تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on rules and procedures in beekeeping

صدر في 2010-11-26 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за правила и постапувања во пчеларството.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock
الكلمات المفتاحية
apiculture/sericulture, ecological production/organic production, hygiene/sanitary procedures, animal production

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Врз основа на член 29, став (3) од Законот за органско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.146/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПРАВИЛА И ПОСТАПУВАЊА ВО ПЧЕЛАРСТВОТО Член 1 Со овој правилник се пропишуваат правилата и постапувањата при организирање на органско пчеларско производство, а се однесуваат на техники и постапки во одгледување на пчели. Член 2 (1) Со цел да се заштитат рамките, кошниците и саќето, особено против штетници, дозволена е употребата само на родентициди (употребени само во стапици) и соодветни средства наведени во Листата на производи за заштита на растенијата. (2) Дозволени се физички потфати за дезинфицирање на пчеларниците, како што се пареа или непосреден пламен. (3) Доколку и покрај сите мерки за спречување на болести, пчелните семејства сепак се зафатат со болест или наезда, веднаш треба да се лекуваат, и доколку е неопходно, семејствата треба да се сместат во изолирани пчеларници. (4) Доколку се применува лекување со хемиски синтетизирани алопатски средства, за тоа време, лекуваните пчелни семејства треба да се стават во изолиран пчеларник, и сиот восок треба да се замени со восок кој потекнува од органско пчеларство. Потоа, за тие пчелни семејства се применува преодното време од една година. (5) Уништувањето на трутовите може да се врши само како мерка за спречување на наезда од Varroa destructor. (6) Мравјата киселина, млечната киселина, оцетната киселина и оксалната киселина како и ментол, тимол, еукалиптол и камфор може да се употребат при наезда од Varroa destructor. Член 3 За потребите на опрашување, може да се одгледуваат и органски и неоргански пчеларски единици во истото стопанство. Член 4 Oддалеченоста на изворите на нектар, полен, вода за пиење на пчелите, како и можните извори на загадување како што се патишта, индустриски капацитети и сл. од пчеларникот се претставува преку мапа во соодветен размер. (*) Сп пвпј правилник се врши успгласуваое сп Регулативата на Кпмисијата (ЕЗ) бр.889/2008 пд 5 септември 2008 гпд. сп кпја се утврдуваат правилата за спрпведуваое на Регулативата на Спветпт (ЕЗ) бр. 834/2007 за прганскп прпизвпдствп и етикетираое на прганските прпизвпдивп пднпс на прганскптп прпизвпдствп, етикетираое и кпнтрпла, CELEX бр. 32008R0889. Член 5 (1) Пчелите кои се користат во органското пчеларско производство треба да бидат размножени/изроени на органска фарма и истите да припаѓаат на видот Apis melifera, со тоа што се препорачува одгледување на автохтони вариетети кои се настанати и адаптирани на постоечките природни услови. (2) За возобновување на пчеларниците, 10% годишно од матиците и роевите може да се заменат со неоргански матици и роеви во единицата со органско производство, под услов матиците и роевите да се сместат во кошници со саќе или сатни основи кои доаѓаат од органска производна единица. Член 6 (1) Саќето кое се употребува на органската пчеларска фарма треба да биде изградено од природен пчелин восок, продукт на восочните жлезди на пчелите. (2) Рамките со органски восок и останатите рамки во сандаците во кои се сместени пчелните семејства треба јасно да се обележани. (3) Само природни производи, како што се прополис, восок, или растителни масла, може да се користат во кошниците. (4) При вршење на работите за вадење на медот не треба да се употребуваат хемиски синтетизирани одбивни средства. Член 7 Во случај кога се воспоставува нов пчеларник или во текот на преодниот период, неорганскиот восок може да се користи: (а) кога восок од органско пчеларство не е достапен на пазарот; (б) кога е докажано дека истиот не е загаден со супстанции недозволени во органското производство и (в) под услов да потекнува од медните капачиња. Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Министер за земјоделство, Бр. 08-8103/6 шумарство и водостопанство 26 ноeмври 2010 г. Љупчо Димовски Скопје

Regulation on rules and procedures in beekeeping · Nelum