Regulation on special safety requirements for products and materials made of regenerated cellulose film that are in contact with food
صدر في 2014-08-07 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за посебните барања за безбедност на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната направени од филм од регенерирана целулоза.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- food safety and quality, packaging/labelling, processing/handling, hygiene/sanitary procedures
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 1 од 13 20141474635 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 59 став (3), алинеја 5 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13 и 43/14), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ И МАТЕРИЈАЛИТЕ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА НАПРАВЕНИ ОД ФИЛМ ОД РЕГЕНЕРИРАНА ЦЕЛУЛОЗА(*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за безбедност на групата на производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната направени од филм од регенерирана целулоза. Член 2 (1) Одредбите на овој правилник се применуваат за филм од регенерирана целулоза кој доаѓа во контакт со храна или кој, поради својата намена, доаѓа во таков контакт и кој: (а) претставува краен производ сам по себе, или (б) претставува дел од краен производ кој содржи други материјали. (2) Одредбите на овој правилник не се применуваат за синтетички обвивки од регенерирана целулоза. Член 3 (1) Филм од регенерирана целулоза е тенок слој на материјал добиен од прочистена целулоза, која потекнува од нерециклирано дрво или памук. (2) Заради исполнување на техничките барања, во масата или на површината на филмот од регенерирана целулоза можат да се додадат соодветни супстанци. Филмот од регенерирана целулоза може да се обложи од една или од двете страни. Член 4 Филмовите од регенерирана целулоза од член 2 на овој правилник спаѓаат во еден од следниве видови: (а) необложен филм од регенерирана целулоза; (б) обложен филм од регенерирана целулоза со премаз добиен од целулоза или (в) обложен филм од регенерирана целулоза со премаз кој се состои од пластика. Член 5 (1) Филмовите од регенерирана целулоза од член 4, точки (а) и (б) на овој правилник се произведуваат со употреба само на супстанци или на групи супстанци дадени во Прилогот кој е составен дел на овој правилник, во согласност со ограничувањата утврдени во истиот. () Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Комисијата 2007/42/ЕЗ од 29 јуни 2007 година за материјали и предмети направени од филм од регенерирана целулоза предвидени да бидат во контакт со прехранбени производи (CELEX бр. 32007L0042) Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 2 од 13 (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, можат да се користат супстанци кои не спаѓаат во супстанците дадени во Прилогот на овој правилник, кога истите се употребуваат како материја за обојување (бои и пигменти) или како лепилa, доколку нема трага од миграција на супстанци во или врз прехранбените производи, што може да се открие со валидирани методи. Член 6 (1) Филмовите од регенерирана целулоза од член 4, точка (в) на овој правилник се произведуваат, пред да бидат обложени, со употреба само на супстанци или на групи супстанци дадени во Дел 1 од Прилогот на овој правилник, во согласност со ограничувањата утврдени во истиот. (2) Премазот кој треба да се употреби за филм од регенерирана целулоза од став (1) на овој член се произведува со користење само на супстанци или на групи супстанци дадени во членовите 7, 8, 19 и Прилозите 1 и 2 од Правилникот за посебните барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната*1, во согласност со ограничувањата наведени во истите. (3) Без да е во спротивност со став (1) на овој правилник, производите и материјалите направени од филм од регенерирана целулоза од член 4 точка (в) на овој правилник треба да се во согласност со барањата од членовите 12, 13, 17 и 18 од Правилникот за посебните барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната*1. Член 7 Печатените површини на филм од регенерирана целулоза не треба да дојдат во контакт со прехранбени производи. Член 8 (1) Деловниот субјект кој става во промет производи и материјали што доаѓаат во контакт со храна направени од филм од регенерирана целулоза, но не и во фазите на трговијата на мало, треба да обезбеди изјава за усогласеност согласно член 10 од Правилникот за општите барања за материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната*2. (2) Одредбата од став (1) на овој член не се применува за предметите и материјалите направени од филм од регенерирана целулоза кои, по својата природа, очигледно се наменети да стапат во контакт со храната. (3) Материјалите и предметите направени од филм од регенерирана целулоза, во случај кога се укажува на посебни услови за употреба, треба да бидат соодветно означени. Член 9 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се објави по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија. Бр. 02-2393/3 Директор на Агенција 7 август 2014 година за храна и ветеринарство, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 3 од 13 Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 4 од 13 Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 5 од 13 Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 6 од 13 Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 7 од 13 Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 8 од 13 Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 9 од 13 Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 10 од 13 Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 11 од 13 Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 12 од 13 Службен весник на РМ, бр. 147 од 8.10.2014 година 13 од 13