Regulation on special requirements for the safety of recycled plastic products and materials that come in contact with food, the procedure for approving the processes of recycling of plastic products and materials that come in contact with food and the labelling of recycled plastic products and materials that come into contact with food
صدر في 2017-03-07 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за посебните барања за безбедност на рециклираните пластични производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната, постапката за одобрување на процесите на рециклирање на пластични производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната и означувањето на рециклираните пластични производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Food and nutrition, Waste and hazardous substances
- الكلمات المفتاحية
- food safety and quality, packaging/labelling, procedural matters, authorization/permit, plastic, recycling/reuse
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 56 од 15.5.2017 година 20170561114 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 59, став (9) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15 и 39/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА РЕЦИКЛИРАНИТЕ ПЛАСТИЧНИ ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА, ПОСТАПКАТА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ НА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПЛАСТИЧНИ ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА И ОЗНАЧУВАЊЕТО НА РЕЦИКЛИРАНИТЕ ПЛАСТИЧНИ ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА (*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за безбедност на рециклираните пластични производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната, постапката за одобрување на процесите на рециклирање на пластични производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната и означувањето на рециклираните пластични производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната. Член 2 (1) Одредбите на овој правилник се однесуваат на пластични материјали и производи и делови од нив наменети да стапат во контакт со храната од член 2 од Правилникот за посебните барања за безбедност на пластичните материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната2 кои содржат рециклирана пластика (во понатамошниот текст „рециклирани пластични материјали и производи“). (2) Одредбите на овој правилник не се однесуваат на следните пластични материјали и производи, под услов тие да се произведени според добра производна пракса, како што е утврдено во Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната1: (а) рециклирани пластични материјали и производи произведени од мономери и почетни супстанции, добиени со хемиска де -полимеризација на пластични материјали и производи; (б) рециклирани пластични материјали и производи произведени од неискористени отпадоци при производство на пластика и/или отпадни материјали од процесот на производство на пластика согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на пластичните материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната2, кои се рециклираат во самиот објектот за производство на пластика или на друго место и (в) рециклирани пластични материјали и производи, во кои рециклираната пластика се користи зад пластична функционална бариера, како што е утврдено со Правилникот за посебните барања за безбедност на пластичните материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната2; () Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр. 282/2008 од 27 март 2008 година за рециклирани пластични материјали и предмети одредени да стапат во контакт со храна и из менување наРегулатива (ЕЗ) бр. 2023/2006, CELEX број 32008L0282. Службен весник на РМ, бр. 55 од 11.5.2017 година 2 од 7 (3) Одредбите на Правилникот за посебните барања за безбедност на пластичните материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната2 и понатака се однесуваат на пластичните материјали и производи кои спаѓаат во опсегот на овој правилник. Член 3 (1) Поимите дефинирани во Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната1 и Правилникот за посебните барања за безбедност на пластичните материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната2 се применуваат и во овој правилник. (2) Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: (а) „процес на рециклирање“ е процес во кој пластичен отпад се рециклира во согласност со дефиницијата за рециклирање од член 5 точка 9) од Законот за управување со пакување и отпад од пакување3; за целите на овој правилник, овој термин е ограничен на процеси во кои се произведува рециклирана пластика; (б) „суровина од пластика“ се собрани и сортирани употребени пластични материјали и производи кои се користат како влезна суровина во процесот на рециклирање; (в) „затворен и контролиран производен циклус“ е циклус во кој производите циркулираат со контролиран состав при повторна употреба и дистрибуција и во кои рециклираниот материјал потекнува исклучиво од овие субјекти во синџирот, така што ненамерното внесување на надворешен материјал е сведено на минимум; (г) „тест на предизвик“ е демонстрација на делотворноста на процесот на рециклирање за да се отстрани хемиската контаминација од пластичните материјали и производи; (д) „конвертор“ е секое физичко или правно лице одговорно да обезбеди дека деловниот објект под негова контрола ги исполнува барањата за рециклирани пластични материјали и производи пропишани со овој правилник и (ѓ) „преработувач“е секое физичко или правно лице одговорно да обезбеди дека деловниот објект под негова контрола ги исполнува барањата за процесот на рециклирање пропишани со овој правилник. Член 4 (1) Рециклирани пластични материјали и производи може да се стават во промет во Република Македонија само ако содржат рециклирана пластика добиена единствено од одобрен процес на рециклирање, во согласност со овој правилник. (2) Одобрениот процес на рециклирање, од став (1) на овој член, треба да биде управуван со соодветен систем за гаранција на квалитет дека рециклираната пластика е во согласност со барањата поставени во одобрението од член 5 на овој правилник. (3) Системот за гаранција на квалитет треба да ги исполни деталните правила за добра производна пракса утврдени во Прилог 2 на Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната1. Член 5 За да биде одобрен, процесот на рециклирање треба да ги исполнува следните барања: (а) квалитетот на суровината од пластика треба да биде дефиниран и контролиран во согласност со критериумите кои гарантираат усогласеност на крајните рециклирани пластични материјали и производи од член 6 на Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната1; Службен весник на РМ, бр. 55 од 11.5.2017 година 3 од 7 (б) суровината од пластика треба да потекнува од пластични материјали и производи произведени во согласност со барањата од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната1 и Правилникот за посебните барања за безбедност на пластичните материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната2; (в) суровината од пластика треба да потекнува од затворен и контролиран производен циклус што обезбедува дека се користат само материјали и производи кои биле наменети да дојдат во контакт со храна со што се исклучува било какво загадување; (г) дозволена горна граница на внес на пластика која не е произведена за контакт со храна е 5%; (д) треба да се докаже со тест за предизвик, или со друг соодветен научен доказ дека процесот може да намали било какво загадување на суровината од пластика до концентрација која не предизвикува последици по здравјето; (ѓ) квалитетот на рециклираната пластика треба да биде дефиниран и контролиран во согласност со критериумите со кои се обезбедува усогласеност на крајниот рециклиран пластичен материјал и производ од член 6 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната1 и (е) треба да воспостават услови на користење на рециклираната пластика со што се обезбедува дека рециклираните пластични материјали и производи се во согласност со член 6 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната1. Член 6 (1) Постапката за одобрување пропишана во членовите 9 и 10 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната1 се применува и за одобрување на процесите на рециклирање. (2) Техничкото досие кое се приложува кон барањето за одобрување на процес на рециклирање, покрај информациите утврдени во член 10 став (3) алинеја 1 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната, треба да ги содржи и следните информации: квалитет на влезниот материјал; опис на процесот на рециклирање; доказ за ефикасноста на процес на деконтаминација при рециклирање т.н. тест на предизвик и информации за крајната намена на рециклираната пластика. Член 7 (1) Доколку процесот на рециклирање ги исполнува барањата утврдени во член 5 на овој правилник, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство издава одобрение на процесот на рециклирање во рок од шест месеци од приемот на барањето. (2) Доколку процесот на рециклирање не ги исполнува барањата утврдени во член 5 на овој правилник, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство издава решение за одбивање на барањето за одобрение на процесот на рециклирање во рок од шест месеци од приемот на барањето. (3) Одобрениот процес на рециклирање Агенцијата го евидентира. Службен весник на РМ, бр. 55 од 11.5.2017 година 4 од 7 Член 8 (1) По одобрувањето на процесот на рециклирање во согласност со овој правилник, носителот на одобрението кој го користи одобрениот процес на рециклирање треба да ги исполнува условите или ограничувањата придружени со одобрението. (2) Секој конвертор кој користи рециклирана пластика добиена со одобрен процес на рециклирање или секој деловен субјект кој користи материјали и предмети кои содржат рециклирана пластика добиена со одобрен процес на рециклирање треба да ги исполнува условите или ограничувањата придружени со одобрението. (3) Носителот на одобрението кој го користи одобрениот процес на рециклирање веднаш треба да ја информира Агенцијата за било какви нови научни или технички информации кои може да влијаат на процената на безбедносната на процесот на рециклирање во поглед на здравјето на луѓето. (4) Доколку има промени во процесот на рециклирање, Агенцијата повторно ја разгледува процената на безбедносната на процесот на рециклирање. Член 9 Означувањето на рециклираните пластични производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната се врши во согласност со член 19 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната1. Член 10 Рециклираната содржина во рециклирани пластични материјали и предмети се означува на доброволна основа и треба да ги следи правилата утврдени во МК ИСО 14021:1999 стандардот или друг еквивалентен стандард. Член 11 (1) Покрај барањата пропишани во членовите 15 и 16 од Правилникот за посебните барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната*2, декларацијата за усогласеност на рециклирани пластични материјали и предмети треба да ги содржи информациите од Прилог 1 дел А на овој правилник. (2) Покрај барањата пропишани во членовите 15 и 16 од Правилникот за посебните барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната*2, декларацијата за усогласеност на рециклираната пластика треба да содржи информациите од Прилог 1 дел Б на овој правилник. Член 12 (1) Деловен субјект кој сака да увезе производи што доаѓаат во контакт со храна, а се добиени од рециклирана пластика треба да обезбеди одобрение од Агенцијата согласно членовите 9 и 10 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната1, со цел да се утврди дека производите се добиени од одобрени процеси за рециклирање и се безбедни да дојдат во контакт со храна. (2) Во прилог на барањето за добивање одобрение од ставот (1) на овој член, покрај информациите утврдени во член 10 став (3) од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната, деловниот субјект треба да ги приложи и следните документи: техничко досие што содржи информации специфицирани во насока за проценка за безбедноста на супстанцијата, типот на употребената пластика, општ опис на клучните чекори во процесот на рециклирање, посебно оние кои се однесуваат на отстранување на Службен весник на РМ, бр. 55 од 11.5.2017 година 5 од 7 потенцијалните контаминенти, употребата на рециклираната пластика и нејзиното процентуално учество во крајниот производ, единечна или повторувачка употреба, типот на храната за која ќе се употребува; изјава за усогласеност во која има соодветна потврда за исполнување на релевантни барања за рециклирани материјали и производи, утврдени во овој правилник и Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната1 за добра производна пракса за материјали и производи од рециклирана пластика, наменети да доаѓаат во контакт со храна; објавено мислење од ЕФСА за процесот на рециклирање и одобрение од земјата каде е произведен производот што доаѓаат во контакт со храна кој е добиен од рециклирана пластика. Член 13 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе се донесе по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија. Бр. 02-78/3 Агенција за храна 7 март 2017 година и ветеринарство Скопје Директор, м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 55 од 11.5.2017 година 6 од 7 Службен весник на РМ, бр. 55 од 11.5.2017 година 7 од 7