Regulation on special types of noise sources as well as on conditions that must be met by plants, equipment, installations and devices used in open space in terms of emitted noise and noise protection standard
صدر في 2013-03-29 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за поблиските видови на посебните извори на бучава како и услови кои треба да ги исполнуваат постројките, опремата, инсталациите и уредите кои се употребуваат на отворен простор во поглед на емитираната бучава и стандардите за заштита од бучава.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Environment
- الكلمات المفتاحية
- noise pollution, protection of environment, standards, pollution control
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 1 од 54 20131423418 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 39 став (2) од Законот за заштита од бучава во животната средина („Службен весник на Република Македонија” бр. 79/07, 124/10 и 47/11), министерот за животна средина и просторно планирање во согласност со министерот за економија, министерот за труд и социјална политика и министерот за здравство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ПОБЛИСКИТЕ ВИДОВИ НА ПОСЕБНИТЕ ИЗВОРИ НА БУЧАВА КАКО И УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ПОСТРОЈКИТЕ, ОПРЕМАТА, ИНСТАЛАЦИИТЕ И УРЕДИТЕ КОИ СЕ УПОТРЕБУВААТ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР ВО ПОГЛЕД НА ЕМИТИРАНАТА БУЧАВА И СТАНДАРДИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД БУЧАВА (1) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските видови на посебните извори на бучава како и условите кои треба да ги исполнуваат постројките, опремата, инсталациите и уредите кои се употребуваат на отворен простор во поглед на емитираната бучава и стандардите за заштита од бучава. Член 2 Одделни поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „Опрема што се употребува на отворено“ е опрема која е самодвижечка или може да се придвижи и која без оглед на погонскиот елемент е наменета за употреба на отворено, така што придонесува за емисија на бучава во животната средина. Како опрема која се користи на отворено се смета и опремата која се користи под шатори, под покриви за заштита од дожд или во карабини од објекти; 2. „Постапка за оцена на сообразноста“ е постапка со која директно или индиректно се потврдува дека се исполнети суштествените барања што треба да ги исполнува опремата што се употребува на отворено, согласно Прилозите бр. 5, 6 и 7 кои се составен дел од овој правилник; 3. „Означување“ е видливо, читливо и трајно обележување на опремата со CE обележување придружено со ознаката за загарантирано ниво за звучна моќност; 4. „Ниво на звучна моќност LWA на опрема” е горна граница на А–измерена звучна моќност во dB, вреднувана во однос на референцата на звучна моќност 1 pW утврдена во стандардите на МКС EN ISО 3744:2010 и МКС EN ISO 3746:2011; 5. „Измерено ниво на звучна моќност“ е нивото на звучна моќност кое е измерено со помош на методи дадени во Прилог бр. 3 кој е составен дел од овој правилник и 6. „Загарантирано ниво на звучна моќност“ е ниво на звучна моќност на опремата кое не треба да биде надминатo од она ниво на звучна моќ што е утврдено вo методите дадени во Прилог бр. 3 на овој правилник. Член 3 Одредбите на овој правилник се однесуваат на опрема што се употребува на отворено која е пуштена на пазар или ставена во употреба како самостојна единка соодветно за предвидената употреба. Со овој правилник се врши усогласување со Директивата 2000/14/ЕЗ на Европскиот Парламент и на (٭) Советот од 8 мај 2000 година за приближување на законите на земјите-членки што се однесува на емисијата на бучавата во животната средина од опрема што се употребува на отворено, CELEX бр. 32000L0014. Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 2 од 54 Видовите на опрема кои се употребуваат на отворено се дадени во Прилог бр. 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Одредбите на овој правилник не се однесуваат на: опрема која првично била наменета за превоз на стока преку патен, железнички, воздушен или воден сообраќај; опрема која е специјално проектирана и изработена за воени и полициски цели, како и за службите за итни случаи и опрема која е изложена на саеми, изложби и разни манифестации, ако изложбениот простор е обележан со видлив натпис кој укажува дека опремата не е во согласност со овој правилник и дека нема да биде пуштена на пазар или ставена во употреба додека за неа не се спроведе пропишана постапка за утврдување на сообразност. Член 5 Пред да се пушти на пазар или да се стави во употреба, опремата треба да ги исполнува следните услови: – емисијата на бучавата во животната средина да биде во согласност со загарантирано ниво на звучна моќност од член 7 од овој правилник; – постапките за оцена на сообразноста согласно член 9 овој правилник да се завршени и – опремата да има CE - обележување, а ознаката за загарантирано ниво на звучна моќност да е придружена со изјава за сообразност согласно член 6 од овој правилник. Член 6 CE - обележувањето и ознаката за загарантирано ниво на звучна моќност, која е придружена со изјава за сообразност, се обележува на видлив, читлив и неизбришлив начин на секој производ од опремата. Обележувањето на ознаките на опремата од став 1 на овој член не треба да биде изведена на начин што може да доведе до погрешно мислење во однос на значењето на CE обележувањето или во однос на ознаката за загарантираното ниво на звучна моќност. Секоја друга ознака може да се обележи на опремата, под услов видливоста и читливоста на CE - обележувањето и ознаката за загарантираното ниво на звучна моќност со тоа да не е намалена. Формата на CE - обележувањето за сообразност и ознаката на загарантираното ниво на звучна моќност од став 1 на овој член е дадена во Прилог бр. 4 кој е составен дел на овој правилник. Содржината на „Изјавата за сообразност од став 1 на овој член е дадена во Прилог бр. 2 кој е составен дел од овој правилник. Член 7 Загарантираното ниво на звучна моќност на следната опремата не треба да ја надминува звучната моќност согласно основните стандарди за емисија на бучава утврдени во методите кои се дадени во Прилог бр. 3 од овој правилник и тоа: – градежна дигалка за транспорт на материјали, кои имаат погон на мотор со внатрешно согорување од Прилог бр. 1 од овој правилник, точка 3, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 4 од овој правилник; – машина за порамнување Прилог бр. 1 од овој правилник, точка 8, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 8 од овој правилник; – компресор (< 350 kW) Прилог бр. 1, точка 9 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3 дел Б, точка 9 од овој правилник; Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 3 од 54 – пневматски чекан и дикла, рачна, Прилог бр. 1 , точка 10 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 10 од овој правилник; – градежна дигалка (со погон на мотор со согорување) Прилог бр. 1, точка 12 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 12 од овој правилник; – булдожер (< 500 kW) Прилог бр. 1, точка 16 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 16 од овој правилник; – кипер (< 500 kW) Прилог бр. 1, точка 18 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 18 од овој правилник; – багер, хидрауличен или таков што се управува со јажиња (< 500 kW) Прилог бр. 1, точка 20 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 20 од овој правилник; – багер–натоварувач (< 500 kW) Прилог бр. 1 , точка 21од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 21 од овој правилник; – порамнувач (< 500 kW) Прилог бр. 1, точка 23 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 23 од овој правилник; – хидрауличен намотувач (агрегат) Прилог бр. 1, точка 29 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 29 од овој правилник; – набивач на земја, тип-натоварувач со кофа (со материјали за пополнување, со оптоварување и со клип) (< 500 kW) Прилог бр. 1, точка 31 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 31 од овој правилник; – машина за косење трева (со исклучок на земјоделски и шумарски трактори и други наменски направи, чијашто главна моторизирана компонента има инсталирана силаност од повеќе од 20 kW) Прилог бр. 1, точка 32 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 32 од овој правилник; – машина за обликување тревници/машина за обликување на рабовите од тревниците, Прилог бр. 1, точка 33 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 33 од овој правилник; – камион за подигање со мотор со согорување и со противтежа (со исклучок на „други камиони-дигалки со противтежа“, согласно Прилог бр. 1, точка 36 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 36 од овој правилник; – натоварувач (< 500 kW) Прилог бр. 1, точка 37 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено на начин од Прилог бр. 3 од овој правилник, дел Б, точка 37; – подвижен кран, Прилог бр. 1, точка 38 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 38 од овој правилник; – моторен откопувач - мотокултиватор (< 3 kW) Прилог бр. 1, точка 40 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 40 од овој правилник; – машина за завршна обработка на тротоар (со исклучок на машини за завршна обработка на тротоар опремени со порамнувачка кошулка) Прилог бр. 1, точка 41 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 41 од овој правилник; Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 4 од 54 – генератор за електрична енергија (< 400 kW) Прилог бр. 1, точка 45 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 45 од овој правилник; – кран Прилог бр. 1, точка 53, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3 , дел Б, точка 53 од овој правилник и – генератор за заварување Прилог бр. 1, точка 57 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3 , дел Б, точка 57 од овој правилник. Член 8 По исклучок од член 5 на овој правилник, опрема која може да биде означена само со ознака за загарантираното ниво на звучна моќност е следната: – пристапна платформа за антени со мотор со внатрешно согорување, Прилог бр. 1, точка 1 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 1 од овој правилник; – четкаст режач (сецкалки за сечење на грмушки) Прилог бр. 1, точка 2 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 2 од овој правилник; – градежна дигалка за транспорт на материјали Прилог бр. 1, точка 3 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 3 од овој правилник; – машина со лентеста пила за градилишта Прилог бр. 1 , точка 4 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 4 од овој правилник; – машина со кружна пила за градилишта (циркулри за градилишта) Прилог бр. 1, точка 5 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, производ 5 од овој правилник; – пренослива моторна пила, Прилог бр. 1, точка 6 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 6 од овој правилник; – комбинирани возила со мијачи со висок притисок и возила за вшмукување, Прилог бр. 1, точка 7 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 7 од овој правилник; – машина за порамнување , Прилог бр. 1, точка 8 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 8 од овој правилник; – мешалка за бетон или малтер, Прилог бр. 1, точка 11, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 11 од овој правилник; – градежна дигалка (со електричен мотор), Прилог бр. 1, точка 12 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 12 од овој правилник; – машина за транспортирање и распрскување бетон и малтер, Прилог бр. 1, точка 13 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 13 од овој правилник; – транспортерска лента, Прилог бр. 1, точка 14 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 14 од овој правилник; – опрема за разладување која се наоѓа во возила, Прилог бр. 1, точка 15 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено соглано Прилог бр. 3, дел Б, точка 15 од овој правилник; – дупчалка, Прилог бр. 1, точка 17 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 17 од овој правилник; Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 5 од 54 – опрема за товарање и преточување од силоси во цистерни на камиони, Прилог бр. 1, точка 19 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 19 од овој правилник; – контејнер за рециклирање стакло, Прилог бр. 1, точка 22 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр.3, дел Б, точка 22 од овој правилник; – машина за обликување тревa/машина за обликување на рабовите од тревниците/ротирачка, Прилог бр. 1, точка 24 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 24 од овој правилник; – машина за обликување жива ограда, Прилог бр. 1, точка 25 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр.3, дел Б, точка 25 од овој правилник; – мијач со висок притисок Прилог бр. 1, точка 26 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 26 од овој правилник; – млазни машини со висок притисок на вода, Прилог бр. 1, точка 27, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3 дел Б, точка 27 од овој правилник; – хидрауличен чекан, Прилог бр. 1, точка 28 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 28 од овој правилник; – зглобен засекувач, Прилог бр. 1, точка 30 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 30 од овој правилник; – дувалка за лисја, Прилог бр. 1, точка 34 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 34 од овој правилник; – собирач на лисја, Прилог бр. 1, точка 35 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 35 од овој правилник; – камиони за подигање со погон на мотор со согорување и со противтежа, Прилог бр. 1, точка 36, втора алинеја од овој правилник, со номинален капацитет не поголем од десет тони), Прилог 1, точка 36 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 36 од овој правилник; – подвижен контејнер за отпад, Прилог бр. 1, точка 39 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 39 од овој правилник; – машина за завршна обработка на тротоар (опремена со порамнувачка кошулка) Прилог бр. 1, точка 41 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 41 од овој правилник; – опрема за набивање метални колци, Прилог бр. 1, точка 42 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3 дел Б, точка 42 од овој правилник; – положувач на цевки, Прилог бр. 1, точка 43 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 43 од овој правилник; – ратрак за снег (гасеничари кои се движат по патеки или шини), Прилог бр. 1, точка 44 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3 , дел Б, точка 44; – генератор за електрична енергија (≥ = 400 kW) Прилог бр. 1, точка 45, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 45 од овој правилник; – електрична метла, Прилог бр. 1, точка 46 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 46 од овој правилник; – возило за собирање отпад, Прилог бр. 1, точка 47 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 47 од овој правилник; Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 6 од 54 – машина за гребење на патот, Прилог бр. 1, точка 48 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 48 од овој правилник; – култиватор, Прилог бр. 1, точка 49 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 49 од овој правилник; – дробилка (иверач), Прилог бр. 1, точка 50 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 50 од овој правилник; – машина за отстранување снег со ротирачки алатки Прилог бр. 1, точка 51 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 51 од овој правилник; – возило за вшмукување, Прилог бр. 1 , точка 52 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 52 од овој правилник; – ровокопач, Прилог бр. 1, точка 54 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 54 од овој правилник; – камион-мешалка, Прилог бр. 1 , точка 55 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 55 од овој правилник и – единица за пумпање вода , Прилог бр. 1, точка 56 од овој правилник, нивото на звучна моќност треба да биде измерено согласно Прилог бр. 3, дел Б, точка 56 од овој правилник. Член 9 Опремата што се употребува на отворено, пред да се пушти на пазар или да се стави во употреба треба да биде подложена на една од следните постапки за оцена на сообразностa: – внатрешна контрола на производството со оцена на техничката документација и на постапката за периодична проверка која е дадена во Прилог бр. 5 од овој правилник; постапка на верификација на единиците согласно Прилог бр. 6 од овој правилник и – процена на системот за гаранција на квалитетот согласно Прилог 7 од овој правилник. Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Број 07-5576/1 Министер за животна средина 29 март 2013 година и просторно планирање, Скопје Абдилаќим Адеми, с.р. Министер Министер за труд за економија, и социјална политика, Ваљон Сараќини, с.р. Диме Спасов, с.р. Министер за здравство, Никола Тодоров, с.р. Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 7 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 8 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 9 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 10 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 11 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 12 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 13 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 14 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 15 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 16 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 17 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 18 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 19 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 20 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 21 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 22 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 23 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 24 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 25 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 26 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 27 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 28 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 29 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 30 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 31 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 32 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 33 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 34 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 35 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 36 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 37 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 38 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 39 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 40 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 41 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 42 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 43 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 44 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 45 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 46 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 47 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 48 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 49 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 50 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 51 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 52 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 53 од 54 Службен весник на РМ, бр. 142 од 17.10.2013 година 54 од 54