تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on special safety requirements for quick frozen foods

صدر في 2013-01-21 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за посебните барања за безбедност на брзо замрзната храна.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
food safety and quality, transport/storage

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 16 од 28.1.2013 година 1 од 6 20130160614 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 57 став (11) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА БРЗО ЗАМРЗНАТА ХРАНА(∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за безбедност на брзо замрзната храна. Член 2 (1) Сладоледот и другите производи од мраз наменети за исхрана не се сметаат за брзо замрзната храна. (2) Одредбите од овој правилник не треба да бидат во спротивност со прописите кои уредуваат прашања на организирање на пазарите во секторот на земјоделството и рибарството и ветеринарната хигиена. (3) Одредбите на овој правилник се применуваат и на следењето на температурите во превозните средства, магацините и складиштата за брзо замрзната храна. Член 3 Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) „Брзо замрзната храна“ е: (а) храна што била предмет на постапка на брзо замрзнување, со која зоната на максимално кристализирање се надминува колку што може побрзо, во зависност од видот на производот, а добиената температура на производот (по извршената термичка стабилизација) се одржува постојано на ниво од -18°C или пониско во сите делови на производот, и (б) храна што се става на пазарот при што се наведува дека го поседува ова својство. 2) „Температура“ е температурата измерена на одредени места, со делот од мерниот инструмент или уред кој е осетлив на температура. Член 4 (1) Суровините кои се употребуваат при производството на брзо замрзната храна треба да се со добар пазарен квалитет и да го поседуваат потребното ниво на свежина. (2) Подготовката и брзото замрзнување на храната треба да се извршат брзо, со користење на соодветна техничка опрема, со цел хемиските, биохемиските и микробиолошките промени да бидат сведени на минимум. (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Директива на Советот 89/108/ЕЕЗ од 21 декември 1988 година за приближување на зако ните на земјите-членки што се однесуваат на брзо смрзнати прехранбени производи наменети за човекова исхрана, CELEX број 31989L0108 Регулатива (ЕЗ) БР. 37/2005 На Комисијата од 12 јануари 2005 година за следење на температурите во превозните средс тва, магацините и складиштата за брзо замрзната храна наменета за човекова исхрана, CELEX број 32005R0037 и Директива на Советот 92/2/ЕЕЗ од 13 јануари 1992 година за утврдување на постапката на Заедницата за земање примероци и за методот на анализа за служ бена контрола на температурите на брзо замрзнатата храна наменета за човекова исхрана, CELEX број 31992L0002. Службен весник на РМ, бр. 16 од 28.1.2013 година 2 од 6 Член 5 (1) За директен контакт со брзо замрзнатата храна се употребуваат криогени медиуми и тоа: воздух; азот и јаглероден диоксид. (2) Доколку е неопходно критериумите за чистота што треба да ги исполнат криогените медиуми од став (1) на овој член ќе се утврдуваат од страна на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата), по спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика. Член 6 (1) Температурата на брзо замрзнатата храна треба да е стабилна и да се одржува во сите делови на производот на -18°C или помалку, со можни краткотрајни покачувања при превозот но не поголеми од 3°C. (2) По исклучок од став (1) на овој член, може да се покачи температурата на храната во согласност со добрата практика за чување и за дистрибуција, за време на локалната дистрибуција и во малопродажните витрини, доколку: 1) овие покачувања на температурата не надминат 3 °C и 2) покачувањето на температурата на чување во малопродажните витрини може да достигне и до 6 °C земајќи го предвид количеството на стоката или обртот на производите во малопродажбата. Член 7 (1) Опремата што се користи за брзо замрзнување, складирање, превоз, доставување во трговската мрежа вклучувајќи ги и разладните витрини во објектите за трговија на мало, треба да биде во согласност со одредбите на овој правилник. (2) За проверка на температурата на брзо замрзнатата храна се вршат официјални контроли по случаен избор. (3) Усогласеноста со одредбите од став (1) и (2) на овој член, пред или во текот на ставање во промет на брзо замрзнатата храна, не треба да биде докажана со официјална потврда. Член 8 Брзо замрзнатата храна наменета за крајните потрошувачи произведувачот или пакувачот треба да ја спакува во соодветно пакување кое ја штити од сушење и од микробиолошка или друг вид на надворешна контаминација. Член 9 Означувањето на брзо замрзнатата храна, без дополнителна обработка, наменета за продажба на крајниот потрошувач и за рестораните, болниците, кантините и за другите слични големи угостителски објекти се врши согласно Правилникот за начинот на означување на храната*1, при што треба да ги содржи и следните податоци: 1) кон името на храната ознаката „брзо замрзната“; Службен весник на РМ, бр. 16 од 28.1.2013 година 3 од 6 2) како дополнување на датумот на минималниот рок на траење, рокот во кој потрошувачот може да ја чува брзо замрзнатата храна, температурата на чување и/или видот на опремата за чување; 3) ознака според која може да се утврди серијата и 4) ознаката: „по одмрзнувањето да не се замрзнува повторно“. Член 10 (1) При означување на брзо замрзнатата храна која не е наменета за продажба на крајниот потрошувач ниту е наменета за рестораните, болниците, кантините и други слични големи угостителски објекти се наведуваат само следните податоци: 1) кон името на производот ознаката „брзо замрзнат“; 2) нето тежината, изразена во тежински единици; 3) податоци за идентификација на серијата на производот и 4) име или назив и адреса на производителот или на пакувачот, или на продавачот регистриран во Република Македонија. (2) Податоците од став (1) на овој член се наведуваат на пакувањето, садот или на обвивката, односно на залепена етикета. Член 11 Брзо замрзнатата храна кој се става во промет треба да биде во согласност со овој правилник, Законот за безбедност на храната и подзаконските прописи донесени врз основа на тој закон. Член 12 (1) Средствата за транспорт, складирање и чување на брзо замрзнатата храна треба да бидат опремени со соодветни мерни инструменти за следење и регистрирање на температурата на воздухот на која е изложена храната, во чести и правилни интервали. (2) Инсталираните мерни инструменти треба да се во согласност со стандардите МКС EN 12830, МКС EN 13485 и МКС EN 13486. Операторите со храна ги чуваат сите релевантни документи што овозможуваат да се потврди дека инструментите наведени погоре се во согласност со стандардите. (3) Температурните записи треба да се чуваат најмалку една година, а во зависност од видот и рокот на траење на брзо замрзнатата храна и подолго. Член 13 (1) По исклучок од член 12 на овој правилник, температурата на воздухот во разладните витрини во трговските објекти на мало и во текот на доставувањето во трговската мрежа, треба да се мери со најмалку еден термометар поставен на видно место. (2) Отворените разладни витрини треба да имаат: 1) јасно означена линија која го обележува максималниот капацитетот на витрината; и 2) термометар кој ја отчитува температурата на воздухот во задниот дел на витрината и истиот да е поставен на ниво на линијата, која означува максимален капацитет на витрината. (3) По исклучок од член 12 на овој правилник разладните уреди со капацитет под 10 кубни метри кои се користат за чување на брзо замрзнатата храна во трговските објекти за трговија на мало може да имаат само еден термометар за мерење на температурата на воздухот поставен на видно место. Службен весник на РМ, бр. 16 од 28.1.2013 година 4 од 6 Член 14 (1) Постапката за земање мостри и методот за мерење потребни за официјалната контрола на температурите на брзо замрзнатата храна треба да се вршат во согласност со Прилог 1 и Прилог 2 кои се составен дел на овој правилник. (2) Методот на мерење од Прилог 2 на овој правилник може да се користи само во случај кога при вршење на контрола има реална основа за сомневање во температурните граници предвидени во овој правилник. Член 15 (1) По исклучок од член 14 став (1) од овој правилник, може да се користат и други научно валидни методи, кои се усогласени со методите од Прилог 2 на овој правилник, доколку со ова да не се попречува слободното движење на брзо замрзнатата храна. (2) Во случај на разлики во резултатите, предност имаат резултатите добиени според методите утврдени во Прилог 2 на овој правилник. Член 16 Со влегување во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за посебните барања што се однесуваат на брзо замрзнатите прехранбени производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 32/06). Член 17 Одредбите од членот 15 на овој правилник ќе отпочнат да се применуваат со пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. Член 18 Одредбите на членовите 12 и 13 од овој правилник ќе престанат да важат со денот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија. Член 19 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-311/1 21 јануари 2013 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 16 од 28.1.2013 година 5 од 6 Службен весник на РМ, бр. 16 од 28.1.2013 година 6 од 6

Regulation on special safety requirements for quick frozen foods · Nelum