Regulation on protection and welfare of animals during transport
صدر في 2016-12-23 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за заштита и благосостојба на животните за време на превоз.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock
- الكلمات المفتاحية
- animal welfare, transport/storage, procedural matters, processing/handling, data collection/reporting, certification, education
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 1 од 37 2017004033 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 36 став (5), член 37 став (10), член 40 став (2), член 42 ставови (14) и (20) член 44 став (13) и член 45 став (5) од Законот за заштита и благосостојба на животните (“Службен весник на Република Македонија” бр. 149/14, 149/15 и 53/16) директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕВОЗ (*) Глава I Член 1 Предмет на уредување Со овој правилник се пропишуваат формата, содржината и начинот на водење на патниот дневник, барањата за заштита и благосостојба на животните под кои се врши превоз на животни, условите кои треба да ги исполнуваат собирните центри во однос на заштита и благосостојба на животните, формата и содржината на образецот на барањето за одобрението за превозници кои не вршат превоз на животни за долги патувања и за превозниците кои вршат превоз на животни за долги патувања и потребната документација, условите и постапката за одобрување на превозниците, формата и содржината на електронскиот Регистар на превозници како и формата и содржината на одобрението за превозници, начинот за спроведување и содржината на обуката за персоналот, начинот на издавање, содржината и формата на уверение за компетентност, како и условите за одобрување на овластување на субјектите за вршење на обуките за заштита и благосостојба на животните и издавањето на уверение за компетентност со кој се потврдува дека истите посетувале обука и положиле испит, услови кои се однесуваат на дизајнот, конструкцијата и одржувањето на превозното средство наменети за долги патувања, начинот на издавање, условите кои треба да ги исполнат средствата за превоз на животни во однос на благосостојбата, формата и содржината на сертификатот за превозни средства. Член 2 Дефиниции (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство и Законот за заштита и благосостојба на животните се применуваат и во овој правилник. (2) Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „Пловни објекти за превоз на животни во контејнери, возила или железнички вагони“ се пловни објекти кои овозможуваат и поседуваат опрема за да може возилата за патен и железнички сообраќај да се натоварат и истоварат од истите. 2. „Пловни објекти за превоз на животни“ се пловни објекти кои се користат или се наменети за превоз на домашни копитари или домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи а се различни од пловните објекти за превоз на животни во контејнери, возила или железнички вагони. () Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 1/2005 од 22 Декември 2004 година за заштита на животните за време на превоз и поврзани операции, CELEX бр. 32005R0001. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 2 од 37 3. „Средства за превоз на животни“ се возила за патен сообраќај, превозни средства за железнички сообраќај, пловни средства и авиони кои се наменети за превоз на животни. 4. „Собирни центри“ се одгледувалишта, места и добиточни пазари каде се групираат заедно животни од видовите домашни копитари, говеда, овци, кози и свињи заради формирање на пратки на животни наменети за трговија. 5. „Нескротен коњ“ е коњ кој не може да биде врзан или да му е ставен оглав без да му се предизвика вознемиреност, болка или страдање. Глава II Член 3 Патен дневник за превоз на животни при долги патувања (1) Патниот дневник се води во форма на тврдо вкоричена книга во А4 формат на образци кои се меѓусебно поврзани и нумерирани: а) Образец 1- Планирање; б) Образец 2 - Место на поаѓање; в) Образец 3 - Крајна дестинација; г) Образец 4 - Изјава на превозникот и д) Образец 5 - Извештај за неправилност. (2) Формата и содржината на патниот дневник од став (1) на овој член се дадени во Прилог I кој е составен дел на овој правилник. (3) Патниот дневник се изготвува на македонски и англиски јазик. (4) Организаторот на превозот или превозникот на животни треба да: а) изработи патен дневник во согласност со одредбите од овој член и истиот да го завери со печат и да ги потпише сите страни од патниот дневник; б) го обележи секој патен дневник со единствен број за идентификација; в) испрати еден потпишан примерок од Образец 1 од патниот дневник, кој треба да е соодветно пополнет, освен во делот каде треба да се наведе бројот на ветеринарниот сертификат до надлежниот орган во местото на поаѓање најмалку два работни дена пред денот на поаѓање на начин дефиниран од надлежниот орган; г) ги исполни инструкциите дадени од надлежниот орган согласно член 57 став (1) точка 1) од Законот за заштита и благосостојба на животните; д) да обезбеди дека пред започнување на долгото патување, патниот дневник е заверен со печат од надлежниот орган согласно член 57 став (1) од Законот за заштита благосостојба на животните и ѓ) обезбеди дека патниот дневник ги придружува животните во текот на патувањето до крајната дестинација или, во случај на извоз, најмалку до граничниот премин. (5) Одговорните лица за чување на животните во местото на поаѓање, и во случај кога крајната дестинација е на територијата на Република Македонија, како и одговорните лица за чување на животните на крајната дестинација, треба да ги пополнат и ги потпишат соодветните делови од патниот дневник. Истите треба да ја известат Агенцијата за било какви отстапки во поглед на усогласеност со одредбите од Законот за заштита благосостојба на животните и овој правилник, доставувајќи го примерокот од образец 5 од патниот дневник во рок од седум дена. (6) Во случај кога местото на крајната дестинација е лоциран на територијата на Република Македонија, одговорните лица во местото на крајната дестинација треба да го чуваат патниот дневник, освен Образецот 4, најмалку три години од датумот на пристигнување на крајната дестинација. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 3 од 37 (7) Патниот дневник треба да се достави на увид на Агенцијата по нејзино барање. (8) Во случај кога патниот дневник се пополнува на територијата на Република Македонија, превозникот треба да го пополни и го потпише Образецот 4 од патниот дневник. (9) Во случај на извоз, превозниците треба да му го достават на увид патниот дневник на официјалниот ветеринар на граничниот премин. (10) Превозникот треба да чува: (а) примерок од целосно пополнет патен дневник и (б) соодветен евидентен лист или отпечатен примерок, согласно одредбите од законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај1 (11) Документите од ставот (10) на овој член се достават на увид на надлежниот орган кој го издал одобрението за превозникот, а по барање и на надлежниот орган на местото на поаѓање, најдоцна во рок од еден месец од пополнувањето на истите. Истите документи превозникот треба да ги чува во период од најмалку три години сметајки од датумот на увидот. Сумарна верзија од патниот дневник и податоците од навигациониот систем вклучително со упатство за читање треба да се достави до надлежниот орган на местото на поаѓање. Глава III Оддел I Член 4 Подготовки за превоз (1) Превоз на животни треба се врши во услови кои гарантираат дека животните нема да бидат повредени или непотребно да страдаат. Ниту едно животно не треба да се превезува доколку не е подготвено за планираното патување. (2) Животни кои не треба да се превезуваат се оние кои имаат повреди, патолошки промени или покажуваат физиолошка слабост, а особено: а) животни кои не можат сами да се движат без болка или да одат без помош; б) животни кои имаат отворена рана во потешка форма или пролапсус; в) гравидни женки кај кои е одминато повеќе од 90 % од очекуваниот гестациски период или женки кои се породиле во претходната седмица; г) новородени младенчиња кај кои папокот не е сеуште заздравен; д) свињи помлади од три седмици, јагниња помлади од една седмица и телиња помлади од десет дена, освен ако не се транспортираат на дестинации пократки од 100 km; ѓ) кучиња и мачки помлади од осум недели, освен ако не се придружувани од мајката и е) животни кои припаѓаат на фамилијата cervidae кои имаат млади рогови. (3) Болни или повредени животни се сметаат способни за превоз во следните случаи: а) животните се незначително повредени или се болни и превозот не би им предизвикал дополнително страдање, а доколку постои сомнеж, треба да се побара совет од доктор по ветеринарна медицина; б) експериментални животни кои се транспортираат за цели пропишани во одредбите од Правилникот за заштита и благосостојба на експериментални животни2 и доколку болеста или повредата се дел од некоја истражувачка програма; в) животните се превезуваат под надзор на доктор по ветеринарна медицина, за или по извршениот ветеринарно-медицински третман или дијагноза. Ваквиот превоз треба да е дозволен само доколку со превозот на животните не им се нанесува непотребно страдање; Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 4 од 37 г) животните биле подложени на ветеринарно медицински постапки поврзани со фармското одгледување како што се отстранување на роговите или кастрирање/ојаловување, под услов раните целосно да се заздравени. (4) Ако за време на превозот животните се повредат или кај нив се појават знаци на некоја болест, тие треба да се одделат од другите животни и веднаш да им се укаже помош односно треба да им се обезбеди соодветен ветеринарен третман и доколку е потребно веднаш да се заколат и убијат на хуман начин. (5) Животните кои се превезуваат не треба да бидат под дејство на седативи, освен доколку тоа не е крајно неопходно за обезбедување на благосостојба на животните. Седативите треба да се аплицираат исклучиво под надзор на доктор по ветеринарна медицина. (6) Женките од видот говеда, овци и кози кои се во лактација, а кои не се придружувани од нивните млади, треба да се измолзуваат во интервали не подолги од 12 часа. (7) Одредбите од ставот (2) точки в) и г) на овој член не се однесуваат за регистрирани копитари доколку целта на патувањето е да се подобри здравствената состојба и благосостојба на животното за време на партусот, како и за новородени ждребиња придружени од регистрирани мајки, доколку во двата случаја животните се постојано придружувани од одговорно лице назначено за нивна грижа во текот на патувањето. Оддел II Член 5 Постапки со животните при натовар, истовар и манипулација (1) Пред започнување на предвиденото патување, треба да се превземат соодветни мерки животните кои се превезуваат, особено дивите животни да се прилагодат и аклиматизираат на начинот на превоз. (2) Во случај кога натоварот или истоварот на животните трае повеќе од четири часа, освен за живина, потребно е: а) да се обезбеди соодветно место и/или опрема со цел животните да се нахранат, напојат и држат надвор од превозното средство без притоа да се врзуваат и б) овие постапки треба да бидат под службен надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата), при што ќе се преземаат посебни мерки на претпазливост за да се обезбеди добра благосостојба на животните во текот на спроведување на постапките. Член 6 Објекти и постапки (1) Објектите за натовар и истовар, вклучувајќи го и подот, треба да се дизајнирани, изградени, одржувани и да се употребуваат на начин со што: а) ќе се спречат повреди и страдање, се минимизира возбудата и вознемиреноста при движењето на животните и се обезбедува соодветна безбедност на животните. Површините не треба да бидат лизгави и треба да се обезбеди странична заштита за да се спречи бегство на животните и б) опремата треба редовно да се чисти и се дезинфицира. (2) Рампите за натовар и истовар на свињи, телиња и коњи не треба да имаат нагиб поголем од 20 степени односно 36,4 % во однос на хоризонталата, додека за говеда и овци, нагибот не треба да биде поголем од 26 степени и 34 минути односно 50 % во однос Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 5 од 37 на хоризонталата. Кога нагибот е поголем од 10 степени, односно 17,6 % во однос на хоризонталата, рампите треба да имаат попречни летви кои обезбедуваат животните да се качуваат или да се симнуваат без ризик или потешкотии. (3) Платформите кои служат за кревање на горните катови од превозното средство треба да имаат соодветни бариери кои служат да ги заштитат животните од паѓање или бегство за време на натоварот или истоварот. (4) Доколку во исто превозно средство покрај животни се превезуваат и други материјали, истите треба да се поставени на начин да не предизвикуваат повреди, патење и страв кај животните. (5) Во текот на натоварот и истоварот треба да се обезбеди осветлување со соодветен интензитет. (6) Во случај кога контејнерите натоварени со животни се поставуваат едни врз други во превозното средство, треба да се преземаат следниве мерки на претпазливост: а) при превоз на живина, зајаци и крзнени животни да се оневозможи урината и фецесот да паѓаат врз животните сместени во подолните катови; б) да се обезбеди стабилност на контејнерите и в) да се обезбеди непречено проветрување. Член 7 Манипулација со животните (1) Одговорните лица треба да обезбедат да не се практикуваат следните постапки: а) удирање или клоцање на животните; б) притискање на чуствителните делови од телото на начин со кој се предизвикува непотребна болка или страдање на животните; в) фиксирање на животните со помош на механички средства; г) кревање или влечење на животните за глава, уши, рогови, нозе, опашка, за волна, или постапување на начин кој им предизвикува непотребна болка или страдање; д) користење стапови или други направи со остри краеви и ѓ) намерно попречување на движењето на животните кои се тераат или водат. (2) Користењето инструменти за електрични шокови треба да се одбегнува. Овие инструменти треба да се користат само за возрасни говеда и свињи кои одбиваат да се придвижат и само кога пред нив има доволно слободен простор. Апликацијата на електрошоковите не треба да трае подолго од една секунда и треба да се позиционира соодветно во мускулатурата од задните екстремитети. Доколку животното не реагира, апликацијата на електричните шокови не треба да се повторува. (3) Добиточните пазари или собирните центри треба да поседуваат соодветна опрема за фиксирање на животните Животните кои не се навикнати да бидат врзани, не треба се врзувааат. Животните треба да имаат пристап до свежа вода за пиење. (4) Животните вклучително и дивите животни не треба да се врзуваат за рогови, за носните алки. Нозете не треба да бидат заедно врзани. На телињата не треба да им се ставаат корпи за уста. Освен нескротените коњи, сите останати домашни копитари постари од осум месеци треба да носат оглав во текот на транспортот. (5) Доколку има потреба животните да се врзат, јажињата, оглавите и другите средства кои се користат треба да: а) се доволно силни да не се скинат или скршат во нормални услови на транспорт; б) се конструирани и поставени да им овозможат на животните да легнат, станат, јадат и пијат вода непречено и в) се направени и да се користат на начин со што се избегнува опасноста од давење или повреда на животните а при итност брзо да можат да се ослободат. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 6 од 37 Член 8 Одделување на животните (1) Животните треба да се водат и превезуваат одделно во следните случаи: а) животните се од различни видови; б) животните се со значително различна големина и старост; в) возрасни расплодни нерези или пастуви; г) сексуално зрели мажјаци од женки; д) животни со рогови од животни без рогови; ѓ) животни кои покажуваат знаци на агресивност кон другите животни и е) врзани од неврзани животни. (2) Одредбите на став (1) точки а), б), в) и д) на овој член не се применуваат за животни кои биле одгледувани во исти групи и се навикнати едни на други, во случај кога одделувањето би предизвикало вознемиреност или доколку се работи за женки кои се придружувани од своите младенчиња кои се уште цицаат. Член 9 Барања за време на на превозот (1) Минималните подни површини во превозното средство треба да се во согласност со одредбите од членовите 34, 35, 36, 37, 38, 39, 40 и 41 на овој правилник. (2) Домашните копитари освен кобилите кои патуваат со своите ждребиња треба да се превезуваат во индивидуални боксови кога превозното средство е натоварено на пловен објект. (3) Копитарите не треба да се транспортираат во возила на повеќе нивоа, освен во случај кога животните се сместени само на најдолното ниво при што не треба да има животни на горните нивоа. Минималната внатрешна височина на просторот каде се сместени животните треба да биде најмалку 75 cm повисока од гребенот на животното земајки го во предвид највисокото животно. (4) Нескротени копитари не треба да се превезуваат во групи составени од повеќе од четири животни. (5) Одредбите на член 7 ставови (3), (4) и (5) и член 8 ставови (1) и (2) од на овој правилник се применуваат mutatis mutandis на превозните средства. (6) За време на превозот треба да се обезбеди доволно вентилација со што ќе бидат задоволени потребите на животните имајќи ги предвид бројот и видот животни кои се превезуваат како и очекуваните временски услови за време на патувањето. Контејнерите во превозното средство треба да се постават на начин кој не го попречува нивното проветрување. (7) За време на превозот на животните треба да им се обезбеди вода, храна и можност за одмор, соодветно на нивниот вид и старост, во соодветни интервали и согласно одредбите од членовите 12 и 13 на овој правилник. Цицачите и птиците треба да се хранат најмалку на секои 24 часа и да се напојуваат најмалку на секои 12 часа. Водата и храната треба да се со добар квалитет, а постапките за хранење и поење треба да бидат соодветни со што загадувањето ќе се сведе на минимум. Посебно внимание треба да се посвети на животните да се навикнат на начинот на хранење и на напојување. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 7 од 37 Оддел III Член 10 Конструкција и опрема на пловни средства за превоз на животни (1) Цврстината на боксовите и палубата треба да е соодветна на видот животни кои се превезуваат што треба да е потврдено за време на изградбата или реконструкцијата на пловниот објект од соодветна институција која е одобрена од надлежен орган. (2) Одделите кои се предвидени за сместување на животните кои се превезуваат треба да бидат опремени со систем за вештачка вентилација кој има доволен капацитет да го промени волуменот на воздухот така да се обезбеди: a) 40 промени на воздухот на час ако одделот е целосно затворен и ако неговата висина е помала или еднаква на 2, 3 m; б) 30 промени на воздухот на час ако одделот е целосно затворен и ако неговата висина е поголема од 2, 3 m и в) 75% од вредностите наведени во став (2) точките а) и б) на овој член во случај кога одделот е делумно затворен. (3) Резервите од вода или производствениот капацитет за вода треба да се соодветни на одредбите наведени во членовите 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20 и 21 на овој правилник земајки го во предвид максималниот број и видот на животни кои се превезуваат како и максималното времетраење на предвиденото патување. (4) Системот за снабдување со свежа вода треба да е во можност да обезбедува непречено свежа вода во сите оддели каде се сместени животните и треба да има соодвентни поилки кои обезбедуваат дека сите животни имаат постојан и лесен пристап до свежа вода. Треба да се има на располагање алтернативен систем за снабдување со вода во случај на дефект на главниот систем за снабдување со свежа вода. (5) Системот за одвод треба да е со соодветен капацитет за да ги отстрани течностите од боксовите и од палубата во сите околности. Цевките за одвод и каналите треба да се влеваат, односно да ги собираат течностите во соодветни резервоари или цистерни од каде содржината може да се отстрани со пумпи или на друг соодветен начин. Пловниот објект треба да има на располагање и алтернативни пумпни системи кои ќе се користат во случај на дефект на примарниот систем за дренажа. (6) Одделите за сместување на животните, ходниците и рампите треба да имаат соодветно осветлување. Дополнително треба да има инсталирано и светло за во случај на итни ситуации и кое работи независно од главната електрична мрежа а се вклучува во случај на дефект на истата. Персоналот кој се грижи за животните треба да има доволен број на преносливи извори на светлина со што ќе се овозможи непречен преглед на животните. (7) Во деловите од пловниот објект каде се сместени животните треба да има инсталирано соодветен систем за гасење на пожар. (8) Во контролната кабина на пловното средство треба да има исталирана опрема за мониторинг, контрола и алармен систем со кои се следи: а) вентилацијата; б) системот за снабдување со свежа вода и системот за дренажа; в)осветлување и г) продукција на свежа вода доколку за тоа има потреба. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 8 од 37 (9) Примарниот извор на енергија треба да е доволен за да обезбеди континуирано снабдување со електрична енергија за животните согласно вредностите наведени во ставовите (2), (4), (5) и (6) на овој член под нормална работа на пловното средство. Секундарниот извор на електрична енергија треба да е доволен за да обезбеди замена на примарниот извор во непрекинато времетраење од три дена. Член 11 Снабдување со храна за животни и вода во пловните средства и пловни средства во кои се превезуваат контејнери Пловните средства или пловни средства во кои се превезуваат контејнери за превоз на домашни копитари и домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи, за патувања со времетраење подолго од 24 часа, треба од моментот на испловување да се обезбедени со соодветен материјал за простирка и доволно количество на храна и вода за да ги исполнат минималните дневни потреби за храна и вода на животните како што е наведено во Табела 1 дадена во Прилог VI кој е составен дел од овој правилник вклучително и дополнителни 25 % од предвидената количина или три дневна количина на храна, вода и материјал за простирка. Оддел IV Член 12 Домашни копитари, домашни животни од видот говеда, овци, кози и свињи (1) Одредбите утврдени во овој член и членот 13 на овој правилник се однесуваат за превоз на домашни копитари, освен за регистрирани копитари, домашни животни од видот говеда, кози, овци и свињи. (2) Во случај на воздушен превоз на регистрирани копитари, домашни животни од видот говеда, кози, овци и свињи се применуваат одредбите утврдени во овој член и членот 13 на овој правилник. (3) Времетраењето на патувањето за животни кои припаѓаат на видовите наведени во став (1) од овој член не треба да надминува осум часа. (4) Времетраење на патувањето наведено во став (3) од овој член може да се продолжи доколку покрај условите утврдени во овој член и членот 13 на овој правилник се исполнети дополнително и условите утврдени во членовите 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20 и 21 од овој правилник. (5) Интервалите за напојување и хранење, времетраењето на патувањето и периодите за одмор, кога се користат возила за патен сообраќај што ги исполнуваат условите наведени од став (4) од овој член, треба да бидат: а) Неодбиени телиња, јагниња, јариња и ждребиња, кои се на млечна исхрана, и неодбиени прасиња, треба по истекот на девет часа од патувањето да добијат период за одмор со времетраење од најмалку еден час односно доволно време за да им се даде течност и доколку е потребно да се нахранат. По истекот на овој период за одмор, тие може да продолжат со превозот во времетраење од дополнителни девет часа; б) Максимално времетраење на превозот кај свињите треба да е 24 часа. За време на наведеното патување тие мора постојано да имаат пристап до вода; в) Максимално времетраење на превозот кај домашните копитари треба да е 24 часа. За време на наведеното патување треба да им се дава вода на секои осум часа, а доколку е потребно и да се нахранат и Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 9 од 37 (г) Другите видови животни од видовите наведени во став (1) од овој член по истекот на 14 часа од патувањето треба да добијат период за одмор со времетраење од најмалку еден час, односно доволно време за да им се даде течност и доколку е потребно да се нахранат. По истекот на наведениот период на одмор животните може да продолжат со превозот во времетраење од дополнителни 14 часа. (6) По истекот на наведените времетраења од ставот (5) од овој член, животните треба да се истоварат, нахранат и напојат, и да им се обезбеди период на одмор во времетраење од најмалку 24 часа. (7) Животните не треба да се транспортираат со воз доколку максималното времетраење на патувањето го надминува времетраењето наведено во став (3) од овој член. Во секој случај, времетраењето на патувањето наведено во став (5) од овој член може да се користи доколку се исполнети условите од ставовите (4) и став (5) на овој член освен условите за периодите за одмор. (8) Животните не треба да се транспортираат по воден пат доколку максималното времетраење на патувањето ги премине вредностите наведени во став (3) од овој член, освен во случај кога се исполнети условите пропишани со ставовите (4) и (5) од овој член не земајки ги во предвид наведените периоди за одмор. (9) Во случај на превоз на животни со превозни средства кои се натоварени на пловни средства без притоа животните да се истовараат, истите треба да се одморат веднаш по излезот од пловното средство, на самото пристаниште или во негова непосредна близина, освен во случаите кога вкупното времетраење на патувањето не е подолго од пропишаното времетраење во ставовите (3), (4) и (5). (10) За да се намали вкупното времетраење на патувањето, времетраењето наведено во ставовите (3), (4), и (8) од овој член може да се продолжи за два часа доколку со тоа ќе биде достигнато крајното одредиште. (11) По исклучок од одредбите на ставовите (4), (5), (6), (7), (8), (9) и (10) од овој член, Агенцијата може да го ограничи максималното времетраење на патувањето на осум часа кое не може да се продолжи за превоз на животни наменети за колење директно од местото на поаѓање до местото на крајна дестинација. Член 13 Други видови животни (1) Во случај на превоз на живина, домашни птици и домашни зајаци, треба да се обезбеди соодветна храна и вода во соодветни количества, освен за патување кое трае помалку од: а) 12 часа несметајки го времето потребно за натовар и истовар и б) 24 часа за пилиња од сите видови, под услов тоа да заврши во рок од 72 часа сметајки од моментот на испилувањето. (2) Мачки и кучиња кои се превезуваат треба да се хранат во интервали пократки од 24 часа, а вода треба да им се дава на интервали пократки од осум часа и тоа да биде пропратено со јасни пишани упатства за исхраната и напојувањето. (3) Другите видови животни, освен оние наведени во ставовите (1) и (2) од овој член, треба се превезуваат во согласност со претходно припремени пишани упатства во поглед на хранење и напојување во кои треба да има наведено и мерки за посебна грижа доколку е потребна. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 10 од 37 Оддел V Член 14 Покрив Превозното средство треба да има покрив во светла боја. Покривот треба да има соодветна топлинска изолација. Член 15 Под и простирка На животните треба да им се обезбеди соодветна простирка или соодветен материјал кој обезбедува удобност во поглед на видот, бројот на животни кои се транспортираат, времетраењето на патувањето и временските услови. Квалитетот на простирката треба да обезбеди соодветна апсорбција на урината и фецесот. Член 16 Храна за животни (1) За време на патувањето превозното средство треба да носи доволна количина соодветна добиточна храна за животните кои се превезуваат. Добиточната храна треба да е заштитена од временските услови и од контаминација со прашина, гориво, издувни гасови, урина и фецес. (2) Кога за хранење на животните е предвидено да се користи посебна опрема, опремата треба да се транспортира со истото превозно средство. (3) Кога се користи опрема за хранење, како што е наведено во став (2) од овој член, истата треба да биде конструирана да може да се прицврстува за превозното средство за да се спречи нејзино превртување. Кога превозното средство се движи а опремата не се користи, таа треба да се чува одделно од животните. Член 17 Прегради (1) Копитарите треба да се превезуваат во одделни боксови, освен кобили кои патуваат со своите ждребиња. (2) Превозното средство треба да е преградено при што на сите животни треба да им се обезбеди лесен пристап до вода за напојување. (3) Конструкцијата на преградите треба да овозможува нивно поставување во различни положби, при што големината на одделот да може да се приспособи на специфичните потреби на превозот како и на видот, големината и бројот на животни. Член 18 Минимални услови што се однесуваат на некои видови животни (1) Младите животни од домашни копитари и домашни животни од видот говеда и свињи доколку не се придружувани од мајката, може да се превезуваат на долги патувања доколку: а) домашните копитари се постари од четири месеци, со исклучок на регистрирани копитари; Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 11 од 37 б) телињата се постари од 14 дена и в) свињите се потешки од десет килограми. (2) Нескротени коњи не треба да се транспортираат на долги патувања. Член 19 Снабдување со вода за патен, железнички транспорт и транспорт со контејнери наменети за превоз по воден пат (1) Превозните средства и контејнерите наменети за превоз по воден пат треба да се обезбедени со доволна количина, вода. одговорното лице за чување на животните треба да обезбеди вода веднаш кога таа е потребна во текот на патувањето со тоа што на секое животно ќе му обезбеди непречен пристап до вода. (2) Уредите и опремата за напојување треба да се оддржуваат во добра работна состојба и да се проектирани и поставени на начин кој е соодветен на категориите животни за да можат истите да пијат вода во самото возило. (3) Вкупниот капацитет на резервоарите за вода за секое превозно средство треба да изнесува најмалку 1,5 % од неговиот максимален корисен товар. Резервоарите за вода треба да се конструирани на начин да може по секое патување лесно да се испразнат и да се исчистат. Резервоарите за вода треба да се опремени со систем кој овозможува визуелна проверка на количината на вода во нив. Тие треба да се поврзани со уредите за пиење во превозното средство и да се одржуваат во добра работна состојба. (4) Одредбите на ставот (3) од овој член не се однесуваат на контејнери наменети за превоз на животни по морски пат доколку водата за напојување се користи од резервоарите за вода од истото пловно средство во кое се натоварени контејнерите. Член 20 Вентилација и мониторинг на температурата во превозните средства наменети за патен превоз (1) Системите за вентилација на превозните средства треба да се проектирани, конструирани и да се одржуваат на начин кој овозможува во секој момент на патувањето, без оглед дали превозното средство стои или се движи, температурата во просторот каде се сместени животните да се оддржува во вредности од 5° С до 30° С со толеранција +/ 5°С, во зависност од надворешната температура. (2) Системот за вентилација треба да обезбеди рамномерна дистрибуција на свеж воздух насекаде во просторот каде што се сместени животните, со минимален проток на воздух со номинален капацитет од 60m3/h/KN. Системот за вентилација треба да може да работи најмалку четири часа независно од работата на моторот на возилото. (3) Превозните средства за патен патен сообраќај треба да се опремени со систем за следење на температурата, како и со систем за регистрација и чување на тие податоци. Сензорите треба да се сместени во деловите од превозното средство каде се сместуваат животните, кои во зависност од неговиот дизајн и натовареност, се очекуваат најлоши климатски услови. Снимените податоци треба да се заведени со датум и истите треба да се достапни на увид на Агенцијата. (4) Превозните средства за патен сообраќај треба да се опремени со алармни системи кои ќе го предупредат возачот кога температурата во одделите каде што се сместени животните ќе постигне максимална или минимална граница. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 12 од 37 Член 21 Систем за навигација Превозните средства за патен сообраќај треба да поседуваат соодветен систем за навигација кој овозможува снимање и добивање информации како што е дадено во патниот дневник од Прилог I Дел 4 на овој правилник. Превозните средства треба да се опремени и со систем на снимање на информации кога рампата за истовар и натовар на превозното средство била отворена или затворена. Оддел VI Член 22 Услови кои треба да ги исполнуваат собирните центри (1) Операторите во собирните центри треба обезбедат дека со животните се постапува согласно одредбите наведени во членовите 4, 5, 6, 7, 8 и 9 од овој правилник. (2) Кругот на собирните центри треба да биде заграден со ограда која треба да е конструирана на начин што спречува неовластен влез на лица и влез и излез на животни и да обезбеди функционална поврзаност на објектите. (3) Собирните центри треба да се снабдени со доволна количина на вода за пиење, од јавен водовод или од сопствени извори. Здравствената исправност на водата од сопствени извори треба да се контролира согласно прописите од областа на здравствена исправност на водата за пиење најмалку два пати годишно, а по потреба и повеќе пати. (4) Собирните центри треба да имаат систем за прифаќање на отпадните води, при што атмосферските води може да се влеваат во канализација или природен реципиент без прочистување. Собирните центри треба да имаат одводна канализациона мрежа а отпадните води и фекалии да се влеваат во јавната канализациона мрежа или септичка јама. (5) Подовите, ѕидовите и кровот на просториите во кои се сместени животните треба да бидат изградени од непропустлив материјал кој лесно се чисти и дезинфицира, кој е отпорен на влага, ерозија и механичко оштетување и одржувани на начин да обезбедат заштита од влијанието на неповолните временски услови. (6) Правните и физичките лица кои вршат дејност во собирните центри треба да обезбедат ветеринарна заштита додека во собирните центри има животни. (7) На влезот во собирниот центар треба да биде поставена натписна плоча на која ќе бидат напишани називот на собирниот центар, адресата, телефонските броеви, електронска пошта и работното време. (8) Собирните центри треба да имаат само еден влез за превозни средства и животни. Излез треба да има најмалку еден а може да има и повеќе. (9) Собирниот центар треба да обезбедат просторија за вршење на административните работи на официјалниот ветеринар. (10) Собирниот центар треба да поседува и со видливи знаци да обележи одделени места за сместување на животните. Животните треба да се сместуваат согласно видот, категоријата и возраста. (11) Просторот кој е наменет за сместување на крупни животни треба да има соодветна опрема за врзување на животните. На секое животно треба да му се обезбеди суво, удобно лежиште и доволно простирка. (12) За сместување на свињи, овци, кози, живина и други ситни животни собирниот центар треба да поседува доволен број на боксови, односно сместувањето треба да е соодветно на видот. Не треба да се сместуваат заедно животни од различни Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 13 од 37 одгледувалишта, односно животните треба да се физички одвоени. Густината на населеност во боксот треба да е таква да сместените животни може да легнат сите во исто време. Доколку е можно, на животните треба да им се обезбеди соодветна простирка. (13) Простирката треба да се менува редовно, односно секогаш кога во просторот се сместуваат нови животни. (14) Животните треба да бидат сместени на начин кој им обезбедува заштита од неповолните временски влијанија. (15) На секое животно треба да му се обезбеди пристап до свежа вода за пиење а доколку има потреба и храна. (16) Собирниот центар треба да поседува и простории за изолација на болни и повредени животни. Просторот треба да е соодветен на видот, возраста и здравствената состојба на животното. Пристап до просторот имаат само лицата вработени во собирниот центар, овластеното ветеринарно друштво и официјалниот ветеринар. Пристапот на неовластени лица до истите треба да е забранет. (17) Собирниот центар треба да поседува и соодветна опрема за фиксирање на животните. (18) Собирниот центар треба да има вработено персонал или на друг начин да обезбеди лица кои имаат познавање на техниките на хумано убивање на животните. (19) Собирниот центар треба да поседува и соодветна опрема за дезинфекција на превозните средства и просториите. (20) Собирниот центар треба да има пропишано процедури за во случај на итни мерки. Глава IV Член 23 Услови за издавање на одобрение за превозници кои вршат превоз на животни за кратки патувања и формата и содржината на електронскиот регистар на превозници (1) Превозникот кој планира да врши превоз за кратки патувања треба да ги исполнува условите утврдени во член 42 став (1) од Законот за заштита и благосостојба на животните. (2) Превозникот кој планира да врши превоз за кратки патувања поднесува барање до Агенцијата. Барањето се издава на образец во А4 формат на хартија во бела боја. (3) Кон барањето од ставот (2) на овој член превозниците треба да ја достават и следната документација: 1. тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија не постар од шест месеци; 2. важечки сертификат за компетентност; 3. пишани стандардни оперативни процедури во поглед на заштита и благосостојба на животните; 4. доказ за сопственост или договор за изнајмување на превозните средства и нивна идентификација; 5. список на превозните средства и опремата со главни технолошко-технички карактеристики и 6. доказ дека на превозникот не му е изречена прекршочна санкција или мерка за сериозни нарушувања на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните во последните три години. (4) По извршената проверка на документацијата на превозниците им се издава одобрение за вршење на превоз на животни за кратки патувања. На превозниците им се доделува и број на одобрение кое се состои од буквите МК ПКП на кој им се додава единствен растечки број почнувајќи од 0001. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 14 од 37 Член 24 Начин и постапка за издавање на одобрение за превозници кои вршат превоз на животни за долги патувања (1) Превозникот кој планира да врши превоз за долги патувања поднесува барање до Агенцијата. Барањето се издава на образец во А4 формат на хартија во бела боја кое ги содржи најмалку следните податоци: 1. назив на подносител на барањето; 2. адреса на седиштето на подносителот на барањето, телефон, факс, електронска пошта; 3. единствен матичен број на субјектот и единствен даночен број на правното лице; 4. име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на овластено лице за застапување на субјектот; 5. име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на одговорното лице и 6. вид на животни за кои се планира превозот. (2) Кон барањето од ставот (1) на овој член превозниците треба да ја достават и следната документација: 1. тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија не постар од шест месеци; 2. приказ на организацијата на работата и биланс на работната сила; 3. важечки сертификат за компетентност; 4. сертификат за превозното средство; 5. пишани стандардни оперативни процедури во поглед на заштита и благосостојба на животните; 6. пишани планови за итни и вонредни мерки; 7. список на превозните средства и опремата со главни технолошко-технички карактеристики вклучувајќи го навигациониот систем и 8. доказ дека на превозникот не му е изречена прекршочна санкција или мерка за сериозни нарушувања на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните во последните три години. (3) По извршената проверка на документацијата и проверка на лице место на превозникот му се издава одобрение на превозниците кои вршат превоз на животни за долги патувања. На превозниците им се доделува и број на одобрение кое се состои од буквите МК ПДП на кој им се додава единствен растечки број почнувајќи од 0001. Член 25 Форма и содржина на одобрението за превозници на кратки и долги патувања и форма и содржина на електронски регистар на превозници (1) Одобрението од член 23 став (4) на овој правилник се издава во А4 формат на бел лист хартија. (2) Формата и содржината на одобрението од став (1) на овој член е дадена во Прилог II кој е составен дел од овој правилник (3) Одобрението од член 24 став (3) на овој правилник се издава во А4 формат на бел лист хартија. (4) Формата и содржината на одобрението од став (2) на овој член е дадена во Прилог III кој е составен дел од овој правилник. (5) Агенцијата води електронски регистер на превозници кои вршат превоз на кратки патувања кој ги содржи најмалку следните податоци: 1) назив на подносител на барањето; Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 15 од 37 2) адреса на седиштето на подносителот на барањето, телефон, факс, електронска пошта; 3) единствен матичен број на субјектот и единствен даночен број на правното лице, 4) име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон , електронска пошта на овластено лице за застапување на субјектот; 5) име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на одговорното лице; 6) список на превозните средства; 7) број на одобрение и датум на впишување во регистерот и вид на животни дозволени за превоз. (6) Агенцијата води електронски регистер на превозници кои вршат превоз на долги патувања кој содржи најмалку следните податоци: 1) назив на подносител на барањето; 2) адреса на седиштето на подносителот на барањето, телефон, факс, електронска пошта; 3) единствен матичен број на субјектот и единствен даночен број на правното лице, 4) име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон , електронска пошта на овластено лице за застапување на субјектот и 5) име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на одговорното лице, 6) список на превозните средства; 7) број на одобрение и датум на впишување во регистерот и 8) вид на животни дозволени за превоз. Глава V Член 26 Начин на издавање на одобрение за средствата за превоз на животни за долги патувања (1) За добивање на одобрение за средствата за превоз на животни за долги патувања превозниците до Агенцијата треба да достават барање кое ги содржи најмалку следните податоци: 1. назив на подносител на барањето; 2. адреса на седиштето на подносителот на барањето; 3. единствен матичен број на субјектот и единствен даночен број на правното лице; 4. име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон , електронска пошта на овластено лице за застапување на субјектот; 5. име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на одговорното лице и 6. вид на животни планирани за превоз (2) Кон барањето од ставот (1) на овој член превозниците треба да ја достават и следната документација: 1. тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија не постар од шест месеци; 2. доказ дека превозните средства не се предмет на барање поднесено до или одобрени од друг надлежен орган од друга држава; 3. список на превозните средства и доказ за сопственост или договор за изнајмување на превозните средства и нивна идентификација и 4. список на опремата и превозните средства со главни технолошко-технички спецификации. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 16 од 37 (3) По извршената проверка на документацијата и проверка на лице место односно преглед на превозните средства, агенцијата се составува записник врз основа на кој се издава одобрение за средствата за патен сообраќај за долги патувања. На средствата за патен сообраќај за долги патувања им се доделува и број на одобрение кое се состои од буквите МК ПС ДП на кој им се додава единствен растечки број почнувајќи од 0001. (4) Одобрението од став (4) на овој член се издава во А4 формат на бел лист хартија. (5) Формата и содржината на одобрението за средствата за патен сообраќај за долги патувања е дадена во прилог V кој е составен дел од овој правилник. (6) Агенцијата води електронски регистер на превозни средства за долги патувања. Електронскиот регистер ги содржи најмалку следните податоци: 1. назив на подносител на барањето; 2. адреса на седиштето на подносителот на барањето; 3. единствен матичен број на субјектот и единствен даночен број на правното лице; 4. име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на овластено лице за застапување на субјектот; 5. име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на одговорното лице; 6. број на шасија; 7. број на регистерски таблички; 8. број на одобрение и датум на впишување во регистарот и 9. вид на животни дозволени за превоз. Глава VI Член 27 Начин на спроведување и содржина на обуката на возачите, надзорниците при превозот и персоналот во собирните центри како и условите за одобрување и овластување на субјектите кои ја спроведуваат обуката (1) Превозниците треба да обезбедат соодветна стручна подготовка на вработените, возачите и надзорниците на патувањето преку обука спроведена од страна на овластени субјекти. (2) Собирните центри треба да обезбедат соодветна стручна подготовка на персоналот кој постапува со животните во собирниот центар преку обука спроведена од страна на овластени субјекти. (3) Обуката од ставовите (1) и (2) на овој член треба да ги содржи најмалку следните тематски единици: а) одредбите од членовите 34 и 35 од Законот за заштита благосостојба на животните и одредбите од овој правилник освен одредбите пропишани во членовите 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 42 и 43 од овој правилник; б) физиологија на животните, нивните потреби во однос на исхрана и напојување, однесување на животните и физиологија на стресот; в) практичните аспекти на постапки кон животните; г) влијанието на начинот на возењето врз благосостојбата на животните кои се превезуваат како влијанието врз квалитетот на месото; д) познавање на практиките и постапување со животните во итни случаеви и ѓ) безбедност на персоналот кој постапува со животните. (4) Обуката од ставовите (1) и (2) на овој член трае два работни дена од кои еден ден теоретска настава и еден ден практична настава. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 17 од 37 (5) Обуките од ставовите (1) и (2) на овој член може да ги вршат субјекти кои се овластуваат од страна на Агенцијата врз основа на поднесено барање за овластување. Кон барањето за овластување, субјектите треба да достават и соодветна документација со која се опишува начинот на спроведување на обуката која треба да ги опфати тематските единици од ставот (3) на овој член. (6) Субјектите од ставот (1) и (2) на овој член треба да имаат соодветни простори, опрема и професионален кадар со соодветни познавања во областа за спроведување на обуките од ставот (1) и (2) на овој член. (7) По завршувањето на обуката од ставовите (1) и (2) на овој член се врши проверка на оспособеноста на кандидатот, со полагање на испит. Член 28 Начинот на издавање, содржината и форма на Уверение за компетентност на возачите и надзорниците на средствата за патен сообраќај (1) Овластените субјекти од член 27 ставови (1) и (2) на овој правилник по спроведениот испит за проверка на оспособеноста на кандидатот издаваат Уверение за компетентност. (2) За да се издаде Уверение за компетентност кандидатот треба успешно да го положи испитот од член 27 став (7) на овој правилник, односно треба да одговори точно на минимум 70% од вкупниот број на прашања. Успехот на кандидатот се утврдува описно, со оценката „положил" или „не положил". Уверението за компетентност треба да се издаде најдоцна во рок од пет дена од датумот на полагање на испитот. (3) Уверението за компетентност од став (1) на овој член се издава во А4 формат на бели листови хартија. (4) Содржината и формата на Уверението за компетентност на возачите и надзорниците на средствата за патен сообраќај е дадено во Прилог IV кој е составен дел на овој правилник. Глава VII Член 29 Услови кои важат за сите превозни средства (1) Превозните средства, контејнерите со сите составни делови како и придружната опрема треба да бидат изградени, конструирани,оддржувани и со нив да се управува на начин со кој: а) се одбегнува повреда и страдање и се обезбедува безбедност на животните; б) животните се заштитени од неповолни временски услови, екстремни температури и од нагли промени на климатските услови; в) редовно се чистат и се дезинфицираат; г) се спречува бегство или паѓање на животните надвор од превозното средство и се обезбедува животните да можат да ја издржат силата на инерцијата; д) се обезбедува оддржување на квалитетот и квантитетот на воздухот соодветно на видот животни кој се превезува; ѓ) е овозможен пристап до животните за да може да се прегледаат и да се третитаат; е) подна површина не треба да биде лизгава; ж) подна површина го сведува на минимум истекувањето на урина и на фекалии; з) се обезбедува осветлување кое има соодветен интензитет за да се изврши преглед, третман и нега на животните во текот на патувањето. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 18 од 37 (2) Во внатрешноста на превозните средства вклучително на секое поединечно ниво, треба да има доволно простор со што ќе биде овозможена соодветна вентилација над животните кога тие се во природна стоечка положба, не попречувајќи го нивното природно движење. (3) Доколку се превезуваат диви животни и видови кои не се домашни копитари или домашни животни од видот говеда, овци, кози и свињи, во превозното средство треба да се присутни следниве документи: а) известување кое укажува дека животните се диви, плашливи или опасни и б) пишани упатства за исхрана, напојување и доколку е потребна посебна грижа за видот кој се превезува. (4) Преградите во превозните средства треба да бидат доволно силни за да ја издржат тежината на животните. Целата опремата треба да е конструирана на начин на кој со неа лесно и брзо може да се ракува. (5) За прасиња полесни од 10 kg, јагниња полесни од 20 kg, телиња помлади од шест месеци и за ждребиња помлади од четири месеци треба да се се обезбеди соодветна простирка или соодветен материјал кој обезбедува удобност соодветно на видот, бројот на животните кои се превезуваат, времетраењето на патувањето и временските прилики. Овој материјал треба да обезбеди соодветна апсорпција на урината и на фецесот. (6) Доколку не е во спротивност со прописите од областа на безбедноста на патниците и екипажот, кога транспортот на животни се врши со воздухоплов, пловен објект или со железнички вагон и е предвидено да трае подолго од три часа, одговорното лице треба да има на располагање средство за убивање соодветно за видот на животното, и треба да биде соодветно обучен да ја изврши задачата ефикасно и на хуман начин. Член 30 Дополнителни услови за патен сообраќај и железнички превоз (1) Превозните средства во кои се превезуваат животни треба да се јасно и видливо обележани, означувајќи присуство на живи животни, освен кога животните се транспортираат во контејнери обележани во согласност со член 33 став (1) од овој правилник. (2) Превозните средства за патен транспорт треба да поседуваат соодветна опрема за натовар и истовар на животните. (3) При формирање на композиција од железнички вагони, како и за време на движењето на вагоните треба да се преземат мерки на претпазливост за да се одбегнат наглите движења и трескање на вагоните во кои се превезуваат животните. Член 31 Дополнителни услови за пловни објекти за превоз на животни во контејнери, возила за патен сообраќај и железнички превоз (1) Одговорното лице пред натоварот на животните во пловниот објект треба да провери: а) во случај на натовар во затворена палуба дали пловниот објект има инсталирано соодветен вештачки вентилационен систем со соодветен алармен систем кој се активира во случај на дефект, поддржан со соодветен резервен систем за обезбедување на секундарен извор на електрична енергија во случај на дефект и б) во случај на натовар на отворена палуба дали има обезбедено соодветна заштита од морската вода. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 19 од 37 (2) Превозните средства за патен превоз и железничките вагони треба да се опремени со доволен број на соодветни сигурносни точки кои се позиционирани и одржувани на начин кој обезбедува безбедно прицврстување за пловниот објект. Превозните средства за патен превоз и железничките вагони треба да се прицврстат за пловниот објект пред започнување на патувањето за да се избегне нивно поместување при поаѓањето на пловниот објект. Член 32 Дополнителни услови за превоз по воздушен пат (1) При превоз по воздушен пат животните треба да се превезуваат сместени во контејнери или боксови соодветни за нивниот вид, што треба да биде во согласност со Регулативата за живи животни на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA). (2) Животните треба да се превезуваат така што што квалитетот на воздухот, температурата и притисокот да се одржуваат во текот на целото патување во соодветни вредности за видот животни кој се превезува. Член 33 Дополнителни услови за превоз во контејнери (1) Контејнерите во кои се превезуваат животни треба да бидат јасно и видливо обележани и означени за присуство на живи животни. Контејнерот треба да има ознака на горниот дел на контејнерот. (2) Во текот на превозот и ракувањето, контејнерите секогаш треба да се поставени во исправена положба, не треба да има силни и ненадејни движења или тресења на контејнерите. Контејнерите треба да бидат соодветно обезбедени и прицврстени за да се спречи нивно поместување поради движењето на превозното средство. (3) Контејнерите со тежина поголема од 50 kg треба да се опремени со доволен број соодветно изградени, позиционирани и одржувани сигурносни точки, кои овозможуваат контејнерите безбедно да се прикачат и зацврстат за превозното средство на кое се товарат. Контејнерите треба да се прикачат и обезбедат за превозното средство пред почетокот на патувањето за да се спречи нивно поместување поради движењата на превозното средство. Глава VIII Член 34 Превоз со железница, превоз по патишта, превоз по воздушен пат и превоз по вода на домашни копитари (1) Доколку превозот на домашните копитари се врши со железница, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 2 на овој правилник. (2) Доколку превозот на домашните копитари се врши по патишта, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 3 на овој правилник. (3) Доколку превозот на домашните копитари се врши по воздушен пат, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 4 на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 20 од 37 (4) Доколку превозот на домашните копитари се врши по вода, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 5 на овој правилник. Член 35 Превоз со железница, превоз по патишта, превоз по воздушен пат и превоз по вода на животни од видот говеда (1) Доколку превозот на животните од видот говеда се врши со железница, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 6 на овој правилник. (2) Доколку превозот на животните од видот говеда се врши по патишта, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 7 на овој правилник. (3) Доколку превозот на животните од видот говеда се врши по воздушен пат, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 8 на овој правилник. (4) Доколку превозот на животните од видот говеда се врши по вода, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 9 на овој правилник. Член 36 Превоз со железница, превоз по патишта, превоз по воздушен пат и превоз по вода на гравидни говеда За гравидните говеда при превоз со железница, превоз по патишта, превоз по воздушен пат и превоз по вода треба да се обезбеди 10% повеќе простор од просторот пропишан во членот 35 од овој правилник. Член 37 Превоз со железница, превоз по патишта, превоз по воздушен пат и превоз по вода на животни од видот овци и кози (1) Доколку превозот на животните од видот овци и кози се врши со железница, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 10 кој на овој правилник. (2) Доколку превозот на животните од видот овци и кози се врши по патишта, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 11 на овој правилник. (3) Доколку превозот на животните од видот овци и кози се врши по воздушен пат, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 12 на овој правилник. (4) Доколку превозот на животните од видот овци и кози се врши по вода, минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 13 на овој правилник. Член 38 Превоз со железница и по патишта на животни од видот свињи (1) Свињите во превозното средство при превоз со железница и по патишта треба да можат да легнат и да се исправат во својата природна положба. За да се исполнат овие минимални услови, густината на животните со телесна маса од околу 100 kg не би требало да надминува 235 kg/m2. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 21 од 37 (2) Во зависност од расата, големината и физичката состојба на свињите минималната пропишана површина може да се зголеми. Во зависност од метеоролошките услови и времетраењето на патувањето потребно е зголемување на подната површина од 20 %. Член 39 Превоз по воздушен пат на животни од видот свињи (1) Густината на животните од видот свињи при превоз по воздушен пат треба да биде релативно висока за да се спречат повреди при полетување и слетување или во случај на турбуленции, при што истовремено животните треба да имаат доволно простор за да легнат. Пред донесувањето на одлука за густината на животните треба да се земат предвид временските услови, вкупното времетраење на патувањето и времето на пристигнување на дестинацијата. (2) Минималната подна површина треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 14 на овој правилник. Член 40 Превоз по вода на животни од видот свињи Минималната подна површина при превоз по вода на животни од видот свињи треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 15 на овој правилник. Член 41 Густини кои треба да се применуваат при превоз на живина во контејнери Минималната подна површина при превоз на живина во контејнери треба да биде во согласност вредностите дадени во Прилог VI Табела 16 на овој правилник. Глава IX Член 42 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за заштита и благосостојба на животните за време на превоз („Службен весник на Република Македонија“ бр. 03/12). Член 43 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-2764/3 Агенција за храна 23 декември 2016 година и ветеринарство Скопје Директор, м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 22 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 23 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 24 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 25 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 26 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 27 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 28 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 29 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 30 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 31 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 32 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 33 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 34 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 35 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 36 од 37 Службен весник на РМ, бр. 4 од 13.1.2017 година 37 од 37