تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on requirements for animal feed operators at any stage of production, processing and distribution of animal feed and hygiene requirements for good practices for animal feed

صدر في 2011-12-28 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

research.laws.repealedOn

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за барањата за операторите со храна за животни во која било фаза на производството, преработката и дистрибуцијата на храната за животни, како и хигиенските барања за добрите пракси за изхрана на животните.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock
الكلمات المفتاحية
animal feed/feedstuffs, processing/handling, hygiene/sanitary procedures, animal health, animal welfare, transport/storage, internal trade, data collection/reporting, good practices

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 5 од 12.1.2012 година 1 од 9 20120050149 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 24 став (6) и (7) од Закон за безбедност на храната за животни („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА БАРАЊАТА ЗА ОПЕРАТОРИТЕ СО ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ ВО КОЈА БИЛО ФАЗА НА ПРОИЗВОДСТВО, ПРЕРАБОТКА И ДИСТРИБУЦИЈА НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ, КАКО И ХИГИЕНСКИТЕ БАРАЊА ЗА ДОБРИТЕ ПРАКСИ ЗА ИСХРАНА НА ЖИВОТНИТЕ (∗) Член 1 Предмет на уредување Со овој правилник се пропишуваат барања кои треба да ги исполнат операторите со храна за животни во однос на хигиенските барања во примaрното производство, барањата во било која фаза од производство, преработка и дистрибуција на храната за животни во однос на објектите опремата, начинот на водење евиденција на преземените мерки и постапки, хигиенските барања за добра пракса за исхрана на животните во однос на напасувањето како и барањата за објектите за одгледување на животни и опремата за хранење на животни, начинот на хранење, складирање и дистрибуција на храната. Член 2 Хигиенски барања за примарно производство (1) Операторите со храна за животни во примарно производство треба да обезбедат дека активностите се спроведуваат и управуваат на начин кој ги спречува, елиминира или намалува опасностите кои можат да ја загрозат безбедноста на храната за животни. (2) Оператори со храна за животни треба да обезбедат дека примарните производи кои се произведени, подготвени, исчистени, спакувани и транспортирани под нивна одговорност, се заштитени од контаминација и расипување. (3) Операторите со храна за животни треба да ги исполнат барањата од ставовите (1) и (2) на овој член во согласност со барањата за контрола на опасности, вклучувајќи ги и: 1) мерките за контрола на опасна контаминација која произлегува од воздухот, почвата, водата, ѓубрива, производи за заштита на растенија, биоцидни производи, ветеринарно медицински препарати како и од ракувањето и нештетното отстранување на отпад и 2) мерките кои се однесуваат на здравјето на растенијата, здравствената заштита на животните и заштита на животната средина кои имаат импликации на безбедноста на храната за животни, вклучувајќи програми за мониторинг и контрола на зоонози и причинители на зоонози. (4) Каде што е соодветно, операторите со храна за животни треба да преземат соодветни мерки, а особено: 1) да ги одржуваат чисти и, кога е неопходно по чистењето, да вршат дезинфекција на соодветен начин на просториите, опремата, контејнерите, гајбите и возилата кои се користат за производство, подготовка, градирање, пакување, складирање и транспорт на храна за животни; (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕЗ) Бр. 183/2005 на Европскиот Парламент и на Советот од 12 јануари 2005 година со која се утврдуваат условите за хигиена на храната за животни, CELEX бр. 32005R0183 Службен весник на РМ, бр. 5 од 12.1.2012 година 2 од 9 2) да обезбедат хигиенски услови за производство, транспорт и складирање и чистота на храната за животни; 3) секогаш кога е неопходно, да користат чиста вода за да спречат опасна контаминација; 4) да спречат животните и штетниците да предизвикаат опасна контаминација; 5) со цел да спречат предизвикување на опасна контаминација, одделно и на безбеден начин да складираат и да ракуваат со отпадот и со опасните супстанции; 6) да обезбедат дека материјалите за пакување не претставуваат извор на опасна контаминација за храната за животни и 7) да ги земат во предвид резултатите од сите релевантни анализи спроведени на мострите земени од примарните производи или други мостри релевантни за безбедноста на храната за животни. Член 3 Упатства за добра пракса во примарното производство (1) Треба да се изготват упатствата за добра пракса или за примена на HACCP принципите и истите треба да содржат насоки за добри пракси за контрола на опасности во примарното производство на храна за животни. (2) Упатствата за добра производтна пракси треба да вклучуваат соодветни информации за опасностите кои произлегуваат при примарното производство на храна за животни и активностите кои се превземаат за контрола на опасностите, вклучувајќи релевантни мерки кои се пропишани во националното законодавство или програмите, како што се: 1) контрола на контаминација како што се микотоксини, тешки метали, радиоактивен материјал; 2) употреба на вода, органско ѓубре и ѓубриво; 3) правилна и соодветна употреба на производи за заштита на растенија и биоцидни производи како и нивна следливост; 4) правилна и соодветна употреба на ветеринарно-медицински препарати и адитиви на храна за животни како и нивна следливост; 5) подготовка, складирање и следливост на сировини за храна за животни; 6) правилно нештетно отстранување на угинати животни, отпад и ѓубре; 7) заштитни мерки за спречување на појава на заразни болести кои се пренесуваат на животните преку храната за животни и обврска за известување надлежниот орган за истото; 8) процедури, пракси и методи за да се обезбеди дека храната за животни е произведена, подготвена, спакувана, складирана и транспортирана под соодветни хигиенски услови, вклучувајќи ефикасно чистење и контрола на опасности и 9) податоци кои се однесуваат на водење на евиденција. Член 4 Водење евиденција во примарно производство (1) Операторите со храна за животни треба да водат евиденција за преземените мерките и постапките за контрола на опасности, на соодветен начин и во период пропорционално со природата и обемот на активноста со храна за животни. (2) Операторите со храна за животни треба да обезбедат податоците содржани во евиденцијата од став (1) на овој член да и бидат достапни на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата). Службен весник на РМ, бр. 5 од 12.1.2012 година 3 од 9 (3) Операторите со храна за животни треба да водат евиденција за: 1) секоја употреба на производи за заштита на растенија и биоцидни производи; 2) употреба на генетски модифицирано семе; 3) секоја појава на штетници или болести кои може да влијаат на безбедноста на примарните производи; 4) резултатите од сите анализи спроведени на примероци земени од примарни производи или други примероци земени за дијагностички цели од важност за безбедноста на храната за животни и 5) изворот и количеството на секоја внесена храна за животни, како и дестинацијата и количеството на секоја изнесена храна за животни. (4) Операторот со храна за животни при водење на евиденција за активностите кои тој ги спроведува на фарма може да користи стручна помош од други лица, и тоа: доктор по ветеринарна медицина, агрономи или фармски техничари. Член 5 Простории и опрема во сите фази на производството преработка и дистрибуција на храната за животни (1) Просториите за производство и складирање на храна за животни, опремата, контејнерите, гајбите, возилата и нивното непосредно опкружување треба да бидат чисти и да се спроведуваат ефикасни програми за контрола на штетници. (2) Поставеноста, дизајнот, конструкцијата и големината на просториите и опремата треба да: 1) овозможува соодветно чистење и/или дезинфекција; 2) бидат такви за да го намалат ризикот од грешка и да овозможат избегнување на контаминација, вкрстена контаминација и било какви несакани ефекти на безбедноста и квалитетот на производите. Машините кои доаѓаат во контакт со храната за животни треба да се сушат по секој процес на чистење со течност. (3) Операторот со храна за животни, во согласност со воведените постапки, треба да прави редовни проверки на просториите и опремата кои се користат за мешање и/или производство на храната за животни и/или за други активности за производство. (4) Сите ваги и инструменти за мерење кои се користат во производството на храна за животни треба да бидат соодветни за степенот на тежина или волуменот кој треба да се мери и треба редовно да се тестираат за точност. (5) Сите миксери кои се користат во производството на храна за животни треба да бидат соодветни за степенот на тежина или волуменот на материјали кои се мешаат и треба да создаваат соодветни хомогени мешавини и хомогени раствори. Операторите треба да ја докажат ефикасноста на миксерите во поглед на хомогеноста. (6) Просториите треба да имаат соодветно природно и/или вештачко осветлување. (7) Одводните системи треба да бидат соодветни за целата за која се наменети; да бидат дизајнирани и конструирани на таков начин со кој се спречува контаминација на храната за животни. (8) Водата која се користи во производството на храна за животни треба да биде со квалитет кој е соодветен за животните а цевките за вода треба да бидат изработени од материјал од инертна природа. Водата која се користи во производство за храна за животни треба да ги исполнува барањата за водата за пиење согласно Правилникот за безбедност на водата. (9) Отпадната вода, отпадот и дождовницата треба да се отстранат на начин кој гарантира дека не се доведува во прашање опремата и безбедноста и квалитетот на храната за животни. Расипувањето и правта треба да се контролираат заради спречување на насобирање на штетници. Службен весник на РМ, бр. 5 од 12.1.2012 година 4 од 9 (10) Прозорците и другите отвори, каде што е неопходно, треба да бидат обезбедени против штетници. Вратите треба да бидат цврсто затворени и да бидат обезбедени против штетници кога се затворени. (11) Кога е неопходно, плафон и горните постројки треба да бидат дизајнирани, конструирани и финализирани така што ќе ја спречат акумулацијата на нечистотии и ќе ја намалат кондензацијата, порастот на штетни мувли и распространувањето на честички што може да влијае на безбедноста и квалитетот на храната за животни. (12) Операторите со храна за животни треба да располагаат со доволен број на персонал кој има вештини и квалификации неопходни за производство на засегнатите производи. (13) Операторите со храна за животни треба да располагаат со организациона шема во која се прикажани квалификациите во однос на стручната подготовка и работото искуство како и одговорностите на персоналот задолжен за надзор која треба да и биде достапна на Агенцијата. (14) Целиот персонал терба писмено да биде информиран за своите работни обврски, особено при промена на работните обврски со цел да се обезбеди потребниот квалитет на производот. Член 6 Производство во сите фази на производството преработка и дистрибуција на храната за животни (1) Операторот со храна за животни во сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни треба да назначи лице одговорно за производството. (2) Операторите со храна за животни треба да обезбедат дека различните фази од производството се спроведуваат согласно претходно воспоставените пишани процедури и упатства чија цел е да се дефинираат, контролираат и управуваат критичните точки во процесот на производство. (3) Треба да се преземат технички или организациони мерки со цел да се избегне или намали секоја вкрстена контаминација или грешка. Треба да постојат доволен број и соодветни мерки за контрола во текот на производството. (4) Треба да се воспостави мониторинг на присуството на недозволени материи, непожелни супстанции и други контаминенти во храната за животни кои се поврзани со здравјето на луѓето или животните и треба да се воведат соодветни методи за контрола со цел да се намали ризикот. (5) Отпадот и материјалите кои не се соодветни како храна за животни треба да бидат одвоени и идентификувани. Сите материјали кои содржат опасни количества на ветеринарно медицински препарати, загадувачи или други опасности треба нештетно да се отстранат на соодветен начин и несмеат да се користат како храна за животни. (6) Операторите со храна за животни треба да превземат соодветни мерки за да обезбедат ефикасна следливост на производите. Член 7 Контрола на квалитет сите фази на производството преработка и дистрибуција на храната за животни (1) Операторот со храна за животни во сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни каде што е соодветно, треба да се назначи стручно лице одговорно за контрола на квалитет. Службен весник на РМ, бр. 5 од 12.1.2012 година 5 од 9 (2) Операторот со храна за животни, како дел од системот за контрола на квалитет, треба да има сопствена лабораторија или пристап до друга лабораторија која ги исполнува пропишаните услови за лабораторија за контрола на храната за животни. (3) Операторот со храна за животни, треба да изготви план во пишана форма за контрола на квалитет и истиот да го имплементира. Планот треба да вклучува проверки на критичните контролни точки во процесот на производство, постапки за земање примероци и фреквенција, методи на анализи и нивна фреквенција, усогласеност со спецификациите, како и дестинацијата во случај на неусогласеност, од преработени материјали до крајни производи. (4) Операторот со храна за животни треба да води документација за суровините кои се користат во крајните производи со цел да обезбеди следливост. Документацијата треба да и биде достапна на Агенцијата во период кој е соодветен на употребата за производите кои се ставени во промет. Дополнително, треба да се земе доволно количество примероци од состојките и од секоја серија производи произведени и ставени во промет или од секој посебен дел од производството (во случај на непрекинато производство), со помош на постапка која е претходно воведена од страна на производителот и истите треба да се задржат со цел да се обезбеди следливост (редовно во случај на производство за потребите на производителот). Примероците треба да се запечатат и обележат со цел да може да бидат лесно идентификувани; тие треба да се складираат под услови кои спречуваат било каква абнормална промена во составот на примерокот или било какво загадување на истата. Тие треба да му бидат на располагање на Агенцијата во временски период соодветен за употребата на храната за животни која е ставена во промет. Во случај на храна за животни кои не се одгледуваат за производство на храна, операторот со храна за треба да ги чува единствено примероците од крајните производи. Член 8 Складирање и транспорт сите фази на производството преработка и дистрибуција на храната за животни (1) Преработената храна за животни треба да се одвои од непреработените суровини за храна за животни и адитивите, со цел да се спречи било каква вкрстена контаминација на преработената храна за животни и треба да се користат соодветни материјали за пакување. (2) Храната за животни треба да се транспортира во соодветни контејнери. Храната за животни треба да се складира на места кои се дизајнирани, прилагодени и се оддржуваат со цел да се обезбедат добри услови за складирање и до истите да имаат пристап единствено лица кои се овластени од страна на операторите со храна за животни. (3) Храната за животни треба да се складира и транспортира на начин кој овозможува лесна идентификација, со цел да се спречи било каква забуна или вкрстена контаминација и да се спречи расипување на истата. (4) Контејнерите и опремата кои се користат за транспорт, складирање, пренесување, ракување и мерење на храната за животни треба да се одржува во чиста состојба. Треба да се воведат постапки кои гарантираат намалување на остатоците и трагите од детергенти и средства за дезинфекција. (5) Треба да се намали секое расипување на храната за животни односно и да се оддржува под контрола со цел да се намали насобирањето на штетници. (6) Каде што е соодветно, температурите треба да се одржуваат на колку е можно пониско ниво со цел да се спречи кондензација и расипување на храната за животни. Службен весник на РМ, бр. 5 од 12.1.2012 година 6 од 9 Член 9 Водење евиденција во сите фази освен во примарното производство (1) Сите оператори со храна за животни, вклучувајќи ги и оние кои дејствуваат единствено како трговци кои не го складираат производот во нивните објекти, треба да водат евиденција за податоци кои содржат информации за набавката, производство и продажбата со цел да постои ефикасна следливост од моментот на прием до моментот на испорака, вклучувајќи го и извозот до крајната дестинација. (2) Операторите со храна за животни, со исклучок на оние кои дејствуваат единствено како трговци кои не го складираат производот во нивните објекти, треба да водат евиденција која се состои од: 1) документација за процесот на производство и контролите на храната за животни. Операторите со храна за животни треба да имаат систем за документирање дизајниран да дефинира и обезбеди управувањето со критичните контролни точки во процесот на производство и да се воведе и спроведе план за контрола на квалитет. Операторите со храна за животни треба да ги чуваат резултатите од релевантните контроли. Наведената документација треба да се води на начин кој овозможува следливост на производниот процес на секоја серија производи кои се ставаат во производство и да се одреди одговорноста, во случај на поплаки. 2) документација за следливост, особено за: а) адитиви за храна за животни во однос на: – природата и количеството на произведени адитиви, датумите на производство и каде што е соодветно, бројот на серијата или на посебниот дел од производството, во случај на непрекинато производство и – име и адреса на објектот до кој биле доставени адитивите, природата и количеството на адитиви кои се доставени и, онаму каде што е соодветно, бројот на серијата или на посебниот дел од производството, во случај на континуирано производство. б) производи кои се директни или индиректни извори на протеини, кои се произведени со помош на посебни технички постапки и кои се ставени во промет како храна за животни или како составен дела на храната за животни во однос на: – природата на производите и произведеното количество, датумите на производство и, каде што е соодветно, бројот на серијата или на посебниот дел од производството, во случај на непрекинато производство и – името и адресата на објектите или корисниците (објекти или фармери) на кои овие производи им биле доставени, придружени со информација за природата и количината на доставените производи и, каде што е соодветно, бројот на серијата или на посебниот дел од производството, во случај на континуирано производство. в) премикси, податоци за: – името и адресата на производителите или доставувачите на адитивите, природата и количеството на употребените адитиви и каде што е соодветно, бројот на серијата или на посебниот дел од производството, во случај на континуирано производство; – датумот на производство на пермиксот и, каде што е соодветно, бројот на серија на премиксот и – името и адресата на објектот во кој биле доставени премиксите, датум на доставување, природа и количина на доставените премикси и,каде што е соодветно, број на серија на производство. г) крмни смеси/суровини за храна за животни, податоци за: – име и адреса на производителот/те на адитиви/премикси или на доставувачите, природата и количината на употребените премикси и, каде што е соодветно, број на серија на производство; Службен весник на РМ, бр. 5 од 12.1.2012 година 7 од 9 – име и адреса на снабдувачите на сировини за храна за животни и комплементарната храна за животни, како и датум на испорака; – вид, количество и состав на крмните смеси и – природата и количината на сировините за храна за животни или произведените крмни смеси, придружени со датум на производство како и име и адреса на купувачот (фармер или друг оператор со храна за животни). Член 10 Поплаки и повлекување на производ сите фази на производството преработка и дистрибуција на храната за животни (1) Операторите со храна за животни треба да спроведат систем за евиденција и постапување по поплаки. (2) Операторите со храна за животни треба да воведат, систем за брзо повлекување на производите од дистрибутивната мрежа. Операторите со храна треба, да ја дефинираат дестинацијата на сите повлечени производи во пишана форма и пред да бидат вратени во промет производите треба да бидат предмет на повторна проценка за контрола на квалитет. Член 11 Хигиенски барања за добрите пракси за хранење на животни при напасување (1) Напасувањето на пасишта и на култивирана почва се спроведува на начин кој ја намалува контаминацијата на храната од животинско потекло со физички, биолошки или хемиски опасности. (2) За да се намали биолошката вкрстена контаминација од течно шталско ѓубриво, како и да се обезбеди дека се почитуваат периодите на каренца за аплицирани земјоделски хемикалии, каде што е соодветно и онаму каде постои таков потенцијален проблем, треба да се запази соодветен период на пауза за пасишта, посевите со житни култури и остатоци од житни култури како и помеѓу ротирањата на пасиштата пред да се дозволи добитокот да пасе. Член 12 Хигиенски барања за добрите пракси за хранење на животни за штали и опрема за хранење на животните (1) Објектите за одгледување на животни треба да бидат дизајнирани на начин кој овозможува соодветно чистење. Објектите за одгледување на животни и опремата за хранење треба темелно и редовно да се чистат со цел да се спречи било какви опасности. (2) Хемикалиите кои се користат за чистење и санитација треба да се користат во согласност со упатствата и да се складираат одделно од храната за животни и просториите во кои се складира храна за животни. (3) Треба да се воведе систем за контрола на штетници со цел да се контролира пристапот на штетници во објектите за одгледување на животни со цел да се намали потенцијалната можноста за контаминација на храната за животни, материјалите за постелка или самите објекти за одгледување на животни. (4) Објектите и опремата за хранење треба да се одржуваат во чиста состојба. Треба да се воведат системи за редовно отстранување на течното шталско ѓубриво, отпадниот материјал и на другите можни извори на контаминација на храната за животни. Службен весник на РМ, бр. 5 од 12.1.2012 година 8 од 9 (5) Храната за животни и материјалите за постелка кои се користат во објектите за чување на животни за производство треба редовно да се менуваат за да не се дозволи нивно мувлосување. Член 13 Хигиенски барања за добрите пракси за хранење на животни за складирање и дистрибуција на храна за животни (1) Храната за животни треба да се складира одделно од хемикалиите и другите производи кои се забранети за исхрана за животни. Просториите за складирање и контејнерите треба да бидат чисти и суви и треба да се воспостават соодветни мерки за контрола на штетници. Просториите за складирање и контејнерите треба редовно да се чистат со цел да се избегне непотребна вкрстена контаминација. (2) Семенскиот материјал треба да се складира соодветно на начин со кој не е достапно за животните. (3) Медицинираната храна за животни и немедицинираната храна за животни наменети за различни категории или видови животни, треба да се складира на начин со кој се намалува ризикот истата да се употреби за исхрана на животни за кои не е наменета. (4) Системот на дистрибуирање на храна за животни на ниво на фарма треба да обезбеди соодветната храна за животни да е проследена до правата дестинација. За време на дистрибуцијата и хранењето, со храната за животни треба да се ракува на начин кој ќе обезбеди да нема загадување од контаминирани простории за складирање и опрема. Со немедицинираната храна за животни треба да се ракува одделно од медицинираната храна за животни со цел да се спречи контаминација. (5) Средствата за транспорт на храната за животни кое се користи на фармата и опремата за хранење треба периодично да се чистат, посебно во случај кога се користат за доставување и дистрибуирање на медицинирана храна. Член 14 Начин на хранење на животните (1) Животните се хранат со соодветна храна за одделните видовите на животни и во зависност од нивната старосна категорија животни согласно Законот за заштита и благосостојба. (2) Водата за пиење или за аквакултура, треба да е со соодветен квалитет за животните за кои е наменета. Водата за напојување на животните треба да ги исполнува барањата за водата за пиење согласно Правилникот за безбедност на водата. Во случај кога постои причина за сомнеж за контаминација на животните или производите од животинско потекло предизвикана од вода, треба да се превземат мерки со цел да се направи проценка и да се намалат опасностите. (3) Солта која се користи во исхраната на животните треба да ги исполнува барањата за сол согласно прописите за безбедност на храната. (4) Опремата за хранење и напојување на животните треба да биде дизајнирана, конструирана и поставена на начин кој го намалува ризикот од контаминација на храната за животни и водата. Системите за напојување треба редовно да се чистат и одржуваат. (5) Лицето одговорно за хранење и ракување со животните треба да има соодветни вештини, знаење и стручност. Службен весник на РМ, бр. 5 од 12.1.2012 година 9 од 9 Член 15 Престанок на важење Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за техничко технолошките услови на објектите во кои се произведува добиточна храна (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/07). Член 16 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 21-4056/3 28 декември 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on requirements for animal feed operators at any stage of production, processing and distribution of animal feed and hygiene requirements for good practices for animal feed · Nelum