تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the conditions for laboratories performing tests on the quality of raw milk

صدر في 2008-11-14 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за условите кои треба да ги исполнуваат лабораториите кои вршат испитувања на квалитетот на сировото млеко.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
milk/dairy products, hygiene/sanitary procedures, food safety and quality

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 151 од 04.12.2008 година 1 од 4 20081513126 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 12 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесe ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ЛАБОРАТОРИИТЕ КОИ ВРШАТ ИСПИТУВАЊА НА КВАЛИТЕТОТ НА СИРОВОТО МЛЕКО I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат условите кои треба да ги исполнуваат лабораториите кои вршат испитувања на квалитетот на сирово млеко по однос на просториите, техничката опременост и стручната оспособеност на работниците. Член 2 Поими Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: Одобрена лабораторија е лабораторија одобрена за лабораториско испитување на квалитетот на сировото млеко од страна на Управата за ветеринарство. Лабораториско испитување е микробиолошко, хемиско, физичко, и друго испитување на примероците, со цел утврдување на квалитетот на млекото. Член 3 Регистрација Одобрување за спроведување на испитување може да добие само лабораторија која е регистрирана за вршење на таква дејност или е во состав на правно лице кое е регистрирано за вршење на таква дејност. Член 4 Независност (1) Одобрение за вршење на испитување може да добие само онаа лабораторија која воспоставила и одржува процедури за обезбедување на својата независност и непристрасност. (2) Персоналот на лабораторијата не треба да биде подложен под притисок од било кој вид што би можело да ја доведе во прашање неговата непристрасност при спроведување на испитувањето. Одобрените лаборатории не можат да бидат во состав на операторите со храна за кои вршат испитувања. Службен весник на РМ, бр. 151 од 04.12.2008 година 2 од 4 II. УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОДОБРЕНИТЕ ЛАБОРАТОРИИ Член 5 Видови на испитувања (1) Одобрената лабораторија треба да биде способна да ги спроведува следните испитувања: % на масти, протеини, сува материја и лактоза Број на соматски клетки Вкупен број на микроорганизми Присуство на инхибитори Присуство на вода (2) Лабораторијата треба да ги има акредитирано методите за испитување од став (1) на овој член, согласно стандардот ISO/IEC 17025:2005 „Општи барања за компетентност на лабораториите за испитување и калибрација“. Член 6 Простории Лабораторијата треба да ги има следните функционално одвоени простории: а) просторија или простор за прием и соодветно складирање на примероците; б) просторија или простор за миење и сушење на лабораториските садови, доколку примероците при земањето не се ставаат во садови за еднократна употреба; в) просторија за вршење на анализи (лаборатиско испитување); г) просторија или простор за обработка на резултатите и припрема на извештајот; д) просторија за одмор на работниците; ѓ) санитарни простории. Член 7 Опременост на просториите (1) Просториите од член 6 на овој правилник според намената, треба да имаат обезбедено здравствено исправна топла и ладна вода, електрична инсталација и услови потребни за одржување на соодветниот степен на биосигурност. (2) Подовите и ѕидовите треба да бидат изработени од цврсти и за течности непропустливи материјали, отпорни на хемикалии, кои лесно се перат и одржуваат. (3) Во просториите во кои се врши лабораториско испитување треба да постои можност за автоматска регулација на температурата, во дијапазон опсег кој е потребен за вршење на испитувањата. (4) Вентилацијата треба да биде конструирана и користена на начин кој ќе го оневозможи загадувањето на околината. Член 8 Опрема и прибор Лабораторијата треба да располага со мерни уреди, инструменти и опрема за испитување која е на ниво соодветно со постоечките научни и технички достигнувања. Службен весник на РМ, бр. 151 од 04.12.2008 година 3 од 4 Член 9 Стручен персонал (1) Одобрената лабораторија треба да има во работен однос стручно оспособени вработени, и тоа: а) најмалку еден доктор по ветеринарна медицина со постдипломско образование во соодветни области на лабораториска дијагностика; б) најмалку еден вработен со висока стручна спрема од областа на биолошките и медицинските науки, ветеринарната медицина, технологијата или хемијата и две години на работно искуство; в) најмалку 4 лаборанти - кои треба да имаат завршен најмалку средно образование од областа на земјоделски, ветеринарни, медицински или хемиски техничари, и требаат да бидат оспособени за работа на соодветните мерни уреди, инструменти и друга опрема и требаат да работат под надзор на вработените наведени во точка а) и б)) на овој став. (2) Вкупниот број на вработени треба да одговара на опсегот на работа во лабораторијата. (3) Одговорни лица за вршење на лабораториски испитувања во одобрена лабораторија се лицата наведени во став 1 точка а) и б) на овој член. Член 10 Опис на постапките Лабораторијата треба да има пишани интерни стандардни оперативни процедури за спроведување на испитување, за употреба и работа со сите уреди кои ги користи, како и припрема на примероците. Член 11 Земање на примероци (1) Лабораторијата треба да обезбеди систем за земање и манипулација на примероци млеко со пишани стандардни оперативни процедури. (2) Системот за земање и манипулација на примероците млеко, треба да гарантира независност при земање на примероците преку персонал кој не треба да биде поврзан со производителот или откупувачот на млекото, еднозначна идентификација на примерокот, репрезентативност на вкупната количина на предадено млеко и исправно чување на примерокот за време на транспортот до лабораторијата. Член 12 Елаборирање на резултатите од испитувањата (1) Одобрената лабораторија треба да биде оспособена веднаш по испитувањето на млекото да ги елаборира резултатите од испитувањето и да ја одреди класата на испитаното млеко и навремено да ги доставува до производителот на млеко поединачните резултати од испитувањата. (2) Лабораторијата за извршувените испитувања воспостаува и чува база на податоци за сите производители на млеко и нивните резултати за испитаното млеко. Службен весник на РМ, бр. 151 од 04.12.2008 година 4 од 4 III. ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 13 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-15081/1 14 ноември 2008 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р.

Regulation on the conditions for laboratories performing tests on the quality of raw milk · Nelum