила за отпад, како и со паркинг простор за патнички возила; да биде снабдена со опрема за спречување на изнесувањето на прав и кал од депонијата на јавните патишта преку транспортните возила; по потреба да располага и со други градби и/или постројки за третман на отпадот (на пример за сепарирање, рециклирање, компостирање и друго) со кои што се обезбедува исполнување на мерките за управување со отпадот и за постепено намалување на депонираните количини на биоразградлив отпад согласно согласно планските документи и во склоп на депонијата треба да има простор за времено складирање на отпадот. (3) Делот за депонирање е наменет за отстранување на отпадот. Во делот за депонирање треба да се предвидат: систем за заптивање на дното на депонијата, систем за површинско заптивање, систем за собирање на исцедокот, систем за собирање на гасот од депонијата, систем за мониторинг и други технички градби. (4) Во дополнение кон инфраструктурата од став (1), депониите е потребно располагаат и со опрема за: противпожарна заштита согласно прописите за заштита од пожари, прописите за градење и планови за заштита од хаварии согласно прописите за заштита на животната средина и да располагаат со опрема која овозможува заштита на работниците согласно прописите за заштита при работа. 3. Специфична опрема на депонија Покрај исполнување на општите услови за изградба на депонија, во рамките на оперативните дејности на депонијата, треба да се обезбедат следните системи: 3.1 Систем за мерење на отпадот (колска вага) Колската вага треба да ги задоволува условите за мерење на максимални бруто количини на отпад. Истата треба да биде опремена и со систем за прибирање и третман на исцедоци од специјалните возила кои транспортираат отпад, како и да биде целосно покриена. Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 4 од 4 3.2 Системи за запирање на летачки отпад (ветробрани) Овие системи треба да обезбедат ефикасно зафаќање и отстранување на сите лесни фракции на отпадот кои можат да бидат разнесени со помош на ветерот. Овие системи можат да бидат и преносни. 3.3 Системи за бркање на птици, инсекти и штетници Овие системи треба да обезбедат бркање на сите оние животни кои можат на било кој начин да извршат пренос на одредени болести или загадувања во пошироката околина. Овие системи можат да подразбираат употреба на звучни или други соодветни начини на справување со потенцијалните преносници (употреба на инсектициди со одредена сезонска и временска динамика, употреба на птици истерувачи и слично). 3.4 Противпожарни системи Овие системи треба да бидат во согласност со прописите кои ја регулираат противпожарната заштита. Потребно е да се изработат планови за противпожарна заштита во кризни ситуации (хаварии). 3.5 Системи против бучава од сообраќај Доколку депонијата е во близина на населено место, истото треба да биде заштитено со бариери кои ја намалуваат бучавата од сообраќајот. 3.6 Системи против создавање на аеросоли Доколку отпадот на депонијата или на депониските сообраќајници содржи супстанци со кои е можно да се создадат аеросоли истиот треба да биде третиран (прскање со вода или други системи). 3.7 Систем за миење и дезинфекција на долниот строј на возилата Овие системи треба да имаат обезбедено постојано снабдување со вода и средства за миење на долниот строј на возилата. При секое излегување на специјалните возила задолжително се врши миење и дезинфекција на долниот строј. Дезинфекцијата може да се врши во самиот објект каде се врши миењето на возилата или на посебно место за таа намена. 3.8 Опрема за здравствена заштита на вработените согласно прописите од оваа област 3.9 Опрема за безбедност и здравје при работа согласно прописите од оваа област