تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on minimum technical standards and conditions that must be met by equipment, hardware and functionality of the software of electronic information system for tobacco, the manner of use, maintenance and upgrade

صدر في 2019-08-09 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за минимално техничките стандарди и услови кои треба да ги исполнуваат опремата, хардверот и функционалноста на софтверот за електронскиот информативен систем за евиденција на тутун за пријавени, евидентирани, договорени површини и количини и откупени количини тутун по производители, откупувачи, по типови и класи на тутун, по реколти поединечно, начинот на користење, одржување и надградба на истиот.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Cultivated plants
الكلمات المفتاحية
registration, data collection/reporting, standards, tobacco, agricultural commodities
الفئات
agriculture

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. 1 од 6 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 10 став 2 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МИНИМАЛНО ТЕХНИЧКИТЕ СТАНДАРДИ И УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОПРЕМАТА, ХАРДВЕРОТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА СОФТВЕРОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИОТ ИНФОРМАТИВЕН СИСТЕМ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ТУТУН ЗА ПРИЈАВЕНИ, ЕВИДЕНТИРАНИ, ДОГОВОРЕНИ ПОВРШИНИ И КОЛИЧИНИ И ОТКУПЕНИ КОЛИЧИНИ ТУТУН ПО ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ОТКУПУВАЧИ, ПО ТИПОВИ И КЛАСИ НА ТУТУН, ПО РЕКОЛТИ ПОЕДИНЕЧНО, НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И НАДГРАДБА НА ИСТИОТ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат минимално техничките стандарди и услови кои треба да ги исполнуваат опремата, хардверот и функционалноста на софтверот за електронскиот информативен систем за евиденција на тутун за пријавени, евидентирани, договорени површини и количини и откупени количини тутун по производители, откупувачи, по типови и класи на тутун, по реколти поединечно, начинот на користење, одржување и надградба на истиот. Член 2 Софтверот за електронскиот информативен систем за евиденција на тутун за пријавени, евидентирани, договорени површини и количини и откупени количини тутун по производители, откупувачи, по типови и класи на тутун, по реколти поединечно (во натамошниот текст: софтверот), потребно е да има најмалку два сервери или две виртуелни машини кои ги исполнуваат следните минимални технички карактеристики, стандарди и услови: четири јадрен процесор со 2 GHz брзина на процесор; осум GB RAM меморија; два хард диска од по 120 GB (2x120 GB) поврзани во RAID технологија; мрежен контролер; оптички уред CD/DVD RW; графичка карта со видео излез; да бидат приклучени на непрекинато напојување со електрична енергија UPS (Unlimited –Power Supply); мрежен уред за поврзување на целиот систем; оперативен систем кој обезбедува работна платформа за функционирање на софтверот; централизирано безбедносно решение со антивирус кое обезбедува сигурност на целиот систем на упади, вируси и ја гарантира сигурноста на целиот систем; интернет апликациски сервер кој обезбедува пристапност на софтверот кон корисниците преку интернет конекција; база на податоци за нормално функционирање на софтверот која ќе обезбеди безбедно складирање на податоците; 2 од 6 автоматско backup решение за базите со податоци; изнајмена симетрична интернет линија со загарантирана брзина од 2 Mbit/s брзина на симнување (download) и 2 Mbit/s (upload) и загарантирана достапност до интернет од 99,9% од времето; кориснички интерфејс за едноставно менаџирање со базата на податоци, анализа и обработка на податоците и поедноставно генерирање на извештаи за потребите на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство; можност за надградба и пребарување низ базата на податоци по сите полиња и генерирање на извештаи по основ на пребарување. Член 3 Софтверот овозможува: воспоставување на електронски систем за евиденција на договорени површини и количини тутун, откупени и обработени количини на тутун, по типови и сорти на тутун, за секоја реколта поединечно и генерира извештаи; поврзување на сите релевантни субјекти кои учествуваат во деловниот процес за тутун: вработени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, инспектори од Државен инспекторат за земјоделство и вработени од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и откупувачите на тутун поединечно и внес на податоци од страна на откупувачите на тутун и Државниот инспекторат за земјоделство. Базата на податоци на софтверот овозможува: автоматско преземање на податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства; внесување на податоци од Регистарот на откупувачи на тутун; подготовка на податоци за откупените количини тутун за потребите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и внес на податоци од сите релевантни субјекти кои учествуваат во деловниот процес за тутун: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државен инспекторат за земјоделство и откупувачите на тутун. Член 4 Водењето на евиденцијата за пријавените, договорени површини и количини тутун, откупените количини тутун по производители, откупувачи, по типови, класи и сорти на тутун, по реколти поединечно, како и за обработен тутун од берба по месеци и вкупно по откупувач се врши на следниот начин: со внесување на ЕМБГ/ЕМБС и Единствениот идентификациски број на земјоделското стопанство (во натамошниот текст: ИДБР) за производителот на тутун, откупувачите добиваат податоци за вкупна обработлива површина во м² за земјоделското стопанство со КО и број на КП пријавени во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кој се води во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; склучените договори се внесуваат во системот заклучно до 31 март, со што откупувачот го пријавува договореното производство на тутун од тековната реколта во софтверот; промените во договореното нивско производство, односно целосна или делумна промена на пријавените катастарски парцели како и договорените количини на тутун, откупувачот ги внесува заклучно со 31 јули; откупувачот ги внесува во софтверот просториите за откуп и финансиските гаранции; 3 од 6 Државниот инспекторат за земјоделство ги одобрува внесените простории за откуп и износот на финансискиот документ за обезбедени средства за откуп на тутун за целокупната договорена количина приложени од страна на откупувачот кој може да биде: наменска жиро сметка која исклучиво ќе се користи за исплата на договорениот тутун или договори за кредит од банка со динамика на прилив согласно динамиката на откуп на целокупната договорена количина на тутун; одговорно лице во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство внесува во софтверот процент за исплата на надоместокот за организирањето и застапувањето на претставникот од највисоката асоцијација на тутунопроизводители при откупот на највисоката асоцијација на тутунопроизводители по доставување на согласноста; откупувачот ја внесува дневната евиденција за откупените количини тутун најдоцна наредниот ден до 17 часот за откупените количини на тутун од претходниот ден по типови, класи и откупни цени за секој производител на тутун; откупувачот ја внесува евиденцијата за приговори според образецот за книгата за приговори; откупувачот ја внесува дневната евиденција за извршен откуп според книгата за процена на тутунот по типови, класи и откупни цени во софтверот; откупувачот ја внесува евиденцијата за обработените количини на тутун според образецот на евиденцијата за обработениот тутун; откупувачот на тутун најдоцна пет дена пред почетокот на откупот на тутун го внесува износот од финансискиот документ/и за обезбедени средства за целокупната договорена количина на тутун од тековната реколта во висина на просечната откупна цена по килограм на ниво на државата од минатите три реколти за соодветните типови на тутун; откупувачот го внесува износот на исплатените средства и износот за исплатените аванси и надоместокот за организирањето и застапувањето на претставникот од највисоката асоцијација на тутунопроизводители во софтверот; како што тече процесот на откуп, системот врши пресметка во која ја одзема вредноста на откупениот тутун со износот на приложената финансиска гаранција; Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за земјоделство имааат увид во информациите за откупените количини и цени секој ден, збирни за секоја недела, збирни за секој месец и вкупно откупени количини тутун, спорните и решените количини и цени за секој ден, збирни за секоја недела, збирни за секој месец и вкупно, како и обработените количини тутун збирни за секој месец и вкупно и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој добива информации за податоци кои ќе бидат потребни за реализација на програмите за финансиска поддршка, а се содржани како параметри во апликацијата. Податоците кои се внесуваат и се генерираат во вид на потврди во/од софтверот од страна на откупувачот на тутун се следни: 1. Внес на податоци за склучен договор за откуп на тутун со производителот на тутун: назив на откупувач на тутун; број на договор; реколта; име и презиме/назив на правно лице; место на живеење/адреса и седиште за правно лице; единствен матичен број на граѓанинот/единствен даночен број; број на Имотен лист/договор за закуп; тип и сорта на тутун; 4 од 6 површина (м²); општина; катастарска општина (КО); катастарска парцела (КП); место викано; планираната договорена количина (кгр); откупна цена по типови и класи; рок на исплата во денови и трансакциска сметка. 2. Внес на просториите за откуп: назив на откупувач на тутун; реон/подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на чија територија се наоѓа откупниот пункт; општина; адреса на просторијата за откуп; број на ваги и број на мостри. 3. Внесување податоци за финансиски гаранции: назив на откупувач на тутун; реколта; вредност; датум на важење. 4. Внес на податоци за извршен откуп на суров тутун во лист: назив на откупувач на тутун; реколта; тип на тутун (Јака, Џебел, Прилеп, Отља, Басмак, Вирџинија, Берлеј); класа I, II, III, IV, V (откупена количини по класи, откупни цени по класи и вредност), вкупна количина за класа и пондер цена за класа, по типови; класа I, II (откупена количини по класи, откупни цени по класи и вредност), вкупна количина за класа и пондер цена за класа, по типови; мувлив тутун (откупена количини по типови, откупни цени по типови и вредност), вкупна количина и пондер цена по типови; вкупна количина во кгр., по типови; исплатен тутун по типови и вкупно во денари и исплатен надомест за застапување на претставниците од највисоката асоцијација. 5. Внес на податоци за спорен тутун согласно книгата за приговори пропишана со Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на книгата за приговори: назив на откупувач на тутун; дата на процена; ИДБР; име и презиме/назив на правно лице; број на договорот за откуп; откупно место (општина и адреса); број на бала/картонска кутија; тип на тутун (Јака, Џебел, Прилеп, Отља, Басмак, Вирџинија, Берлеј); класа I, II, III, IV, V (ароматичен тутун) класа I, II (дополнителен тутун) и вкупно; мувлосан тутун во кгр.; вкупно здрав и мувлосан тутун во кгр. и одбитоци (песок и влага) и цена во кгр. по типови за спорен тутун. 5 од 6 6. Внес на податоци за обработен тутун: назив на откупувач; берба; месец; тип на тутун (Јака, Џебел, Прилеп, Отља, Басмак, Вирџинија, Берлеј); обработен тутун во кгр.; обработен тутун купен од друг откупувач во кгр.; кало во кгр. и готов производ во кгр. Софтверот овозможува изготвување на извештаи врз основа на сите параметри на апликацијата. Член 5 Софтверот претставува веб апликација на која се најавуваат корисници со различни привилегии и улоги, преку веб прелистувач и најава со корисничко име и лозинка. Најавувањето е со пропишани безбедносни правила за најава и користење на интернет портали. Корисничкиот интерфејс треба да биде презентиран на македонски јазик. Системот обезбедува истекување на сесијата на најавување, што значи дека доколку корисникот не е активен по определен период треба автоматски да биде одлогиран. Комуникацијата помеѓу корисникот и апликацијата треба да се одвива преку инкриптиран заштитен протокол. Во софтверот ќе се најавуваат следните корисници: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; регистрирани откупувачи на тутун; Државен инспекторат за земјоделство; Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и администратори на корисниците (вработени во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство). Безбедносниот систем за авторизација треба да се базира на принципот на еднозначно најавување на системот. Секој краен корисник на софтверот треба да се идентификува со единствен идентификациски број или корисничко име што е поврзано со соодветна лозинка. Лозинките треба да имаат најмалку осум знаци, најмалку една голема и една мала буква, најмалку еден специјален знак и да не го содржи корисничкото име. Софтверот овозможува за корисниците промена на лозинката на месечно ниво. Најавувањето на апликацијата треба да биде оневозможено по одреден број неуспешни обиди за пристап. Член 6 Одржувањето на софтверот ќе се врши на редовна основа, без паузи помеѓу годишните одржувања, заради обезбедување на непречено функционирање на целиот систем, отстранување на грешки или недостатоци кои ќе се појават во работењето и други потребни промени околу функционирањето на системот. Надградбата на софтверот ќе се врши по потреба заради потребата од усогласување со прописите од областа на производството, откупот и обработката на тутунот, промени во деловниот процес и други системски и функционални потреби. 6 од 6 Член 7 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за минимално техничките стандарди и услови во поглед на опремата, хардверот, функционалноста на софтверот за електронскиот систем за водење на евиденција на пријавени, евидентирани и договорени површини и количини тутун по производители, откупувачи, по типови на тутун, за секоја реколта поединечно, начинот на користење, одржување и надградба на истиот („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/15). Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Бр. 29-6726/3 Министер за земјоделство, 9 август 2019 година шумарство и водостопанство, Скопје Трајан Димковски, с.р.

Regulation on minimum technical standards and conditions that must be met by equipment, hardware and functionality of the software of electronic information system for tobacco, the manner of use, maintenance and upgrade · Nelum