Regulation on special requirements for the safety of natural mineral water, spring water and other packaged water
صدر في 2018-03-09 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- food safety and quality, mineral water, hygiene/sanitary procedures, internal trade, international trade, packaging/labelling, inspection
- الفئات
- *
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 1 од 24 20181843378 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 57, став (14) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРИРОДНА МИНЕРАЛНА ВОДА, ИЗВОРСКА ВОДА И ДРУГА ПАКУВАНА ВОДА (*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за безбедноста на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода. Член 2 (1) Поимите дефинирани во Законот за безбедност на храната и прописите донесени врз основа на тој закон се применуваат и во овој правилник. (2) Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) „Пакувана вода” во смисла на овој правилник е природна минерална вода, изворска и друга пакувана вода во оригинална амбалажа со специфични природни физичко-хемиски, микробиолошки и радиолошки особини, која е од хигиенски каптиран извор обезбеден со санитарно-заштитни зони и директно од извориштето се полни во стерилна амбалажа и истата може да биде пуштена во промет во шишиња или садови кои нема да влијаат на нејзината безбедност; 2) „Природна минерална вода“ е микробиолошки безбедна вода, која потекнува од подземна водна маса или слој и се појавува на површината на извор каптиран во една или повеќе природни или издупчени точки на излегување на површината. Природната минерална вода јасно се разграничува од обичната вода за пиење според нејзината природа, која се карактеризира со содржината на минерали, микроелементи или други состојки кои поволно влијаат на организмот и според нејзината чистота. Карактеристиките на природната минерална вода се сочувани поради подземното потекло на таа вода, која е заштитена од сите ризици од загадување; 3) „Природно газирана природна минерална вода“ е вода чија содржина на јаглерод диоксид при извирање останува иста и по спроведување на декантацијата и по пакувањето земајќи го во предвид, доколку е соодветно, повторно внесеното количество на јаглерод диоксид од истата водна маса или слој, што е еднакво на количеството ослободено за време на овие постапки и предмет на вообичаените технички дозволени отстапувања; 4) „Природна минерална вода збогатена со гас од изворот“ е вода чија содржина на јаглерод диоксид од истата водна маса или истиот слој по декантацијата, ако истата се врши, и по пакувањето, е поголема од она што е утврдено на изворот; 5) „Газирана природна минерална вода“ е вода во која е додаден јаглерод диоксид со потекло различно од водната маса или слој, од кои потекнува водата; 6) „Изворски води“ се води кои се наменети за консумирање од страна на луѓето во нивната природна состојба, кои се полнат на извориштето, не се пречистуваат и се наменети да бидат пуштени во промет во шишиња или садови кои нема да влијаат на безбедноста на пакуваната изворска вода; (*) Со овој правилник се врши усогласување со Директивата (ЕЗ) бр. 54/2009 од 18 јуни, 2009 година за искористувањето и продажба на природни минерални води, CELEX бр. 32009L0054, Директивата (ЕЗ) бр. 40/2003 од 16 мај, 2003 година која ги утврдува списокот, гра ниците на концентрација и барањата за означување за состојките на природната минерална вода и условите за користење на воздух збо гатен со озон за третман на природните минерални води и изворските води, CELEX бр. 32003L0040 и Регулативата (ЕЗ) бр. 115/2010 од 9 февруари, 2010 година за утврдување на условите за употреба на активен алуминиум за отстранување на флуор од природните мине рални и изворски води, CELEX бр. 32010R0115 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 2 од 24 7) „Други пакувани води“ се оние води кои се наменети за консумирање од страна на луѓето, не се природни минерални и изворски води и се наменети да бидат пуштени во промет во шишиња или садови кои нема да влијаат на безбедноста на пакуваната вода. Член 3 (1) Одредбите на овој правилник се однесуваат на сите природни минерални води, изворската вода и друга пакувана вода одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенција) како природни минерални води, изворски води и други пакувани води кои се експлоатираат на територија на Република Македонија или се увезени и кои се во согласност со карактеристиките на природната минерална вода дадени во Прилог 1 дел 1, кој е составен дел на овој правилник. (2) Природната минерална вода се одобрува само доколку е во согласност со карактеристиките на природната минерална вода дадени во Прилог 1, дел 1 на овој правилник и доколку се вршат редовни проверки за примената на одредбите од член 5 став (1) од овој правилник. Член 4 Oдредбите на овој правилник не се применуваат на: 1) води кои се медицински производи наменети за луѓето утврдени со Правилникот за содржината на образецот на барањето и потребната документација која треба да се достави за запишување на медицинските помагала во регистарот на медицински помагала во Република Македонија (*1); и 2) природни минерални води кои се користат на изворот за лековити цели во термални или хидроминерални објекти. Природна минерална вода Член 5 (1) За да може да се одобри експлоатација на природна минерална вода треба да бидат исполнети барањата од Прилог 1 на овој правилник. (2) При експлоатацијата, опремата за експлоатација на природната минерална вода треба да се постави на начин на кој се избегнува секаква можност од загадување и со кој се задржуваат својствата на водата кои ги поседува на изворот, а особено: 1) изворот или истекувањето треба да е заштитено од можност за загадување; 2) каптажата, цевките и резервоарите треба да се направени од материјали погодни за вода и изградени така што да спречуваат какви било хемиски, физичко-хемиски или микробиолошки загадувања на водата; 3) условите за искористување, особено опремата за миење и пакување во шишиња, ги исполнува хигиенските услови, а особено контејнерите треба да бидат третирани или произведени за да се избегнуваат несаканите дејства врз микробиолошките и хемиските карактеристики на природната минерална вода; и 4) природната минерална вода не треба да се транспортира во контејнери, различни од оние кои се одобрени за доставување до крајниот потрошувач. (3) Доколку при вршење на експлоатација се утврди дека природна минерална вода е загадена и повеќе не ги исполнува микробиолошките барања од член 16 на овој правилник, експлоатацијата на извориштето се прекинува, особено процесот на полнење во шишиња, се додека не се отстрани причината за загадувањето и додека водата не ги исполни микробиолошките барања. (4) Врз природната минерална вода периодично се вршат проверки за да се утврди дали: Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 3 од 24 1) е во согласност со карактеристиките кои треба да ги исполнува природната минерална вода, дадени во Прилог 1 дел 1 од овој правилник; и 2) одредбите на ставовите (2) и (3) од овој член се применуваат од страна на операторот кој управува со експлоатацијата на изворот. Член 6 Изворите со природни минерални води можат да бидат експлоатирани и водата да се полни во шишиња само доколку се исполнети барањата од член 5 од овој правилник. Член 7 (1) Природната минерална вода на самото извориште не треба да биде предмет на никаков друг третман освен на: 1) одвојување на нејзините нестабилни елементи како железни и сулфурни соединенија преку филтрација или декантација на кое може да му претходи оксигенација, доколку овој третман не го менува составот на водата во однос на основните состојки кои ги даваат нејзините својства; 2) одвојување на железни, магнезиумови и сулфурни соединенија, како и арсен од некои природни минерални води преку обработка со воздух збогатен со озон, доколку тој третман не го менува составот на водата во однос на основните состојки кои ги даваат нејзините својства, и доколку: третманите се претходно одобрени од директорот на Агенцијата по спроведената постапка за одобрување на третманот на барање на операторот кој ја полни природната минерална вода и природната минерална вода која е увезена, потребно е Агенцијата да биде известена за применетите третмани; 3) одвојување на несакани состојки различни од оние наведени во точките 1) или 2) на овој член, доколку третманот кој се користи за одвојување не го менува составот на водата во однос на основните состојки кои ги даваат нејзините својства и, доколку: третманите се претходно одобрени од директорот на Агенцијата по спроведената постапка за одобрување на третманот на барање на операторот кој ја полни природната минерална вода; природната минерална вода која е увезена потребно е Агенцијата да биде известена за применетите третмани и 4) потполно или делумно издвојување на слободниот јаглерод диоксид од природната минерална вода се врши исклучиво со физички постапки. (2) Природната минерална вода, на извориштето, не треба да подлежи на никакво дополнително збогатување, освен на внесување или повторно внесување на јаглерод диоксид. (3) На природната минерална вода не треба да се врши дезинфекција со било какви средства и во согласност со став (2) на овој член, додавање на бактериостатски елементи или кој било друг третман, кој би можел да го промени вкупниот број на микроорганизми од природната минерална вода. (4) Одредбата на ставот (1) на овој член не се применува во случај на употребата на природни минерални води во производството на безалкохолни пијалоци. Член 8 (1) Природните минерални води може да содржат одредени состојки кои треба да бидат во границите на дозволените нивоа. Состојките на природните минерални води треба да бидат во границите на максимално дозволени нивоа кои се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Овие состојки можат природно да се присутни во водата и може да не се резултат од загадување на изворот. Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 4 од 24 (2) Во времето на пакувањето, состојките на природните минерални води треба да бидат во согласност со максимално дозволените нивоа дадени во Прилог 2 на овој правилник. (3) Аналитичките методи за мерење на концентрацијата на состојките на природните минерални води се вршат согласно карактеристиките за анализирање на присуство на состојки дадени во Прилог 3, кој е составен дел на овој правилник. Член 9 (1) Природната минерална вода со концентрација на флуориди, која надминува 1,5 mg/L треба да се означи со зборовите „содржи повеќе од 1,5 mg/L флуориди: не е соодветна за редовна употреба на доенчиња и деца под седум годишна возраст“. (2) Податоците на означувањето од став (1) на овој член треба да бидат поставени во непосредна близина на трговското име и со јасно читливи букви. (3) Природните минерални води при означувањето, треба да ја содржат точната количина на флуоридите во однос на физичко-хемискиот состав во смисла на основните состојки согласно член 18 став (3) точка (5) на овој правилник. Член 10 (1) По исклучок од член 7 став (1) точка 2) на овој правилник при третирање на природните минерални води со воздух збогатен со озон операторот со храна однапред треба да ја извести Агенцијата, која треба да потврди дека: 1) употребата на ваквото третирање е оправдано со составот на водата во смисла на соединенија на железо, манган, сулфур и арсен; и 2) операторот со храна ги преземал сите потребни мерки за ефективно и безбедно третирање на природната минерална вода како и да овозможи непречена контрола од страна на Агенцијата. (2) Третирањето на природните минерални води со воздух збогатен со озон треба да биде во согласност со следните барања: 1) физичко-хемискиот состав на природните минерални води во смисла на основните состојки не треба да се измени со третирањето; 2) природната минерална вода пред третирањето треба да биде во согласност со микробиолошките критериуми утврдени во член 16 став (1) и (2) од овој правилник и 3) третирањето не треба да доведе до создавање на остатоци со концентрација, која ги надминува максималните граници утврдени во Прилог 4, кој е составен дел на овој правилник или остатоци кои можат да преставуваат ризик за јавното здравје. Член 11 Природните минерални води кои се третирани со воздух збогатен со озон, треба да бидат означени така што во близина на аналитичкиот состав на карактеристичните состојки на водата, треба да се наведат зборовите „вода подложена на одобрена техника на оксидација со воздух збогатен со озон“ или „вода подложена на одобрен третман со озонирање“ или „озонирана”. Член 12 (1) Прочистувањето на природни минерални води со цел да се отстранaт флуоридите, (во понатамошниот текст: постапка за отстранување на флуориди) се врши со активен алуминиум. (2) Постапката за отстранување на флуориди се врши во согласност со техничките барања дадени во Прилог 5, кој е составен дел на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 5 од 24 Член 13 Ослободувањето на остатоци во природната минерална како резултат на постапката за отстранување на флуориди треба да биде на најниско ниво, колку што е технички изводливо и не треба да претставува ризик за здравјето на луѓето. За да се осигури ова, операторот со храна спроведува и ги следи техничките барања дадени во Прилог 5 од овој правилник. Член 14 (1) За примената на постапката за отстранување на флуориди се известува Агенцијата најмалку три месеци пред примена на постапката. (2) Со известувањето, операторот со храна ги доставува до Агенцијата потребните информации, документација и аналитички резултати за прочистувањето, кои покажуваат дека е постапено во согласност со техничките барања дадени во Прилог 5 од овој правилник. Член 15 Природната минерална вода која е подложена на постапка за отстранување на флуориди, треба да биде означена со зборовите „природна минерална вода подложена на одобрена техника на адсорпција“. Член 16 (1) Вкупниот број на живи микроорганизми од природната минерална вода на изворот треба да е во согласност со нормалниот број на микроорганизми од природната минерална вода и да дава задоволителен доказ за заштитата на изворот од секакво загадување. (2) Вкупниот број на микроорганизми се определува во согласност со барањата дадени во Прилог 1, дел 2, точка 1.3.3 на овој правилник. (3) По пакувањето на природната минерална вода во шишиња, вкупниот број на микроорганизми во водата не треба да надмине 100 на 1 ml по извршената инкубација на хранителна подлога од „агар-агар“ или „агар-желатин“ при 20 ° C до 22 ° С за 72 часа и 20 на 1 ml по инкубација на хранителна подлога „агар-агар“ при 37 ° С за 24 часа. Вкупниот број на микроорганизмите се мери во рок од 12 часа по полнењето во шишиња и во текот на тој период водата се одржува на 4 ° С ± 1 ° С во текот на 12-часовниот период. (4) На изворот, вредностите од став (3) на овој член, на микроорганизми во природната минерална вода не треба да надминуваат 20 на 1 ml при 20 ° C до 22 ° С за 72 часа и 5 на 1 ml при 37 ° С за 24 часа редоследно, под услов овие вредности да се сметаат за водечки (показателни) вредности, а не за максимално дозволени концентрации. (5) Природната минерална вода на извориштето и во промет, не треба да содржи: 1) паразити и патогени микроорганизми; 2) Escherichia coli и други колиформни бактерии и фекални стрептококи во секој испитан примерок од 250 ml; 3) анаеробни сулфиторедуцирачки бактерии кои создаваат спори во секој испитан примерок од 50 ml; и 4) Pseudomonas aeruginosa во секој испитан примерок од 250 ml. (6) По исклучок од ставовите (1), (2) и (3) од овој член и барањата за употреба утврдени во член 5 од овој правилник, при ставање во промет oбновливиот вкупен број на микроорганизми на природната минерална вода е оној кој е резултат на нормалното зголемување на бројот на бактериите кои биле присутни на изворот при што природната минерална вода не треба да има никакви органолептички отстапувања. Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 6 од 24 Член 17 Сите садови кои се користат за пакување на природна минерална вода, треба да бидат опремени со затворач, дизајниран со цел да се избегне фалсификат или неповолни ефекти за микробиолошките и хемиски карактеристики на природната минерална вода. Член 18 (1) Природната минерална вода треба да биде означена со името: „природна минерална вода“. Природната минерална вода која содржи додаден јаглерод диоксид се означува како „природно газирана природна минерална вода“, „природна минерална вода со додадена гас од изворот“ или „газирана природна минерална вода“. (2) Природна минерална вода на која со физичка постапка потполно или делумно е отстранет јаглерод диоксидот, која била подложена на некоја од постапките наведени во член 7 став (1) точка 4) на овој правилник, се дополнува со ознаката „целосно дегазирана“ или „делумно дегазирана“. (3) Освен името на природната минерална вода, означувањето на природните минерални води треба да ги содржи најмалку следните информации: 1) име на операторот со храна кој ја полни и става во промет природната минерална вода; 2) местото каде што се искористува изворот и името на изворот; 3) нето количество; 4) датум на полнењето и рок на употреба или „употребливо до”; 5) задолжителни дополнителни информации на означувањето: приказ на аналитичкиот состав добиен со хемиска анализа на природната минерална вода во mg/l - минерализација (натриум, калиум, калциум, магнезиум, хлориди, сулфати, бикарбонати и други анјони и катјони кои се од интерес за потрошувачот, како и сув остаток на 180°С) и јаглерод диоксид; 6) информации за секој третман наведен во член 7 став (1) точки 2) и 3) од овој правилник; 7) број на одобрението за полнење и ставање во промет на природната минерална вода, издадено од страна на Агенцијата; и 8) име на акредитирана лабораторија во која е извршена лабораториската анализа на минералната вода, лабораториски број и број на анализа. Член 19 (1) Во означувањето на природната минерална вода, името на локалитетот, населба или местото може да се вклучи во текстот на трговското име, под услов тоа да се однесува на местото на изворот од каде се искористува природната минерална вода и доколку тоа не доведува до заблуда во однос на местото на искористување на изворот. (2) Природна минерална вода од ист извор треба да носи едно единствено трговско име. (3) Кога означувањето на природните минерални води кои се нудат за продажба вклучуваат трговското име различно од името на изворот или местото на неговото искористување, тоа место на искористување или името на изворот се наведуваат со букви чија височина и широчина се најмалку еден и пол пати поголеми од најголемите букви кои се користат за продажното име. (4) Одредбите од став (1) на овој член се применува mutatis mutandis во однос на трговското име кое се користи за рекламирање. Член 20 (1) На пакувањето или означувањето, како и при рекламирањето, не треба да се користат обележувања, ознаки, трговски марки и заштитни имиња, слики или други знаци, во каква и да е форма, без разлика дали се фигуративни или не, кои: Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 7 од 24 1) во случај на природна минерална вода, укажуваат на карактеристика која водата не ја поседува, особено во однос на нејзиното потекло, датум на одобрението за употреба, резултати од анализите или слични упатувања на гаранции за автентичност; и 2) во случај кога се работи за вода за пиење која е пакувана во контејнери, која не ги исполнува карактеристиките дадени во Прилог 1 дел 1 на овој правилник, може да доведе до забуна со природна минерална вода, а особено означувањето „минерална вода“. (2) Означувањето не треба да содржи зборови со кои се припишуваат својства на природната минерална вода во врска со превенција, лекување или лек за болест кај луѓето. (3) Означувањата од табелата во Прилог 6 кој е составен дел на овој правилник, може да се користат доколку се во согласност со карактеристиките утврдени во таа табела, под услов истите да се врз основа на физичко-хемиски анализи и онаму каде што е потребно фармаколошки, физиолошки и клинички испитувања изведени во согласност со утврдени научни методи. (4) На означувањето може да стои ознаката „погодна за подготовка на храна за доенчиња “ ако ги исполнува следните посебни услови: содржината на натриум да не биде повеќе од 20 mg/L, нитрати не повеќе од 10 mg/L и нитрити не повеќе од 0,02 mg/L, сулфати не повеќе од 240 mg/L, арсен не повеќе од 0,005 mg/L, ураниум не повеќе од 0,002 mg/L, радиум 226 не повеќе од 20 mBq/L. (5) Дозволеното отстапување од физичко-хемискиот состав на природната минерална вода може да биде означено до ±20% сметано за вкупните состојки наведени во означувањето. Изворска вода Член 21 (1) Хемискиот состав на основните состојки (присуство на анјони и катјони), температурата и други значајни услови за изворската вода (проток, сезонско колебање), треба да бидат стабилни и во границите на природно колебање, односно не треба да бидат изменети во текот на експлоатацијата. (2) Зачестеноста на земање на мостри за анализа на изворската вода е дадена во Прилог 7 од овој правилник. (3) Изворските води треба да ги исполнуваат микробиолошките параметри, физичко хемиските параметри, индикаторските параметри и радиоактивност утврдени во Прилог 8 кој е составен дел на овој правилник. Член 22 (1) Изворската вода треба да има карактеристичен состав на поедини минерални соли, присуство на микроелементи и да има своја постојаност во составот и температурата во различни годишни сезони, како и бактериолошка, паразитолошка, физичко-хемиска и радиолошка безбедност. (2) Карактеристиките од став 1 на овој член, кои на изворската вода и даваат одредени својства, се утврдуваат врз основа на: геолошките и хидролошките испитувања на теренот и физички, хемиски, физичко-хемиски, бактериолошки, паразитолошки анализи, анализи на резидуи од пестициди и радиолошки анализи. Член 23 Изворската вода треба да ги исполнува следните посебни барања: да се зафаќа директно од природни или каптирани изворишта од подземните води; Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 8 од 24 да се полни единствено со опрема и во садови во оригинална амбалажа дозволени за прехранбена употреба според прописите за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, заради обезбедување на безбедноста на водата; да се полни блиску до местото на извориштето со вообичаени мерки за хигиенска претпазливост, при што доводот на изворската вода да се врши со цевковод; амбалажата во која се полни изворската вода треба да биде од материјал кој не менува ниту едно од својствата на водата; материјалот од којшто се направени цевководите не треба да испушта токсични материи во изворската вода; да не се вршат никакви третмани, освен утврдените во член 7 од овој правилник. Член 24 (1) Опремата за експлоатација на изворската вода треба да биде инсталирана на начин на кој ќе се избегне можност за било каква контаминација и да се зачуваат нејзините својства, кои се совпаѓаат со својствата кои водата ги поседува на извориштето. (2) Извориштето треба да биде заштитено од ризик на загадување, а ретенциониот резервоар или сливањето на вода, цевките и резервоарите треба да бидат од материјал кој е погоден за експлоатација на вода и изграден на начин кој спречува било какви измени на хемиска, физичко-хемиска или микробиолошка промена на водата. (3) Инсталациите наменети за експлоатација на изворската вода, особено погонот за миење и пакување, треба да ги исполнуваат хигиенските услови. (4) Со садовите во кои се пакува изворската вода треба да се постапува или да бидат произведени така да се избегнат неповолни ефекти за микробиолошките и хемиските карактеристики на изворската вода. (5) Транспортот на пакуваната изворска вода треба да се врши само во амбалажа, која е одобрена за дистрибуција до крајниот потрошувач. Член 25 (1) Во изворските води, на извориштето, може да има до пет аеробни мезофилни бактерии во 1 ml после инкубација на температура од 37 0C во период од 24 часа, или 20 аеробни мезофилни бактерии во 1ml по периодот на инкубација на хранителен агар на температура од 20- 22 0C во период од 72 часа. (2) По пакувањето на изворската вода, вкупниот број на аеробни мезофилни бактерии не треба да биде поголем од 20 на 1 ml по периодот на инкубација на хранителен агар на температура од 37 0C во време од 24 часа, или 100 аеробни мезофилни бактерии во 1ml по инкубација на хранителен агар на температура од 20-22 0C во период од 72 часа. Вкупниот број на аеробни мезофилни бактерии се одредува најдоцна 12 часа по полнењето на водата во амбалажа, со назнака да земената мостра била чувана на 4+1 0C. (3) Изворската вода на извориштето и пуштена во промет, не треба да содржи патогени микроорганизми, паразити, Escherichia colli, вкупни колиформни бактерии, Streptococcus fecalis и Pseudomonas aeruginosa во 250ml испитувана мостра, како и сулфиторедуцирачки клостридии (спорогени анаеробни бактерии) во 50ml испитувана мостра. (4) Методата за испитување на колиформните бактерии, термотолерантните колиформни бактерии и Escherichia coli се врши според MKС ЕN ISO 9308-1 со мембранска филтрација. Член 26 (1) Информациите на означувањето на изворската вода треба да се напишани на македонски јазик и да го содржат следното: Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 9 од 24 име на изворската вода; име на операторот со храна кој ја полни и става во промет изворската вода; местото каде што се искористува изворот и името на изворот; нето количество; датум на полнењето и рок на употреба или „употребливо до”; задолжителни дополнителни информации на означувањето: приказ на аналитичкиот состав добиен со хемиска анализа на изворската вода во mg/l - минерализација (натриум, калиум, калциум, магнезиум, хлориди, сулфати, бикарбонати и други анјони и катјони кои се од интерес за потрошувачот, како и сув остаток на 180оС) и јаглерод диоксид; бројот и датумот на одобрението за полнење и ставање во промет на изворската вода издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија; име на акредитирана лабораторија во која е извршена лабораториската анализа на изворската вода, лабораториски број и број на анализа. (2) Ако изворската вода е третирана со воздух збогатен со озон, означувањето треба да ги содржи зборовите „вода подложена на одобрена техника на оксидација со воздух збогатен со озон“ или „вода подложена на одобрен третман со озонирање“ или „озонирана”. (3) Информациите на означувањето треба да бидат лесно воочливи, јасни и читливи. Означувањето не треба да содржи ознаки, слики или цртежи кои би можеле да го доведат во заблуда потрошувачот во поглед на потеклото, составот, својствата, намената и дејството на изворската вода. (4) Дозволеното отстапување од физичко-хемискиот состав на изворската вода може да биде означено до ±20% сметано за вкупните состојки наведени во означувањето. Пакувана вода Член 27 (1) Пакуваните води се сметаат за безбедни доколку не содржат било какви микроорганизми или паразити или не содржат супстанции кои според бројноста или концентрацијата претставуваат потенцијална опасност по здравјето на луѓето. (2) Пакуваните води треба да ги исполнуваат микробиолошките параметри, физичко хемиските параметри, индикаторските параметри и радиоактивност утврдени во Прилог 8 на овој правилник. Член 28 (1) На пакуваната вода за пиење треба редовно да се врши основен и периодичен преглед. Основниот преглед ја опфаќа лабораториската анализа на параметрите утврдени во Прилог 8, дел А и дел В од овој правилник. (2) Периодичниот преглед ја опфаќа лабораториската анализа на параметрите утврдени во Прилог 8, дел А, дел Б и дел В од овој правилник. (3) По исклучок од став 1 од овој член се вршат и дополнителни прегледи во услови на постоење хигиенско епидемиолошки индикации. (4) Зачестеноста на земање на мостри за анализа на пакуваната вода од објектот за производство во текот на една календарска година е дадена во Прилог 7 на овој правилник. Член 29 (1) Информациите на означувањето на пакуваната вода треба да се напишани на македонски јазик и да го содржат следното: име на пакуваната вода; Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 10 од 24 име на операторот со храна кој ја полни и става во промет пакуваната вода; местото каде што се искористува изворот и името на изворот; нето количество; датум на полнењето и рок на употреба или „употребливо до”; задолжителни дополнителни информации на означувањето: приказ на аналитичкиот состав добиен со хемиска анализа на пакуваната вода во mg/l - минерализација (натриум, калиум, калциум, магнезиум, хлориди, сулфати, бикарбонати и други анјони и катјони кои се од интерес за потрошувачот, како и сув остаток на 180оС) и јаглерод диоксид; бројот и датумот на одобрението за полнење и ставање во промет на пакуваната вода издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија; име на акредитирана лабораторија во која е извршена лабораториската анализа на пакуваната вода, лабораториски број и број на анализа. (2) Ако пакуваната вода е третирана со воздух збогатен со озон, означувањето треба да ги содржи зборовите „вода подложена на одобрена техника на оксидација со воздух збогатен со озон“ или „вода подложена на одобрен третман со озонирање“ или „озонирана”. (3) Информациите на означувањето треба да бидат лесно воочливи, јасни и читливи. Означувањето не треба да содржи ознаки, слики или цртежи кои би можеле да го доведат во заблуда потрошувачот во поглед на потеклото, составот, својствата, намената и дејството на пакуваната вода. Член 30 (1) Пред користење на нов извор, правното лице, треба да изврши испитувања најмалку четири пати во тек на една година и тоа во различни последователни годишни сезони, согласно параметрите и обемот на анализите дадени во Прилозите 3 и 4 од Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (*2). (2) Во случај на прекин на користењето на водата повеќе од шест месеци, пред отпочнување со ново користење треба да се направи лабораториска анализа согласно Прилозите 3 и 4 од Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (*2). Член 31 Правнoтo лице треба да води уредна документација за спроведените испитувања или преземените мерки на системот за полнење и резултатите од лабораториските анализи. Член 32 (1) Постапката на земање, конзервирање, превоз и чување на мострите на природната минерална вода, изворската вода или друга пакувана вода не треба да има влијание врз резултатите на лабораториското испитување. (2) Количината и начинот на земање на мостри за анализа на природната минерална вода, изворската вода или друга пакувана вода се пропишани со стандардни методи или методи компатибилни со стандардните кои ги користи акредитираната лабораторија за анализа на водата. Член 33 (1) По земањето на мострата на вода на садот за земање мостри се става налепница со следните податоци: име на објектот од кој е земена мострата, место и датум на земањето. На мострите природната минерална вода, изворската вода или друга пакувана вода за бактериолошка и вирусолошка анализа се наведува и часот на земањето на мострата. (2) Мострата на вода се доставува со записник потпишан од државниот инспектор за храна, во која се назначува кои параметри е потребно да се испитаат и во кој обем. Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 11 од 24 Член 34 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 127/12). Член 35 Одредбите на членовите 12, 13, 14 и 15 од овој правилник престануваат да важат со пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. Член 36 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе се објави по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија. Бр. 02-59/5 Агенција за храна 9 март 2018 година и ветеринарство Скопје Директор, Зоран Атанасов, с.р. Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 12 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 13 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 14 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 15 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 16 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 17 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 18 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 19 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 20 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 21 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 22 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 23 од 24 Службен весник на РМ, бр. 184 од 4.10.2018 година 24 од 24