Regulation on the assessment of the slaughter line in categories and classes, the manner of marking, the form and content of the labels for carcasses of slaughtered pigs
صدر في 2012-01-23 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за начинот на оценување на линијата на колење во категории и класа, начинот на означување, формата и содржината на печатот како и содржината на етикетата на труповите на закланите свињи.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- food safety and quality, meat, slaughtering, classification/declassification, swine, packaging/labelling
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 1 од 2 20120180576 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 99, став (4) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА ОЦЕНУВАЊЕ НА ЛИНИЈАТА НА КОЛЕЊЕ ВО КАТЕГОРИИ И КЛАСИ, НАЧИНОТ НА ОЗНАЧУВАЊЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПЕЧАТОТ КАКО И СОДРЖИНАТА НА ЕТИКЕТАТА НА ТРУПОВИТЕ НА ЗАКЛАНИТЕ СВИЊИ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на оценување на линијата на колење во категории и класи, начинот на означување, формата и содржината на печатот како и содржината на етикетата на труповите на закланите свињи. Член 2 (1) Оценувањето и одредувањето на категориите и класитe на труповите на закланите свињи се врши во кланични капацитети. (2) Одредувањето на категориите на труповите на закланите свињи се врши со одредување на возраста на свињите и масата на трупот. (3) Оценувањето на линијата на колење и класирањето на труповите на закланите свињи се врши со оценување на меснатоста (процентот на месо во трупот) и конформацијата на трупот. (4) Одредувањето на квалитетот и класирањето на труповите на закланите свињи во соодветните класи со оценување на меснатоста и конформација се врши врз основа на критериумите за меснатост наведени во Прилогот кој е составен дел на овој Правилник. Член 3 (1) Означувањето на труповите на закланите свињи се врши во кланични капацитети. (2) Означувањето се врши со нанесување печат на надворешната страна на трупот користејќи небришливо и нетоксично мастило. (3) Печатите се нанесуваат на задните четвртини од трупот, на задната нога под коленото или на бутот. (4) Означување се врши и со етикета прикачена на трупот како единствен начин на означување или заедно со означувањето со нанесување печат. Етикетите се нанесуваат само во одобрени кланични капацитети. (5) Етикетите треба да се заштитени од можно оштетување, да се отпорни на кинење и да се цврсто прикачени на секоја четвртина на местата наведени во ставот (3) од овој член. (6) По исклучок од ставовите (2) и (4) на овој член, труповите на свињи не треба да се означуваат со печат или етикета доколку е изготвен официјален документ од страна на класификаторот во кој за секој труп е наведено најмалку следното: индивидуалната неменлива идентификација на трупот; маса на трупот во топла состојба и проценетата меснатост и конформација (содржина на посно месо). (7) Документот од став (6) на овој член треба да се чува шест месеци и на денот кога е изработен треба да е заверен од страна на овластен ветеринар. (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата за утврдување на детални правила за примена на Регулатива (ЕК) бр. 1234/2007 на Комисијата во однос на пазарните стандарди за месо од говеда, свињи, овци и кози, CELEX бр. 32008R1249. Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 2 од 2 Член 4 (1) Печатот од член 3 став (2) на овој правилник има округла форма. (2) Печатот, согласно; член 99 од Законот за квалитетот на земјоделските производи ги содржи следните ознаки: I, II, III, IV или V за категоријата на свинскиот труп или половинка; S, E, U, R, O или P за класата според меснатоста и конформацијата на свинскиот труп или половинка и ознака за Идентификациски бројорт на класификаторот. (3) Буквите и бројките кои се користат за ознаките на печатот не треба да бидат помали од два сантиметри во висина. Член 5 (1) Етикетата од член 3 став (4) на овој правилник има квадратна форма со големина од најмалку 25cm2. (2) Етикетата ги содржи ознаките од член 4, став (2) на овој правилник. (3) Покрај ознаките од став (2) на овој член, етикетата ги содржи и следните податоци: бројот на одобрението на кланичниот капацитет; идентификацискиот или кланичниот број на животното; датата на колење и масата на трупот. (4) Содржината на етикетата треба да е јасно читлива. На етикетата не треба да се вршат било какви измени, освен кога истите се јасно обележани на етикетата и извршени под надзор на официјален ветеринар. Член 6 Со денот на отпочнувањето на примената на овој правилник, престанува да важи Правилникот за квалитетот на закланите свињи и категоризација на свинското месо („Службен весник на Република Македонија “ бр. 25/04). Член 7 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2013 година. Бр. 08-10178/4 23 јануари 2012 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.