تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the conditions for the import of semen, embryos and ova, on list of foreign countries from which their import is permitted, on content and form of the health certificate or other documents accompanying the shipment

صدر في 2013-05-17 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за условите за увоз на семе за вештачко осеменување, ембриони и јајце клетки, листа на трети земји од кои е дозволен нивниот увоз и содржината и формата на ветеринарно-здравствениот сертификат или друг документ што ја придружува пратката.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock
الكلمات المفتاحية
animal reproduction, international trade, classification/declassification, standards, genetic resources, animal production
الفئات
*

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 1 од 107 20130811828 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Согласно член 81 став (5) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА УСЛОВИТЕ ЗА УВОЗ НА СЕМЕ ЗА ВЕШТAЧКО ОСЕМЕНУВАЊЕ, ЕМБРИОНИ И ЈАЈЦЕ КЛЕТКИ, ЛИСТИ НА ТРЕТИ ЗЕМЈИ ОД КОИ Е ДОЗВОЛЕН НИВНИОТ УВОЗ И СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕНИОТ СЕРТИФИКАТ ИЛИ ДРУГ ДОКУМЕНТ ШТО ЈА ПРИДРУЖУВА ПРАТКАТА(*) Глава I Општа одредба Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите за увоз на семе за вештачко осеменување, ембриони и јајце клетки, листи на трети земји од кои е дозволен нивниот увоз и содржината и формата на ветеринарно-здравствениот сертификат или друг документ што ја придружува пратката. (*)Со овој правилник се врши усогласување со ДИРЕКТИВА НА СОВЕТОТ 88/407/ЕЕЗ од 14 јуни 1988 за утврдување здравствените барања за животни применливи во трговијата во Заедницата и за увоз на длабоко замрзнато семе од домашни животни од видот говедо, 31988L0407, изменета и дополнета со: Директива 90/120/EEЗ на Советот од 5 март 1990, број 31990L0120; Директива 90/425/EEЗ на Советот од 26 јуни 1990, број 31990L0425, Директива 93/60/EEЗ на Советот од 30 јуни 1993, број 31993L0060, Директива 2003/43/EЗ на Советот од 26 мај 2003, број 32003L0043, Регулатива (EЗ) Бр. 806/2003 од 14 април 2003, број 32003R0806, Одлука на Комисијата од 6 јануари 2004, број 32004D0101, Одлука на Комисијата од 5 јануари 2006, број 32006D0016, Одлука на Комисијата од 7 февруари 2008, број 32008D0120, Директива 2008/73/EЗ на Советот од 15 јули 2008, број 32008L0073; ДИРЕКТИВА НА СОВЕТОТ од 25 септември 1989 за условите за здравјето на животните применливи во трговијата во Заедницата и за увоз од трети земји на ембриони од домашни животни од видот говедо, број 31989L0556, изменета и дополнета со: Директива 90/425/EEЗ на Советот од 26 јуни 1990, број 31990L0425, Директива 93/52/EEЗ на Советот од 24 јуни 1993, број 31993L0052, Одлука на Комисијата 94/113/EЗ од 8 февруари 1994, број 31994D0113, Регулатива (EЗ) Бр. 806/2003 на Советот од 14 април 2003, број 32003R0806, Одлука на Советот 2006/60/EЗ од 2 февруари 2006, број 32006D0060, Директива 2008/73/EЗ на Советот од 15 јули 2008, број 32008L0073; ДИРЕКТИВА НА СОВЕТОТ од 26 јуни 1990 за утврдување на условите за здравјето на животните применливи во внатрешната трговија во рамките на Заедницата и за увоз на семе од домашни животни од видот свиња, број 31990L0429, изменета и дополнета со: Одлука на Советот 1999/608/EЗ од 10 септември 1999, број 31999D0608, Одлука на Комисијата 2000/39/EЗ од 16 декември 1999, број 32000D0039, Регулатива (EЗ) бр 806/2003 на Советот од 14 април 2003, број 32003R0806, Директива 2008/73/EЗ на Советот од 15 јули 2008, број 32008L0073; ДИРЕКТИВА 92/65/EEЗ НА СОВЕТОТ од 13 јули 1992 за утврдување здравствени барања кои ја регулираат трговијата и увозот на животни, семе, јајцеклетки и ембриони во Заедницата, кои не се предмет на барањата за здравјето на Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 2 од 107 животните утврдени со посебни правила на Заедницата од Анекс А (I) од Директивата 90/425/ЕЕЗ, број 31992L0065, изменета и дополнета со: Одлука на Комисијата 95/176/EЗ од 6 април 1995, број 31995D0176, Одлука на Комисијата 2001/298/EЗ од 30 март 2001, број 32001D0298, Регулатива (EЗ) Бр. 1282/2002 на Комисијата од 15 јули 2002, број 32002R1282, Регулатива (EЗ) Бр. 998/2003 на Европскиот Парламент и на Советот од 26 мај 2003, број32003R0998, Регулатива (EЗ) Бр. 1398/2003 на Советот од 5 август 2003, број 32003R1398, Директива 2004/68/EЗ на Советот од 26 април 2004, број 32004L0068, 32007D0265, Одлука на Комисијата од 26 април 2007, број 2007/265/EЗ, Директива 2008/73/EЗ на Советот од 15 јули 2008, број 32008L0073, Одлука на Комисијата 270/2010 од 6 мај 2010, број 32010D0270, Одлука на Комисијата 2010/684/EУ од 10 ноември 2010, број 32010D0684, Регулатива (EУ) Бр.176/2010 на Комисијата од 2 март 2010 број 32010R0176; ДИРЕКТИВА НА СОВЕТОТ од 26 јуни 1990 за утврдување на условите за здравјето на животните применливи во внатрешната трговија во рамките на Заедницата и за увоз на семе од домашни животни од видот свиња, број 31990L0429, изменета и дополнета со: Одлука на Советот 1999/608/EЗ од 10 септември 1999, број 31999D0608, Одлука на Комисијата 2000/39/EЗ од 16 декември 1999, број 32000D0039, Регулатива (EЗ) бр 806/2003 на Советот од 14 април 2003, број 32003R0806, Директива 2008/73/EЗ на Советот од 15 јули 2008, број 32008L0073; ОДЛУКАТА НА КОМИСИЈАТА од 20 септември 2011 година на увоз во Заедницата на семе од домашни животни од видовите говеда, број 32011D0630, изменета и дополнета со Одлуката на Комисијата од 18 јули 2012 година за изменување и дополнување на Одлуката 2011/630/EU во однос на барањата за здравјето на животните во врска со плав јазик и Simbu вирус, број 32012D0415; ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА од 4 јануари 2006 барањата за ветеринарно здеравствена сертификација за увоз во Заедницата на ембриони од говеда и за укинување на Одлуката 2005/217/EЗ, број 32006D0168, изменета и дополнета со Регулатива на Комисијата (ЕЗ) бр 1792/2006 од 23 октомври 2006 година во врска со усвојување на одредени регулативи и одлуки во областа на слободното движење на стоки, слободата на движење на лица, политиката на конкуренција, земјоделството (ветеринарна и фитосанитарна политика), риболовот, транспортната политика, даноци, статистика, социјалната политика и вработувањето, животната средина, царинската унија и надворешните односи, во согласност со пристапувањето на Бугарија и Романија, број 32006R1792, Одлука на Комисијата од 30 ноември 2009 година за изменување на Одлуката 2006/168/EЗ во врска со листата на тимови за земање и производство на ембриони од говеда одобрени за увоз во Заедницата, број 32009D0873, Одлука на Комисијата од 17 Јули 2012 за изменување на анексите од I до IV на Одлуката 2006/168/EЗ во врска со одредени барања за ветеринарно здравствена сертификација за увоз во Унијата на говедски ембриони, број 32012D0414; ОДЛУКАТА НА КОМИСИЈАТА од 1 Март 2012 година за увоз во Унијата на семе од домашни животни од видот свињи, број 32012D0137; ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА од 26 август 2010 година за увозот на семе, јајце клетки и ембриони од животни од видот овци и кози во Унијата, број 32010D0472, изменета и допонета со Одлуката на Комисијата од 17 Јули 2012 за изменување на Одлуката 2010/472/EУ во врска со здравствени барања за Simbu вируси и епизоотска хеморагична треска, број 32012D0411; ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА од 6 јануари 2004 година за листа на трети земји и делови од трети земји од кои е дозволено увоз во државите-членки на живи копитари и семе, јајце клетки и ембриони од копитари и за изменување на Одлуките 93/195/ЕЕЗ и 94/63/ЕК, број 32004D02011, изменета и дополнета со Регулатива на Комисијата (ЕЗ) бр 1792/2006 од 23 октомври 2006 година во врска со усвојување на одредени регулативи и одлуки во областа на слободното движење на стоки, слободата на движење на лица, политиката на конкуренција, земјоделството (ветеринарна и фитосанитарна политика), риболовот, транспортната политика, даноци, статистика, социјалната политика и вработувањето, Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 3 од 107 животната средина, царинската унија и надворешните односи, во согласност со пристапувањето на Бугарија и Романија, број 32006R1792, Одлука на Комисијата од 17 октомври 2008 година за изменување на Одлуката 2004/211/EЗ во врска со внесување на Бразил, Црна Гора и Србија во листата на трети земји и нивни делови, од кои увозот во Заедницата на живи копитари и семе, јајцеклетки и ембриони од копитари е дозволен, број 32008D0804, Одлука на Комисијата од 28 Август 2009 година за изменување на Одлуката 2004/211/EЗ во врска со внесување на Бразил, Црна Гора и Србија во листата на трети земји и нивни делови, од кои увозот во Заедницата на живи копитари и семе, јајцеклетки и ембриони од копитари е дозволен, број 32009D0624, Одлука на Комисијата од 30 Април 2010 година за изменување на Одлуките 92/260/ЕЕЗ, 93/195/ЕЕЗ, 93/197/ЕЕЗ и 2004/211/EЗ во поглед на увозот на регистрирани коњите од некои делови на Кина и за усвојување на деноминации на одредени трети земји, број 32010D0266, Одлука на Комисијата од 14 јуни 2010 година за изменување на Одлуката 2004/211/EC во врска со внесување на Бахреин и Бразил во листата на трети земји и нивни делови, од кои увозот во Европската унија на живи копитари и семе, јајце клетки и ембриони од копитари е одобрено, број 32010D0333, Одлука на Комисијата од 20 август 2010 година за изменување на Одлуките 92/260/ЕЕЗ, 93/195/ЕЕЗ, 93/197/ЕЕЗ и 2004/211/EЗ во однос на привремен увоз, повторен увоз по привремен извоз и увозот на регистрирани коњите и увозот на семе од копитари од одредени делови на Египет, број 32010D0463, Одлука на Комисијата од 8 октомври 2010 за отстапки од Одлуките 92/260/ЕЕЗ и 2004/211/EЗ во однос на привремен увоз на одредени машки регистрирани коњи кои треба да учествуваат во натпревари на пред-олимписки тест настан во 2011 година, на Олимписките игри или на Параолимписките игри во 2012 година во Обединетото Кралство, број 32010D0613, Одлука на Комисијата од 15 декември 2010 за изменување и дополнување на Одлуката 2004/211/EЗ во врска со внесување на Бразил, Кувајт и Сирија во листата на трети земји и нивни делови од кои увозот во Европската унија на живи копитари и семе, јајце клетки и ембриони од копитари се одобрени, број 32010D0776, Одлука на Комисија од 3 мај 2011за изменување на Одлуката 2004/211/EЗ во врска со внесувањето на Јужна Африка во листата на трети земји и нивни делови од кои воведувањето во Европската унија на живи копитари и семе, јајцеклетки и ембриони од копитари е одобрено, број 32011D0267, Одлука на Комисија од 18 август 2011 година за изменување на Анекс I на Одлуката 2004/211/EЗ во врска со внесување на Бахреин и Либан во листата на трети земји и нивни делови, од кои увозот во Унијата на живи копитари и семе, јајце клетки и ембриони од копитари е одобрено, број 32011D0512, Одлука на Комисијата од 13 Октомври 2011 година за изменување на Анекс I од Одлуката 2004/211/EЗ во врска со внесување на Мексико во листата на трети земји и нивни делови, од кои увозот во Унијата на живи копитари и семе, јајце клетки и ембриони од копитари е одобрено, број 32011D0686, Одлука на Комисија од 27 септември 2012 година за изменување на Анекс I од Одлуката 2004/211/EЗ во врска со внесување на Бахреин и Бразил во листата на трети земји и нивни делови, од кои воведувањето во Унијата на живи копитари и семе, јајце клетки и ембриони од копитари е одобрено, број 32012D0532; ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА од 26 август 2010 за увоз во Унијата на семе, јајце клетки и ембриони од животни од копитари во однос на листите на центри за обирање и складирање на семе и тимови за земање и производство на ембриони и барања за сертификација, број 32010D0471. Член 2 Поимот „земја на потекло на ембрионите“ е третата земја каде што ембрионите се произведуваат, собираат, обработуваат и по потреба се складираат, и од каде што се испраќаат во Република Македонија. Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 4 од 107 Глава II Услови за увоз на семе за вештачко осеменување од домашни животни од видот говеда Член 3 (1) Увозот на семе за вештачко осеменување може да се врши само од трети земји кои се наоѓаат на листата на трети земји од кои е дозволен увоз на семе за вештачко осеменување од домашни животни од видот говеда. (2) За третата земја да биде ставена на листата од став (1) на овој член треба да се земе во предвид: 1) здравствената состојба на домашните животни од видот говеда, други домашни животни и дивечот во третата земја, со посебно внимание на егзотичните болести кај животните, како и здравствената состојба на животната средина во таа земја, коишто може да ја загрозат здравствената состојба на животните во Република Македонија; 2) редовноста и навременоста на информациите доставени од третата земја во однос на постоењето на заразна болест кај животните на нејзината територија, поточно, болестите наведени на листите на Светската задравствена огранизација за здравствена заштита на животните (во понатамошниот текст: OIE); 3) правилата на таа земја во однос на спречувањето и контролата на болести кај животните; 4) структурата на ветеринарните служби во земјата и нивните овластувања; 5) организацијата и спроведувањето на мерките за спречување и контрола на заразни болести кај животните и 6) гаранциите што може да ги даде третата земја во однос на усогласеноста со одредбите од членовите 3, 4, 5 и 6 на овој правилник и членовите 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*1). (3) Листата од став (1) на овој член е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 (1) Увоз на семе за вештачко осеменување испратено од центар за собирање или складирање на семе за вештачко осеменување кој се врши од трети земји наведени во листата од член 3 на овој правилник ќе биде одобрен доколку надлежниот орган на третата земја може да гарантира дека: 1) ги исполнува следниве услови: (a) за одобрување на центри за собирање или складирање семе за вештачко осеменување, утврдени во член 6 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*4); (б) за надзорот на таквите центри утврдени во членовите 7 и 8 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембрионии(*5); Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 5 од 107 2) официјално е одобрен од надлежниот орган на третата земја, за извоз; 3) под надзор е на ветеринар од центарот и 4) барем двапати годишно е предмет на контроли од страна на официјален ветеринар на третата земја. (2) Надлежниот орган на третата земја која се наоѓа на листата од член 3 на овој правилник до Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата) треба да достави списокот на центри за собирање на семе за вештачко осеменување, кои ги одобрил согласно условите од став (1) на овој член и од кои семето за вештачко осеменување може да се испраќа во Република Македонија. (3) Надлежниот орган на третата земја треба веднаш да ја извести Агенцијата за секое укинување или повлекување на одобрението на центрите за собирање или складирање на семе за вештачко осеменување, доколку тие повеќе не ги исполнува условите од став (1) на овој член. (4) Агенцијата редовно го ажурира списокот на центри за собирање на семе согласно информациите кои ги добива од надлежниот орган на третата земја согласно ставовите (2) и (3) на овој член, а истиот е достапен за јавноста. Член 5 (1) Агенцијата треба да обезбеди дека семето за вештачко осеменувањето од говеда кое се увезува во Република Македонија ги исполнува условите од член 11 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*6). (2) Семето за вештачко осеменувањето треба да потекнува од животни кои веднаш пред собирањето на семето за вештачко осеменување престојувале најмалку шест месеци на територијата на третата земја која се наоѓа на списокот од член 3 став (1) на овој правилник. (3) По исклучок од член 3 став (1) на овој правилник и став (1) на овој член, Агенцијата нема да одобри увоз на семе за вештачко осеменување од трета земја која се наоѓа на листата од член 3 доколку семето за вештачко осеменување не е во согласност со барања за здравствениот статус на животните за увоз на семе за вештачко осеменување од таа земја. (4) При исполнување на условите од став (2) на овој член, треба да се земе во предвид: 1) здравствената состојба во областа каде се наоѓа центарот за собирање семе за вештачко осеменување, со особено внимание на болестите кои се наоѓаат на списокот на OIE; 2) здравствената состојба на стадото во центарот за собирање семе за вештачко осеменување, и барањата за тестирање; 3) здравствената состојба на животното донори барањата за тестирање и 4) барања за тестирање во однос на семето за вештачко осеменување. (5) Семето за вештачко осеменување треба да потекнува од одгледувалишта на животни кои се официјално слободни од туберкулоза и бруцелоза кај говедата во согласност со Правилникот за условите за ставање во промет на животни од видовите говеда и свињи(*7). Агенцијата одобрува увоз и ставање во промет на семе за вештачко осеменување од одгледувалишта кои не се официјално слободни од туберкулоза и бруцелоза кај говедата доколку третата земја на испорака даде гаранции за здравствениот статус на животните кои се барем еднакви со оние од став (3) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 6 од 107 (6) За целите на овој член се применува mutatis mutandis за одредбите од член 4 на Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*8). Член 6 (1) При увоз семето за вештачко осеменување треба да биде придружено со ветеринарно здравствен сертификат изготвен во согласност со барањата од член 7 на овој правилник и потпишан од страна на официјален ветеринар од третата земја од каде се врши увозот. (2) Сертификатот од став (1) на овој член треба: 1) да биде на македонски јазик; 2) да го придружува семето; 3) да биде издаден на еден лист хартија и 4) да е изготвен за еден примач. Член 7 (1) Семе за вештачко осеменување може да се увезе доколку ги исполнува следните услови: 1) доаѓа од трета земја или дел од трета земја која е наведена во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник; 2) доаѓа од центар за земање или складирање на семе во согласност со ставовите (2), (3) и (4) од член 4 на овој правилник; 3) е придружено со ветеринарно здравствен сертификат пополнет во согласност со образецот даден во Дел 1 од Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствениот сертификат дадено во Дел 2 од Прилог 2 на овој правилник: (а) образец 1 за семе кое е собрано, преработено и складирано во согласност со одредбите од членовите 3, 4, 5 и 6 на овој правилник и членовите 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*1) и испратено од центар за собирање на семе од каде е собрано семето; (б) образец 2 за залихи од семе кое е собрано, преработено и складирано пред 31 декември 2004, а увезено по 31 декември 2004 во согласност со одредбите од членовите 3, 4, 5 и 6 на овој правилник и членовите 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*1) и испратено од центар за собирање на семе од каде е собрано семето и (в) образец 3 за семе и залихи од семе, наведени во потточка (а) и (б) на оваа точка, испратено од центар за складирање на семе и 4) е во согласност со условите од ветеринарно здравствените сертификати од точка 3) на овој став. Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 7 од 107 (2) По исклучок од став (1) на овој член, доколку во билатерални договори со трети земји се утврдени посебни услови во однос на здравјето на животните и ветеринарно медицински сертификати при увоз, ќе се применуваат тие услови. Член 8 (1) Семето и залихите на семе од член 7 на овој правилник не треба да се транспортираат во ист контејнер со другите пратки од семе кои: 1) не се наменети за увоз во Република Македонија или 2) се со понизок здравствен статус. (2) Семето и залихите на семе треба да се транспортираат во затворени и запечатени контејнери и печатот не треба да биде оштетен за време на транспортот. Глава III Услови за увоз на ембриони и јајце-клетки од домашни животни од видот говеда Член 9 (1) Увоз на ембрионите е дозволен од трети земји или делови на трети земји кои се наоѓаат на листата на одобрени трети земји за увоз на ембриони од домашни животни од видот говеда во Република Македонија. (2) За третата земја да биде ставена на листата од став (1) на овој член треба да се земе во предвид: 1) здравствената состојба на добитокот, други домашни животни и дивечот во третата земја, со посебно внимание на егзотичните болести кај животните, како и здравствената состојба на животната средина во таа земја, кои што може да ја загрозат здравствената состојба на животните во Република Македонија; 2) редовноста и навременоста на информациите доставени од третата земја во однос на постоењето на заразна болест кај животните на нејзината територија особено болестите од листите А и Б на OIE; 3) правилата на земјатa во однос на спречување и контрола на болести кај животните; 4) структурата на ветеринарните служби во земјата и нивните овластувања; 5) организацијата и спроведувањето на мерките за спречување и контрола на заразни болести кај животните и 6) гаранциите што може да ги даде земјатa во однос на усогласеноста со правилата утврдени во овој правилник. (3) Листата од став (1) на овој член е дадена во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 10 (1) Дозволен е увоз на ембриони од тим за собирање или производство на ембриони од трета земја која се наоѓа на листата од член 9 на овој правилник доколку надлежнот орган на трета земја може да гарантира дека: 1) ги исполнува условите: (a) за одобрување на тимови за собирање и производство на ембриони, утврдени во член 14 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*9) и Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 8 од 107 (б) за собирање, преработка, складирањето и транспортот на ембриони од страна на такви тимови, утврдено во членовите 15 и 16 од Правилникот за ветеринарно здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*10). 2) официјално е одобрен од надлежниот орган на третата земја за извоз и 3) најмалку двапати годишно е предмет на контроли од страна на официјален ветеринар на третата земја. (2) Надлежниот орган на третата земја која се наоѓа на листата од член 9 на овој правилник до Агенцијата треба да достави списокот на тимови за собирање и производство на ембриони, кои ги одобрил согласно условите од став (1) на овој член и од коишто ембрионите може да се испраќа во Република Македонија. (3) Надлежниот орган на третата земја треба веднаш да го укине или повлече одобрението на тимот за собирање и производство на ембриони доколку тој повеќе не ги исполнува условите од став (1) од овој член и за што веднаш ја известува Агенцијата. (4) Агенцијата редовно го ажурира списокот на тимови за собирање на ембриони согласно информациите кои ги добива од надлежниот орган на третата земја согласно ставовите (2) и (3) на овој член, а истиот е достапен за јавноста. Член 11 (1) Увозот на ембриони од територијата на трета земја која се наоѓа на листата од член 9 став (1) на овој правилник е дозволен доколку ембрионите. 1) потекнуваат од животни донори кои веднаш пред собирањето на нивните ембриони, се наоѓале најмалку шест месеци на територијата на третата земја и во најмногу две стада кои ги исполнуваат барањата утврдени во став (2) на овој член и 2) се во согласност со барањата за здравствен статус на животните за увоз на ембриони од таа земја. (2) При усвојување на барањата од став (1) точка 1) од овој член, треба да се земе предвид: 1) здравствената состојба на регионот околу местото каде се собираат ембрионите со посебно внимание на болестите кои се наоѓаат на листата А на OIE; 2) здравствената состојба на стадо од кое се собираат ембрионите вклучувајќи ги и барањата за тестирање; 3) здравствената состојба на животното донор и барањата за тестирање и 4) барањата за собирањето, преработка и складирањето на ембрионите. (3) За утврдување на барањата за здравствен статус на животните во однос на туберкулоза, бруцелоза и ензоотска леукоза кај говедата во согласност со став (1) од овој член се земаат стандардите пропишани во Правилникот за условите за ставање во промет на животни од видовите говеда и свињи(*7). Директорот на Агенцијата може да направи одстапка од овие барања, доколку третата земја на испорака даде гаранции за здравствениот статус на животните кои се исти или најмалку еднакви со оние од став (2) од овој член, по спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика. (4) При утврдување на барањата за здравствен статус на животните во однос на лигавка и шап согласно став (1) од овој член, треба да се земе во предвид дека: 1) само замрзнати ембриони може да се увезуваат од трети земји каде се врши вакцинација против лигавка и шап. Ембрионите треба да се складирани според одобрени услови најмалку 30 дена пред испораката и Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 9 од 107 2) животните донори требаат да потекнуваат од одгледувалиште каде што ниту едно животно не било вакцинирано против лигавка и шап најмалку 30 дена пред собирањето и одгледувалиште коешто не е предмет на мерки за забрана или карантин. Член 12 Увоз на ембриони од говеда се врши од трети земји кои се наоѓаат на листата дадена во Прилог 3 на овој правилник и кои се собрани или произведени од одобрени тимови за собирање или производство на ембриони во согласност со член 10 на овој правилник. Член 13 Увоз на in vivo добиени ембриони од говеда се врши доколку ги исполнуваат здравствените барања за животните од ветеринарно здравствениот сертификат за увоз на in vivo добиени ембриони од говеда даден во Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. Член 14 (1) Увоз на in vitro добиени ембриони се врши доколку се оплодени со семе кое е во согласност со одредбите од членовите 3, 4, 5 и 6 на овој правилник и членовите 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*1) и кои ги исполнуваат здравствените барања за животните од ветеринарно здравствениот сертификат за увоз на in vitro добиени ембриони од говеда даден во Прилог 5 кој е составен дел на овој правилник. (2) Увоз на in vitro добиени ембриони се врши доколку се оплодени со семе кое е произведена во одобрени центри за собирање на семе или се складирани во центри за чување на семе во трети земји кои се наоѓаат на листата од Прилог 1 на овој правилник и кои ги исполнуваат барањата од ветеринарно здравствен сертификат за увоз на in vivo добиени ембриони од говеда кои се оплодени со семе кое доаѓа од центар за собирање или центар за складирање на семе одобрен од страна на надлежниот орган на земјата од каде се увезува даден во Прилог 6 кој е составен дел на овој правилник, под услов ембрионите: 1) да не се ставаат во промет во Република Македонија и 2) да се имплантираат исклучиво во женски говеда на местото на дестинација кое е наведено во ветеринарно здравстениот сертификат. Глава IV Услови за увозот на семе за вештачко осеменување од домашни животни од видот свињи Член 15 (1) Увозот на семе за вештачко осеменување може да се врши само од трети земји кои се наоѓаат на листата трети земји од кои е дозволен увоз на семе за вештачко осеменување од домашни животни од видот свињи. (2) За третата земја да биде ставена на листата од став (1) на овој член треба да се земе во предвид: 1) здравствената состојба на добитокот, други домашни животни и дивечот во третата земја, со посебно внимание на егзотичните болести кај животните, како и здравствената состојба на животната средина во таа земја, кои што може да ја загрозат здравствената состојба на животните во Република Македонија; Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 10 од 107 2) редовноста и навременоста на информациите доставени од третата земја во однос на постоењето на заразна болест кај животните на нејзината територија, поточно, болестите наведени на листите А и Б на OIE; 3) правилата на таа земја во однос на спречувањето и контролата на болести кај животните; 4) структурата на ветеринарните служби во земјата и нивните овластувања; 5) организацијата и спроведувањето на мерките за спречување и контрола на заразни болести кај животните и 6) гаранциите што може да ги даде третата земја во однос на усогласувањето со одредбите од овој правилник. (3) Листата од став (1) на овој член е дадена во Прилог 7 кој е составен дел на овој правилник. Член 16 (1) Увоз на семе за вештачко осеменување испратено центар за собирање на семе за вештачко од трети земји кои се наоѓаат на листата од член 15 на овој правилник ќе биде одобрен доколку надлежниот орган на третата земја може да гарантира дека: 1) ги исполнува условите: (а) за одобрување на центар за собирање на семе за вештачко осеменување утврдени во член 21 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*11) и (б) за надзор на таквите центри, утврдени во член 22 од Правилникот за ветеринарно здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*12); 2) одобрен е за извоз од надлежниот орган на третата земја; 3) се наоѓа под надзор на ветеринар од центарот и 4) барем двапати годишно е предмет на контроли од страна на официјален ветеринар. (2) Надлежниот орган на третата земја од листата од член 15 на овој правилник до Агенцијата треба да достави списокот на центри за собирање на семе за вештачко осеменување, кои ги одобрил согласно условите од став (1) на овој член и од кои семето за вештачко осеменување може да се испраќа во Република Македонија. (3) Надлежниот орган на третата земја од листата од член 15 на овој правилник треба веднаш да ја извести Агенцијата за секое укинување или повлекување на одобрението на центрите за собирање или складирање на семе за вештачко осеменување, доколку тие повеќе не ги исполнува условите од став (1) на овој член. (4) Агенцијата редовно го ажурира списокот на центри за собирање и складирање на семе согласно информациите кои ги добива од надлежниот орган на третата земја согласно ставовите (3) на овој член, а истиот е достапен за јавноста. Член 17 (1) Семето за вештачко осеменување треба да потекнува од животни кои, непосредно пред собирањето на семето за вештачко осеменување, престојувале последните три месеци на територија на трета земја која се наоѓа на листата од член 15 став (1) на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 11 од 107 (2) По исклучок од член 15 став (1) на овој правилник и став (1) на овој член, Агенцијата нема да одобри увоз на семе за вештачко осеменување од трета земја која се наоѓа на листата на одобрени трети земји доколку семето за вештачко осеменување не е во согласност со усвоените барања за здравствениот статус на животните за увоз на семе за вештачко осеменување од таа земја. (3) При утврдувањето на барањата од став (2) на овој член, треба да се земе предвид: 1) здравствената состојба во областа околу центарот за собирање на семе за вештачко осеменување, со особено внимание на болестите поточно, болестите наведени на листите А на OIE; 2) здравствената состојба на стадото во центарот за собирање на семе за вештачко осеменување и барањата за тестирање; 3) здравствената состојба на животното донор и барањата за тестирање и 4) барањата за тестирање во однос на семе за вештачко осеменување. (4) Врз основа на пристап од-случај-до-случај, Агенцијата може да дозволи исклучоци од стандардите утврдени во Глава II Оддел III од Правилникот за ветеринарно здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*13) кога третата земја обезбедува гаранции најмалку еднакви за здравствениот статус на животните. (5) За целите на овој член се применува mutatis mutandis за одредбите од член 19 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*14). Член 18 (1) Увоз на семе од свињи се врши доколку се исполнети следните услови: 1) доаѓа од трета земја или дел од трета земја која се наоѓа на листата од Прилог 7 кој е составен дел на овој правилник; 2) доаѓа од центар за собирање на семе во согласност со листат утврдена во ставовите (2), (3) и (4) од член 16 на овој правилник; 3) е придружено со ветеринарно здравствен сертификат во согласност со член 20 на овој правилник и 4) е во согласност со условите од ветеринарно здравствениот сертификат од точка 3) на овој став. (2) По исклучок од став (1) на овој член, доколку во билатерални договори со трети земји се утврдени посебни услови во однос на здравјето на животните и ветеринарно медицински сертификати при увоз, ќе се применуваат тие услови. (3) Агенцијата нема да дозволи прием на пратки доколку при проверка на документацијата се утврди дека не се исполнети одредбите од член 15 на овој правилник. (4) Надлежниот орган треба да ги преземе сите неопходни мерки, вклучувајќи и складирање во карантин за да се добие конечна потврда во случаи кога постои сомнеж дека семето за вештачко осеменување, јајце-клетките и ембрионите се инфицирани или контаминирани со патогени микроорганизми. (5) Во случаи утврдени во ставовите (3) или (4) од овој член, по барање на испраќачот или негов претставник треба, да се одобри враќање на семето за вештачко осеменување, под услови тоа да не е во спротивност со одредбите за здравствена заштита на животните. Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 12 од 107 (6) При забрана на увоз на семе за вештачко осеменување врз било која основа утведена во ставовите (3) или (4) од овој член, а третата земја собирач во рок од 30 дена не го одобри враќање на тоа семе за вештачко осеменување, надлежниот ветеринарен орган на Република Македонија ќе издаде наредба за негово уништување. (7) За одлуките донесени од надлежниот орган според ставовите (3), (4), (5) и (6) на овој член треба да се извести испраќачот или негов претставник заедно со причините за истите. Член 19 (1) Агенцијата треба да обезбеди секоја пратка на семе за вештачко осеменување која влегува во царинска зона на Република Македонија да подлежи на контрола пред да биде пуштена во промет или ставена во царинска постапка и да го забрани внесувањето на семе за вештачко осеменување во Република Македонија доколку при контрола на увозот извршена на пристигнување утврди дека: 1) семето за вештачко осеменување доаѓа од територија на трета земја која не се наоѓа на листата од член 15 став (1) на овој правилник; 2) семето за вештачко осеменување доаѓа од центар за собирање на семе за вештачко осеменување кој не се наоѓа на листата од член 16 став (1) на овој правилник; 3) семето за вештачко осеменување доаѓа од територија на трета земја од која е забранет увозот врз основа на здравствениот статус на животните и 4) здравствениот сертификат кој го прати семето за вештачко осеменување не е во согласност со условите утврдени во член 18 на овој правилник. (2) Став (1) од овој член не се однесува на пратки од семе за вештачко осеменување кои пристигнуваат во царинската зона на Република Македонија и кои се ставени во царинска постапка на транзит за пратки чија крајна дестинација се наоѓа надвор од таа територија, но не и за пратки кои не се ставаат во царинската постапка за транзит преку територијата на Република Македонија. (3) Агенцијата треба да ги преземе сите неопходни мерки, вклучувајќи и складирањето во карантин, под услов тоа да не влијае врз вијабилноста на семето за вештачко осеменување, до пристигнувањето на резултатите од испитување во случаи кога постои сомнеж дека семето за вештачко осеменување е заразено или контаминирано од патогени организми. (4) Доколку увозот на семето за вештачко осеменување не е доволено заради не исполнување на одредбите утврдени во ставовите (1), (2) или (3) на овој член а третата земја извозничка не го одобри враќањето на семето за вештачко осеменување во рок од 30 дена во случај на длабоко смрзнато семе за вештачко осеменување, или веднаш во случај на семе за вештачко осеменување наменето да се употребува како свежо, Агенцијата ќе нареди негово уништување. Член 20 (1) Увоз на семе за вештачко осеменување се врши доколку пратката е придружена со ветеринарно здравствен сертификат, целосно пополнет и потпишан од страна на официјален ветеринар на земјата која го испорачува. (2) Образецот на сертификатот од став (1) треба да: 1) е изготвен на македонски јазик и службениот јазик на третата земја на испорака и на англиски јазик во случај на транзит низ земја-членка; 2) ја придружува пратката на семетo за вештачко осеменување во оригинал; 3) е изготвен на еден лист хартија или неколку листови, поврзани еден со друг и 4) е наменет за еден примач. Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 13 од 107 (3) Образецот на ветеринарно здравствен сертификат од став (1) на овој член е даден во Прилог 8 кој е составен дел на овој правилник, а упатството за пополнување на ветеринарно здравствениот сертификат е дадено во Дел 2 од Прилог 2 на овој правилник. Член 21 (1) Семето и залихите на семе од член 20 на овој правилник не треба да се транспортираат во ист контејнер со другите пратки од семе кои: 1) не се наменети за увоз во Република Македонија или 2) се со понизок здравствен статус. (2) Семето и залихите на семе треба да се транспортираат во затворени и запечатени контејнери и печатот не треба да биде оштетен за време на транспортот. Глава V Услови за увоз на семе за вештачко осеменување, јајце-клетки и ембриони од домашни животни од видот овци, кози, копитари и свињи Член 22 (1) Условите кои се применуваат при увоз на семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони, опфатени со оваа Глава, треба да се најмалку еднакви со условите утврдени во Глава II Оддел IV од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*15) и со ставовите (2), (3) и (4) на овој член. (2) Увоз на семе за вештачко осеменување, јајце-клетки и ембриони од домашни животни од овци, кози и копитари се врши доколку се исполнети следните услови: 1) да доаѓаат од трета земја која е на листата изготвен согласно став (3) точка 1) на овој член и 2) да се придружени со ветеринарно здравствен серитификат потпишан од надлежниот орган на земјата извозник со кој се потврдува дека, семето за вештачко осеменување, јајце-клетките и ембрионите доаѓаат од одобрени центри за собирање и складирање или тимови за собирање и производство кои нудат гаранции што се најмалку еднакви со оние утврдени во член 28 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*16). (3) Агенцијата ќе одобри увоз семе за вештачко осеменување, јајце-клетки и ембриони само од одобрени трети земји кои се наоѓаат на листата на одобрени трети земји односно кои ги исполнуваат следните услови: 1) трета земја или дел од трета земја е одобрен за увоз од страна на Агенцијата; 2) доаѓаат од одобрени центри или тимови кои се наоѓаат на листата изготвена од страна на надлежниот орган на третата земја од листата од точка 1) на овој став и за кои надлежниот орган на третата замја може да гарантира еднакви услови на условите од член 26 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*17) и Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 14 од 107 3) кои ги исполнуваат конкретните барања за здравствен статус на животните, особено за заштита на земјата од одредени егзотични болести или нудат гаранции еднакви на оние предвидени во Глава II оддел IV од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*15). (4) Листата од став (3) на овој член може да опфаќа само трети земји или делови од трети земји: 1) од кои увозот не е забранет: (а) поради постоење на една од болестите од Прилог I од Правилникот за ветеринарно здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*18) или било која друга егзотична болест и (б) заради заштитни мерки поради промената на здравствената состојба на животните во третата земја и 2) кои, во однос на нивното законодавство и организацијата на ветеринарните и инспекциските служби, овластувањата на таквите служби и надзорот можат да докажат дека се во можност да го гарантираат спроведувањето на националното законодавство од областа на ветеринарното здравство; 3) чии ветеринарни служби може да гарантираат дека се исполнети барањата за здравствена заштита на живтните кои се еквивалантни на барањата утврдени во Глава II Оддел IV од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони(*15). Член 23 Увоз на семе за вештачко осеменување, јајце-клетки и ембриони е дозволен само доколку: 1) се придружени со ветеринарно здравствен сертификат изготвен од страна на официјалниот ветеринар; 2) ги задоволуваат контролите кај животните при нивниот влез во Република Македонија во согласност со Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружува пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*19). Член 24 (1) Увоз на семе од овци и кози се врши доколку се исполнети следните услови: 1) доаѓа од трета земја или дел од трета земја која се наоѓа на листата од Прилог 9 кој е составен дел на овој правилник; 2) доаѓа од центар за собирање на семе во согласност со листата утврдена во член 22 на овој правилник; Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 15 од 107 3) е придружено со ветеринарно здравствен сертификат пополнет во согласност со образецот даден во Прилог 10 кој е составен дел на овој правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствениот сертификат дадено во Дел 2 од Прилог 2 на овој правилник: (а) образец 1 за семе кое е испратено од одобрен центар за собирање на семе и (б) образец 2 за семе кое е испратено од одобрен центар за складирање на семе и 4) се во согласност со условите од ветеринарно здравствените сертификати од точка 3) на овој став. (2) По исклучок од точка 3) од став (1) на овој член, доколку во билатерални договори со трети земји се утврдени посебни услови во однос на здравјето на животните и ветеринарно медицински сертификати при увоз, ќе се применуваат тие услови. Член 25 (1) Увоз на јајце клетки и ембриони од овци и кози се врши доколку се исполнети следните услови: 1) доаѓа од трета земја или дел од трета земја која се наоѓа на листата од Прилог 11 кој е составен дел на овој правилник; 2) доаѓа од одобрен тим за собирање или за производство на ембриони во согласност со листата утврдена во член 22 на овој правилник; 3) е придружено со ветеринарно здравствен сертификат пополнет во согласност со образецот даден во Прилог 12 кој е составен дел на овој правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствениот сертификат даден во Дел 2 од Прилог 2 на овој правилник: (а) образец 1 за семе кое е испратено од одобрен центар за собирање на семе и (б) образец 2 за семе кое е испраетно од одобрен центар за складирање на семе и 4) се во согласност со условите од ветеринарно здравствените сертификати од точка 3) на овој став. (2) По исклучок од точка 3) од став (1) на овој член, доколку во билатерални договори со трети земји се утврдени посебни услови во однос на здравјето на животните и ветеринарно медицински сертификати при увоз, ќе се применуваат тие услови. Член 26 (1) Семето, јајце клетките и ембрионите од овци и кози не треба да се транспортира во ист контејнер со другите пратки од семе, јајце клетки и ембриони кои: 1) не се наменети за увоз во Република Македонија или 2) се со понизок здравствен статус. (2) Семето, јајце клетките и ембрионите треба да се транспортираат во затворени и запечатени контејнери и печатот не треба да биде оштетен за време на транспортот. Член 27 (1) Увоз на семе од копитари се врши од трети земји или делови од трети земји кои се наведени во колоните 2 и 4 од Дел 2 од Прилог 6 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*2), односно од кои е одобрен постојан увоз на регистрирани копитари за одгледување и размножување. (2) Увозот на семе се врши под услов семето да биде собрано за извоз во Република Македонија единствено од копитари кои се одобрени за постојан увоз и таквиот увоз ги исполнува барањата од колоните 11, 12 и 13 од Дел 2 од Прилог 6 од Правилникот за Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 16 од 107 начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*2). Член 28 (1) Увоз на јајце клетки и ембриони од копитари се врши од трети земји или делови од трети земји кои се наведени во колоните 2 и 4 од Дел 2 од Прилог 6 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*2), односно од кои е одобрен постојан увоз на регистрирани копитари за одгледување и размножување. (2) Увозот на јајце клетки и ембриони од копитари треба да ги исполнува барањата од колона 14 од Дел 2 од Прилог 6 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*2). Член 29 Увоз на семе од копитари се врши само доколку е собрано во одобрен центар за собирање на семе во согласност со член 22 и 23 на овој правилник и членовите 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38, 39 и 40 и Прилозите 1 и 2 од Правилникот за ветеринарно-здравствените услови за ставање во промет на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клeтки и ембриони се усогласени(*3) и се наоѓа на листата од Дел 2 од Прилог 6 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*2) и ги исполнуваат барањата од ветеринарно здравствениот сертификат од Прилог 13 кој е составен дел на овој правилник. Член 30 Увоз на јајце клетки и ембриони од копитари се врши доколку јајце клетките и ембрионите ги исполнуваат барањата од ветеринарно здравствениот сертификат кој е даден во Прилог 14 и е составен дел на овој правилник. Член 31 (1) Увоз на семе од копитари се врши: Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 17 од 107 1) доколку е придружено со ветеринарно здравствен сертификат пополнет во согласност со обрасците дадени во Прилог 13 на овој правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствениот сертификат дадено во Дел 2 од Прилог 2 на овој правилник: (а) образец 1 за пратки од семе кое е собрано по 31 август 2012 и испратрено од одобрен центар за собирање на семе од каде потекнува семето; (б) образец 2 за пратки од семе во залиха кое е собрано преработено и складирано пред 1 септември 2010 и испратено по 31 август 2010 од одобрен центар за собирање на семе од каде потекнува семето; (в) образец 3 за пратки од семе и семе во залиха од потточките (а) и (б) на оваа точка испратрено од одобрен центар за складирање на семе; 2) се во согласност со условите од ветеринарно здравствените сертификати од точка 1) на овој став. (2) По исклучок од точка 1) од став (1) на овој член, доколку во билатерални договори со трети земји се утврдени посебни услови во однос на здравјето на животните и ветеринарно здравствени сертификати при увоз, се применуваат тие услови. Член 32 (1) Увоз на јајце клетки и ембриони од копитари се врши: 1) од одобрен центар за собирање на ембриони или одобрен центар за производство на ембриони во согласност со листата утврдена во член 22 на овој правилник; 2) доколку се придружени со ветеринарно здравствен сертификат пополнет во согласност со образецот даден во Прилог 14 на овој правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствениот сертификат дадено во Дел 2 од Прилог 2 на овој правилник: (2) По исклучок од точка 2) од став (1) на овој член, доколку во билатерални договори со трети земји се утврдени посебни услови во однос на здравјето на животните и ветеринарно здравствени сертификати при увоз, се применуваат тие услови. Член 33 (1) Семето, јајце клетките и ембрионите од копитари не треба да се транспортираат во ист контејнер со други пратки од семе, јајце клетки и ембрионите кои: 1) не се наменети за увоз во Република Македонија, или 2) се со понизок здравствен статус. (2) Семето, јајце клетките и ембрионите треба да се транспортираат во затворени и запечатени контејнери и печатот не треба да биде оштетен за време на транспортот. Глава VI Преоднa и завршнa одредбa Член 34 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-302/3 Директор на Агенција 17 мај 2013 година за храна и ветеринарство, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 18 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 19 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 20 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 21 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 22 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 23 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 24 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 25 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 26 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 27 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 28 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 29 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 30 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 31 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 32 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 33 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 34 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 35 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 36 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 37 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 38 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 39 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 40 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 41 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 42 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 43 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 44 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 45 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 46 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 47 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 48 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 49 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 50 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 51 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 52 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 53 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 54 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 55 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 56 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 57 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 58 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 59 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 60 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 61 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 62 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 63 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 64 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 65 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 66 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 67 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 68 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 69 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 70 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 71 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 72 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 73 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 74 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 75 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 76 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 77 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 78 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 79 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 80 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 81 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 82 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 83 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 84 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 85 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 86 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 87 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 88 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 89 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 90 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 91 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 92 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 93 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 94 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 95 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 96 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 97 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 98 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 99 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 100 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 101 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 102 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 103 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 104 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 105 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 106 од 107 Службен весник на РМ, бр. 81 од 03.06.2013 година 107 од 107

Regulation on the conditions for the import of semen, embryos and ova, on list of foreign countries from which their import is permitted, on content and form of the health certificate or other documents accompanying the shipment · Nelum