Regulation on terms and conditions for the protection of farm animals
صدر في 2009-10-28 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник условите и начините за заштита на фармските животни.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock
- الكلمات المفتاحية
- animal health, animal welfare, ranching/captive breeding, cattle, sheep/goats, swine, poultry, birds
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 1 од 17 20091402728 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 8 став 6, член 9 став 7, член 10 став 8 и член 11 став 4 од Законот за заштита и благосостојба на животните („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИTE И НАЧИНИТЕ НА ЗАШТИТА НА ФАРМСКИТЕ ЖИВОТНИ Глава I Општи одредби Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите и начините на заштита на животните од видовите говеда, овци и кози, свињи и кокошки несилки. Член 2 Одгледување и проверка (1) Со цел да се развие позитивен однос меѓу човекот и животното, потребно е соодветно внимателно ракување и контакт од раната возраст на животното. (2) За преглед на животните треба да се обезбеди соодветен извор на светлина кој може да биде статичен или пренослив. (3) Сопственикот и/или одгледувачот на животните треба да води евиденција за секој укажан медицински третман на животните и бројот на најдени угинати единки на секој преглед. Евиденцијата треба да се чува најмалку три години и треба да биде достапна на надлежниот орган при вршење на преглед. (4) Ходниците и влезовите треба да бидат доволно широки да овозможат слободно движење без ризик од повреди при што треба да се избегнуваат остри агли и проекции. (5) Инсталациите, загревањето и вентилацијата на објектите треба да обезбедат циркулација на воздухот, ниво на прашина, температура, релативна влажност и концентрација на гасови во граници во кои нема штетно да делуваат на животните. (6) Доколку здравјето и благосостојбата на животните зависат од вештачка вентилација, потребно е да се обезбеди резервен систем со кој ќе се гарантира доволна вентилација на воздухот заради зачувување на здравјето и благосостојбата на животните во случај на откажување на вентилацискиот систем како и аларм кој ќе алармира во случај на дефект. Алармниот систем треба редовно да се тестира. (7) Животните кои се држат во затворени простории не треба да се држат во целосна темница или без соодветен период на одмор од вештачко осветлување. Доколку природното осветлување не е доволно за задоволување на физиолошките и етолошките потреби на животните потребно е да се обезбеди соодветно вештачко осветлување. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 2 од 17 (8) Кога се празнат објектите и пред да се внесат нови животни деловите од сместувачките капацитети со кои животите доаѓаат во контакт треба темелно да се исчистат и дезинфицираат. За време кога сместувачките капацитети се населени со животни, површините и целата опрема треба да се одржуваат задоволително чисти. (9) Животните треба детално да се проверат најмалку еднаш дневно, а врзаните животни најмалку два пати во текот на денот за што треба да биде обезбедено природно или вештачко осветлување со соодветна јачина. Овие проверки се вршат без оглед на тоа дали се користи опрема за автоматско набљудување. Поединечна проверка треба да се врши само на оние животни кај кои при општата проверка на стадото се утврди дека тоа е неопходно. (10) По исклучок од став 9 на овој член, во случај на овци и кози и доколку тие се чуваат на отворено и во безбедни услови и во умерени временски услови, интервалот на проверки може да се намали, при што истиот треба да изнесува најмалку еднаш неделно. Проверките треба да се почести од еднаш дневно или еднаш неделно кога благосостојбата на животните може да е изложена на ризик, особено во периодот на јагнење и јарење, по стрижење или капење, кога постои значен ризик од налет на муви или напад на предатори, и каде што начинот на држење или другите услови значително се менуваат. Проверките се прават независно од која било опрема за автоматско надгледување и за таа цел на располагање треба да има извор на светлина. (11) Заради детална проверка на животните, особено внимание треба да се посвети на телесната состојба, движењата и држењето, преживањето, состојбата на влакната, волната, чекињата, кожата, очите, ушите, опашката, нозете и чапунките. Здравите животни испуштаат карактеристични звуци и исполуваат карактеристична активност, движења и држење соодветни на нивната возраст, пол, вид и физиолошки статус при што животните треба да имаат чисти светли очи, добро држење, кожа без лезии и оштетувања, чисто и сјајно крзно, влакна или чекињи, да немаат видливи рани, абцеси или други повреди, отсуство на надворешни паразити, цврсти чапунки и нозе, добри заби, нормална исхрана, преживање, пиење, цицање или доење, отсуство на кривење, нормално станување, легнување и одморање како и други нормални движења и однесување. Како знаци на влошена здравствена состојба се подразбираат тромавост, губење апетит, неочекуван пад во приносот на млеко, прекин на преживањето, секрет од носните шуплини и од очите, прекумерно лигавење, постојано кашлање, отечени зглобови, прекумерно испуштање карактеристични звуци и чешање, а во некои случаи и одвојување од стадото. При проверката треба да се посвети внимание и на присуство на надворешни паразити, состојбата на изметот и на количината на конзумирана храна и вода. (12) Доколку здравјето на животните е очигледно нарушено или доколку животните покажуваат очигледни знаци на негативни промени во однесувањето, одговорното лице за грижа на животните без одлагање треба да преземе мерки да се утврди причината за тоа и да преземе соодветни корективни мерки. Доколку преземените мерки не се ефикасни, одговорното лице треба да се консултира со доктор по ветеринарна медицина или доколку е неопходно, да се побара друг стручен совет од компетентни лица. Во случај кога причината за нарушеното здравје на животните се поврзува со фактор кој не е суштински или кој не може да се корегира веднаш, тој ќе се коригира кога ќе се испразнат сместувачките капацитети или во секој случај, во рок од дванаесет месеци. (13) Пред изградба на нов објект за сместување на животни или пред реновирање на веќе постоечките објекти потребно е да се побара стручен совет од надлежниот орган за аспектите на здравјето и благосостојбата кога се планира нов сместувачки капацитет за животните или кога се модифицираат постојните сместувачки капацитети. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 3 од 17 Глава II Начини и услови за заштита на говедата Член 3 Објекти и опрема (1) Проектирањето, изградбата и одржувањето на објектите и опремата за држење говеда треба да овозможат темелна проверка на сите животни без потешкотии. (2) Подовите на објектите каде говедата се држат не треба да бидат лизгави и треба да имаат соодветен одвод за отстранување на изметот и водата и да бидат направени да не предизвикуваат неудобност, болка и трауматски повреди на животните. Доколку подот е перфориран или решеткаст треба да биде соодветен на големината и тежината на животните кои се држат и да се формира ригидна, рамномерна и стабилна површина. Член 4 Одгледување (1) Објектите каде се држат животните треба да се одржуваат чисти. (2) Животните не треба да се изложуваат на постојана или ненадејна бучава. Вентилаторите, машините за исхрана и другата опрема треба да бидат конструирани, да функционираат и да се одржуваат на начин кој ќе предизвикува најмала можна бучава. (3) Животните не треба постојано да се држат на силна светлина. Вештачките извори на светлина треба да се вградат на начин кој нема да предизвика неудобност кај животните, а нивото на светлина, без оглед дали е вештачка или природна, треба да е доволна за да им се овозможи на животните нормално однесување. (4) Пасиштата треба да се одржуваат на начин на кој нема да предизвикуваат физички, хемиски или други повреди по нивното здравје и благосостојба. Член 5 Објекти и сместување на телиња (1) Телињата кои се држат во групи, треба да имаат доволно слободен простор за вртење и легнување. Телињата со тежина до 150 kg жива маса треба да имаат најмалку 1.5 m2 простор за секое теле, за телињата со жива маса од 150kg до 220kg просторот треба да биде најмалку 1.7m2, а за телиња со жива маса од 220kg и повеќе просторот треба да биде најмалку 1.8m2. Телињата кои се држат во индивидуални боксови или се држат врзани во посебни прегради, боксовите и преградите треба да имаат перфорирани ѕидови, а ширината не треба да биде помала од 90сm ± 10% или вредноста од висината на гребенот на животното помножена со 0.80. (2) Телињата постари од 8 недели не треба да бидат затворени во индивидуални лежишта/боксови, освен во случај кога доктор по ветеринарна медицина не утврди дека неговото здравје или однесување бара тоа да биде изолирано, заради третирање. Ширината на секој индивидуален бокс/лежиште за теле треба да биде најмалку еднаква на должината на телото на телето мерена од врвот на носот до каудалниот крај на tuber ischii помножен со 1.1. Индивидуалните боксови /лежишта за телиња (со исклучок на оние за изолирани болни животни) треба да имаат перфорирани ѕидови кои, треба да овозможат животните да имаат директен визуелен и тактилен контакт. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 4 од 17 (3) Материјалите кои се употребуваат за конструкција на објектот за сместување на телињата, посебно на боксовите и опремата со кои телињата може да дојдат во контакт не треба да бидат штетни за телињата и треба да можат да бидат темелно исчитени и дезинфицирани. Електричните кола и опрема треба да бидат инсталирани во согласност со прописите од областа на безбедноста на електричната опрема и на начин да не предизвикаат струјни удари. Сместувањето на телињата треба да биде конструирано на начин да овозможува без потешкотии станување, легнување и соодветна грижа. (4) Сместувањето, боксовите и целата опрема која се користи за телињата треба да биде соодветно чистена и дезинфицирана за да се избегнат кросинфекции и развој на вектори на болести. Изметот, урината и растурената храна треба редовно да се одстранува за да се избегне појава на непријатен мирис и да се избегне привлекување на муви и глодари. (5) Подот на кој се држат телињата треба да биде мазен но не лизгав за да се спречи повреда на телињата при стоење или лежење. Подовите треба да бидат прилагодени на големината и тежината на телињата и да формираат рамна, цврста и стабилна површина. Лежиштето треба да биде удобно, чисто и со соодветен начин на исцедување. За телиња до две недели старост, но и за постари телиња се препорачува просторот за лежење, да е покриен со соодветна постилка која е чиста, сува и доволно дебела. Член 6 Чување и одгледување на телиња (1) Телињата не треба постојано да се чуваат во темнина. Треба да се обезбеди соодветно природно или вештачко осветлување при различни климатски услови заради задоволување на етолошките и физиолошките потреби на телињата. При користење на вештачко осветлување, тоа треба да функционира еквивалентно на периодот на природна светлина која во нормални услови е помеѓу 9 и 17 часот. Освен тоа треба да постои соодветно осветлување (статично или преносливо) чиј интензитет е доволно силен за да може да обезбеди вршење на преглед на телињата. (2) Секое теле кое е болно или повредено треба веднаш соодветно да се згрижи. Доколку е потребно болните или повредените телиња, треба да се изолираат во соодветни простории со суво угодно легло. Одговорното лице за чување на животните треба да побара совет од доктор по ветеринарна медицина доколку телињата не реагираат позитивно на укажаната грижа. (3) Просторијата за телињата треба да биде направена така што на секое теле да му овозможи: да лежи, да се одмора, да стои и да се тимари без потешкотии и да може да ги гледа другите телиња. (4) Сите телиња треба да се хранат соодветно на нивната возраст, тежина, етолошки и физиолошки потреби за да се овозможи добра здравствена состојба и благосостојба. Храната на телињата треба да содржи доволно железо, за да се обезбеди просечна концентрациија на хемоглобин во крвта од најмалку 4,5 ммол/литар. За телиња постари од две недели треба да се обезбеди и доволно сува кабаста храна која содржи разградливи влакна. Дневната количина на кабаста храна треба да се зголемува од 50-250 грама дневно за телиња од 8 до 20 недели старост. (5) Телињата постари од две недели треба да имаат пристап до доволна количина на свежа вода за пиење или да можат да ги задоволат потребите за течности со консумација на други течности. Во случај на топли временски услови како и за болни телиња свежата вода за пиење треба да биде на располагање во секое време. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 5 од 17 Член 7 Чување и одгледување на бикови кои се држат за размножување или тов (1) При држење на бикови за размножување треба: 1. Лежиштата или стојалиштата да бидат поставени така да им овозможат на биковите да ги гледаат и слушаат фармските активности; 2. Индивидуалното сместување на возрасни бикови со просечна големина кои се чуваат во боксови да содржи и простор за спиење не помал од 16 m2, а за бикови потешки од 1000 kg, просторот за спиење не треба да биде помал од 1m2 за секои 60 kg жива маса; 3. Просторот за припуст да биде дизајниран, опремен и одржуван на начин кој ќе оневозможи повреди на животните и 4. На биковите да им биде овозможено доволно движење. (2) При држење на бикови за тов минималниот простор потребен за групно сместување на бикови со маса од околу 600 kg не треба да биде помал од 3m2 по животно. На биковите треба да им се обезбеди доволен простор за лежење. Глава III Начин и услови за заштита на овците и козите Член 8 Одгледување и преглед на овци и кози (1) Секоја раса на овци и кози има свои единствени карактеристики и одгледувачот треба да ги знае потребите на животните кога се грижи за нив. (2) Козите имаат тенденција да брстат храна и тоа одгледувачот треба да го земе во предвид кога одлучува која средина е најприкладна за козите. (3) Со овците и козите треба да се постапува смирено. Кога овците и козите се пренесуваат треба да се искористат нивните социјални карактеристики. Пожелно е животните да се водат, но може и да се возат, под услов за нив да се води грижа. Активностите кои може да ги уплашат, повредат или вознемират овците и козите, треба да се избегнуваат. Животните не треба да се креваат со фаќање на главата, роговите, нозете, опашката или кожата. (4) Овчарските кучиња треба да имаат содветна дресура за да не ги повредуваат овците. (5) Козите и овците кои одбиваат храна и не напредуваат правилно треба да се подложат на посебен третман ако е неопходно да се сместат одвоено од другите животни или да бидат пренесени на одвоени пасишта. Козите и овците со слаби заби треба да добиваат сточна храна што можат да ја јадат без тешкотии, Доколку тоа не е возможно, а животните не можат да се третираат соодветно, тие треба да бидат заклани или убиени на хуман начин. (6) Ако козите и овците се болни или повредени до тој степен што транспортот би предизвикал дополнително страдање, тие треба да се третираат или убијат на лице место. Доколку убивањето се врши на лице место, тоа треба да се направи на хуман начин и без застој и ако е возможно од лице кое има искуство во техниките на убивање животни. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 6 од 17 Член 9 Објекти, оградени простори и опрема Подовите на објектите за чување на овци и кози треба да бидат така проектирани, изградени и одржувани за да се избегне неудобност, и опасност од повреда. Подовите треба да се суви, а на овците и козите треба да им се обезбедат соодветни простори со лежишта доволно големи да сите животни можат да лежат истовремено. Решеткастите или перфорираните подови треба да бидат така изградени да не дозволуваат чапунките на животните да се заглават или повредат. Решеткасти подови не треба да се користат во објектите каде се сместуваат јагниња и јариња. Член 10 Одгледување (1) Здравјето и благосостојбата на стадото се заштитува со внимателно одгледување и грижа за животните. Одгледувачот треба да преземе мерки заради контрола од болести преку соодветни вакцинации, заштита од надворешни и внатрешни паразити и грижа за чапунките. Доколку постои веројатност за паразитски инфестации, овците и козите треба рутински и превентивно да се третираат со капење или други ефикасни методи. Употребените препарати и нивните амбалажи треба нештетно да се отстранат заради заштита на другите видови животни и животната средина. (2) Треба да се преземаат сите мерки за да се минимизира ризикот од вознемирување. (3) Ризикот од борби помеѓу козите треба да се сведе на минимум преку избегнување на заедничкото сместување на непознати кози во исти објекти или други мерки. (4) Фиксирањето на овците треба да се врши со нивно седнување на сапите или со странично легнување, а не со нивно легнување на грб. (5) Електро-имобилизација кај овците и козите не треба да се користи. (6) Кај овците и козите не треба да се користи електро-ејакулација, освен за ветеринарна дијагностика кога не постои друг метод на располагање. Во такви околности, тоа треба да го изврши доктор по ветеринарна медицина. (7) Овците и козите треба да се одржуваат во чиста состојба. (8) Пцовисаните овци и кози и абортирани фетуси треба веднаш хигиенски да се отстранат од стадото во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство. (9) Кога овците и козите треба да се обележуваат, тоа треба да се направи на безболен начин во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство. Обележувањето на овците и козите за идентификација треба да се врши внимателно за да се одбегне непотребната болка или повреда на животните за време на обележувањето. За обележување на животните треба да се употребуваат инструменти кои се во исправна состојба. (10) Оградите треба соодветно да се постават и одржуваат за да се избегне ризик од повреда на овците и козите. Не треба да се користи бодликава жица. Доколку се користи каков било вид на мрежеста ограда, а особено за овци и кози со рогови, често треба да се проверува и да се одржува затегната за да се минимизира ризикот од вплеткување. Доколку се користат електричните огради, тие треба да бидат дизајнирани и одржувани така да контактот со нив предизвика не повеќе од моментална неудобност на животните. Електрична мрежаста ограда не треба да се користи кај животни со рогови ако истата претставува опасност за нив. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 7 од 17 (11) За овци сместени во објект, дозволениот простор по животно, вкупната област на располагање на сите животни и големината на групата се одредува според возраста, големината и другите биолошки карактеристики на овците. Формата на трлото и густината на животните треба да дозволуваат доволно слобода на движење. Треба да се посвети посебна грижа за гравидните животни да не се пренатрупани во просторот за чување. Животните кои послабо се хранат треба да бидат одвоени во помали групи. (12) За кози кои се чуваат затворени во објект, дозволениот простор за едно животно, вкупната површина за сите животни и големината на групата се утврдуваат во зависност од возраста, големината и биолошките карактеристики на козите. Рогати кози и кози без рогови не треба да се ставаат во иста штала освен ако не одгледуваат јариња заедно. (13) Козите и овците не треба да се држат затворени во текот на целата година. Доколку козите се држат затворени во поголем дел од годината, тие треба да имат слободен пристап до испусти или оградени простори. (14) Доколку се утврди случај на заразна кривотница кај животните истите треба веднаш да се третираат. (15) Во случај кога овците и козите се хранат во групи треба да се обезбеди доволно простор за да се овозможи сите овци и кози да се хранат истовремено и да се избегне натпревар за храна. Застоената или контаминирана добиточна храна треба редовно да се отстранува пред да се додаде свежа добиточна храна. Нагли промени во составот или количеството на добиточна храна треба да се избегнуваат, а доволно кабаста храна треба да има на располагање кога овците и козите се хранат со храна која се базира на висок внес на житарици. (16) Одгледувачите на овци и кози треба да обезбедат доволно резерви на храна за оние периоди на годината кога се очекуваат неповолни временски услови. (17) На козите треба да им се обезбеди соодветна количина сточна храна, а се препорачува и кабаста храна или гранки со лисје. Пашата треба да опфати различни растенија за да се обезбеди соодветна исхрана со кабаста храна и минерали. Ако пашата е сиромашна или временските услови се лоши, треба да се обезбеди дополнителна исхрана. (18) На козите треба да им се оневозможи пристап до отровни грмушки, дрва и растенија. (19) Во објектите каде се држат овци и кози треба да има доволно светлина, природна или вештачка, за да може сите овци и кози да се гледаат меѓусебно. (20) Во случај кога овците и козите се држат затворени во објекти, одговорното лице треба да е подготвен за делување во вонредни ситуации како што се поплави, пожари, прекин во работата на автоматската опрема, и слично. (21) Со животните во доцен гравидитет треба да се постапува со посебно внимание за да се одбегне вознемирување или повреда која може да резултира со предвремено пораѓање. На гравидните и животни кои дојат треба да се обезбеди да примаат доволно храна за да се одржуваат во добра здравствена и телесна состојба и да го потпомогнат развојот на здрав подмладок. Ова е особено важно за време на напредната гравидност кога хранењето треба внимателно да е регулирано за да се одбегнат нутритивни дисбаланси и интоксикации. (22) Сопственикот и/или одгледувачот на животните треба да биде запознаен со знаците на тешко породување за да може да се справи со истите или да побара помош од стручно лице. Особено внимание треба да се посвети на хигиената при породувањето како и да се обезбедат соодветните залихи на вода со задоволителен квалитет, дезинфициенс и акушерски масти. Ако се користат боксови за породување треба да се направи напор да се спречи создавањето и ширењето на инфекции со обезбедување на чиста постилка и треба да се обезбеди редовно чистење и дезинфекција на боксовите. По потреба папочната врвца треба да се дезинфицира. Угинатиот подмладок и плацентата треба да се отстрани веднаш и на хигиенски начин согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 8 од 17 (23) При појава на висока смртност потребно е да се испитаат причините за тоа. (24) Врската помеѓу мајката и подмладокот треба да се обезбеди преку намалување на густината на групата и со соодветен надзор. Ако јагнењето или јарењето на овците и козите е во зимскиот период, подмладокот треба да се исуши. За слабите јагниња и јариња треба да се обезбеди некаков начин на затоплување. Кога породувањето се одвива во затворен простор, мајката и подмладокот треба да се чуваат заедно најмалку 24 часа и треба да се проверува дали мајката ќе оствари врска со подмладокот. Тоа нема да се практикува онаму каде подмладокот е одвоен од мајката кога тоа ќе го одреди доктор по ветеринарна медицина. (25) При породување кое се одвива на отворено треба да се обезбедат соодветни испусти, покрив и соодветна форма на заштита од неповолните временски услови. Секое новородено животно треба да прими соодветна количина на колострум од мајката или од друг извор кој треба да биде загреан на ниво на телесна температура. Доколку тоа може да претставува извор на пренесување на болест, што може да е случај со употреба на колострум од друга фарма, треба да се употреби соодветен третман, на пр. загревање 1час на температура од 56°C, но не треба да биде прегреано за да не дојде до уништување на антителата. Колострумот треба да им се даде на животните што е можно побрзо односно во текот на 4-6 часа по раѓањето. Кога јагнињата или јарињата се одгледуваат одвоено од мајката, треба да им се дава млеко или соодветна замена за млеко, 4 пати дневно во првите две недели со намалување на течната храна во текот на третата и четвртата недела заради поттикнување на земање на сува храна. Доколку по одбивањето подмладокот се храни со концентрат треба да се привикнува на истиот уште пред одбивање. Член 11 Молзење За да се одбегнат повреди на вимето и појава на маститис, посебно внимание треба да се посвети на хигиената, техниките на молзење и ефикасно функционирање на машините за молзење. Добро молзење вклучува внимателно постапување, преглед на првите млазеви на млеко и одбегнување на прекумерно измолзување. Треба да се преземат хигиенски мерки за да се намали ризикот од ширење на заразни болести, пред и по молзењето. Млечните овци и кози треба да се измолзуваат доволно често, во зависност од млечноста. Глава IV Начин и услови за заштита на свињите Член 12 Објекти, сместување и опрема (1) Одгледувалишта за свињи на отворено може да се изградат во случај кога климатските и другите услови се соодветни за нивната благосостојба и кога тлото е исцедно. Доколку е возможно, треба да се искористат природните засолништа како заштита од неповолните временски услови. (2) Дизајнот, конструкцијата и одржувањето на објектите и опремата треба да: 1. овозможат исполнување на основните биолошки потреби, вклучувајќи и одржувањето на добра здравствена состојба; 2. овозможат стимулативна околина; Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 9 од 17 3. обезбедат дека свињите престојуваат во средина во која нивото на светлина нема да го наруши нормалното однесување и физиолошки функции; 4. да не предизвикуваат трауматски повреди на свињите; 5. да го лимитираат ризикот од појава на болести, пореметувања кои се манифестираат со промена на однесувањето и меѓусебно повредување на свињите; 6. избегнуваат материјали кои се опасни по свињите; 7. овозможат заштита од предатори и неповолни временски услови; 8. овозможат лесно хигиенско одржување и воздух и вода со соодветен квалитет; 9. овозможат лесна и темелна проверка на свињите; 10. го олеснат одржувањето на свињите и 11. да предизвикуваат што е можно помалку бучава во објектот. Член 13 Одгледување (1) За сите спрасни маторици и назимки треба да се обезбеди доволна количина на кабаста или храна со високо ниво на сурово влакно или крмни растенија, со цел да се намали чувството на глад како и да се задоволи потребата за џвакање. (2) За свињите кои се чуваат на отворено треба да се обезбеди соодветно засолниште и доволно количество сено или друг соодветен материјал за да се одржува нивната телесна температура во ладни временски услови, а во топли временски услови треба да се обезбеди сенка, и можност за регулирање на нивната телесна температура имајќи пристап до вода или место за валкање. (3) Објектите за складирање и отстранување на изметот од објектите каде се држат свињите треба да бидат така конструирани и оддржувани да се спречи изложување на свињите на гасови како што е амонијак, јаглен диоксид, јаглен моноксид и водород сулфид во концентрации кои се штетни за нивното здравје. (4) Свињите треба да се фиксираат внимателно само од страна на компетентен и обучен персонал кој работи под директна супервизија на одговорното лице за чување на животните. Не треба да се користат инструменти за електрошокови. (5) Доколку свињите се болни или повредени до тој степен што лекувањето не е можно, а транспортот би предизвикал дополнително страдање, тие треба да се усмртат на фармата согласно прописите од областа на ветеринарното здравство. (6) Земање семе за вештачко осеменување и процедурите на вештачко осеменување треба ги вршат единствено обучени и компетентни лица. (7) Припустот на назимките и маториците треба да се надгледува доколку се врши во затворен простор каде тие не можат да избегаат од нерастот. Член 14 Објекти и сместувалишта за свињи (1) При држење на свињи објектите и просториите за сместување треба да ги исполнуваат следните услови: 1. Слободна подна површина која треба да е на располагање за секое одбиено прасе или прасиња за одгледување кои се држат во група, со исклучок на назимки по оплодување и маторици треба да биде во согласност со површините дадени во Табелата: Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 10 од 17 Жива маса, kg m2 До 10 0,15 Над 10 до 20 0,20 Над 20 до 30 0,30 Над 30 до 50 0,40 Над 50 до 85 0,55 Над 85 до 110 0,65 Повеке од 110 1,00 2. Во случај на групно држење вкупната раположива слободна подна површина треба да изнесува: a) 1,64 m2 за секоја назимка по оплодување; б) 2,25 m2 за секоја маторица. (2) Во случај кога животните од ставот 1 точка 2 подточка а) и б) од овој член се држат во групи помали од шест индивидуи, расположивата слободна подна површина треба да биде зголемена за 10% додека кога животните се чуваат во групи од 40 или повеќе индивидуи, раположивата слободна подна површина може да се намали за 10%; (3) Површината на подот треба да ги исполнува следниве услови: 1. За назимки по оплодување делот од површината пропишана во став 1, точка 2 подточка а) на овој член треба да биде еднаква или поголема од 0,95 m2 а за спрасни маторици делот од површината пропишана во став 1, точка 2, потточка б) од овој член, треба да биде еднаква или поголема од 1,3 m2 . Оваа површина треба да биде изградена од цврст под од кој најмногу 15% е за отворите за дренажа; 2. Во случај кога свињите се држат групно на бетонски и решеткаст под истиот треба: а) максималната ширина на отворите да биде: 11 mm за прасиња; 14 mm за одбиени прасиња; 18 mm за свињи за одгледување и 20 mm за назимки по оплодување и маторици. б) минималната ширина на решетките да биде: 50 mm за прасиња и одбиени прасиња и 80 mm за свињи за одгледување, назимки по оплодување и маторици. (4) Свињите не треба да се држат врзани. (5) Маториците и назимките треба да се држат во групи во периодот кој започнува четири недели по оплодувањето до една недела пред очекуваното време на прасење. Страните на боксовите каде се држи групата треба да бидат подолги од 2,8 m. Доколку групата ја сочинуваат помалку од шест животни, страните на боксовите треба да бидат подолги од 2,4 m. (6) По исклучок од одредбите од став (5) на овој член, маториците и назимките држани на одгледувалишта со помалку од 10 маторици можат да се држат индивидуално за време на периодот наведен во став (5) на овој член, доколку тие можат лесно да се свртат во нивните боксови. (7) Маториците и назимките кои се држат во групи треба да се хранат со користење на систем кој обезбедува дека секоја индивидуа да може да добие доволно храна дури и во присуство на конкуренција. За да ја задоволат гладта и потребата за џвакање, на сите пресушени спрасни маторици и назимки треба да им се даде доволно квалитетна кабаста храна или храна со висока концентрација на сурово влакно, како и високо енергетска храна. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 11 од 17 (8) Свињите кои согласно овој правилник треба да се држат во групи кои се особено агресивни, кои биле нападнати од други свињи или свињите кои се болни или повредени, можат привремено да се чуваат во индивидуални боксови. Во таков случај, доколку тоа не е споротивно со препораките на доктор по ветеринарна медицина треба да му се овозможи на животното лесно да се врти, во индивидуалниот бокс. (9) Одредбата на став (5) од овој член не се применува за одгледувалишта во кои се држат помалку од 10 маторици. Член 15 Обука на персонал Лицата кои вработуваат или ангажираат лица за водење грижа за свињи треба да обезбедат дека истите добиле инструкции и упатства за исполнување на одредбите од овој правилник како и да бидат обучени во поглед на благосостојбата на животните од Управата за ветеринарство. Член 16 Посебни одредби за условите на чување и одгледување на свињи (1) Во делот на објектот каде постојано се држат свињите, треба да се избегне степен на бучава со јачина појака од 85 dBA, како и да се избегнува постојана или ненадејна бучава. (2) Свињите треба да се држат на светлина со интензитет од најмалку 40 lux, во период не пократок од осум часа дневно. (3) Живеалиштата за свињите треба да бидат конструирани на начин што им овозможуват на животните да: а) имаат пристап до лежишта кои се удобни, суви и чисти и им овозможуваат на сите животни да може да лежат во исто време; б) да се одмараат и стануваат нормално и в) ги гледаат другите свињи. (4) По исклучок од став 3 точка в) од овој член во текот на неделата пред очекуваното прасење и за време на прасењето назимките и маториците може да се држат изолирано надвор од видокругот на другите животни. (5) Свињите треба да имаат постојан пристап до доволна количина на материјал кој не го загрозува здравјето на животните, како што е слама, сено, дрво, струготини, компост од печурки, тресет или нивна мешавина, за да им се овозможи соодветно проучување и манипулација. (6) Подовите треба да се мазни но не лизгави за да се намали ризикот од повреди и да бидат конструирани и оддржувани на начин кој нема да предизвикува страдање и повреди кај свињите. Подовите треба да се соодветни на големината и тежината на свињите и тие треба формираат крута, рамна и стабилна површина. (7) Свињите треба да се хранат најмалку еднаш дневно. Кога свињите се хранат во групи и кога храната не се дава ад либитум туку се дава преку автоматски систем, секоја свиња треба да има пристап до храна во исто време со останатите свињи од групата. (8) Сите свињи постари од две недели треба да имаат пристап до доволна количина на свежа вода. (9) Кратењето на опашот и смалувањето на должината на секачите кај прасиња не треба да се изведуваат како рутински мерки туку само во случај кога постои доказ дека предизвикуваат повреди на вимето на маторицата или опашите и ушите на другите свињи. Пред изведувањето на овие мерки треба да се преземат други мерки за спречување на гризањето како промена на околината и густината на населеност. За таа цел потребно е да се промени несоодветната околина и начин на држење. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 12 од 17 Член 17 Услови за заштита на одредени категории на свињи (1) При одгледување и чување на нерези наменети за размножување треба бидат исполнети следните услови: 1. Боксовите каде се држат нерезите треба да бидат така конструирани за да можат лесно да се свртат и да можат да ги намирисаат и слушнат другите свињи. Минималната слободна подна површина треба да биде најмалку 6 m². Доколку нерезите се поголеми од просечните, површина треба да изнесува 7,5 m² и 2. Доколку боксот за нерези се користи и како бокс за оплодување, подната површина без никакви препреки треба да изнесува најмалку 10 m². (2) При одгледување и чување на назимки и маторици треба да бидат исполнети следниве услови: 1. Одгледувачот да им овозможи нормални социјални интеракции и да ја минимизираат појавата на агресивност; 2. Доколку е потребно, спрасните маторици и назимки треба да бидат третирани против надворешни и внатрешни паразити. Доколку тие се сместени во боксови за породување, спрасните маторици и назимки треба да бидат темелно исчистени; 3. Во неделата пред очекуваното време на опрасување на маториците и назимките треба да им се обезбеди соодветен материјал во доволна количина за формирање легло доколку тоа не е во спротивност со начинот на изѓубрување во објектите каде се држат свињите; 4. Позади назимката или маторицата треба да има слободна површина за да се овозможи природно опрасување или да се пружи помош кога за тоа ќе има потреба и 5. Во прасилиштата, каде маториците се држат слободно, треба да има огради како средства за заштита на прасињата. (3) За одгледување и чување на прасиња треба да бидат исполнети следните услови: 1. Дел од подот доволен да овозможи сите животни да се одмараат заедно, треба да е цврст или покриен со погоден материјал и 2. Доколку се користи легло за прасињата потребно е тоа да биде доволно големо да овозможи прасињата да цицаат. (4) За одгледување и чување на одбиени прасиња и прасиња за одгледување треба да бидат исполнети следните услови: 1. Мешањето на прасињата треба да биде минимализирано колку што е можно повеќе и 2. Доколку има потреба да се мешаат свињи кои се непознати една на друга, тоа треба да биде направено на порана возраст, најдобро пред или една недела по одбивањето. Треба да се мешаат групи со приближно еднаква големина. Кога свињите се помешани тие треба да имаат можност да побегнат и да се скријат од другите свињи. Секое мешање треба внимателно да се надгледува. Глава V Начин и услови за заштита на кокошки несилки Член 18 Одгледување и преглед (1) Кокошките несилки треба да ги фиксира само компетентен и обучен персонал кој работи под директен надзор на одговорното лице на одгледувалиштето. За таа цел се препорачува намален интензитет на светлина по можност со сина боја. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 13 од 17 (2) Големината или густината на групата не треба да биде многу голема, а голема група не треба да се формира освен ако не е сигурно дека одгледувачот може да ја заштити благосостојбата на кокошките. (3) На младите кокошки треба да им се посвети соодветно внимание за да може да се прилагодат на системите на одгледување, кокошките да се привикнат на хранилките и поилките, и да се привикнат на условите на животната средина како што е светлината, гнездата и подлогата. (4) При темелна проверка на јатото или групата кокошки несилки, посебно внимание треба да се посвети на состојбата на телото, движењата, дишењето, пердувите, очите, кожата, нозете, стапалата, канџите, крестата и подбрадокот. Исто така, треба да се посвети внимание на присуството на надворешни паразити, на конзистенцијата на изметот, на конзумирањето храна и вода, на растот и, во текот на несивоста, на количината на снесени јајца. Доколку е возможно, кокошките треба да се поттикнуваат да се движат. Поединечен преглед треба да се изврши кај оние кокошки несилки кај кои тоа е индицирано врз основа на општиот преглед. (5) Треба да се следи морбидитетот и морталитетот кај пилињата, редовно да се врши обдукција и за сето тоа да се води уредна евиденција. (6) Здравите кокошки несилки манифестираат звуци и активности соодветни на нивната возраст, вид или тип, имаат јасни и бистри очи, добро држење, живи движења доколку се вознемират, чиста и здрава кожа, мазни пердуви, добро оформени нозе и стапала, ефективно одење и активно однесување при земање храна и вода. Доколку кокошките не се во добро здравје, или доколку покажуваат очигледни знаци на отстапување од нормалното однесување, одгледувачот без одложување треба да преземе соодветни мерки за да ја утврди причината и да преземе соодветна корективни мерки. Доколку по преземените мерки нема позитивни резултати одгледувачот треба да се консултира со доктор по ветеринарна медицина. Доколку причина за настанатата состојба е животната средина во самиот објект и доколку тоа не е од есенцијално значење за здравјето и благосостојбата на кокошките несилки, во поглед на благосостојбата треба да се направат корекции откако ќе се испразни објектот и пред повторното населување на објектот со кокошки. (7) Повредените, болните или вознемирените кокошки треба да се третираат без одложување и доколку е неопходно, да се одвојат од останатото јато во соодветни сместувачки капацитети што се достапни за оваа цел или да се убијат во согласност со националната легислатива. Член 19 Ограден простор, објекти и опрема (1) Доколку кокошките несилки се држат на отворено, треба да се искористат природните карактеристики за обезбедување засолниште од грабливци и од лоши временски услови. (2) Оградениот простор и зградите треба да се проектираат и одржуваат на таков начин да: 1. спречуваат влегување на глодари, диви птици и инсекти и 2. овозможуваат третман на кокошките против внатрешни и надворешни паразити. (3) Доколку кокошките се држат затворени во објект, подот, седалките и гнездата треба да бидат со соодветен дизајн и од материјали кои не предизвикуваат неудобност, болка или повреда кај кокошките. Тие треба да обезбедат соодветна подлога за канџите. Гнездата треба да се доволно долги за да им овозможуваат на сите кокошки да седат во исто време. Подовите треба да се суви, а гнездата чисти. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 14 од 17 (4) Доколку кокошките несилки се држат во алтернативен или подобрен кафезен систем тие треба да имаат пристап до доволно квалитетен супстрат за претање и прпелкање со кој би се спречиле и здравствените проблеми, особено повреди на стапалата, нозете и градите. Оваа одредба не важи за оние кокошки што се држат во основен кафезен систем. (5) Опремата за храна и вода треба да е дизајнирана, конструирана, да се користи и одржува на начин на кој: 1. се минимизира растурот или контаминацијата на храната и водата; 2. сите несилки да имаат доволен пристап до храна и вода за да се избегне непотребниот натпревар; 3. не предизвикува повреда на кокошките; 4. функционира во сите временски услови и 5. доколку е можно да се следи потрошувачката на храна и вода. Член 20 Одгледување (1) При формирање на нови групи и заради одржување на стабилноста на постоечките групи, потребно е да се преземат мерки за спречување на агресивност и стрес. (2) Несилките не треба да се изложуваат на постојана или ненадејна бучава. Вентилаторите, машините за исхрана и другата опрема треба да бидат конструирани, да функционираат и да се одржуваат на начин кој ќе предизвикува најмала можна бучава. (3) Во првите денови по сместување на несилките, режимот на осветлување треба да е таков да спречува здавствени и етолошки проблеми. Тој треба да функционира 24 часа и да вклучува доволен непрекинат период на темнина кој трае околу една третина од денот, за да им се овозможи на несилките да се одмараат и да се избегнат проблемите како што се имуносупресија и аномалии на очите. (4) Периодот на затемнување треба да биде постепен и да трае доволно долго за да овозможи кокошките да се смират без вознемирување или повреда. (5) Не треба да се практикуваат ненадејни промени во видот или количината на храна или процедурите на хранење, освен во случај на итност и доколку тоа е пропишано од доктор по ветеринарна медицина. (6) Кокошките не треба да се лишуваат од храна или вода пред транспортот, освен во случај на транспорт до кланица која е блиску до местото на производство. (7) Престојот на кокошките во транспортните средства пред транспортот треба да биде сведен на минимум. (8) При преместување, кокошките несилки треба да се држат за двете нозе при што главата не треба да виси надолу. (9) Растојанијата на кои се пренесуваат кокошките треба да бидат што е можно пократки за што транспортните контејнери треба да бидат лоцирани што е можно поблиску до кокошките. (10) Кокошките кои се чуваат во кафези се особено осетливи на фрактури на коските. Тие треба да се отстрануваат внимателно од кафезот, една по една и во текот на отстранувањето треба да се држат за градите. (11) Транспортните контејнери треба да имаат големи отвори за да се избегне повреда кај кокошките несилки. Додека кокошките се држат во контејнери тие треба да бидат заштитени од неповолните временски услови како што е екстремно високи и ниски температури. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 15 од 17 Член 21 Одгледување во алтернативни системи (1) Алтернативните системи за држење на кокошки несилки, треба да обезбедат: 1. Линеарни хранилки со кои се обезбедува барем 10 cm хранилка по кокошка или циркуларни хранилки со кои се обезбедува барем 4 cm по кокошка; 2. Континуирани поилки со кои се обезбедува 2,5 cm по кокошка или циркуларни поилки со кои се обезбедува 1 cm по кокошка; 3. Кога се користат поилки со нипли или чаши треба да има барем една нипла или чаша за секои 10 кокошки. Доколку точките за напојување или чашите сe вертикални, најмалку две чаши или две поилки со нипли треба да бидат на дофат на секоја кокошка; 4. На секои седум кокошки треба да има на располагање барем едно гнездо. Доколку се користат групни гнезда, треба да има барем 1 m2 простор за гнездо за најмногу 120 кокошки; 5. Соодветни седала, без остри агли и кои обезбедуваат барем 15 cm по кокошка. Седалата не треба да бидат поставени над леглото, а хоризонталната оддалеченост помегу седалките треба да биде најмалку 30 cm. Хоризонталната оддалеченост помегу седалата и ѕидот треба да биде најмалку 20 cm, и 6. Секоја кокошка несилка треба да има на располагање најмалку 250 cm2 цврст под прекриен со простирка. Во случаи кога во живинарникот се користи комбинација од решеткаст под и цврст под најмалку една третина од вкупната подна површина треба да е цврст под прекриен со простирка. (2) Подовите на кафезите треба да бидат конструирани на начин со кој ќе обезбедат соодветна подлога на која несилката ќе стои на начин што сите три предни прста на нозете ќе бидат потпрени на подлогата. (3) Доколку се користат системи за одгледување каде кокошките несилки можат да се движат слободно помеѓу разни нивоа треба да бидат исполнети следните услови: 1. не треба да има повеке од четири нивоа; 2. слободниот простор помегу нивоата треба да биде најмалку 45 cm; 3. капацитетите за пиење и хранење треба да бидат така распределени да обезбедат подеднаков пристап за сите кокошки и 4. нивоата треба да бидат така организирани да спречат изметот да паѓа на нивоата подоле. (4) Доколку кокошките несилки имаат пристап до отворени испусти треба да бидат исполнети следните услови: 1. Треба да има неколку отвори кои овозможуваат директен излез кон надворешната средина. Отворите треба да бидат најмалку 35 cm високи и 40 cm широки и распространети долж целата должина на објектот. Вкупниот отвор не треба да биде помал од 2 m за група од 1000 кокошки и 2. отворените испусти треба да бидат: со површина доволна согласно густината на кокошките несилки и видот на подлогата со цел да се спречи секаква контаминација и опремени со засолниште од лошо време и грабливци, и доколку е неопходно, соодветни поилки. (5) Густината на населеност на кокошките несилки не треба да надминува 12 кокошки на m2 од расположивиот простор. Оваа густина треба постепено да се намалува на девет кокошки несилки на m2 за најдоцна до 31 декември 2011 година. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 16 од 17 Член 22 Одгледување во основен кафезен систем (1) За секоја кокошка несилка треба да се обезбедено барем 550 cm2 по кокошка од кафезниот простор, измерен во хоризонтална рамнина, кој може да се користи без ограничување, не вклучувајки ги неискористените плочи за отклонување кои можат да го ограничат расположливиот простор. (2) Треба да се обезбедат хранилки кои можат да се користат без ограничување. Нивната должина треба да биде барем 10 cm помножена со бројот на кокошките во кафезот. (3) Освен ако не се обезбедени поилки со нипли или поилки со чашки, секој кафез треба да има континуиран канал за напојување со иста должина како и хранилките наведени во став 2 од овој член. Каде што точките за напојување се хоризонтални, барем две поилки со нипли или две чашки треба да се на располагање во секој кафез. (4) Кафезите треба да бидат барем 40 cm високи во 65 % од просторот на кафезот, и не помалку од 35 cm високи во секоја точка од кафезот. (5) Подовите на кафезите треба да бидат конструирани да можат да ја потпираат соодветно секоја од испапчените површини на канџите на секоја нога. Подната косина не треба да премине 14% или помалку од 8%. Во случај на подови кои не користат правоаголна жичана мрежа, може да се користат стрмни косини. (6) Кафезите треба да бидат снабдени со погодни направи за скратување на канџите. Член 23 Одгледување во подобрени кафезни системи (1) Кокошките несилки треба да имаат: 1. барем 750 cm2 кафезен простор по кокошка, од кој 600 cm2 треба да биде употреблив; висината на кафезот освен таа над просторот за користење треба да биде барем 20 cm на секоја точка и ни еден кафез не треба да има целосен простор помал од 2000 cm2; 2. гнездо; 3. простор за претање каде се можни колвања и гребења и 4. соодветни седала кои дозволуваат барем 15 cm по кокошка. (2) Треба да се обезбедат хранилки кои можат да се користат без ограничување. Нивната должина треба да биде барем 12 cm помножена со бројот на кокошките во кафезот. (3) Секој кафез треба да има систем за напојување соодветен на големината на групата.Таму каде се обезбедени поилки со нипли, барем две поилки со нипли или две чашки треба да бидат на дофат на секоја кокошка. (4) За да се олесни инспекцијата, воведувањето и изнесувањето на кокошките, треба да има минимумална ширина од 90 cm на просторот помеѓу редовите на кафезите и треба да биде дозволен простор од барем 35 cm помеѓу подот на зградата и дното на редот кафези. (5) Кафезите треба да бидат обезбедени со погодни направи за скратување на канџите. Службен весник на РМ, бр. 140 од 20.11.2009 година 17 од 17 Глава VI Член 24 Преодни и завршни одредби (1) Одредбите од член 14 став (1) точка 2 подточки а) и б), став (2), став (3), став (5), став (6), став (8) и од член 16 став (5) на овој правилник, ќе се применуваат во сите новоизградени и/или реновирани одгледувалишта или оние одгледувалишта кои се ставени во употреба прв пат по датумот на влегување во сила на овој правилник. (2) На сите останати одгледувалишта одредбите од став (1) на овој член ќе отпочнат да се применуваат од 1 јануари 2013 година. Член 25 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила на осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-13510/1 28 октомври 2009 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.