تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on special safety requirements for plastic materials and articles that are in contact with food

صدر في 2013-10-16 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за посебните барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
food safety and quality, packaging/labelling, classification/declassification, public health, processing/handling, plastic

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 1 од 96 20131443485 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 59 став (3), алинеја 4 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЛАСТИЧНИ МАТЕРИЈАЛИ И ПРОИЗВОДИ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА(*) ГЛАВА I ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за безбедност на групата на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната. Член 2 Посебни барања Одредбите на овој правилник ги определуваат и посебните барања за производството и промет на пластични предмети и материјали: (а) наменети да дојдат во контакт со храната; или (б) кои се веќе во контакт со храната; или (в) за кои разумно е да се очекува да дојдат во контакт со храната. Член 3 Опсег (1) Одредбите на овој правилник се применуваат на предмети и материјали ставени во промет на пазарот во Република Македонија кои спаѓаат во следните категории: а) материјали, предмети и нивни делови кои се состојат исклучиво од пластика; б) пластични повеќеслојни материјали и предмети кои се поврзани заедно со лепливи или со други средства; в) материјали и предмети од точките а) или б) на овој член печатени и/или покриени со слој или облог; г) пластични слоеви или облоги, кои се користат како дихтунзи за тапи и затворачи и заедно со нив формираат збир од два или повеќе слоја на различни видови материјали и д) пластични слоеви во повеќеслојни материјали и предмети од различни материјали. (2) Одредбите на овој правилник не се применуваат на следните предмети и материјали кои се ставаат во промет и истите треба да се опфатени со други конкретни мерки: а) јоноизменувачки смоли; б) гума и в) силикони. () Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕЗ) бр. 10/2011 од 14 јануари, 2011 година за пластични материјали и предмети наменети да дојдат во контакт со храна, број 32011R0010 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 2 од 96 Член 4 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „пластични материјали и предмети“ се: (а) материјали и предмети од член 3 став (1) точки (а), (б) и (в) на овој правилник и (б) пластични слоеви од член 3 став (1) точки (г) и (д) од овој правилник, 2. „пластика“ е полимер со евентуално додадени адитиви или други супстанции, способен да ја сочинува главната структурна компонента на завршни материјали и предмети; 3. „полимер“ е секоја макромолекуларна супстанција добиена со: (а) процес на полимеризација како на пример полиадиција или поликондензација, или сличен процес извршен врз полимери и други појдовни супстанции; или (б) хемиска модификација на природни или синтетички макромолекули; или (в) микробиолошка ферментација; 4. „повеќеслоен пластичен материјал или предмет“ е материјал или предмет составен од два или повеќе слоја пластика; 5. „повеќеслоен материјал или предмет од различни материјали“ е материјал или предмет составен од два или повеќе слоја различни видови материјали, од кои најмалку еден е пластичен слој; 6. „мономер или друга основна или појдовна супстанција“ е: (а) мономер претставува молекула која има способност за меѓусебно хемиско поврзување со останатите истородни молекули формирајки синџир од молекули наречен полимер; (б) супстанција подложена на кој било процес на полимеризација за производство на полимери; или (в) природна или синтетичка макромолекуларна супстанција која се користи во производството на модификувани макромолекули; или (г) супстанција која се користи за модификување на природни или синтетички макромолекули; 7. „адитив“ е супстанција која намерно се додава во пластиката за да се добие физички или хемиски ефект за време на преработката на пластиката или во крајниот материјал или предмет; наменет е да остане во завршниот материјал или предмет; 8. „помагало за производство на полимери“ е секоја супстанција која се користи како соодветен медиум за производство на полимери или пластика; може да биде присутна во крајниот материјал или предмет, но ниту е наменета за тоа, ниту пак игра физичка или хемиска улога во него; 9. „ненамерно додадена супстанција“ е примеса во користените супстанции или среден продукт на реакција формиран за време на процесот на производство или разложување или производ на реакција; 10. „помагало за полимеризација“ (или иницијатор) е супстанција која ја отпочнува полимеризацијата и/или го контролира создавањето на макромолекуларна структура; 11. „граница на целосна миграција (ГЦМ)“ е максимално дозволена количина на неиспарливи супстанции кои се ослободуваат од некој материјал или предмет во симулантите на храна; 12. „симулант на храна“ е медиум за тестирање кој ја претставува храната; симулантот на храна го имитира мигрирањето на храната од материјалите кои доаѓаат во контакт со храната; Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 3 од 96 13. „граница на специфична миграција (ГСМ)“ е максимално дозволена количина на дадена супстанција која е се ослободува од одреден материјал или предмет во храната или симулантите на храна; 14. „вкупна граница на специфична миграција (ГСМ(В))“ е максимално дозволен збир на одредени супстанции кои се ослободуваат во храната или симулантите на храна кој се изразува како вкупен износ од половината од посочените супстанции; 15. „функционална бариера“ е бариера која се состои од еден или повеќе слоја на кој било вид материјал која обезбедува дека крајниот материјал или предмет ги исполнува одредбите на член 6 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната *2 и одредбите на овој правилник; 16.„храна без маснотии“ е храна за која при тестирањето на миграцијата во Табела 2 на Прилог 5 кој е составен дел од овој правилник кон оваа регулатива се одредени единствено симулантите на храна кои се разликуваат од D1 или D2; 17.„ограничување“ е ограничување на употребата на одредена супстанција, граница на миграција или граница на количината на супстанцијата во материјалот или предметот; 18.„спецификација“ е составот на одредена супстанција, критериумите за нејзината чистота, физичко-хемиските карактеристики на одредена супстанција, поединостите кои се однесуваат на производниот процес или дополнителни информации за изразувањето на границите на миграција. Член 5 Ставање во промет на пластични предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храната Пластичните материјали и предмети можат да се стават на пазарот единствено ако: ги исполнуваат општите барања од член 6 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната при наменетата и предвидлива употреба; ги исполнуваат барањата за означување на член 19 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната*3; ги исполнуваат барањата за следливост на член 20 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната*4; се произведени според правилата за добра производна пракса утврдени во Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната*5 и ги исполнуваат барањата за составот и означувањето утврдени во Поглавјата II, III и IV на овој правилник. ГЛАВА II БАРАЊА ВО ВРСКА СО СОСТАВОТ ОДДЕЛ 1 Одобрени супстанции Член 6 Единствена листа на одобрени супстанции (1) Супстанциите од Единствената листа на одобрени супстанции (во понатамошниот текст: Листа ) дадени во Прилог 1 кој е составен дел од овој правилник може да се користат во производството на пластични слоеви во пластичните материјали и предмети. Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 4 од 96 (2) Листата се состои од: (а) мономери или други појдовни супстанции; (б) адитиви со исклучок на бои; (в) помагала за производство на полимери со исклучок на растворувачи и (г) макромолекули добиени од микробиолошка ферментација. Член 7 Отстапувања за супстанциите кои не се на Листата (1) По исклучок од член 6 од овој правилник, супстанции кои не се наведени во Листата може да се користат како помагала за добивање на полимери во производството на пластични слоеви во пластичните материјали и предмети, но тие претходно треба да ги поминат процедурите од член 10 на Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната. (2) По исклучок од член 6 од овој правилник, може да се користат бои и растворувачи во производството на пластични слоеви во пластичните материјали и предмети кои подлежат на процедурите опишани во член 10 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната. (3) Одредбите од членовите 12, 13, 14, 15 и 16 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната се применуваат на следните супстанции кои не се на Листата: а) соли (вклучувајќи двојни и киселински соли) на алуминиум, амониум, бариум, калциум, кобалт, бакар, железо, литиум, магнезиум, манган, калиум, натриум и цинк од одобрени киселини, феноли или алкохоли; б) смеси добиени со мешање на одобрени супстанции без хемиска реакција на компонентите; в) кога се користат како адитиви, природни или синтетички полимерни супстанции со молекуларна тежина од најмалку 1 000 Da, освен макромолекули добиени со микробиолошка ферментација, кои ги исполнуваат барањата на овој правилник, доколку можат да фигурираат како главна структурна компонента на крајниот материјал или предмет; г) кога се користат како мономери или други појдовни супстанции, пред-полимерите и природните или синтетичките макромолекуларни супстанции, како и нивните мешавини, освен макромолекулите добиени со микробиолошка ферментација, воколку мономерите или појдовните супстанции потребни за нивно синтезирање се внесени во листата. (4) Во пластичните слоеви на пластичните материјали или предмети, може да се присутни следните супстанции, кои не се дадени во Листата: а) ненамерно додадени супстанции и б) помагала за полимеризација. ОДДЕЛ 2 Општи барања, ограничувања и спецификации Член 8 Општи барања за супстанциите Супстанциите кои се користат во производството на пластични слоеви во пластичните материјали и предмети се со технички квалитет и чистота соодветна на наменетата и предвидлива употреба на материјалите и предметите. Составот му е познат на производителот на супстанцијата и ќе им биде ставен на увид на надлежните органи доколку тоа го побараат. Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 5 од 96 Член 9 Посебни барања за супстанциите (1) Супстанциите кои се користат во производството на пластични слоеви во пластичните материјали и предмети подлежат на следните ограничувања и спецификации: а) границата на специфична миграција утврдена во член 10 од овој правилник; б) границата на целосна миграција утврдена во член 11 од овој правилник; в) ограничувањата и спецификациите утврдени во Прилог 1 , Табела 1, колона 10, точка 1 на овој правилник и г) деталните спецификации утврдени во Прилог 1 точка 4 на овој правилник. (2) Супстанциите кои се користат во производството на пластични слоеви во пластичните материјали и предмети, во наноформа, ќе се користат единствено ако тоа е изрично одобрено и споменато во спецификациите дадени во Прилог 1 на овој правилник. Член 10 Општи ограничувања за пластични материјали и предмети Општите ограничувања за пластични материјали и предмети се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 11 Граници на специфична миграција (1) Пластичните материјали и предмети не треба да ги пренесуваат нивните состојки во храната во количини кои ги надминуваат границите на специфична миграција (ГСМ) дадени во Прилог 1 на овој правилник. Овие граници на специфична миграција (ГСМ) се изразуваат во mg супстанција на kg храна (mg/kg). (2) За супстанциите за кои во Прилог 1 на овој правилник не е дадена граница на специфична миграција или некое друго ограничување, се применува општата граница на специфична миграција од 60 mg/kg. (3) По исклучок од одредбите на ставовите (1) и (2) на овој член, адитивите кои се одобрени согласно Правилникот за адитивите што се употребуваат во производството на храна*7 не треба да мигрираат во храната во количества кои би предизвикале технолошки ефект во крајната храна и не треба да: а) ги надминат ограничувањата предвидени во Правилникот за адитивите што се употребуваат во производството на храна или ограничувањата дадени во Прилог 1 на овој правилник каде нивната употреба како адитиви во храна е одобрена или б) ги надминат ограничувањата утврдени во Прилог 1 на овој правилник каде нивната употреба како адитиви во храна не е одобрена. Член 12 Граница на целосна миграција (1) Пластичните материјали и предмети не треба да ги пренесуваат нивните состојки во симулантите на храна во количества кои надминуваат 10 mg од вкупните состојки ослободени на dm2 од површината на контакт со храната (mg/dm2). (2) По исклучок од став 1 на овој член, пластичните материјали и предмети кои се наменети да дојдат во контакт со храна за доенчиња и мали деца, согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на храната за посебна нутритивна употреба - млечна храна за доенчиња*8 и Правилникот за посебните барања за безбедност на храната за Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 6 од 96 посебна нутритивна употреба - преработена храна на житна основа и детска храна за доенчиња и мали деца*9, не треба да ги пренесуваат нивните состојки во симулантите на храна во количества кои надминуваат 60 mg од вкупните состојки ослободени на kg симулант на храна. ГЛАВА III ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ОДРЕДЕНИ МАТЕРИЈАЛИ И ПРЕДМЕТИ Член 13 Пластични повеќеслојни материјали и предмети (1) Во еден пластичен повеќеслоен материјал или предмет, составот на секој пластичен слој треба да ги исполнува одредбите на овој правилник. (2) По исклучок од став 1 на овој член, еден пластичен слој кој не е во директен контакт со храната и е одделен од неа со функционална бариера, може да: (а) не ги исполнува ограничувањата и спецификациите утврдени во Прилог 1 на овој правилник, освен за винилхлорид мономер и/или (б) се произведени со супстанции кои не се на Листата. (3) Миграцијата на супстанции од став (2) точка (б) на овој член во храна или симулант на храна не треба да биде видлива односно измерена со статистичка сигурност со метод на анализа со граница на детекција од 0.01 mg/kg. Границата секогаш се изразува како концентрација во храната или симулантите на храна и се однесува на група соединенија, доколку тие се структурно и токсиколошки поврзани, особено во случајот на изомерите или соединенијата од истата релевантна функционална група, и ќе вклучи можно израмнување на преносот помеѓу групите. (4) Супстанциите кои ги не се дадени во Листата од став (2) точка (б) на овој член не припаѓаат на ниту една од следните категории: а) супстанциите класифицирани како „мутагени“, „канцерогени“ или „токсични при репродукција“ и б) супстанции во наноформа. (5) Крајниот пластичен повеќеслоен материјал или предмет треба да е во согласност со границите на специфична миграција утврдени во член 11 на овој правилник и границата на целосна миграција утврдена во член 12 на овој правилник. Член 14 Повеќеслојни материјали и предмети од различни материјали (1) Во еден повеќеслоен материјал или предмет од различни материјали, составот на секој пластичен слој треба да ги исполнува барањата утврдени со овој правилник. (2) По исклучок од став (1) на овој член, пластичниот слој во еден повеќеслоен материјал или предмет составен од различни материјали кој не е во директен контакт со храната и е одделен од неа со функционална бариера, може да биде произведен со супстанции кои не се дадени во Листата. (3) Супстанциите кои не се дадени во Листата од став (2) на овој член не припаѓаат на ниту една од следните категории: а) супстанциите класифицирани како „мутагени“, „канцерогени“ или „токсични при репродукција“ и б) супстанции во наноформа. (4) По исклучок од став (1) на овој член, одредбите на членовите 11 и 12 на овој правилник не се однесуваат на пластични слоеви во повеќеслојни материјали и предмети од различни материјали. Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 7 од 96 (5) Пластичните слоеви во повеќеслојни материјали и предмети составени од различни материјали секогаш треба да ги исполнуваат ограничувањата за винилхлорид мономер дадени во Прилог 1 на овој правилник. ГЛАВА IV ИЗЈАВА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ И ДОКУМЕНТАЦИЈА Член 15 Изјава за усогласеност (1) За пластичните материјали и предмети, полупроизводите и супстанциите наменети за производство на тие материјали и предмети во фазите на ставање во промет, со исклучок на фазата на малопродажба, потребна е писмена изјава во согласност со член 9 ставови (4) и (5) од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната. (2) Писмената изјава од став (1) на овој член ја дава деловниот субјект која треба да ги содржи информациите дадени во Прилог 4 кој е составен дел од овој правилник. (3) Писмената изјава од став (1) на овој член, овозможува лесна идентификација на материјалите, предметите или полупроизводите или супстанциите за кои е издадена. Изјавата може да се обнови доколку настанат значителни промени во составот или производството кои предизвикуваат промени и врз миграцијата од материјалите или предметите или доколку се добијат нови научни податоци. Член 16 Придружни документи (1) Деловниот субјект, на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, ја стави на увид соодветната документација со која потврдува дека материјалите и предметите, полупроизводите и супстанциите наменети за производство на тие материјали и предмети ги исполнуваат барањата утврдени со овој правилник. (2) Документацијата од став (1) на овој член треба да ги содржи условите и резултатите од тестирањето, пресметките, моделирањето, други анализи и доказен материјал за безбедноста или усогласеноста. ГЛАВА V УСОГЛАСЕНОСТ НА БАРАЊАТА Член 17 Обработка и толкување на резултатите од тестирањето на миграцијата (1) За да се провери усогласеноста на барањата утврдени со овој правилник, вредностите на специфичната миграција се изразуваат во mg/kg и се однесуваат на реалниот сооднос меѓу површина и волуменот на материјалот или предметот при тековната или предвидена употреба. (2) По исклучок од став (1) на овој член за: а) контејнери и други предмети, кои содржат или е планирано да содржат помалку од 500 ml или g или повеќе од 10 l, б) материјали и предмети за кои поради нивната форма не е можно да се процени врската меѓу нивната површина и количеството храна со која доаѓаат во контакт, в) материјали за пакување на храна во форма на плочи и ленти и кои сеуште не се во контакт со храната, Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 8 од 96 г) материјали за пакување на храна во форма на плочи и ленти кои содржат помалку од 500 ml или g или повеќе од 10 l, вредноста на миграцијата се изразува во mg/kg и го опфаќа соодносот меѓу површината и волуменот на 6 dm2 на килограм храна. (3) Одредбите од став (2) од овој член не се применуваат на пластични материјали и предмети наменети да дојдат во контакт или кои веќе се во контакт со храна за доенчиња и мали деца, согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на храната за посебна нутритивна употреба - млечна храна за доенчиња и Правилникот за посебните барања за безбедност на храна за посебна нутритивна употреба - преработена храна на житна основа и детска храна за доенчиња и мали деца. (4) По исклучок од став (1) на овој член, за капачињата, дихтунзите, затворачите и слични предмети за затворање, вредноста на специфичната миграција се изразува во: а) mg/kg, земајќи ја предвид вистинската содржина на контејнерот за кој затворачот е наменет или во mg/dm2, земајќи ја предвид вкупната контактна површина на предметот за затворање и предметот кој се затвора, доколку употребата на предметот е позната и земајќи ги предвид одредбите на став (2) на овој член и б) mg/предмет доколку употребата на предметот не е позната. (5) За капачињата, дихтунзите, затворачите и слични предмети за затворање, вредноста на целосната миграција се изразува во: а) mg/dm2, земајќи ја предвид вкупната контактна површина на предметот за затворање и предметот кој се затвора, доколку употребата на предметот е позната и б) mg/предмет доколку употребата на предметот не е позната. Член 18 Правила за проценка на усогласеноста со границите на миграција (1) За материјалите и предметите кои се веќе во контакт со храната, проверката на усогласеноста со границите на специфична миграција се врши согласно правилата дадени во Прилог 5 Поглавје 1 кој е составен дел на овој правилник. (2) За материјалите и предметите кои сеуште не се во контакт со храната, потврдата на усогласеноста со границите на специфична миграција се врши врз храната или симулантите на храна дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник, согласно правилата дадени во Прилог 5 Поглавје 2 Оддел 2.1 на овој правилник. (3) За материјалите и предметите кои сеуште не се во контакт со храната, потврдата на следењето на усогласеноста со границата на специфична миграција се врши со примена на пристапите на проверка согласно правилата утврдени во Прилог 5 Поглавје 2, Оддел 2.2 на овој правилник. Доколку некој материјал или предмет не е усогласен со границите на миграција при пристапот на проверка, престанокот на неусогласувањето треба да се потврди со проверка на усогласеноста согласно став (2) на овој член. (4) За материјалите и предметите кои сеуште не се во контакт со храната, потврдата на усогласеноста со границите на целосна миграција се врши врз симулантите на храна A, B, C, D1 и D2, од Прилог 3 на овој правилник, согласно правилата дадени во Прилог 5 Поглавје 3, Оддел 3.1 на овој правилник. (5) За материјалите и предметите кои сеуште не се во контакт со храната, потврдата на усогласеноста со границата на целосна миграција се врши со примена на пристапите на проверка согласно правилата дадени во Прилог 5 Поглавје 3, Оддел 3.4 на овој правилник. Доколку некој материјал или предмет не е усогласен со границата на миграција при пристапот на проверка, престанокот на неусогласувањето треба да се потврди со проверка на усогласеноста согласно став (4) на овој член. (6) Резултатите од тестирањето на специфичната миграција добиени кај храната имаат предност пред резултатите добиени кај симулантот на храна. Резултатите од тестирањето на специфичната миграција добиени кај симулантот на храна имаат предност пред резултатите добиени со пристапите на проверка. Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 9 од 96 (7) Пред да се споредат резултатите од тестирањето на специфичната и целосната миграција со границите на миграција, се применуваат факторите на корекција дадени во Прилог 5 Поглавје 4 на овој правилник во согласност со правилата одредени во истиот. Член 19 Проценка на супстанциите кои не се на листата Усогласеноста на супстанциите кои не се на листата а се наведени во ставовите (1), (2) и (4) на член 6 и став (2) на член 13 на овој правилник кои не се опфатени во Прилог 1 кој е составен дел од овој правилник се проценува во согласност со општите барања за безбедност од член 6 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната и со меѓународно признатите научни начела за проценка на ризикот. ГЛАВА VI ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 20 Преодни одредби (1) Со денот на влегување во сила на овој правилник, придружните документи од член 16 на овој правилник за материјали, предмети и супстанции ставени на пазарот до 31 декември 2015 година може да се засноваат врз правилата за тестирање на миграцијата утврдени во член 18 на овој правилник. (2) Придружните документи од член 16 на овој правилник, од 1 јануари 2016 година ќе се засноваат на правилата за тестирање на миграцијата утврдени во член 18 на овој правилник, без тоа да е во спротивност со став (1) на овој член. (3) Адитивите кои се користат при одредување на големината на плексиглас за пластика збогатена со плексиглас која не е наведена во Прилог 1 на овој правилник, до 31 декември 2015 година реба да ги исполнуваат одредбите за проценка на ризикот утврдени во член 19 на овој правилник. (4) Материјалите и предметите кои се ставени на пазарот пред донесувањето на овој правилник може да се продаваат до 1 јануари 2014 година. (5) Одредбата на член 6 на овој правилник за употребата на адитиви, со исклучок на пластификаторите, ќе се применува на пластичните слоеви или пластичните премази во капачињата и затворачите наведени во член 3 точка (г) од на овој правилник, од 31 декември 2015 година. (6) Одредбата од член 6 на овој правилник ќе се применува на употребата на адитиви при одредување на големината на плексиглас за пластика збогатена со плексиглас од 31 декември 2015 година. Член 21 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-2772/3 16 октомври 2013 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 10 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 11 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 12 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 13 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 14 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 15 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 16 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 17 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 18 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 19 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 20 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 21 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 22 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 23 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 24 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 25 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 26 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 27 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 28 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 29 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 30 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 31 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 32 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 33 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 34 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 35 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 36 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 37 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 38 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 39 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 40 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 41 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 42 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 43 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 44 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 45 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 46 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 47 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 48 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 49 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 50 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 51 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 52 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 53 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 54 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 55 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 56 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 57 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 58 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 59 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 60 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 61 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 62 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 63 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 64 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 65 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 66 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 67 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 68 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 69 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 70 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 71 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 72 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 73 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 74 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 75 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 76 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 77 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 78 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 79 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 80 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 81 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 82 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 83 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 84 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 85 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 86 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 87 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 88 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 89 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 90 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 91 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 92 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 93 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 94 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 95 од 96 Службен весник на РМ, бр. 144 од 22.10.2013 година 96 од 96

Regulation on special safety requirements for plastic materials and articles that are in contact with food · Nelum