تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on special safety requirements for food produced with ionizing radiation

صدر في 2014-02-28 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за посебните барања за безбедност на храната произведена со јонизирачко зрачење.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
food safety and quality, radiation, processing/handling

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 63 од 16.04.2014 година 1 од 7 20140631955 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 57, став (4) од Законот за безбедност на храната (“Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13 и 43/14), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ПРОИЗВЕДЕНА СО ЈОНИЗИРАЧКО ЗРАЧЕЊЕ (*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за безбедност на храната произведена со јонизирачко зрачење. Член 2 Посебните барања за безбедност се применуваат при производство, промет и увоз на храна и прехранбени состојки (во натамошниот текст: храна третирана со јонизирачко зрачење). Член 3 Одредбите на овој правилник не се применуваат на: (а) храна, изложена на јонизирачко зрачење, настанато од мерни или инспекциски уреди, под услов, апсорбираната доза да не е поголема од 0,01 Gy за инспекциски уреди што користат неутронски сноп и 0,5 Gy во други случаи, за рендгенски зраци со максимална вредност на енергијата од 10 МеV, за неутронски сноп со максимална вредност на енергијата од 14 МеV и вредност на енергијата од 5 МеV во други случаи и (б) храна третирана со јонизирачко зрачење која се подготвува за пациенти на кои им е потребна стерилна диетална исхрана под медицински надзор. Член 4 При ставање во промет треба да се применат сите мерки со кои ќе се обезбеди дека храната третирана со јонизирачко зрачење е во согласност со барањата за безбедност утврдени во овој правилник. Член 5 Третирањето на храната со јонизирачко зрачење може да се врши доколку се исполнети следните барања: има оправдана технолошка потреба, не претставува опасност по здравјето на луѓето и се спроведува според точно определени услови , e корисно за потрошувачот и * Со овој правилник се врши усогласување со Директивата 1999/2/ЕЗ на Европскиот Парламент и на Советот од 22 февруари 1999 година за приближување на законодавството на земјите-членки за храна и прехранбени сосотојки третирани со јонизирачко зрачење, CELEX број 31999L0002 и со Директивата 1999/3/ЕЗ на Европ скиот Парламент и на Советот од 22 февруари 1999 за формирање листа на Заедницата за храна и прехранбе ни состојки третирани со јонизирачко зрачење, CELEX број 31999L0003. Службен весник на РМ, бр. 63 од 16.04.2014 година 2 од 7 не се употребува како замена за хигиенска и добра производна или земјоделска пракса. Член 6 Третирање на храна со јонизирачко зрачење може да се употреби само за следните цели: намалување на појавите на заболувања поврзани со храната преку уништување на патогените микроорганизми; намалување на расипувањето на храната со успорување или запирање на процесите на гниење, како и уништување на микроорганизмите што предизвикуваат гниење; намалување на загубите на храна поради предвремено зреење, `ртење или проникнување и отстранување на организмите во храната кои се штетни за растенијата или растителните производи. Член 7 (1) Третирање на храната со јонизирачко зрачење се врши само со следните извори на јонизирачко зрачење и тоа: гама зраци од радионуклидите 60Co или 137 Cs; рендгенски зраци , што имаат енергија помала од 5 МеV и забрзани електрони што имаат енергија помала од 10 МеV. (2) Вкупната средна абсорбирана доза на јонизирачко зрачење се пресметува согласно дозиметриските постапки дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 8 Видовите храна кои можат да се третираат со јонизирачко зрачење и дозволените максимални вредности на дозата на зрачење се дадени во Прилог 2 кој е составен дел од овој правилник. Член 9 (1) Максималната вредност на дозата на јонизирачко зрачење за третирање на храната може да биде аплицирана во делови, но не треба да ја надмине максималната вредност на дозата на зрачење утврдена во Прилогот 2 на овој правилник . (2) Третирање на храна со јонизирачко зрачење не може да се користи во комбинација со каква било друга хемиска обработка на храната што ја има истата намена како третирањето со јонизирачко зрачење. Член 10 (1) Храната третирана со јонизирачко зрачење се означува согласно со Правилникот за начинот на означување на храната (1 ), како и со следните податоци: а) За храната наменета за крајниот потрошувач, за објектите за јавна исхрана, угостителските објекти или други комерцијални активности (кетеринг): доколку храната третирана со јонизирачко зрачење се продава во поединечни пакувања, зборовите „озрачена“ или „третирана со јонизирачко зрачење“ треба да бидат означени на пакувањето, а името под кое ќе се продава производот треба да вклучува и детали за физичката состојба на храната или специфичниот третман на кој била изложена (на пример доведен во прав, сушен со замрзнување, длабоко замрзнат, концентрирани, чаден) за сите случаи кога пропуштањето на такви информации може да предизвика заблуда кај потрошувачот; Службен весник на РМ, бр. 63 од 16.04.2014 година 3 од 7 доколку храната третирана со јонизирачко зрачење се продава рефус, зборовите „озрачена“ или „третирана со јонизирачко зрачење“ се наведуваат заедно со името на храната на ознаката поставена на садот во кој се наоѓа храната или на известување покрај садот во кој се наоѓа храната; доколку храната третирана со јонизирачко зрачење се употребува како состојка, зборовите „озрачена“ или „третирана со јонизирачко зрачење“ треба да бидат назначени во листата на состојки и доколку производите се продаваат рефус, зборовите „озрачена“ или „третирана со јонизирачко зрачење“ се наведуваат заедно со името на производот на ознаката на садот, во кој се наоѓа производот или на известување покрај садот во кој се наоѓа производот, при што зборовите „озрачена“ или „третирана со јонизирачко зрачење“ треба да се користат за означување со намера да се наведе дека состојки третирани со јонизирачко зрачење се користени со други состојки во храната, дури и ако содржината на таквите состојки е помала од 25% од готовиот производ. б) Доколку храната третирана со јонизирачко зрачење, не е наменета за крајниот потрошувач и за објектите за јавна исхрана: при означувањето треба да се користат зборовите „озрачена“ или „третирана со јонизирачко зрачење“ за да се наведе дека храната или состојките во храната се третирани со јонизирачко зрачење и се наведува називот и седиштето на објектот каде што е спроведено третирањето на храната со јонизирачко зрачење или неговиот регистарски број наведен во одобрението за третирање на храна со јонизирачко зрачење. (2) За сите видови на храна од став (1) на овој член во документите кои ја придружуваат или се однесуваат на храната третирана со јонизирачко зрачење треба да биде наведено дека истата е третирана со јонизирачко зрачење. Член 11 (1) Објектите во кои се третира храната со јонизирачко зрачење треба да имаат одобрение од Дирекцијата за радијациона сигурност и од Агенцијата за храна и ветеринарство, согласно член 57 став (1) од Законот за безбедност на храната. (2) За секој употребен извор на јонизирачко зрачење и за секоја серија третирана храна треба да се чуваат следните податоци: (a) природата и количината на храната третирана со јонизирачко зрачење; (б) број на серијата; (в) лице, кое издава налог за третирање на храната со јонизирачко зрачење; (г) корисник на третираната храна ; (д) датум на третирањето со јонизирачко зрачење; (ѓ) материјали за пакување, употребени за време на третирањето; (e) податоци за контрола на процесот на зрачење, на начин како што е утврдено во Прилог 1 од овој правилник, извршените дозиметриски проверки и добиените резултати, со детални податоци за границичните вредности, долна и горна граница на апсорбираната доза, како и видот на користеното јонизирачко зрачење и (ж) прегледување на почетната доза при валидација на мерењата. Член 12 Храна третирана со јонизирачко зрачење може да се увезе во Република Македонија ако: (а) е во согласност со барањата за безбедност утврдени во овој правилник; Службен весник на РМ, бр. 63 од 16.04.2014 година 4 од 7 (б) е придружена со документација која содржи име на операторот и адреса на објектот каде што е извршено третирањето на храната со јонизирачко зрачење како и податоците од член 11 став (2) на овој правилник и (в) е третирана во објект кој има одобрение за третирање на храна со јонизирачко зрачење. Член 13 (1) Храната третирана со јонизирачко зрачење што се увезува во Република Македонија од земји кои не се членки на Европска Унија, може да се увезе само доколку третирањето на храната со јонизирачко зрачење е извршено во одобрени објекти. (2) Листата на одобрени објекти од став (1) од овој член Агенцијата за храна и ветеринарство ја објавува на својата веб страна. (3) Името на одобрениот објект од став (1) на овој член треба да биде наведено во документацијата што ја следи пратката со храна третирана со јонизирачко зрачење. Член 14 Материјалите што се користат за пакување на храна третирана со јонизирачко зрачење треба да бидат погодни за таа намена. Член 15 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за посебните барања за безбедност на храната третирана со јонизирачко зрачење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 119/07). Член 16 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се објави по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија. Бр. 02-1718/1 28 февруари 2014 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 63 од 16.04.2014 година 5 од 7 Службен весник на РМ, бр. 63 од 16.04.2014 година 6 од 7 Службен весник на РМ, бр. 63 од 16.04.2014 година 7 од 7

Regulation on special safety requirements for food produced with ionizing radiation · Nelum