Regulation on special safety requirements for ceramic articles intended to come into contact with food
صدر في 2012-10-03 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за посебни барања за безбедност на керамичките производи што доаѓаат во контакт со храната.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- food safety and quality, hygiene/sanitary procedures, packaging/labelling
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 1 од 6 20130010005 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 59 став (3) алинеја 4 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесe П Р А В И Л Н И К ЗА ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА КЕРАМИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за безбедност за керамичките производи како специфична група на материјали што доаѓаат во контакт со храната. Член 2 Одредбите на овој правилник се применуваат на можната миграција на олово и кадми ум од керамичките производи кои во својата финална состојба се наменети да дојдат во контакт со храната, или кои се во контакт со храна и се наменети за таа цел. Член 3 (1) Поимите дефинирани во Законот за безбедност на храна и Правилникот за општи барања за материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната се применуваат и во овој правилник. (2) „Керамички производи“ се производи произведени од мешавина на неоргански ма терии со главно висока содржина на глина или силикати на која може да и се додадени ма ли количества органски материјали. На овие производи прво им се дава форма, а на таков начин добиената форма е перманентно фиксирана со печење. Тие може да се глазирани, емајлирани и/или декорирани. Член 4 (1) Количествата на олово и кадмиум испуштени од керамичките производи не треба да ги надминуваат границите пропишани во овој член. (2) Количествата на олово и кадмиум кои мигрираат од керамичките производи во хра ната се определуваат со тестирање, според основни правила утврдени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник, со користење на методот на анализа опишан во Прилог 2, кој е составен дел на овој правилник. (3) Кога керамичкиот производ се состои од сад со керамички капак, границата на ми грираното количество олово и/или кадмиум која не треба да се надмине е онаа која се при менува за целокупниот сад. Миграцијата на олово и/или кадмиум се изразува во следните единици: mg/dm2 или mg/l. Садот и внатрешната површина на капакот се тестираат оддел но и под исти услови. Количеството на мигрираното олово и/или кадмиум се определува со збирот на добиените вредности на олово и/или на кадмиум кои понатаму се пресмету ваат само во однос на површината или на волуменот на садот. (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 84/500/EEЗ од 15 октомври 1984 година за приближување на законите на земјите- членки за керамички артикли наменети да дојдат во допир со храна дополнета со Директивата 2005/31/EЗ на Комисијата од 29 април 2005 година за изменување на Директива 84/500/EЕЗ на Советот во однос на изјава за усогласеност и критериуми за изведба на аналитички метод за керамички производи наменети за контакт со храна Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 2 од 6 (4) Се смета дека еден керамички производ ги задоволува барањата за безбедност до колку количествата на олово и/или кадмиум испуштени за време на тестот што се спрове дувал според основните правила утврдени во Прилог 1 од овој правилник, не ги надмину ваат следните граници: Pb Cd — Категорија 1: Производи кои не можат да се полнат и производи кои можат да се полнат, а чијашто внатрешна длабочина, измерена од најниската точка до хоризонталната рамнина што ми нува низ горниот раб, не надминува 25 mm 0,8 mg/dm2 0,07 mg/dm2 — Категорија 2: Сите други производи кои може да се полнат 4,0 mg/l 0,3 mg/l — Категорија 3: Садови за готвење; садови за пакување и чување со капацитет поголем од три литри 1,5 mg/l 0,1 mg/l (5) Меѓутоа, кога керамичкиот производ не ги надминува горенаведените количества за повеќе од 50%, тој производ сепак се смета дека ги исполнува барањата од овој правилник доколку барем три други производи со иста форма, димензии, декорации и глазура се под ложени на тест извршен според условите утврдени во Прилог 1 и Прилог 2 од овој правил ник, а просечните количества на олово и/или кадмиум мигрирани од тие производи не ги надминуваат утврдените граници, при што ниту еден од тие производи не ги надминува тие граници за повеќе од 50%. Член 5 (1) Керамичките производи кои не биле во контакт со храна, а се во фазата на промет, вклучувајќи ја и малопродажбата, треба да бидат придружени со изјава за усогласеност во согласност со Правилникот за општи барања за материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната, дадена во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник или со образецот за изјава за усогласеност даден во Прилог 3 од Правилникот за општи барања за материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната, при што во делот за из јавата ќе се наведе и исполнувањето на барањата од овој правилник. (2) На барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, производителот или увозникот во Република Македонија треба да ја обезбеди потребната документација за докажување на усогласеноста на керамичките производи со дозволените вредности за миграција на олово и кадмиум утврдени во член 4, став (4) од овој правилник. Документацијата ги содр жи резултатите од направените анализи, условите за тестирање и името и адресата на ла бораторијата која го спровела тестирањето. Член 6 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен вес ник на Република Македонија”. Бр. 16-4507/3 3 октомври 2012 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 3 од 6 Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 4 од 6 Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 5 од 6 Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 6 од 6