تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on multi-annual plan for surveillance in the food, veterinary and plant health

صدر في 2012-08-15 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Повеќегодишен контролен план за надзор во областа на храната, ветеринарството и здравјето на растенијата.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
food safety and quality, policy/planning, hygiene/sanitary procedures, inspection, institution, public health, governance

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Стр. 2 - Бр. 105 23 август 2012 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2745. Врз основа на член 99 став (2) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/2010, 53/2011 и 1/2012), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 15.08.2012 година, донесе ПОВЕЌЕГОДИШЕН КОНТРОЛЕН ПЛАН ЗА НАДЗОР ВО ОБЛАСТА НА ХРАНАТА, ВЕТЕРИНАРСТВОТО И ЗДРАВЈЕТО НА РАСТEНИЈАТА 1. Предмет Со Повеќегодишниот контролен план за надзор на прометот со храна, ветеринарното здравство и здравствената заштита на растенијата (во понатамошниот текст ПНКП) се утврдуваат функциите доделени на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство и Фитосанитарната управа, односно, контролните мерки кои се спроведуваат во рамките на надзорот при прометот со храна, секторот за ветеринарно здравство и здравствена заштита на растенијата, за периодот од 2012 - 2016 година. Македонскиот ПНКП е изготвен согласно начелата и барањата на Закон за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11 и 1/12) член 99 - 102, Регулативата 882/2004 член 41 за официјални контроли, и Одлуката бр. 2007/363 на Комисијата, од 21 мај 2007, за упатствата со кои се обезбедува поддршка на земјите членки при изготвување на ПНКП. 2. Цели Целта на ПНКП е обезбедување на ефикасно спроведување на соодветните закони, правилници и други одредби и да се обезбеди дека надлежните органи и релевантните учесници ги спроведуваат, вршат мониторинг и потврдуваат дека се исполнети соодветните барања, и дека се одржуваат системите за официјални контроли „од фарма до вилушка“, активностите за надзор и мониторинг кои ги опфаќаат сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храна и храна за животни како и здравствената заштита и благосостојба на животните и здравствената заштита на растенијата. 3. Содржина на ПНКП Поглавје 1 - Вовед Историјат Македонскиот повеќегодишен национален контролен план за надзор на прометот со храна, ветеринарното здравство и здравствената заштита на растенијата, претставува стратешки документ кој ги пропишува функциите доделени на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Државниот инспекторат за земјоделство и Фитосанитарната управа, имено, контролните мерки кои се спроведуваат во рамките на надзорот при прометот со храна, секторот за ветеринарно здравство и здравствена заштита на растенијата, за периодот од 2012 - 2016 година. Македонскиот ПНКП е изготвен согласно начелата и барањата на македонскиот Закон за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10) (член 99-102), Регулативата 882/2004 член 41 за официјални контроли, и Одлуката бр. 2007/363 на Комисијата, од 21 мај 2007, за упатствата со кои се обезбедува поддршка на земјите членки при изготвување на ПНКП. ПНКП е изготвен во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство и Фитосанитарната управа. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 3 Поглавје 2 -Предмет и цели 2.1. Циклус на планирање Циклусот на планирање за македонскиот ПНКП е пет (5) години, и истото е наведено во законот за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10) член 99 став (2). 2.2. Предмет на ПНКП Во ПНКП се детално опишани и дадени регулаторните одредби во Република Македонија за улогите и одговорностите на различни органи и придружни тела кои се вклучени и кои ги исполнуваат барањата утврдени за нив во Регулативата 882/2004 и во македонскиот закон за безбедност на храна. Наведено е како овие органи ги координираат своите активоности и работат заедно, со цел заштита на јавното и здравјето на животните и нивната благосостојба, здравствената заштита на растенијата и заштита на потрошувачите. Исто така се обезбедени информациите за механизмите кои се или ќе бидат воспоставени со кои би се подобрила постојаноста и делотворноста на спроведувањето кај сите контролни системи, сите сектори и сите фази во ланецот за производство на храна и безбедност на храна, здравствена заштита и благосостојба на животните и здравствена заштита на растенијата. Планот ги опфаќа предвидените официјални контролни активности на надлежните органи и приоритетите за време на периодот на спроведување на ПНКП. Во планот исто така се опишани процедури за мониторинг и за известување за напредокот при спроведување на истиот. 2.3. Општи цели Да се обезбеди eфикасно спроведување на соодветните македонски закони, правилници и други одредби и да се обезбеди дека надлежните органи и релевантните учесници ги спроведуваат и вршат мониторинг и потврдуваат дека се исполнети соодветните барања, и дека се оддржуваат системите за официјални контроли „од фарма до вилушка“, активностите за надзор и мониторинг кои ги опфаќаат сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храна и храна за животни како и здравствената заштита и благосостојба на животните и здравствената заштита на растенијата. 2.4. Конкретни цели Да се обезбеди дека воспоставениот сеопфатен и интегриран контролен систем за официјални контроли ќе придонесе при заштита на јавното здравје и здравјето и благосостојбата на животните и здравствената заштита на растенијата и ќе се штитат интересите на потрошувачите. Во текот на спроведувањето на ПНКП, целта е контролните системи да придонесат особено кон следниве стратешки цели: • воспоставување и реализација на официјален контролен систем заснован на ризик; • воспоставување и целосно спроведување на системот за аудит; • воспоставување и целосна реализација на систем за обука на персоналот; • подобрување на здравствената заштита и благосостојба на животните; • јакнење на операциите на АХВ, ДИЗ и ФУ со тоа што ќе се објават законодавните акти што недостигаат, ќе се вработи нов персонал и ќе се разработат и спроведат работните Стр. 4 - Бр. 105 23 август 2012 процедури, плановите за инспекција и земање примероци и ќе се подобри соработката со официјалните лаборатории за контрола; • Подобрување на системот за надзор за храна за животни и исхрана на животните. Подобрување на контролниот систем за НПЖП. Воспоставување на систем за управување со квалитет (СУК) во АХВ, вклучувајќи ги и инспекциите; • воспоставување и реализација на систем за регистрација на одгледувалишта за животни кои не се опфатени со постоечкиот систем; • јакнење на официјалните контроли за здравствена заштита на растенијата и производите за заштита на растенија. Поглавје 3 - Политика и законодавство 3.1. Вовед Македонија прогласи независност на 8 септември, 1991, како парламентарна република. Вкупната површина изнесува 25.713 км2 каде што 1.9% е покриена со вода. Популацијата во јуни 2010 - 2.055.004. Постојат неколку етнички групи: Македонци – 65.2% Албанци – 24.2% Турци – 3.9% Роми – 2.7% Други – 4.0% Македонија е поделена на статистички региони кои постојат исклучиво за правни и статистички цели. Овие региони се - Видете ја мапата подолу: 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 5 Територијалната организација на Република Македонија е поделена на 84 општини; 10 од овие општини се во рамките на градот Скопје. Македонија е земја без излез на море и се граничи со Косово на северозапад, Србија на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Aлбанија на запад. 3.2. Хиерархиско усвојување на законодавството Собранието на РепубликаМакедонија е врховно законодавно тело во земјата. Согласно националните практики и процедури, пред да стапи на сила, еден предлог-закон или поздаконски акт, мора, по хронолошки редослед да биде предмет на: техничка дискусија во рамките на службата; техничко и административно советување меѓу агенциите; проверка од страна на Секретаријатот за законодавство при Владата; одобрение од страна на Министерството за финансии и коментари од страна на други министерства или државни административни тела кои се вклучени; Разгледување и одобрение од страна на Владата; Во зависност од обемот и влијанието, јавни дебати со учесниците; разгледување и одобрение од страна на парламентарните комитети за европски прашања и земјоделство; разгледување и можно усвојување од страна на Собранието на пленарна седница; објавување во Службен весник. При процесот на усвојување на еден закон или подзаконски акт, основен инструмент за анализа/споредба на степенот на транспонирање на законодавството на ЕУ во изготвеното национално законодавство е коресподентната табела (КТ). Подзаконските акти (правилници, наредби, одлуки) за одредени области, ги усвојува надлежниот министер врз основа на одредбите од релевантните закони. Овие подзаконски акти треба претходно да се одобрат во однос на сообразноста со Уставот на Република Македонија, и други закони, објавени од Секретаријатот за законодавство. По усвојувањето, подзаконските акти се објавуваат во Службениот весник на Република Македонија. Предлог-законите, другите регулативи и акти доставени од Владата во рамките на нејзините надлежности до Собранието, содржат задолжителни анализи (преглед, резиме) во однос на нивната сообразност со законодавството на ЕУ. Хармонизацијата на националното со законодавството на ЕУ се врши согласно националната програма за усвојување на правото на ЕУ (NPAA) одобрена од страна на Владата (Поглавје 12 (Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика). Веќе се усвоени нова законодавна рамка како и неколку подзаконски акти. Изготвени се и други правни акти и се во процес на усвојување. Поглавје 4 - Назначување на надлежни органи Одговорноста за организирање и работа на контролните системи во Македонија е поделена меѓу новоформираната Агенција за храна и ветеринарство (во натамошниот текст: Агенцијата), како независно тело на јавната администрација со улога на правно лице, и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Фитосанитарната управа (Закон за безбедност на храна, членови 15 и 26). Постоечката институционална структура во земјата беше реструктуирана со цел да се обезбеди соодветна распределба на одговорностите, координација на активностите кои го опфаќаат целиот ланец на безбедност на храна, со што ќе се гарантира успешна реализација на законските решенија во областа на безбедност на храна. Стр. 6 - Бр. 105 23 август 2012 Согласно законот за безбедност на храна, член 78 Агенцијата може да доделува одредени задачи во однос на официјалните контроли до едно или повеќе контролни тела согласно ставовите (2), (3) и (4) од член 78, според листата на задолженија утврдена од Агенцијата. Во моментов, Агенцијата нема можност да доделува било какви задачи до контролното тело. 4.1. Агенција за храна и ветеринарство Агенцијата за храна и ветеринарство започна со работа на 1 јануари 2011 година, како независно тело на јавната администрација во улога на правен субјект. Агенцијата врши активности во рамките на безбедност на храна и храна за животни, спроведување, контрола, надзор и мониторинг на ветеринарните активности од областа на здравствената заштита и благосостојба на животните, ветеринарното јавно здравство како и контрола на националните референтни лаборатории и овластени лаборатории за потребите на Агенцијата, согласно овој и други закони од областа на храна за животни, ветеринарно здравство и благосостојба на животните. Називот на Агенцијата во меѓународната трговија е: Агенција за храна и ветеринарство (АХВ). Седиштето на Агенцијата е во Скопје. АХВ ја спроведува својата стратешка програма согласно упатствата објавени од Генералниот секретаријат, на ниво на влада. Циклусот на планирање е 3 години, но секоја година планот треба да се ревидира и измени соодветно на тоа. Во рамките на АХВ беше воспоставена работна група за изготвување на стратешкиот план, каде членови се сите раководители на одделенија. Во стратешкиот план се содржани цел, визија, активности, приоритети и известувања. Мониторингот претставува главна алатка за утврдување на нивото на реализација на стратешкиот план. Во планот се содржани активности за одреден сектор или контролен систем, а раководителот на тој сектор е одговорен за нивна реализација. Но, планот се менува и усвојува на годишно ниво, па нивото на реализација во голема мера зависи од расположливите финансиски и човечки ресурси. Во моментов, системот за безбедност на храна и храна за животни, вклучително и надзорот и официјалните контроли, се регулирани со осум основни закони и подзаконските акти кои произлегуаат од истите. Закон за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” 157/2010; 53/11 и 1/12)", Закон за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија “ бр 113/07, како што е изменет во јануари, 2011); Закон за здравствена заштита и благосостојба на животните („Службен весник на Република Македонија” бр 113/07); Закон за нус-производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр 113/07) Закон за идентификација и регистрација на животните („Службен весник на Република Македонија” бр 69/04); Закон за ветеринарно медицински препарати („Службен весник на Република Македонија” бр 42/2010) Закон за безбедност на храна за животни - (последна изменета верзија бр. 53/2011), повторно изготвен по стапување на сила на законот за безбедност на храна – 08.12.2010 - и воспоставување на новата структура на АХВ, Закон за инспекциски надзор – на сила од 1 април , 2011 (обврзувачки за сите инспекциски служби) 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 7 Други подзаконски акти кои имаат влијание врз ланецот за безбедност на храна, кои се претставени во описот на надлежности на административните тела. Основниот правен акт е Законот за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10)", со кој се регулира контролата на безбедноста на храна во сите фази (производство, преработка, складирање, транспорт, дистрибуција, малопродажба и достава). Со законот се регулираат општите и специфичните услови и обврски за операторите за храна, нивната регистрација и одобрение, условите за увоз и извоз на храна од животинско и неживотинско потекло, официјалните контроли и нивното финансирање заедно со мониторингот на резидуи и недозволени супстанции. Основната регулатива во ветеринарната област е Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007) со кој се утврдуваат одредбите во однос на организацијата и надлежностите на ветеринарните служби и начелата и процедурите за спроведување на активностите во однос на заштитата на луѓето и животните од болести кои се пренесуваат преку животни и производи од животинско потекло. Со законот за ветеринарно здравство исто така се регулира здравствената заштита на животните од болести; заштита од заразни болести кај животните кои се пренесуваат на луѓето; ветеринарно-санитарни инспекции и контрола; ветеринарна заштита, подобрување на животната средина и природата; надоместоци и трошоци за здравствена заштита на животните; организација и спроведување на активности од областа на ветеринарната медицина како и други ветеринарни прашања. Со овој закон исто така се дефинирани надлежностите на ветеринарните служби и надлежностите на секој сегмент во рамките на службата. Согласно надлежносите кои произлегуваат од Законот за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10), контролата на Агенцијата за храна и ветеринарство го опфаќа целиот ланец на храна. 4.2. Државен инспекторат за земјоделство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Здравствената заштита на растенијата и примарното растително производство и придружните оперции во примраното растително производство се во рамките на Фитосанитарната управа и Државниот инспекторат за земјоделство (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство). Основните регулативи во фитосанитарната област се Законот за здравјето на растенијата со кој се регулира здравјето на растенијата и нивната заштита од штетници, како и Законот за производи за заштита на растенијата, со кој се регулира одобрението, пуштањето во промет и употребата на производи за заштита на растенијата. И со двата закони се опфаќа организацијата и извршувањето на официјални контроли во соодветните области. Со посебни земјоделски закони во системите за безбедност на храна се исто така опфатени: Фитосанитарната управа и Државниот инспекторат за земјоделство. Државен инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) е орган надлежен за примарното производство и придруните операции во земјоделството. Надлежностите на ДИЗ произлегуваат од Законот за државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на Република Македонија” бр. 20/2009). Државниот инспекторат за земјоделство ги спроведува официјалните контроли во областа на здравјето на растенијата и производи за нивна заштита. Стр. 8 - Бр. 105 23 август 2012 Согласно Законот за безбедност на храна, член 26, Државниот иснспекторат за земјоделство, тело во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е надлежно за храната од растително потекло, храната за животни во примарното земјоделско производство, како и придружните операции на примарното производство и здравствената заштита на растенијата, согласно овој закон и регулативите усвоени во согласност со овој закон, регулативите поврзани со земјоделството и здравјето на растенијата. ДИЗ функционира во 33 регионални канцеларии и 11 инспекциски места на гранични премини. За извршување на должностите, вработени се: • Вкупно персонал - 95 • Инспектори на државниот инспекторат - 57 • Фитосанитарни инспектори - 22 • Административен персонал – 16 4.3. Фитосанитарна управа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Согласно Законот за безбедност на храна, член 26, Фитосанитарната управа, како тело во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е надлежна за регулативите усвоени согласно овој закон и регулативите поврзани со здравјето на растенијата како и посебните регулативи усвоени од други сродни начела во рамктие на земјоделството. Фитосанитарната управа (ФУ) е орган надлежен во областа на здравјето на растенијата и производите за нивна заштита. Во надлежностите на Управата спаѓаат: изготвување на законодавство, мониторинг при појава и ширење на болести кај растенијата, подготовка на извештаи и анализи за здравствената состојба на растенијата и растителните производи, регистрација на производи за заштита на растенија и координација на научните и професионалните институции во областа за заштита на растенија. Инспекторите од државниот инспекторат за земјоделство ги спроведуваат официјалните контроли во областа на здравјето на растенијата и производите за нивна заштита. За извршување на овие должности има вкупно 17 вработени. Поглавје 5 - Организација на и управување со официјални контроли 5.1. Управување на Агенцијата Со Агенцијата раководи директор, кого што Владата на Република Македонија го назначува и го разрешува од должноста. Директорот истовремено е и главен ветеринарен службеник (Закон за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија бр. 113/07) и има еден заменик-директор; тројца советници: државен советник за ветеринарство, државен советник за храна и советник за правни работи. Мандатот на директорот трае 4 години, со можност за повторно номинирање. Заменик-директорот го заменува директорот на Агенцијата во случај на негово отсуство и ги исполнува задолженијата доделени од страна на директорот на Агенцијата. Директорот на Агенцијата е надлежен за усвојување на акти за организација и систематизација на работата и активностите на Агенцијата, усвојување на други акти поврзани со работата и функционирањето на Агенцијата (Правилници, прирачници, планови, насоки, одлуки итн.); донесува одлуки за вработување, распределба на персоналот како и во однос на нивните 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 9 права и обврски, усвојува регулативи поврзани со безбедноста на храната и ветеринарното здравство и обезбедува извршување на активностите поврзани со безбедноста на храната и ветеринарното здравство. Иако согласно Законот за безбедност на храна, Агенцијата е назначена како надлежен орган за безбедност на храна и храна за животни, здравствена заштита и благосостојба на животните, согласно член 25 од Законот за безбедност на храна, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е надлежно за спроведување на политиката во областа на безбедност на храна и храна за животни и ветеринарното здравство. Воведен е членот 25 од Законот за безбедност на храна, бидејќи според хиерархијата, усвојување на Примарното законодавство (законите) треба да е само на ниво на министерство, а да го усвојува Владата. Сите стратегии, подзаконски акти како и документи за внатрешна организација, ги изготвува и предлага Агенцијата; стратешките документи ги усвојува Владата, а останатите документи - директорот на Агенцијата. 5.2. Организација на Агенцијата За целите на спроведувањето на одредбите утврдени во Законот за безбеност на храна, изготвени се и усвоени следниве Правилници. Правилник бр. 11-288/3 од февруари 2011 за внатрешната организација на Агенцијата за храна и ветеирнарство, објавен врз основа на член 19 и 20 од Законот за организација и работа на државните административни тела. Потпишано од Дејан Рунтевски, Директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (Службен весник на Република Македонија бр. 58/00, 44/02, 82/08 и 167/10) Правилник бр. 11-288/3 „За систематизација на работните места во Агенцијата“ објавен врз основа на член 19 и 20 од Законот за организација и работа на државните административни тела. Потпишано од Дејан Рунтевски, Директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. (Службен весник бр. 58/00, 44/02, 82/08 и 167/10) Во седиштето на Агенцијата има седум сектори, три одделенија и тројца советници (органограм - Видете табела бр 5.1). Стр. 10 - Бр. 105 23 август 2012 Табела бр 5.1 Органограм на Агенцијата Структура на АХВ и нивоа на администрација Сите надлежности на Агенцијата за храна и ветеринарство се централизирани на ниво на директор. За спроведување и извршување на контролите одговорни се државните ветеринарни инспектори (официјални ветеринари) и инспекторите за храна кои се распределени во локалните единици (ЛЕ) како и инспекторите распределени на инспекциските места на граничните премини (ИМ на ГП). Локалните единици и инспекциските места на граничните премини се директно подредени на Агенцијата. Директорот на Агенцијата согласно законот за безбедност на храна, член 20, со писмено одобрение на раководителите на сектори им доделува надлежности за потпишување на одредени документи. 5.3. Надлежност на Агенцијата Согласно законот за безбедност на храна, член 17, надлежностите на Агенцијата се: 1. извршување дејности поврзани со безбедноста на храната и храната за животни; 2. организација и одговорност во спроведување на ветеринарните активности; 3. спроведување, контрола, надзор и мониторинг на ветеринарните активности во однос на здравјето на животни; 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 11 4. заштита и благосостојба на животните во однос на нивното одгледување, чување, размножување и сместување, движење на фармата, употреба, транспорт, колење и убивање; 5. заштита и благосостојба на кучиња и домашни миленици, животни од зоолошки градини и животни кои се користат за експериментални и други научни цели; 6. извршување на активности во однос на нус-производи од животинско потекло; 7. идентификација и регистрација на фармски и други животни; 8. извршување активности во однос на ветеринарните медицински препарати; 9. контрола на квалитетот на храна со исклучок на примарното земјоделско производство од растително потекло; 10. други активности важни во однос на ветеринарното здравство, безбедноста на храна и храна за животни. 5.4. Организација на официјалните контроли Согласно Законот за огранизација и работа на органите на државна управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00 и 44/02), органите на државната управа кои вршат инспекција имаат обврска за заемна соработка при спроведувањето на инспекциските активности од заеднички интерес, како и соработка со другите државни административни тела. За сите неправилности кои се јавуваат во текот на инспекцијата, должни се да го известат надлежното тело, т.е инспекциското тело, кое презема соодветни мерки во рамките на своите надлежности. Организација на официјални контроли засновани на пристапот на ЕУ и националните законодавни норми и спроведени со примена на стратешки документи, годишен надзор и контролни планови и програми како и методолошка документација (упатства, насоки, процедури, контролни листи) кои се изготвени во рамките на АХВ. Надзорот и контролните задачи се планираат на централно ниво на Агенцијата а се спроведуваат преку нејзините локални единици во целата земја (Видете ги официјалните контролни системи, поглавје 9 до 20). Секој сектор кој врши инспекции е одговорен за координација на службениот надзор и контролните активности, развојот на мониторинг програми за земање примероци во нивна надлежност и преглед и чување на инспекциските податоци. Инспекторите, при вршење на надзор и нивните инспекциски задачи, ги спроведуваат мерките за управување со ризик кои се усвоени на ниво на сектор. Во склоп на официјалните контроли, АХВ ги обезбедува следниве методи за контрола и надзор: • Регистрација на објекти; • Одобрување на објекти; • Инспекција на објекти и/или фарми и други објекти кои се контролираат (редовно, вонредно, проверка на сообразноста); • Мониторинг и потврдување; • Земање примероци и вршење лабораториски анализи. Официјалните контроли се вршат без претходно известување и во било која фаза на производството, преработката и дистрибуцијата на храна. Тоа подразбира, контрола на бизниси со храна, за употреба на храната, нејзино складирање, на сите процеси, материјали, супстанции, активности, вклучително и транспортот на храна и на живи животни. Агенцијата треба да гарантира непристрасност, квалитет и постојаност на официјалните контроли на сите нивоа (член 77, Закон за безбедност на храна). Стр. 12 - Бр. 105 23 август 2012 5.5. Ресурси 5.5.1. Човечки ресурси Согласно Законот за безбедност на храна, член 23, за вработените лица во Агенцијата кои имаат статус на државни службеници, во однос на правата, должностите и одговорностите од работен однос се применува Законот за државни службеници. За вработените во Агенцијата кои вршат помошни и технички работи во однос на правата, должностите и одговорностите од работен однос се применува Законот за работни односи. Врз основа на член 78 ставови (5) и (6), член 79 став (2) и член 79-а став (4) од Законот за државни службеници , објавени се Правилник за начинот и постапката за оценување на државни службеници, содржината на извештаите и образецот за оценување. Државните службеници се оценуваат двапати годишно, со помош на образецот за оценување. Оценувањето на државните службеници се врши со цел да се добие една слика во однос на професионалноста, квалитетот, ефикасноста и делотворноста при спроведувањето на службените задачи, односно, постигнување на утврдените работни цели. При оценување на работните резултати, се оценува следново: стручното знаење и примената на начелата и практиките; постигнување на работните цели; навремено извршување на работните задачи; квалитетот на извршувањето на работните задачи и работната организација. Во АХВ, најважен ресурс е персоналот. АХВ сака да обезбеди дека ресурсите и компетентноста на персоналот соодветствуваат со бројот на задачи кои треба да се извршат. Во јануари 2012 година, АХВ имаше 974 потврдени работни места, но во моментов се вработени само 287 лица (Видете табела 5.1 и 5.2.). Во моментов има 147 вработени (од предвидените 383) кои се директно вклучени во државниот надзор на движење на храната, вклучително и 25 вработени од централното ниво на АХВ (ветеринарно јавно здравство и храна од неживотинско потекло). Има 83 вработени (од предвидените 269) кои се директно вклучени во државниот ветеринарен надзор и благосостојбата, вклучително и 23 вработени од АХВ од секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните. Во државниот наздор на гранична контрола, храна, ветеринарната и фитосанитарната област се вклучени 25 инспектори (од предвидените 161), вклучително и 5 вработени од централната канцеларија. Деветтемина вработени (од предвидените 39) се задолжени за оценување на ризикот предизвикан од храна, RASFF, управување со квалитет, координација, соработка со референтните и официјалните лаборатории за контрола и заштита на потрошувачите. Управувањето со вработените во АХВ е стратешки организирано со следнава цел: секој вработен индивидуално како и сите заедно се стремат кон постигнување на поставените цели, постојано зголемувајќи ја работната ефикасност и извршувањето на работните задачи на највисоко ниво. Службениците на АХВ обезбедуваат надзор на постоечките објекти согласно овие надлежности. Државните службеници се оценуваат двапати годишно согласно барањата на Законот за државни службеници. Едно од главните прашања за време на реализирањето на ПНКП е да се вработат оптимален број на лица во сите сектори и одделенија со што би се обезбедило непречено работење на АХВ. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 13 Табела бр. 5.1 Број на вработени според сектори и работни позиции (јануари 2012) Работни позиции Здр авст вен ата заш тит а и бла госо стој ба на жив отн ите; Вет ери нар но јавн о здра вст во Гра нич на инс пек ција Хра на од неж иво тин ско поте кло Одд еле ние за чов ечк и ресу рси одде лен ие за вна тре шен ауд ит Одд еле ние за вна тре шна кон тро ла ЕУ и меѓ уна род на сора бот ка Пра вни и адм ини стра тив ни пра ша ња Стр учн а под дрш ка ВК УП НО Раководител на сектор 1. 1. 1. 1. 4 Раководител на одделение 0 1. 4 1. 2. 5. 13. Службеници (советник, постар соработник, соработник) 5. 11. 1. 2. 1. 1. 2. 8. 1. 32 Помлад соработник 11. 3 3 2. 4 1. 2. 26 Административ ен персонал 6 2. 2. 10 Вкупно на централно ниво 23. 18. 5. 8. 1. 0 2. 8. 11. 9. 85 Работно место на локално ниво Инспектор за храна 60 60 Официјален ветеринар и ветеринарен соработник 28+ 6 34+ 3 71 Официјален ветеринар на ВИМ на ГП 18. 18. Помлади инспектори 8. 7. 2. 5. 22. Стр. 14 - Бр. 105 23 август 2012 Административ ен персонал 18. 3 10 31 Вкупно на локално ниво 60 47 20 75 202 Вкупно во АХВ 83 65 25 83 1. 0 2. 8. 11. 9. 287 Во моментов, АХВ предвидува организациони единици и број на вработени лица со што би се обезбедило практично функционирање и ефикасност на АХВ во иднина, па затоа сè уште има значителна разлика меѓу веќе вработените и предвидените работни места. Директорот на Агенцијата обезбедува предуслови за персоналот кој врши официјални контроли да нема конфликт на интереси (член 77 Закон за безбедност на храна). Во моментов, нема спроведено одреден пропис или процедура со цел персоналот кој врши официјални контроли да е слободен од конфликт на интереси. Табела бр. 5.2 Број на вработени лица и предвидени работни места во АХВ (јануари 2012) бр Структурна единица на АХВ Моментално вработени Предвидени 1. Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животни 83 269 2. Сектор за ветеринарно јавно здравство 65 204 3. Сектор за храна од неживотинско потекло 83 179 4. Сектор за гранична инспекција 25 161 5. Сектор за ЕУ и меѓународна соработка 8 48 6. Сектор за правни и административни прашања 11 51 7. Сектор за стручна поддршка 9 39 8. Одделение за човечки ресурси 1 8 9. Одделение за внатрешна контрола 2 7 10. одделение за внатрешен аудит 0 8 ВКУПНО 287 974 5.5.2. Финансиски ресурси Ресурсите за финансирање на работата на Агенцијата се обезбедуваат од: 1. Буџетот наРепублика Македонија; 2. Сопствен приход; 3. Од буџетот на Европската Унија согласно критериумите утврдени во билатералните договори склучени меѓу Република Македонија и Европската Унија; 4. Донации и други извори утврдени со закон. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 15 Платите и останатите финансии за спроведување на редовните активности и операции на Агенцијата се распределуваат од буџетот на РепубликаМакедонија. Средствата се предвидуваат на годишно ниво во координација со Министерството за финансии Иако во рамките на Агенцијата (Сектор за правни и административни прашања) е предвидено одделение за финансиски прашања, нема вработено персонал бидејќи на ниво на Влада има предвидено општа служба за тоа. Персоналот од владината служба обезбедува финансиска поддршка за АХВ. Во моментов за АХВ работат 3 финансиери. Обезбедуваат поддршка при пресметка на буџетот и подготовката на финансиската евиденција. Персоналот од АХВ обезбедува информации за искористувањето на буџетот, вклучително сметки и други записи на барање, и согласно нормите утврдени во законодавството. АХВ добива буџет од Владата за: 1. Извршување на секојдневните функции на АХВ; 2. Спроведување на официјални контролни програми. Согласно распределениот буџет, АХВ изработува годишна програма и го дели буџетот на три главни дела: 1. Набавка – набавка на добра, опрема; 2. Услуги – ИТ, сервисирање на возила, осигурување, превод, печатење; 3. Работа – конструкција. Потпрограма поделена на неколку посебни програми за: 1. Здравствена заштита на животните; 2. Ветеринарно јавно здравство, вклучитечно и храна за животни; 3. Мониторинг на безбедност на храна. Додатно на тоа, АХВ добива одреден приход од одредени мислења (адитиви за храна), одобрение на документација (вода) и процедури за одобрение на објекти согласно законодавните норми. АХВ исто така собира средства од официјалните контроли согласно законодавството на сила и сите овие средства одат директно во државниот буџет. Во иднина, АХВ ќе предложи модел за собирање на средства кои доаѓаат од официјалните контроли и кои ќе се користат за целите на АХВ, особено за активностите во однос на официјалните контроли како што е наложено во законодавството на ЕУ. 5.5.3. Материјални ресурси Материјалните ресурси кои Агеницијата ги има на располагање во рамките на внатрешните организациони единици: опремени простории вклучително и телефонски линии, IT опрема со интернет врска, софтверски системи, IT систем за идентификација и регистрација на животни; IT систем за ветеринарни инспекции на граничен премин; моторни возила и работна опрема за инспекторите. Материјални ресурси за структурните одделенија доаѓаат од централното седиште на АХВ. Побарувањата за опрема доаѓаат од раководителите на посебните сектори. Предвидено е да се продолжи со постепено оптимизирање на мрежата на АХВ, да се набави нова опрема со што би се обезбедила непречена работа на инспекциските служби. Стр. 16 - Бр. 105 23 август 2012 Поглавје 6 – Хоризонтални и поддржани активности 6.1. Систем за обуки Независно одделение во рамките на АХВ – Одделение за управување со човечки ресурси, кое е одговорно за воспоставување на систем за обуки во АХВ и соработка со образовните центри со цел да обезбеди соодветни обуки за персоналот на АХВ. Во член 82 од Законот за безбедност на храна е наведено дека Агенцијата обезбедува сите лица кои вршат официјални контроли: • стекнале соодветна обука која им овозможува да ги вршат работите за кои се надлежни и да вршат официјални контроли на доследен начин; • во тек се со најновите случувања во нивната област и ако е потребно, да посетуваат редовно дополнителна обука. Во моментов, системот за обуки во рамките на Агенцијата е во фаза на развој; има евиденција (листа на учесници) за спроведените обуки. До сега, обуките се засноваат на меѓународни семинари, проекти или обуки од страна на Европската Комисија, како што е BTSF. Во рамките на проектот „Градење на капацитетите на ветеринарните служби за имплементација на EU Acquis – EuropeAid/124586/C/SER/MK” , во тек е анализа на потребите од обуки и врз основа на тие анализи ќе се изработи програма за обуки и истата ќе се реализира во рамките на проектот. 6.2. Систем за аудит Во рамките на АХВ има две независни одделенија - одделение за внатрешен аудит и одделение за внатрешна контрола кои работат на активностите за внатрешна контрола и внатрешен аудит Одделението за внатрешен аудит е сè уште во фаза на развој и ќе биде надлежно за спроведување на финансиски аудит и за известување на директорот во однос на резултатите. Во моментов сè уште нема вработено персонал за внатрешен аудит. Според поделбата на функциите опишана во Правилникот за внатрешна организација на АХВ, одделението за внатрешен аудит ќе биде надлежно за спроведување на аудит на официјалните контролни системи, како и организација и управување со Агенцијата, како што е наложено со Регулативата на ЕУ 882/2004. Одделение за внатрешна контрола Во моментов, според Правилникот за внатрешна организација на АХВ, одделението за внатрешна контрола е надлежно за : 1. Непосредна контрола и надзор на работата на државните службеници; 2. Да го извести директорот на Агенцијата во случај на сомнеж за неправилности или измами кои може да резулзираат со казнени, прекршочни или дисциплински мерки; 3. Организација на спроведувањето на внатрешна контрола; 4. Отпочнување на процедури пред надлежната комисија во однос на утврден недостаток во работата; 5. Утврдување на тековната ситуација по поднесување на жалба; 6. Контрола на управувањето со системите за квалитет; 7. Утврдување на условите заради кои дошло до пречекорување на одобрението. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 17 За непречена работа на одделението за внатрешна контрола, изготвени се нови измени со цел изменување на Правилникот за внатрешна организација на АХВ во однос на Одделението за внатрешна контрола. Со овие измени се очекува да се развијат јасни функции и овластувања и да се направи разграничување на функциите и овластувањата на одделенијата во однос на внатрешната контрола и аудит на официјални контроли во АХВ. Со новите измени (се очекува) одделениетo за внатрешна контрола да ги добие следниве одговорности: • Организира и врши внатрешна контрола (аудит) на воспоставениот официјален контролен систем и државните службеници во АХВ; по наредба на директорот или одредени информации и индикации; • Го известува директорот за сите наоди од извршената внатрешна контрола (аудит); • Го известува директорот за добиените претставки или други информации во однос на сомнеж за неправилности или измами кои може да резултираат со казнени, кривични или прекршочни постапки; • Одговара на доставените претставки за работата на државните службеници во АХВ,ја утврдува вистинската состојба по доставувањето на претставката и го известува директорот; • Организира и врши внатрешен аудит на програмирањето и спроведувањето на официјалните контроли во оперативните единици на АХВ (сектори и одделенија); • За време на аудитот, да осигура и потврди дека активностите и резултатите на организационите единици на АХВ се во сообразност со предвидените/планираните цели; • Планирање на активности за внатрешен аудит засновани на петтогодишниот стратешки и годишен план за внатрешен аудит во АХВ; • Подготовка на извештаи до директорот за спроведените мисии на внатрешен аудит; • Забележи и идентификува системски проблеми и непостојаности при програмирањето и спроведувањето на официјалните контроли во АХВ • Ги истакнува неопходните корективни и превентивни мерки; • Избира членови на тимот за аудит и ги организира предвидените активности за аудит; • Спроведува внатрешни аудити на системот за управување со квалитет; • Обезбедува соодветна обука на тимот за аудит. За управување и организација на одделението за внатрешна контрола, Директорот на АХВ ги има потпишано и усвоено следниве документи: • Правилник за начинот на постапување на одделението за внатрешна контрола; • Годишна програма за 2012 за активностите на одделението за внатрешна контрола; • Петтогодишен стратешки план за внатрешен аудит на официјални контроли во АХВ со кои се даваат обемот и критериумите (во согласност со Регулативата 882/2004) за предвидените внатрешни аудити во временската рамка; • Годишен план за 2012 година (утврдување на организационите единици во АХВ кај кои ќе се врши аудит и временската рамка за внатрешниот аудит ); • Прирачник за вршење на внатрешен аудит за официјални контроли во Агенцијата (Регулатива 882/2004, CELEX бр. 32006D0677); • Процедура за спроведување на внатрешен аудит на официјалните контроли во АХВ. Стр. 18 - Бр. 105 23 август 2012 Во моментов има вработено двајца службеници за извршување на функциите предвидени за одделението за внатрешна контрола. Директорот има одобрено 16 овластени внатрешни аудитори (волонтери) кои ќе бидат членови на тимот за внатрешен аудит, одговорен за спроведување на внатрешните аудити за официјални контроли во АХВ. Во моментов се очекува внатрешниот аудит на официјални контроли да започне во март 2012 година и да се фокусира на спроведување на аудит на секторите за официјална контрола на централно ниво, и на нивните локални единици. Исто така е предвидено внатрешниот аудит да продолжи, опфаќајќи ги сите структурни единици и сектори во рамките на АХВ. Сегашниот внатрешен аудит ќе се организира на следниов начин: Слика бр 6.1 Внатрешен аудит 6.3. Активности за стручна поддршка Сектор за стручна поддршка во АХВ Секторот за стручна поддршка е надлежен за процената на ризик во однос на ланецот на храна и храна за животни, вклучувајќи ја и здравствената заштита на животните, и давање совети и поддршка за управување со ризик, како и во процесот на креирање политики за безбедност на храна. Секторот претставува точка за контакт за системот за брзо известување – RASFF и е надлежен за воспоставување на систем за предупредување во однос на безбедноста на храната. Секторот е надлежен за спроведување на ISO стандардите и за управување со квалитет, координација и контрола на лабораториите кои се во надлежност на Агенцијата, и кои вршат активности од јавен интерес. Согласно поделбата на функциите на секторот, исто така треба да ги спроведува и координира активностите на Агенцијата во однос на одобрение и регистрација на правни и физички лица согласно одредбите на сила за безбедност на храна и храна за животни, ветеринарно здравство и ВМП. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 19 Во секторот има 5 одделенија, а со Правилникот се пропишуваат функциите, задачите и обврските на секторот и одредени одделенија и се одредуваат работните задолженија за секоја позиција. Ресурси – вкупно 10, поделени по одделенија, и предвидено е зголемување на бројот на вработени. За организирање на работните задолженија, изготвени се неколку внатрешни документи за организација: 1. Предлог-план и програма за организирање на активностите на секторот - во фаза на консултација . 2. Нацрт-правилник за правилата за управување со квалитет 3. Програма – главна задача за спроведување на ISO 90001 4. Нацрт-процедури за управување со RASFF 5. Нацрт-правилник за спроведување на ISO 9001. Одделение за проценка на ризик – во моментов едно вработено лице е предвидено со Законодавството, за одделението за проценка на ризик. Да се собираат информации за проценка на ризик од другите сектори – извештаи од инспектори, лабораториски наоди, претставки од граѓани, известувања. Одделението исто така треба да соработува со научни институции за прашања поврзани со проценка на ризик, и е надлежно за категоризација на ризик и идентификација и изготвување на образец за проценка на ризик. Крајната цел е препорака за мерки со цел да се намали или да не дојде до ризик по јавното здравје, предизвикан од супстанции, микроби, продукти и процеси, и да се обезбедат мислења за дејствија кои треба да се преземат. Предвидено е одделението за проценка на ризик да дава поддршка при собирањето на податоци и изворите за проценка на ризик, каде што ќе бидат вклучени партнери и соработници на АХВ. Во овој контекст, долгорочен приоритет на АХВ треба да е подобрување на комуникацијата со останатите институции вклучени во системот за безбедност на храна, како би можеле на соодветен начин да ги планираат своите активности во однос на процената на ризик. Собирањето податоци, научната соработка и вмрежувањето се клучни активности како и главна поддршка за ова одделение за целите на процената на ризик. Одделението за проценка на ризик за 2012 година предвидува подготвителни активности за научна соработка на следниов начин: креирање мрежа на научни експерти, формирање на научен комитет и научни панели, воспоставување на посебна научна мрежа и организација за наменски научни работилници и состаноци. Комуникација на ризик и RASFF – одделението има функција на контакт точка за RASFF Секојдневно, по добивање на известување и неделен преглед на информаците од системот за известување, истите се презентираат на порталот за RASFF. Листите се изготвуваат по секоја добиена пријава, каде што по нивната обработка, се доставуваат по електронски пат до државните инспектори за храна и официјалните ветеринари за храна од животинско потекло согласно воспоставените процедури. Одделение за управување со квалитет –Сè уште не е усвоен прирачник со правила во однос на спроведувањето на ISO 9001. Персоналот од одделението ќе има главна улога во спроведувањето и оддржување на ISO стандардите, но основна компонента претставува соработката со персоналот од останатите сектори кои би ги имале и би ги применувале знаењето и вештините во однос на конкретните Стр. 20 - Бр. 105 23 август 2012 прашања од предметниот сектор и исто така би биле извор на информации потребни за изготвување на документацијата врз основа на стандардите. Координација и контрола на лаборатории – координација на активностите со акредитирана лабораторија и давање на информации за спроведување на истрага. Предвидено е АХВ да потпише договор со две лаборатории – лабораторијата на факултетот за ветеринарна медицина, а во однос на ГМО, со Институтот за земјоделски науки и храна. Дополнително на ова, акредитирани се 10 јавни здравствени институции за конкретни методи на испитување и истите се достапни за соработка. Заштита на потрошувачите – информирање на потрошувачите за нивните задачи, права и обврски. Постои двогодишна програма објавена од страна на владата, каде се опфатени сите производи. Ќе се изготват упатства и со истите ќе се информираат потрошувачите во однос на производите и потрошувачките права и обврски. Главни приоритети на секторот за стручна поддршка: 1. Акредитација на Агенцијата како институција согласно ISO 9001; 2. откако Владата ќе ги одобри панелите, да се направи првата проценка на ризик; 3. Акциски план за секторот, каде што се наведени приоритетите – на англиски јазик (приоритети). 6.4. Систем за RASFF Агенцијата е точка за контакт и воспоставува соодветна организациона структура за RASFF (Систем за брзо известување за храна и храна за животни). Агенцијата ги координира субјектите вклучени во системот за брзо известување, разменува информации во рамките на Република Македонија и исто така врши размена на информации со еквивалентни системи од други земји. Во рамките на Агенцијата, точки за контакт се: Секторот за стручна поддршка, Одделението за комуникација на ризик, и Одделението за брзо известување. Согласно Правилникот за внатрешна организација на АХВ, Одделениjaта за комуникација на ризик и за системот за брзо известување, се надлежни за: 1. Воспоставување на систем за брзо извествуање и препраќање на информации за болести предизвикани од храна и храна за животни во Македонија, 2. Поврзување со RASFF на ЕУ, анализа и доставување на податоци во однос на утврдени ризици добиени од страна на луѓе вклучени во мрежата на системот за брзо известување, 3. Изготвување на план за известување за итни случаи, 4. Комуникација со одделенија за кризи во други надлежни тела, 5. Водење евиденција за доставените и испратените податоци во однос на утврдените ризици. Истите се обработуваат преку информатичката мрежа; 6. Преземање мерки за транспарентно информирање и заштита на потрошувачите во однос на утврдените ризици кај храната и храната за животни, 7. Известувања за ризик до сите надлежни институции, производители и трговци со храна и потрошувачите, 8. Комуникација од ЕУ за утврдените ризици до точката за контакт за Македонија за системот за брзо известување – RASFF од ЕУ, 9. Централно тело за размена на информации во случај на кризи, 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 21 10. Воведување и примена на системот за брзо известување и преземање соодветни мерки при итни случаи, 11. Издавање на публикации и друг информативен материјал наменет за јавноста, во однос на работата на Агенцијата, 12. Подготовка на информации за веб-страницата на Агенцијата, 13. Комуникација со други државни институции со цел информирање за опасности од храна, 14. Подготовка на стратегија за комуникација на податоците до потрошувачите во однос на безбедноста на храната, 15. Информирање на јавноста за природата на опасностите по здравјето , 16. Комуникација за преземените или мерките кои треба да се преземат со цел да се спречи, намали или отстрани ризикот. За спроведување на гореспоменатите функции, се изготвува процедура и се доставува до директорот на Агенцијата за одобрување. 6.5. Управување со кризи Во законот за безбедност на храна е утврдено дека Агенцијата дава предлог-план за управување со кризи во областа на безбедност на храна и храна за животни. Со цел да се изготви планот за управување со кризи, директорот на Агенцијата формира работна група со неколку учесници. Групата во моментов работи на изготвување на планот за управување со кризи и потоа истиот ќе се презентира пред соодветните учесници за консултација. Во општиот план е претставена ситуацијата како и директните или индиректните ризици по здравјето на луѓето кои доаѓаат од храната и храната за животни и кои не би можеле да се спречат, елиминираат или намалат до прифатливо ниво со помош воспоставените мерки или со нив не може да се управува само преку примена на мерките за итни случаи и практичните процедури потребни за управување со кризи, вклучувајќи ги и начелата за транспарентност кои треба да се применат како и стратегијата за комуникација. Општиот план за управување со кризи го усвојува Владата на Република Македонија за период од 5 години. Со цел полесна примена на планот за управување со кризи, Агенцијата изготвува оперативен план за непосредни мерки кои би се применувале во случај храната или храната за животни да претставуваат сериозен ризик по здравјето на луѓето, директно или преку животната средина. Поглавје 7 - Приоритети на официјалните контроли 7.1. Листа на приоритети за спроведување на ПНКП и јакнење на официјалните контроли: 1. Понатамошно усвојување на соодветното законодавство за спроведување, СОПи, прирачници и контролни листи за подобрување на ефективноста на официјалните контроли. 2. Понатамошно прилагодување на Правилникот за систематизација и организација на АХВ (работни места и опис на работното место) со цел да се пополнат слободните работни Стр. 22 - Бр. 105 23 август 2012 места, особено за раководителите на сектори и одделенија, за еден целосно функционален тим за раководење на АХВ. 3. Промовирање на помладите соработници во инспектори, способни за вршење официјални контроли и процедури и понатамошно вработување на високо квалификуван стручен персонал. 4. Јакнење на системот за човечки ресурси во АХВ согласно добрите практики за политика на човечки ресурси 5. Обезбедување доволно финансиски средства за постојано спроведување на функциите и активностите на АХВ, особено активностите утврдени во програмата за официјални контроли, вклучувајќи и воспоставување на финансиски систем заснован на одржливи сопствени ресурси. 6. Воспоставување на одржлив систем за обуки 7. Воспоставување систем за аудит, градење на човечките капацитети при понатамошната реализација и унапредување на таквиот систем. 8. Воспоставување на релевантен и најприфатлив систем за анализа на ризик со цел да се постигне ефикасност во официјалните контроли и заштитата на потрошувачите. 9. Воспоставување на систем за управување со квалитет во согласност со ISO 9001 и 17020 10. Воспоставување и одржување на систем за управување со кризи и функционирање на структурата на централно и локално ниво. Поглавје 8 – Преглед и надополнување на планот ПНКП ќе се ажурира постојано, во врска со подготовката на годишниот извештај согласно член 44 (1) од Регулативата (EЗ) бр. 882/2004. Првиот извештај се подготвува една година откако започнала реализацијата на повеќегодишните национални контролни планови, и последователно, секоја година потоа. Во извештаите треба да се наведат сите измени направени на повеќегодишниот национален контролен план. Во извештајот исто така треба да се наведат резултатите од официјалните контроли и аудити спроведени во текот на претходната година, видот и бројот на случаи каде се утврдени недоследности; активности со кои би се обезбедила делотворна реализација на повеќегодишните национални контролни планови, вклучително активностите кои се спроведуваат и резултатите од истите. АХВ ќе ги финализира извештаите и ќе ги достави до Владата, во рок од шест месеци по крајот на годината за која се однесуваат тие извештаи. Поглавје 9 - Контролен систем за здравствена заштита на животни 9.1. Општи национални стратешки цели Вовед Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е надлежен орган во Македонија во областа на официјална контрола за здравствена заштита на животните. АХВ е основана со интегрирање на Управата за ветеринарство во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Дирекцијата за храна во рамките на Министерството за здравство, и функционира од јануари 2011. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 23 Основната регулатива во ветеринарната област е Законот за ветеринарно здравство со кој се утврдуваат одредбите во однос на организацијата и надлежностите на ветеринарните служби и начелата и процедурите за спроведување на активностите во однос на заштитата на луѓето и животните од болести кои се пренесуваат преку животни и производи од животинско потекло. Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните од АХВ е централен надлежен орган за здравствена заштита на животните. Овој сектор е надлежен за планирање, координација и мониторинг на активностите на официјалните и одобрените ветеринари во областа на здравствената заштита на животните. Ветеринарните инспектори на регионално ниво како и овластените ветеринари, се надлежни за спроведување на различни мерки и контроли на терен. Ветеринарните канцеларии на регионално ниво се под директна надлежност на АХВ. Реализирани се три главни повеќегодишни национални програми – за бруцелоза кај говеда, бруцелоза кај овци и кози и туберкулоза кај говеда. Споменатите болести сè уште се ендемични во разни делови од земјата, претставувајќи ризик и по здравјето на луѓето . Затоа искоренувањето на овие болести претставува приоритет за АХВ во областа на здравствената заштита на животните. На официјални контроли се подложени и други болести како што се беснилото, класичната чума кај свињите итн. Цел Со цел да се обезбедат контролни механизми и ефективен надзор на здравствената заштита на животните кои ќе се засноваат на ризик, да се воспостават соодветни алатки за искоренување на болести и систем за навремено предупредување со кој би се утврдувале појавите на заразни болести кај животните, поставени се следниве цели: 1. Контрола и превенција на ширење на болестите кај животните во земјата; 2. Утврдување на агенси на болестите и ефикасно отстранување на истите од одредена популација; 3. Спроведување на целосно оперативен ветеринарен информатички систем, со кој ќе се обезбеди следливост на фармските животни и ќе се обезбеди детална база на податоци за целите на официјалниот надзор; 4. Воспоставување на соодветни методолошки и технички ресурси со кои би можело да се спроведе и управува со делотворен механизам за искоренување на заразни болести кај животните. Има две компоненти кои се критични за постигнување на целите – финансиските средства и јавната свест (претежно кај сопствениците на животни) за значајноста на контролите на здравјето на животните. Со елаборирање и спроведување на повеќегодишниот национален контролен план, АХВ ги има опфатено и двата аспекти. 9.2. Организација и структура на надзорот 9.2.1. Поделба на функции, задачи и одговорности Севкупната надлежност за организација и функционирање на надзорот за здравствена заштита на животните во Република Македонија е во рамките на Агенцијата за храна и ветеринарство (Закон за безбедност на храна, член 15 и 26). Правната основа на статусот на АХВ е дадена во Законот за безбедност на храна, последен пат изменета на 8 декември 2010 година. (Службен весник бр.157/10). Стр. 24 - Бр. 105 23 август 2012 Надзорот на здравствената заштита на животните е организирано на три нивоа: 1. Централно ниво – централен надлежен орган – Агенција за храна и ветеринарство; 2. Регионално/локално ниво – локални епидемиолошки единици на АХВ; 3. Локално ниво – Приватни ветеринарни станици надлежни за одредени технички задачи за контрола на здравјето на животните. Задачи и надлежности утврдени со посебен договор меѓу АХВ и приватните ветеринарни станици. Закон за ветеринарно здравство, последен пат изменет во јануари 2011 година- основен правен документ со кој се регулираат ветеринарните активности за кои е надлежен секторот за здравствена заштита и благосостојба на АХВ. Со овој закон се утврдуваат правата, обврските и одговорностите на персоналот на АХВ како и на лицата надлежни за одгледувалиштата и објектите, и останатите правни и физички лица вклучени во активностите утврдени со законот. Со него исто така се утврдуваат одредбите во однос на организацијата и надлежноста на АХВ, и начелата и процедурите за спроведување на активностите во однос на заштитата на луѓето и животните од болести кои се пренесуваат преку животни, производи, нус-производи од животинско потекло и предмети, активности за борба против заразни болести кај животните, вклучувајќи ги и зоонозите, работата на Ветеринарната комора и други прашања кои се важни за ветеринарните служби. Со овој закон се утврдуваат општите услови за контрола и искоренување на болести кај животните, општите услови за пуштање во промет на животни и производи, увоз, транзит на животни и производи, финансирање на ветеринарното јавно здравство и здравствената заштита на животните, како и други прашања во однос на ветеринарното здравство. Со Агенцијата раководи директорот, којшто го назначува Владата на Република Македонија. Директорот истовремено е и главен ветеринарен службеник (Закон за ветеринарно здравство). Директорот на Агенцијата е надлежен за усвојување на акти за организација и систематизација на работата и активностите на Агенцијата, усвојување на други акти поврзани со работата и функционирањето на Агенцијата (Правилници, прирачници, планови, насоки, одлуки итн.); донесува одлуки за вработување, распределба на персоналот како и во однос на нивните права и обврски, усвојува регулативи поврзани со безбедноста на храната и ветеринарното здравство и обезбедува извршување на активностите поврзани со безбедноста на храната и ветеринарното здравство. Главниот ветеринарен службеник го координира и врши надзор во спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните, Годишната наредба за ветеринарно јавно здравство и повеќегодишните програми. Директорот на Агенцијата е надлежен за разработка и усвојување на Плановите за итни мерки за борба против епизоотските болести. Прво ниво на надзор на здравствената заштита на животните: Во рамките на Агенцијата, главната структура надлежна за прашањата во однос на здравствената заштита на животните е Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните – одговорен за изготвување на правни документи, програми, извештаи, планови за итни мерки и упатства во рамките на својата надлежност како и изработка и спроведување на систем за официјални контроли во однос на здравствената заштита на животните. Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните се состои од неколку одделенија. Три од нив работат конкретно со прашања поврзани со здравствена заштита на животните: • Здравствена заштита на животните; 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 25 • Планови за итни мерки и • Државна инспекција за здравствена заштита на животните. Исто така има одделение кое е надлежно за прашања во однос на идентификацијата и регистрацијата на животните – Одделение за идентификација и регистрација на животните, кое обезбедува податоци за регистрираните животни и одгледувалишта. Одделението за здравствена заштита на животните е надлежно за следново: • Мониторинг на статусот на болестите кај животните во Македонија; • Подготовка на програми за контрола/искоренување на болести кај животните; • Подготовка на извештаи во однос на здравствениот статус на животните; • Одржување на националниот епизоотиолошки информатички систем и други бази на податоци кои се однесуваат на здравјето на животните; • Следење на статусот на заразните болести во светот; • Изготвување на примарни и секундарни акти во областа на здравствената заштита на животните; • Проверка на доставените фактури во врска со здравствената заштита на животните; • Водење евиденција и потврда на примените фактури за здравствена заштита на животните; • Изготвување на годишна наредба за спроведување на контролни мерки за соодветната година; • Регистер и водење евиденција за ветеринарни практики; • Комуникација со национални и меѓународни организации во областа на здравствената заштита на животните. Одделението за планови за итни мерки е надлежно за следново: • Изготвување на планови за итни мерки вклучително и стандардни оперативни процедури, работни насоки и упатства, формулари, во однос на наведените болести кај животните; • Одржување на постојана спремност во однос на спроведувањето на плановите за итни мерки; • Планирање и организација на спроведувањето на вежбите за симулација; • Подготовка на извештаи за здравствената заштита на животните; • Одржување на националниот епизоотиолошки информатички систем и други бази на податоци кои се однесуваат на здравјето на животните; • Следење на ситуацијата на пропишаните заразни болести во светот; • Изготвување на примарно и секундарно законодавство и подзаконски акти во однос на заштита на здравјето на животните од пропишаните болести; • Проверка на фактурите доставени во рамките на реализацијата на плановите за итни мерки; • Водење евиденција и проверка на документацијата за надоместок на штети во рамките на реализацијата на плановите за итни мерки; • Комуникација со релевантните институции во Македонија, надлежни за итни случаи, Комуникација со меѓународни организации. Одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните е надлежно за следново: • Официјални контроли, спроведување на мерките за здравствена заштита на животните, контрола и искоренување на болестите кај животните Стр. 26 - Бр. 105 23 август 2012 • Надзор на болести кај животните и спроведување на ветеринарните контроли за време на чување, производство и трговија со живи животни, • Контрола на сообразноста на начелата за ветеринарно здравство во центрите за репродукција и вештачко оплодување, одгледувалишта на животни, • Земање примероци и контрола на земањето примероци за лабораториско испитување, известување за појава на заразни болести кај животните, • Официјални контроли за спроведување на одредбите за здравствена заштита и благосостојба на животните и официјална контрола на спроведувањето на одредбите за идентификација и регистрација на животните. Сектор за ветеринарно јавно здравство – врши регистрација и одобрение на сите објекти за производство на храна од животинско потекло, изготвување на контролни програми за зоонози, резидуи итн. Секторот за ветеринарно јавно здравство е надлежно за изработка и реализација на програмата за контрола на салмонелоза. Овој сектор е исто така надлежен и за контрола на Трансмисивни спонгиформни енцефалопатии (ТСЕ) на ниво на кланици. Секторот за стручна поддршка во рамките на Агенцијата го опфаќа одделението за координација и контрола на лаборатории, и е надлежно за: • Обезбедување поддршка за лабораториите, за сите предвидени лабораториски анализи, • Собирање податоци од останатите сектори на Агенцијата во однос на бројот и зачестеноста на анализите предвидени со годишните и повеќегодишните планови и програми, • Планирање на бројот на анализи и видот на истите за тековната година, • Водење евиденција за лабораториите кои работат под договор како национални референтни лаборатории, • Земање учество при изготвување на договори склучени меѓу Агенцијата и националните референтни лаборатории, • Земање учество при изготвување на одредби за уредување на условите кои треба да ги исполнат националните референтни лаборатории, • Водење евиденција за резултатите добиени од лабораториите, • Подготовка на извештај за работата на лабораториите во тековната година. Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје – врши дијагностички анализи на болести кај животните. Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје согласно член 4 од „Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2011 година” е назначен како надлежна институција за вршење на лабораториски испитувања. Целта и начинот на соработка меѓу Агенцијата и лабораторијата се утврдени во договорот. Договорите се склучуваат на период од пет години и се предмет на годишен преглед и прилагодување од страна на Агенцијата, согласно ветеринарните приоритети. Резултатите од тестирањата лабораторијата ги внесува во лабораторискиот информативен систем (LABIS). Податоците се достапни за Агенцијата за храна и ветеринарство. Второ ниво на надзор на здравствената заштита на животните: Има 27 локални единици во Агенцијата за храна и ветеринарство. Официјалните ветеринари при одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните, се распоредени во локалните единици. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 27 Трето ниво на надзор на здравствената заштита на животните: Приватните ветеринарни станици се овластени за спроведување на одредени мерки за заштита на здравјето на животните против заразни болести, во рамките на примарните и секундарните ветеринарно-здравствени дејности. Потпишани се засебни договори меѓу Агенцијата и приватните ветеринарни станици со цел контрола на болести кај животните. Овластените приватни ветеринарни станици реализираат „Годишна наредба за спречување, контрола и искоренување на заразни болести кај животните“. Тие се под надзор на официјалните ветеринари. Овластените приватни ветеринарни станици водат евиденција за активностите и поднесуваат месечни извештаи до Агенцијата. Слика бр 9.1. Структура на надзорот за здравствeна заштита на животните Стр. 28 - Бр. 105 23 август 2012 9.2.2. Човечки ресурси Табела бр. 9.1 Човечки ресурси Број Ниво на надзор и контрола Број на вработен персонал Забелешки 1. Централно ниво (прво ниво) 23. 2. Локално/регионално ниво (второ ниво) 60 3. Локално (приватни ветеринарни станици)(трето ниво) 120 9.2.3. Материјални средства /техничка опрема Персоналот од секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните како и персоналот од регионално и локално ниво, располага со доволно материјални средства: опремени простории со директни телефонски линии; IT опрема со интернет врска; софтверски системи; информатички систем за идентификација и регистрација на животни; информатички систем за ветеринарни инспекциски места на гранични премини; моторни возила и професионална работна опрема за официјалните ветеринари. Нема посебна опрема доделена за дејствување при итни случаи, како што е појава на заразна болест. Предвидено е во иднина да се определат и обезбедат одредени ресурси (како што е посебна заштитна облека за официјалните ветеринари, средства за дезинфекција, опрема за земање примероци, уреди за убивање итн) . 9.2.4. Број на животни и одгледувалишта (информации од базата на податоци) Табела бр. 9.2 Вид на животни Број на регистрирани одгледувалишта Број на животни говеда 62326 (41423 одгледувалишта со животни) 260893 овци 740502 кози 5148 7727 66859 Свињи (податоци од кланици) 120 (интензивно производство на свињи) 240 000 Кокошки 98 (со над 350 несилки) ~1 милион 9.3. Систем за обуки Во однос на активностите за здравствена заштита на животните, нема развиено ниту реализирано систем за обуки. Обезбедени се неколку обуки, за персоналот на централно ниво, како и за официјалните ветеринари. Овие обуки се организирани од страна на Светска банка, TAIEX и DG SANCO. Исто така спроведени се и обуки од експерти од централно ниво на 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 29 Агенцијата за регионалните инспектори (официјални ветеринари) и за одобрените ветеринари. Во рамките на меѓународните проекти и TAIEX, реализирани се две симулациски вежби за птичји грип. Првата вежба е реализирана во 2009 „Симулациска вежба за птичји грип“ во организација на FAO , а втората е поддржана од страна на TAIEX во 2011. 9.4. Meтоди за надзор и контролни активности Официјалните контроли за здравствена заштита на животните се вршат главно врз основа на „Годишната наредба за здравствена заштита на животните во 2011 година” која се изработува од персоналот на Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните а се одобрува од директорот на Агенцијата, за секоја календарска година посебно. Со годишната наредба се утврдуваат видовите животни кои се контролираат, заразните болести кај животните кои се контролираат, режимите на испитување за секоја болест, задолжителните вакцинации (како беснило, Њукаслска болест, антракс, класична чума кај свињите). Во годишната наредба се дадени одговорностите за процедурите за дезинфекција по појава на заразна болест, дадени се информации за лабораториите каде се спроведуваат дијагностичките процедури и – се регулира водењето евиденција и начинот на известување (од одобрените ветеринари до официјалните ветеринари, и потоа до одделението за здравствена заштита на животните во рамките на Агенцијата). Финансиските ресурси за надзорот и контролата на здравствената заштита на животните се обезбедуваат со: „Програма за искористување на средства за здравствена заштита на животните (последен пат одобрена од премиерот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 27 од 03.03.2011). Опфатени се и критериумите за надоместок. Програмата се одобрува на годишно ниво. Во однос на надоместоците, има документ, одобрен од Минстерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (06.07.2007), oбјавен согласно претходниот Закон за ветеринарно здравство, „Упатства за висината на надоместокот за животни одземени заради искоренување на преносливи болести” каде што се опфатени видовите, категориите животни и максималната и миминалната висина на надоместокот. Овој документ се користи како упатство кога персоналот на Агенцијата ги спроведува процедурите за надоместување. Во исклучителни случаи, има комисија во рамките на Агенцијата, којашто врши дополнителна проценка на животното. 9.4.1. Реализирани програми за официјална контрола: 9.4.1.1. Програма за сузбивање и искоренување на туберкулоза кај говедата, („Службен весник на Република Македонија” бр. 22, 23.02.2007 со важност од 5 години; транспонирани се Директивите бр 64/432/EEЗ; бр 77/391/EEЗ, бр 78/52/EEЗ на Советот.. Целта на програмата е заштита на јавното и здравјето на животните преку спроведување на епидемиолошки истражувања, дијагностички испитувања кај сите одгледувалишта со добиток, мерки за контрола на ширењето и искоренувањето на болестите, редовни испитувања на подложни животни, одредување на инциденција и преваленција на заразени животни, колење на заболени животни, едуцирање на одгледувачи, како и соработка со други институции и надлежни органи. Сите говеда постари од шест месеци треба да се испитаат со помош на официјален интрадермален туберкулински тест. Приватните ветеринарни станици се овластени за спроведување на одредени мерки за заштита на здравјето на животните против заразни болести, во рамките на примарните и секундарните ветеринарно-здравствени активности. Официјалниот Стр. 30 - Бр. 105 23 август 2012 ветеринар е надлежен за контрола на спроведувањето на оваа мерка. Извештаите од направените туберкулински тестови и резултатите од истите се испраќаат до официјалните ветеринари на одреден регион (регионална канцеларија ако станува збор за АХВ). Извештаите се испраќаат и во електронска верзија (по електронска пошта) и во печатена верзија. Официјалниот ветеринар е одговорен за испраќање месечни извештаи до централниот орган - Одделението за здравствена заштита на животните во рамките на Агенцијата. Сопственикот на позитивни говеда добива надоместок во висина на пазарната цена на говедата, согласно упатствата за исплата на фармери. Кај позитивните случаи, факултетот за ветеринарна медицина прави втор (опсежен) интрадермален тубркулински тест. Факултетот подготвува извештај за секоја епидемиолошка единица (општина) вклучувајќи ги и спроведените активности како и предлозите за контролни мерки (годишен извештај со препораки). Целта на програмата е да се добијат стада говеда и региони кои ќе бидат официјално слободни од ТБЦ , и конечно да се добие официјален слободен статус на целата земјаво однос на туберкулоза кај говедата. 9.4.1.2. Програма за сузбивање и искоренување на бруцелоза кај говедата, („Службен весник на Република Македонија” бр. 22, 23.02.2007) со важност од 5 години; транспонирани се Директивите бр. 64/432/EEЗ; бр. 77/391/EEЗ, бр. 78/52/EEЗ на Советот. Целта на програмата е заштита на јавното и здравјето на животните преку спроведување на опсежни епидемиолошки и дијагностички тестирања, спроведување на соодветни мерки за контрола на ширењето и потенцијалното искоренување на болестите, продолжение на редовно тестирање на подложни животни како би се утврдил статусот `слободна од болест`, одредување на преваленцијата и инциденцијата кај заразените животни, колење на заболени животни, воведување на соодветна шема за надомест на фармерите и нивна едукација. Со програмата се утврдуваат статусите на одгледувалиштата со говеда во зависност од резултатите од тестот извршен кај сите говеда постари од 6 месеци. Целта на програмата е да се добијат стада говеда и региони кои ќе бидат официјално слободни од бруцелоза и конечно да се добие официјален слободен статус на целата земја во однос на бруцелоза кај говедата. Иако во оваа програма е транспонирано соодветното законодавство на ЕУ; животните не се тестираат двапати, како што е наложено од Директивата 64/432/EEЗ. Надлежниот орган е запознаен со ова барање и го известил краткорочниот експерт дека ова не е реализирано од финансиски причини, но дека истото ќе се примени во подоцнежната фаза при реализација на програмите. 9.4.1.3. Програма за сузбивање и искоренување на бруцелоза кај овци и кози, („Службен весник на Република Македонија” бр. 46, 07.04.2010) со важност од 5 години.Транспонирана е Директивата 91/68/EEЗ на Советот. Целта на оваа програма е заштита на здравјето на животните и луѓето со тоа што ќе се намали бројот на заболени животни во одгледувалиштата со преземање соодветни мерки, во зависност од присуството на бруцелоза кај овците и козите како и од ризикот од ширење на болеста, се спроведуваат безбедносни мерки во одредени епизоотиолотшки единици, кои го одредува АХВ. Земени се предвид епизоотските услови во Република Македонија ; односно, распространетоста на болеста, преваленцијата, расположливоста на финансиски средства итн. Согласно оваа програма, во зависност од распротранетоста на болеста, земјата е поделена на неколку епидемиолошки единици. Не постои систем за категоризација (доделување на статус) на стада, во зависност од резултатите од надзорот. Во текот на 2008 година, изменета е стратегијата во однос на искоренување на бруцелозата во Република Македонија за овци и кози, и како најважно нешто, спроведена е вакцинација на 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 31 овци и кози. Ова се покажало како доста корисна алатка, бидејќи е значително намален бројот на позитивни случаи на оваа болест, вклучително и кај луѓето. Вакцините ги обезбедува Агенцијата за храна и ветеринарство, и истите се набавуваат преку тендер. Вакцинацијата ја вршат ветеринари од ветеринарни станици. 9.4.1.4. Надзор и искоренување на беснило Проектот на ИПА „Градење на капацитетите на ветеринарните служби за имплементација на EU Acquis”, EuropeAid/124586/C/SER/MK започна на 16 август 2010 година и е со времетраење од 24 месеци. Компонентата 3 од проектот се однесува на активностите на Беснило со една среднорочна/долгорочна цел за искоренување на болеста во земјата. Проектот ги реализира своите активности за контрола и мониторинг на беснилото кај дивата популација (лисици и диви месојадни животни), со цел да се спречи ширењето на вирусот кај домашните животни, животните скитници и луѓето. Прелиминарни активности со цел подобрување на капацитетот на АХВ при процената на епидемиолошката ситуација, преку зајакнување на системот за епидемиолошки надзор на национално и локално ниво. Згора на тоа, зајакнат е капацитетот на НРЛ во однос на опремата и воведувањето на неопходните дијагностички тестови за беснило. Што се однесува до контролниот план за беснило, како најсоодветна стратегија останува вакцинирањето на целата земја. Спроведени се две кампањи во текот на пролетта 2011 година (19 мај – 9 јуни, 2011) и есента (11 октомври – 31 октомври, 2011). Се дистрибуираат 20 вакцини на km2 на територијата на Македонија. Реализиран е систем за активен и пасивен надзор за мониторинг на ефикасноста на вакцинацијата и епидемиолошката ситуација. АХВ и Ловечката асоцијација имаат потпишано договор за испраќање на заловени лисици за лабораториски испитувања. Програмата за активен надзор започна во август 2011 година. Во текот на 2011 година има 2 лисици и 2 волка кои се позитивни на беснило. Вложено е многу напор за јавната свест во однос на ризикот од беснило и владините активност во оваа област. 9.4.1.5. Надзор на класична чума кај свињите (КЧС) Проектот на ИПА „Градење на капацитетите на ветеринарните служби за имплементација на EU Acquis”, EuropeAid/124586/C/SER/MK ги спроведува своите активности за контрола и мониторинг на КЧС кај дивите свињи, како и во однос на спречување на ширење на КЧС од дивите свињи на домашните свињи. Појавата на болести во земјата е спорадична а последен пат е забележана во 2008 година, и кај дивите и кај домашните свињи Покрај активностите на проектот, вакцинацијата на домашните свињи се врши во целата земја. Во оваа вакцинација се вклучени одобрените ветеринарни станици. Вакцинацијата на свињите се врши во текот на целата година со атенуирана вакцина, согласно упатствата на производителот. Возрасните животни се вакцинираат еднаш годишно,а прасињата двапати годишно, согласно упатствата на производителот. Трошоците за вакцинација се на товар на Програмата за искористување на средства за здравствена заштита на животните во 2011 година. До 50% обезбедува Владата (цената за оваа активност е утврдена со договорите склучени за вршење активности од јавен интерес меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство од една страна, и ветеринарна станица од друга), додека пак останатите 50 % се на товар на сопственикот на животното. Од септември 2011 година, започната е контрола на квалитет на вакцинацијата (како што е реакцијата на антитела) со цел да се утврди нивото на заштита против КЧС кај домашната популација свињи. Стр. 32 - Бр. 105 23 август 2012 Во однос на контролниот план за КЧС, треба да се исполнат одредени услови, пред да се започне со кампањата за вакцинација кај дивите свињи, како што е изготвување на анализа на ризик, проучување на исплатливоста на стратегиите за вакцинација и подготовка на планот за итни мерки за КЧС. Започната е програма за активен надзор, со цел да се утврди присуството на КЧС кај популацијата диви свињи. Со постоечкото законодавство, ловџиите се обврзани да обезбедат примероци од заловените животни. Во искоренувањето на КЧС спаѓа и среднорочната цел за прекин на вакцинацијата на домашните свињи противк КЧС како што е тоа наложено со законодавството на ЕУ. 9.4.2. Надзор на заразни болести кај животните: 9.4.2.1. „Во програмата за сузбивање и искоренување на особено опасни заразни болести“ („Службен весник на Република Македонија” бр. 82/2007) се утврдени детали за хиерархијата на наредби и распределбата на надлежности, протокот на информации, задолженијата и одговорностите на Националниот центар за контрола на болести (НЦКБ), задолженијата и одговорностите на Локалниот центар за контрола на болести (ЛЦКБ), улогата на експертската група, расположливоста на финансии, други ресурси и опрема. Во програмата се дадени одредбите од Директивата 2003/85/EЗ на Советот – за одредбите за воспоставување на НЦКБ, ЛЦКБ, експертски групи итн. Овој документ може да се смета како еден вид „Општ дел од планот за итни мерки”. 9.4.2.2. Правилник за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат („Службен весник на Република Македонија” бр.110/2010). Овој правилник е транспониран од Директивата 82/894/EEЗ на Советот за известување за болести кај животните во рамките на Заедницата. Освен со овој документ, известувањето за болести е регулирано и со Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007), член 49 и член 50, и со секоја друга програма или правилник кој се однесува на контрола и искоренување на одредена болест. 9.4.2.3. Документи кои содржат посебни барања при сомнеж и појава на соодветни болести: Програмата за сузбивање и искоренување на шап и лигавка („Службен весник на Република Македонија” бр. 20/2009) е транспонирана од Директивата 2003/85/EЗ на Советот, за мерките за сузбивање на шапот и лигавката . Содржината на програмата е иста како и таа од Директивата на ЕУ: дефиниции, мерки во случај на сомнеж, мерки во случај на потврда, утврдување на зони и мерки кои се применуваат во истите, начела за регионализација, вакцинација, начела за одредување на статусот на земјата, епидемиолошки испитувања, лаборатoриска дијагностика и анекси Правилникот за мерките за сузбивање и искоренување на Њукаслска болест Њукаслска болест („Службен весник на Република Македонија” бр. 98/2011) е транспониран од Директивата 92/66/EЗ на Советот, за мерките за сузбивање на Њукаслска болест. Правилникот содржи дефиниции, детали за известување за болестите, мерките во случај на сомнеж и потврда на болеста, епидемиолошки испитувања, официјални контроли и заштитни мерки, одредби за вакцинација и за дијагноза на болеста. Според политиката на Агенцијата за храна и ветеринарство, треба да се врши вакцинација против Њукаслска болест. Согласно годишната наредба за здравствена заштита на животните за 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 33 2011, сета живина треба да се вакцинира двапати годишни (напролет и наесен) со жива атенуирана вакцина. Вакцинацијата ја вршат ветеринарните станици. Трошоците за вакцинација на живината се на товар на сопственикот. Доколку се појави болест, а живината е вакцинирана, сопственикот добива надоместок. Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на африканската чума кај копитари („Службен весник на Република Македонија” бр. 95/2011) е транспониран од Директивата 92/35/EEЗ на Советот. правилникот содржи детали за известување за болестите, мерките во случај на сомнеж, потврда на болеста, вакцинација, воспоставување на зони и мерки примелниви во истите и одредби за дијагноза на болеста. Програмата за сузбивање и искоренување на авијарната инфлуенца („Службен весник на Република Македонија” бр. 82/2007) е транспонирана од Директивата 2005/94/EEЗ на Советот, за мерките за сузбивање на авијарната инфлуенца. Да се воспостават пропишаните мерки во случај на сомнеж на болест на едно одгледувалиште, мерки во случај да се потврди болеста, дополнителни мерки и исклучоци, воспоставување на заштитни и зони на надзор, мерки кои се применуваат во случај на авијарна инфлуенца со ниска патогеност и општи мерки со кои ќе се опфатат јавното здравство, колењето, чистењето и дезинфекцијата, епидемиолошки испитувања, известување, мониторинг и надзор, вакцинација, лабораториски испитувања, методи и процедури за дијагноза. Во Анекс 2 од Програмата, се дадени општите карактеристики за програмата за годишен надзор на авијарната инфлуенца кај живината и останатите птици. Со овие карактеристики се опфаќаат земањето на примероци, количеството примероци и детали од кои птици и од која живина се земаат истите, бројот и типот на одгледувалишта од кои треба да се земат примероци; посебни барања со цел утврдување на зараза кај мисирките, патките, гуските и дивите птици; референтна лабораторија за тестирање, дијагностички процедури. Овие општи одредби се во согласност со Одлуката на Комисијата за спроведување на програми за надзор за птичји грип кај живината и дивите птици во земјите членки на ЕУ, и се изменува Одлуката 2004/450/EЗ. Како дополнение на овие општи карактеристики од Годишната наредба („Службен весник на Република Македонија” бр. 33/2011) е предвиден активен надзор за птичји грип кај живината согласно програмата за контрола и искоренување на птичјиот грип („Службен весник на Република Македонија” бр. 82/2007). Временскиот период и деталите за активниот надзор треба детално да се објаснети во посебен документ кој се уште не е одобрен. Во Македонија не постои програма за активен надзор на живината а контролната програма за птичји грип се смета за пасивна програма за надзор. Ветеринарите и официјалните ветеринари се запознаени со постапките за известување во случај на сомнеж на птичји грип. Транспонирана е програмата за сузбивање и искоренување на син јазик („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.104/2007), Директива 2000/75/EЗ на Советот. Во програмата се дадени посебни одредби за сузбивање и искоренување на синиот јазик, опишани се мерките кои се применуваат во случај на сомнеж, во случај да се потврди болеста, утврдување на зони, одредби во однос на вакцинација, епидемиолошки истражувања и детали за националната референтна лабораторија и дијагностичките начела, известувањата и времетраењето на мерките Нема спроведено програма за активен надзор (како што е регулирано со Одлуката 2010/267 на Комисијата). Законодавство Правилникот за мерките за сузбивање и искоренување на везикуларната болест кај свињите („Службен весник на Република Македонија” бр. 154/2011) е транспониран од Директивата 92/119 /EЗ на Советот, за мерките за сузбивање на везикуларната болеста на свињите Стр. 34 - Бр. 105 23 август 2012 Правилникот за мерките за сузбивање и искоренување на болеста кај рибите („Службен весник на Република Македонија” бр. 185/2011) е транспониран од Директивата 2006/88 /EЗ на Советот, за мерките за сузбивање на болести кај животните од аквакултурата. 9.4.3. Програми кои не се спроведени: Во моментов, нема изработено и спроведено програма за ензоотска леукоза кај говедата (Законска основа на ЕУ е Директивата 64/432/EEЗ бр 77/391/EEЗ, бр 78/52/EEЗ на Советот). Програмата за сузбивање и контрола на ТСЕ е транспонирана но не е спроведена („Службен весник на Република Македонија” бр. 22/2007) и во неа се дадени одредбите за надзор и мониторинг на болеста кај говедата и малите преживари, одредбите за искоренување на болеста и некои општи одредби во однос на лабораториската дијагностика. Во Правилникот за мерките за сузбивање и искоренување на ТСЕ, („Службен весник на Република Македонија” бр. 57/2011) е транспниран законот на ЕУ (Регулатива 999/2001 на Советот (ЕЗ) заедно со измените ). Во Правилникот се дадени дефинициите, условите согласно кои се утврдува статусот на земјата, одредбите за спречување на болеста, за сузбивање и искоренување на истата, процедури за пуштање во промет, увоз, извоз и одредби во однос на лабораториите, земањето примероци и тестирањето. Земањето примероци за ТСЕ се врши само во кланиците, официјалните ветеринари кои работат во областа на здравствената заштита на животните не се обучени во однос на земањето примероци за ТСЕ ,(земање мозочно ткиво) и нема утврдено оперативна процедура за земање примероци на терен или во однос на слични прашања. програма за активен надзор во однос на птичјиот грип во објекти/фарми за живина (Видете 11.4.2.3.) програма за активен надзор во однос на синиот јазик (Видете 11.4.2.3.) 9.4.4. Документи во изработка: Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на класична чума кај свињите е транспониран од Директивата 2001/89 на Советот за мерките за сузбивање на класична чума кај свињите; Правилникот за дијагностички процедури за класична чума кај свињите е транспониран од Одлуката 2002/106 на Комисијата за дијагностички прирачник за класична чума кај свињите, План за итни мерки за к ласична чума кај свињите со оперативни прирачници; Правилникот за мерките за сузбивање и искоренување на африканска чума кај свињите е транспониран од Директивата 2002/60 на Советот, за мерките за сузбивање на африканската чума кај свињите; Се очекува овие документи да се потпишат и објават и да стапат во сила во март/април 2012 година. 9.5. Планирање на контроли Oфицијалните ветеринари во регионалните ветеринарни служби, секоја година добиваат листа на фарми кај кои треба да се изврши инспекција. Овие листи ги обезбедуваат секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, одделението за идентификација и регистрација 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 35 и се истите кои се применуваат при контролата на идентификацијата и регистрацијата. Потребно е да се врши контрола во најмалку 10% од одгледувалиштата секоја година. Покрај тоа, официјалните ветеринари треба да вршат инспекција со цел да се направи контрола дали се исполнети барањата утврдени во годишната наредба за здравствена заштита на животните. Инспекциите од страна на официјалните ветеринари се спроведуваат на две нивоа: во приватните ветеринарни станици, кои се надлежни за тестирање на животните и нивна вакцинација (контрола на водење евиденција) и на ниво на фарма (контрола на одгледувалишта на животни и сопственици). За оваа цел постои посебен систем за документација и проток на информациите (опишани подолу). 9.6. Документирање на надзорот и контролата 9.6.1. Документирање на лабораториските испитувања Во годишната наредба за здравствена заштита на животните е утврдено како крвта и останатите материјали/примероци се испраќаат во лабораторија за анализа. Крвта и останатите материјали кои ветеринарната станица ги испраќа за лабораториско испитување, треба да ги придружува Образец за лабораториско испитување, даден во Анекс од годишната наредба за здравствена заштита на животните Факултетот за ветеринарна медицина ги прима примероците за лабораториско испитување, само ако истите ги придружува образецот за лабораториско испитување. Факултетот за ветеринарна медицина води електронска евиденција за извршените лабораториски анализи согласно методологијата на Лабораторискиот информатички систем. Резултатите од извршените лабораториски анализи се доставуваат во електронска или писмена форма во рок од 72 часа, до АХВ, официјалните ветеринари на регионално ниво и приватните ветеринарни станици кои ги доставиле примероците. 9.6.2. Документација за активностите на приватните ветеринарни станици Приватните ветеринарни станици вршат надзор на здравствената заштита на животните и поднесуваат месечни извештаи, најдоцна до 5ти следниот месец. Овие извештаи се доставуваат до официјалните ветеринарни во регионалните единици на АХВ. Обрасците се дадени во Анексот на „Годишната наредба за здравствена заштита на животните”. Приватните ветеринарни станици се овластени за спроведување на одредени мерки за заштита на здравјето на животните против заразни болести, во рамките на примарните актитвности на ветеринарното здравство. Официјалните ветеринари го контролираат спроведувањето на оваа мерка. За сите активности согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните (вклучувајќи ги и активностите на сопственикот), приватната ветеринарна станица пополнува „Сертификат за спроведени активности“ во три примероци. Еден е за сопственикот на животните, еден за официјалниот ветеринар и еден за ветеринарната станица. Образецот за овој сертификат е даден во Анекс на Годишната наредба за здравствена заштита на животните. Во случај сопственикот на животните да не дозволи спроведување на некоја од наложените мерки во неговото одгледувалиште, приватната ветеринарна станица го известува официјалниот ветеринар со тоа што го пополнува образецот за Одбивање на спроведување на изречените мерки. Образецот на оваа пријава е дадена во Анекс 4, кој е составен дел на оваа наредба. Во случај на појава на заразна болест, известувањето се врши веднаш. Известувањето се врши согласно Правилникот за известување за болести и листа на болести за кои задолжително се известува („Службен весник на Република Македонија” бр. 110/2010). Стр. 36 - Бр. 105 23 август 2012 9.6.3. Документација на активностите кои ги вршат локалните единици на АХВ: Регионалните единици задолжително доставуваат месечен извештај во писмена форма до централниот орган на АХВ. Усвоен е посебен образец за известување и истиот се применува за известувањето утврдено погоре. Во известувањето се наведуваат информациите за позитивните резултати од тестирањата за различни болести кај животните, за извршените лабораториски тестови, податоци за официјалните контроли спроведени согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните за официјалните контроли на добиточните пазари, во однос на сертификатите за здравствената заштита на животните и контролите на фармите. 9.6.4. Документација на активностите кои ги врши централниот орган на АХВ: Агенцијата за храна и ветеринарство ги собира и анализира месечните извештаи добиени од регионалните единици, во однос на надзорот на здравствената заштита на животните и контролните активности. Одделението за здравствена заштита на животните во рамките на секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, е надлежно за изготвување на сите извештаи наменети за OIE и за EFSA, во однос на резултатите од надзорот на зоонози. 9.7. Информатички системи и бази на податоци 9.7.1. Во Централниот регистар се дадени информации за идентификација и регистрација на животните (системот е детално опишан во Поглавје 10 „Контролен систем – Идентификација и регистрација на животните”). Во регистерот се наведени кодот за идентификација на секое одгледувалиште, видовите животни (говеда, овци и кози) и бројот на животни од секое одгледувалиште, како и името и адресата на одгледувачот, видот на производство (млеко, месо, волна), тип на одгледувалиште (општо, сточен пазар, планинско пасиште, пасиште, саем, еколошка фарма, кланица, селско пасиште,). Секој одгледувач на животни од видот говеда, треба да води регистар што редовно ќе го ажурира, во формат одобрен од страна на надлежниот орган. Ажурирањето може да е рачно или компјутерски, каде ќе бидат содржани сите информации за потеклото, идентификацијата, и каде што е соодветно, дестинацијата на животните кои ги поседувал, чувал, превезувал, пласирал на пазарот или ги колел. Поднесува извештај до надлежниот орган за сите движења до и од одгледувалиштето, за секој подмладок и секој смртен случај на животните во одгледувалиштето, заедно со датумите кога истите се случиле, во рок од седум дена. 9.7.2. Факултетот за ветеринарна медицина води компјутерска евиденција за лабораториските анализи во „Лабораторискиот информатички систем”. Резултатите од извршените лабораториски анализи се доставуваат во електронска форма во рок од 72 часа, и истите се достапни за АХВ, официјалните ветеринари и ветеринарните станици кои ги доставиле примероците. 9.7.3. Ветеринарниот информатички систем е во изработка и е предвидено да започне со работа во 2012 година. Овој систем ќе биде една ефикасна алатка за планирање и спроведување на официјалните контроли за надзор на здравствената заштита на животните - ќе обезбеди контрола на движењето на животните и во него ќе се содржат информациите за статусот на болеста на секое стадо. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 37 9.8. Соработка со други институции/организации • Факултет за ветеринарна медицина Скопје; • Институт за јавно здравје, за пријавување на зоонози кај луѓето; • Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој (за исплата на субвенции на фармерите); • Министерство за внатрешни работи – во случаи кога официјалните ветеринари наидуваат на физички отпор од страна на сопствениците на животни, или пак се спречени во извршувањето на нивните задолженија; кога е потребно да се заштитат заразени области или региони, при ограничување на трговијата со животни, производи и суровини за време на движење на луѓето и животните во заразените региони и спроведување на мерките за спречување и искоренување на заразни болести кај животните, итн. • Соработка со меѓународни структури и организации, како што е Светската Организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ), - редовно известување за болестите кај животните согласно барањата на ОИЕ за известување; учество во меѓународни состаноци организирани од страна на ОИЕ, вклучувајќи ги и годишните седници. • Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), претставувајќи ја Република Македонија во работните групи кои се однесуваат на здравјето на животните и јавното здравје (претежно контрола на зоонози) 9.9. Приоритети за здравствена заштита на животни 2012. - 2016 Табела бр. 9.3 бр предмет Активност предвидено е да се реализира 1. Ветеринарен информатички систем Изработка и реализација на СИСТЕМОТ ЗА ВЕТЕРИНАРЕН НАДЗОР, како важна алатка за контрола на движењето на животните, што е особено важно за контрола на болестите 2012 2. Надзор и контрола на беснило Кампања за вакцинација напролет и наесен; мониторинг на дивите животни; зајакнување на системот за надзор на беснило 2012 - 2016 Зголемување на јавната свест во однос на клиничките знаци на болеста, кај домашните и дивите свињи; зајакнување на нивото на биосигурност на фармите; продолжување со вакцинација на домашните свињи и во зависност од резултатите – покриеноста на вакцинацијата се зголемува онаму каде што е потребно; започнување на програма за активен надзор со цел да се утврди преваленцијата на болеста кај дивите свињи. 2012 - 2016 3. Класична чума кај свињите Изготвување на Правилник за мерките за сузбивање и искоренување на класичната чума кај свињите 2012 - 2016 Стр. 38 - Бр. 105 23 август 2012 Изготвување на Правилник за дијагностички процедури за класична чума кај свињите 2012 - 2016 Изготвување на планови за итни мерки со оперативен прирачник 2012 -2016 4. Бруцелоза кај овци и говеда (B. melitensis) Да се продолжи со програмата за вакцинација во зависност од преваленцијата на болеста во различни области наРепублика Македонија (масовна вакцинација; повторна вакцинација); да се обезбеди строга контрола на движењето на овците и козите со посебно упатување кон движењата меѓу одгледувалиштата со различен здравствен статус на животните согласно Директивата 91/68/EEЗ на Советот 2012 - 2016 5. Бруцелоза кај говедата (B.abortus) Целосно да се реализира контролата на движењето на животните, да се применуваат статусите во однос на здравствената состојба на животните во секое стадо говеда, согласно Директивата 64/432/EEЗ на Советот 2012 - 2016 6. Птичји грип Да се спроведе програма за активен надзор на птичјиот грип кај живината, согласно Одлуката 2004/450/EЗ на Советот 2012 7. Син јазик Да се спроведе програма за надзор на синиот јазик согласно Одлуката 2010/267 на Комисијата Следен циклус на планирање 8. Ензоотска леукоза кај говедата Да се спроведе програма за надзор и искоренување на ензоотската леукоза кај говедата, согласно Директивата 64/432/EEЗ на советот, Директивата 77/391/EEЗ на Советот, Директивата 82/4000/EEЗ на Советот Согласно расположливиот буџет 9. Трансмисивна спонгиформна енцефалопатија Да се изработи прирачник со упатства за ветеринарите и официјалните ветеринари за земање примероци за ТСЕ кај клинички сомнителни случаи, вклучително и угинатите животни и да се обезбеди обука за одреден персонал (правна рамка, Регулатива 999/2001 на Советот) 2013 10. Планови за итни мерки Да се изработи систем за организирање на редовни симулациски вежби за персоналот кој е вклучен во искоренувањето на болеста. Да се изработи систем за распределба на материјалните средства, неопходни за брза реакција и за ефикасни мерки за искоренување на болеста. 2012 -2016 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 39 Да се изработат оперативни прирачници за искоренување на заразни болести (внатрешни процедури за известување, за убивање на животни, уништување на убиените животни, за дезинфекција, итн) Поглавје 10 - Контролен систем за идентификација и регистрација на животни 10.1. Општи национални стратешки цели Вовед Систем за регистрација на одгледувалишта и идентификација на животни како основен елемент во контролата на здравствената заштита и благосостојбата на животните, следливост и безбедност на храна од животинско потекло. Во 2004 година започна регистрацијата на одгледувалиштата со говеда а следната година идентификацијата на секое животно. Во 2007 година беше развиена стратегија за регистрација на одгледувалишта со овци и кози, а во 2008 година започна регистрацијата на истите, заедно со идентификацијата на животните 10.2. Број на животни и одгледувалишта Ветеринарните станици се надлежни за идентификација на животните, за добивање и внесување на сите важни податоци во Централниот регистар, но сопственикот е должен да го извести ветеринарот за раѓањата, смртните случаи и движењето на животните. Табела 10.1 Број на животни и одгледувалишта Видови на животни Број на регистрирани одгледувалишта Број на животни говеда 62326 (41423 одгледувалишта со животни) 260893 овци 740502 кози 5148 7727 66859 свињи* 120 (интензивно производство на свињи) 240 000 Кокошки 98 (со над 350 несилки) ~1 мил. *бројот на свињи се утврдува со една почетна обука за фармерите за регистрација на свињи, одржана од страна на Агенцијата 240000 свињи во 120 одгледувалишта за интензивно производство на свињи, 100 000 свињи во одгледувалишта за екстензивно производство на свињи. Стр. 40 - Бр. 105 23 август 2012 10.3. Законодавство Контролниот систем се регулира со основниот закон - Закон за идентификација и регистрација на животни Подзаконски акти: • Правилник за идентификација и регистрација на говеда; • Правилник за идентификација и регистрација на овци и кози; • Правилник за идентификација и регистрација на свињи (се ревидира). Со нив се утврдува формата, содржината, временската рамка и начинот на примена на средствата за идентификација и регистрација на животните, формата, содржината и постапката за водење на регистарот на одгледувалиштата, постапката за издавање и одземање на документите за движење, начинот и постапката за водење на Централниот регистар, образецот за известување за спроведени инспекции на одгледувалишта , образецот за известувањата на официјалниот ветеринар по инспекциите. Примарното законодавство и подзаконските акти кои се на сила, се во согласност со законодавството на ЕУ. Сепак, сè уште недостигаат подзаконски акти за идентификација на коњи (Регулатива 504/2008, Директива 90/426), регистрација на одгледувалишта со несилки (Директива 1999/74). Со националниот закон се наложува регистрација на одгледувалиштата со несилки и бројлери, пчелни одгледувалишта, рибници, и одгледувалишта на коњи. Овие подзаконски акти сè уште не се изработени, па затоа не постои надзор на терен. 10.4. Организација и структура на надзорот 10.4.1. Поделба на функции, задачи и одговорности Севкупната надлежност за организација и функционирање на системот за идентификација и регистрација на животните и системот за надзор во Република Македонија е во рамките на Агенцијата за храна и ветеринарство (Закон за безбедност на храна, член 15 и 26). Правната основа на статусот на АХВ е дадена во Законот за безбедност на храна, последен пат изменета на 8 декември 2010 година. (Службен весник бр.157). Со Агенцијата раководи директор, кого што Владата на Република Македонија го назначува и го разрешува од должноста. Директорот истовремено е и главен ветеринарен службеник (Закон за ветеринарно здравство). Директорот на Агенцијата е надлежен заусвојување на акти за организација и систематизација на работата и активностите на Агенцијата, усвојување на други акти поврзани со работата и функционирањето на Агенцијата (Правилници, прирачници, планови, насоки, одлуки итн.); донесува одлуки за вработување, распределба на персоналот како и во однос на нивните права и обврски, усвојува регулативи поврзани со безбедноста на храната и ветеринарното здравство и обезбедува извршување на активностите поврзани со безбедноста на храната и ветеринарното здравство. Агенцијата креира политики, ги изготвува законите а исто така ги изготвува и усвојува подзаконските акти, како што се правилниците, во однос на посебните активности и контролни системи. Aгенцијата исто така ги спроведува истите Главниот ветеринарен службеник го координира и врши надзорот во спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните, Годишната наредба за ветеринарно јавно здравство и повеќегодишните програми. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 41 Во рамките на Агенцијата, главната структура надлежна за прашањата во однос на идентификацијата и регистрацијата на животните како и прашањата за здравствена заштита на животните, е Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните – одговорен за изготвување на правни документи, програми, извештаи, планови за итни мерки и упатства во рамките на својата надлежност како и изработка и спроведување на систем за официјални контроли во однос на здравствената заштита на животните. (Видете го органограмот) Слика бр. 10.1 Органограм - Надлежен орган за идентификација и регистрација на животните Стр. 42 - Бр. 105 23 август 2012 Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните се состои од 5 одделенија,каде што две од нив се поврзани со прашањата за идентификација и регистрација. Видете ја табелата подолу : Табела бр 10.2 Назив на одделението Функции, задачи и обврски Одделение за идентификација и регистрација на животните; •Регистрација на одгледувалишта со животни, и редовно ажурирање на податоците во централниот регистар на одгледувалишта •Подготовка на планови за подобрување на системот за идентификација и регистрација на животните, • Контрола на работата на кланиците во однос на ИиР, поддршка и консултации за нивните задачи и обврски, • Следење на добиточните пазари во однос на ИиР, консултации и техничка поддршка, •Логистичка поддршка, техничка поддршка и обука на ветеринарните станици, кланици и одгледувалишта, како и други засегнати страни. •Подготовка и издавање на индивидуални документи за движењето на животните и контрола на нивното поднесување. • Администрација на централната база на податоци и нејзина целосна контрола со цел да се обезбеди непречено и континуирано внесување на информациите во базата на податоци, •Организација и надзор на контролата на одгледувалиштата со животни во однос на ИиР, на територијата на РепубликаМакедонија. Одделение за државна инспекција за здравствена заштита на животните (обезбедуваат инспекции на самото место во одгледувалиштата, кланиците, млекарниците, при увозот и извозот, транспортот, овластените организации, пасиштата, движењето итн.) Официјални контроли, спроведување на мерките за здравствена заштита на животните, превенција, контрола и искоренување на болестите кај животните Надзор, следење на болестите кај животните и спроведување на ветеринарните контроли за време на чувањето, производството и трговијата со живи животни, Контрола на сообразноста на начелата за ветеринарно здравство во центрите за репродукција и вештачко оплодување, одгледувалишта на животни, Земање примероци и контрола на земањето примероци за лабораториско испитување, известување за појава на заразни болести кај животните, Официјални контроли за спроведување на одредбите за здравствена заштита и благосостојба на животните и официјална контрола на спроведувањето на одредбите за идентификација и регистрација на животните. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 43 Инспекциски контроли од страна на ветеринарните инспектори. Ветеринарниот инспектор ги има следниве права и задолженија: • Го утврдува бројот на животни на едно одгледувалиште, вклучувајќи ги и деталите за сите животни кои се присутни и животните кои се идентификувани на одгледувалиштето • Ги утврдува значајните промени во споредба со состојбите во претходните години; • Врши проверка на регистарот на одгледувалиштето; • Врши проверка на ушните маркици; • Врши проверка на документите за движење кои се достапни во одгледувалиштето; • Врши проверки на соодветната комуникација за редовно доставување на податци до надлежниот орган, централниот регистар и базата на податоци • По потреба, бара податоци и известувања од одговорните лица, сведоци, работници и други лица, за успешна реализација на својата работа; • Бара отстранување на утврдените неправилности и недостатоци, кои може да резултираат во несоодветен квалитет или некомпетентност во работата. • Ги одредува неопходните мерки и временски рамки за отстранување на неправилностите и недостатоците; • Ги издава и ги наплаќа задолжителните казни. Официјалните ветеринари при одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните, се распоредени во локалните единици. Има 28 локални единици со 34 официјални ветеринари во Македонија. Воспоставен е системот за контрола на ИиР за говеда, овци и кози. Сепак, неопходно е да се спроведат процедури за надзор како би се обезбедило квалитет, непристрасност, постојаност и делотворност на проверките на самото место. Да се подобри соработката меѓу одделенијата, бидејќи со системот за ИиР се обезбедуваат неопходните информации за изработка на контролните програми за здравствена заштита на животните, неопходни за обезбедување на следливост на храната од животинско потекло, за оценување на благосостојбата на животните и исто така се добива општа слика за државниот пазар. Агенцијата склучува петгодишен договор со ветеринарните друштва или ветеринарните станици (одобрени ветеринари) за извршување на одредени задачи, вклучително и ИиР. Цените за споменатите задолженија се утврдени во договорот. Задолженијата на одобрените ветеринари се: • Првична регистрација на одгледувалиштето (откако одделението за ИиР ќе ја потврди и заврши регистрацијата, издаде единствен регистарски број на одгледувалиштето, испечати образец за потврда и го испрати до ветеринарната станица).; • обележување на сите животни. Ветеринарите редовно ги обележуваат сите новородени животни, животните со изгубени маркички; • во базата на податоци се заведуваат сите движења; • задолжени се за ракување со пасошите на говедата, ракување со ушните маркици, обучување и едукација на фармерите; Во ветеринарните станици работат 120 ветеринари. Стр. 44 - Бр. 105 23 август 2012 10.5. Опис на системот за идентификација и регистрација и контрола на движење на говеда и мали преживари има посебни обрасци за пријавување на подмладок кај говедата, смртни случаи, движења на сточниот пазар, барање за ушни маркици, пасоши и копии од пасошите, барања за претходно споменатите обрасци. Слика бр. 10.2 Скица за регистрација и движење на новородени телиња За регистрација на движењето на говедата до добиточниот пазар и назад до одгледувалиштето, постои посебен образец за регистрација. Се прават два примероци од образецот. Пред да влезат на добиточниот пазар, ветеринарот го пополнува првиот дел од образецот, каде е потребно да се наведат идентификацискиот број на животното и бројот и адресата на одгледувалиштето од каде потекнуваат животните. На пазарот, официјално лице (претставник на пазарот), врши проверка на идентификацијата на животните и документите (пасош за говеда и здравствен сертификат, издадени од одобрени ветеринари, со важност од 3 дена). Животните без соодветна документација не се примаат на пазарот. По продажбата, купувачот поднесува барање за документите за движење; службеникот ги ажурира документите со деталите за купувачот, и задржува еден примерок. На крајот од денот, примероците се испраќаат до локалната ветеринарна станица која ги внесува податоците во централната база на податоци Едно животно може да се продаде на лице кое не е регистрирано. Во тој случај се заведува бројот на граѓанинот, а лицето се советува да го регистрира одгледувалиштето од страна на локален одобрен ветеринар. Доколку животното не се продаде, во вториот дел од документот за движење на животните се става забелешка „истата фарма“. Во базата на податоци треба да има можност да се најдат сите движења на животното, дури и кога истот се враќа во одгледувалиштето од каде што доаѓа. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 45 Сопственикот на животното е обврзан да го регистрира купеното животно во регистерот на фармата. Официјалните ветеринари треба да се постојано присутни на пазарот. официјалниот ветеринар ја проверува идентификацијата на животните за времето на продажба, и во случај да се утврдат недоследности, може да се изрече казна на претставници на пазарот. За движење на мали преживари, изработен е посебен образец за движење. Се прават четири примероци од образецот. Секоја страница е предвидена за 20 животни. Циркулирањето на обрасците за движење на мали преживари е слично како и за говедата, и сопственикот на животното може да го користи примерокот за регистрација на фармата со тоа што во регистарот на фармата ќе ги приложи обрасците за движење. Слика бр. 10.3 Скица за регистрирање на движењето на животните до добиточниот пазар Изработена е стратегија за регистрација на одгледувалишта со свињи и регистрација на движење на свињите со цел да се обезбеди дека само идентификувани свињи од регистрирани одгледувалишта пристигнуваат во кланиците, со цел да се обезбедат точни податоци за контролата на заразните болести кај животните и мерките за искоренување, но овој систем ќе почне да функционира во 2012 година. Изработена е стратегија во согласност со Директивата 2008/71 на ЕУ и Одлуката 2000/678. 10.6. Meтоди за надзор и контролни активности Системот за идентификација и регистрација на животните го оддржува и контролира Одделението за идентификација и регистрација при Секторот за здравствена заштита на животните. Стр. 46 - Бр. 105 23 август 2012 Во посебен сектор е персоналот за IT ; има двајца вработени кои се надлежни за хардверот и софтверот (систем, лиценци, апликации) на Агенцијата. Двајцата вработени за IT исто така обезбедуваат аналитички услуги за секторот за ИиР. Контролните активности за ИиР на животните и регистрацијата на одгледувалиштата се вршат преку рутински надзор - официјалнот ветеринар прави проверки на одгледувалиштата на самото место. Одобрените ветеринарни станици се проверуваат истовремено со одгледувалиштата со цел да се осигура дека на ветеринарите им се исплаќа соодветен надоместок. 10.7. Планирање на контроли На почетокот од секоја година, одделението за ИиР изготвува листа со одгледувалишта за говеда кај кои треба да се изврши инспекција во следните 10 месеци. Листа на одгледувалишта генерирани од страна на системот. Со листата се опфатени 10% од одгледувалиштата со говеда во секој регион, 40% од одгледувалиштата се избираат според анализата на ризик а останатите 60% по случаен избор. Официјалниот ветеринар може да направи измена на одгледувалиштата избрани по случен избор(само во случај кога одгледувалиштето не е достапно - за време на зимскиот период), но не може да го намали вкупниот број на одгледувалишта. Инспекциите во секое одгледувалиште се вршат најмалку еднаш на секои 5 години, но обично е позачестено. Во случај да се утврдат неправилности, официјалниот ветеринар одредува временски период за корективни мерки и по 7 до 30 дена, врши проверка на преземените корективни мерки. Доколку резултатите не се задоволителни, официјалниот ветеринар утврдува нов временски рок, или изрекува казна. Анализата на ризик, каде што се земени предвид сите важни фактори, се користи за избор на одгледувалишта за проверки на самото место. Во факторите на ризик спаѓа и вкупниот број на животни и бројот на животни идентификувани на одгледувалиштето, здравствената состојба на животните, бројот на мажјаци на одгледувалиштето, значајни промени во споредба со претходните години, резултати од контролите извршени во текот на претходните години (се прави споредба на резултатите од инспекциите во одредено село), се водат регистри за одгледувалиштето, соодветно се чуваат пасошите за животните на одгледувалиштето и соодветна комуникација со локалните ветеринарни станици во однос на раѓањата, смртните случаи и движењето на животните, како и други критериуми, кои секоја година се ажурираат од страна на Одделението за ИиР. Секој критериум за ризик има одреден број на точки, па онаму каде што збирот е поголем, станува збор за одгледувалиште каде сомнежот за неправилности е поголем. По инспекцијата, официјалниот ветеринар рачно ги внесува резултатите од инспекцијата во Централниот регистар. Резултатите од контролите на самото место се достапни во Централниот регистар, а одделението за ИиР ги користи за анализа и планирање на понатамошните активности. 10.8. Документирање на надзорот и контролните активности За контролите на самото место инспекторот користи 2 документи - протокол и чеклиста за ИиР, кои меѓусебно се поврзани со референтен број. Чеклистите за ИиР се генерираат преку систем за секое одгледувалиште. За секоја инспекција има единствен број. Чеклистата за инспекција мора да се испечати од Централниот регистар, не подоцна од 2 дена пред инспекцијата. Официјалниот ветеринар ја пополнува чеклистата (одговорот може да биде: да/не/не се применува) и по инспекцијата, рачно ги внесува резултатите во Централниот регистар. Резултатите од контролите на самото место се достапни во Централниот регистар, а одделението за ИиР ги користи за анализа и планирање на понатамошните активности. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 47 Ако во текот на контролите на самото место се утврдат неправилности, официјалниот ветеринар става забелешка во протоколот во однос на донесената одлука и по пошта ја испраќа истата до сопственикот на животното. Секој месец официјалниот ветеринар поднесува извештај до Секторот за здравствена заштита и благосостојба за бројот на фарми каде што е извршена инспекција и за донесените одлуки За секоја извршена контрола на самото место се изготвува стандардизиран извештај, каде што се наведуваат резултатите од контролите, причините за контрола и незадоволителните наоди. 10.9. Информатички систем и база на податоци Централниот регистер (базата на податоци) се наоѓа во рамките на Одделението за идентификација и регистрација. Во централниот регистар се содржани следниве информации: • идентификациски код на секое одгледувалиште; • видовите животни (говеда, овци и кози) и бројот на животни кои се чуваат на секое одгледувалиште; • име и адреса на чодгледувачот; • тип на производство (млеко, месо, волна); • тип на одгледувалиште (обично, добиточен пазар, планинско пасиште, пасиште, саем, еколошка фарма, кланица, селско пасиште, фиктивна фарма). Редовно се ажурира бројот на животни кои се чуваат во одгледувалиштето, а еднаш годишно се врши потврда на податоците. Секој одгледувач на животни од видот говеда, овци и кози треба да води регистар што редовно ќе го ажурира, во формат одобрен од страна на надлежниот орган. Ажурирањето може да е рачно или компјутерски, каде ќе бидат содржани сите информации за потеклото, идентификацијата, и каде што е соодветно, дестинацијата на животните кои ги поседувал, чувал, превезувал, пласирал на пазарот или ги колел. Одгледувачот поднесува извештај до ветеринарната станица за сите движења до и од одгледувалиштето, за секој подмладок и секој смртен случај на животните во одгледувалиштето, заедно со датумите кога истите се случиле, во рок од седум дена. Слика бр. 10.4 Скица за регистрација на ново одгледувалиште Стр. 48 - Бр. 105 23 август 2012 10.10. Материјални средства /техничка опрема Официјалниот ветеринар во регионалната служба располага со опремено работно место, компјутер со интернет врска и едно возило за 1 или 2 официјални ветеринари. АХВ ја обезбедува неопходната заштитна облека. 10.11. Систем за обуки Во однос на активностите за идентификација и регистрација на животните, нема развиено ни реализирано систем за обуки. Иако се обезбедени неколку индивидуални обуки, особено за персоналот од централно ниво, на пример обуки организирани од TAIEX или DG SANCO. Исто така спроведени се и обуки од експерти од централно ниво на Агенцијата за регионалните инспектори (официјални ветеринари) и за одобрените ветеринари. 10.12. Соработка со други институции и организации • Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој (за исплата на субвенции на фармерите); • Министерство за внатрешни работи – во случаи кога официјалните ветеринари наидуваат на физички отпор од страна на сопствениците на животни, или пак се спречени во извршувањето на нивните задолженија; кога е потребно да се заштитат заразени области или региони, при ограничување на трговијата со животни, производи и суровини за време на движење на луѓето и животните во заразените региони и спроведување на мерките за спречување и искоренување на заразни болести кај животните итн. 10.13. Приоритети за официјалните контроли и стратешки цели за периодот од 2012 до 2016 година Табела бр 10.3 Приоритети Датум на спроведување Да се започне со идентификација на свињи, регистрација на одгледувалишта со свињи, спроведување на систем за известување на движењата на свињите со цел да се обезбеди дека само идентификувани свињи од регистрирани одгледувалишта пристигнуваат во кланиците, со цел да се обезбедат точни податоци за контролата на заразните болести кај животните и мерките за искоренување. март 2012 Да се започне со идентификација на коњи и да се воспостави/номинира надлежен орган за издавање на пасоши за коњи, регистрација на одгледувалишта со коњи, спроведување на систем за известување на движењата на коњите со цел да се обезбеди дека само коњи со оригинален пасош пристигнуваат во кланиците, со цел да се обезбедат точни податоци за контролата на заразните болести кај животните и мерките за искоренување. 2014 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 49 Да се започне со регистрација на одгледувалиштата со живина како би се обезбедило дека единствено кокошки од регистрирани одгледувалишта пристигнуваат во кланиците; да се обезбеди дека во ланецот на храна се користат единствено јајца од регистрирани одгледувалишта каде е оценета благосостојбата на животните и се земени примероци за Salmonella spp; да се обезбедат точни податоци за контролата на заразни болести кај животните и мерките за нивно искоренување . Во регистарот за одгледуалишта со несилки треба да се земе предвид можноста да се прават забелешки за системите на фармите, што е доста важно за анализата на ризик во однос на земањето примероци за Salmonella spp. и оценувањето на благосостојбата на животните. Во базата на податоци за ИиР се регистрирани 98 одгледувалишта на живина, и истите ги обележуваат јајцата со идентификацискиот код на одгледувалиштето, доделен според ИиР. Да се подобри соработката меѓу одделенијата, со цел јакнење на инспекцискиот систем. 2012 Воспоставување на процедури за професионален надзор со цел обезбедување на квалитет, непристрасност, постојаност и ефикасност на проверките на самото место. 2012 Поглавје 11 - Контролен систем за благосостојба на животни 11.1. Општи национални стратешки цели Вовед Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е надлежен орган во Македонија во областа за официјална контрола за благосостојба на животните. АХВ е основана со интегрирање на Управата за ветеринарство во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Дирекцијата за храна во рамките на Министерството за здравство, и функционира од јануари 2011. Законот за заштита и благосостојба на животните („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007 со неговите измени 136/2011) е основен законски акт за надзор на благосостојбата на животните. АХВ, Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните е надлежен сектор за благосостојба на животните. Негова надлежност е планирање, координација и мониторинг на активностите на официјалните ветеринари - ветеринарни инспектори. Ветеринарните инспектори на регионално ниво се надлежни за спроведување на различните мерки и контроли на терен. Цел Законот за благосостојба на животните во Македонија е изработен и транспониран од законодавството на ЕУ, со цел да се обезбедат општи правила за заштита на сите видови животни кои се чуваат за производство на храна, волна, кожа или крзно или за други фармски цели, вклучувајќи ги и рибите, влекачите и водоземците. Главната цел е да се обезбеди дека животните не се подложни на болка или страдање кои може да се избегнат, и го обврзува сопственикот/одгледувачот на животни да се придржува до минималните барања за благосостојба. Овие правила ги отсликуваат т.н `Пет слободи` како што е усвоено од страна на Советот за благосостојба на фармските животни на ЕУ. Тие се: Стр. 50 - Бр. 105 23 август 2012 • Слобода од глад и жед - пристап до вода за пиење и исхрана за целосно здравје и енергија; • Слобода од неудобност - соодветна средина со заклон и удобна површина за одмор; • Слобода од болка, повреди и болести - превенција или брз третман; • Слобода за изразување на нормалното однесување - соодветен простори и опрема, придружба на животните од истиот вид; • Слобода од страв и вознемиреност - услови и начин на третирање со кои се избегнуваат менталните страдања. За несилките, телињата и прасињата се применуваат посебни правила. Транспонирањето на правилата за бројлери е предвидено за 2012 година. АХВ е насочена кон правилно спроведување на законодавството за благосостојба на животните, и како надлежен орган, АХВ игра важна улога во исполнувањето на оваа задача. 11.2. Организација и структура на надзорот 11.2.1. Поделба на функции, задачи и одговорности Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е надлежен орган во Македонија во областа за официјална контрола за благосостојба на животните. Во рамките на Агенцијата, главната структура надлежна за прашањата во однос на здравствената заштита и благосостојбата на животните е Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните – одговорен за изготвување на правни документи, програми, извештаи, планови за итни мерки и упатства во рамките на својата надлежност како и изработка и спроведување на систем за официјални контроли во однос на благосостојбата на животните. Надзорот на благосостојбата на животните е уредена на две нивоа: 1) Централно ниво – централен надлежен орган – Агенција за храна и ветеринарство; 2) Локално ниво – локални единици на АХВ; Прво ниво на надзор на благосостојбата на животните: Со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) раководи директор, којшто го назначува Владата на Република Македонија. Директорот истовремено е и главен ветеринарен службеник (Закон за ветеринарно здравство). Директорот на Агенцијата е надлежен заусвојување на акти за организација и систематизација на работата и активностите на Агенцијата, усвојување на други акти поврзани со работата и функционирањето на Агенцијата (Правилници, прирачници, планови, насоки, одлуки итн.); донесува одлуки за вработување, распределба на персоналот како и во однос на нивните права и обврски, усвојува регулативи поврзани со безбедноста на храната и ветеринарниот надзор и обезбедува извршување на активностите поврзани со безбедноста на храната и ветеринарниот надзор. Во рамките на секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните има 5 одделенија: • Здравствена заштита на животните; • Благосостојба на животните; • идентификација и регистрација на животните; • Планови за итни мерки и • Државна инспекција за здравствена заштита на животните. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 51 Во рамките на АХВ има неколку одделенија кои треба да го обезбедат функционирањето регулирано со законодавството за благосостојба на животните: Одделението за благосостојба на животните е надлежно за следново: • Мониторинг на благосостојбата на животните; • Изготвување на планови за подобрување на благосостојбата на животните; • Подготовка на извештаи за благосостојбата на животните, • Изготвување на законодавството за благосостојба на животните; • Проверка на доставените фактури за активностите во однос на благосостојбата на животните; • Комуникација со национални и меѓународни организации во однос на благосостојбата на животните. Одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните е надлежно за спроведување на официјални контроли за време на одгледувањето, производството и трговијата со живи животни. Секторот за ветеринарно јавно здравство е надлежен за координирање на контролата на благосостојбата во кланиците. Второ ниво на надзор на благосостојбата на животните: Официјалните ветеринари при одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните, се распоредени во регионалните единици. АХВ располага со 28 регионални/локални единици. Надлежни се за практична реализација на контролите за благосостојба. Стр. 52 - Бр. 105 23 август 2012 Слика бр. 11.1 Структура на надзорот за благосостојба на животните 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 53 11.2.2. Човечки ресурси Во Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните има тројца вработени кои се надлежни за контрола на благосостојбата на животните на ниво на фарми и за време на транспорт - раководител на Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, раководител на Одделението за ветеринарна инспекција и советник во Одделението за благосостојба на животните. Контролите за благосостојба на ниво на фарма ги обезбедуваат официјалните ветеринари од регионалните единици на АХВ. Со контролите за благосостојба во кланици управува персоналот од Секторот за ветеринарно јавно здравство, а истите се спроведуваат од официјални ветеринари во кланици. Табела бр. 11.1 Број на персонал вклучен во благосостојбата на животните Број Ниво на надзор и контрола Број на вработен персонал Забелешки 1. Централно ниво (прво ниво) 1. 2. Регионално ниво (второ ниво) 60 + 47 47 -јавно здравство и надлежно за официјални контроли во текот на колењето. Стр. 54 - Бр. 105 23 август 2012 11.3. Број на животни и одгледувалишта и превозници Табела бр. 11.2 Број на животни и одгледувалишта и превозници видови Број на одгледувалишта Број на животни Зачестеност на инспекции Говеда 42500 (41800 одгледувалишта со животни) 275 400 10% од одгледувалиштата регистрирани во системот за ИиР овци 755 000 кози 15300 74 000 5% од вкупниот број на животни регистрирани во системот за ИиР или 3% од одгледувалиштата во кои се присутни 5% од вкупниот број на животни регистрирани со системот за ИиР Свињи (податоци од кланици) 80 (интензивно производство) проценет број на фарми 50000 195 000 Точниот број на одгледувалиштата со свињи ќе биде познат по нивната идентификација и регистрација најмалку 1% од регистрираните одгледувалишта Кокошки (несилки) 100 (со над 350 несилки) 1 милион 10 % од регистрираните одгледувалишта Овластени превозници Правилникот за заштита на животните е објавен во ”Службен весник на Република Македонија” бр. 3 од 9 јануари 2012, Во моментов АХВ подготвува стратегија и предвидува понатамошни активности за во однос на регистрацијата на превозниците и по завршувањето на тие активности, ќе се утврди план за зачестеноста на контролите. 11.4. Meтоди за надзор и контролни активности Законска основа Примарното законодавство е спроведено преку законите. Законот за заштита и благосостојба на животните („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007 и 136/2011)) е основен законски акт за надзор на благосостојбата на животните. Со овој закон 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 55 се утврдени минималните барања за заштита и благосостојба на одреден вид животни при одгледувањето, чувањето и држењето на животните на фарма. Со законот се уредува заштитата и благосостојбата на животните во текот на транспортот, колењето и убивањето и исто така – заштитата на регистрираните кучиња, домашни миленици, кучиња скитници, животни од зоолошки градини и животни кои се користат за експериментални или научни цели. Подзаконските акти се усвоени во правилникот (Видете ја листата подолу). Воспоставено е соодветно законодавство во однос на благосостојбата на животните на фарма и во текот на колењето. Во моментов, законот за благосостојба на животните за време на транспортот е во Секретаријатот за законодавство. Постојат следниве правилници: • Услови и начини за заштита на фармските животни (OJ 140/2009); • Заштита и благосостојба на експериментални животни („Службен весник на Република Македонија” бр. 110/2010); • Начинот за постапување со животните за време на убивање („Службен весник на Република Македонија” бр. 163/2010); • техничките услови за прифатилиштата, условите за чување на животните во прифатилиштата, постапките за еутаназијата, начинот на водење на евиденција и начинот на вршење надзор, формата и содржината на регистарот и начинот на регистрација, како и информациите потребни за регистрација („Службен весник на Република Македонија” бр. 141/2010); • за формата и содржината на регистарот, информациите потребни за регистрација на објектите во кои се чуваат животни за фармски цели и начинот на регистрација („Службен весник на Република Македонија” бр. 161/2011). • Правилник за заштита на животните во текот на транспортот („Службен весник на Република Македонија” бр. 03/2012). Во изработка Заштита на животните кои се чуваат во зоолошките градини Здравствена заштита на кокошки кои се одгледуваат за производство на месо (бројлери) Официјални контроли Благосостојба на фармски животни Системот за спроведување на официјалните контроли за благосостојба на животните е во развојна фаза. Во моментов контролите се вршат по барање на централниот орган, како на пример со цел одобрување на субвенциите во рамките на ИПАРД (претпристапната програма на ЕУ) (постои меморандум за разбирање со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој) или по добиени претставки од граѓани, или со цел регистрација на одредени институции (на пример, објекти за експериментални животни, регистрација на фарми со несилки), контроли во зоолошки градини итн. Во текот на 2011 спроведени се посебни контроли за благосостојба во одгледувалишта за несилки каде што се чуваат над 350 несилки (Видете табела 11.2). Целта на овие контроли е да се добијат официјални податоци за благосостојбата на секоја од фармите. За таа цел, Агенцијата објави посебен документ за инспекција – контролна листа, која ќе се пополнува за време на инспекциите на фарма. Стр. 56 - Бр. 105 23 август 2012 Благосостојба на животните за време на транспорт и контрола на транспортот Не се спроведени официјални контроли за благосостојбата на животните за време на транспортот. Се изготвува Правилникот за благосостојба на животните за време на транспорт, и се очекува истиот да се одобри до крајот на 2011 година. По усвојувањето на оваа законска рамка, Агенцијата ќе започне со спроведувањето на официјалните контроли. Што се однесува до овластувањето на превозниците, системот е во развојна фаза. Во развојна фаза е и одобрението за транспорт за патувања над осум часа. Не се врши контрола на транспортот на сточни пазари. Не се вршат проверки на условите на транспортните средства при пристигнувањето на животните во кланиците; сепак, во Правилникот е детално опишано правилото. 11.5. Планирање на контроли Прирачниците за инспекција и упатства за планирањето на контролите се во изработка. Досега, инспекциите се вршеа врз основа на индивидуални барања од централниот орган на АХВ. Исклучок претставуваат контролите на благосостојба во кланиците, каде што тоа претставува секојдневна задача на официјалните ветеринари во кланиците. 11.6. Документација за надзорот и контролата Протоколи за инспекција, оперативни прирачници АХВ има изготвено контролни листи за спроведување на официјални контроли за благосостојба на животни за време на транспортот. Изготвени се контролните листи за контрола на објекти со свињи, несилки и говеда но не се применуваат постојано. Во изработка се работните упатства за спроведување на официјалните контроли за благосостојба на фармата, за време на транспортот или при колењето. Известување за резултатите од официјалните контроли Во изработка е наредбата за известување за резултатите од официјалните контроли. Официјалните ветеринари на месечно ниво испраќаат извештај за сите побарани информации до Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните во рамките на Агенцијата.. Во моментов не се усвоени и спроведени еднообразни обрасци за известување. Во однос на извештаите за резултатите од инспекциите во објекти со несилки, податоците ги собира и анализира советник од Одделението за благосостојба на животните Сепак, сè уште не се прифатени барањата за известување утврдени во Одлуката 2006/778/EЗ на Комисијата, и член 27 од Регулативата (EЗ) бр 1/2005, иако ветеринарниот информатички систем е во изработка, каде што е предвидено да се спроведат поглавјата за известување за резултатите од контролите. Приватните ветеринари се обврзани да ги известуваат официјалните ветеринари за непочитувања на благосостојбата на животните, кои ги утврдиле во текот на секојдневната работа. 11.7. Материјални ресурси/техничка опрема Персоналот од АХВ, како и персоналот од регионално и локално ниво, располага со доволно материјални средства: опремени простории со директни телефонски линии; IT опрема со интернет врска; софтверски системи; информатички систем за идентификација и регистрација на животни; информатички систем за ветеринарни инспекциски места на гранични премини; моторни возила и професионална работна опрема за официјалните ветеринари. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 57 Во однос на опремата за спроведување на официјални контроли на фармите, предвидена е набавка на опрема, со којашто би се мереле параметрите на животната средина на пр. нивоа на гасови, како што се амонијакот, јаглерод диоксидот, интензитетот на светлината, протокот на воздух, бучавата, нивото на прашина итн. 11.8. Информатички систем и бази на податоци Во Централниот регистар се дадени информации за идентификација и регистрација на животните (системот е детално опишан во Поглавјето „Контролен систем – Идентификација и регистрација на животните”). Во регистерот се наведени кодот за идентификација на секое одгледувалиште, видовите животни (говеда, овци и кози) и бројот на животни од секое одгледувалиште, како и името и адресата на одгледувачот, видот на производство (млеко, месо и волна), тип на одгледувалиште (општо, добиточен пазар, планинско пасиште, пасиште, саем, еколошка фарма, кланица и селско пасиште). Во рамките на ветеринарниот информатички систем во тек е изработка на дел за целите на благосостојбата на животните. Ќе има модул за регистрација на сите видови фарми, превозници, модул за контролни цели - протоколи, резултати од инспекции итн. Информатичкиот систем исто така ќе се користи за добивање на извештаите од официјалните контроли. Ставањето во функција на модулите за благосостојба на животните е предвидено за 2012 година. 11.9. Систем за обуки Обуката во областа на благосостојба на животните се смета како важна алатка во контекст на развивање на најдобрите практики и сообразност со барањата утврдени во законодавството. Системот за обуки во однос на благосостојбата на животните е во фаза на развој, иако досега се обезбедени неколку обуки, особено за персоналот од централно ниво, како на пример, обуки организирани од TAIEX или DG SANCO. Исто така спроведени се и обуки од експерти од централно ниво на Агенцијата за регионалните инспектори (официјални ветеринари) и за одобрените ветеринари. Нема воспоставено систем преку којшто би можело да се даде упатување за потребите од обуки на персоналот. Спроведена е обука за благосостојба на животните - во март 2010 година, за официјалните ветеринари за вршење инспекции на благосостојбата на животни, користејќи ги новите контролни листи за време на посетата на фарми, придружувани со советник за благосостојба на животните од централно ниво. Официјалните ветеринари не се обучени во сите области во кои се очекува да вршат контроли на благосостојбата на животните. Но според планот за обуки за 2012 година предвидени се обуки за благосостојба на животните, особено на животните кои се чуваат за фармски цели (вклучувајќи ги и пазарите), благосостојба на животните во текот на транспортот и убивањето. Во моментов се прави проценка на потребата од обуки и АХВ ќе објави тригодишна програма за обуки. Центарот за благосостојба на животните во рамките на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје е овластен од АХВ како официјален центар за обуки, за благосостојба на животните Има „Програма за обука на обучувачите” со поддршка од RSPCA (Кралско здружение за заштита на животните ). Изработени се осум модули за обука за благосостојба за време на колење на животните (црвено месо) и два модули за благосостојба за време на колење на живината. Во 2009 година е спроведена двонеделна обука за благосостојба на животните, за сите официјални ветеринари која се состои од теоретска и практична обука во Македонија (со учество Стр. 58 - Бр. 105 23 август 2012 на сите официјални ветеринари), а покрај тоа е организирана еднонеделна студиска посета во Германија, за општите барања за благосостојба (со учество на околу 15 официјални ветеринари). Официјалните ветеринари редовно земаат учество на обуките од DG SANCO, за благосостојба на животните, кои се организираат во рамките на програмата за обуки на ЕУ „Подобра обука за побезбедна храна“ (BTSF). 11.10. Соработка со други институции/организации Соработката со другите институции или јавни организации во областа на благосостојба на животните е обезбедена со: • Со поддршка од RSPCA , спроведено е проект-истражување за проценка на бројот на кучиња скитници и јавното мислење на оваа тема на територија на градот Скопје • Центар за благосостојба на животните - Факултет за ветеринарна медицина во Скопје • Програма за обучување на обучувачите - поддршка од RSPCA во соработка со факултетот за ветеринарна медицина во Скопје (модули за благосостојба за време на колење на животните - црвено месо, и модули за благосостојба при колење на живина); • Меморандум за соработка со Агенцијата за финансиска поддрша во земјоделството и руралниот развој • Постои соработка со невладини организации во Скопје, што главно се однесува на заштита на животните скитници. 11.11. Приоритети за контрола на благосостојба на животните за 2012 – 2016 година Табела бр. 11.3 бр предмет Активност предвидено е да се реализира 1. Инспекциски план за официјални контроли за благосостојба на животните Изработка на инспекциски план, одредување на фарми и други објекти кои треба да се контролираат, утврдување на зачестеноста на контролите септември 2012 2. Работни упатства/процедури, како што е наложено со член 8 од Регулативата (ЕЗ) бр 882/2004 Изработка на систем за спроведување на официјални контроли - изработка на работни упатства/оперативни прирачници Континуирана активност, некои документи ќе бидат завршени до крајот на декември 2012 година 3. Документација и известување за резултатите од инспекциите, како што е наложено со Одлуката 2006/778/EЗ на Комисијата и Регулативата 1/2005 Подготовка на барањата за известување за контролите кои се спроведуваат на локално ниво Одлука 2006/778/EЗ септември 2012 година и Регулатива 1/2005 декември 2012 година . 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 59 4. Обука на персоналот, како што е утврдено во член 6 од Регулативата (EЗ) бр 882/2004 Обука за благосостојба на животните за персоналот кој врши официјални контроли, со цел да се обезбеди дека персоналот е компетентен. Официјалните ветеринари ќе добиваат континуирани обуки. Предвидена е двонеделна обука за официјалните ветеринари во март 2012 година 5. Лични и материјални средства, согласно член 4 став (2) точки (в) и (г) од Регулативата (EЗ) бр 882/2004 Да се обезбеди доволен број на персонал којшто ќе биде компетентен, и исто така да се осигура дека имаат пристап до соодветните објекти и опрема. Постепено за време на реализацијата на ПНКП Поглавје 12 - Контролен систем за производи од животинско потекло 12.1. Општи национални стратешки цели Вовед Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е надлежен орган во Македонија во областа за официјална контрола на храната. Сеопфатниот систем ѕа официјални контроли на производи од животинско потекло, e oд суштинско значење за заштитата на јавното здравје, намалување на болестите предизвикани од храна, вклучувајќи ги и зоонозите, зголемување на безбедноста и квалитетот на храната, развивање на капацитет на извозно ориентирана индустрија, што е важно за Република Македонија на патот кон пристапувањето во Европската Унија. За официјалните контроли на производи од животинско потекло, изготвено и усвоено е соодветно законодавство, земајќи ги предвид барањата на клучните регулативи на ЕУ. Секторот за ветеринарно јавно здравство во АХВ е директно надлежен за развој и оддржување на системот за надзор и официјалните контроли на производите од животинско потекло. Овој сектор има 5 одделенија, од коишто две се вклучени во контролата на прехранбените производи од животинско потекло - Одделение за безбедност на храна од животинско потекло и Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство, со регионалните единици. За работните процедури на официјалните контроли, изготвени и усвоени се контролни листи, извештаи, планови и програми за мониторинг. Контролните методи, како што се одобрение, регистрација, аудит, инспекција и земањето примероци се претставени во секојдневната работа. АХВ има доволно овластувања да обезбеди спроведување на законските барања во производството на производи од животинско потекло. Стратешки приоритети за периодот 2012 – 2016 се: • со цел поддршка на операторите со храна во објектот и запазување на стандардите на ЕУ за квалитет и безбедност на храна, АХВ обрнува особено внимание на надградбата на објектите и одржување на системот за контрола на објекти кои извезуваат во ЕУ, па Стр. 60 - Бр. 105 23 август 2012 АХВ обезбедува спроведување на севпкупната стратешка цел „Поддршка на операторите со храна во објектот и запазување на стандардите на ЕУ за квалитет и безбедност на храна. • Подобрување на функционалниот систем за контрола на безбедноста на храната од животинско потекло, наменета за исхрана на луѓето, • Обезбедување на контрола во сите фази на производството и намалување на ризикот во однос на безбедноста на храната. Во моментов, Република Македонија е наведена како земја која може да извезува свежо овчо месо и пастеризирани и термички обработени млечни прозиводи, во Одлуката 79/542/EEЗ на Советот и Одлуката 2004/438/EЗ на Комисијата, соодветно. 12.2. Соодветно законодавство Основниот правен акт е Законот за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” 157/10, 53/11,1/12 )", со кој се регулира контролата на безбедноста на храна во сите фази (производство, преработка, складирање, транспорт, дистрибуција, малопродажба и достава). Со законот се регулираат општите и специфичните услови и обврски за операторите за храна, нивната регистрација и одобрение, условите за увоз и извоз на храна од животинско и неживотинско потекло, официјалните контроли и нивното финансирање заедно со мониторингот на резидуи и недозволени супстанции. Tабела бр. 12.1 Транспонирање на законодавството на ЕУ релевантно за секторот производи од животинско потекло во националното законодавство на Македонија. ЗАКОНОДАВСТВО НА ЕУ НАЦИОНАЛНО ЗАКОНОДАВСТВО/СТАНДАРД Регулатива бр 178/2002 Општ закон за храна Закон за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/2010 53/11,1/12) Регулатива бр 852/2004 Хигиена на прехранбени производи Закон за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/2010) Правилник за санитарно хигиенските услови за производство на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 32/2006); Регулатива бр 853/2004 Хигиена на храната од животинско потекло, конкретно Анекс I, II и III (оддели II, V и VI) Закон за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/2010) Правилник за посебните барања за храна од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија”бр. 118/2008) Регулатива бр 854/2004 Официјални контроли на производи од животинско Закон за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/2010) Правилник за начинот и постапката на вршење на 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 61 потекло, конкретно Анекс I службенните контроли на производите од животинско потекло, наменети за исхрана на луѓето („Службен весник на Република Македонија” бр. 95/2009); Правилник за посебни барања за контрола на trichinella во месото („Службен весник на Република Македонија” бр. 32/2009) Регулатива бр 882/2004 Закон за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/2010) Регулатива бр 2073/2005 Микробиолошки критериуми за прехранбени производи Правилник за посебните барања за безбедност на храната по однос на микробиолошките критериумите („Службен весник на Република Македонија” бр. 78/2008) За понатамошно усогласување со одредбите од Регулативата 2073/2005, предвидено е да се усвои Правилник за изменување на горенаведениот. Регулатива бр 2074/2005 Мерки за спроведување, поточно член 1 и 4 и Анексите I и IV Горенаведената одредба од Регулативата 2074/2005 е земена предвид во националното законодавство. Правилник за начинот и постапката на вршење на службенните контроли на производите од животинско потекло, наменети за исхрана на луѓето („Службен весник на Република Македонија” бр. 95/2009); Правилник за посебните барања за храна од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 118/2008) Анекс IV не е транспониран во националното законодавство. Стр. 62 - Бр. 105 23 август 2012 Директива 96/93/EЗ на Советот Мониторинг на резидуи Правилник за начинот на вршење ветеринарно санитарен преглед и контрола и начинот на водење евиденција за резидуи и определени супстанции во суровини, живи животни и производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 8/2002). Максималното дозволено ниво на резидуи во ветеринарно медицински препарати (MRL) за одредени производи од животинско потекло, е дадено во листата на фармаколошки супстанции, одобрени за употреба во ветеринарната медицина („Службен весник на Република Македонија” бр. 133/2010) Максималното ниво на резидуи од одредени супстанции (пестициди, микотоксини, тешки метали и други контаминанти) е утврдено во Правилникот за општите барања за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија” бр. 118 од 30.12.2005).Опфатено е исто така и максималното ниво на резидуи на одредени супстанции (пестициди, микотоксини, тешки метали и други контаминанти) 12.3. Организација и структура на официјалната контрола Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е централен надлежен орган во Mакедонија за контрола на храна, храна за животни, здравствената заштита и благосостојба на животните, здравствената заштита на растенијата како и контрола на храна од животинско потекло. Со Агенцијата раководи директор, кого што Владата на Република Македонија го назначува и го разрешува од должноста. Внатрешната организација на Агенцијата ја утврдува директорот со помош на акти за внатрешна организација и систематизација на работата и должностите, согласно компетенциите на Агенцијата. Секторот за ветеринарно јавно здравство во АХВ е директно надлежен за развој и оддржување на системот за надзор и официјалните контроли на производите од животинско потекло. Овој сектор има 5 одделенија, од коишто две се вклучени во контролата на прехранбените производи од животинско потекло - Одделение за безбедност на храна од животинско потекло и Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство, со регионалните единици. Законското овластување произлегува од: 1. Закон за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157 од 08.12.2010); 2. Правилник бр. 11-288/3 од февруари 2011 „за внатрешна организација на Агенцијата за храна и ветеринарство“ објавен врз основа на член 55, став 1 од Законот за организација и работа на државните административни тела. 3. Правилник бр. 11-288/3 „За систематизација на работните места во Агенцијата“ објавен врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на државните административни тела. („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00,44/02, 82/08 и 167/10) 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 63 Хиерархискиот однос во рамките на АХВ Сите надлежности на Агенцијата за храна и ветеринарство се централизирани на ниво на директор. Спроведувањето и извршувањето на контролите е од страна на официјалните ветеринари распределени во регионалните единици Регионалните единици се директно подредени на Секторот за ветеринарно јавно здравство Со секторот управува раководителот на сектор, кој е под директен надзор на заменик-директорот на АХВ. Под назор на раковидителот на секторот се пет одделенија: • Безбедност на храна од животинско потекло; • Ветеринарно медицински препарати; • Нус-производи од животинско потекло; • Безбедност на храна за животни и исхрана на животни; • Државна инспекција за ветеринарно јавно здравство со регионалните единици. Две одделенија се директно вклучени во официјалните контроли на производите од животинско потекло: • Со одделението за безбедност на храна од животинско потекло, управува раководител на одделение, кој е под директен надзор на раководителот на Секторот за ветеринарно јавно здравство. Под надзор на раководителот на одделение, има пет вработени на централно ниво. • Со одделението за безбедност на храна од животинско потекло, управува раководител на одделение, кој е под директен надзор на раководителот на Секторот за ветеринарно јавно здравство. Под надзор на раководителот на одделението се четворица вработени на централно ниво и 40 официјални ветеринари во регионалните единици. 12.3.1. Поделба на функции, задачи и одговорности Централно ниво Главни функции на Секторот за ветеринарно јавно здравство: Учествува во изготвувањето на примарното законодавство и подзаконските акти, програми и други акти во однос на ветеринарното јавно здравство, подготвува анализи, информации, организира и соработува со други надлежни органи и сектори, врши активности во однос на официјалнит контроли, организира и спроведува ветеринарно-санитарни проверки и контроли во кланиците, подготвува, преработува и складира производи од животинско потекло, организира и врши официјални контроли на бизнис операторите со храна, други физички и правни субјекти согласно законот за ветеринарно јавно здравство на сила, спроведува анализи и поднесува извештаи како и други задачи во однос на ветеринарното јавно здравство. Главни функции на Одделението за безбедност на храна од животинско потекло: • Врши регистрација и ги одобрува објектите со храна од животинско потекло; • Врши регистрација на бизнис операторите со храна кои увезуваат храна од животинско потекло; • Изготвува контролни програми, за зоонози и резидуи, како и други програми по потреба; • Изготвување на подзаконски акти и работни процедури за официјални контроли (Правилници). Стр. 64 - Бр. 105 23 август 2012 Главни фунцкии на одделението за државна инспекција: • Координација на контролните активности во целата земја; • Изработка и реализација на годишните планови и програми за официјални контроли; • Надзор на работата на ОВ и соодветно спроведување на законот за официјални контроли; • Собирање и обработка на податоци, подготовка на извештаи. Одделението добива месечни извештаи од регионалните единици; • Координација на активностите за управување со ризик и донесување одлуки. Пет теренски/локални (oфицијални ветеринари) работат на терен и помагаат во раководењето на инспекциската работа. Територијално ниво: 40 официјални ветеринари работат во 16 РЕ на АХВ. Согласно законот за безбедност на храна, официјалните ветеринари како државни ветеринарни инспектори, имаат право и обврска да: • Вршат инспекција во сите фази на производството, преработката и дистрибуцијата, кај бизнис операторите со храна; • Вршат контрола производи и материјали кои доаѓаат во контакр со храна во сите фази на производството, преработката и дистрибуцијата • Вршат контрола и одобруваат увоз на храна од животинско потекло; • Земаат примероци за лабораториски анализи и испитувања; • Издаваат мерки за отстранување на утврдените недостатоци; • Издаваат забрана за објекти и опрема за производство и трговија или на нивни делови во случај на неусогласеност со стандардите и барањата утврдени во овој Закон и одредбите усвоени согласно овој закон; • Издаваат забрана за производство и трговија со храна која претставува ризик по здравјето на луѓето; • Издаваат наредба за отстранување на небезбедна храна; • Издаваат наредба за изземање на лица од производството и пуштањето во промет на храна, за кои е утврдено дека се носители на заразни болести кои се пренесуваат преку храна. • Преземаат други мерки за заштита на здравјето на луѓето од ризици кои произлегуваат од небезбедна храна; • Усвојуваат одлуки во административните процедури; • Имаат слободен пристап до објекти, опрема, одгледувалишта, простории и средства за транспорт, како и до записите и документацијата, вклучувајќи ја и електронската база на податоци во однос на предметот на инспекција. Официјалните ветеринари ги имаат сите законски овластувања за спроведување на своите задачи и во секое време имаат целосен пристап до просториите и документацијата на бизнис операторот со храна. Во законот на сила е наведено дека со статусот на ОВ треба да се обезбеди непристрасност и не смее да има конфликт на интереси во однос на животните или производите за кои се врши сертификација или пак во објектите или одгледувалиштата под нивен надзор. Официјалните помошници се вклучени во анте- и пост-мортем инспекциите. Може да им помагаат на официјалните ветеринари за време на официјалните контроли. Официјалните ветеринарни техничари може да им помагаат на официјалните ветеринари во сите задачи согласно следниве ограничувања и сите посебни правила утврдени со посебните барања: 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 65 Во однос на инспекцијата, официјалните ветеринарни помошници може само да собираат информации за добри хигиенски практики и процедури засновани на HACCP; во однос на ante mortem инспекцијата и проверките за благосостојбата на животните и може да извршат првична инспекција на животните и да помогнат во извршувањето на практичните задачи, во однос на post mortem испитувањето. Официјалните ветеринарни помошници работат под надзор на официјалниот ветеринар. Слика бр. 12. 1 Органограм на Секторот за јавно здравство. (Официјална контрола на храна од животинско потекло) Стр. 66 - Бр. 105 23 август 2012 12.3.2. Оперативни критериуми Оперативните критериуми за АХВ се утврдени во Законот за безбедност на храна и со нив треба да се осигура: • ефикасност и соодветност на официјалните контроли за храна во сите фази на производство, преработка и дистрибуција; • персоналот кој врши официјални контроли е слободен од конфликт на интереси; • расположливост со соодветен лабораториски капацитет за испитување и доволен број на соодветно квалификуван и искусен персонал, со цел ефикасно и делотворно извршување на официјалните контроли и контролните задолженија; • расположливост со соодветени и правилно одржувани простории и опрема, како би се обезбедило дека персоналот може ефикасно и делотворно да ги спроведува официјалните контроли; • да се утврдени планови за итни мерки и подготвеност да се спроведат таквите планови во итни случаи. АХВ мора да обезбеди ефикасна и делотворна координација меѓу сите надлежни органи вклучени во официјалните контроли на сите нивоа, вклучувајќи ги и активностите за заштита на животната средина јавното здравје и здравјето на животните. АХВ треба да обезбеди непристрасност, квалитет и постојаност на официјалните контроли на сите нивоа, ефикасна и делотворна координација и соработка меѓу различните одделенија. 12.3.3. Ресурси за контрола на производи од животинско потекло АХВ располага со задоволителни материјални средства во рамките на внатрешните организациони единици: опремени простории, вклучувајќи и директни телефонски линии, IT опрема со интернет врска, софтверски системи, моторни возила и професионална работна опрема за инспекторите. Согласно законот, АХВ има право да собира надоместоци за официјалните контроли на објектите за производство, преработка и ракување со храна од животинско потекло. Висината на надоместоците е директно транспонирана во националното законодавство од Регулативата 882/2004. Надоместоците од официјалните контроли делумно се префрлаат во буџетот на АХВ а делумно во државниот буџет на Република Македонија. 12.3.4. Обучување на персоналот на АХВ Согласно член 82 од Законот за безбедност на храна, Агенцијата обезбедува дека сите лица кои вршат официјални контроли: • стекнале соодоветна обука, за нивната област на компетентност, која им овозможува да ги вршат работите за кои се надлежни и да вршат официјални контроли на доследен начин; • во тек се со најновите случувања во нивната област и ако е потребно, редовно да посетуваат дополнителни обуки; • способни се за мултидисциплинарна соработка. Директорот на АХВ поблиску ги утврдува методите и процедурите за обука на персоналот кој врши официјални контроли и методот на проверка на стекнатото знаење. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 67 Согласно Правилникот за начинот и постапките на вршење официјални контроли на храна од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 95/2009), кој е во согласност со барањата од Регулативата 854/2004 Aнекс I, Оддел III, Поглавје IV, ОВ и неговите помошници мора да имаат познавања и да посетуваат обуки за мултидисциплинарните прашања споменати во соодветниот Правилник. Бидејќи во моментов не е воспоставен систем за внатрешни обуки, има можност експертите од надлежниот орган и официјалните ветеринари да учествуваат во обуки финансирани од странство, како што се на пример BTSF и обуките финансирани од Светска Банка. Раководителот на секторот ги номинира учесниците на тие обуки. Внатрешни обуки за официјалните ветеринари, обезбедени согласно од случај до случај, на пример за проблеми со салмонела, за сертификација итн . Во рамките на овие обуки покрај експерти од централно ниво, вклучени се и обучувачи од Факултетот за ветеринарна медицина. 12.3.5. Надзор на официјалните ветеринари Нема формализирани процедури за надзор на официјалните ветеринари. Но во моментов се предвидува да се обезбеди надзор на годишно ниво за официјалните ветеринари вклучени во контрола на објекти за преработка на производи од животинско потекло, кои се извезуваат или се наменети за извоз во ЕУ. Раководителот на одделението за државна инспекција го планира надзорот, а претставници на Секторот за ветеринарно јавно здравство имаат улога на надзорници. Таквите посети за надзор од одделенијата на Секторот за ветеринарно јавно здравство се вршат само ако се јават проблеми во одредена РЕ или во вонредни ситуации Главната цел на надзорот е анализа на ефикасноста на работата во РЕ и изготвување на предлози за подобрување и оптимизација на нивните активности. За целите на надзорот, изготвена е посебна контролна листа и истата се пополнува при посетата на РЕ. Последователно се утврдуваат корективните мерки. Контролната листа - за контрола на исполнувањето на задачите од страна на официјалните ветеринари во Секторот за ветеринарно јавно здравство (10.03.10.) се состои од следниве поглавја: • Контрола за утврдување на спроведувањето на работните задачи од страна на официјалните ветеринари; • Зачестеност и организација на официјалните контроли; • Контролите од страна на официјалните ветеринари во однос на основните санитарни барања за производствените објекти во кои се врши преработка и дистрибуција на храна; • Контрола на работата на ветеринарите во официјалните одгледувалишта; • Контрола на работата на официјалните ветеринари во кланиците, објектите во кои се врши преработка на дивеч и објектите за засекување; • Контрола на работата на ветеринарите во објектите за производство на млеко; • Други записи. 12.3.6. Назначени лаборатории за официјална контрола, контролни програми за лабораторија Институтот за храна во рамките на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје е одобрен и назначен од министерот на Министерството за земјоделство, шумарство и Стр. 68 - Бр. 105 23 август 2012 водостопанство, како Национална референтна лабораторија за испитување на присуството на резидуи од одредени супстанции, ветеринарни лекови и контаминанти во живи животни и храна од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007). АХВ има изготвено две програми за мониторинг за производи од животинско потекло: 1. Националната програма за мониторинг „За контрола на резидуи од ветеринарни лекови и контаминанти во живи животни и прехранбени производи од животинско потекло“ се спроведува во Република Македонија од 2002 година, со усвојување на Правилникот за начинот на вршење ветеринарно-санитарен преглед и контрола и начинот на водење евиденција за резидуи и определени супстанции во суровини, живи животни и производи од животинско потекло. Истиот е објавен во „Службениот весник на Република Македонија“ бр. 8/2002. Република Македонија е наведена во Одлуката 2004/432/EЗ како земја која има одобрен план за мониторинг на резидуи, за говеда, овци и кози, и млеко, согласно Директивата 96/23/EЗ на Советот. 2. Националниот контролен план за „Намалување на присуството на салмонела во кокошки (Gallus gallus)” во Република Maкедонија е одобрен од страна на Директорот на АХВ на 15.07.2011. Програмата за користење на средствата за здравствена заштита на животните во 2011 („Службен весник на РМ“ бр. 27 од 03/03/2011) е буџетска програма со која се распределуваат средства за лабораториски контроли, и опфатени се и следниве програми за мониторинг: • Мониторинг на контролата на резидуи при производството на производи од животинско потекло; • Мониторинг на салмонела и други зоонотски агенси во производи од животинско потекло; • Мониторинг на критериумите за сурово млеко наменето за исхрана на луѓето • Мониторинг на критериумите за микробиолошка исправност на производи од животинско потекло и увоз на производи од животинско потекло. Заради прашања во однос на буџетот, единствено програмата за контрола на резидуи е во целост спроведена. 12.4. Систем за брзо известување Согласно законот за безбедност на храна (член 36) АХВ ги координира структурите вклучени во системот за брзо известување, врши размена на информации во Република Македонија и врши размена на информации со еквивалентните системи во други земји. АХВ е точка за контакт и утврдува соодветна организациона структура за учество во и соработка со RASFF на Европската Унија. Секторот за ветеринарно јавно здравство соработува со одделението за комуникација на ризик и RASFF при Секторот за стручна поддршка, во случаи кога добива известувања од RASFF од ЕУ. Секторот за ветеринарно јавно здравство испраќа информации до РЕ која ги спроведува истражувањата, управува со ризикот и го известува одделението за Комуникација на ризик и RASFF (одделението за координација на известувањата за храна и точка за контакт за RASFF на ЕУ). 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 69 При вонредни ситуации, координацијата на комуникацијата на ризик ја обезбедуваат одделенијата при Секторот за ветеринарно јавно здравство. Не е воспоставен внатрешен систем за известување; комуникацијата од Секторот за ветеринарно јавно здравство до РЕ и обратно се одвива од еден до друг случај во форма на писма, електронска пошта и телефонски јавувања. Исто така комуникацијата надвор од АХВ е врз основата `од случај до случај` и истата не е официјализирана. 12.5. Планови за итни мерки Во случај на појава на болест предизвикана од храна, координацијата и размената на информации е меѓу Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и нивните регионални претставништва, АХВ и Санитарната инспекција (СИ). Во случај на појава на болест предизвикана од храна, болниците и лекарите го известуваат ИЈЗ. ИЈЗ ги известува СИ и АХВ и им ги обезбедува соодветните информации. Потоа епидемилозите од регионалните единици на ИЈЗ, инспекторите на СИ и официјалните ветеринари спроведуваат истражување. Резултатите се доставуваат до ИЈЗ. Размената на информации во рамките на различни сектори на АХВ, е од неформална природа. Во моментов, не постои план за итни мерки за Секторот за производи од животинско потекло. 12.6. Meтоди за надзор и контролни активности 12.6.1. Одобрување на објекти Барањата за одобрение се утврдени во Законот за безбедност на храна. АХВ ги одобрува бизнис операторите со храна и објектите за производство, преработка и ракување со храна од животинско потекло, и води регистар на одобрени објекти и бизнис оператори со храна од животинско потекло. Пред да ги издаде бројот на одобрение и сертификатот, АХВ мора да изврши инспекција на самото место и да ги одобри објектите за активностите кои се побарани, само ако кај бизнис операторите со храна се утврди сообразност со барањата за безбедност и хигиена на храна. АХВ издава условно одобрение ако за време на контролата на самото место утврди дека објектот ги исполнува сите барања во однос на инфраструктурата и опремата. Одобрението се издава само во случаи кога за време на следниот увид три месеци по доделувањето на условното одобрение, се утврди дека објектот ги исполнува потребните барања. АХВ може да го продолжи условното одобрение, но најмногу до шест месеци. АХВ на сите одобрени објекти, заедно со оние со условно одобрение, ќе им додели број на одобрение, на којшто ќе може да се додадат кодови со цел да се назначат видовите на производи од животинско потекло што се произведуваат. АХВ одредува комисија за одобрувања која се состои од официјални лица од Одделението за безбедност на храна од животинско потекло и официјални ветеринари од регионалните единици. Записникот на комисијата за одобрување на објектот се пополнува за време на контролата на самото место. Сите објекти одобрени од ЕУ се предмет на детална инспекција за време на одобрувањето од ЕУ. Стр. 70 - Бр. 105 23 август 2012 12.6.2. Регистрација на објекти и бизнис оператори со храна од животинско потекло Агенцијата мора да води регистар на бизнис операторите со храна и објектите коишто вршат: • производство, преработка и дистрибуција на храна; • примарно производство; • транспорт; • складирање на производи за кои не е потребен температурен режим за време на складирањето; • малопродажни активности кои се однесуваат само на складирање и транспорт, кога се применува конкретен температурен режим, или пак доставувањето на храна до малопродажни објекти за снабдување на други објекти, со маргинални, локализирани или ограничени активности. Бизнис операторите со храна мора да поднесат барање за регистрација до АХВ. 12.6.3. Инспекција и аудит Општите обврски во однос на организацијата на официјалните контроли се утврдени во Законот за безбедност на храна. АХВ мора да обезбеди дека официјалните контроли редовно се извршуваат врз основа на анализа на ризик и со соодветна зачестеност, земајќи ги предвид: • идентификуваните ризици поврзани со животните, храната, бизнисите со храна, употребата на храна или било кој друг процес, материјал, супстанција, активност или операција кои може да влијаат врз безбедноста на храната; • претходната евиденција на бизнис операторите со храна во однос на сообразноста со овој Закон или пак со одредбите усвоени согласно овој Закон или со одредбите за здравствена заштита и благосостојба на животните; • веродостојноста на сите извршени самостојни проверки; • било какви информации кои може да наведат на неусогласеност со одредбите од овој Закон. Oфицијалните контроли се спроведуваат без претходна најава, освен во случаи каде што е потребна претходна најава на бизнис операторите со храна. Официјалните контроли исто така може да се вршат ад хок. Официјалните контроли се вршат во било која фаза на производството, преработката и дистрбуцијата на храна. Тоа подразбира, контрола на бизниси со храна, за употреба на храната, нејзино складирање, на сите процеси, материјали, супстанции, активности, вклучително и транспортот на храна и на живи животни. Официјалните контроли се применуваат на пуштањето во промет и увозот и извозот. Официјалните контроли треба да опфаќаат и аудит на добрата хигиенска практика и на процедурите и инспекциите засновани на HACCP. Со аудитите за добра хигиенска практика треба да се потврди дека сите бизнис оператори со храна, континуирано и правилно ги применуваат процедурите во однос на: • проверка на информациите за ланецот на храна; • проектирањето на објектите и одржувањето на просториите и опремата ; • пред-оперативната, оперативната и постоперативната хигиена; • личната хигиена; 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 71 • обука за хигиена за време на работата; • контрола на штетници; • квалитет на водата; • контрола на температурата; • контрола на храната која се внесува и се испорачува од објектот како и сета пропратна документација. Аудитите се вршат врз основа на централизирани наредби кои ги издава Директорот на АХВ. Агенцијата врши провека на сообразноста со барањата во однос на аплицирање на идентификациските маркици во сите објекти кои се одобрени согласно овој Закон и одредбите усвоени согласно овој Закон, како дополнение на потврдата на сообразноста со друите барања за следливост. Предвидените инспекции ги вршат официјалните ветеринари согласно планот за инспекции, упатствата за зачестеност на официјалните контроли и Правилникот за официјални контроли на бизнис операторите со храна и објектите за производство, преработка и ракување со храната од животинско потекло. Вонредните инспекции се вршат по барање, согласно наредбите од АХВ, во итни случаи, како би се оцениле претставките од потрошувачите, за болести предизвикани од храна. Пост-мортем и анте-мортем инспекциите во кланиците и инспекциите во објектите за засекување на месо ги вршат истите официјални инспектори кои се надлежни за официјалната контрола (аудит, инспекции) во регионот. Објектите кои извезуваат во ЕУ се под постојан надзор на официјален ветеринар. Ако официјалниот ветеринар утврди дека објектот што врши извоз не ги исполнува веќе потребните услови или пак утврди дека не се отстранети неправилностите за одреден временски период, АХВ ги иззема овие објекти од регистарот на објекти одобрени за извоз. 12.6.4. Официјално земање на примероци Согласно Законот за безбедност на храна, член 8, методите за земање примеорци и анализа кои се применуваат во официјалните контроли, мора да ги исполнуваат барањата за храна и храна за животни, а во случај да не постојат такви, со меѓународно признати правила или протоколи, прифатено од Европскиот Комитет за Стандардизација (CEN), или со други методи погодни за предвидената цел, или пак развиени согласно научните протоколи. Примероците мора да се земат, обележат и со нив да се постапува на начин со којшто ќе се гарантира правната и аналитичката вредност. Сите позитивни наоди мора да се добијат или потврдат според референтни методи кои се користат во националната референтна лабораторија. АХВ треба да ги утврди методите за земање примероци и анализа, како и правилата за толкување на резултатите. 12.6.5. Мерки во случај на несообразност Согласно Законот за безбедност на храна, АХВ има овластувања за административни активности во случај да правното или физичкото лице не ги исполни барањата од соодветниот закон за промет со храна од животинско потекло. Во законот се предвидени следниве административни санкции: Стр. 72 - Бр. 105 23 август 2012 • Привремено конфискување - инспекторот може привремено да конфискува храна, предмети, ресурси, производи и документи. Ако конфискуваните предмети, средства, производи, растенија и животни се од непознати лица, инспекторот може да ги продаде или уништи во присуство на комисија. Комисијата ја формира Директорот на АХВ. Во АХВ се изработува посебен сертификат за конфискација. • Одлука - ако во текот на надзорот инспекторот утврди дека правното или физичкото лице не ги исполнуваат барањата утврдени во законот, обврзан е да издаде писмено решение за отстранување на недостатоците во одреден временски период. • Правното или физичкото лице е задолжено да ги отстрани утврдените недостатоци наведени во одлуката. Казни – во случај на прекршок, на правното или физичкото лице им се изрекува казна. Износот на казните е од 500 евра за физичко лице, до 8000 евра за правно лице. Во Законот за безбедност на храна се утврдени висините на надоместоците за одредени прекршоци. За прекршоците утврдени во Законот, спроведувањето на постапката и утврдувањето на санкциите го врши Прекршочната комисија на АХВ. Прекршочната комисија се состои од овластени официјални лица вработени во АХВ, каде што еден од нив е претседател на прекршочната комисија. 12.7. Планирање на контроли 12.7.1. План за инспекција АХВ изготвува годишен план за инспекции, за официјалните ветеринари на Секторот за ветеринарно јавно здравство Планот за инспекции го одобрува директорот на АХВ и истиот се испраќа до регионалните единици. Во овој план се наведени општите активности на месечно ниво, посочувајќи ги групите објекти каде треба да се спроведат инспекции или аудит. Согласно планот за инспекции, овластениот ветеринар ја планира секојдневната работа. Покрај планот за инспекции, директорот на АХВ издава дополнителни наредби, во случај да се потребни посебни контролни активности во целата земја – на пример, контрола на следливоста или означувањето. 12.7.2. Зачестеност на инспекциите и категоризација на ризик Зачестеноста на инспекциите за различни групи објекти е утврдена во „Упатства за зачестеност на официјални контроли“ (28.02.2009). Со упатствата се утврдуваат категориите објекти (кланици, објекти за преработка на месо, млеко, риба итн.) како и периодични контроли во секоја категорија, што може да биде од двапати неделно до еднаш на секои три месеци. Зачестеноста исто така варира во рамките на истата група на објекти, согласно проценетиот ризик. Следниве ризици се утврдени од АХВ: • висок ризик; • среден ризик; • низок ризик. Исто така зачестеноста на инспекциите се разликува според обемот на производството Во упатството е даден временскиот рок потребен за вршење на инспекција во одредена група на објекти. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 73 При официјалните контроли на бизнис операторите со храна и објектите, официјалните ветеринари ја оценуваат усогласеноста на објектите со барањата утврдени во нормативните акти. Со ваквиот пристап се овозможува поделба на објектите во 5 групи: • Група A - исполнети се барањата од нормативните акти евалуирани за време на инспекцијата; • Б 1-3 - утврдени неправилности кои не влијаат значително врз безбедноста на храната; • Б 4 - не се исполнети барањата од нормативните акти; Согласно евалуацијата спомената погоре, бројот на официјалните контроли се зголемува или намалува. АХВ располага со систем и внатрешна документација (СОПи) за официјални контроли, кои се засновани на процедури, упатства и наредби, сепак, сè уште не постои цврст пристап заснован на ризик кој претставува основа за планот за инспекции и нивниот број. Резултатите се претежно засновани на искуство и актуелни состојби. 12.8. Документирани процедури за контрола 12.8.1. Работни оперативни процедури (СОПи) • „Процедура за инспекција на објекти и оператори со храна” (28.04.09. одобрена од раководителот на Секторот за ветеринарно јавно здравство). Процедурата се изготвува со цел да се обезбеди еднообразен пристап за официјалните ветеринари во однос на тоа како да ги вршат инспекциите Процедурата опфаќа постепен процес, започнувајќи од планирањето и подготовката на инспекцијата, нејзино спроведување, резултатот и известување за истата. • „Процедура за инспекција и надзор на објекти и бизнис оператори со храна” (28.04.2009.). Оваа процедура се однесува на планирањето, изготвувањето на распоредот и спроведувањето на инспекцијата во сите објекти за храна. Согласно процедурата, објектите се поделени на пет групи, врз основа на оценката во рамките на инспекцијата. • „Упатства за начинот на одобрување и контрола на објекти за производство, преработка и трговија со храна од животинско потекло наменета за извоз во ЕУ” (04.03.2010.). • „Упатства за начинот на одобрување, потврда и контрола на објектите за преработка на млеко и млечни производи наменети за извоз во ЕУ (07.09.2009.). • „Упатства за зачестеноста на официјалните контроли” (28.02.2009). 12.8.2. Контролни листи За одобрување на бизнис операторите со храна и објектите за производство, преработка и ракување со храна од животинско потекло, изготвена е посебна контролна листа - Записник на Комисијата за одобрување на објект. Изготвени се следниве контролни листи за официјални контроли на бизнис оператори со храна и објекти за производство, преработка и ракување со храна од животинско потекло. Контролна листа за аудит на HACCP и предусловите за истиот. Стр. 74 - Бр. 105 23 август 2012 Листа на контролни листи за официјални контроли и одобрение: • Контролна листа за аудит на HACCP; • Контролни листи за линијата на колење и линијата за натовар на животни; • Контролни листи за контрола на објекти за колење на животни; • Контролна листа за објекти за преработка на млеко; • Контролна листа за исполнување на барањата на одгледувалиштата кои произведуваат млеко; • Контролна листа за објекти за преработка на млеко; • Контролна листа за производство на сурово млеко; • Контролна листа за контрола на HACCP; • Контролна листа за контрола на предусловните програми; • Записник на Комисијата за одобрување на објекти за производство на млеко; • Записник на преткомисијата за одобрување на објекти за преработка на млеко; • Записник на Комисијата за одобрување на објекти за колење на копитари; • Записник на преткомисијата за одобрување на објекти за колење на копитари; • Записник на Комисијата за одобрување на објекти за колење на ноеви; • Записник на преткомисијата за одобрување на објекти за колење на ноеви; • Записник на Комисијата за одобрување на објекти за преработка на месо; • Записник на преткомисијата за одобрување на објекти за преработка на месо; • Записник на Комисијата за одобрување на складишта без температурен режим; • Записник на преткомисијата за одобрување на складишта без температурен режим. 12.8.3. Известување Oфицијалните ветеринари од РЕ при АХВ, поднесуваат месечен извештај за официјалните контроли Извештаите се пишуваат рачно и се испраќаат по пошта до централната единица на АХВ до 15 следниот месец. Вработените во Одделението за државна инспекција ги собираат податоците во еден извештај за земјата. Извештаите се собираат на месечно и годишно ниво во Excel формат. 12.8.4. База на податоци Во рамките на проектот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за јакнење на земјоделството и пристапот во ЕУ, спроведени се активности за изработка и тестирање на модули за ветеринарно информативниот систем. Повеќето модули дефинирани во рамките на проектот во областа на ветеринарното јавно здравство и здравствената заштита и благосостојба на животните се завршени и спреми за финалното тестирање. Ветеринарниот информатички систем ќе претставува добра алатка за собирање и обработка на податоците од официјалните контроли и програмите за мониторинг и може да го поттикне пристапот заснован на ризик при планирањето на инспекциите. Со ова ќе се замени рачното внесување на податоци во Одделението за државна инспекција на ветеринарното јавно здравство и ќе се намалат административните задачи кај вработените во одделенијата. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 75 12.9. Официјални контроли од секторот за производи од животинско потекло 12.9.1. Сектор за млеко и млечни производи Tабела бр. 12.2 Објекти подлежни на официјална контрола од АХВ Тип на објекти Број на објекти Зачестеност на инспекции Млечни фарми 11 000 Согласно годишниот план, најмалку еднаш годишно Објекти за преработка на млеко 71 Во големите објекти за преработка на млеко: – за објекти со висок ризик, еднаш неделно, – за објекти со среден ризик, двапати месечно – за објекти со низок ризик, еднаш месечно, Во останатите објекти за преработка на млеко: – за објекти со висок ризик, двапати месечно, – за објекти со среден ризик, еднаш месечно – за објекти со низок ризик, на секои три месеци, Oфицијалните ветеринари во РЕ се вклучени во официјалните контроли за производство на млеко на ниво на фарма, превоз на млекото и собирање на млекото за негова преработка. Здравствените барања за производство на сурово млеко, се еднакви со барањата утврдени во Анекс III, Оддел IX од Регулативата 853/2004 и се транспонирани во Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршењето на службените контроли на млекото и млечните производи („Службен весник на Република Македонија” бр. 151/2007, 93/2010) Хигиенските барања за млечните фарми за време на молзењето, собирањето и транспортот, се еднакви со барањата утврдени во Анекс III, Оддел IX од Регулативата 853/2004 и се транспонирани во Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршењето на службените контроли на млекото и млечните производи („Службен весник на Република Македонија” бр . 151/2007, 93/2010). Бизнис операторите со храна мора да започнат со процедури со кои ќе се гарантира дека суровото млеко ги исполнува критериумите утврдени во Анекс III, Оддел IX од Регулативата 853/2004 кои се транспонирани во Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршењето на службените контроли на млекото и млечните производи („Службен весник на Република Македонија” бр. 151/2007, 93/2010) Стр. 76 - Бр. 105 23 август 2012 Според националното законодавство, има преоден период, каде што овој период не е потребен во однос на PC и SCC и пресметката на геометриските средни вредности. Предвидено е Република Македонија да ги достине стандардите на ЕУ во 2012. Стандардите во 2009 беа <600 000 cfu/ml за PC/примерок и <500 000 sc/ml за SCC/примерок, додека пак во 2010 се <400 000 cfu/ml заr PC/примерок и <400 000 sc/ml за SCC/примерок Барањата во однос на млечните производи – температура, термичка обработка, пакување и амбалажа, означување и идентификација се еднакви со барањата утврдени во Анекс III, Оддел IX од Регулативата 853/2004 и се транспонирани во Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршењето на службените контроли на млекото и млечните производи („Службен весник на Република Македонија”, бр . 151/2007, 93/2010) Република Македонија е исто така наведена во колоните Б и В од листата во Анекс I кон Одлуката 2004/438/EЗ. Во моментов, наведени се два објекти. РепубликаМакедонија е наведена во Одлуката 2004/432/EЗ како земја која има одобрен план за мониторинг на резидуи, за говеда, овци и кози, и млеко, согласно Директивата 96/23/EЗ на Советот. Микробиолошките критериуми за млечни производи предвидени со Регулативата 2073/2005 се транспонирани во Правилникот за посебни барања за безбедност на храната по однос на микробиолошките критериуми („Службен весник на Република Македонија” бр. 78/2008). Истите се испитуваат главно по пат на самоконтрола на Бизнис операторите со храна. 12.9.2. Сектор за месо и месни производи Tабела бр. 12.3 Објекти подлежни на официјална контрола од АХВ Тип на објекти Број на објекти Зачестеност на инспекции Кланици 17. Во големите кланици: – за објекти со висок ризик, двапати неделно, – за објекти со среден ризик, еднаш неделно – за објекти со висок ризик, двапати месечно, Во останатите кланици: – за објекти со висок ризик, еднаш неделно, – за објекти со среден ризик, двапати неделно – за објекти со висок ризик, еднаш месечно, Објекти за преработка на месо: 43 Во големите објекти – за објекти со висок ризик, двапати неделно, – за објекти со среден ризик, еднаш неделно – за објекти со низок ризик, двапати месечно, Во останатите објекти: – за објекти со висок ризик, еднаш неделно, – за објекти со среден ризик, двапати месечно – за објекти со низок ризик, еднаш месечно, Кланици со мал број на живина и лaгоморфи 3 – за објекти со висок ризик, еднаш неделно, – за објекти со среден ризик, двапати неделно – за објекти со низок ризик, еднаш месечно, 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 77 Хигиенските барања за транспорт на животни, кланици, хигиена на кланици, објекти за засекување и хигиена за време на засекувањето, складирањето. за месото од дивеч, меленото месо, подготовките од месо, механички одвоеното месо и месните производи, се еднакви со барањата утврдени во Aнекс III, Оддел I, II, III, IV, V, VI од Регулативата 853/2004 и се транспонирани во Правилникот за посебните барања за храна од животинско потекло (Службен весник на Република Македонија бр 115/2008, 21/2009). Официјалниот ветеринар е надлежен за официјалнтие контроли на месото и месните производи. Задачите на ОВ во однос на информациите за ланецот на храна, ante и post-mortem инспекциите, СРМ, земањето примероци, посебните опасности (TСE, цистицеркоза, трихинелоза, сакагија, ТБЦ, бруцелоза) се утврдени во Правилникот за начинот и постапката за вршење на службените контроли на производите од животинско потекло наменети за исхрана на луѓето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/2009) кои се еднакви со барањата утврдени во Анекс I, од Регулативата 854/2004. Во Македонија се применува дигестивниот метод за испитување на трихинела - методите се утврдени во Правилникот за посебните барања за контрола на Trichinella во месо („Службен весник на Република Македонија” бр 32/2009) .Овие барања се еднакви со барањата утврдени во Анекс I, од Регулативата 2075/2005. Исто така во Македонија е прифатен третманот на замрзнување, согласно Правилникот за посебни барања за контрола на Trichinella во месото („Службен весник на Република Македонија” бр. 32/2009). Официјалните контроли кои се вршат за TСЕ се во согласност со барањата од Регулативата (EЗ) бр 999/2001 и друго релевантно законодавство на Заедницата, транспонирани во Правилникот за мерките за сузбивање и искоренување на Трансмисивните спонгиформни енцефалопати („Службен весник на Република Македонија” бр. 57/2011). Со упатствата издадени од Секторот за ветеринарно јавно здравство се обезбедуваат детали за ветеринарно-санитарниот преглед и барањата за контрола на ТСЕ при колење. Со упатствата исто така се утврдуваат процедурите за отстранување и собирање на СРМ, како и земањето примероци и доставување на материјал за лабораториски тестови за ТСЕ. Критериумите за хигиена за труповите од животни, меленото месо, подготовките од месо и MSM како што е утврдено со Регулативата (EЗ) бр 2073/2005, транспонирана во Правилникот за посебните барања за безбедност на храна по однос на микробиолошките критериуми („Службен весник на Република Македонија” бр. 78/2008). Истите треба да ги спроведува бизнис операторот со храна. Микробиолошките критериуми за производи од месо предвидени со Регулативата 2073/2005, се транспонирани во Правилникот за посебни барања за безбедност на храната по однос на микробиолошките критериуми („Службен весник на Република Македонија” бр. 78/2008). Истите се испитуваат главно по пат на само-контрола на Бизнис операторите со храна Република Македонија е наведена во Одлуката 2004/432/EЗ како земја која има одобрен план за мониторинг на резидуи, за говеда, овци и кози, и млеко, согласно Директивата 96/23/EЗ на Советот. Република Македонија е наведена во Дел 1 во Анекс II кон Одлуката 79/542/EEЗ како земја која може да извезува месо во ЕУ од домашните овци и кози, без дополнителни гаранции . Стр. 78 - Бр. 105 23 август 2012 12.9.3. Сектор за јајца и производи од јајца Tабела бр. 12.4 Објекти подлежни на официјална контрола од АХВ Тип на објекти Број на објекти Зачестеност на инспекции Одгледувалишта со несилки 107 Најмалку еднаш годишно Објекти за пакување и сортирање на јајца 9 – за објекти со висок ризик, двапати месечно, – за објекти со среден ризик, еднаш месечно – за објекти со низок ризик, на секои три месеци, Хигиенските барања за јајца и производи за јајца се еднакви со барањата утврдени во Анекс III, Оддел X oд Регулативата 853/2004 и се транспонирани во Правилникот за посебните барања за храна од животинско потекло (Службен весник на Република Македонија бр. 115/2008, 21/2009). Националниот контролен план за намалување на присуството на салмонела кај кокошките (Gallus gallus) во Република Македонија е одобрен од страна на директорот на АХВ, на 15.07.2011 и е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 2160/2003 и Регулативата (ЕЗ) бр. 517/2011. Целта на планот е намалување на распространетоста на Салмонелата која е од големо значење по јавното здравје, кај јатата домашна живина (Gallus gallus) во одгледувалиштата за производство на јајца за исхрана на луѓето, барем за целните нивоа утврдени во законодавството на ЕУ (Регулатива (ЕЗ) бр. 517/2011. Воспоставена е национална мониторинг програма за контрола на резидуи на ветеринарни лекови и контаминенти кај живите животни и прехранбените производи од животинско потекло со цел официјални контроли на јајца и производи од јајца. Воспоставен е регистарот за одгледувалишта со живина (несилки) и истиот редовно се ажурира, и ќе ги опфаќа локациите на сите јата Gallus gallus каде што има над 1000 птици. Барањата за пуштање на јајцата во промет се транспонирани во Законот за квалитет на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/2010) како што е уредено со Регулативата (ЕЕЗ) на Советот бр. 1907/90, Регулативата (ЕЗ) бр. 2295/2003, Регулативата (ЕЗ) бр. 1028/2006). 12.9.4. Сектор за производи од риба Во моментов условно е одобрен еден објект за засекување и преработка на слатководна риба. Хигиенските барања за производи од риба се еднакви со барањата утврдени во Анекс III, Оддел VIII oд Регулативата 853/2004 и се транспонирани во Правилникот за посебните барања за храна од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 115/2008, 21/2009). Воспоставена е национална мониторинг програма за контрола на резидуи на ветеринарни лекови и контаминанти кај живите животни и прехранбените производи од животинско потекло со цел официјални контроли на риба. 12.10. Официјална сертификација Во Законот за безбедност на храна, член 13 „Извоз на храна и храна за животни“, се утврдени правилата за сертификација . 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 79 Бизнис операторите со храна имаат законска обврска да се придржуваат до критериумите на ЕУ при извоз на млечни производи во ЕУ. CCA располага со правни инструменти за реализација на системот за официјални контроли. Сите барања од Регулативите (EЗ) бр 852/2004, бр 853/2004 и бр 854/2004 кои се важечки за секторот за месо и млечни производи, како и Директивата 96/93/EЗ, се утврдени во националното законодавство и се применуваат исто така и на националното производство со исклучок на барањата за критериумите за сурово млеко во однос на PC и SCC. Сите ветеринарни инспектори според Законот за ветеринарно здравство се овластени како сертифицирани службеници. Сертифицираните службеници во секторот за млечни производи, дополнително добиваат овластување од Директорот на АХВ, да потпишуваат сертификати за извоз во ЕУ. Ова овластување сè уште не е воспоставено за сертифицираните службеници во секторот за свежо месо, но е предвидено да се реализира во блиска иднина. 12.11. Приоритети на официјалните контроли и стратешки цели за периодот од 2012 до 2016 година, за контролните системи за храна од животинско потекло Tабела бр. 12.5 Број Приоритети Датум на спроведување 1. Вработување на персонал 2. Стратегија за повторна проценка на планирањето и зачестеноста на инспекциите засновани на јасно дефинирани критериуми врз основа на ризик. Втората половина на 2012 година 3. Усовршување на системот за собирање податоци и известување Втората половина на 2012 година 4. Развој на системот за обуки, насочувајќи се кон предвидените (годишни, квартални.) програми за внатрешни обуки за предмети наложени според законодавните акти за официјална контрола 5. Редовен надзор од надлежниот орган на професионалните активности и исполнувањето на задачите од страна на официјалните ветеринари. 2012 година 6. Зајакнување на соработката со лабораториите вклучени во официјалнтие контроли 7. Изработка на план за итни мерки или процедури за постапување при итни случаи во областа на безбедност на производи од животинско потекло. 2012 година 8. Бидејќи обемот на надлежностите за повторна проценка и задачите на официјалнитe ветеринари се големи, преку специјализација на ОВ за одредени делови на официјалните контроли, може да се подигне професионалноста. Реализирано во 2012 година Стр. 80 - Бр. 105 23 август 2012 Поглавје 13 - Контролни системи за прехранбени производи и хигиена на храна 13.1. Општи национални стратешки цели Вовед Во рамките на АХВ, Секторот за безбедност на храна од неживотинско потекло, е надлежен за хигиената на храна и храна за животни, како што е наведено во Законот за безбедност на храна, и пропишано со Правилникот за внатрешна организација на Агенцијата за храна и ветеринарство. АХВ е основана со интегрирање на Управата за ветеринарство во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Дирекцијата за храна во рамките на Министерството за здравство, и функционира од јануари 2011 година. Заради горенаведените причини, утврден е преоден период од една година за АХВ, предвиден со Законот за безбедност на храна за изработка на подзаконските акти. Со член 140 од Законот за безбедност на храна и се овозможува на Агенцијата да ги применува подзаконските акти усвоени пред интегрирање на надлежните органи сè додека не се усвојат нови правни акти. Правната основа за статусот на АХВ, главните задачи, задолженија, права и обврски произлегува од Законот за безбедност на храна, последен пат изменет на 8 декември 2010 година („Службен весник на РМ“ бр”. 157). Законодавство Главен правен акт: Законот за безбедност на храна е последен пат изменет на 8 декември, 2010 година. („Службен весник на РМ“ бр. 157). За целите на спроведувањето на одредбите утврдени во Законот за безбедност на храна, изготвени се и усвоени следниве Правилници. • Правилник бр. 11-288/3 од февруари 2011 година „за внатрешна организација на Агенцијата за храна и ветеринарство“ објавена врз основа на член 55, став 1 од Законот за организација и работа на државните административни тела. Потпишано од Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. („Службен весникна РМ“ 58/00, 44/02, 82/08 и 167/10); • Правилник бр. 11-288/3 „За систематизација на работните места во Агенцијата“ објавен врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на државните административни тела. Потпишано од Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. („Службен весник на РМ“ 58/00, 44/02, 82/08 и 167/10); Има голем број на Правилници (подзаконски правни акти) со кои се покриваат официјалните контроли, кои се изработени и усвоени пред воспоставувањето на АХВ и интегрирањето на функциите и институциите. • Правилник за „Безбедност на храната по однос на микробиолошките критериуми” („Службен весник на РМ“ бр.78 од 30.06.2008); • Правилник за начинот на вршење на инспекциски надзор” („Службен весник на РМ“ бр.133 од 02.11.2007); • Правилник за начините на земање примероци од храна („Службен весник на РМ“ бр.78 oд 30.06.2008); • Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за санитарно-хигиенските услови за производство на храна („Службен весник на РМ“ бр.35 of 12.03.2009); 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 81 • Правилник за посебните барања за составот и означувањето на додатоците на храна” („Службен весник на РМ“ бр.108 од 10. 09.2007); • Правилник за посебните барања за безбедност на храна третирана со јонизирачко зрачење („Службен весник на РМ“ бр.119 од 04.10.2007); • Правилник за општите барања за безбедност на храна” („Службен весник на РМ“ бр. 118 oд 2005); • Правилник за начинот и постапката на земање примероци за определување на резидуи од пестициди во храна во рамки на официјалната контрола („Службен весник на РМ“ бр.133 oд 2011); • Правилник за начинот на означување на храната („Службен весник на РМ“ бр.118 од 2005); • Правилник за адитивите што можат да се употребуваат во производството на храна („Службен весник на РМ“ бр.118 од 2005); • Правилник за адитивите што можат да се употребуваат во производството на храна („Службен весник на РМ“ бр. 118 oд 2005); Сè уште сe на сила заради одредбите од член 140 од Законот за безбедност на храна (преоден период). 13.2. Општа организација и уредување 13.2.1. Структура на контролниот систем за хигиена на храна и храна за животни Во хиерархијата на Агенцијата има две нивоа за официјални контроли: централно и локално. Има 29 служби на АХВ на локално ниво. Органограм - Видете ја сликата подолу 13.1: Слика бр. 13.1 Органограм на Секторот за храна од неживотинско потекло (Контролен систем за хигиена на храна и храна за животни) Стр. 82 - Бр. 105 23 август 2012 Од листата на сектори од табела 1 (структура на АХВ), Секторот за храна од неживотинско потекло,Секторот за гранична инспекција и Секторот за стручна поддршка се надлежни за организација, координација и спроведување на официјалните контроли на храна од неживотинско потекло во рамките на нивната компетентност. Секторот за храна од неживотинско потекло е надлежен за официјалните контроли на храна од неживотинско потекло за сертификација на извозот и на домашниот пазар . Секторот за гранична инспекција е надлежен за официјални контроли на храна при увоз на храна од неживотинско потекло на инспекциските места на граничните премини на надворешната граница. Одделението за комуникација на ризик и RASFF при Секторот за стручна (научна) поддршка, е одделение кое врши координација на известувањата за храна и е контакт точка за RАSFF на ЕУ. 13.2.2. Поделба на задачи и одговорности Секторот е надлежен за креирање политики, хармонизација на националното законодавство, изготвување на законодавните акти, организирање на официјалните контроли на храна од неживотинско потекло, изготвување на програми за мониторинг за безбедност на храна, регистрација на објекти за храна, одобрение/oвластување на одредени прехранбени производи. надзор и координација на активностите на локалните единици на АХВ итн. Сè уште не е пополнето местото „Раководител на секторот за храна од неживотинско потекло (од јануари 2011 година). Се изготвува опис на работните места и истите се достапни за раководителите на одделенијата во Секторот но не и за раководителот на Сектор. Во рамките на Секторот за храна од неживотинско потекло има 4 одделенија: • одделение за безбедност на храна од неживотинско потекло; • Одделение за хрна за посебна нутритивна употреба, збогатена храна, додатоци и адитиви за храна; • Одделение за ГМО, храна добиена со иновирани технологии, јонизирачко зрачење, други видови на храна и материјали кои доаѓаат во контакт со храната; • Одделение за државна инспекција за храна од неживотинско потекло. Табела бр. 13.1 Поделба на функциите меѓу одделенијата Број Структурна единица Задачи и фунцкии 1. Одделение за безбедност на храна од неживотинско потекло •ги изработува програмите за мониторинг за безбедност на храна; •Ги анализира информациите и подготвува извешати за безбедноста на храната од неживотинско потекло; • Обезбедува комуникација и кореспонденција со меѓународните организации и институции; •Ги следи измените во законодавството на ЕУ во областа на храна од неживотинско потекло, во однос на контаминанти, резидуи од пестициди и подготвува нов Правилник за безбедност на храната од неживотинско потекло. 2. Одделението за •Го следи законодавството на ЕУ за храната за посебна 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 83 храна за посебна нутритивна употреба, збогатена храна, додатоци и адитиви за храна нутритивна употреба, збогатената храна - храна во која се додадени витамини, минерали и други супстанции, додатоците за храна и адитивите и дава предлог за измени на националното законодавство; •Обезбедува првично одобрување/овластување за пуштање во промет на нови производи кои спаѓаат во групата адитиви за храна, ензими и ароми; • Учествува во подготовката на програмата за мониторинг на безбедност на храната, која е предмет на работа во одделението; • Управува со регистарот за одобрени производи од утврдените видови на храна, изготвува информации кои се објавуваат на веб-страницата на АХВ. 3. Одделение за ГМО, храна добиена со иновирани технологии, јонизирачко зрачење, други видови на храна и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. • Го следи Законодавството на ЕУ за храна и состојки во храна произведени со иновирани технологии, генетски модифицирана храна, храна произведена со јонизирачко зрачење и други видови храна и материјали кои доаѓаат во контакт со храна; •Обезбедува одобрение за храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии, генетски модифицирана храна, храна произведена со јонизирачко зрачење , кои за првпат се пуштаат во промет во Република Македонија; •Врши надзор на законитоста на постапките за издавање одобренија за пакувани минерални води кои за првпат се пуштаат во промет во Република Македонија ; •го организира, координира и зема учество во изготвувањето на Националниот контролен план за ГМО во храна ; • Обезбедува регистар за одобрени производи добиени со иновирани технологии, генетски модифицирана храна, храна произведена со јонизирачко зрачење и минерални води, во печатена и електронска форма; • Учествува во подготовката на програмата за мониторинг на безбедност на храната, која е предмет на работа во одделението. 4. Одделение за државна инспекција за храна од неживотинско потекло. •Ги планира, координира и ги обезбедува анализите за активностите спроведени од инспекторите за храна од локалните единици на АХВ; •Ги организира активностите за управување со ризик •Обезбедува регистрација на објекти за храна од неживотинско потекло; •Ги собира и оценува месечните извештаи од инспекторите за храна од локалните единици на АХВ; •Изготвува месечни и годишни извештаи за инспекциите за храна и ги доставува до Директорот на АХВ; •Учествува во подготовката на повеќегодишниот план за Стр. 84 - Бр. 105 23 август 2012 официјални контроли, во рамките на својата надлежност; • Обезбедува надзор на професионалните активности на инспекторите со храна; • Врши професионална контрола на документацијата за административни постапки. 13.3. Контролни системи и координација на активности 13.3.1. Организација на официјалните контроли Организацијата и спроведувањето на официјалните контроли за производи од храна од неживотинско потекло е во надлежност на Секторот за храна од неживотинско потекло во рамките на АХВ. За тоа се задолжени инспекторите во целиот ланец на храна( со исклучок на примарното производство). Инспекцијата на примарното растително производство е во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство. Како главни методи за официјални контроли се користат: инспекција, мониторинг (програми) земање примероци и тестирање. 13.3.2. Планирање Изготвен е стратешкиот план на АХВ за периодот од 2012 до 2014 година. Во изготвувањето на стратешкиот план се опфатени мисијата, визијата и петте стратешки приоритети на АХВ. Еден од стратешките приоритети е „Достигнување на висок степен на безбедност на храната и храната за животни“. Со цел да се достигне овој приоритет, избрани се неколку цели: • Зајакнување на воспоставениот фунцкионален систем за безбедност и квалитет на храна, запазувајќи го начелото, од фарма до виљушка; • Подобрување на системот за контрола на безбедноста на храната од животинско потекло, наменета за исхрана на луѓето; • Поддршка на операторите со храна во воспоставувањето и оддржувањето на стандардите на ЕУ за безбедност и квалитет на храната; • Спроведување на контрола во сите фази на производството и намалување на ризиците по безбедноста на храната. Стратешките цели ги опфаќаат сите области на официјалната контрола. Во стратешкиот план не се нагласени посебните стратешки цели за храна од неживотинско потекло. Изготвена е програма за безбедност на храната (како табела) во рамките на планот за достигнување на целите споменати во стратешкиот план на АХВ и збир на резултати и индикатори. Програмата сè уште не е финализирана. Согласно член 20 од Законот за безбедност на храна, треба да има годишен работен план за АХВ, што директорот треба да го достави до Владата на Република Македонија, за негово одобрување. Годишниот работен план на АХВ треба да е заснован на годишните планови на секторите и одделенијата во Агенцијата. Во моментов, нема годишен работен план за АХВ за 2011 година, бидејќи АХВ беше основана во јануари 2011 година со здружување на Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Дирекцијата 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 85 за храна, при Министерството за здравство. Исто така не постои годишен работен план за 2011 година за Секторот за храна од неживотинско потекло. Од страна на раководителите на одделенија изготвени се годишни работни планови за четири одделенија од Секторот за храна од неживотинско потекло , но не е утврден заеднички општ план на ниво на сектор. Во плановите на одделенијата од секторот се опишани главните активности за предвидениот период во однос на креирањето политики, правните акти и програмите за мониторинг, регистрацијата на објекти и одредени прехранбени производи, развој и ажурирање на регистри, инспекциски активности итн. Инспекциските планови за локалните единици при АХВ ги изготвуваат инспекторите за храна од локалната единица, и истите треба да се прилагодат од страна на раководителот на одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло. Програмите за мониторинг за безбедност на храна ги изготвува одделението за безбедност на храна од неживотинско потекло При изработката на горенаведените програми се користат податоци од програмите за мониторинг од претхосните години, известувањата за RASFF, податоците за потрошувачката кошница и податоците од мониторингот на животната средина од други институции. Изработена е програма за мониторинг на безбедноста на храната за 2011 година . Со програмата се предвидува мониторинг на параметрите, на следниов начин: • Микробиолошка контаминација; • Резидуи од пестициди (национален контролен план за резидуи); • тешки метали; • микотоксини. И покрај тоа што е изработена програмата за мониторинг на безбедноста на храната за 2011 година, истата не е реализирана заради буџетски причини Програмата за мониторинг на безбедноста на храната за 2012 е во изработка, и ќе ги има истата структура и содржина како и таа за 2011 година, со одредени измени. За 2012 година се предвидени финансиски средства во висина од 14 000 000 денари („Службен весник на РМ“ бр.27 од 03.03.2011.). 13.3.3. Инспекција Во рамките на инспекцијата согласно Законот за безбедност на храна, треба да се опфатени една или повеќе од следниве инспекциски процедури: • општо испитување на податоците кои се однесуваат на производителот и трговецот; • земање примероци за лабораториски анализи и тестирање; • контрола на хигиена на персоналот; • контрола на документација; • проверка и контрола на системот за потврда што го користат производителите и трговците, и резултатите од истиот; • проверка и контрола на вредностите регистрирани со мерните инструменти на производителите или трговците, и проверка и контрола со мерните инстурменти на инспекторот. Од гореспоменатите процедури, се применуваат општото испитување, земањето примероци, контрола на хигиена на персоналот, контрола на документацијата и проверка и контрола на системите за верификација кои се користат од страна на бизнис операторите со храна. Стр. 86 - Бр. 105 23 август 2012 Со официјалните контроли на храна од неживотинско потекло се опфатени производителите и извозниците на храна од неживотинско потекло (со исклучок на примарните производители) објектите за угостителство и малопродажба, капацитетите за складирање и транспорт на храна од неживотинско потекло. Секој инспектор за храна врши од 25 до 30 инспекции месечно. Планот за инспекции се изготвува во локалните единици на АХВ, а се прилагодува од страна на раководителот на Одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло, на централно ниово. Не се користат унифицирани контролни листи за вршењето инспекции, туку поедноставен образец за инспекциски извештаи, каде што се опишуваат наодите во слободна форма, и истите рачно се заведуваат. Упатствата изготвени од експертите при Дирекцијата за храна наменети за инспекторите за храна во однос на официјални контроли (инспекции) на храна, означување на храната, за спроведување на Правилникот за начинот на земање примероци од храна, за примена на Правилникот за микробиолошките критериуми итн, може да се применуваат во рамките на инспекцијата. 13.3.4. Земање примероци и испитување Како што беше објаснето погоре, заради буџетски причини, не се реализирани програмите за мониторинг на безбедност на храна за 2011 година Инспекторите за храна земаат примероци само во случај на сомнеж, појава на болести предизвикани од храна, претстави и предизвозна сертификација. Ваквките случаи, трошоците за тестирање се на товар на бизнис операторот со храна На инспекторите со храна им се обезбедува опрема за земање примероци. Достапна е листата со опрема. Примероците за микробиолошко испитување се испраќаат до лабораторијата при Факултетот за ветеринарна медицина, за резидуи од пестициди до Институот за јавно здравјеи неговите регионални центри, за тестирање за ГМО - до лабораторијата при Факултетот за земјоделски науки и храна. Примероците од питката флаширана вода се испитуваат во Институтот за јавно здравје и неговите регионални единици. (за информации за лабораториските надоместоци. Лабораториски контролен систем во АХВ на Република Македонија. 13.3.5. MRL за резидуи од пестициди АХВ е надлежен орган за усвојување на законодавството за максималното дозволено ниво на резидуи (MRL) од пестициди, при контрола и мониторинг. Максимално дозволените нивоа се преземени од Регулативата 396/2005 EЗ на Комисијата и се усогласени со таа Регулатива. Правилник за општите барања за безбедност на храна” („Службен весник на РМ“ бр. 118 од 2005) АХВ е надлежна за изготвување и реализација на контролниот план за резидуи од пестициди. Контролниот план за резидуи од пестициди го изготвува одделението за безбедност на храна од неживотинско потекло, а го спроведува одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 87 13.4. Регистрација на објекти за храна (производи од неживотинско потекло) Согласно член 48 од Законот за безбедност на храна, регистрацијата на објектите за храна е задолжителна во РепубликаМакедонија. Секој бизнис оператор со храна во однос на регистрацијата, мора да ја извести Агенцијата за секој објект во рамките на нејзината контрола, каде што се врши било која од фазите на производство, преработка и дистрибуција на храна. Бизнис операторите со храна мора да обезбедат дека Агенцијата секогаш располага со најновите информации за објектите во нејзина надлежност, вклучувајќи ги и известувањата за секоја значителна промена во активностите и за секоа затворање на еден постоечки објект. Во АХВ постојат пишани процедури за регистрација на објекти за храна. Со цел да се регистрира, бизнис операторот со храна треба да поднесе барање до локалната единица на АХВ. По добивање на пријавата, на објектот му се доделува единствен регистарски број, користејќи го кодот на административната област од локалната единица на АХВ Сите податоци за ново-регистрираните објекти од страна на локалните единици на АХВ, се испраќаат до Одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло, каде што горенаведените податоци се внесуваат во регистар. По основањето на АХВ, од 2011 година се спроведува повторна регистрација на објектите за храна. Во поранешната Дирекција за храна биле регистрирани околу 12000 објекти за храна Досега, околу 2000 од истите ја поминале процедурата за пререгистрација. Сите регистрирани објекти за храна со прехранбени производи од неживотинско потекло, се поделени на четири групи според видот на активностите: • Индустриско производство; • Занаетчиско производство; • Угостителство; • Малопродажба. Бизнис операторите со храна се регистрираат согласно нивните активности и за секоја група е предвидена истата зачестеност на инспекции (Видете табела 1). Нема понатамошна поделба во подгрупи (според видот на активности или видот на производи) во рамките на четирите главни групи споменати погоре, па затоа не постои основа на првична проценка на ризик и понатамошни планирања засновани на ризик. 13.5. Усогласеност со оперативните критериуми Оперативните критериуми на АХВ се опишани во член 77 од Законот за безбеднос на храна. Директорот на Агенцијата мора да обезбеди: • ефикасност и соодветност на официјалните контроли за храна во сите фази на производство, преработка и дистрибуција; • персоналот кој врши официјални контроли е слободен од конфликт на интереси; • расположливост со соодветен лабораториски капацитет за испитување и доволен број на соодветно квалификуван и искусен персонал, со цел ефикасно и делотворно извршување на официјалните контроли и контролните задолженија; • расположливост со соодветени и правилно одржувани простории и опрема, како би се обезбедило дека персоналот може ефикасно и делотворно да ги спроведува официјалните контроли; • утврдени планови за итни мерки и подготвеност да се спроведат таквите планови во итни случаи; Стр. 88 - Бр. 105 23 август 2012 • Бизнис операторите со храна и храна за животни задолжително подлежат на инспекција која се врши согласно овој Закон и регулативите усвоени согласно овој Закон и и помагааaт на Агенцијата во извршувањето на нејзините задачи; • АХВ мора да обезбеди ефикасна и делотворна координација меѓу сите надлежни органи вклучени во официјалните контроли на сите нивоа, вклучувајќи ги и активностите за заштита на животната средина јавното здравје и здравјето на животните; • Агенцијата треба да гарантира непристрасност, квалитет и постојаност на официјалните контроли на сите нивоа; • Кога во рамките на Агенцијата, повеќе од едно одделение има надлежности за вршење на официјални контроли, помеѓу различните одделенија мора да се обезбеди ефикасна и делотворна координација и соработка; • Агенцијата треба да врши внатрешни аудити и е предмет на надворешни аудити, и треба да ги преземе соодветните мерки во контекст на резултатите од истите, како би се обезбедило постигнување на целите од овој Закон. Овие аудити се предмет на независна проверка, и се вршат на транспарентен начин. Воглавно, АХВ обезбедува непристрасност, квалитет и постојаност на официјалните контроли, придржувајќи се до оперативните критериуми споменати погоре (со исклучок на внатрешниот аудит). Во моментов нема развиено процедура за начинот со кој би се утврдило дека персоналот кој ги врши официјалните контроли е слободен од конфликт на интереси. Инспекторите на АХВ имаат правно овластување за вршење на официјалните контроли и преземање мерки за извршување во текот на ланецот на храна, освен за примарното производство на производи од неживотинско потекло. Согласно законот за безбедност на храна, инспекторот има право да: • побара увид во информациите и оригиналните документи кои се однесуваат на производството и трговијата, како и примерок од тие документи; • изврши инспекција на локацијата на трговецот или производителот на храна; • бесплатно земе примероци за лабораториски анализи и испитувања; • Издаде мерки за отстранување на утврдените недостатоци; • ја забрани употребата на капацитетите за производство или трговија, како и на опремата или дел од истата, во случај на непочитување на стандардите и барањата утврдени со Законот за безбедност на храна и регулативите засновани на овој закон; • го забрани производството или продажбата на прехранбени производи кои претставуваат ризик по здравјето на луѓето; • нареди уништување на небезбедна храна; • покрене прекршочна или кривична постапка во случај на сторени кривични или прекршочни дела според овој или друг закон; • преземе други мерки за заштита на здравјето на населението против небезбедна храна. Инспекторите за храна на АХВ врз основа на писмен договор имаат пристап до соодветни лабораториски капацитети за официјално испитување на примероци. Персоналот на АХВ на централно и локално ниво располага со соодветни и правилно одржувани капацитети како и со неопходната опрема . 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 89 Бизнис операторите со храна се обврзани да бидат подложени на секоја инспекција која се врши согласно Законот за безбедност на храна и да му помагаат на персоналот од надлежниот орган во исполнувањето на нивните задачи. 13.6. Внатрешен аудит Земајќи го предвид неодамнешното воспоставување на АХВ, не постои систем за внатрешен аудит заснован на ризик, ниту пак се извршени надворешни аудити. Одделението за внатрешна контрола во АХВ е надлежно за воспоставување на системот за внатрешен аудит на официјалната контрола. Во фаза на подготовка се процедурата за внатрешен аудит и програмата за аудит. 13.7. Персонал кој врши официјални контроли Согласно Законот за безбедност на храна, како инспектор може да се назначи секое лице кое ги исполнува следниве услови, покрај оние пропишани со регулативите со кои се уредува назначувањето на државни службеници: универзитетска диплома од областа на медицината, ветеринарната медицина, биологија, технологија за преработка на храна и работно искуство од најмалку 3 години во соодветната професија Поголемиот дел од персоналот на АХВ кој е надлежен за официјалните контроли на храна од неживотинско потекло има универзитетска диплома за: доктор по медицина, доктор по медицина со специјализација за хигиена и епидемиологија, прехранбени технолози, агрономи и биолози. Повеќето од нив работеле во Дирекцијата за храна и пристапиле кон тимот на АХВ по нејзиното основање. Сè уште има значителен број на слободни работни места на централно и локално ниво во рамктие на АХВ 13.8. Обука на персоналот кој врши официјални контроли Поголемиот дел од персоналот на АХВ кој е надлежен за официјалните контроли на храна од неживотинско потекло има универзитетска диплома за: доктор по медицина, доктор по медицина со специјализација за хигиена и епидемиологија, прехранбени технолози, агрономи и биолози. За нововработените инспектори за храна има обука која трае и до два месеци, под водство и надзор на искусните колеги. Oбучените лица се стекнуваат со право да вршат официјални контроли кај бизнис операторите со храна (со едноставна структура) во случај резултатите од евалуацијата од обуката да се позитивни Нема на располагање писмена процедура за обука на работното место и за оценување на резултатите од истата. Постои можност инспекторите за храна да учествуваат во обуки финансирани од надвор, како на пример BTSF (хигиенските барања за различни видови производи од животинско потекло, HACCP, аудит за HACCP, материјали што доаѓаат во контакт со храна итн). Во Ексел табела се достапни податоците во однос на обуките кои се веќе оддржани за инспекторите за храна и персоналот од централно ниво во рамките на АХВ. Само неколку инспектори земаа учество во гореспоментатите обуки. Нема воспоставено систем за внатрешни обуки за персоналот кој врши официјални контроли. Во моментов се изготвува нацрт на повеќегодишниот план за обуки за централното ниво на АХВ и за инспекторите за храна. Има значајна разлика во содржината на модулите за обуки во повеќегодишниот нацрт план за обуки предвидени за инспекторите за храна за официјални контроли на храна од неживотинско потекло и инсоекторите за официјални контроли на храна од животинско потекло. Стр. 90 - Бр. 105 23 август 2012 13.9. Надзор на инспекторите за храна Надзорот на активностите на инспекторите за храна (потврда на делотворноста и соодветноста на официјалните контроли ) во моментов го врши раководителот на Одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло. Истото се врши на годишно ниво. Не постои документирана процедура за надзорот на активностите на инспекторите за храна. 13.10. Категоризација на ризик Сите регистрирани објекти за храна со прехранбени производи од неживотинско потекло, се поделени на четири групи според видот на активностите. Табела бр. 13.2 Број на регистрирани бизнис оператори со храна во различни групи и предвидената зачестеност на инспекцијата Број Група на објекти за храна Број на регистрирани објекти Предвидена зачестеност на инспекциите 1. Индустриско производство, 230 1 x годишно 2 занаетчиски, 1231 1 x годишно 3 Угостителство, 4837 1 x годишно 4. Малопродажба 5686 1 x годишно ВКУПНО 11984 1 x годишно За сите објекти за храна од овие групи, предвидена е инспекција еднаш годишно Вкупен број на предвидени инспекции: 11984. Нема понатамошна поделба во подгрупи (според видот на активности или видот на производи) во рамките на четирите главни групи споменати погоре, па затоа не постои основа на првична проценка на ризик Во АХВ не се врши категоризација заснована на ризик на објекти со храна од неживотинско потекло. Не е воспоставена инспекција заснована на ризик за прехранбени производи од животинско потекло. Треба да се напомене дека во Македонија е направена категоризација на ризик на различните видови објекти за храна. Има три групи на објекти: од висок, среден и низок ризик со одредена зачестеност на инспекција на секоја група. Изготвено е упатство за инспекциите засновани на ризик, како и неколку конкретни контролни листи за различни видови на објекти, но истите не се повеќе во употреба. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 91 13.11. Документирани процедури и упатства 13.11.1. Процедури Изготвени се неколку процедури од страна на експерти од поранешната Дирекција за храна при Министерството за здравство, пред да се интегрираат со Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Процедурите се изработени во рамките на предвидениот процес на акредитација на поранешната Дирекција за храна. Во листата на изготвени/изработени процедури содржани се 12 процедури за инспектори за храна, 5 процедури за изготвување на програми за мониторинг и 12 процедури за земање на примероци, толкување на резултатите од испитувањето, проценка на ризик и управување со ризик. 13.11.2. Упатства Изработени се различни упатства од страна на експерти од поранешната Дирекција за храна при Министерството за здравство, пред да се интегрираат со Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Упатства за инспектори за храна: • Упатство за официјални контроли (инспекција) на храна; • Упатства за означување на храна; • Упатство за спроведување на Правилникот за начинот на земање примероци од храна; • Упатство за примена на Правилникот за микробиолошки критериуми; • Упатство за адитиви кои се користат во производството на прехранбени производи итн. Упатство за бизнис операторите со храна: • Упатство за хигиена на храна за угoстителски услуги; • Упатство за хигиена на храна за угостителство за прехранбената индустрија • Упатство за спроведување на системот за HACCP во прехранбениот сектор; • Упатство за изработка на план за безбедност на храна во угостителството (заснован на начелата на НACCP) итн. 13.12. Организација на соработката 13.12.1. Координација Координацијата во рамките на Секторот за храна од неживотинско потекло е на незначително ниво, најверојатно заради тоа што работното место „раководител на сектор“ сè уште не е пополнето. Раководителите на одделенијата во секторот, директно го известуваат заменик директорот на АХВ. Во локалните единици на АХВ нема раководители на одделенија или координатори, па затоа координацијата на инспекторите за храна ја обезбедува само раководителот на Одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло, на централно ниво. 13.12.2. Соработка Постои внатрешна соработка меѓу секторите и одделенијата на АХВ. Одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло соработува со Одделението за Стр. 92 - Бр. 105 23 август 2012 комуникација на ризик и RASFF при Секторот за стручна (научна) соработка, во случај на известувања од RASFF: инспекторите за храна спроведуваат истражување, обезбедуваат управување со ризикот и го известуваат одделението за комуникација на ризик и RASFF (одделението за координација за известувања во однос на храната и точка за контакт во системот за RASFF на ЕУ). Во случај на претставки од страна на потрошувачите, надлежно е Одделението за заштита на потрошувачите при Секторот за стручна (научна) поддршка. Одделението за заштита на потрошувачите го известува Одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло , кое врши мобилизација на инспектори за храна од одредени локални единици со цел да направат истражување, а за резултатите од истражувањето и за преземените активности се известува Одделението за заштита на потрошувачите, кое потоа им дава одговор на потрошувачите во однос на горенаведените прашања. Во случај на појава на болест предизвикана од храна, постои надворешна соработка меѓу Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и неговите регионални седишта, АХВ (Одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло со локалните единици) и Санитарната инспекција (СИ). Во случај на појава на болест предизвикана од храна, болниците или докторите по медицина го известуваат ИЈЗ. ИЈЗ ги известува СИ и АХВ и им ги обезбедува соодветните информации. Потоа епидемилозите од регионалните единици на ИЈЗ, инспекторите на СИ и инспекторите за храна спроведуваат истражување. Резултатите се доставуваат до ИЈЗ. Во случај на штети предизвикани по здравјето на потрошувачот, инспекторите од СИ изрекуваат казни. Табела бр 5.5.1 Меѓусекторска соработка во случај на појава на болест предизвикана од храна). Постои писмена процедура за инспекторите за храна во однос на активностите кои треба да се преземат во случај на сомнеж поврзан со храна. Слика бр. 13.2 Меѓусекторска соработка во случај на појава на болест предизвикана од храна). 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 93 13.13. Известување Секој инспектор изготвува (користејќи униформен образец) и испраќа месечен извештај до раководителот на Одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло при Секторот за храна од неживотинско потекло, којшто изготвува месечен извештај за инспекциските активности извршени во Република Македонија и го испраќа до Директорот на АХВ. Сè уште нема годишен извештај на АХВ бидејќи Агенцијата беше основана во јануари оваа година. Постои годишен извештај за 2010 година за поранешната Дирекција за храна 13.14. Бази на податоци и регистри Постојат неколку регистри без интерфејс за подредување или барање, на пр.: • Регистар на регистрирани објекти за храна со храна од неживотинско потекло; • Регистар на додатоци за храна; • Регистар на минерални води. Останатите бази на податоци се во изработка. 13.15. Управување со ризик и проценка на ризик Управувањето со ризик, проценката на ризик и комуникацијата на ризик се одделени во АХВ. Секторот за храна од неживотинско потекло е надлежен за управувањето со ризик, додека пак Одделението за проценка на ризик и Одделението за комуникација на ризик и RASFF при Секторот за стручна поддршка, се надлежни, соодветно, за проценката на ризик и комуникацијата на ризик. Достапни се неколку процедури во рамките на проценката на ризик и управувањето со ризик: • Процедура за управување со ризик по идентификување на небезбедна храна во Република Македонија; • Процедура за проследување на информациите добиени од системот за RASFF на ЕУ; • Процедура за управување со ризик по добивање на известување за небезбеден производ од страна на Европската Комисија. Согласно законот за безбедност на храна, државните инспектори за храна вршат редовни официјални контроли во целиот ланец на храна со цел да спречат конзумирање на небезбедна храна од страна на потрошувачите, и на тој начин спречуваат појава на случаи на индивидуално или масовно труење со храна, кое може да резултира со криза. Државниот инспектор за храна треба да ги преземе сите неопходни мерки кои се во согласност со законодавството (Закон за безбедност на храна, Закон за општа управна постапка и Законот за заштита на населението од заразни болести) во случај на потенцијален ризик по потрошувачите кои произлегуваат од небезбедна храна. Во таков случај, инспекторите за храна се придржуваат до „Постапката за управување со ризик по идентификување на небезбедна храна во Република Македонија”. Еднаш неделно, Одделението за комуникација на ризик и RASFF, согласно своите надлежности, ги презема и обработува известувањата од веб-страницата на системот за RASFF во однос на небезбедна храна и материјало кои доаѓаат во контакт со храна и потоа (кога е потребно) Стр. 94 - Бр. 105 23 август 2012 ги проследува до инспекторите за храна. Начинот на којшто се постапува со неделните известувања од RASFF е опишан во „Постапка за проследување на информациите добиени од системот за RASFF на ЕУ”. Со добиените известувања постапува Одделението за комуникација на ризик и RASFF и потоа ги проследува до Одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло, кое потоа ги организира и спроведува неопходните активности за управување со ризик и известува за резултатите од Одделението за комуникација на ризик и RASFF Сите активности кои ги презема АХВ по добивањето на известување за небезбедна храна, се детално опишани во „Постапка за управување со ризик по добивање на известување за небезбедна храна од страна на Европската Комисија”. Контрола на извоз: Регистрираните објекти може да поднесат барање за сертификат за извоз до локалната единица на АХВ. Локалните инспектори за храна вршат инспекција и земаат примероци Сертификатот се доделува во случај кога резултатите од испитувањето се во согласност со барањата. Инспекторите за храна имаат право да издаваат сертификати за извоз согласно писмената процедура. 13.16. Контрола на плановите за квалитет 13.16.1. Органско земјоделство Националното законодавство за органско земјоделско производство е усогласено со Регулативата (EЗ) 834/2007 на Советот и Регулативата (EЗ) 889/2008 на Комисијата. Главниот закон е Законот за органско земјоделско производство (Службен весник на Република Македонија бр.146/09). Постојат неколку подзаконски акти со кои дополнително се уредуваат основните одредби на органското земјоделско производство како и мониторингот и контролата на органското земјоделско производство (Службен весник на Република Mакедонијабр.162/10 и 163/10). Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е надлежен орган во областа на огранското земјоделско производство. Во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство , Државниот инспекторат за земјоделство е надлежен за контрола и надзор на активностите на сертифицираните тела. Секој производител кој поднесува барање за финансиска поддршка во огранското земјоделско производство, е предмет на контрола од страна на Државниот инспекторат за земјоделство. Од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овластени се две тела за сертификација, на коишто им се доделуваат експертските контроли и сертификација на огранското земјоделско производство. И двете тела за сертификација се акредитирани согласно стандардот EN 45011 од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ), кој е полноправна членка во Европската организација за акредитација. 13.16.2. Заштита на географските ознаки и традиционалните специјалитети Националното законодавство за органско земјоделско производство е усогласено со Регулативата (EЗ) 510/2006 и Регулативата (EЗ) 509/2006. Главен закон е Законот за квалитет на земјоделските производи, усвоен на 14 октомври 2010 година. Се изготвуваат одредени измени на Законот по советувања со службите на Европската 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 95 комисија Има неколку подзаконски акти со коишто дополнително се регулира заштитата на географските ознаки (Заштитена ознака на потекло (PDO) и Заштитена географска ознака(PGI))и традиционалните специјалитет (Гарантирана традиционална посебност(TSG)). Контролните системи се во изработка. Во моментов, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е надлежен орган во областа на заштита на географските ознаки и традиционални специјалитети. Предвидено е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да води регистар за PDO, PGI и TSG, но контролата за годишно потврдување на усогласеноста со спецификацијата на производот за време на надзорот на производството и прометот, ќе биде доделена на Државниот инспекторат за земјоделство. . Се предвидува системот да биде ставен во функција во март 2012. 13.17. Предложена листа на активности кои би требало да се опфатат со ПНКП за периодот од 2012 до 2016 Табела бр. 13.3 предложена активност Датум на спроведување Формулирање на конкретни стратешки цели за ПНКП - Контролен систем за храна од неживотинско потекло за периодот од 2012 до 2016 година и хармонизиран со изготвениот стратешки план на АХВ за периодот од 2012 до 2014 година Одобрување на стратешкиот план на АХВ за 2012 -2014 година Одобрување на ПНКП за периодот од 2012 до 2016 година Вработување на персонал Усовршување на системот за собирање податоци и известување Финализирање на пререгстрацијата на објекти Одобрување и реализација на годишните програми за мониторинг на безбедноста на хрантата Да се продолжи со изготвувањето на критериуми/предлози за детална класификација на бизнис операторите со храна согласно видот на активности Формулација на критериумите за проценка на ризикот во однос на бизнис операторите со храна и изготвување на предлози за категоризација на објектите спроед ризикот. Да се продолжи со категоризација на ризик на бизнис операторите со храна Утврдување на најмалата зачестеност на инспекции засновани на ризик кај бизнис операторите со храна Попис и ревидирање на постоечките Правилници, упатства, процедури, контролни листи/инспекциски извештаи Хармонизација на Правилници, упатства, процедури, контролни листи/инспекциски извештаи за официјална контрола на храна (каде што е применливо). Ревидирање на постечките обрасци на извештаите, регистрите и базите на податоци. Изготвување на предлози за подобрување и хармонизација. Стр. 96 - Бр. 105 23 август 2012 Да се финализира изработката на програмите за обуки за инспекторите надлежни за официјална контрола на храна, согласно барањата од Регулативата 882 (Aнекс II, Поглавје I); Да се хармонизираат модулите за обуки за инспекторите кои вршат официјални контроли на производи од неживотинско потекло, и оние кои вршат официјални контроли на производи од животинско потекло (каде што е применливо) Да се изработи програма за аудит со која соодветно ќе се опфатат сите релеватни области на активностите на АХВ со соодветна зачестеност заснована на ризик, во временски период не подолг од пет години (Одлука 677/2006 на Комисијата) Да се изготви документирана процедура за професионален надзор на инспекторите за храна со цел да се утврди ефикасноста и соодветноста на официјалните контроли Поглавје 14- Контролен систем за ветеринарно медицински препарати (ВМП) и резидуи 14.1. Општи национални стратешки цели Вовед Главната цел за ефикасна реализација на контролните системи е да се обезбеди дека за време на периодот на планот, АХВ ќе продолжи со програмата за надзор и ќе ги обезбеди сите податоци за непречена работа на системот. Како главен предмет на надзорот се производители на ВМП, веледрогерии, аптеки и ветеринарни клиники (станици). Законодавство Основни правни акти се: • Закон за ветеринарно медицински препарати („Службен весник на Република Македонија“ бр. 42/2010) • Закон за ветериарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, како што е последен пат изменет во јануари, 2011 година); • Правилник за начинот на вршење ветеринарно-санитарен преглед и контрола, и начинот на водење евиденција за резидуи и определени супстанции во суровини, живи животни и производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија“ бр. 8/2002). • Решение за забрана за производство, увоз, поседување, продажба, снабдување и/или употреба на одредени видови ветеринарни лекови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 132/2010) • Листа на фармаколошки супстанции одобрени за употреба во ветеринарната медицина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 133/2010) • Правилник за општите барања за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија“ бр. 118/2005) (со кој се утврдува максимално дозволеното ниво на пестициди како и мониторингот на концентрацијата на контаминанти во животната средина) 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 97 14.2. Организација и структура на надзорот 14.2.1. Надлежни органи Во рамките на Агенцијата, надлежен за одобрение на ВМП, надзор на дистрибуцијата и уредувањето на контролата на резидуи е Секторот за ветеринарно јавно здравство - ги изготвува правните документи, програми и упатства во рамките на својата надлежност и го изработува и реализира системот на официјални контроли во однос на дистрибуцијата на ВМП и подготовката на Националниот контролен план за резидуи (НКПР) како и негова реализација. Секторот за ветеринарно јавно здравство се состои од 5 одделенија, каде што 3 од нив се во директна врска со ВМП и резидуи: • Одделение за ветеринарни медицински препарати; • Одделение за безбедност на храна од животинско потекло; • Државна инспекција за ветеринарно јавно здравство со регионалните единици. Централното тело на АХВ и нејзините структурни единици обезбедуваат методолошко упатство за надзор и изработка и реализација на НКПР. Одделението за ветеринарни медицински препарати во рамките на Секторот за ветеринарно јавно здравство, при АХВ, е централен надлежен орган за одобрување на ВМП и надзор по доделувањето на одобрението (дистрибуција). Одделението за безбедност на храна од животинско потекло е надлежно за изработка и надзор на реализацијата на НКПР. Официјалните ветеринари во регионалните единици обезбедуваат директен надзор и контрола на веледрогериите и ветеринарните аптеки, извршувајќи редовни и вонредни контроли согласно програмите за надзор и методологијата изработени од централното тело на АХВ. Одделението за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство е надлежно за инспекции на самото место на аптеки и веледрогерии за ВМП. Реализацијата на НКПР вклучувајќи го и земањето примероци за резидуи ја вршат официјални ветеринари од Одделението за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство. Стр. 98 - Бр. 105 23 август 2012 Слика бр. 14.1. Контролен систем за ветеринарно медицински препарати и резидуи 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 99 14.2.2. Поделба на функциите меѓу одделенијата Секторот за ветеринарно јавно здравство се состои од 5 одделенија, каде што 3 од нив се во директна врска со ВМП и резидуи: • Одделение за ветеринарни медицински препарати; • Одделение за безбедност на храна од животинско потекло; • Државна инспекција за ветеринарно јавно здравство со регионалните единици. Табела бр. 14.1 Бр ој Структурна единица Задачи и фунцкии 1. Одделение за ветеринарни медицински препарати •Ветеринарно-санитарен преглед и контрола во објектите за производство, преработка, складирање, трговија и употреба на ВМП, следејќи ги одредбите и состојбата во областа на ВМП, како и сродните области, •Професионално-аналитичка обработка на административните и другите прашања кои се важни за примената на правните и други одредби, изработка на професионално-аналитички и други материјали за работните тела, •Изготвување на анализи, информации и други материјали, учествува во работата на Комисијата за ВМП и медицински помагала кои се применуваат во ветеринарната медицина и • Изготвување на одобренија за пуштање во промет на ветеринарно медицински препарати, • Изготвување на листа со ВМП и медицински помагала кои се користат во ветеринарната медицина и на кои им е доделено одобрение за пуштање во промет, кај кои се направени измени во текот на важноста на одобрението, со цел истата да се објави во Службениот весник на Република Македонија”, •Изготвување на одобрение за увоз/извоз на лекови, помошни лекови и медицински помагала кои се применуваат во ветеринарната медицина • Водење листа на правни субјекти на кои им е доделено одобрување за пуштање во промет за ветеринарно медицински препарат, со цел нејзино објавување во Службениот весник на Република Македонија. •Зема учество во работата на Комисијата која ги издава одобренијата за веледрогерии, •Зема учество во надзорот на работата на правните субјекти кои вршат производство, испитување и контрола како и трговија со ВМП и медицински помагала кои се применуваат во ветеринарната медицина, •Изготвување на подзаконски акти кои се усвојуваат врз основа на правните одредби во областа на ВМП. •Подготовка на информации во однос на ВМП; контрола на трговијата со ВМП и медицински помагала кои се применуваат во ветеринарната медицина, Стр. 100 - Бр. 105 23 август 2012 2. Одделение за безбедност на храна од животинско потекло, •Спроведување, организација, насочување и координација на операциите, непосредна контрола и надзор во вршењето на задачите, вршење на ветеринарно-санитарен преглед и контрола во објектите за колење на животни, преработка и складирање на производи од животинско потекло, проверка и одобрение на доставената техничка документација за објекти кои произведуваат производи од животинско потекло, •Професионални контроли на работата во објектите за производство и обработка на податоците во однос на производството. • Изготвување на програми, анализи, информации и извештаи во областа на ветеринарното здравство, комуникација и кореспонденција со меѓународни организации, институции и асоцијации, • Издавање на ветеринарно-здравствени сертификати за производи од животинско потекло, следење на измените на законодавството на ЕУ и хармонизација со одредбите за безбедност на храна. •Водење евиденција и регистар за изречените мислења, ветеринарно-санитарните сообразности и ветеринарно санитарните одобренија за работа на објектите за производство, како и водење евиденсија и регистар со информациите за објектите за производство кои вршат извоз. 3. Државна инспекција за ветеринарно јавно здравство со регионалните единици • Ветеринарно-санитарен преглед на објекти и опрема за производство, финализирање, преработка и трговија со производи, суровини и отпад од животинско потекло, објекти за малопродажба кои вршат трговија со производи од животинско потекло, храна за животни, вода во процесот на производство и за напојување на животните. •Трговија со ветеринарни медицински помагала и медицински помагала кои се користат во ветеринарната медицина, •Земање и испраќање на материјали за лабораториско испитување, •Контрола на натоварот, истоварот и претоварот, издавање сертификати и меѓународни сертификати •Подготовка и доставување на месечни и периодични извештаи 14.3. Одобрение на ВМП Процедурата за одобрение на ВМП е регулирана со Законот за ветеринарно-медицински препарати и Правилникот за одобрување на ВМП. Барањата ги разгледува Комисијата за одобрување на ВМП и Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје. Барањето се состои од 3-5 примероци и фармаколошки дел. Членовите на Комисијата се ветеринарни, фармацевтски и останати технички и научни поединци кои ги назначува директорот на АХВ, Комисијата е технички независна. Одобрението за пуштање во промет го издава директорот на АХВ врз основа на препораките на Комисијата. Препораките се засновани на оригиналниот документ и придружните документи, лабораториски анализи и извештај од Факултетот за ветеринарна медицина, овластената институција за лабораториски анализи на ВМП Одобрението за пуштање 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 101 во промет на ВМП се издава за најмногу пет години Листата со одобрени ВМП е објавена во „Службениот весник на РМ“и официјалната веб-страница на АХВ www.fva.gov.mk. Листата редовно се ажурира. Постои една процедура за одобрување на ВМП произведени во ЕУ и други земји. На 1 октомви 2011 година во овој регистар се содржеа 351 ВМП. За време на процесот на одобрување, ВМП се делат на лекови – кои се издаваат само со рецепт и лекови -кои се издаваат без рецепт согласно Законот за ветеринарни лекови Веледрогериите може да увезуваат само одобрени ВМП. Отстапувањата од ова се утврдени во Законот за ветеринарни лекови. Директорот на Агенцијата има право да дозволи увоз на неодобрени ВМП во итни случаи или епизоотски болести, и во случај кога животното се извезува во земји за кои треба да се исполнети посебни барања за третман. СÈ уште не е усвоен Правилникот за транспонирање на законодавството на ЕУ во однос на членовите 10 и 11 од Директивата (ЕЗ) 82/2001 (каскадни одредби за употреба на ВМП). Оваа регулатива е особено важна за ветеринарите во пракса, бидејќи бројот на одобрени ВМП е многу мал. Системот за фармаколошка претпазливост е утврден со Законот за ветеринарно медицински препарати. Дистрибуцијата и пуштањето во промет на ВМП е поделена во две категории: • веледрогерии (ветеринарни аптеки) и • ветеринарни друштва (ветеринарни станици) Во РепубликаМакедонија има 20 веледрогериикои се вклучени во дистрибуцијата на ВМП како за внатрешниот пазар, така и за увоз. Веледрогериите мора да исполнуваат посебни услови за вршење на нивните активности, во однос на самиот објект како и лицата кои се одговорни за вршење на тие активности (доктори по ветеринарна медицина). За веледрогериите потребна е посебна лиценца за работа Лиценцата е со важност од 5 години. Веледрогериите може да продаваат ВМП само на други регистрирани веледрогерии и ветеринарни друштва регистрирани за вршење ветеринарни активности (ветеринарни амбуланти, ветеринарни клиники и ветеринарни станици кои обезбедуваат услуги во одгледувалиштата за производство на животни). Не смеат директно да се продаваат POM ветеринарно-медицински препарати на сопствениците на животни. Ветеринарните станици обезбедуваат примарна ветеринарна заштита согласно Законот за ветеринарно здравство За ветеринарните друштва е одреден посебен образец за водење евиденција и истиот е објавен во Службен весник. Во овој образец треба да се заведе секоја посета. Согласно законот за ветеринарно здравство, ветеринарните друштва може да употребуваат и продаваат ВМП само ако се регистрирани за ветеринарни активности. Ветеринарите мора да добијат лиценца за пракса во Ветеринарната комора. Само на граѓаните на Македонија им е дозволено да регистрираат ветеринарно друштво. Стр. 102 - Бр. 105 23 август 2012 14.4. Национален контролен план за резидуи (НКПР) Листа на состојки: • За соединенијата од групата A е изработен план земајќи ги предвид достапните препораки: Годишните извештаи од состаноците на Рефернтната лабораторија на Заедницата, каде што е дадена листата на состојките; Документот на Рефернтната лабораторија на Заедницата каде што се дадени препорачаните референтни точки за активности (2007-71207); Минималната потребна граница на ефикасност (MRPL) (EЗ 2003/181); Податоци за производството во однос на примарното производство од животинско потекло во Mакедонија. • За соединенијата од групите Б1 и Б2, утврдена е конечната листа на супстанции: Врз основа на листата на ВМП кои се официјално пуштени во промет во Mакедонија, сите чиишто MRL се еднакви на оние усвоени во ЕУ и објавени во Анексите на Регулативата 37/2010; Врз основа на индикациите за изборот на основните состојки во главните групи на ветеринарни лекови; Податоци за производството во однос на примарното производство од животинско потекло во Mакедонија. • За групата Б3, контаминанти, утврдена е листа на контаминанти за проверка, согласно класичните препораки, а АХВ од Министерството за животна средина ги има побарано податоците за контаминација. Во моментов не е целосно земен предвид лабораторискиот капацитет, кој претставува една од клучните точки за изработка и реализација на НКПР. 14.5. Meтоди за надзор и контролни активности АХВ врши надзор на ВМП и резидуи во согласност со документите за политика на надзорот, како што се дефинирани на ниво на програми за надзор, стратешки годишни планови и законодавни акти. Во моментов некои од документите се сè уште во фаза на изработка. На овој начин АХВ планира да обезбеди, опсежен, професионален и доследен надзор во сите фази каде што се произведуваат, дистрибуираат, продаваат или употребуваат ВМП. Се прави анализа на инспекциските резултати, а исходот се користи за сите потребни корекции и идните планирања со цел да се оптимизираат активностите за надзор. За потврда на инспекциските резултати, како важен елемент е и лабораториската контрола, која се применува за испитување на примероците од официјалните контроли и ажурирање на информациите од испитувањето на примероците од мониторингот. 14.5.1. Инспекција Државната инспекција за ветеринарно јавно здравство со регионалните единици е надлежна за спроведување на политиките и вршење на инспекции на самото место, со цел да обезбеди официјални контроли за пуштањето во промет и дистрибуцијата на ВМП преку веледрогериите и 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 103 ветеринарните аптеки. Инспекциите се вршат од страна на регионалните официјални ветеринари, но истовремено и персоналот од надлежниот орган зема учество за време на овие инспекции. Инспекцијата на ветеринарните друштва ја вршат официјални ветеринари од Секторот за здравствена заштита на животните. За жал, резултатите од инспекциите на ветеринарните друштва не соодветствуваат со планот за земање примероци од резидуи. Правата и обврските на официјалните ветеринари се утврдени во Законот за ветеринарни медицински препарати. Официјалниот ветеринар има законско овластување да: • Врши инспекција на простории и ги провери сите релевантни документи; • укине активности во објектот на одреден временски период; • изрече забрана активности доколку истите претставуваат опасност по јавното или здравјето на луѓето; • ја укине дистрибуцијата на одредени серии или видови ВМП; • издаде наредба за уништување на одредени серии или видови на ВМП; • изрече финансиска казна. Многу малку информации се достапни на централно ниво во однос на официјалните контроли кои ги вршат официјалните ветеринари на терен. Системот за надзор на официјалните ветеринари е во почетна фаза и истиот сè уште не е реализиран. 14.5.2. Лабораториски испитувања (земање примероци) Официјалните ветеринари имаат законско овластување за земат примероци од ВМП во случај на сомнеж за измама, по објавата преку системот за фармаколошка претпазливост итн. 14.5.3. Аудит Има изработено листи за вршење на аудит во веледрогериите, но системот за аудит сè уште не е изработен. 14.5.4. Земање примероци согласно Националниот контролен план за резидуи НКПР се развива во текот на целата година и по испитување на одреден број на примероци/матрици за тестирање/супстанции, се дели според општини и според месеци. На почетокот од секоја година, Одделението за безбедност на храна при Секторот за ветеринарно јавно здравство, испраќа до регионалните официјални ветеринари. Општо писмо, годишен НКПР и стратегија за земање примероци. Регионалните единици во текот на целата година добиваат писмо со известување секој месец, за тоа кога одредени примероци треба да се земат во регионот. Официјалните ветеринари самите прават план и ги избираат одгледувалиштата, кланиците или објектите за млечни производи од каде што ќе земат примероци. Примероците се земаат во текот на инспекцијата, но за оваа намена не се изготвени извештаи за инспекција или контролни листи. Пред земањето примероци на фармата, официјалниот ветеринар треба да го провери дневникот за ВМП кои се употребувале, но таквиот систем за проверки сè уште не е реализиран. Бидејќи не е воспоставена утврдена врска меѓу инспекциите на фарма (во однос на ИиР, здравствената заштита и благосостојбата на животните), инспекциите во ветеринарните друштва, земањето примероци во случај насомнеж за погрешна употреба на ВМП, не е можно да се утврди каренцата. Стр. 104 - Бр. 105 23 август 2012 14.6. Планирање на инспекции За инспекциите во веледрогериите и ветеринарните аптеки, изработен е годишен план за инспекции. Во планот се вклучени само задолжителните инспекции. Бројот на задолжителни инспекции за веледрогерии на ВМП е двапати годишно, и персоналот од надлежниот орган зема учество во овие инспекции. Во зависност од ситуацијата, се вршат неколку (3-5 годишно) инспекции засновани на ризик (претходна анамнеза, извештаи, претставки) од страна на локалните официјални ветеринари. За дополнителните инспекции одлука донесуваат официјалнтие ветеринари, или пак надлежниот орган издава посебни наредби. Табела бр. 14.2 бр Објект за надзор/класификација Број Зачестеност на контроли Вкупен број на контроли годишно Забелешки 1. Производители на ВМП 0 нема нема 2. Веледрогерии 24 двапати годишно ≈ 50 3. Аптеки 1. четирипати годишно ≈ 4 4. Ветеринарни клиники (станици) 120 еднаш годишно ≈ 120 Контроли од страна на одделението за инспекција при Секторот за здравствена заштита на животните 14.7. Документирање на надзорот и контролните активности Документирање на инспекциските активности Изработени се контролни листи/листи за аудит и истите се применуваат за инспекција на веледрогерии и ветеринарни аптеки Официјалните ветеринари секој месец испраќаат извештај за активностите во текот на претходниот месец Доколку има посебни активности (да се објасни ситуацијата и да се потврдат деталите, инспекција со случај на сомнеж за недозволена употреба на ВМП: употреба на недозволени супстанции, инспекција надвор од „домашниот терен“ на официјалниот ветеринар. Земање примероци за резидуи Изработен е записник за земање примероци и истиот се применува при земањето примероци. Во записникот се дадени сите релевантни информации и е поврзан со месечниот извештај од Одделението за безбедност на храна од животинско потекло. Записникот за земање примероци од резидуи се состои од 4 примероци: 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 105 • 1 примерок останува на фармата или објектот (сопственикот на животни или производи); • 1 задржува официјалниот ветеринар; • 1 официјалниот ветеринар испраќа месечно до Одделението за безбедност на храна, во форма на извшетај; • 1 го придржува примерокот(мострата) при доставување до лабораторија. Сè уште не е реализиран системот за обезбедување на информации во однос на резултатите од тестирањето, до сопственикот на животните или производите. 14.8. Материјални ресурси/техничка опрема Официјалниот ветеринар во регионалните седишта располага со опремени работно место, компјутер со интернет врска. Официјалните ветеринари исто така имаат и возила на располагање, но понекогаш ги делат меѓу себе. АХВ ја обезбедува неопходната заштитна облека. Лабораторијата ја обезбедува опремата за земање примероци. Видете го делот за лаборатории. 14.9. Систем за обуки Нема развиено и реализирано систем за внатрешни обуки во однос на надзорот на дистрибуцијата на ВМП и земањето примероци од резидуи. Обезбедени се неколку индивидуални обуки, особено за персоналот од централно ниво, на пример обуки организирани од TAIEX или DG SANCO. 5 локални официјални ветеринари се обучени за контрола на ВМП. Исто така спроведени се и обуки од експерти од централно ниво на Агенцијата за регионалните инспектори (официјални ветеринари) и за одобрените ветеринари. За системот за контрола на резидуи, официјалните ветеринари имаат состаноци каде се земаат предвид посебните прашања во однос на земањето примероци. 14.10. Информатички систем и бази на податоци Листата со одобрени ВМП е објавена во Службениот весник и официјалната веб-страница на АХВ www.fva.gov.mk. Листата редовно се ажурира. Постои локална база на податоци во рамките на Одделението за безбедност на храна за мониторинг на земањето примероци за резидуи. 14.11. Соработка со други институции и организации • Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје - за лабораториски анализи за нови ВМП, за одобрение и резидуи; • Министерство за здравство- за одобрение на биоциди за општа употреба; • Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој - за исплата на субвенции на фармерите; • Министерство за внатрешни работи – во случаи кога официјалните ветеринари наидуваат на физички отпор од страна на сопствениците на животни, или пак се спречени во извршувањето на нивните задолженија; кога е потребно да се заштитат заразени области или региони, при ограничување на трговијата со животни, производи и суровини за време на движење на луѓето и животните во заразените региони и Стр. 106 - Бр. 105 23 август 2012 спроведување на мерките за спречување и искоренување на заразни болести кај животните, или пак кога сопственикот на животни, производи, суровини од животинско потекло и храна за животни, кои се предмет на ограничување или инспекција,одбие да го претстави својот идентитет; • Ветеринарната Комора- за издавање, обновување и повлекување на лиценци за работа, и контрола и мониторинг на активностите на докторите по ветеринарна медицина. 14.12. Приоритети за официјалните контроли и стратешки цели за периодот од 2012 до 2016 година Табела бр. 14.3 Приоритети Датум на спроведување Развој на професионалните ресурси со цел обезбедување висококвалитетни официјални контроли, преку планирање на ресурсите и промовирање на нивото на професионално образование преку обуки. 2012 година Да се обезбеди директна врска меѓу контролата на употребата на ВМП во одгледувалиштата со животни и ветеринарните друштва, и земањето примероци засновано на ризик НКПР 2012 година Подобрување на системот за земање примероци за резидуи со цел да се обезбеди навремено земање примероци во случај на сомнеж и развивање на систем за известување на сопственикот на животните/производите за резултатите од земените примероци. 2012 година Да се обезбеди дека во процесот на планирање се земени предвид главните ризички фактори, како што се недоследни резултати од претходните години, шеми на регионално производство, податоци за продажба на ВМП од главните веледрогерии и тестирање за ВМП спроведено според контролните активности за ВМП, како и лабораторискиот аналитички капацитет. НКПР 2012 година Изготвување и усвојување на законодавството за спроведување на член 10 и 11 од Директивата (ЕЗ) 82/2001 (каскадни начела). февруари, 2012 Изготвување и усвојување на законодавството за спроведување на Регулативата бр. 1950/2006. февруари, 2012 Изготвување и усвојување на законодавството за спроведување на член 67 од Директивата (ЕЗ) 82/2001 за класификација на ВМП на лекови кои се издаваат само со рецепт и лекови кои се издаваат без рецепт. 2012 година Воспоставување на процедури за професионален надзор со цел обезбедување на квалитет, непристрасност, постојаност и ефикасност на проверките на самото место. 2012 година 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 107 Поглавје 15 - Контролен систем за храна за животни и исхрана на животни 15.1. Општи стратешки цели Вовед Конкретни цели за секторот за храна за животни и исхрана на животните како би се обезбедило дека еден опсежен систем за официјална контрола ќе придонесе кон здравствената заштита и благосостојба на животните. Надлежноста за организацијата и функционалноста на надзорот на храната за животни и исхраната на животните во Република Македонија е доделена на Агенцијата за храна и ветеринарство (Закон за безбедност на храна последен пат изменет на 8 декември 2010- Службен весник бр. 157 член 15, 17 и 119). АХВ како независно тело на јавната администрација во улога на правно лице е воспоставена за извршување на активностите во однос на безбедност на храната за животни АХВ е надлежна за: • извршување дејности поврзани со безбедноста на храната за животни; • со исклучок на примарното земјоделско производство на производи од растително потекло; Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е надлежно за реализација на политиката за безбедност на храна за животни во примарното земјоделско производство и придружните операции на примарното производство на производи од растително потекло (член 25 и 26 од Законот за безбедност на храна). Државните ветеринарни инспектори и Државниот земјоделски инспекторат имаат законско овластување да дејствуваат во случај на сомнеж: забрана на производство, пуштање во промет и употреба на храна за животни, кревање на забраната, претовар и истовар на храната за животни, забрана за користење на возила за транспорт на добитичната храна, привремена забрана на производство и пуштање во промет на храна за животни, конфискување и отстранување на храна за животни (член 122 и123 од Законот за безбедност на храна). Законодавство АХВ е орган надлежен за координирање на законодавството и контролните системи, за прашања поврзани со безбедноста на храната меѓу надлежните институции во Република Mакедонија (Закон за безбедност на храна, член 119). Контролните системи се регулираат со главните одредби: 1. Закон за безбедност на храна - член 15,17 и 119; 2. Законот за безбедност на храната за животни (последен пат изменета верзија Бр. 53/2011) е повторно изготвен откако стапи на сила Законот за безбедност на храна – 08.12.2010 - и утврдена е новата структура на АХВ (на местото на Управата за Ветеринарство во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство); 3. Правилник бр.11-1551/4 за постапката за регистрација на објекти и оператори со храна за животни и формата и содржината и начинот на водење на регистри за објекти и оператори со храна за животни, одобрен од Директорот на АХВ (последна верзија, бр 96/2011) 4. Правилник за адитивите во храна за животни, бр 96/2011 5. Правилник за условите заа објектите кои произведуваат храна за животни, бр 5/2012 Во моментов, неколку Правилници се во фаза на транспонирање или изготвување. Стр. 108 - Бр. 105 23 август 2012 15.2. Надлежни органи AХВ располага со правни инструменти за спроведување на контролниот систем за храна за животни и исхрана на животните. Посебната структурна единица во АХВ - Одделението за безбедност на храна за животни и исхрана на животни – е основано за спроведување на систем за надзор на безбедноста на храната за животни. Но, во моментов не располага со доволно персонал, вклучувајќи го и раководителот на одделението, па практично, ова одделение не е во функција. Треба да се изготват и спроведат неколку подзаконски правни акти, програми и инспекциски упатства, документирани контролни процедури за надзор на храната за животни и операторите со храна за животни, и документи за воспоставување на систем за контрола на храна за животни заснован на ризик. Согласно законодавството постојат две нивоа на инспекција: Прво ниво – централно ниво (Секторот за ветеринарно јавно здравство), воглавно надлежно за креираење политики и опфаќа две одделенија: • Одделение за безбедност на храна за животни и исхрана на животни, • Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство Второ ниво - регионални единци Одделението за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство, кое ја координира работата на регионалните единици. Официјалните ветеринари во Одделението за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство се распоредени во регионалните единици согласно одредените региони воMакедонија. Државен инспекторат за земјоделство – тело во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, надлежно за примарното производство на храна за животни. Воспоставен е системот за одобрение и регистрација на објекти за производство, складирање и промет со храна за животни, согласно Законот за безбедност на храна за животни. Согласно овој закон, операторите со храна за животни кои вршат нејзино производство, обврзани се да известуваат за своите активности, по што се регистрираат или одобруваат и се внесуваат во регистарот на оператори со храна за животни. Во моментов во земјата се регистрирани 99 бизнис оператори со храна за животни (храна за животни) (Видете Табела бр.15.1). Табела бр. 15.1 бизнис оператори со храна за животни (храна за животни) регистрирани во земјата ВКУПНО Регион Град Производство Дистрибуција Големопродажба /Малопродажба Град Регион Куманово Куманово 4 4 4 4 8. Кратово 4 4 Штип Штип 2 5. 6 24 Свети. Николе 4 3 7 7 Пробиштип 3 5. 5. Радовиш 6 6 Кочани Кочани 8. 16. 16. 28 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 109 Виница 3 4 4 Берово 4 8. 8. Струмица Струмица 4 6 11. 11. 14. Валандово 2 2 2 2 Гевгелија 1. 1. 1. 1. Кавадарци Кавадарци 3 3 3 3 3 Тетово Тетово 1. Гостивар 1. 1. Охрид Охрид 2 Македонски Брод 2 2 Битола Битола 19. Прилеп 5. 6 6 Крушево 7 7 Ресен 4 4 Демир Хисар 2 2 2 ВКУПНО 45 20 97 99 99 Сите овие оператори треба да се пререгистрираат или да се одобрат согласно новиот Правилник бр 5/2012. Факултетот за ветеринарна медицина е овластена лабораторија за испитување на храна за животни. Стр. 110 - Бр. 105 23 август 2012 15.3. Организација и структура 15.3.1. Поделба на функции, задачи и одговорности Слика бр. 15.1. План на контролниот систем за храна за животни и исхрана на животни АХВ - Агенција за храна и ветеринарство МЗШВ - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство СВЈЗ – Секторот за ветеринарно јавно здравство ДИЗ - Државен инспекторат за земјоделство EУМС – ЕУ и секторот за меѓународна за соработка СГИ - Сектор за гранична инспекција ОБХЖЖ - Одделение за безбедност на храна за животни и исхрана на животни, ДИВЈЗ - Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство со регионалните единици ФВМ – Факултет за ветеринарна медицина (лабораторија за анализа на храна за животни) РЕ – Регионални единици ВИМ на ГП – Ветеринарно инспекциско место на граничен премин РС – Регионални седишта на МЗШВ БОХ – Бизнис оператори со храна 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 111 Активностите кои се однесуваат на безбедноста на храната за животни ги вршат АХВ и ДИЗ, тело во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за животни во примарното земјоделско производство и придружните операции на примарното растително производство. Директорот на АХВ е надлежен за успешно функционирање на Агенцијата; заменик директорот ги координира активностите меѓу секторите на АХВ и АХВT • креира политики; • изготвува закони; • изготвува и усвојува подзаконски акти, вклучувајќи ги и Правилниците за контролните системи за храна за животни и исхрана на животни; • врши официјални контроли. Секторот за ветеринарно јавно здравство (ВЈЗ) е надлежен за: • координација на работата на одделенијата во Секторите; • учествува во изготвувањето на примарното законодавство и подзаконските акти, програми и други акти за ветеринарно јавно здравство; • подготвува анализи и информации; • организира и реализира соработка со други надлежни органи и сектори; • спроведува операции во однос на ВМП и медицински помагала кои се користат во ветеринарната медицина, храната за животни и исхраната на животни; • се грижи за начинот на организација и вршењето на ветеринарно-санитарен преглед и контрола во објектите за колење на животни, преработка и складирање на производи од животинско потекло; • се грижи за начинот на организација и вршењето на официјални контроли на операторите со храна и храна за животни и другите правни и физички лица согласно законот за ветеринарно јавно здравство што е во сила; • врши анализа и доставува известувања и исто така врши и други операции во однос на ветеринарното јавно здравство. Две структурни одделенија во рамките на Секторот за ветеринарно јавно здравство се директно надлежни во спроведувањето на функциите доделени на АХВ за контролниот систем за храна за животни и исхрана на животни. Видете табела 15.2. Табела бр. 15.2 Поделба на функции Структурн единици Задачи и фунцкии Одделение за безбедност на храна за животни и исхрана на животни, •Зема учество во работата на професионалните комисии основани од стран на Директорот, со цел, спроведување ветеринарно санитарен преглед во објектите за производство, преработка, складирање, трговија и продажба на храна за животни; •Проверка и одобрение на доставената техничка документација за објектите за производство на храна за животни; • Професионална контрола на работата на објектите за производство и обработка на податоците во однос на производството, придржување до одредбите и следење на Стр. 112 - Бр. 105 23 август 2012 ситуацијата во однос на храната за животни и останатите производи наменети за исхрана на животните; •Професионално-аналитичка обработка на административните и останатите прашања кои се важни во примената на законските и останатите одредби; •Подготовка на професионално-аналитички и останати материјали за работните тела, изготвување на анализи, информации и останати материјали; • Водење регистар за правните субјекти кои вршат производство, преработка, складирање, трговија и продажба на храна за животни и други производи за исхрана на животни. ДИВЈЗ - Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство со регионалните единици • Ветеринарно-санитарен преглед на објекти и опрема за производство, финализирање, преработка и трговија со производи, суровини и отпад од животинско потекло, објекти за малопродажба кои вршат трговија со производи од животинско потекло, храна за животни, вода во процесот на производство и за напојување на животните; •Трговија со ветеринарни медицински помагала и медицински помагала кои се користат во ветеринарната медицина; •Земање и испраќање на материјали за лабораториско испитување; •Контрола на натоварот, истоварот и претоварот, издавање сертификати и меѓународни сертификати; •Подготовка и доставување на месечни и периодични извештаи. Покрај ова, одредени сектори во АХВ и назначените официјални лаборатории за контрола даваат свој придонес во обезбедувањето на официјалните контроли. Секторот за гранична инспекција (ГИ) - врши координација на задачите на одделенијата за гранична инспекција, учествува во изготвувањето на примарното законодавство и подзаконските акти, програми потребни за инспекцијата. Секторот ги опфаќа контролите при увоз, извоз, транзит и повторен извоз на храна за животни. Сите контроли се вршат на инспекциските места на граничните премини, гранични терминали во земјата и складишта каде што се чува храната за животни. Сектор за ЕУ и меѓународна соработка (EUIC) – креира политики за приближување на националното законодавство со принципите на законодавството на ЕУ : го координира изготвувањето на националното законодавство во надлежност на Агенцијата, по потреба, соработува со други надлежни професионални организации, институции и агенции во земјата и странство. Факултет за ветеринарна медицина (ФВМ) – Факултетот за ветеринарна медицина ги доставува резултатите од извршените тестови до АХВ и до официјалниот ветеринар кој ги испратил примероците. • во рок од 30 дена од денот кога примероците се примени • во случај на сомнеж на незадоволителни резултати по проверката на примерокот • и потоа по потврдата на неусогласеноста. Резултатите се доставуваат до АХВ по факс, а АХВ потоа стапува во контакт со официјалниот ветеринар надлежен за земањето промероци и за понатамошни мерки ако е тоа потребно. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 113 Државен инспекторат за земјоделство (ДИЗ) тело во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - врши контрола на храна за животни од растително потекло, во однос на примарното производство и сродните операции, како и здравствената заштита на животните. На регионално ниво, официјалните контроли ги врши државниот земјоделски инспектор во регионалните единици (РЕ) при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 15.4. Методи на контрола и техники 15.4.1. Методи на контрола и организација на официјалните контроли, Видете табела 15.3. Табела бр. 15.3 Официјални контроли на оператори со храна за животни и на храна за животни Тип на контроли/ Методи кои се користат Планирање Дејствување (извршување) Анализа на резутлатите Корективни мерки (ново планирање) Контроли Општ аудит (нацрт протокол) Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство . Корективни проверки Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство Одделение за безбедност на храна за животни и исхрана на животни; раководител на Секторот за ветеринарно јавно здравство Регионални единици Сектор за ветеринарно јавно здравство Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство . Државен инспекторат за земјоделство Мониторинг на храна за животни (Официјално земање на примероци) - Контрола на увезената храна за животни на местото на истовар Регионални единици (информации од ВИМ на ГП) Регионални единици Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство . Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство . Контрола на увезената храна за животнина граница Гранична инспекциска точка Сектор за гранична инспекција Стр. 114 - Бр. 105 23 август 2012 Земање примероци од храна за животни Се смета за потребно Регионални единици – на местото на истовар Факултет за ветеринарна медицина Секторот за ветеринарно јавно здравство Земање примероци храна за животни за системот за само контрола на бизнис операторите со храна за животни – резултатите истовремено се користат и како информации за официјална контрола Регионални единици Барање од операторите со храна за животни) Регионални единици Оператори со храна за животни Планирањето на официјалните контроли и анализаta на резултатите од истите во однос на добиточната храна и контролота на исхраната на животните е во надлежност на Секторот за ветеринарно јавно здравство Сè уште нема координација со Државниот инспекторат за земјоделство. Секоја година, секоја регионална единица добива „Работен план на Секторот за ветеринарно јавно здравство” изготвен и дистрибуиран од страна на Одделението за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство, Одделението за безбедност на храна за животни и исхрана на животни и раководителот на Секторот за ветеринарно јавно здравство. Во работниот план се наведени: задачите за секој месец, типот на оператори со храна за животни за контрола, видот на контрола (контрола, општ аудит). Официјалната контрола се врши на регионално ниво од страна на ветеринарните инспектори во регионалните единици, од граничните инспектори на граничните инспекциски точки и државните инспектори за земјоделство во регионалните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 15.4.2. Протоколи за вршење официјални контроли. Контролата на операторите со храна за животни се врши според Правилник за барањата за операторите со храна за животни во која било фаза на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни, како и хигиенските барања за добрите пракси за исхрана на животните („Службен весник на РМ“ бр.5/2012). Регионалните единици изработуваат месечни извештаи. Во извештаите се опфатени резултатите од инспекцијата; Извештаите се испраќаат на проценка до Одделението за ветеринарно јавно здравство. Во случај да се утврдени сериозни недоследности, веднаш да се известат Одделението за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство и раководителот на Секторот за ветеринарно јавно здравство. Увезенета храна за животни се контролира на ветеринарните инспекциски места на граничните премини – согласно организационите контроли на граница и местата за истовар на храна за животни – во регионите, храната за животни на ветеринарните инспекциски места на 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 115 граничните премини ја контролираат граничните инспектори, додека пак на местото на истовар на храната за животни, контролата ја врши ветеринарен инспектор. Мониторинг на храната за животни – сè уште не е реализирана програма за земање примероци. Примероците храна за животни на регионално ниво ги земаат ветеринарните инспектори (храна за животни од животинско потекло и крмни смески кои содржат храна за животни од животинско потекло). Примероците се земаат по потреба - во централното седиште на АХВ - за увезена храна за животни - за микриобиолошки тестови. Во случај на сомнеж, резултатите се испраќаат до АХВ, од каде што се стапува во контакт со инспекторот надлежен за земање примероци и за понатамошни мерки. Ветеринарните инспектори исто така земаат примероци во случај да се побара тоа од нив од страна на операторите за храна за животни за воспоставување на програма за земање примероци за сопствена контрола. Извештаите од испитувањата се достапни за инспекторите, за оценување на резултатите од сопствената контрола. Податоците од инспекцијата за анализа на резултатите од надзорот на храната за животни и операторите со храна за животни се чуваат во: • Регионалните единици - протоколи за инспекција, листа на оператори со храна за животни, записи за бизнис операторите со храна за животни; • Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство - месечни извештаи. 15.5. Документирани процедури, насоки и препораки Во моментов на располагање се само документирани процедури за оперативниот контролен систем: 1. дозвола за увоз на храна за животни; 2. чеклиста за контрола на операторите со храна за животни; 3. чеклиста за аудит – согласно новиот Правилник за барањата за операторите со храна за животни во која било фаза на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни, како и хигиенските барања за добрите пракси за исхрана на животните („Службен весник на РМ“ бр.5/2012) за спроведување на аудит за општите хигиенски барања за бизнис операторите со храна за животни; 4. образец за месечно известување за резултатите од инспекцијата на операторите со храна за животни во регионите; 5. образец за месечниот и годишниот план за работа, до регионалните седишта. 15.6. Систем на ЕУ за брзо известување за храна за животни Системот за брзо известување ќе се реализира по усвојувањето на критериумите за безбедност на храна за животни и целосно реализирање на официјалниот контролен систем за безбедност на храна за животни Стр. 116 - Бр. 105 23 август 2012 15.7. Човечки и технички ресурси Табела бр. 15.4 Човечки ресурси за системот на надзор на храна за животни и исхрана на животни Број Ниво на надзор и контрола Број на вработен персонал Забелешки 1. Централно ниво (прво ниво) 2 2. Локално/регионално ниво (второ ниво) 47 Со персоналот вклучен во процесот на контролните активности за храна за животни и исхрана на животните, раководи Секторот за ветеринарно јавно здравство Не е потполн персоналот во Одделението за безбедност на храна за животни и исхрана на животни Факултетот за ветеринарна медицина е овластена лабораторија за испитување на храна за животни. Доколку овластената лабораторија не е во можност да изврши испитување на примероците за официјалната контрола, се уредува испитување во друга лабораторија акредитирана за конкретниот метод и признаена од страна на ЕУ . 15.8. Мерки во случај на несообразност Со Законот за безбедност на храна се уредуваат (член 122 и 123) задолженијата на инспекторите вклучени во контролниот систен на храна наменета за животни и исхраната на животните, за АХВ и за Државниот инспекторат за земјоделство и се пропишани следниве мерки во случај на недоследности: – Усвојуваат одлуки во административните процедури; – забрануваат производство, пуштање во промет и употреба на храна за животни, во случај на сомнеж, – земаат примероци од храната за животни; – ја одземаат и изрекуваат наредба за отстранување на храната за животни Во моментов, не се реализирани пропишаните мерки за време на вршење на официјалните контроли 15.9. Обукa Системот за обуки не е во целост реализиран, но во 2010 година, 14 учесници посетуваа обука за Хигиена на храна за животни и исхрана на животни 15.10. Ставање на приоритети во однос на задачите во контролниот систем за храна за животни и исхрана на животните 123 Официјалните контроли се насочени кон контрола на увозниците на храна за животни контролите се вршат на ВИМ на ГП и на местата на истовар. Операторите со храна за животни се регистрирани во РЕ на АХВ. Во РЕ може да се најде листата на оператори со храна за животни Контролите се организираат согласно месечниот план. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 117 Основни критериуми за контрола на операторите со храна за животни: производителите, дистрибутерите, трговци на големо и мало -се контролираат еднаш годишно. 15.11. Анализа на ризик и категоризација на ризик Во фаза на развој е официјалниот контролен систем заснован на ризик. 15.12. Регистрација и одобрение на објекти Како основа за регистрација и/или одобрение на објекти е Регулативата 183/2005 член 9, 10. Национално Законодавство - Правилник бр.96/2011 согласно кој се одредуваат постапките за регистрација на оператори со храна за животни и формата и содржината и начинот на водење на регистрите. Реализацијата на гореспоменатиот правилник е во почетна фаза. 15.13. Приоритети за јакнење на контролниот систем за храна за животни и исхрана на животнит за време на планот за спроведување (2012-2016) 124 Табела бр. 15.5 Активности Датум на реализација Проверка и одобрение на доставената техничка документација за објектите за производство на храна за животни Професионална контрола на работата на објектите за производство, и обработка на податоците во однос на производството, придржување до одредбите, и следење на ситуацијата во однос на добиточната храна и останатите производи наменети за исхрана на животните Професионално-аналитичка обработка на административните и останатите прашања кои се важни во примената на законските и останатите одредби. Подготовка на професионално-аналитички и останати материјали за работните тела, изготвување на анализи, информации и останати материјали. Водење регистар за правните субјекти кои вршат производство, преработка, складирање, трговија и продажба на храна за животни и други производи за исхрана на животни. Задачи во однос на надзорот на безбедноста на добиточната храна: 6. утврдување на критериуми за безбедна и небезбедна храна за животни; 7. утврдување на критериуми за употреба на адитиви за храна чијашто концентрација е прифатлива за земјите на ЕУ 8. утврдување на процедури за земање примероци од храна за животни Стр. 118 - Бр. 105 23 август 2012 9. утврдување на официјални методи за анализа на храна за животни 10. утврдување на листа на супстанции забранети да се употребуваат како храна за животни; 11. утврдување на барањата за означување на храна за животни; 12. реализација на официјалната програма за земање примероци од храна за животни Задачи за операторите за надзор на добтиочната храна: 13. Спроведување на системот за регистрација на оператори со храна за животни, и водење регистар во електронска форма; 14. спроведување на систем за одобрување на оператори со храна за животни и водење регистар во електронска форма 15. изготвување на листа со активности со кои се опфаќа целиот ланец на храна – за регистрација или одобрение - да е достапна за операторите со храна за животни; 16. листата на активности на операторите со храна за животни да се користи како основа за реализација на контролен систем заснован на ризик Развој на систем за обуки за инспекторите вклучени во контрола на храната наменета за животни и исхраната на животните Поглавје 16 - Контролен систем за нус-производи од животинско потекло кои не се наменети за исхрана на луѓето (НПЖП) 16.1. Општи стратешки цели Законодавство Во однос на здравствените правила утврдени со Регулативата (EЗ) бр 1069/2009 за нус производи од животинско потекло, АХВ е надлежен орган за контрола на соодведтното спроведување на ова законодавство. Со постоечкиот Закон за нус-производи од животинско потекло во Република Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од септември 2007 ги дава сите законски овластувања на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за надзор, повлекување на одобрението и покренување судски постапки против правни и физички лица кои не ги исполнуваат барањата за нус-производи од животинско потекло кои не се наменети за исхрана на луѓето (НПЖП). Во моментов се ревидира Законот за нус-производи од животинско потекло и направените измени ќе бидат во согласност со правилата на Регулативата бр 1069/2009 на ЕУ. Со ново-усвоениот Закон за безбедност на храна, АХВ добива законски овластувања (од 1 јануари, 2011 година) за надзор, повлекување на одобрението и покренување судски постапки против правни и физички лица кои не ги исполнуваат барањата за нус-производи од животинско потекло кои не се наменети за исхрана на луѓето (НПЖП) Посебните правила од Регулативата за НПЖП се транспонирани во неколку Правилници. Правилата за НПЖП се утврдени во вкупно 14 Правилници, меѓу коишто во 2 Правилници се утврдени правилата за специфични ризични материјали (СРМ). Според тоа, основата на овие 2 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 119 Правилници не е во Регулативата за НПЖП туку во Регулативата (ЕЗ) бр 999/2001, за трансмисивни спонгиформни енцефалопати (TСE). Официјалниот контролен систем за ТСЕ е опфатен и опишан во контролниот систем за здравствена заштита на животните. Постоечкото национално законодавство за НПЖП и понатаму е засновано на европските правила за НПЖП согласно Регулативата (EЗ) бр 1774/2002. Затоа е потребна измена на овие национални правила Во моментот на изготвувањето на овој ПНКП беше предвидено да се измени Законот за НПЖП и во целост да се заменат Правилниците. Општ опис Во моментот на изготвувањето на овој ПНКП, секторот за НПЖП сè уште не е целосно развиен. Во земјата на постои кафилерија, којашто е основа на секој развиен систем за НПЖП, ниту пак истата е на располагање во соседните земји (или затоа што не постои или има ограничувања за увоз). Дестинациите за отстранување на НПЖП во најголемиот број случаи, не се во согласност со националните ниту пак правилата на ЕУ за НПЖП. Постојат неколку оператори за НПЖП во областа на нивна техничка примена. Имено тоа се оператори за собирање, ракување и складирање на третирани кожи за производство на кожи и изработка на ловечки пехари Овие оператори или се веќе одобрени согласно правилата за НПЖП или се во фаза на одобрување. Сепак, мнозинството на оператори со НПЖП не се одобрени ниту пак регистрирани како оператори за НПЖП ниту пак постапуваат со НПЖП согласно националните правила на ЕУ. НПЖП добиени кај операторите со храна, освен од фармерите, се отстрануваат во депонии или јами. Покрај тоа што депонирањето (без претходна преработка) не е дозволено согласно правилата на НПЖП за повеќето од НПЖП, овие депонии (јами) не се во согласност ниту пак се одобрени согласно Законот за животна средина (Директива 1999/31/EЗ) како што е наложено со правилата за НПЖП во случај да е дозволено депонирањето. Единствената депонија во Република Македонија одобрена согласно националниот закон, е депонијата Дрисла, којашто се наоѓа во рамките на општина Скопје. Во моментов, депонијата не ги исполнува во целост барањата на ЕУ; како што е утврдено во Директивата 1999/31/EЗ. СРМ што се произведува во кланиците од преживарите, се собира посебно и или се отстранува како што е опишано во претходниот пасус или се закопува на неодредено време во бетонски бункери кои се наоѓаат во близина на кланиците но се одвоени од инфраструктурата на кланицата. Оваа дестинација којашто не е предвидена во законот на ЕУ, е предвидениа во националните правилници за постапување со СРМ. Со НПЖП произведени на ниво на фарма (угинат добиток) се постапува на истиот начин како што е опишано погоре, или се зaкопуваат во близина, или пак на самата фарма или пасиштето. Не постојат посебни правила ниту пак уредувања за угинатите животни кај кои можеби има или не СРМ АХВ е единствениот надлежен орган во земјата за контрола на НПЖП. Во рамките на ова законодавство, не се дадени овластувања. Во отсуство на законски алтернативи за депонирање, не се изрекуваат казни или пак други санкции на производителите на НПЖП во случај да се користат неодобрени дестинации, да нема комерцијални документи или пак во истите да недостигаат информации, да не се наведени категориите итн. Но, во некои објекти, на иницијатива на надлежниот инспектор, преземени се првите чекори (покрај дестинацијата) за спроведување на правилата за НПЖП (категоризација, означување, следливост, приматели). Па според тоа, главните проблеми во однос на НПЖП се отстуство на начини за отстранување или законска и безбедна употреба, и отсуство на систем за управување за НПЖП кај производителот на храна и на ниво на фарма (записи, следливост, категоризација и хигиена). Стр. 120 - Бр. 105 23 август 2012 16.2. Назначување на надлежен орган Во рамките на АХВ Секторот за ветеринарно јавно здравство и Одделението за нус производи од животинско потекло обезбедуваат надзор на централно ниво. Но персоналот од ова одделение не е посветено само на овие функции. Контролите на НПЖП ги врши Одделението за државна инспекција за храна од животинско потекло со регионалните единици. Депонијата е овластена согласно законодавството за депонирање на отпад и истата подлежи на правилата за животна средина, во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање. Но контролите на НПЖП во овие објекти мора да ги врши АХВ. Во рамките на НПЖП, императив претставува комуникацијата со Министерството за животна средина и просторно планирање. На располагање се лицата за контакт со ова министерството, и истите се контактираат на основа од-случај-до-случај. 16.3. Број на претпријатија или фарми или други објекти кои се под контрола Видете ја подолу табелата 16.1.со бројот на објекти за храна кои произведуваат НПЖП. Во оваа табела не е опфатен бројот на фарми за добиток, За бројот на фарми за добиток, Видете го Поглаје 10 од ПНКП. Табела бр. 16.1 Тип на објект Број на оператори Складишта со температурен режим 82 Објекти за засекување на месо 3 Кланици 20 Објекти за преработка на месо: 44 Млечни фарми 80 Објекти за сортирање на јајца наменети за исхрана 10 Штавилници 1. Штавилница/примарно производство 11. ВКУПНО 251 16.4. Лаборатории Во моментов не е потребен план за земање примероци од НПЖП бидејќи во земјата не постојат преработувачки постројки, објекти за производство на храна за домашни миленици, постројки за биогас и компост ниту пак постои извоз на РАP за производство на храна за животни. Со законодавството за НПЖП се утврдуваат единствено микробиолошките правила за гореспоменатите активности. Па затоа, досега немало потреба да се реализира план за анализи во областа на НПЖП. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 121 16.5. Соработка меѓу операторите за храна и храна за животни со персоналот кој врши официјални контроли Соработката меѓу операторите и АХВ е прилично добра. Но мора да се напомене дека досега не се побарани поголеми промени од страна на индустријата за кои би биле потребни значителни вложувања (финансиски или вработување на персонал) Не е воспоставено тело за консултација со предметниот сектор за НПЖП. Постои одредена свесност кај главните оператори (кланцици, објекти за засекување, објекти за преработка на млеко итн) дека НПЖП ќе станат важно прашање и дека областа од законодавството за здравствена заштита на луѓето и животните најмногу заостанува во споредба со ситуацијата во ЕУ. Досега не е преземена приватна иницијатива од различните предметни сектори со цел да се воспостави законска дестинација или транспорт согласно законодавството. 16.6. Организација и структура 16.6.1. Поделба на функции, задачи и одговорности Како што беше споменато погоре, АХВ е единствениот надлежен орган во рамките на законодавството за НПЖП. Во рамките на АХВ постои посебно одделение за нус-производи од животинско потекло. Централното одделение е надлежно за изготвување на процедури, издавање здравствени сертификати за извоз, националното законодаство, изготвување на контролна програма, координација на инспекции и собирање податоци. Ќе биде надлежно за реализација на стратегијата за воспоставување на сектор за НПЖП во земјата. Контролите ги вршат регионалните единици во рамките на Одделението за државна инспекција за храна од животинско потекло. Инспекциите и (во иднина и) земањето примероци, ги вршат инспектори од ова одделение. По потреба, информациите за НПЖП се собираат преку овие одделенија, на основа од-случај-до-случај (прашалник). Одобрението на НПЖП го вршат заедно централните и регионалните единици. Потврдата на барањата на постројката за НПЖП ја врши тим за аудит, составен од експерти на централно ниво, и инспектори од различни региони кои се обучени за законодавството за НПЖП (обука 2009, Видете infra). Не се утврдени писмени процедури за процеот за одобрување на постројки за НПЖП но, од добиените информации може да се заклучи дека постои практична процедура којашто се применува Иако не постојат надлежности за НПЖП надвор од АХВ, законодавството за НПЖП зависи од некои дестинации од други законодавства и следствени, други надлежни органи. Депониите и постројките за (ко-)инценерација за кои е потребно одобрение, се одобруваат или овластуваат согласно законодавството за животна средина за кои не е потребно посебно одобрение за НПЖП. Во моментов не постојат постројки за (ко-) инценерација кои можат да вршат инценерација на НПЖП. Само една депонија е одобрена согласно законот за депонирање отпад. И двете дестинации, во однос на правилата за животна средина, се во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамките на НПЖП, императив претставува комуникацијата со Министерството за животна средина и просторно планирање. На располагање се лицата за контакт со ова министерството, и истите се контактираат на основа од-случај-до случај. Стр. 122 - Бр. 105 23 август 2012 16.6.2. Методи на контрола и техники Во моментов инспекциите се вршат врз основа на испитување на било кои аспекти за НПЖП од страна на операторот) или пак во најголем број на случаи, врз основа на надзор (набљудуање на некои аспекти за НПЖП кај операторот, директно засновани на правилниците. Чеклистите се во фаза на изработка. Чеклистите се веќе изготвени на англиски јазик, за најрелевантните активности во земјата. Финализирањето на овие контролни листи првенствено ќе зависи од усвојувањето на општите процедури за изготвување на контролни листи. Утврдени се неправилности, но заради отсуството на законски дестинации, не постои упатуваење кон овие во најголемиот број на случаи со цел да се доведат во сообразност со законодавството. Аудитите се спроведуваат од страна на тимови составени од централен и регионален експерт за НПЖП, за одобрение или регистрација на објекти за НПЖП, засновани директно на барањата утврдени во Правилниците. Овие објекти се дадени во системот на ЕУ TRACES, следејќи ги техничките спецификации на ЕУ. http://ec.europa.eu/food/food/biosafety/establishments/docs/technical specifications d7177%202010 rev 1 01%203%202011.pdf) 16.6.3. Сертификација Сертификатите за извоз на НПЖП се издаваат на централно ниво. Потврдувањето дека барањата утврдени во здравствените сертификати се исполнети се врши за секој сертификат издаден од страна на одделението за нус-производи од животинско потекло. Операторите кои сакаат да извезуваат во земји-членки на ЕУ, треба да се наведени во горенаведените листи на TRACES, пред да може да се издадат здравствените сертификати. 16.6.4. Земање примероци и анализи Во моментов не е изготвен план за земање примероци и не се вршат анализи. 16.6.5. Одобрение и регистрација Одобрението на НПЖП го вршат заедно централните и регионалните единици. Инспекцијата пред издавање на одобрението ја врши тим составен од експерти од централно ниво и инспектори од различни региони кои се обучени за законодавството за НПЖП (обука 2009, Видете infra). Не се утврдени писмени процедури за процеот за одобрување на постројки за НПЖП но, постои практична процедура којашто се применува 16.7. Документирани процедури, насоки и препораки За инспекција или надзор на операторите во однос на барањата за НПЖП, во моментов нема усвоено посебни документи; но контролни листите се во напредна фаза во процесот на усвојување. Чеклистите се изготвуваат на централно нивоl. За собирањето на податоци во однос на количеството и типот на НПЖП кои се произведуваат од страна на операторите со храна за животни, изготвен е прашалник, како и процедура за пополнување на истиот. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 123 16.8. Систем за брзо известување за храна и храна за животни (RASFF) Република Македонија нема пристап до RASFF. Но во рамките на Секторот за стручна поддршка воспоставено е одделение за комуникација со ризик. Ова одделение има улога на точка за контакт со ЕУ во однос на информациите за RASFF кои се однесуваат на РепубликаMaкедонија. Исто така претставува точка за контакт во однос на прашањата за НПЖП од RASFF. Ќе се воспостави внатрешен систем за дистрибуција и управување со овие информации, и ќе се обезбеди соодветната реакција. 16.9. Организација на официјалните контроли Во моментов инспекциите или надзорот се вршат согласно Правилниците. Не е утврдена зачестеноста или бројот на инспекциите кои се вршат кај операторите за НПЖП. Централните служби на АХВ немаат изготвено контролна програма за аспектите на НПЖП. Па така, одредени инспекции и надзор ги вршат инспекторите во одредени случаи (на сопствна иницијатива или пак на барање од централните седишта, од еден до друг случај), но не на централниот, годишен и предвиден начин. 16.9.1. Поставување приоритети и одржување рамнотежа меѓу задачите и ресурсите Не е воспоставен систем на приоритети во однос на официјалните контроли. 16.9.2. Природа, време, зачестеност и точка на официјалните контроли Не е воспоставен официјален контролен систем. 16.9.3. Анализа на ризик и категоризација на ризик (основни компоненти на анализа на ризик и систематски пристап) Не е воспоставен официјален контролен систем заснован на анализа и категоризација на ризик. 16.10. Конкретни активности Со цел да се направи проценка на количеството НПЖП кое е произведено во земјата, испратен е прашалник до сите производители на НПЖП со исклучок на фармите. Собирањето на податоци за првпат е реализирано во 2009 година, а вторпат во 2011 година. Ваквото собирање на податоци ќе се врши секоја година со цел да се добие подетална и сигурна слика за производството, во однос на познавањата за тоа што се смета дека е НПЖП и бројот на потенцијалнте производители на НПЖП се зголемува како за инспекторите така и за операторите. 16.11. Предвидени уредувања и потврда и поделба на плановите и програмите Во моментов нема воспоставено централен контролен план или програма за инспекција и анализа на барањата за НПЖП. Стр. 124 - Бр. 105 23 август 2012 16.12. Меѓународна трговија и сертификација Извозот на НПЖП претежно се состои од кожи кои се извезуваат за штавење во други земји. Ловечките трофеи се извезуваат во други земји, согласно правилата утврдени од третата земја (на пр. извоз во земја-членка на ЕУ согласно правилата и сертифицијарно како што е утврдено во Регулативата бр142/2011 на ЕУ). Сертификатите за извоз се издаваат на централно ниво од страна на Одделението за нус-производи од животинско потекло, и потврдата на барањата кои треба да се сертифицираат се врши според принципот од-еден-до-друг-случај. За извоз во ЕУ, објектите кои имаат одобрение за извоз во ЕУ се дадени во системот на TRACES, како што е објаснето во точка 3.2. Увозот на НПЖП е незначителен и воглавно се состои од увоз на кожи кои се корстат во штавилниците во Република Македонија. Ова е како резултат на непостоењето на постројки за преработка или третман на НПЖП, технички постројки или пак постројки за храна за животни кои користат добиени производи, во РепубликаMакедонија. Сертификатите утврдени во Правилникот се изготвени врз основа на сертификатите утврдени во Регулативата (EУ) бр 142/2011. Потврдата на здравствените сертификати на дојдовни пратки се врши на инспекциските места на граничните премини во земјата. Законска основа Во Правилникот за формата и содржината на ветеринарно-санитарните сертификати во однос на нус-производи од животинско потекло кои се увезуваат или пак транзитираат во или низРепубликаMакедонија, се утврдени правните барања за увоз и извоз на НПЖП во и од Република Mакедонија. Овие правила се во согласност со Регулативата (ЕЗ) за НПЖП бр.. 11774/2002 и истите се ажурираат како би биле во согласност со Регулативата на ЕУ бр. 142/2011 16.12.1. Државен надзор и контрола Надзорот при увоз се врши на инспекциските места на граничните премини. Здравствените сертификати за извоз се издаваат на централно ниво од Одделението за НПЖП. Потврдата дека барањата се сертифицирани се врши според принципот од-еден-до-друг случај. 16.13. Човечки и технички ресурси, вклучително и лаборатории Одделението за НПЖП на централно ниво се состои од 1 соработник, 1 помлад соработник и 2 референти Нема назначено раководител на одделение, па затоа одделението е под директна надлежност на раководителот на Секторот за ветеринарно јавно здравство. Согласно планот за вработување, предвидено е во ова одделение за НПЖП да се вработени 11 лица. Фунцкиите на Одделението за нус-производи од животинско потекло се опишани во Правилникот за внатрешната организација на Агенцијата за храна и ветеринарство Во моментов, нема опис на работните места за персоналот во рамките на одделението. На регионално ниво, инспекторот во надлежност на Одделението за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство ги врши контролите во однос на барањата за НПЖП. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 125 16.14. Мерки со кои се обезбедува сообразност со оперативните критериуми и законодавните норми Методот со кој се проверува сообразноста со барањата утведени во Законот за нус производи од животинско потекло. Одобренијата се издаваат само откако ќе се изврши целосен аудит од страна на специјален тим за аудит на НПЖП, кој се состои од експерти за НПЖП на централно и регионално ниво. 16.15. Мерки во случај на несообразност Со законот за нус-производи од животинско потекло се обезбедуваат сите алатки за изрекување казни на операторите (3000 до 5000 евра за правни лица и 50 до 1000 евра за физички лица) и за повлекување на одобрението од операторите. 16.16. Заемна поддршка, соработка и координација Воспоставени се првичните контакти се Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е опишано во точка 3.1 16.17. Обуки Потребна е обука за аспектите на НПЖП заради непостоењето на претходни инспекции за НПЖП. Сè уште не е воспоставен координиран план за обуки. Обуките се организираат индивидуално според конкретниот случај. Во 2009 е организирана интензивна тринеделна обука за избран број на инспектори и персонал од централно ниво. Оваа обука се состоеше од двонеделни предавања и еднонеделна посета на Белгија, кога беа посетени повеќето истакнати оператори во однос на законодавството за НПЖП. АХВ учествува во иницијатитвата на ЕУ, BTSF. Обуките за НПЖП се оргаинизирани како дел од BTSF, од 2008 до 2011 (во 2012 не е предвидена обука за НПЖП). АХВ има испратено неколку лица (од централно ниво) на овие обуки. Во јуни 2011 е организирана дводневна обука за десетина лица од централно и регионално ниво, на којашто беа претставени главните промени во законодавството на ЕУ, по стапување во сила на Регулативата 1069/2009 . Постои одредено општо познавање за НПЖП во земјата, особено на централно ниво. Сепак, заради недостиг на практични обуки, ова знаење во најголем број на случаи е теоретско. Поголемиот број на инспектори на регионално ниво имаат ограничено или пав воошто непаат искуство/обуки за НПЖП. 16.18. Документација и известување, евиденција и одржување Во моментов се изготвува документациската процедура. Постои прашалник за собирање на податоци за количеството и типот на НПЖП произведени во објектите за храна. Според овој прашалник, утврдена е процедура за пополнување на истиот . За оценување на доставените податоци се користи стандардна табела. Со цел следливост, и водење на евиденција, се користи комерцијален документ заснован на комерцијалниот документ на ЕУ за НПЖП, кој го користат одредени оператори кои произведуваат, превезуваат или пак ракуваат со НПЖП. Стр. 126 - Бр. 105 23 август 2012 Комуникацијата за прашањата во однос на НПЖП и централното собирање на податоци за истите, ја координира централното одделение за НПЖП. 16.19. Oснова на законодавството Правилата со цел да се спречат и намалат ризиците во однос на јавното и здравјето на животните коишто произлегуваат од НПЖП и производите добиени од нив, се утврдени во Законот за нус-производи од животинско потекло. Овој закон се заснова на правилата на ЕУ за НПЖП, имено Регулативата (ЕЗ) бр 1774/2002 т.е. поранешниот закон за НПЖП којшто повеќе не се применвуа во ЕУ. Во моментов се ажурира ова законодавство. Со овој закон не се утврдуваат само барањата за постапување со НПЖП туку и одредени барања во однос на законодавството за ТСЕ т.е СРМ и правилата за забрана за храна за животни (забрана за употреба на одредени животински протеини во храната за фармски животни). Со овој закон се утврдува належниот орган, се утврдуваат одредени технички барања, се дава овластување на надлежниот орган за воспоставување на подзаконските акти, се утврдуваат кривичните одреби и се предвидува повлекување на одобренијата за објектите кои не се во согласност со овој закон. Подзаконските акти се состојат од 14 Правилници во кои се утврдени посебните правила за различните активности. Целосната листа за сегашните Правилници може да се најде во Табела 16.2. Табела бр. 16.2 Правилник за листата на категоризирани нус производи од животинско потекло. Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 53/2008 Правилник за посебните услови од однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат олеохемиските објекти и објектите за производство на биогас и компост. Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 21/09 од 17/02/2009 Правилник за техничките услови и начинот на вршење на работите кои треба да ги исполнат објектите за собирање и складирање на нус-производи од животинско потекло. Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 21/09 од 17/02/2009 Правилник за начинот на собирање, превезување и идентификување на посебните категории на нус производи од животинско потекло Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 21/09 од 17/02/2009 Правилник за формата и содржината на ветеринарно санитарните сертификати за нус-производи од животинско потекло кои се увезуваат или транзитираат во или низ РепубликаМакедонија Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 28/09 од 25/02/2009 Правилник за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост како и постапките и условите за вршење на соодветни дејности кои треба да ги исполнуаат преработувачките објекти за Категорија 3 Материјали и посебните услови за преработени животински протеини кои може да се користат како материјал за исхрана на животните. Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 152/09 од 21/12/2009 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 127 Правилник за формата, содржината и начинот на водење евиденција што ја вршат правни и физички лица кои испраќаат, превезуваат или примаат нус-производи од животинско потекло Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 152/09 од 21/12/2009 Правиник за начинот на собирање и нештетно отстранување на нус-производи од животинско потекло и техничко-технолошките услови кои во поглед на објектот, опремата и кадарот треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат собирање и нештетно отстранување на нус-производи од животинско потекло како и техничко-технолошките услови што треба да ги исполнуваат превозните средства за превоз на нус производи од животинско потекло. Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 157/2009 од 28/12/2009 Решение за определување на нус-производи од животинско потекло како специфичен ризичен материјал од аспект на ТСЕ. Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 26/2010 од 23/02/2010 Правилник за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нус-производи од животинско потекло. Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 73/2010 од 31/05/2010 Правилник за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нус-производи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и технички производи од нус-производи од животинско потекло. Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 110/2010 од 20/08/2010 Правилник за посебните технички услови за постапување и нештетно отстранување на специфичен ризичен материјал. Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 113/2010 од 27/08/2010 Правилник за начинот и постапката за примена на исклучоците во однос на употребата на нус-производи од животинско потекло. Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 113/2010 од 27/08/2010 Правилник за поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забраните за употреба на одредени нус-производи во исхраната на животните и одредени технички производи од нус-производи од животинско потекло. Објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 121/2010 од 15/09/2010 Стр. 128 - Бр. 105 23 август 2012 16.20. Приоритети за официјалните контроли и стратешки цели за периодот од 2012 до 2016 година Табела бр. 16.3 Број Приоритети за реализација на ПНКП Датум на спроведување 1. Вработување на персонал 2. Воспоставување на официјален контролен систем заснован на анализа на ризик и категоризација на ризик. Втората половина на 2012 година 3. Одобрение и/или регистрација на оператори кои веќе ги исполнуваат правилата за НПЖП Втората половина на 2012 година 4. Изготвување на листа со одобрени и регистрирани објекти Втората половина на 2012 година 5. Изработка и реализација на план за инспекција и земање примероци од НПЖП Првата половина на 2013 година 6. Сообразност на националното законодавство со законодавството на ЕУ во однос на НПЖП Првата половина на 2013 година 7. Реализација и изготвуваее на контролна програма за НПЖП Втората половина на 2013 година 8. Спроведување на правилата за категоризација, следливост, идентификација и хигиена на НПЖП на ниво на производител (освен фарми) Втората половина на 2013 година 9. Воспоставување на одобрена дестинација за отстранување на НПЖП согласно правилата на Е 2013-2016 10. Спроведување на преостанатите правила за НЖПП на ниво на НПЖП (со исклучок на фарми) 2013-2016 11. Спроведување на пправила за НЖПП на ниво на фарми (угинат добиток) 2013-2016 12. Зајакнување на системот за обуки 2012 -2016 Проценката на временските интервали за извршување на дадените задолженија врз основа на расположливоста на човечките ресурси вклучени во овие области како и врз основа на преземените активности на останатите сектори на АХВ, кои имаат одредени работни задачи во однос на НПЖП, како и активностите на Владата на Република Македонија во однос на воспоставувањето на систем за постапување со НПЖП на терен. Поглавје 17 - Контролен систем за увоз на живи животни и храна од животинско потекло 17.1. Општи стратешки цели Вовед ВО Правилникот за „Внатрешана организација на АХВ“ е наведено дека Секторот за гранична инспекција ги координира операциите на структурните единици во надлежност на секторот. Секторот треба да ја опфати контролата на храна и храна за животни при увоз, извоз, 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 129 транзит и повторен извоз и контролата на живи животни при увоз, извоз и повторен извоз. Работните задачи се извршуваат на граничните премини, граничните терминали во внатрешноста на земјата и складиштата каде што се чуваат храната и добиточнта храна или пак места каде што се чуваат живи животни . Законодавство Општите надлежности на АХВ за вршење на официјалните контроли при увоз/транзит, се утврдени во Законот за безбедност на храна. Дополнително на тоа, член 15 од Законот за ветеринарно здравство ја обезбедува законската основа за официјалните ветеринари да спроведуваат ветеринарни гранични контроли на пратки при увоз и транзит, со живи животни, производи од животинско потекло и НПЖП. Со член 111 од Законот за ветеринарно јавно здравство официјалните ветеринари имаат овластување на изрекуваат казни во случај да не е доставена претходна најава за пристигнување на пратките на ВИМ на ГП. Контролните системи се регулираат со главните одредби: 1. Закони: 1.1. Закон за безбедност на храна, последен пат изменет на 8 декември, 2010, „Службен весник на Република Македонија”, бр. 157 од 08.12.2010; 1.2. Закон за ветеринарно здравство 2007; 1.3. Закон за ветеринарно здравство, „Службен весник на Република Македонија”, бр 24 од 25.02.2011; 1.4. Закон за здравствена заштита на животни и благосостојба, 2007. 2. Подзаконски акти: 2.1. Листа на живи животни и производи од животинско потекло кои подлежат на ветеринарни проверки на граница, „Службен весник на Република Македонија”, бр 59 од 20.04.2011; 2.2. Листа на инспекциските места на граничните премини, бр. 20100591046, „Службен весник на Република Македонија” бр 59 28.04.2010; 2.3. Правилник бр. 11-288/3 од февруари 2011 „за внатрешна организација на Агенцијата за храна и ветеринарство“ објавена врз основа на член 55, став 1 од Законот за организација и работа на државните административни тела. „Службен весник на Република Македонија” бр 58/00, 44/02, 82/08 и 167/10; 2.4. Правилник бр 11-288/3 „За систематизација на работните места во Агенцијата“ објавен врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на државните административни тела. („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08 и 167/10); 2.5. Правилник за за условите кои треба да ги исполнуваат објектите, опремата и стручниот када потребни за вршење на ветеринарна инспекција на граниченн премин, „Службен весник на Република Македонија”, бр 40 oд 24.03.2010 ( во сила од 01.2012); 2.6. Правилник бр.113/2007 за „Начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи кои ја придржуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло”; Стр. 130 - Бр. 105 23 август 2012 2.7. Правилнк за начинот на вршење проверка и преглед на граничен премин на пратки од животинско потекло кои се внесени како личен багаж на патниците и се наменети за лична употреба или некомерцијални цели, „Службен весник на РМ“ бр 94 oд 29.07.2009 и бр 139/09; 2.8. Правилник за начинот по постапката за увоз и транзит и начинот и постапката за вршење проверки и преглед на пратки домашни миленици кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица и се придружени од сопственикот или одговорно лице како и формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат и формата и содржината на пасошот. „Службен весник на Република Македонија”, бр 102/208; 2.9. Правилник бр 20081021940 за начинот и постаките за увоз и транзит и начинот и постапките за вршење проверки и преглед на пратки домашни миленици од видовите птици кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица и се придружени од сопственикот или одговорното лице, како и формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат„Службен весник на РМ“ бр 102 oд 18.08.2008. 17.2. Назначување на надлежен орган АХВ е надлежен оргн за контролниот систем при увоз. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е државна административна институција и функционира како самостојна институција воРепубликаМакедонија надлежна за спроведување на официјалните контроли при увоз, на надворешните граници. Општите надлежности на АХВ за вршење на официјалните контроли при увоз/транзит, се утврдени во Законот за безбедност на храна. Дополнително на тоа, член 15 од Законот за ветеринарно здравство и Законот за заштита на животните, ја обезбедува законската основа за АХВ да ги спроведува ветеринарни гранични контроли на пратки при увоз и транзит, со животни, производи од животинско потекло и НПЖП Секторот за гранична инсекција во рамките на АХВ на централно ниво, и на ветеринарните инспекциски места на граничните премини, е надлежен за официјални контроли на производи од животинско потекло и живи животни наменети за увоз/транзит во Република Македонија. Во однос на официјалните контроли и слободни зони, слободни и царински складишта, АХВ е надлежна, согласно член 95 од Законот за ветеринарно здравство. Во истиот член се утврдува надлежноста на АХВ за надзор на царинските складишта, слободните зони и слободните складишта, нивното одобрение и укинување АХВ е надлежна за проверки при увоз за движење на домашни миленици и домашни птици кои не се наменети за трговија. Персоналот од ВИМ на ГП е надлежен за надзор на уништувањето на кујнскиот отпад од меѓународните превозни средства. Царинската служба е надлежна за: • АХВ е надлежна за проверки при транзит за движење на домашни миленици кои не се наменети за трговија и на патничкиот багаж. • За уништување на личните пратки. Министерството за животна средина и просторно планирање е надлежно за: • Одобрување на депонии каде што се отстранува отпадот од меѓународните превозни средства; • Местата на влез на пратките од CITES се во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 131 17.3. Општ опис на надлежностите Структурните единици на АХВ кои ја обезбедуваат граничната контрола: Инспекциски места на гранични премини Увоз на животни, производи и нус-производи од животинско потекло е дозволен на територијата на Mакедонија само преку ветеринарните инспекциски места на граничните премини согласно член 82 од Законот за ветеринарно здравство Слика бр. 17.1 Мапа на ветеринарни инспекциски места на гранични премини во Република Македонија Листата со сите ветеринарни инспекциски места на гранични премини од кои е дозволен увоз, е објавена во Службениот весник на Република Македонија, бр 59 28.04.2010: 1. Блаце на границата со Косово 2. Табановце како патна и железничка ГИT на границата со Србија; 3. Деве Баир на границата со Бугарија; 4. Делчево на границата со Бугарија; 5. Новосело на границата со Бугарија; 6. Богородица како патен и железнички граничен премин на границата со Грција; 7. Меџитлија на границата со Грција; 8. Ќафасан на границата со Албанија; 9. Скопскиот аеродром (аеродромот Александар Велики); 10. Охридскиот аеродром (само за кучиња и мачки) Четири ВИМ на ГП - Taбановце, скопскиот аеродром, Богородица, Меџитлија, се изградени и опремени согласно барањата на ЕУ. ВИМ на ГП на скопскиот аеродром е во функција во новиот објект од 8 септември 2011. Стр. 132 - Бр. 105 23 август 2012 Два други гранични премини - Ќафасан, на границата со Aлбанија и Блаце, на границата со Косово, во моментов не ги исполнуваат барањата на ЕУ, но предвидено е во најблиска иднина истите да се изградат согласно барањата на ЕУ АХВ е надлежна за одобрување и утврдување на барањата за опремата и просториите на ВИМ на ГП. Taбела бр. 17.1 Листа на ВИМ на ГП на Агенцијата за храна и ветеринарство во РепубликаMакедонија Одобрение ВИМ на ГП Производи Живи животни Тип Работно време Број на официјални ветеринари Блаце ЧИ,НЧИ К,E,O Патен 8:00-18:00 2 OФ Табановце ЧИ, НЧИ К,E,O Патен Нон-стоп 5 OВ Деве Баир ЧИ, НЧИ К,E,O Патен 8:00-18:00 2 OВ Делчево ЧИ, НЧИ К,E,O Патен На повик регионален ОВ Ново Село ЧИ, НЧИ К,E,O Патен 8:00 – 18:00 1 OВ Богородица ЧИ, НЧИ К,E,O Патен Нон-стоп 5 OВ Меџитлија ЧИ, НЧИ К,E,O Патен 8:00-18:00 2 OВ Ќафасан ЧИ, НЧИ К,E,O Патен 8:00-18:00 1 OВ ЧИ, НЧИ Аеродром ЧИ, НЧИ Пошта, телефон, телеграф Скопје ЧИ, НЧИ Железница На повик од Блаце Охрид Кучиња, мачки Аеродром На повик од Ќафасан ВКУПНО 18. Појаснувања и кратенки: ЧИ- за човечка исхрана НЧИ- не е за човечка исхрана К- копитари: говеда, свињи, овци, кози, диви и домашни коњи E- Регистрирани еквиди, како што е дефинирано во Директивата 90/426/EEЗ на Советот. O - други животни (вклучувајќи ги и животните од зоолошките градини). 17.4. Организација и структура 17.4.1. Поделба на функции, задачи и одговорности Секторот за гранична инсекција во рамките на АХВ на централно ниво, и на ветеринарните инспекциски места на граничните премини, е надлежен за официјални контроли. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 133 Централно седиште: Секторот за гранична инспекција врши организација и координација на официјалните контроли во однос на усогласеноста со барањата утврдени во законодавството за живи животни и храна од животинско потекло како и други производи, и усогласеноста на прехранбените производи со критериумите во однос на здравјето на потрошувачите. Исто така изготвува упатства и процедруи, ги оценува инспекцијата и резултатите од земените примероци. Ветеринарни инспекциски места на гранични премини На централно ниво работат петмина ветеринари во Државната ветеринарна инспекција при Секторот за гранична инспекција и 18 официјални ветеринари кои работат локално на ВИМ на ГП. Со ВИМ на ГП раководат раководителите на ВИМ на ГП кои се под надзор на Секторот за гранична инспекција при АХВ (Централно седиште) Инспекторите се надлежни за контрола на граница на живи животни и прехранбени производи од животинско потекло како и други производи. Сите инспектори се квалификувани. Барањата за официјалните ветеринари се утврдени во член 16 од Законот за ветеринарно здравство да е доктор по ветеринарна медицина, вработен од страна на надлежниот орган во согласност со одредбите утврдени со Законот за државни службеници. Координацијата и размената на информации меѓу централно ниво и ВИМ на ГП се врши преку: наредби, процедури и упатства, како и веб-страницата на АХВ. Лаборатории: За испитувања на храна од животинско потекло, АХВ соработува со универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Факултет за ветеринарна медицина. Постои формален договор меѓу МЗШВ и Факултетот за ветеринарна медицина.. Инспекторите земаат примероци на граничниот премин, по што лабораторискиот персонал ги собира примероците и ги превезува од ВИМ на ГП до предметната лабораторија. Факултетот за ветеринарна медицина ги обезбедува опремата за земање примероци и возилата за превезување на истите. Стр. 134 - Бр. 105 23 август 2012 Слика бр. 17.2. Дијаграм на Секторот за гранична инспекција во АХВ 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 135 17.4.2. Хиерархија на наредби Директорот на АХВ врши надзор на раководителот на Секторот за гранична инспекција, кој пак врши надзор на Одделението за државна гранична инспекција на граничните премини. Координацијата меѓу централно ниво и ВИМ на ГП е по пат на телефон, електронска пошта или факс. Постои секојдневна комуниација меѓу ВИМ на ГП со централното седиште во однос на донесените одлуки за пратките. Извештаите од ВИМ на ГП се испраќаат од локално до централно ниво. Согласно Законот за државни службеници во Maкедонија, нивно оценување се врши двапати годишно. 17.5. Методи на контрола и техники 17.5.1. Контролен процес Контролите на ВИМ на ГП се вршат врз основа на Законот за ветеринарно здравство (членови 84 - 95, 103 - 104), Законот за безбедност на храна (членови 87, 92 - 93) и Правилникот бр. 113/2007 за „Начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи кои ја придржуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло”; Животните, производите и нус-производите од животинско потекло се подлежни на проверка на документација,проверка на идентитет и физичка проверка од страна на официјалниот ветеринар на граничен премин. Официјалниот ветеринар добива претходна најава за пристигнување на пратката, најмалку 24 часа однапред Официјалните контроли се вршат без претходна најава. Пратките во транзит подлежат на проверка на документација, проверка на идентитет и по потреба физичка проверка. По завршувањето на проверките, официјалниот ветеринар на граница ги заведува резултатите и донесува решение за пратката. 17.5.2. Проверка на документација Сите пратки за увоз/транзит, подлежат на проверка на документација. За прибирање на податоците, АХВ го користи системот EXIM во којшто се интегрирани петнаесет 15 владини агенции надлежни за издавање дозволи за извоз/увоз/транзит како и Царинската администрација. АХВ е поврзана со EXIM преку интерфејс. Бизнис операторите во EXIM ги внесуваат податоците за увоз на пратки, и тие информации се користат како претходна најава за пристигнувањето и за природата на пратката На ВИМ на ГП, бизнис операторите ги доставуваат оригиналните документи до инспекторите - сертификат за потекло, фактура, даночен документ и здравствен сертификат За време на увозот, секоја пратка со живи животни мора ја ја придружува дозвола за увоз издадена од надлежниот орган. За време на транзит, секоја пратка со живи животни мора да ја придружува соодветен документ издаден од страна на надлежниот орган од третата земја на крајна дестинација. Стр. 136 - Бр. 105 23 август 2012 Дозволата за увоз/транзит на производи од животинско потекло се неопходни за пратки наменети за репрезентирање, истражувачки цели, панаѓури и изложби или пак во случај кога е тоа утврдено во правилата за ветеринарно здравство во Република Македонија. 17.5.3. Проверка на идентитет Проверките на идентитет се состојат од визуелна проверка на пратката како би се осигурало дека е во сообразност со сертификатите и останатите документи коишто ја придружуваат истата. Сите пратки со живи животни подлежат на контрола и проверка на идентитетот без разлика на нивната крајна дестинација Во случај пратката да се состои оод поголема група на животни, контролата и проверката на животните се врши на 10 % oд живите животни. За производите од животинско потекло, конторлата и проверката на идентитетот се состојат од: • Контрола и проверка на печатот, службените маркици и етикети, декларации, логоа и здравствени маркици на производите од животинско потекло, со цел да се потврди третата земја на потекло и објектот каде што е извршено производството; • При транспорт во контејнери - се врши контрола и проверка на контејнерот со цел да се потврди идентификациската ознака на контејнерот како и состојбата на пломбата на контејнерот, и • Во случај на спакувани производи - контрола и проверка на официјалните ознаки и етикети. Контрола и проверка на превозните средства се врши со цел да се потврди регистарскиот број на возилото како и состојбата на пломбата Во зависност од типот на производот, се применува намален број на физички контроли, што може да се движи од 1-50%. 17.5.4. Физичка проверка Сите пратки со живи животни се предмет на физичка проверка и проверка на благосостојбата на животните без разлика на нивната крајна дестинација Во случај пратката да се состои од поголема група на живи животни, и во зависност од нивната категорија, клиничките проверки може да се вршат врз примероци, согласно следнава поделба: • 10% од животните со минимум 10 живи животни од сите живи животни наменети за одгледување и размножување • 5% од живите животни со најмлку 5 претставници од живите животни од сите живи животни наменети за колење. Проверката се врши веднаш Физичко-клиничката проверка и проверката на благосостојбата се состои од: • Индивидуално клиничко испитување на живите животни со цел да се потврдат информациите добиени од ветеринарно-здравствениот сертификат или останатите документи како и да се провери дали живоните се здрави; • Лабораториски аланизи како што е утврдено со правилата за ветеринарно здравство, како и лабораториски анализи кои се сметаат за потребни • Лабораториски анализи на резидуи од ветеринарни лекови и контаминанти. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 137 Проверка на благосостојбата на животните со цел да се потврди усогласеноста со минималните барања за заштита на живите животни во текот на транспортот. Сите пратки со производи од животинско потекло се предмет на физичка проверка, без разлика на крајната дестинација. Физичката проверка на производи од животинско потекло се состои од • Проверка на хигиенските услови во кои се превезува пратката со производи од животинско потекло; • Проверка на температурата во којашто се превезуваат производи од животинско потекло како и температурата на самиот производ; • Органолептичка проверка на производи од животинско потекло: мирис, боја, постојаност, вкус; • Едноставно физичко или хемиско испитување, како што е сечење, топење и готвење/печење; • Лабораториски анализи 17.5.5. Земање примероци Се земаат примероци по случаен избор од живите животни како би се извршиле одредени лабораториски испитувања со цел да се потврдат здравствените гаранции наведени во ветеринарно-здравствениот сертификат. Во случај на сомнеж, се земаат примероци за посебни лабораториски испитувања за заразни болести од: • Најмалку 3% од пратките увезени во текот на месецот и: • Најмалку 10% oд живите животни, со најмалку четири претставници живи животни од сите видови на живи животни. за производи од животинско потекло се земаат примероци по случаен избор како би се извршиле соодветни лабораториски аналзи со цел да се потврдат здравствените гаранции наведени во ветеринарно-здравствениот сертификат. Во случај на сомнеж, примероци од производи од животинско потекло за вршење на одредени лабораториски анализи, се земаат кога: • Постои сомнеж за неправилности, врз основа на добиените резултати од претходно извршени контроли и проверки врз предметната пратка. • При претходно извршените лабораториски анализи на дадениот производ, резултатите се позитивни; • Информациите се испраќаат преку RASSF, за утврдени неправилности кај одреден производ од одреден производител, и • Конкретни производи кои доаѓаат од одредени земји кои се предмет на безбедносни и заштитни мерки. 17.6. Документација за официјална контрола АХВ е точка за контакт за известувањата за RASFF, преку Одделението за комуникација на ризик. Известувањата од RASFF од Одделението за комуникација со ризик, се испраќаат секоја недела до граничните инспектори. Согласно ова, инспекторите донесуваат решенија за контролите По завршувањето на контролите и проверките, официјалниот ветеринар на граничен премин мора да донесе решение и да изготви извештај. Податоците за пратката се внесуваат во системот Стр. 138 - Бр. 105 23 август 2012 EXIM, преку којшто царинскиот инспектор има увид во одлуката на официјалниот ветеринар и во резултатите од контролата. Се внесуваат паралелни податоци во контролниот систем на локалниот граничен премин. Во извештајот се содржат следниве информации. претходни влезни ветеринарни документи, референтен број, проверка на документација, проверка на идентитет, физичка проверка и лабораториски испитувања Во зависност од резултатите од контролата, се издаваат следниве документи: прифатливо за транспорт, прифатливо за транзит, прифатливо за внатрешен пазар, прифатливо ако се канализира, прифатливо за одредени постапки за складирање, не е прифатливо - заедно со информациите и причината за одбивање, податоци за контрола на дестинацијата, повторно пломбирање на пратката, целосна идентификација на граничниот премин, надлежен орган и официјален печат, потпис и печат на официјалниот ветеринар, граничен премин на излез/транзит, упатување до царинскиот документ. 17.7. Организација на системот за официјални контроли Слика бр. 17.3 Контролен систем за увоз на живи животни и производи од животинско потекло 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 139 Секторот за гранична инспекција при АХВ е централен надлежен орган за контрола при увоз на животни и храна од животинско потекло АХВ е надлежна за координирање на активностите на Секторот за гранична контрола и за собирање на годишните податоци во однос на контролата при увоз. На централно ниво, раководителот на Секторот за гранична контрола, заедно со раководителот на Одделението за државна ветеринарна инспекција, се надлежни за организирање и координација на активностите за официјални контроли, на места за влез, и за спроведување на правно-нормативни акти кои се однесуваат на увоз. На централно ниво, пет ветеринари со полно работно време се надлежни за ВИМ на ГП и за прашања во однос на увоз/транзит. АХВ е надлежна за одобрение и надзор на царински складишта, слободни складишта или складишта во слободните зони одобрени согласно член 12 (4) од Директивата 97/78/EЗ. Царинските служби не земаат активно учество во контролата на храна, но се задолжени за крајното пуштање во промет на увезената пратка. Соработката меѓу службите е обезбедена во рамките на Меморандумот за меѓусебно разбирање и соработка, меѓу Управата за ветеринарство, МЗШВ и Царинската управа. Лабораториските испитувања го врши лабораторијата при Факултетот за ветеринарна медицина; постои договор меѓу МЗШВ и факултетот. Контроли при увоз Следниве ВИМ на ГП се одобрени за контрола при увоз: Блаце, Табановце, Деве Баир, Делчево, Ново Село, Богородица, Меџитлија, Ќафасан,Скопје, Охрид. Системот за идентификација и избор на пратки се потпира врз лицето надлежно за истовар и царинскиот службеник. Во Правилникот бр. 113/2007 се дадени постапките за проверка и задолженијата на ветеринарите на граница. Информациите во однос на увозот на домашни миленици и прехранбени производи за лични цели во Република Македонија од трети земји, се достапни за јавноста на интернет. 17.8. Соработка со царинските служби Соработката со царинските служби е уредена со Законот за безбедност на храна 157, 08.12.2010, член 96. Соработката е дефинирана во следниве области: 1. Царинската служба ја известува АХВ на ВИМ на ГП за секоја пратка со храна или храна за животни која пристигнува на ВИМ на ГП и мора да се обезбеди дека сите потребнни документи им се достапни на инспекторите ; 2. Царинската контрола се врши само по одлуката на инспекторот на АХВ по проверка на пратката. 3. Во случај инспекторот да земе примероци, АХВ мора да ја извести царинската служба дали е пуштена пратката пред да се добијат резултатите од земените примероци. Во Законот за ветеринарно здравство, член 86 се утврдени условите за гранична соработка: 1. Царинските службеници се задолжени да ја известат ВИМ на ГП за сите пратки со животни, производи и нус-производи од животинско потекло кои пристигнуваат на границите, обезбедувајќи ја сета документација за официјалниот ветеринар и ја царинат таа пратка само откако се завршени сите гранични проверки, и резултатите од истите се задоволителни; Стр. 140 - Бр. 105 23 август 2012 2. Министерството за внатрешни работи и царинската служба не дозволуваат животни, производи и нус-производи од животинско потекло да влезат низ граничните премини во случај да не ги исполнуваат барањата утврдени во член 82; 3. Соработката меѓу службените лица споменати во ставовите (1) и (2) е реализирана преку договор за соработка. Меморандумот за заедничко разбирање и соработка меѓу Управата за ветеринарство, МЗШВ и Царнската управа, е потпишан во 2007 година. Во рамките на овој меморандум, АХВ редовно врши надзор на царинските активности во однос на проверки на домашни миленици и проверка на личниот багаж за производи од животинско потекло. Врз основа на резултатите од надзорот, АХВ ја одредува зачестеноста за царински надзор, со цел да биде во согласност со регулаторните правила 17.9. Обучување на инспектори Инспекторите од АХВ земаат учество во обуките финансирани од ЕУ, како што се обуките на TAIEX, DG SANCO, кој ги организира обуките за BTSF, обуки финансирани од Светска Банка, проектот за зајакнување на земјоделството и пристап во ЕУ (ID. P101216) Обуките на персоналот од Управата за ветеринарство во периодот 2009-2010 година, на следниве теми – здравствена заштита на животни (31 учесник), Благосостојба на животни (20 учесници), Безбедност на храна (40 учесници), Хигиена на храна за животни и исхрана на животни (14 учесници), нус-производи од животинско потекло (7 учесници), Ветеринарно-медицински препарати (11учесници), Правно изготвување, (11 учесници), Систем за управување со квалитет (18 учесници). Во 2010 година, АХВ спроведе обука за царинските службеници во однос на проверки за домашни миленици. 17.10. Листа на приоритети за официјалните контроли и стратешки цели за периодот од 2012 до 2016 година Taбела бр. 17.2 Број Приоритети и стратешко планирање Датум на спроведување 1. Да се изготват следниве листи и истите да се достапни за јавноста: a) Листа на гранични места на влез за домашни миленици согласно член 13 од Регулативата (EЗ) 998/2003; б) Листа на гранични места на влез на домашни миленици од видот птици, согласно член 12 од Одлуката 2075/25/EЗ на Комисијата; в) Листа на влезни места на CITES. Сите листи веќе се изготвени со Одлуката за определување на ветеринарни инспекциски места на граничен премин, Службен весник на Република Македонија, бр 59 oд 28.04.2010, листата на CITES за точки на влез – Уредба за определување на граничните премини преку кои може да се врши прометот со засегнатите и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови, Службен весник на Република Македонија, бр 135/2010 2. Реализација на систем за мониторинг на пратките во 1 јануари 2013 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 141 транзит. 3. Воспоставување и реализација на барањата за примена на листата на пломби, како што е предвидено со Анекс 3 oд Регулативата 136/2004/EЗ поле 38. 4. Водење записи за пратките со производи: a) кои се одбиени за увоз или влез, и кои се препратени. За ова надлежниот орган го известува секое ВИМ на ГП; б) регистар на уништени пратки; в) регистар на сите земени примероци заедно со побараните тестирања и резултатите; г) регистарот од Одлуката 94/360/EЗ на Комисијата, за намалениот број на физички проверки на пратки со одредени производи, што треба да се спроведе од трети земји, согласно Директивата 90/675/EEЗ" Крајот на 2013 година, со развој на новиот софтвер за SAR 5. Примена на режимот за намален број физички контроли, согласно Одлуката 94/360/EЗ на Комисијата. Крајот на 2013 година, со развој на новиот софтвер за SAR 6. Воспоставување на постапка за професионален надзор на граничната инспекција со цел утврдување на делотворноста на официјалните контроли, обезбедување ефикасност на корективните активности Крајот на 2012 година 7. Воспоставување и реализација на систем за комуникација меѓу граничните и регионалните ветеринари Крајот на 2013 година, со развој на новиот софтвер за SAR 8. Воспоставување на план за мониторинг на резидуи на секоја ВИМ на ГП Крајот на 2013 година, со развој на новиот софтвер за SAR 9. Развој на годишна програма за обуки за граничните инспектори. Во рамките на повеќегодишната програма за обуки на АХВ 10. Развој на контролни листи за одобрување на објекти на ВИМ на ГП Крајот на 2012 година 11. Целосна реализација на системот за водење евиденција согласно Одлуката 2001/812 на Комисијата, член 4. Крајот на 2013 година, со развој на новиот софтвер за SAR Поглавје 18 - Контролен систем за увоз на растенија и храна од неживотинско потекло 18.1. Општи стратешки цели Вовед Целта на фитосанитарната контрола на граница, контролата на безбедноста на храната од неживотинско потекло и безбедноста на производите и материјалите кои доаѓаат во контакт со храна, е да се обезбеди висок степен на безбедност на храна и прехранбени производи, со што би се спречила дистрибуција на производи и болести на територијата на Македонија, кои се опасни по здравјето и животот на потрошувачите како и по животната средина. Со цел да се обезбеди објективност во работата на граничните премини, контролата на храна од неживотонско потекло ја врши Секторот за гранична инспекција при АХВ. Стр. 142 - Бр. 105 23 август 2012 Главна задача за предвидениот период е да се утврди моменталната состојба, да се постават целите за постигнување на системи со висок степен на контрола при увоз на храна од растително потекло и на контрола при увоз во фитосанитарната област. Законодавство Контролните системи се регулираат со главните одредби: 1. Закон за безбедност на храна, како што е последен пат изменет на 8 декември, 2010, Службен весник на Република Македонија, бр 157 од 08.12.2010; 2. Закон за здравствена заштита на растенија 3. Закон за производи за заштита на растенија - производи за заштита на растенија (пестициди) 4. Закон за инспекциски надзор - во сила од 1 април 2011. (обврзувачки за сите инспекциски служби). 5. Работна постапка „Инспекциски надзор на храна и производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна за време на увоз“ 18.2. Назначување на надлежните органи Внатрешната организација на Агенцијата ја утврдува директорот со помош на акти за внатрешна организација и систематизација на работата и должностите, согласно компетенциите на Агенцијата. Во Правилникот за внатрешна организација на Агенцијата за храна и ветеринарство (Службен весник на Република Македонија, бр. 105/07) е утврдена внатрешната организација на Агенцијата, видовите организациони сектори и одделенија и нивниот предмет на работа. Секторот за гранична инспекција е еден од седумте сектори на АХВ и тој ја координира работата на одделенијата за гранична инспекција, зема учество во изготвувањето на примарното законодавство и подзаконските акти, програми и други релевантни акти, и соработува со останатите сектори и одделенија во Агенцијата. Секторот за гранична инспекција има права и обврски да врши официјални контроли на храна од животинско и неживотинско потекло и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, на граничните премини. Персоналот од овој сектор своите задачи ги врши на граничните премини, граничните терминали и складиштата Фитосанитарната контрола при увоз е во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (Видете 18.10). 18.3. Организација и структура Контролите на увоз на храна од неживотинско потело се вршат на 8 патни ВИМ на ГП, 1 железничко ВИМ на ГП и на скопскиот аеродром (Видете табела 1). Четири ВИМ на ГП Taбановце, скопскиот аеродром, Богородица и Меџитлија, се изградени и опремени согласно барањата на ЕУ . (Одлука (EЗ) 812/2011).. Предвидено е Блаце и Ќафасан да се изградат согласно барањата на ЕУ, кои се утврдени во Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат објектите, опремата и стручниот кадар потребни за вршење на ветеринарна инспекција на граничен премин (Службен весник бр 40 24.03.2010). 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 143 Слика бр. 18.1 Дијаграм на Секторот за гранична инспекција во АХВ Стр. 144 - Бр. 105 23 август 2012 18.4. Поделба на функции, задачи и одговорности АХВ врши редовни официјални контроли на храна и добтична храна од неживотинско потекло, која се увезува во Република Македонија. Директорот на АХВ е надлежен за формата и содржината на листата со храна и храна за животни од неживотинско потекло, т.е врз основа на новопојавени ризици, да се предмет на зголемен број официјални контроли при влез во Република Македонија. Заменик директорот на АХВ е надлежен за организирање на гранични контроли на пратки со храна од неживотинско потекло, изработка на методолошки упатства и инспекциски процедури, организирање на обуки за инспекторите, надзор на работата на инспекторите на ВИМ на ГП и соработка со релевантните органи за гранична контрола. Контролите при увоз на храна од неживотинско потекло се вршат на граничните премини на влез на производите од страна на инспектори од Секторот за гранична инспекција при АХВ. Табела бр. 18.1 Поделба на функциите меѓу одделенијата на Секторот за гранична инспекција Одделение за државна ветеринарна инспекција на граничен премин Одделение за државна инспекција за храна од неживотинско потекло на граничен премин Одделение за меѓународна трговија и сертификација 1. Изготвување на годишни и месечни работни планови за одделението, селедење и координација на ветеринарните инспекции, 2. Анализа на месечните извештаи доставени од официјалните ветеринари, 3. Учество во изготвувањето на примарното законодавство и подзаконските акти, 4. Професинална соработка и размена на информации меѓу останатите одделенија во Агенцијата, 5. Учество во работата на стручните комисии основани за потребите на Агенцијата 6. Контрола на документацијата со живи животни при увоз, транзит, извоз и повторен извоз, 7. Контрола на живи животни при увоз, транзит, извоз и повторен извоз, 8. Водење евиденција за увоз, транзит, извоз и повторен извоз на живи животни, 1. Контрола на храна и производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна при увоз, транзит, извоз и повторен извоз, 2. Контрола на документација за храна и производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна при увоз, транзит, извоз и повторен извоз, 3. Контрола на храна за животни при увоз, транзит, извоз и повторен извоз, 4. Водење евиденција на податоците во однос на безбедноста на увезената храна 5. Донесување решенија за увоз на храна и производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна при увоз и извоз. 1. Учество во постапката за усвојување на примарните и подзаконските акти 2. Координација на работата и реализација на проекти во рамките на билатералната соработка со одредени земји и дргуи донатори, 3. Одржување на меѓународни и билатерални односи во однос на ветеринарната медицина, 4. Учество во донесувањето одлуки за реализација на одредени решенија во однос на меѓународната трговија и ризиците. 5. Одржување на редовни контакти со останатите одделенија и сектори и размена на информации и искуства 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 145 9. Професионална контрола и обработка на податоците од административната постапка, учество во и реализација на активностите на меѓународно ниво, реализација на програми од странски фондови и донации, комуникација и соработка со ЕУ, FAO и други меѓународни организации од областа на ветеринарна инспекција и гранична ветеринарна инспекција . 6. Учество во изготвувањето на програми, анализи, информации и други извештаи, 7. Соработка со други државни административни органи и преземање мерки за подобрување на професионалноста во одделението Ветеринарни инспекциски места на граничен премин на АХВ на македонската граница, Видете слика бр 17.1. Табела бр. 18.2 Ветеринарни инспекциски места на гранични премини на АХВ ВИМ на ГП Граница Тип Работно време Број на официјални инспектори за храна Блаце Косово Патен 8:30-16:30 2 Табановце Србија Патен Нон-стоп 5. Деве Баир Бугарија Патен 8:00-18:00 2 Делчево Бугарија Патен На повик 1. Ново Село Бугарија Патен 8:30 – 16:30 На повик 2 Богородица Грција Патен Нон-стоп 1+5 OВ Меџитлија Грција Патен 8:00-18:00 На повик 2 Ќафасан Албанија Патен 8:30 – 16:30 На повик 2 аеродром Пошта, телефон, телеграф Скопје Железница На повик Покриваат инспектори од Блаце Вкупно 9 17 + 5 OВ  Долгорочни ВИМ на ГП контролите при увоз на храна од неживотинско потекло се вршат на патните ВИМ на ГП, на аеродром, ВИМ на ГП за пошта, телефон, телеграф и железничката ВИМ на ГП во Скопје. Инспекторите за храна се присутни на сите ВИМ на ГП но на некои каде што протокот со пратки на храна е поголем, на пр. Табановце, бројот на инспектори не е доволен за вршење на контрола. Стр. 146 - Бр. 105 23 август 2012 Инспектори Има вкупно 17+5 (OВ) инспектори за храна на ВИМ на ГП. Барањата за инспекторите за храна се утврдени во Законот за храна - високо образование во областа на медицината, ветеринарството, биологијата, хемијата и биотехнологијата и три години работно искуство во соодветната област. Лабораторија За лабораториски испитувања на храна од неживотинско потекло, АХВ ги користи Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Центарот за јавно здравје во Скопје и Куманово. Хиерархија на наредби Директорот на АХВ врши надзор на раководителот на Секторот за гранична инспекција, кој пак врши надзор на Одделенијата за државна ветеринарна инспекција на храна од неживотинско потекло на граничните премини. Најмалку еднаш на секои два месеци се организира средба од Државната инспекција за храна од неживотинско потекло. Координацијата меѓу централно ниво и инспекциското место на граничен премин е преку состаноци на локалните ВИМ на ГП и повремено, на централно ниво, како и по пат на телефон, електронка пошта или факс. Постои секојдневна комуниација меѓу ВИМ на ГП со централното ниво во однос на донесените одлуки за пратките. Извештаите од ВИМ на ГП се испраќаат од локално до централно ниво. Најмалку еден инспектор за храна од секоја ВИМ на ГП зема учество на состанците ,каде што се разгледуваат тековните прашања во однос на безбедноста на храната. Согласно Законот за државни службеници во Република Maкедонија, нивно оценување се врши двапати годишно. 18.5. Методи на контрола и процеси Контролата на храна од неживотинско потекло се состои од проверка на документација, идентитет, и физичка контрола на житарки и мелени житарки, производи од пекарската индустрија, масти од растително потекло и масла, адитиви за храна, производи од какао, чоколадо, млечни производи, бонбони, колачиња, производи што содржат албумин, зачини, овошје, зеленчук и печурки, пектин, оцет, алкохолни и безалкохолни пијалоци, храна за бебиња и мали деца, диетски производи, адитиви за прехранбени производи и пробиотици,производи и материјали коишто доаѓаат во контакт со храната.. Контролите на ВИМ на ГП се вршат врз основа на Законот за безбедност на храна (членови 88 98) и работната процедура „Инспекциски надзор на храна и производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна за време на увоз. Официјалните контроли споменати во член 88 од Законот за безбедност на храна, треба да опфаќаат најмалку систематска проверка на документација, проверка на идентитет по случаен избор и каде што е соодветно, физичка проверка. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 147 Табела бр. 18.3 Податоци од контролите при увоз за 2011 Вид на пратка Број на проверки на документација Број на проверки на идентитет Број на физички проверки Земени примероци за лабораториски анализи Житарици и мелени житарици (производи од пекарска индустрија) 2531 665 2852 3499 Масти од растително потекло и масла 1516 985 531 531 Адитиви за прехранбени производи 994 473 521 521 Производи од какао 405 328 177 177 Чоколадо 487 238 249 249 Млечни производи 493 217 276 276 Бонбони 504 325 279 279 Колачиња, 446 198 248 248 Производи што содржат албумин 37 16. 21. 21. Зачини 233 105 128 128 Овошје, зеленчук и печурки 4331 2634 1677 1677 Пектин 64 35 29 29 Оцет 49 28 21. 21. Алкохолни и безалкохолни пијалоци 2022 1194 828 828 Храна за бебиња и мали деца 147 51 96 96 Диетски производи 237 147 126 126 Адитиви за прехранбени производи и пробиотици 307 153 154 154 Контактни материјали 7511 5268 2243 2243 ВКУПНО 22314 13060 10456 11103 Стр. 148 - Бр. 105 23 август 2012 Табела бр. 18.4 Предвидени контроли при увоз (индикативни) Предвидени контроли при увоз (индикативни) Тип на пратки 2012 2013 2014 2015 2016 Храна 15500/ 98% Вкупно испитани пратки/процент на сообразни пратки % Материјали коишто доаѓаат во контакт со храна 7000/ 99% Храна 50 Лабораториски испитувања % /на вкупниот број испитани пратки Материјали коишто доаѓаат во контакт со храна 35 18.5.1. Контрола на документација За прибирање на податоците, АХВ го користи системот EXIM во којшто се интегрирани петнаесет 15 владини агенции надлежни за издавање дозволи за извоз/увоз/транзит како и Царинската Управа АХВ е поврзана со EXIM преку интерфејс. Бизнис операторите во EXIM ги внесуваат податоците за увоз на пратки, и тие информации се користат како претходна најава за пристигнувањето и за природата на пратката На ВИМ на ГП, бизнис операторите ги доставуваат оригиналните документи до инспекторите - сертификат за потекло, фактура, даночен документ и здравствен сертификат 18.5.2. Контрола на идентитет Контролата на идентитет се состои од визуелна проверка на пратката како би се осигурало дека постои сообразност меѓу сертификатите и останатите документи коишто ја придружуваат пратката со нејзината содржина и етикетата. 18.5.3. Физичка контрола Физичката контрола опфаќа проценка на хигиенските услови во кои е примена пратката (инспекција на хигиената при транспорт, микроклиматските услови - температура, влажност, вентилација, временски период на транспорт). Органолептичка проверка - визуелна проверка на пакувањето, видливи промени во бојата на производот, густината, вкусот и миризбата, кои доаѓаат од потенцијални микробиолошки, физички и хемиски процеси. 18.5.6. Земање примероци Земањето примероци за лабораториски анализи и испитување се врши според информациите од RASFF, EFSA. Инспекторите од ВИМ на ГП ги земаат примероците, додека пак истите ги собираат лабораториски техничари. Согласно член 88 oд Законот за безбедност на храна, 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 149 АХВ треба да изработи листа на храна и храна за животни од неживотинско потекло, кои врз основа на новопојавени ризици би биле предмет на зголемен број на официјални контроли при влез во Република Македонија. Националниот план за земање примероци е во изработка. АХВ е точка за контакт за известувањата за RASFF, преку Одделението за комуникација на ризик. Известувањата од RASFF од Одделението за комуникација со ризик, се испраќаат секоја недела до граничните инспектори Согласно ова, инспекторите донесуваат решенија за контролите 18.6. Документација за официјална контрола Податоците за пратката се внесуваат во системот EXIM, преку којшто царинскиот инспектор има увид во одлуката на инспекторот за храна и во резултатите од контролата. Се внесуваат паралелни податоци во контролниот систем на локалниот граничен премин. Во зависност од резултатите од контролата, согласно упатството за „Инспекција на храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна при увоз, се издаваат следниве документи: Евиденција на земените примероци - во случај да се земени истите; Решение „одобрен увоз“ - во случаи кога резултатите од контролата се задоволителни, и пратката може да се пушти; Решение „забрана за увоз“ - во случаи кога резултатите од контролата не се задоволителни и не е дозволен влез на пратката; Решение „дозволен увоз по добивање на лабораториски анализи“ - во случаи кога пратката се пренесува во царински склад сè додека не се добијат лабораториските резултати. Кога извештајот од лабораторијата е негативен, инспекторот на АХВ издава документ со којшто се допушта пуштање во промет на производот. Решение „забрана за увоз по позитивен лабораториски тест“ - кога извештајот од лабораторијата е позитивен, инспекторот од АХВ издава документ со којшто се забранува пуштање во промент на производот. Решение „барање за уништување на небезбедна храна при увоз“ - документ со којшто се наведува дека производот е опасен и истиот треба да се уништи. „Известување до увозниците за утврдена небезбедна храна“ - документ со кој се известува увозникот дека има информации за небезбедна храна. Стр. 150 - Бр. 105 23 август 2012 Слика бр. 18.2 Контролен систем за увоз на храна од неживотинско потекло 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 151 18.7. Соработка со царинските служби Соработката со царинските служби е уредена со Законот за безбедност на храна 157, 08.12.2010, член 96. Соработката е дефинирана во следниве области: • Царинската служба ја известува АХВ на ВИМ на ГП за секоја пратка со храна или храна за животни која пристигнува на ВИМ на ГП и мора да се обезбеди дека сите потребнни документи им се достапни на инспекторите ; • Царинската контрола се врши само по одлуката на инспекторот на АХВ по проверка на пратката. • Во случај инспекторот да земе примероци, АХВ мора да ја извести царинската служба дали е пуштена пратката пред да се добијат резултатите од земените примероци. Постои писмен договор меѓу АХВ и Царинската служба. Во 2007 е изготвен Меморандум за соработка меѓу Царинската служба и Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 18.8. Обучување на инспектори Инспекторите од АХВ земаат учество во обуките финансирани од ЕУ, како што се обуките на TAIEX, DG SANCO, кој ги организира обуките за BTSF. Четири инспектори за храна се обучени за HACCP во рамките на обуките за BTSF Во 2010-2011 година, инспекторите за храна земаа учество во работилниците организирани од TAIEX: • Работилница за земање примероци за официјални контроли; • Работилница за RASFF • Работилница за материјали кои доаѓаат во контакт со храна; • Работилница за официјални контроли; Во моментов не постои национален план за обуки за инспекторите од АХВ. Обуките се организираат од случај до случај, во зависност од актуелните прашања. Предвидено е да се основа центар за обуки за инспекторите за храна и ветеринарните инспектори, во Факултетот за ветеринарна медицина 18.9. Приоритети на официјалните контроли и стратешки цели за периодот од 2012 до 2016 година, за увоз на храна од неживотинско потекло Табела бр. 18.5 бр Приоритети Датум на спроведување 1. Обезбедување соодветни простории/опрема за спроведување на неопходните проверки како би се обезбедил одреден степен на еднообразност во ефикасноста на контролите на храна при увоз. Четири ВИМ на ГП - Taбановце, скопскиот аеродром, Богородица, Меџитлија, се изградени и опремени согласно барањата на ЕУ. ВИМ на ГП на скопскиот аеродром е во функција во новиот објект од 8 септември 2011. Блаце IPA 2010 во 2014; Ќафасан – околу. 2016 година Стр. 152 - Бр. 105 23 август 2012 2. Проценка на протокот на пратки со храна низ ВИМ на ГП, како би се обезбедил доволенброј на соодветно квалификуван и искусен персонал за вршење на проверки на пратките со храна при увоз . Процесот ќе продолжи во 2012 година согласно актот за внатрешна организација и систематизација на задолженијата и работните места. 3. Изработување листа на храна и храна за животни од неживотинско потекло врз основа на новопојавени ризици, која подлежи на зголемен број на официјални контроли при влез, и изработува детални упатства во однос на земањето примероци за анализа и ги испраќа истите во лабораторија. 1. Листа на храна и храна за животни од неживотинско потекло кои се предмет на зголемен број на официјални контроли на ВИМ на ГП („Службен весник на Република Македонија”. бр 93 11.07.2011), 2. Правилникот за реализација ќе биде објавен во 2012 година. 4. Воспоставување на заеднички пристап за инспекциите на ветеринарните и инспекторите за храна во развојот на контролната постапка, обучувањето на инспекторите и воспоставување на систем за надзор на ВИМ на ГП. Во текот 2012 година 5. Воспоставување на постапка за професионален надзор на гранична инспекција со цел да се потврди квалитетот, непристрасноста, постојаноста и ефикасноста на контролите при увоз Крајот на 2012 година 18.10. Фитосанитарни контроли при увоз 18.10.1. Надлежен орган во фитосанитарната контрола Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ е надлежен за вршење на фитосанитарна инспекција, како и во однос на прашањата поврзани со здравјето на растенијата, во контекст на Директивата 2000/29/EЗ на Советот. Законска основа за воспоставување на активностите на ДИЗ е Законот за здравјето на растенијата. ДИЗ е државна институција под надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 153 Слика бр. 18.3 Дијаграм на ДИЗ - Сектор фитосанитарната инспекција Државниот инспекторат за земјоделство, Секторот за инспекциски надзор во областа на фитосанитарната политика, е поделен на Одделение за гранична инспекција и Одделение за внатрешна инспекција. Главниот инспектор за гранична инспекција е надлежен за изработка на методолошки упатства и инспекциски процедури, организирање на обуки за инспекторите, надзор на работата на инспекторите на инспекциските места на граничните премини и соработка со релевантните органи за гранична контрола. 18.11. Законодавство - Фитосанитарни контроли при увоз Основна легислатива во фитосанитарната област претставува Законот за здравјето на растенијата со кој се уредува здравјето на растенијата и нивната заштита од штетни организми, како и Законот за производи за заштита на растенијата, со кој се регулира одобрението, пуштањето во промет и употребата на производи за заштита на растенијата. Во Законот за здравјето на растенијата (член 74) и Законот за безбедност на храна (член 123) се пропишани овластувањата на фитосанитарниот инспектор. Стр. 154 - Бр. 105 23 август 2012 Фитосанитарната политика во делот на здравје на растенијата, вклучително и постапките и начинот на вршење на фитосанитарната инспекција е регулирана со следните подзаконски акти: 1. Правилник за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот за производители, преработувачи, увозници и дистрибутери на растенија, растителни производи и други објекти и предмети (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); 2. Правилник за мали количества растенија, растителни производи и други објекти и предмети вклучувајќи и прехранбени производи (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); 3. Правилник за начинот на водење евиденција, начинот на спроведување на проверките на здравјето на растенијата, содржината и начинот на известување за податоците за производство, преработка, промет со растенија, растителни производи и други објекти и предмети (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); 4. Правилник за начинот на вршење на фитосанитарната инспекција при увоз на пратки од листата V дел Б секција 1(*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); 5. Правилник за пасоши за растенија (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); 6. Правилник за поблиските критериуми за утврдување на малите производители или преработувачи и локалните пазари (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); 7. Правилник за временски периоди и начинот на вршење на фитосанитарна инспекција на растенија, растителни производи и други објекти и предмети наведени во листа V дел A секција 1 и листа V дел A секција 2 (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); 8. Правилник за условите за движење на пратките на растенија, растителни производи и други објекти и предмети наведени во листа V дел A секција 2 (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); 9. Правилник за начинот и постапката на вршење на фитосанитарна инспекција на растенија, растителни производи и други објекти и предмети на места на влез во Република Македонија (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 111/10); 10. Одлука за определување на местата на влез на кои ќе се врши фитосанитарната инспекција – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/10 ); 11. Правилник за формата и содржината на фитосанитарниот сертификат или фитосанитарниот сертификат за реекспорт и формата и содржината на пријавата за издавање на фитосанитарен сертификат – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/10); 12. Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на фитосанитарниот сертификат или фитосанитарниот сертификат за реекспорт, и формата и содржината на пријавата за издавање на фитосанитарниот сертификат – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 8/11 ); 13. Законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ 17/11); 14. Закон за дополнување на Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/10); 15. Правилник за поблиски услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/11); 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 155 16. Закон за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10 и 17/11). 18.12. Инспекциски места на гранични премини Фитосанитарните ИМ на ГП на границата се утврдуваат според националното законодавство Одлука за определување на местата на влез на кои ќе се врши фитосанитарна инспекција (Службен весник на Република Македонија 59/2010). Фитосанитарните инспекции при увоз на растенија, растителни производи и други објекти и предмети ги вршат фитосанитарни инспектори на 11 ИМ на ГП 1. Скопје (железничка станица Товарна, пошта), 2. Аеродром – Александар Велики, 3. Блаце (Косово), 4. Ќафасан (Албанија), 5. Меџитлија (Грција), 6. Богородица (Грција), 7. Ново Село (Бугарија), 8. Делчево (Бугарија) 9. Деве Баир (Бугарија), 10. Taбановце (Србија) и Блато – (Албанија) – моментално не е во функција (Видете табела 2). Табела бр. 18.6 Инспекциски места на гранични премини на ДИЗ при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ИМ на ГП Граница Тип Работно време Број на инспектори Блаце Косово Патен 8:30-16:30 1 Табановце Србија Патен 24/7 5 Деве Баир Бугарија Патен 07 -19 2 Делчево Бугарија Патен 07 – 19 2 Ново Село Бугарија Патен 07 -19 2 Богородица Грција Патен 24/7 3 Меџитлија Грција Патен 07 – 19 2 Ќафасан Албанија Патен 07 – 19 3 Скопје Пошта, Железница Товарна на повик од регионалното седиште во Скопје 2 Аеродром Александар Велики авионски на повик од регионалното седиште во Скопје ВКУПНО 22 18.13. Лабораторија - Фитосанитарни контроли при увоз Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) е во состав на МЗШВ и истата е задолжена е за лабораториска анализа на примероци земени при увоз и земени во текот на примарното производство. Исто така, ДФЛ е надлежна за: вршење на специјализирани лабораториски тестови на растенија и растителни производи и други објекти и предмети, а со цел дијагностицирање и Стр. 156 - Бр. 105 23 август 2012 детерминирање на штетни организми, биолошки тестирања, испитување на физичко-хемиските својства на средствата за заштита на растенијата, анализа на активна материја и анализа на семенски и саден материјал; Не постои формален договор меѓу ДИЗ и ДФЛ. ДИЗ не ги сноси трошоците за лабораториските анализи бидејќи ова е предвидено со буџетот на лабораторијата. 18.14. Човечки ресурси – Фитосанитарни контроли при увоз Дваесет и два (22) фитосанитарни инспектори се вклучени во контролата при увоз во ДИЗ – од нив се 9 внатрешни инспектори. Во моментов, работното место за раководител на одделение за гранична инспекција не е пополнето. Потребните квалификации за фитосанитарните инспектори е завршен Земјоделски факутет или шумарски факултет. Постои воведна обука за новите инспектори. Имено, пред новите инспектори да имаат право независно да вршат контрола на фитосанитарни пратки, потребно е да ги придружуваат искусните инспектори во текот на три месеци. Во зависност од потребите и можностите, годишно се организираат обуки за инспекторите. Сите нововработени инспектори треба да поминат континуирани обуки и по овие обуки да го положат соодветниот испит. Меѓу 2009 и 2011 година, инспекторите на ДИЗ земаа учество во пет обуки на BTSF во однос на контроли при увоз - двајца инспектори посетуваа обуки за дрвени материјали за пакување, двајца за контрола при увоз и еден инспектор посетуваше обука за штетни организми кај компирот, еден вработен посети обука за контрола на здравјето на растенијата при увоз од страна на фитосанитарната инспекција“ како и 1 вработен посети обука за контрола за користење на производи за заштита на растенијата во прометот (маркетинг). Во рамки на проекти од Светска банка, пет инспектори ја посетија фитосанитарната служба на Словенија за обука за примена на Анекс 5, дел Б од Директивата 2000/29/EЗ на Комисијата. 18.15. Хиерархија на наредби – Фитосанитарни контроли при увоз Секторот за фитосанитарна инспекција е надлежен за фитосанитарните контроли, и истиот е поделен на одделение за гранична инспекција и одделение за внатрешна инспекција. Главниот инспектор е надлежен за работењто на фитосанитарните инспектори на гранични премини, изработка на методолошки упатства и инспекциски процедури, организирање на обуки за инспекторите, надзор на работата на инспекторите на ИМ на ГП и соработка со релевантните органи за гранична контрола. Има воспостевно систем на контрола на ИМ на ГП и надзор на фитосанитарните инспектори. Фитосанитарните контроли при увоз се вршат на растенија, растителни производи и други објекти и предмети, како што е пропишано согласно Закон и Правилникот за начинот на вршење на фитосанитарна инспекција при увоз на пратките од Листа V дел Б секција 1 (Службен весник на Република Македонија број 131/10 од 01.10.2010) кој е во согласност со Директивата 2000/29/ ЕЗ на Комисијата, Анекс 5 Дел Б. Не постои систем за планирање на инспекциските активности, заеднички план за земање примероци и план за секое ИМ на ГП. Истите треба да се развијат во рамките на билатералниот проект со Словенија и нејзината служба за заштита на растенијата како и помош во изработка на Прирачник за работа на фитосанитарните инспектори. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 157 18.16. Контролен процес – Фитосанитарни контроли при увоз Целта на фитосанитарната контрола при увоз е да не се дозволи влез на штетни организми во земјата, а со самото тоа и да се зголемат приносите во земјоделството, како и да се заштити животната средина. Табела бр. 18.7 Фитосанитарни контроли при увоз за 2011 година (Видете ја табелата подолу) Вид на пратка Број на контроли на документација Број на контроли на идентитет Број на контроли на здравствена заштита на растенијата Земени примероци за лабораториски анализи Живи дрвја и други растенија, корења, кртоли 622 622 622 31 Режано цвеќе и украсни растенија 376 376 376 Семенски материјал 475 475 475 Дрво и материјали за пакување од дрво 4065 4065 4065 Овошје и зеленчук 6307 6307 6307 ВКУПНО 11845 11845 11845 31 Стр. 158 - Бр. 105 23 август 2012 Табела бр. 18.8 Фитосанитарни контроли при увоз за 2012 година (индикативно) 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупен број на фитосанитарни пратки кај кои е извршена инспекција/ процент на сообразни пратки % 20000 98% Лабораториски испитувања % /на вкупниот број испитани пратки 5% 20000 Контролата се состои од: • контрола на документација • контрола на идентитет • контрола на здравјето на растенијата; • земање примероци за експертско испитување на терен или за лабораториско испитување. Пратките со растенија, растителни производи и други објекти и предмети кои ги исполнуваат барањата од Законот за здравјето на растенијата, може да се увезуваат во земјата. Доколку за време на контролата на здравјето на растенијата фитосанитарниот инспектор утврди дека е потребен дополнителен преглед, се земаат примероци и се подготвуваат за испраќање во лабораторија. Во случај кога ќе се утврдат несовпаѓања со фитосанитарните услови, инспекторите од ИМ на ГП го известуваат инспекторатот кој пак ја известува Фитосанитарната управа при МЗШВ која е точка за контакт за известување на EPPO (Европската организација за заштита на растенијата) и земјите извознички. 18.17. Приоритети за официјалните контроли и стратешки цели за периодот од 2012 до 2016 година за фитосанитарна контрола Табела бр. 18.9 бр Приоритети Датум на спроведување 1. Обезбедување соодветни простории и опрема за спроведување на неопходните проверки како би се обезбедил одреден степен на еднообразност во ефикасноста на фитосанитарните контроли при увоз. 2015 година 2. Проценка на протокот на фитосанитарни пратки низ ИМ на ГП, како би се обезбедил доволенброј на соодветно квалификуван и искусен персонал за вршење на проверки на фитосанитарните пратки при увоз . 2014 година 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 159 3. Со проценката на потенцијалните ризици по здравјето на растенијата врз основа на информациите за штетни организми и протокот на фитосанитарни пратки низ ИМ на ГП, се изработува план за земање примероци 2015 година 4. Воспоставување на постапка за професионален надзор на гранична инспекција со цел да се потврди квалитетот, непристрасноста, постојаноста и ефикасноста на контролите при увоз 2015 година 5. Воспоставување на договор за соработка меѓу ДИЗ и Царинската служба како би се обезбедила соработка на официјалните лица од двете служби, би се контролирал режимот на ИМ на ГП и би се дефинирала еднообразна технологија за контрола во однос на движењето на лица и возила како и движењето на добра преку границата. (МЗШВ) Поглавје 19 - Контролен систем за здравствена заштита на растенија и производи за заштита на растенија 19.1. Општи стратешки цели Вовед Здравјето на растенијата е во надлежност на фитосанитарната управа (ФУ), а заштитата на растенијата и растителните производи од штетни организми е од заеднички интерес за Република Македонија. Заштитата на растенијата треба да се одвива континуирано во текот на целата година. Навремената заштита на растенијата е директно поврзана со примарното земјоделско производство преку обезбедување на храна за населението. Во фитосанитарниот систем постои интегрирана заштита на растенијата и растителните производи од штетни организми по пат на ефикасни, екотоксиколошки мерки кои се економски оправдани, со што се обезбедува добро здравје, стандард и конкурентно производство и се обезбедува заштита од многу закани од штетни организми кои се внесуваат при меѓународната трговија со растенија и растителни производи. Со навремено откривање и утврдување на штетните организми на терен, како и со соодветно справување со истите, се постигнуваат високи приноси на земјоделските култури. Производите за заштита на растенијата ги одобрува ФУ, a ги контролира ДИЗ, како и нивната примена на терен. Државниот инспекторат за земјоделство води евиенција за увозот на производите за заштита на растенијата и врши контрола на квалитетот со цел да се обезбеди максимален принос на земјоделските култури Со измена на Законот за здравјето на растенијата, надлежностите за фитосанитарна инспекција на граничен премин и инспекција во внатрешноста на земјата се пренесуваат на ДИЗ. ДИЗ треба да воспостави нов контролен систем, за одредување и надзор на штетните организми на територијата на Република Македонија. Предвидено е да се воспостави и собирање и размена на информации со земјите-членки на ЕУ. Стр. 160 - Бр. 105 23 август 2012 Цел Со цел да се обезбеди заштита на растенијата, растителните производи и другите објекти и предмети и да се осигура отсуство на штетни организми, како и да се врши регистрација и контрола на производите за заштита на растенијата и ѓубривата, поставени се следниве цели: 1. Контрола и превенција на ширење на штетните организми во земјата; 2. Следење и детерминирање на штетните организми и нивно уништување со примена на соодветни мерки; 3. Реализација на систем за пасоши за растенија; 4. Водење на регистар на производители, преработувачи, увозници и дистрибутери на растенија, растителни производи и други објекти и предмети; 5. Регистрација и пререгистрација на производи за заштита на растенијата и издавање на дозволи; 6. Водење на листа на ѓубриња кои се пуштаат во промет; 7. Регистрација на опрема за апликација на производи за заштита на растенијата. Во блиска иднина приоритетите ќе бидат насочени за изменување на фитосанитарниот контролен систем, зголемена контрола врз безбедноста на примарното земјоделско производство и воспоставување на интегрирана заштита на растенија. Законодавство Главните законски акти со кои се регулира здравјето на растенијата и производите за заштита на растенијата: • Закон за здравјето на растенијата • Закон за производи за заштита на растенија • Закон за ѓубриња • Закон за безбедност на храна 19.2. Назначување на надлежен орган/-и и овластување дадено според законодавството 19.2.1. Фитосанитарна управа: Законското овластување произлегува од: • Закон за здравјето на растенијата • Закон за производи за заштита на растенија - производи за заштита на растенија (пестициди) • Закон за ѓубриња • Закон за безбедност на храна ФУ е тело во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и е надлежно за заштита растенијата и растителните производи од штетни организми, за регистрација на производи за заштита на растенијата и ѓубриња, регистрација на правни лица и поединци за увоз и големопродажба и малопродажба, како и за издавање на дозволи на истите. ФУ е надлежна за креирање политики, изготвување на законодавството и координација на контролните активности. Управата ја претставува земјата во релевантните европски и надлежни институции. Законот за здравје на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05) и неговите измени („Службен весник на РМ“ бр.81/08, 20/09, 57/10, 17/11 и 148/11) е основниот закон во областа на здравјето на растенијата. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 161 ФУ е надлежна за извршување на задачите и задолженијата кои произлегуваат од Законот за здравјето на растенијата, на следниов начин: • изготвување на законодоавството коешто ќе биде хармонизирано со ЕУ; • анализа и оценување на здравствената состојба на растенијата; • водење на регистри, евиденција и листи пропишани со законот; • издавање на пасош за растенија; • регистрација на правни лица за термички третман на материјали од дрво за пакување, во согласност со ISPM 15 на IPPC. ; Надлежностите и задачите кои произглегуваат од Законот за производи за заштита на растенијата се: • спроведување на постапки за одобрување на производи за заштита на растенијата; • регистрација и пререгистрација на производи за заштита на растенијата; • изготвување на национална листа на одобрени производи за заштита на растенијата; • водење регистри на правни лица кои се занимаваат со производство и пласирање на производи за заштита на растенијата на големо и мало; • издавање дозволи за увоз на производи за заштита на растенијата; • водење регистар за опрема за апликација на производите за заштита на растенијата и нејзино пласирање на пазар; Надлежностите и задачите кои произглуваат од Законот за ѓубриња се: • водење регистри на правни лица кои се занимаваат со производство, увоз и трговија со ѓубриња на големо и мало; • издавање дозволи за увоз на ѓубриња; • водење на листа на ѓубриња кои се пуштаат во промет на територијата на Република Македонија; • декларација и обележување на ѓубриња кои се пласираат на пазарот; Изменувањето и дополнувањето на трите закони: Законот за здравјето на растенијата, Законот за производи за заштита на растенијата и Законот за ѓубриња (Службен весник на Република Македонија, бр. 53/11 ), се однесува на казнените одредби и воведување и спроведувањето на постапка за едукација за правните и физичките лица за одредени утврдени неправилности од полесна категорија. 19.2.2. Државен инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Законското овластување произлегува од: Закон за здравјето на растенијата – ги опфаќа прашањата во однос на здравјето на растенијата, задачите и овластувањата на фитосанитарниот инспектор и мерките кои може да ги превзема, потребните услови за да се стане инспектор, мерките и надлежностите за следење и детерминирање на штетни организми, спречување на ширењето на штетни организми во земјата, биолошки мерки за заштита на растенијата, информатичкиот систем, системот за трошоци и надоместоци за болести на растенијата, надлежности на релевантните институции и советодавни прашања. Закон за безбедност на храна (член 26) – Државниот инспекторат за земјоделство како тело во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно овој Стр. 162 - Бр. 105 23 август 2012 закон и регулативите усвоени согласно овој закон како и регулативите во однос на здравјето на растенијата и посебние регулативи усвоени согласно тој закон и други регулативи во однос на земјоделството. Закон за производи за заштита на растенија Закон за ѓубриња Закон за ГМО Закон за квалитет на земјоделските производи – во Собрание Закон за инспекциски надзор - во сила од 1 април 2011. (обврзувачки за сите инспекциски служби). 19.2.3. Државна фитосанитарна лабораторија Новоформираната државна фитосанитарна лабораторија е централна лабораторија во рамките на МЗШВ надлежна за анализи во однос на здравјето на растенијата и истата е со капацитет да прерасне во референтна лабораторија. 19.2.4. Управа за семе и саден материјал Законското овластување произлегува од: • Законот за семе и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија“ 39/06, 89/08, 171/10 и 53/11); • Закон за селекционерски права („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/09). Управата за семе и саден материјал е национално тело во рамките на МЗШВ, основана на почетокот на 2000 година а во 2005 година е извршена реорганизација.. Бидејќи контролата на семето и садниот материјал е составен дел од системот за здравјето на растенијата во Mакедонија, опфатени се исто така и структурата и надлежностите на Управата за семе и саден материјал. 19.3. Компетентност и фукнции на надлежните органи 19.3.1. Фитосанитарна управа (слика 19.1) Фитосанитарната управа се состои од три сектори: 1. Во Секторот за здравје на растенијата се вработени 4 лица кои се надлежни за фитосанитарната политика, изготвување на законски и подзаконски акти за фитосанитарни прашања, водење на регистри, вршење на процена на ризик при појава и ширење на штетниорганизми и воведување на системот за пасоши за растенија. (Закон за здравје на растенијата, „Службен весник на Република Македонија” бр. 29/05, член 5) 2. Секторот за агрохемија се состои од 2 одделенија: Одделение за прозводи за заштита на растенијата во кое се вработени три лица и се надлежни за изготвување на законски и подзаконски акти од областа на производите за заштита на растенијата, спроведување на постапки за одобрување на производи за заштита на растенијата, регистрација и пререгистрација на производите за заштита на растенијата, издавање на дозволи за увоз на производи за заштита на растенијата, издавање на решенија за пуштање во промет на производи за заштита на растенијата на големо и мало (Закон за производи за заштита на 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 163 растенијата („Службен весник на Република Македонија” бр. 110/2007; 20/2009; 17/2011 и 53/2011)) и Одделение за ѓубриња во кое се вработени три лица, кои се надлежни за изготвување на законски и подзаконски акти од областа на ѓубрињата, издавање дозволи за увоз на ѓубриња, водење на листа на ѓубриња кои се пуштаат во промет на територијата на Република Македонија, водење регистри на правни лица кои се занимаваат со производство, увоз и трговија со ѓубриња на големо и мало (Закон за ѓубриња („Службен весник на Република Македонија” бр. 110/2007; 20/2009; 17/2011; 148/2011 )). 3. Секторот за фитосанитарна регулатива и менаџмент е надлежен за логистика на другите два сектори - Сектор за здравје на растенијата и Сектор за агрохемија. Во пракса, не постои регионално седиште. Официјалните контроли на локално/регионално ниво ги спроведуваат фитосанитарните инспектори на ДИЗ. ФУ е надлежна за собирање на извештаи како и за координација во однос на спроведување на законодавството на регионално ниво за контролите кои ги извршиле инспекторите на ДИЗ. Стр. 164 - Бр. 105 23 август 2012 Слика бр. 19.1 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 165 19.3.2. Државен инспекторат за земјоделство (Слика бр. 19.2) Државниот инспекторат за земјоделтво (ДИЗ) како тело во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ е орган во состав, надлежен за координација и комуникација во однос на прашањата поврзани со здравствената заштита на растенијата и спроведувањето на мерките за спречување на појава и ширење на штетни организми, во контекст на Законот за здравје на растенијата. Слика бр. 19.2 Државен инспекторат за земјоделство 19.3.3. Државна фитосанитарна лабораторија Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) во состав на МЗШВ е со статус на биро и истата е специјализирана за анализа на примероци земени при увоз како и анализа на примероци од внатрешниот пазар. ДФЛ е надлежна за: вршење на лабораториски тестови на растенија, растителни производии други објекти и предмети, биолошки тестирања, вршење анализи на активна материја и анализа на семенски и саден материјал кај растенијата. Не постои формален договор меѓу ДИЗ и ДФЛ. Од буџетски причини, ДИЗ не плаќа за лабораториските анализи а овие трошоци не се предвидени со буџетот на лабораторијатаа. Новоформираната државна фитосанитарна лабораторија е централна лабораторија назначена од МЗШВ за анализи во однос на здравјето на растенијата, со капацитет да прерасне во референтна лабораторија. Стр. 166 - Бр. 105 23 август 2012 19.3.4. Управа за семе и саден материјал (Слика бр. 19.3) ФУ има тесна соработка со Управата за семе и саден материјал за размена на информациитте во однос на одгледувачи на саден материјал, означување и издавање на пасоши за растенија (оваа постапка ФУ ќе ја започне од 2012 година). Одлгедувачите на семе и саден материјал добиваат единствен регистарски број (ЕРБ) во регистарот на Управата за семе и саден материјал и фитосанитарниот регистар. Првата регистрација на одгледувачите на семе и саден материјал и доделувањето на регистарскиот број ги врши Управата за семе и саден материјал. Организациска поставеност на Управата за семе и саден материјал (Слика 19.3.): • Одделението за признавање, одобрување и заштита на сорти • Одделение за контрола и постконтрола на семенски посеви и насади • Одделение за Ген-банка Слика бр. 19.3 Управа за семе и саден материјал 19.4. Нивоа на организацијата и управувањето со официјалните контроли 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 167 19.4.1. Контролен систем за производи за заштита на растенија и резидуи од производи за заштита на растенија (Видете слика бр. 19.4.) Слика бр. 19.4 Контролен систем за производи за заштита на растенија и резидуи Стр. 168 - Бр. 105 23 август 2012 Фитосанитарната управа како орган во состав на МЗШВ е надлежен орган за производи за заштита на растенија, пропишано со Законот за производи за заштита на растенија и Законот за здравјето на растенијата. Секторот за агрохемија во рамките на Фитосанитарната управа е надлежен за креирање политики, изготвување на законодавството и координација на активностите со другите органи вклучени во контролата на производи за заштита на растенија. Секторот ја спроведува постапката за одобрување и регистрација на производи за заштита на растенија, издава решенија за производство и промет на производи за заштита на растенија на големо и мало, води регистар на правни лица за производство, увоз и пласирање на производи за заштита на растенија на големо и мало и изработува Национална листа на одобрени производи за заштита на растенија. Правните лица кои вршат производство и промет на производи за заштита на растенија на големо и мало се предмет на постапка за регистрација. Барањата за упис во регистарот на правни лица за производство и промет на производи за заштита на растенија на големо и мало, како и целокупната потребна документација се доставуваат во Фитосанитарната управа. По проверката на доставената документација, тричлена комисија составена од вработени во Фитосанитарната управа утврдува исполнетост на пропишаните услови на лице место во однос на објектите и опремата. Во случај на уредна документација и исполнетост на пропишаните услови на лице место во однос на објектите и опремата, Фитосанитарната управа издава решение за производство и промет на производи за заштита на растенија на големо и мало и врши упис на правното лице во регистарот на правни лица за производство и промет на производи за заштита на растенија на големо и мало (Закон за производи за заштита на растенијата (СВ бр. 110 / 2007, член 26). Одобрување на производи за заштита на растенијата Фитосанитарната управа во рамките на МЗШВ е надлежен орган за спроведување на постапката за одобрување и регистрација на нови производи за заштита на растенијата. Согласно Законот за производи за заштита на растенијата, потврдувањето на стручните работи од областа на производите за заштита на растенијата ги врши Стручна комисија составена од експерти од областа на заштитата на растенијата, хемијата, екотоксикологијата и токсикологијата ( професори од земјоделските факултети во Република Македонија, како и по еден претставник од Министерството за здравство и Министерството за животна средина и просторно планирање ), како претставници од редот на вработените во Фитосанитарната управа. Барањата и комплетната документација за одобрување и регистрација на нови производи за заштита на растенијата се доставуваат до Фитосанитарната управа. Врз основа на поднесената документација, Стручната комисија дава мислење и предлог за одобрување и регистрација на нови производи за заштита на растенијата. По мислење на Стручната комисија, производите за заштита на растенијата кои се во постапка за одобрување можат да бидат испратени на дополнителни биолошки испитувања заради доутврдување на одредени аспекти од областа на ефикасноста на производите. Одобренијата за нови производи за заштита на растенијата ги издава директорот на Фитосанитарната управа. Официјални контроли на прометот/употребата Регионалните земјоделски инспектори на ДИЗ вршат контроли на прометот со производи за заштита на растенијата (пакување, означување, упатства, рок на траење, истекување на одобрението) и водат евиденција за нивната трговија. Во моментов се врши контрола на употребата на производи за заштита на растенијата од страна на внатрешните фитосанитарни инспектори. 23 август 2012 Бр. 105 - Стр. 169 Фитосанитарните инспектори од ДИЗ се распоредени на 11 гранични премини за вршење контроли при увоз на производи за заштита на растенијата (одобрение за увоз, производител, увозник, првично пакување, декларација итн). Се врши контрола на над 400 места за промет на производите за заштита на растенијата. Контролата воглавно се врши во март, и април по случаен избор (во моментов не постои контролен план) и за секоја контрола се изработува инспекциски извештај. Постојат одредени упатства за контрола на местата за промет со производи за заштита на растенијата , но нема воспоставено програма за мониторинг. Исто така се врши контрола на активните супстанции од производите за заштита на растенијата и се анализираат примероци (60 примероци во 2010 година)од страна на Факултетот за земјоделски науки – 2 лаборатории, и исто така од страна на ДФЛ Но и за оваа активност не постои контролен план и примероците се земаат по случаен избор. Резидуи од производи за заштита на растенијата АХВ е надлежен орган за усвојување на законодавството за максималното дозволено ниво на резидуи (MRL) од пестициди при контрола и мониторинг. Максимално дозволените нивоа се преземени од Регулативата 396/2005 EЗ на Комисијата и се усогласени со истата. АХВ е надлежна за изготвување и реализација на контролниот план за резидуи од пестициди. 19.4.2. Здравје на растенијата Организација на контроли за здравјето на растенијата (Видете ја сликата бр. 19.5). Стр. 170 - Бр. 105 23 август 2012 Слика бр. 19.5 Контролен систем за здравје на растенијата 13 август 2012 Бр. 102 - Стр. 171 Фитосанитарната управа (ФУ) во рамките на МЗШВ е надлежен орган за изготвување на законодавството за здравје на растенијата, креирање политики и координација на контролните активности. Управата ја претставува земјата во релевантните европски и надлежни институции. Законот за здравјето на растенијата (СВ бр. 29/05) со сите неговите измени (СВ бр.81/08, 20/09, 57/10, 17/11 и 148/11) е основниот закон во областа на здравјето на растенијата. Официјални контроли Државниот инспекторат за земјоделтво (ДИЗ) како тело во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ е орган во состав надлежен за координација и комуникација во однос на прашањата поврзани со здравствената заштита на растенијата, во контекст на Законот за здравјето на растенијата Надлежностите на државниот земјоделски инспектор и државниот фитосанитарен инспектор се пропишани со соодветните законски прописи и подзаконски акти. ДИЗ преку внатрешните фитосанитарните инспектори е надлежен за внатрешната фитосанитарна контрола на растенија, растителни производи и други објекти и предмети и откривање на ширењето на штетни организми. ДИЗ – одделението за вршење на инспекцискиот надзор од областа на фитосанитарната политика во внатрешноста на државата започна со вршењето на контроли. Во одделението за внатрешна инспекција во моментов работат 9 внатрешни фитосанитарни инспектори. Во моментов не се преземаат мерки во случај на наоѓање на организми, и не постојат упатства за инспекторите за преземање на такви мерки. Согласно Законот за здравје на растенијата (член 72) за ова е надлежна Фитосанитарната управа. Не се во целост опфатени во регистарот објектите кои се под надзор. Во иднина е предвидена тесна соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и добивање на статистички податоци за производителите на одредени растенија/растителни материјали и овие информации ќе бидат достапни за ФУ и фитосанитарните инспектори како и за ДИЗ. Стр. 172 - Бр. 105 23 август 2012 Табела бр. 19.2 Број на објекти под надзор и зачестеност на контроли (информации од ноември, 2011) бр Објекти под надзор Број Регистрациј а Одобрение Контрола Забеле шки 1. Регистрирани лица – одгледувачи на лозови и овошни насади 21. 21. 21. 10 Контролнит е активности ќе се обезбедат во 2012 година 2. Регистрирани претпријатија за третирање/обележувањ е на HT согласно ISPM 15 21. 21. 21. 4 3. Увозници 647 не е потребно Контроли на ИМ на ГП 4. Извозници 328 328 не е потребно Контроли на ИМ на ГП 40000 ФС издаден и во 2010 6. Фармери нема податоц и не е потребно 7. Пазари нема податоц и не е потребно 8. Градинарски центри нема податоц и не е потребно 9. Складишта нема податоц и не е потребно 13 август 2012 Бр. 102 - Стр. 173 19.4.3. Семе и саден материјал Бидејќи контролата на семето и садниот материјал е составен дел од системот за здравјето на растенијата во Mакедонија, опфатени се исто така и структурата и надлежностите на Управата за семе и саден материјал. ФУ има тесна соработка со Управата за семе и саден материјал за размена на информациитте во однос на одгледувачи на саден материјал, означување и издавање на пасоши за растенија (оваа постапка ФУ ќе ја започне од 2012 година). Одлгедувачите на семе и саден материјал имаат единствен регистарски број (ЕРБ) во регистарот на Управата за семе и саден материјал и фитосанитарниот регистар. Првата регистрација на одгледувачите на семе и саден материјал и доделувањето на идентификацискиот број ги врши Управата за семе и саден материјал. Со Законот за семе и саден материјал за земјоделски производи и Правилниците се уредува пуштањето во промет и квалитетот на семето и садниот материјал. Во Законот за семе и саден материјал и подзаконските акти согласно законот се транспонирани следниве мерки на ЕУ: 31966L0401; 31966L0402; 31968L0193; 31992L0034; 31998L0056; 32000L0029; 31998L0095; 31998L0096; 32001L0064; 32001D0898; 32001D0897; 32002L0057; 32002L0056; 32002L0055; 32002L0054; 32002L0053; 31992L0033. Согласно упатствата обезбедни од четвртата средба на Поткомитетот за земјоделство и рибарство од Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Mакедонија и Европската Унија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Управата за семе и саден материјал во 2010 е изменет Законот за семе и саден материјал за земјоделски растенија. Со новите измени на законот направени се прилагодувања кон правото на ЕУ во областа на слободен промет и увоз на странски сорти кои се наведени во Европскиот заеднички каталог на сорти од земјоделски растителни видови и укинување на одобренијата за увоз на семенски и саден материјал. Со усвоените измени на законот се врши либерализација на увозот на семенски и саден материјал во Maкедонија со цел побрз проток на пратките и зботавуање на асортиманот со сорти на земјоделски видови. Во однос на увозот на семенски и саден материјал од земјоделски растенија, со укинување на одобренијата за увоз, надлежностите за функционирање на EXIM системот од Управата за семе и саден матеирјал, се пренесуваат на Државниот инспекторат за земјоделство. Со измените на законот во однос на производството на сертифицирано семе, Управата за семе и саден материјал воспоставува подобра контрола врз производството на сертифицирано семе, при издавање на сертификатот за истото. Овој сертификат се издава врз основа на сертификат за завршена стручна контрола на произведено семе, и сертификат за квалитет на семето од земјоделски растенија, којшто го издаваат овластени субјекти и лаборатории. Врз основа на конечниот сертификат за произведеното сертифицирано семе, Управата издава етикети за сето прозиведено семе, коие се пласира на пазарот во земјата. Изменувањето и дополнувањето на законот („Службен весник на Република Македонија“, бр. 53/11), се однесува на казнените одредби и барањето за обуки, спроведувањето на обуките и евиденција од спроведените обуки. За Правилниците кои произлегуваат од законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, Видете го Анекс 3. Во 2009 година, Управата го усвои Законот за селекционерски права согласно стандардите на Унијата за заштита на нови сорти (UPOV). Со Законот за селекционерски права се утврдуваат постапката, начините и условите за доделување, заштита и престанок на селекционерските права и како и водење на Регистар за селекционерските права во Република Македонија. Стр. 174 - Бр. 105 23 август 2012 На 4 април, 2011, РепубликаМакедонија го приложи својот инструмент за пристап во UPOV (Акт од 1991). На 4 мај 2011 РепубликаМакедонијастана 69 членка на UPOV. Законот за селекционерси права (Службен весник на Република Македонија бр. 52/09) стапи во сила на 21 април 2009 година.. На 30 октомври 2008, Советот на UPOV донесе позитивна одлука за сообразноста на Законот за селекционерски права (Службен весник на Република Македонија бр. 52/09 ) со Актот од 1991 на Конвенцијата на UPOV. Правилниците кои произлегуваат од Законот за селекционерски права се наведени во Анекс 4. Институциите овластени (овластено од МЗШВ како резултат на тендерска постапка) за експертска контрола на производството на семе и семенски материјал се: • Државната фитосанитарна лабораторија • Универзитетот Гоце Делечев во Штип, Факултет за земјоделство • Земјоделскиот институт во Скопје • Институтот за тутун од Прилеп • Развој на услуги во рамките на Агрокомбинат Пелагонија • Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје Испитувањето на квалитетот на семето го врши државната фитосанитарна лабораторија (Сектор за семе и саден материјал) и овластените лабораотрии Постконтролите за потврда на сортите се вршат само по барање на заинтересиранта страна. Регионалните инспектори на ДИЗ вршат контроли кај производителите на семе и саден материјал, пост-производителите и на семето и садниот материјал на пазарот. 19.4.4. Контрола при увоз и извоз ДИЗ ја координира работата на фитосанитарните инспектори при увоз и извоз на пратки од растенија и растителни производи. Фитосанитарните инспекции на увезени растенија и растителни производи, како и на оние во транзит, ги вршат фитосанитарни инспектори на 14 ИМ на ГП: Tабановце (Србија и Црна Гора), Скопје (железнички терминал, пошта и аеродром), Блаце (Косово - Србија и Црна Гора), Блато (Албанија), Ќафасан (Aлбанија), Меџитлија (Грција), Богородица (Грција), Дојран (Грција), Ново Село (Бугарија), Делчево (Бугарија) и Деве Баир (Бугарија) Инспекциите и контролите на растенија и растителни производи наменети за извоз и повторен извоз, се вршат на 12 ИМ на ГП, како што се дефинирани со одлука на Владата. Пратките за извоз мора да ги придружува фитосанитарен сертификат согласно образецот пропишан со Меѓународната конвенција за заштита на растенијата. 19.5. Оперативни критериуми – внатрешни процедури, планови и програми 19.5.1. Фитосанитарна управа: ФУ има годишен план за изготвување на законските и подзаконските акти, кои се хармонизирани со законодавството на ЕУ. Предвидено е хармонизацијата да заврши во 2014 година. ФУ веќе ги има изготвено и објавено упатствата за регионалните фитосанитарни инспектори, во форма на меѓународни стандарди за фитосанитарни мерки ISPM 3 (Упатства за увоз, пратки, извоз и биолошка контрола за ослободување на работите под биолошка контрола и други корисни организми) ISPM.7 (Систем за сертификација при извоз), ISPM.8 (Утврдување на статусот на штетни организми во областа), ISPM 23 (Насоки за инспекцијата), ISPM 12 13 август 2012 Бр. 102 - Стр. 175 (Фитосанитарни сертификати), ISPM 5 (Фитосанитарни термини), ISPM 28 (фитосанитарни третмани за регулирани штетни организми). Сè уште не е започната практична реализација на овие упатства. Предвидено е во 2012 година да се изготват и објават уште 9 (девет) други меѓународни стандарди (ISPM). 19.5.2. Државен инспекторат за земјоделство ДИЗ нема фитосанитарен контролен план туку работи согласно работни процедури (СОПи) предвидено е да се изготват упатства за инспектори за 2014 година. 19.5.3. Државна фитосанитарна лабораторија ДФЛ исто така нема план за тестирање на штетни организми и во моментов бројот на примероците е многу мал. 19.6. Контролни периоди /интервали, планирање Во моментов не постои план за контрола/надзор, но предвидена е негова изработка, а до денес се изготвени следниве документи: • Фитосанитарната управа заедно со ДИЗ. Програма за испитување/надзор на одредени земјоделски култури и штетни организми . Плановите ќе се засноваат на штетните организми од законодавството и количеството на одредено производство и местата на производство. • Во изготвување е „Прирачникот за инспектори” 19.7. Анализа/проценка на ризик и спроведување Во моментов планирањето на официјални контроли е во фаза на развој, па затоа е е реализирано планирањето засновано на ризик. 19.8. Капацитет на надлежните органи - човечки и технички ресурси 19.8.1. Фитосанитарна управа: Човечките ресурси во Фитосанитарната управа се прилично ограничени. Со Управата раководи Директор, а трите сектори се раководени од страна на соодветни раководни лица: Раководител на Сектор за здравје на растенија, Раководител на Сектор за агрохемија и раководител на Сектор за фитосанитарна регулатива и менаџмент. Вкупниот број на вработени лица во Фитосанитарната управа изнесува има 18. Техничките ресурси се задоволителни, но потребно е нивно обновување, како што се компјутери, печатачи и сл. 19.8.2. Државен инспекторат за земјоделство Вработени се 115 инспектори, опремени со 33 возила и друга опрема, како што се компјутери, опрема за земање примероци. Бројот на возила не е доволен за организирање на Стр. 176 - Бр. 105 23 август 2012 делотворен надзор и истражување. Исто така нововработените фитосанитарни инспектори немаат компјутери, опрема за земање примероци (земање примероци од почвата за откривање на цистолики нематоди кај компирот, вреќи за земање примероци итн). Во моментов нема буџет ни персонал за внатрешен мониторинг и надзор (во последниот месец, бројот на персоналот за внатрешни контроли се зголеми на 9 лица) Сите наплати од инспекциите, вклучувајќи ги и граничните инспекции, се влеваат во државниот буџет. Постои план за добивање на дополнителни средства од МЗШВ - 10 лица со високо образование (главно агрономи) за внатрешни фитосанотарни контроли се веќе вработени, со исклучок на едно лице. ДИЗ има информатички систем за увоз и извоз на производи, и по инспекцијата, инспекторите ги внесуваат соодветните информации за пратките во единствена база на податоци постои можност за одредена следливост и изготвување на извештаи. Нововработените 9 инспектори мора да се обучат пред да започнат со работа во 2012 година. ДИЗ би сакал да е понезависен од МЗШВ, како што е АХВ, и со ова ќе се помогне контролата на одгледувачите и трговците во однос на фитосанитарните прашања. Исто така и буџетот треба да е понезависен - во моментов нема можност да се добие дел од потребната опрема за контроли, без одобрување од МЗШВ - што значи дека системот не функционира добро. Се разгледуваше прашањето ФУ да изработи упатства за надзор и мониторинг а ДИЗ да изготви практичен план за регионалните фитосанитарни инспектори. Треба да се подобри соработката меѓу ФУ и ДИЗ. Постои потреба од поголем број на обуки и опрема. 19.8.3. Лабораторија Државната фитосанитарна лабораторија ја сочинуваат 4 одделенија: • Одделение за административно-техничка поддршка – 3 лица + директор, кои работат на стратегијата и координацијата, • Одделение за дијагностика – 6 лица кои се релевантни експерти - секој за посебна област - бактериологија, микологија, ентомологија, нематологија, вирологија и молекуларна биологија; • Одделение за исптиување на семе и саден материјал – 1 лице – штотуку започнува организацијата; • Одделение за хемиски испитувања – 1 лице – штотуку започнува организацијата (реализација на системот за обезбедување квалитет со помош од SIDA (Шведска меѓународна агенција за развој). Буџетот е од МЗШВ. Има потреба од стаклени градини и одредена опрема, но општо земено, опремата е добра. Лабораторијата е во фаза на спроведување на системот за обезбедување квалитет. Постои огромна потреба за примероци од внатрешните фитосанитарни инспектори (истражувања на терен). 19.8.4. Управа за семе и саден материјал Во моментов има 14 вработени во Управата за семе и саден материјал, со следниве позиции: • Директор на Управата; 13 август 2012 Бр. 102 - Стр. 177 • 3 раководители на одделенија; • 4 советници • 2 помлади соработници и • 1 референт; • 3 помлади референти. 19.9. Обука и финансиски статус 19.9.1. Фитосанитарна управа: Финансирањето на Фитосанитарната управа е преку буџетот на Република Македонија. Обуки за вработените генерално се обезбедуваат преку TAIEX, DG SANCO (BTSF), билатерална соработка со Управата за заштита на растенијата на Словенија. Потребни се повеќе обуки, особено за изработка на националната легислатива согласно ЕУ легислативата, како и реализацијата на меѓународните стандарди (ISPM). Не е доделен буџет за учествување во активностите на EPPO (експертски панели, работни групи и сл.). 19.9.2. Државен инспекторат за земјоделство Буџетот го распределува МЗШВ. Во моментов, со расположливиот буџет и персоналот, ДИЗ не може да обезбеди соодветен внатрешен мониторинг и надзор, како што е утврдено со законот. Во текот на изминатиов месец, беа вработени 9 нови лица за фитосанитарна внатрешна инспекција, но истите треба да се стекнат со дополнителна обука пред практично да започнат со работа во 2012 година . Сите наплати од фитосанитарните прегледи , вклучувајќи ги и граничните контроли, се влеваат во државниот буџет. За соодветно планирање на активностите на ДИЗ, треба да се додели годишен буџет за вршење официјални контроли, и ДИЗ треба да е понезависен од МЗШВ. Со ова ќе се помогне поставувањето на приоритети на контролите (одгледувачи и трговци) во однос на фитосанитарните прашања). Исто така треба да се распредели буџет за добивање на неопходната опрема за спроведување на официјални контроли. Постои добра соработка меѓу Службата за заштита на растенија од Словенија и Службата за заштита на растенија од Бугарија. Би било добро да има повеќе обуки од TAIEX. ДИЗ – предвидено е обучување на инспекторите и од страна на факултетот за земјоделски науки и храна. 19.9.3. Лабораторија Теоретски, буџетот за лабораториските официјални контроли го распределува МЗШВ, но во моментов примероци се земаат и испитуваат во исклучителни случаи. Обуката на лабораторискиот персонал се врши преку TAIEX, DG SANCO (BTSF), SIDA како и во Холандија. Стр. 178 - Бр. 105 23 август 2012 19.10. Систем за собирање на податоци и известување, проток на информации Секоја недела се организираат состаноци на ФУ со цел да се оценат извршените активности, а директорот поднесува извештај до министерот кој пак поднесува извештај до Владата. Сè уште не е воспоставен информатичкиот систем, но регистрацијата на производите за заштита на растенијата како и фитосанитарниот регистар се вршат по електронски пат. Достапни се и во печатена форма Протокот на информации (правни документи) е главно преку електронска пошта. ДИЗ поднесува извештаи до министерот и до ФУ. ДФЛ поднесува извештаи до министерот, до ФУ и ДИЗ. Протокот на информации е периодичен и треба да се подобри. 19.11. Планови за итни мерки и заемна поддршка Во моментов не се изготвени и реализирани плановите за итни мерки. По финализирање на законодавството - хармонизирано национално закондавството на ЕУ во однос на Директивата 2007/33/EЗ на Советот од 11 јуни 2007 за контрола на цистолики нематоди кај компирот, Одлука 2003/766/EЗ на Комисијата од 24 октомври 2003 за мерки за спречување на ширење на Diabrotica virgifera Le Conte во Заедницата и Одлуката 2002/757/EЗ на Комисијата од19 септември 2002 временските фитосанитарни мерки со цел да се спречи внесување и ширење во Заедницата на Phytophthora ramorum Werres, De Cock&Man in’t Veldsp.nov. ФУ има во план да почне со изработка на плановите за итни мерки за Diabrotica virgifera, Globodera sp., Phytophthora ramorum. 19.12. Соработка меѓу партнерите ФУ остварува добра соработка со фитосанитатната инспекција - секторот за гранична контрола и лабораторијата, но засега не и со внатрешната контрола; Одобрените подзаконски акти и другата легислатива се објавуваат во Службен весник на Република Македонија. Фитосанитарната управа соработува со Управата за семе и саден материјал, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државната фитосанитарна лабораторија и други. 19.13. Активности предвидени за контролниот систем за здравствена заштита на растенија и производи за заштита на растенија Табела бр. 19.3 Број Предвидени приоритети Датум на спроведување 1. Приближување на националното законодавство со законодавството на ЕУ. особено: Директивата 2007/33/EЗ на Советот од 11 јуни 2007 за контрола на цистолики нематоди кај компирот; Директива 2008/61/EЗ на Комисијата од 17 јуни 2008 за воспоставување на услови согласно кои одредени штетни 2012,2013,2014 Хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ согласно условите на NPAA 13 август 2012 Бр. 102 - Стр. 179 организми, растенија, растителни производи и други предмети и објекти наведени во Анексите I до V кон Директивата 2000/29/EЗ на Советот, може да се внесат во или движат низ Заедницата или одредени заштитни зони на истите, за научни цели или да испитувања и за работа на одредени сорти грозје. 2. Соработка со фитосанитарната инспекција, известувајќи ги за законодавството кое е приближено со тоа на ЕУ со цел негова примена во секојдневната работа, во рамките на нивните надлежности. Сето законодавство е објавено во Службен весник и е достапно за јавноста. Соработката со ДИЗ ќе се подобри во 2012 година. 3. Регистрација на правни лица во регистарот за термичка обработка и обележување на пакувања од дрво (ISPM 15) и контрола на истите. 2012 и 2013 4. Регистрација на правни лица во регистарот за производители, преработувачи, увозници и дистрибутери на растенија, растителни производи и други објекти и предмети. 2012 и 2013 5. Развој на план за обуки и реализација на обуките (за вработени и инспектори). 2012,2013,2014 6. Подготовка на извештаи, анализи и други материјали за информирање на официјалните органи; 2012 и 2013 7. Соработка со меѓународни организации, особено EPPO (Европска организација за заштита на растенијата). 2012, 2013,2014 8. Планирање и известување на јавноста (фармерите) заинтересирани за заштитата на растенијата и издавања на брошури/летоци. 2013 9. План за мониторинг, предвидување и одредување на штетни организми и преземање на заштитни мерки и анализа и оценување на здравствената состојба на растенијата, со цел да се дефинира појавата и ширењето на штетни организми во земјата. 2012, 2013 10 Изработка на упатства/насоки за спроведување на контролите во однос на Директивата 2000/29/EЗ на Советот со кои се регулираат штетните организми кои биле откриени при истражувањата (искоренување и оддржување на состојба без штетни организми). 2012, 2013,2014 11. Изготвување на планови за итни мерки за штетни мерки кои се од голема важност за Maкедонија. 2013,2014 Листие со штетни организми се веќе изработени и објавени. 12. Интервенција во случај на зголемена појава на некој штетен организам. 2012 и 2013 13. Развој на информатички систем за заведување на датуми и водење на фитосанитарен регистар. 2013,2014 Стр. 180 - Бр. 105 23 август 2012 19.14. Активности предвидени за производи за заштита на растенија Табела бр. 19. 4. Број Приоритети Датум на спроведување 1. Изготвување на Правилник за начинот и постапките за вршење експерименти или тестови за истражување и развој, опфаќајќи и испуштање на неодобрени производи за заштита на растенијата во животната средина и производи за заштита на растенијата кои се користат на начин поинаков од оној за којшто се одобрени; 31.12.2012 2. Изготвување на правилници за регистрација, декларирање и означување на други ( помошни ) производи за заштита на растенијата и биоагенси, како и начинот на евидентирање на нивното користење; 31.12.2013 3. Изготвување на правилници од областа на опремата (распрскувачи) за апликација на производи за заштита на растенијата - увоз, регистрација, обележување и контролно тестирање; 31.12.2014 4. Планирање на контроли на увоз, регистрација и употреба на производите за заштита на растенијата 31.12.2013 5. Воспоставување и развој на компјутерски систем за регистрација и контрола на производи за заштита на растенијата ; 31.12.2013 6. Издавање на брошури, печатени изданија и други публикации кои се однесуваат на производите за заштита на растенијата; 31.12.2014 7. Објавување на информации за јавноста во однос на Законот за производи за заштита на растенијата 31.12.2014 19.15. Листа на Закони 19.15.1. Производи за заштита на растенијата : • Закон за производи за заштита на растенијата: (Службен весник на Република Македонија бр. 110/2007); • Закон за изменување на законот за производи за заштита на растенијата: (Службен весник на Република Македонијабр. 20/2009; 17/2011; 53/2011). • Правилник за начинот на издавање, евиденција за издадените и начинот на ставање на пакувањето од производите за заштита на растенијата на бандерола - маркица („Службен весник на Република Македонија“ бр. 146/2007); • Правилник за поблиските услови за производство, складирање, пласирање на пазарот на производите за заштита на растенијата, формата и содржината и начинот на водење на регистарот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/2008) ; • Правилник за постапката за обработка на барањата и подетална документација и податоците за оценување на досието за производот за заштита на растенијата и потребните податоци, документи и постапката за пререгистрација на производите за заштита на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. l47/2009); 13 август 2012 Бр. 102 - Стр. 181 • Правилник за постапката за обработка на барањата и подеталната документација и податоците за активната супстанција, („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/20l0); • Правилник за процедуралните правила за работа на стручната комисија за потврдување на стручните работи од областа на одобрувањето на производите за заштита на растенијата. („Службен весник на Република Македонија“ бр. 139/10); • Правилник за поблиските услови за пакувањето на производите за заштита на растенијата, декларирањето и означувањето на стандардните фази („Службен весник на Република Македонија“ бр. 144/2010) ; • Правилник за висината на трошоците за одобрување на производи, издавање на сертификат за опрема и контролно тестирање на опрема („Службен весник на Република Македонија“ бр. l45/20l0); • Листа на активни супстанции кои се одобрени за користење во производи што се применуваат за зашита на растенијата на територијата на Европската Унија. („Службен весник на Република Македонија“ бр. l59/20l0); • Правилник за начинот и постапката под кои треба да се извршат официјалните тестови за ефикасноста на производите, просториите, кадровските и други услови и професионалната квалификуваност на лицата кои ќе ги спроведуваат официјално признаените тестови, („Службен весник на Република Македонија“ бр. 08/20ll); • Правилник за постапката за обработка на документација за оцена на активната супстанција, постапката за оценувањето на активните супстанции и барањето за нивно вклучување во националната листа на активните супстанции во согласност со униформните принципи (*), („Службен весник на Република Македонија“ бр. l8/20ll ) ; • Национална листа со одобрени производи и активни супстанции за 2011 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/11); • Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата и начинот на водење на евиденција за спроведената едукација („Службен весник на Република Македонија“ бр. 109/2011); • Правилник за формата и содржината на барањето за неиздавање на одобрение односно недонесување на решение за одбивање на барањето за паралелен увоз на производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 119/2011); • Правилник за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат правни лица кои работат со многу отровни супстанции и производи во однос на кадровските, организационо-техничките и други услови и начинот на употреба и користењето на многу отровни супстанции. („Службен весник на Република Македонија“ бр. l54/20l1); • Правилник за начинот на евидентирање на користење на биоагенсите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 170/11); • Правилник за декларирање и означување на другите производи за зашита на растенијата пласирани на пазарот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 14/2012). • Правилник за начинот и принципите за работа на стручниот совет („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2012). Листа на закони подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за здравјето на растенијата • Листи на штетни организми, растенија, растителни производи и други објекти и предмети („Службен весник на Република Македонија“ бр. 65/10); • Правилник за мерките и начинот на спроведување на мерките за уништување или отстранување на штетните организми и мерките за начинот на спроведување на Стр. 182 - Бр. 105 23 август 2012 дезинфекција, дезинсекција и дератизација на штетните организми („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); • Правилник за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот за производители, преработувачи , увозници и дистрибутери на растенија, растителни производи и други објекти и предмети (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); • Правилник за мали количества растенија, растителни производи и други објекти и предмети вклучувајќи и прехранбени производи (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); • Правилник за начинот на водење евиденција, начинот на спроведување на проверките на здравјето на растенијата, содржината и начинот на известување за податоците за производство, преработка, промет со растенија, растителни производи и други објекти и предмети (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); • Правилник за начинот на вршење на фитосанитарната инспекција при увоз на пратки од листата V дел Б секција 1 (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); • Правилник за пасоши за растенија (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); • Правилник за поблиските критериуми за утврдување на малите производители или преработувачи и локалните пазари (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); • Правилник за временски периоди и начинот на вршење на фитосанитарна инспекција на растенија, растителни производи и други објекти и предмети наведени во листа V дел A секција 1 и листа V дел A секција 2 (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); • Правилник за условите за движење на пратките на растенија, растителни производи и други објекти и предмети наведени во листа V дел A секција 2(*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/10); • Правилник за начинот и постапката на вршење на фитосанитарна инспекција на растенија, растителни производи и други објекти и предмети на места на влез во Република Македонија (*) – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 111/10); • Одлука за определување на местата на влез на кои ќе се врши фитосанитарната инспекција – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/10 ); • Правилник за формата и содржината на фитосанитарниот сертификат или фитосанитарниот сертификат за реекспорт и формата и содржината на пријавата за издавање на фитосанитарен сертификат („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/10); • Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на фитосанитарниот сертификат или фитосанитарниот сертификат за реекспорт, и формата и содржината на пријавата за издавање на фитосанитарниот сертификат („Службен весник на Република Македонија“ бр. 8/11); • Законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 17/11); • Закон за дополнување на Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/10); • Правилник за поблиски услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/11); 13 август 2012 Бр. 102 - Стр. 183 • Правилник за мерки преземени од сопственикот за спречување на ширење на штетни организми и нивно сузбивање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/11); • Наредба за спроведување на посебен надзор за утврдување на присуството на бактеријата Clavibacter michiganensis (Smith) Davis et al. ssp. sepedonicus (Spieckermann et Kotthoff) Davis et al. и постапките за лабораториско испитување. (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/11); • Наредба за спроведување на посебен надзор за утврдување на присуството на бактеријата Ralstonia solanacearum (Smith) Yabuuchi et al . и постапките за лабораториско испитување. (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 131/11); • Наредба за спроведување на меѓународен стандард за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз бр.7 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/11); • Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за насоки и фитосанитарен сертификат бр.12 (Службен весник на Република Македонија бр. 113/11); • Наредба за спроведување на меѓународен стандард за насоки при преглед бр.23 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/11); • Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за утврдување на статусот на штетни организми во областа, бр („Службен весник на Република Македонија“ бр. 123/11) • Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за насоки при извоз, транспорт, увоз и ослободување на агенси за биолошка контрола и останати корисни организми бр .3 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 156/11 ); • Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за фитосанитарни третмани за регулирани штетни организми, бр 28 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 156/11) • Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за речник на фитосанитарни термини бр. 5 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 165/11) • Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за анализа на ризик на штетни организми за регулирани некарантински штетни организми 21 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/12) • Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за упатство за фитосанитарен увоз на регулаторен систем бр 28 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/12) 19.15.2. Правилници кои произлегуваат од законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија: • Правилникот за трговија со семенски материјал од фуражни растенија и репа (Службен весник на Република Maкедонија бр. 08/07), е хармонизиран со Директивите на ЕУ бр 66/401 и 66/400. • Правилникот за трговија со семенски материјал од житни растенија (Службен весник на Република Maкедонија бр. 08/07), е хармонизиран со Директивата на ЕУ бр. 66/402. • Правилникот за трговија со семенски материјал од маслодајни и вланодајни растенија (Службен весник на Република Maкедонија бр. 32/07), е хармонизиран со Директивата на ЕУ бр 2002/57. • Правилникот за трговија со семенски материјал од градинарни растенија (Службен весник на Република Maкедонија бр.59/07), е хармонизиран со Директивата на ЕУ бр 2002/55. • Правилникот за трговија со семенски материјал од тутун (Службен весник на Република Maкедонија бр. 28/08), Стр. 184 - Бр. 105 23 август 2012 • Правилник за условите што треба да ги исполнува добавувачот за да се запише во регистарот на семенски материјал и регистарот на саден материјал, содржината и начинот на водење на регистрите и содржината на барањето за запишување (Службен весник на Република Македонија бр. 08/07). • Правилник за начинот на земање примероци и постапка за вршење пост-контрола и одредување на процентот на примероците кој се вклучува во постконтролата на одделни видови и сорти на земјоделски растенија (Службен весник на Република Македонија бр. 107/07). • Правилник за кадровските, просторните и техничките услови и начинот на работа на овластените правни лица за вршење стручна контрола на производство на семенски посеви и насади на саден материјал од видови и сорти од земјоделски растенија бр. 20/07). • Правилник за количините на семенски и саден материјал потребен за испитување (Службен весник на Република Македонија бр. 38/07). • Правилник за висината на надоместување на трошоците за испитување на вредноста за производството и употреба на сортата со сортни опити и висината на надомест за работата на Комисијата за национална сортна листа за земјоделски растенија (Службен весник на Република Македонија бр. 38/07). • Правилник за начинот на работа, просторната и техничката опременост на овластените лаборатории и методи за испитување на квалитетот на семенскиот материјал кај земјоделските растенија бр. 61/07). • Правилникот за трговија со семенски компир (Службен весник на Република Maкедонија бр.62/09), е хармонизиран со Директивата на ЕУ бр 2002/56 ЕЕЗ. • Правилникот за трговија со саден материјал - расад (Службен весник на Република Македонија бр. 158/08) е хармонизиран со Директивата бр. 92/33/EЗ на ЕУ . • Правилникот за запишување на сорта во Националната сортна листа и за водење на национална сортна листа (Службен весник на Република Maкедонија бр. 103/09) е хармонизиран со Директивата бр. 2002/53/EЗ на ЕУ. • Правилник за содржината на барањата, формата и содржината на образецот и начинот на водење на евиденција за посебна увозна дозвола на семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на Република Македонија бр 47/09). • Правилник за постапките и методите за испитување на видови и сорти на земјоделски растенија и видовите и сортите на земјоделски растенија за кои не е потребно испитување на производна и употребна вредност (Службен весник на Република Македонија бр 85/09). • Правилник за постапките и методите за испитување на различност, еднообразност и стабилност на сортата (DUS-test) кај земјоделски растенија (Службен весник на Република Македонија бр. 110/10). • Правилник за формата и содржината на барањето за продолжување на запишување на сортата во Националната сортна листа, како и начинот и постапката за продолжување на запишувањето. (Службен весник на Република Македонија бр 137/10). • Правилник за видот и количините на семе и саден материјал на одделни видови наменети за лична употреба на производителите чиј упис е незадолжителен во регистрите на снабдувачи на семенски и саден материјал. (Службен весник на Република Македонија бр 23/11). • Правилник за трговија со материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија наменет за производство на овошје. (Службен весник на Република Македонија бр. 84/11), Директива 2008/90/EЗ на ЕУ 13 август 2012 Бр. 102 - Стр. 185 • Правилник за количеството на семенски и саден материјал од видови на земјоделски растенија во оригинално пакување кои можат да се увезат за лична употреба (Службен весник на Република Македонија бр. 107/11) Национален акт • Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата и начинот на водење на евиденција за спроведената едукација Република Македонија бр. (Службен весник на Република Македонија бр. 109/11) Национален акт • Правилник за трговија со материјал за вегетативно размножување на виновата лоза (Службен весник на Република Македонија бр. 116/11) Директива 68/193/EEЗ на ЕУ • Правилник за количините, условите и начинотна чување на референтните примероци од видови и сорти на земјоделски растенија како и начинот на работа на Ген банката (Службен весник на Република Македонија бр. 144/11) Национален акт Правилници кои се во постапка во Секретаријатот за законодавство се: • Правилник за начинот и надоместоците за издавање на официјална етикета за семенски и саден материјал за земјоделски растенија. • Правилник за формата, содржината и начинот на водење евиденција за условите за семенски посеви. 19.15.3. Правилници кои произлегуваат од Законот за селекционерски права • Правилник за формата, содржината и постапката на поднесување на пријавата, потребните информации, документи или материјал за доделување на селекционерско право, формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на селекционерски права. (Службен весник на Република Македонија бр 134/10). • правилник за составот и начинот на работа на Комисијата за заштита на растителните родово и земјоделските растенија. (Службен весник на Република Македонија бр 134/10). • Правилник за висината на трошоците за доделување на селекционерско право и за висината на надоместокот за одржување на селекционерското право. (Службен весник на Република Македонија бр. 66/11) во согласност со UPOV) Поглавје 20 - Лабораториски контролен систем во Агенцијата за храна и ветеринарство 20.1. Општи стратешки цели Вовед Лабораториските испитувања се важен дел од еден официјален контролен систем. Анализите се користат како доказ за сообразност на објектот подложен на мониторинг, во однос на утврдените закони и регулативи. Резултатите од лабораториските испитувања претставуваат објективна основа за активностите кои ги презема надлежниот орган со цел да обезбеди висок степен на здравствена заштита на животните и луѓето во Македонија, како на долгорочно ниво така и во однос на решавање на одредени проблеми. Стр. 186 - Бр. 105 23 август 2012 20.2. Избирање и номинирање на лаборатории вклучени во официјални контроли Општ опис Спектарот и бројот на лабораториски испитувања се предвидува од страна на соодветните сектори на АХВ и се ставаат на листа за нивно извршување во лаборатории кои се официјално номинирани. Одреден број на лаборатории се вклучени во официјалните контроли во Македонија Овие лаборатории се избираат врз основа на расположливоста на техничка експертиза и можноста да се спроведе бараното испитување. Со член 79 од Законот за храна на Македонија, се утврдува дека лабораториските анализи и испитувања на храна и производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна за целите на бизнис операторите со храна, се вршат од страна на акредитирани лаборатории. Барањата за доделување акредитација на официјалните лаборатрии ист така се утврдени во Регулативата (EЗ) бр. 882/2004 член 33 став (3). Па изборот на лаборатории треба да се прави врз основа на нивната компетентност која се докажува преку статусот за акредитација согласно барањата на стандардот MKC ISO/IEC 17025:2006 кој го обезбедува Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ). Македoнското тело за акредитација е меѓународно признаено тело, бидејќи ИАРМ е полноправна членка на Европската асоцијација за акредитација од ноември 2007 година и членка на ILAC од декември 2008 година. Изборот на лаборатории за официјални контроли се врши преку тендерска постапка која ја покренува Одделението за контрола и координација на лаборатории на АХВ. Предвидено е до април 2012 година да се најави тендер за обезбедување услуги за тестирање. Врз основа на релевантното законодавство на Република Македонија се изработува листа на анализи кои ги бара АХВ (на пример, Правилник за посебните барања за безбедност на храна во однос на микробиолошките критериуми (СВ 78/2008). По тендерот, лабораториите се номинираат за извршување на лабораториски испитувања во рамките на државните програми за мониторинг и се склучува договор со АХВ. Во договорот меѓу АХВ и лабораториите се наведува следново: • номинација за предметот на анализи; • ценовник за номинираниот предмет на анализи; • обврските на лабораторијата во однос на стандардот за квалитет на услугите; • обврските на лабораторијата во однос на обучување на персоналот кој е вклучен во програмата за официјални контроли; • правила за проток на информации меѓу лабораторијата и надлежниот орган; • задачите и листата на референтни фунцкии на лабораторијата (ако е релевантно). Во моментов АХВ има склучено договор со Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во овој договор се дадени потребните информации со исклучок на анексите или упатувањата до процедурите каде што е опишано максималното времетраење на анализите и минималниот број на примероци. 20.3. Листа на лаборатории вклучени во официјални контроли Заради моменталната состојба и недостигот на акредитирани лаборатории, се утврдува дека и во официјалните контроли се вклучени и акредитирани и неакредитирани лаборатории. Прелиминарниот краен рок за употребата на неакредитирани лаборатории е декември 2013 година. Листата на акредитирани лаборатории за официјални контроли е дадена во табела бр. 20.1. 13 август 2012 Бр. 102 - Стр. 187 Табела бр. 20.1 Лаборатории кои се користат за официјални контроли Назив на лабораторија Адреса и информации за контакт Област на надлежност и номинирани функции Врска со предметот за акредитација Институтот за јавно здравје на РепубликаМакедонија. Центар за референтни лаборатории ул.50 Дивизија бр.6, Скопје 1000, Maкедонија http://www.iph.mk Испитувања на критериумите за хемиска и микробиолошка безбедност за прехранбени производи од неживотинско потекло http://www.iarm.gov.m k/files/Akreditirani tela/Laboratorii/OB05 25 LT-005.pdf Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. Факултет за ветеринарна медицина Скопје; Институт за храна Ветеринарен институт Лазар Поп-Трајков бр. 5-7 – Скопје, Maкедонија http://www.fvm.uki m.edu.mk Испитувања на критериумите за хемиска и микробиолошка безбедност за прехранбени производи од животинско потекло Дијагностика на болести кај животните http://www.iarm.gov.m k/files/Akreditirani tela/Laboratorii/OB05 25 LT-006.pdf Центар за јавно здравје, Тетово 29 ноември бб – Teтово, Maкеоднија Испитувања на критериумите за хемиска и микробиолошка безбедност за прехранбени производи во тетовскиот регион http://www.iarm.gov.m k/files/Akreditirani tela/Laboratorii/OB05 25 LT-009.pdf Центар за јавно здравје, Кочани МиланЗечар бр 21 – Кочани, Maкедонија http://www.zzz kocani.org.mk Испитувања на критериумите за хемиска и микробиолошка безбедност за прехранбени производи во кочанскиот регион http://www.iarm.gov.m k/files/Akreditirani tela/Laboratorii/OB05 25 LT-010.pdf Центар за јавно здравје, Куманово 11 октомври бб – Куманово, Maкедонија Испитувања на критериумите за хемиска и микробиолошка безбедност за прехранбени производи во кумановскиот регион http://www.iarm.gov.m k/files/Akreditirani tela/Laboratorii/OB05 25 LT-011.pdf Центар за јавно здравје, Битола Партизанска бб – Битола, Maкеоднија http://www.zzzbt.or g.mk Испитувања на критериумите за хемиска и микробиолошка безбедност за прехранбени производи во битолскот регион http://www.iarm.gov.m k/files/Akreditirani tela/Laboratorii/OB05 25 LT-013.pdf ИЈЗ Центар за јавно здравје, Скопје Скопје, Македонија Испитувања на критериумите за хемиска и микробиолошка безбедност за прехранбени производи во скопскиот регион http://www.iarm.gov.m k/files/Akreditirani tela/Laboratorii/OB05 25 LT-019.pdf Стр. 188 - Бр. 105 23 август 2012 ИЈЗ Центар за јавно здравје, Велес, Сектор за лаборатории ул.. „Лазо Осмаков” бр.14 Велес, Македонија Испитувања на критериумите за хемиска и микробиолошка безбедност за прехранбени производи во велешкиот регион http://www.iarm.gov.m k/files/Akreditirani tela/Laboratorii/OB05 25 LT-027.pdf Центар за јавно здравје, Охрид Охрид, Maкедонија Испитувања на критериумите за хемиска и микробиолошка безбедност за прехранбени производи во охридскиот регион Лабораторијата не е акредитирана Центар за јавно здравје, Штип Штип, Maкедонија Испитувања на критериумите за хемиска и микробиолошка безбедност за прехранбени производи во штипскиот регион Лабораторијата не е акредитирана Центар за јавно здравје, Струмица Институт за хигиена и технологија на месо Струмица, Maкедонија Испитувања на критериумите за хемиска и микробиолошка безбедност за прехранбени производи во велешкиот регион Лабораторијата не е акредитирана Институт за хигиена и технологија на месо Качански пат 13 Белград, Србија Одредување и потврда на хемиските супстанции од група A1, A2, A6 и Б1 http://www.ats.rs/uploa d/dl/REGISTAR/LAB ZA ISPITIVANJE/01 049.pdf Ветеринарен Факултет на Универзитетот во Љубљана Гербичева 60, 1000 Љубљана, Словенија Одредување и потврда на хемиските супстанции од група A3, A4, и A5 http://www.slo akreditacija.si/teksti 1/doc/test/LP021.pdf 20.4. Лабораториски контролен систем Лабораториите кои се вклучени во официјалните контроли се надлежни за избор на методот за анализа, неговата примена и сообразноста со барањата на законодавството на ЕУ. Претежно ги користат стандардните методи на тестирање (ISO, EN, стандардни методи прифатени од OIE, методи од законодавството на ЕУ итн.). Во случај споменатите методи да не се достапни, се применуваат внатрешно развиени методи. Во моментов има над 200 методи на тестирање во предметот за акредитација на лабораториите во Македонија кои се вклучени во офиицјалните контроли, и овие лаборатории ја обезбедуваат реализацијата на програмата за официјален надзор на државата. Лабораториите кои се вклучени во официјалните контроли, треба да продолжат со унапредување на техничките можности. Ќе се врши набавка на модерна аналитичка опрема со цел да се исполнат барањата на законодавството на ЕУ и препораките на референтните лаборатории на ЕУ. Развојот на методите за анализа на резидуи од ветеринарни лекови ќе продолжи во иднина бидејќи во моментов се применуваат само скрининг методите. 13 август 2012 Бр. 102 - Стр. 189 Во случај лабораториите во Македонија да не можат да ги направат испитувањата, истото се наложува на странските лаборатории и научни институции. Овие лаборатории треба да се акредитирани и да се применуваат методи кои се во согласност со законодавството на ЕУ. Функциите за избор на таквите лаборатории ги доделува АХВ на референтните лаборатории. Досега се користеле следниве странски лаборатории за испитување на резидуи од ветеринарни лекови: 1. Институт за хигиена и технологија на месо, Белград, Србија (http://www.inmesbgd.com/). Одредување и потврда на хемиските супстанции од група A1, A2, A6 и Б1 2. Ветеринарен Факултет на Универзитетот во Љубљана, Љубљана, Словенија (http://www.vf.uni-lj.si/vf/). Одредување и потврда на хемиските супстанции од група A3, A4 и A5 Лабораториите вклучени во официјалните контроли треба да исполнуваат различни критериуми пред примена на методот во процесот за надзор. Обезбедуваат повисок степен на кредибилитет, како за резултатите од одредени анализи така и на целокупниот систем за официјален надзор. Исто така, создаваат опсежна методолошка основа за понапредни експериментални истражувања и научни активности во однос на познавањата и технологиите. Сите методи вклучени во предметот на испитување кои лабораториите ги користат за официјални контроли, треба да се оценат во однос на критериумите опишани во Анекс III од Регулативата (EЗ) бр.882/2004 (точност, прецизност.). Со цел да се обезбеди висок степен на точност и кредибилитет на резултатите, сите лаборатории кои се вклучени во официланите контроли, учествуваат во плановите за испитување на квалитет, што вклучува: внатрешно испитување на познавањата, меѓу-лабораториско испитување и планови за валидација на методи). Табела бр. 20.2 Опис на активноста Зачестеност Учество во меѓународни или национални програми за испитување на знаењата, во случај да се користат медоти за државната контролна програма Еднаш годишно за сите лаборатории вклучени во официјалните контроли Еднаш за време на период на акредитација, ако методите се вклучени во предметот на акредитација . По покана на референтната лабораторија на ЕУ. Недостигот на акредитирани лаборатории и/или акредитирани методи ја одредува потребата за примена на неакредитирани методи во рамките на планот за официјални контроли за преодниот период Со цел да се обезбеди соодветна примена на методите за испитување, Оделението за контрола и координација на лабораториите на АХВ согласно член 12 од Правилникот за внатрешна организација на АХВ (февруари 2011), ќе изврши аудити на сите лаборатории вклучени во официјалниот контролен систем. Овие аудити се фокусираат на сообразноста на методите за испитување со барањата на соодветното законодавство на ЕУ и стандардот MKC ISO/IEC 17025:2006 и ќе ги покрива следниве главни прашања: • технички капацитет на лабораториите, потребен за вршење на испитувањето; • достапност на квалификуван и соодветно обучен персонал за вршење на анализи; • системот за квалитет е спроведен во рутинското испитување; • резултатите од учеството во тестирањето на познавањата Стр. 190 - Бр. 105 23 август 2012 • потврда на испитувањата кои се користеле за официјална контрола Со цел да се постигне соодветен квалитет на аудитите кои ги врши Одделението за контрола и координација на лаборатории на АХВ, ќе се вработат надворешни аудитори со соодветна техничка експертиза и вештини за аудит. 20.5. Национални референтни лаборатории Националната референтна лабораторија (НРЛ) е водечка лабораторија, номинирана за официјално испитување во соодветна област согласно законодавните барања. Со номинирањето на НРЛ се промовираат аналитички резултати со висок квалитет и постојаност во програмите за државен надзор и контрола на лабораториите. Со цел да се постигне ова, НРЛ ги применува потврдените аналитички методи, пристап до референтни материјали, координација со меѓу лабораториското компаративно испитување и обука на лабораторискиот персонал. Овие лаборатории помагаат во градењето на довербата во резултатите кои се добиени од контролата на храна и испитувањата на здравјето на животните, и обезбедуваат дека производите на пазарат се во согласност со законодавството, и ги поседуваат највисоките хигиенски стандарди. Земајќи го предвид фактот дека лабораториските анализи се област каде што постои брз развој на технолигиите, НРЛ треба да обезбеди непосредна реализација на сите најнови барања и нивно спроведување во официјалните контроли. НРЛ е лабораторија која 24 часа дневно оддржува постојана техничка и кадровска спремност за итни случаи и појава на заразни болести. Согласно националната програма за Приближување на Acquis (NPAA) одобрено од Владата на Македонија, АХВ планира да го хармонизира националното законодавство со законодавството на ЕУ. Законодавството на ЕУ предвидува сите земји-членки да обезбедат референтни функции во сите области, инаку Европската Комисија ќе се сомнева во компетентноста на лабораториите вклучени во официјалните контроли а со тоа и кредибилитетот на официјалните контроли во земјата. Па затоа треба да се преземат сите потребни мерки со цел да се реализира систем за референтни лаборатории во Македонија. Следниве основни документи ги регулираат функциите на НРЛ во Македонија: • Закон за безбедност на храна (декември 2010); • Закон за ветери нарно здравство, (мај 2007); • Закон за ветеринарно медицински препарати (април 2009) • Регулатива (EЗ) бр. 882/2004 на Европскиот парламент и на Советот за извршување на официјални контроли со цел да се осигура сообразноста со законот за храна и храна за животни, правилата за здравствена заштита и благосостојба на животните. Согласно член 80 од Законот за безбедност на храна и член 11 од Законот за ветеринарно здравство, референтните лаборатории ги имаат следниве главни функции во секоја од номинираните области: • соработка со референтните лаборатории на Заедницата во нивната област на компетентност; • координација, за нивната област на компетентост, на активностите на официјалните лаборатории надлежни за анализа на примероците; • Каде што е соодветно, спроведување на компаративни испитувања меѓу официјалните национални лаборатории и обезбедување на соодветна дополнителна контрола на таквото компаративно испитување. • доставување на информациите до Агенцијата и националните лаборатории кои ги обезбедува референтната лабораторија на Заедницата; 13 август 2012 Бр. 102 - Стр. 191 • обезбедување научна и техничка помош на Агенцијата за реализација на координирани контролни планови усвоени од Агенцијата; • придонес кон изготвувањето и реализацијата на плановите и програмите на надлежниот орган во однос на нивната област на стручност • обезбедување на програми за обуки за надлежниот орган и релевантните сектори во однос на темите поврзани со нивната област на стручност • следење на научните и технолошките развои во однос на предметите на нивната област на стручност, истражувања во приоритетните области, здружени студии со национални и меѓународни институции и лаборатории , учество во редовните компаративни тестови и обезбедување на постојана едукација за нивниот персонал преку почетни и посебни обуки • Известување на надлежниот орган за научните и технолошките развои; • доставување предлог до надлежниот орган во однос на методи и протоколи кои ќе се користат при дијагноза, анализа и производство, методи и процедури кои ќе се користат во земање примероци; теми за кои треба да се спроведе истражување. Согласно Анекс VIIод Реулативата (EЗ) бр.882/2004 Македонија ќе номинира национални референтни лаборатории во 21 област за контрола на храна и храна за животни и 13 области на дијагноза на здравјето на животните и живите животни. Не е издаден официјален документ за номинирање на референтни лаборатории Освен тоа, не е дефинирана институцијата надлежна за номинирање на НРЛ, но е предвидено да се изработат релевантни правни акти до декември 2013. Во договорот на АХВ со Факултетот за ветеринарна медицина, се содржани главните уредувања во однос на исполнувањето на референтните функции. 20.6. Листа на Закони 1. Законот за безбедност на храна е последен пат изменет на 8 декември, 2010; 2. Закон за здравје на животните, објавен во мај 2007; 3. Закон за ВМП (април 2009); 4. Договор меѓу АХВ и Инситутот за храна при Факултетот за ветеринарна медицина; 5. Правилник за начинот на вршење на ветеринарно-санитарен преглед на храна за животни објавен во март 2005 во Скопје; 6. Правилник за посебните барања за безбедност на храната по однос на микробиолошките критериуми (СВ 78/2008); 7. Правилник за внатрешна организација на Агенцијата за храна и ветеринарство објавен во февруари 2011 во Skopje. 20.7. Приоритети за развој на официјалниот лабораториски контролен систем Табела бр. 20.3 Активност Време на спроведуање АХВ треба да организира тендер за вршење на анализи Тендерските спецификации треба да ги опфаќаат барањата за лабораториите и листата на анализи потребни за АХВ, со очекуваниот број на примероци. Стр. 192 - Бр. 105 23 август 2012 Да се утврдат контактите со сите лаборатории вклучени во официјалните контроли Да се утврди крајниот рок за употреба на неакредитирани лаборатории за официјални контроли Да се предвидат одредби за достапност на капацитети за испитување по овој рок . АХВ да го реализира редоследот за вршење на аудит на неакредитирани методи и лаборатории Референтните лаборатории за сите споменати области во Анекс VII од Регулативата 882/2004 на ЕУ, да ги номинира државата Да се изготват и одобрат правни акти со задачите на референтите лаборатрии и наредбата за финансирање на нивните активности. Да се предвиди понатамошно усовршување на техничките капацитети на лабораториите вклучени во официјалните контроли Да се побараат финансиски средства од државниот буџет или од други средства. 4. Завршна одредба Овој план влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 41-5657/1 Заменик на претседателот 15 август 2012 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р. www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-Скопје бул. „Партизански одреди” бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник – м-р Тони Трајанов. Телефон: +389-2-55 12 400. Телефакс: +389-2-55 12 401. Претплатата за 2012 година изнесува 10.100,00 денари. „Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации: 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје. Цената на овој број е 280 денари.

Regulation on multi-annual plan for surveillance in the food, veterinary and plant health · Nelum