تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on measures to combat and eradicate the African swine fever

صدر في 2012-07-05 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на африканска чума кај свињите.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock
الكلمات المفتاحية
swine, pests/diseases, disinfection/disinfestation, animal health, vaccination, hygiene/sanitary procedures

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 1 од 23 20120912383 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11 и 136/11), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕРКИ ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА АФРИКАНСКА ЧУМА КАЈ СВИЊИТЕ (∗) Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишува начинот и постапката за пријавување на болеста африканска чума кај свињите и мерки кои треба да се превземат за сузбивање и искоренување на африканска чума кај свињите. Член 2 Поими (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/2007, 24/11 и 136/11) и прописите донесени врз основа на овoj закон се применуваат и во овој правилник, освен доколку не се поинаку дефинирани со овој правилник. (2) Одделни поими употребени во оваа правилник го имаат следното значење: 1) ”свиња” е секое животно од фамилијата Suidae, вклучувајки ги и дивите свињи; 2) ”дива свиња” е свиња која не се чува или размножува на одгледувалиште; 3) ”одгледувалиште” е секој земјоделски имот или место каде постојано и привремено се одгледуваат или чуваат свињи. Исклучок од оваа дефиниција се кланиците, средства за превоз како и оградени области каде се чуваат диви свињи кои може да се ловат; и кои според големината и структурата на овие оградени области не може да се применуваат мерките пропишани во член 5 став (1) на овој правилник; 4) ”дијагностички прирачник” е прирачник за африканска чума кај свињите во кој се утврдени дијагностичките постапки, земањето на мостри и лабораториското испитување за откривање на присуство на африканска чума кај свињите; (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 2002/60/ЕЗ од 27 Јуни 2002 година за мерки на Заедницата за контрола на африканската чума кај свињи, број 32002L0060, изменета и дополнета со Одлука на Комисијата 2006/911/ЕЗ од 5 декември 2006 г. за изменување и дополнување на Директивите 64/432/ЕЕЗ, 90/539/ЕЕЗ, 92/35/EEЗ, 92/119/EEЗ, 93/53/ЕЗ, 95/70/ЕЗ, 2000/75/ЕЗ , 2001/89/ЕЗ, 2002/60/EЗ и Одлуката 2001/618/ЕЗ во врска со листите на националните референтни лаборатории и Државни институти, број 32006D0911; Директива на Советот 2006/104/ЕЗ од 20 ноември 2006 година во врска со усвојување на одредени директиви од областа на земјоделството (ветеринарна и фитосанитарна легислатива), поради при стапот на Бугарија и Романија, број 32006L0104; Одлука на Комисијата 2007/729/ЕЗ од 7 ноември 2007 годи на за изменување и дополнување на Директивите 64/432/ЕЕЗ, 90/539/ЕЕЗ, 92/35/EEЗ, 92/119/EEЗ, 93/53/ЕЗ, 95/70/ЕЗ, 2000/75/ЕЗ , 2001/89/ЕЗ, 2002/60/EЗ и Одлуките 2001/618/ЕЗ и 2004/233/ЕЗ во врска со листите на националните референтни лаборатории и Државни институти, број 32007D0729; Директива на Советот 2008/73/EC од 15 Јули, 2008 за поедноставување на постапките на заведување и објавување на информации од областите на ветерината и зоотехниката и измена и дополнување на Директивите 64/432/ЕЕЗ, 77/504/ЕЕЗ, 88/407/ЕЕЗ, 88/661/ЕЗ , 89/361/ЕЕЗ, 89/556/ЕЕЗ, 90/426/ЕЕЗ, 90/427/ЕЕЗ, 90/428/ЕЕЗ, 90/429/ЕЕЗ, 90/539/ЕЕЗ, 91/68/ЕЕЗ, 91/496/EEЗ, 92/35/EEC, 92/65/ЕЕЗ, 92/66/EEЗ, 92/119/EEЗ, 94/28/ЕЗ, 2000/75/ЕЗ, Од луката 2000/258/ЕЗ и Директивите 2001/89/EЗ, 2002/60/EЗ и 2005/94/EЗ, број 32008L0073. Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 2 од 23 5) ”свиња сомнителна на инфекција на вирус на африканска чума кај свињите” е секоја свиња или мрша на свиња кај која клиничките знаци или пост-морталните промени или резултатите од лабораториското испитување спроведено согласно дијагностичкиот прирачник укажуваат на основано сомнение за присуство на африканска чума кај свињите; 6) ”случај на африканска чума кај свињите” или ”свиња заразена со африканска чума кај свињите” е секоја свиња или мрша на свиња кај која: а) официјално се потврдени клинички знаци или пост-мортални промени на африканска чума кај свињите, или б) присуството на болеста африканска чума кај свињите е официјално потврдено со лабораториско испитување направено согласно дијагностичкиот прирачник; 7) ”жариште на африканска чума кај свињите” е секое одгледувалиште на свињи каде се потврдени еден или повеќе случаи на африканска чума кај свињите; 8) ”примарно жариште” е жариште кое не е епидемиолошки поврзано со претходно жариште во исто епидемиолошко подрачје или е прво жариште во различно епидемиолошко подрачје; 9) ”област каде е утврдена болеста” е област каде, по добивањето на потврда на еден или повеќе случаеви на африканска чума кај диви свињи, спроведени се мерки на искоренување на болеста согласно членовите 15 и 16 на овој правилник; 10) ”прв случај на африканска чума кај диви свињи” е секој случај на африканска чума кај свињите кој е откриен кај диви свињи во област каде не се применуваат заштитни мерки согласно членовите 15 или 16 на оваа правилник; 11) ”контактно одгледувалиште” е одгледувалиште каде африканска чума кај свињите е можно да била внесена, како резултат на местоположбата на одгледувалиштето, движење на лица, свињи или возила или на некој друг начин; 12) ”сопственик” е секое лице или лица, физичко или правно, кои поседуваат свињи или се одговорни за чување на свињи, без одглед дали за тоа се платени или не; 13) ”третирање” е метод на третирање на материјал со висок ризик во согласност со Законот за нуспроизводи од животинско потекло1, применет за да се избегне ризикот од ширење на вирусот на африканска чума кај свињите; 14) ”вектор” е крлеж од видот Ornithodorus erraticus. Член 3 Пријавување на болеста африканска чума кај свињите (1) Секое присуство или сомнеж на присуство на африканска чума кај свињите се пријавува во што е можно пократок рок до Агенцијата за храна и ветеринарство (во натамошниот текст: Агенцијата). (2) Официјалниот ветеринар на територијата каде е потврдена африканска чума кај свињите обезбедува податоци согласно Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник, за: 1) oдгледувалиштата каде е потврдено жариште на африканска чума кај свињите; 2) потврдените случаи на африканска чума кај свињите во кланици или во средства на превоз; 3) потврда на прв случај на африканска чума кај диви свињи и 4) резултати на епидемиолошките испитувања извршени согласно член 8 на овој правилник. (3) Официјалниот ветеринар треба да обезбеди континуитет на добивање на податоци и информации за понатамошните случаи потврдени кај диви свињи во област каде е утврдена африканска чума кај свињите врз основа на резултатите од епидемиолошкото Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 3 од 23 испитување и контролите спроведени согласно член 15 на овој правилник, географската распространетост на болеста и извештајот за епидемиолошката состојба во дефинираната област. (4) Агенцијата во рок од 24 часа од потврдувањето на примарното жариште, примарниот случај кај диви свињи или жариште во кланица или средства за превоз, треба да ги пријави преку АДНС – системот за пријавување на болести на Европската Унија, податоците дадени во Прилог 1 на овој правилник. Член 4 Мерки кои треба да се превземат во случај на сомнеж на присуство на африканска чума кај свињите на одгледувалиште (1) По добивање на пријава на сомнеж на африканска чума кај една или повеќе свињи на одгледувалиште, официјалниот ветеринар треба веднаш да превземе мерки за испитување во согласност со дијагностичкиот прирачник со цел да го потврди или исклучи присуството на болеста. (2) При испитување на одгледувалиштето, официјалниот ветеринар врши проверка на регистарот и идентификационите ознаки во согласност со Законот за идентификација и регистрација на животните2. (3) Во случај кога сомнежот за присуство на африканска чума кај свињите на одгледувалиштето не може да се исклучи, одгледувалиштето се става под службен надзор и се спроведуваат следните мерки: 1) пребројување на сите свињи од различни категории присутни на одгледувалиштето и составување на листа на сите заболени свињи, угинати свињи или свињи за кои е веројатно дека се заболени. Листата треба да се ажурира дневно за да се имаат во евиденција бројот на новородени и угинати свињи во одгледувалиштето за време на сомнежот и истата треба да биде достапна на барање на официјалниот ветеринар; 2) ограничување на свињите на одгледувалиштето во нивните живеалишта или на друго место каде можат да бидат изолирани; 3) забрана за внесување или изнесување на свињи од одгледувалиштето. Официјалниот ветеринар може доколку е потребно да забрани и внесување и изнесување на други видови на животни и да нареди мерки за уништување на глодари или инсекти; 4) забрана за изнесување на мрши на свињи без предходно одобрение од официјален ветеринар; 5) забрана за изнесување на месо, прозиводи од свињи, семе, јајце клетки и ембриони од свињи, храна за животни, опрема, материјал или отпад кои може да ја пренесат африканска чума кај свињите без претходно одобрение од официјален ветеринар. Месото, произодите од свињи, семе, јајце клети и ембриони од свињи не може да се стават во промет; 6) забрана за влез или излез на лица од одгледувалиштето без предходно писмено одобрение од официјален ветеринар; 7) забрана за влез или излез на возила од одгледувалиштето без предходно писмено одобрение од официјален ветеринар; 8) поставување на соодветни средства за дезинфекција на влезот и излезот на објектите каде се сместени свињите како и на влезот и излезот од одгледувалиштето. Секое лице кое влегува или излегува од одгледувалиштето на свињи треба да превземе соодветни хигиенски мерки за да го намали ризикот на ширење на вирусот на африканска чума кај свињите. Сите средства за транспорт треба да бидат темелно исчистени и дезинфицирани пред да го напуштат одгледувалиштето и Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 4 од 23 9) спроведување на епидемиолошко испитување во согласност со член 8 на овој правилник . (4) Во зависност од резултатите од епидемиолошкото испитување, во област со голема густина на популација на свињи и на одгледувалишта за кои постои сомнеж дека болеста е пренесена, може да се спроведат и следните мерки: 1) спроведување на мерките од член 5 став (1) на овој правилник во одгледувалиштата наведени во став (3) на овој член и 2) формирање на привремена контролна зона околу одгледувалиштето од став (3) на овој член и примена на некои или сите мерки неведени во ставовите (1), (2) или (3) на овој член во одгледувалиштата за свињи во контролната зона. (5) Доколку се применат одредбите од став (4) точка 1) на овој член, спроведувањето на овие мерки може да се ограничи на свињите кои се сомнителни на зараза или се контаминирани со вирусот на африканска чума кај свињите, доколку овие свињи се сместени и се хранат потполно одвоено од другите свињи на одгледувалиштето. Во таков случај, потребно е да се земе доволен број на мостри од свињите кога тие се убиваат за да се потврди или исклучи присуството на вирусот на африканска чума кај свињите. Земањето на мостри се врши во согласност со дијагностичкиот прирачник. (6) Мерките од став (3) на овој член треба да се применуваат се додека официјално не се исклучи сомнежот за присуство на африканска чума кај свињите. Член 5 Мерки кои треба да се превземат во случај на потврда на присуство на африканска чума кај свињи на одгледувалиште (1) Во случај на потврда на присуство на африканска чума кај свињите на одгледувалиште, покрај мерките од член 4 став (3) на овој правилник, се спроведуваат и следните мерки: 1) убивање на свињите на одгледувалиштето под официјален надзор. Убивањето се врши на начин со кој се избегнува ризикот од ширење на вирусот на африканска чума кај свињите за време на убивањето или превозот доколку е тоа потребно; 2) земање на доволен број на мостри од убиени свињи во согласност со дијагностичкиот прирачник за да се утврди начинот и датумот кога вирусот на африканска чума кај свињите е внесен на одгледувалиштето; 3) нештетно отстранување на мршите на свињи кои угинале или се убиени под официјален надзор; 4) следење на движењето на месото добиено од свињите заклани од времето на претпоставениот датум на внесување на болеста во одгледувалиштето и третирање на истото под официјален надзор; 5) следење на движењето на семе, јајце клетки, ембриони добиени од свињите на одгледувалиштето од времето на претпоставеното внесување на болеста во одгледувалиштето и уништување на истите под официјален надзор; 6) третирање на сите субстанции, предмети, отпад и храна за животни за кои е веројатно дека се контамнирани, со цел да се обезбеди уништување на вирусот на африканска чума кај свињите. Сите материјали за еднократна употреба, за кои постои сомневање дека се контаминирани, особено оние кои се користат во текот на колењето, треба да бидат уништени и нештетно отстранети, во согласност со инструкциите на официјален ветеринар; 7) чистење и дезинфекција или третирање во согласност со член 12 на овој правилник на просториите каде биле сместени свињите, возилата користени за превоз на свињите или нивни мрши, опремата, простирката, цврстото и течното ѓубре за кои постои сомнение дека се контаминирани, се спроведува по нештетно отстранување на свињите; Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 5 од 23 8) во случај на примарно жариште на болеста, идентификување на генетскиот тип на изолатот на вирусот на африканска чума кај свињите во согласност со дијагностичкиот прирачник и 9) спроведување на епидемиолошко испитување во согласност со член 8 на овој правилник. (2) Во случај кога жариштето е потврдено со позитивен лабораториски резултат во зоолошка градина, парк за диви животни или во оградена област каде свињи се чуваат за научни цели или за цели за зачувување на видови или зачувување на ретки раси и под услов да не е доведена во опасност контролата на болеста може да дозволи исклучок од став (1) точки 1) и 5) на овој член. Член 6 Мерки кои треба да се превземат во случај на потврда на присуство на африканска чума кај свињите на одгледувалиште составено од различни производни единици (1) Во случај кога е потврдено присуство на африканска чума кај свињите на одгледувалиште кое се состои од две или повеќе производни единици, а со цел товот на свињите да се заврши, може да се дозволат исклучоци од одредбите на член 5 став (1) точка 1) на овој правилник за производни единици со здрави свињи на одгледувалиште кое е заразено. Овие исклучоци се применуваат само во случај кога структурата, големината и растојанието помеѓу производните единици како и активностите кои се вршат на истите се такви што производните единици представуваат комплетно одвоени објекти за сместување, чување и одгледување, при што е оневозможено ширење на вирусот од една на друга производна единица. (2) Во случај на примена на исклучоците од став (1) на овој член, истите се спроведуваат со јасни насоки за нивна примена при што треба да се запазат гаранциите во однос на здравствена заштите на животните. Член 7 Мерки кои треба да се превземат во контактно одгледувалиште (1) За контактно одгледувалиште се смета секое одгледувалиште за кое, врз основа на епидемиолошкото испитување согласно член 8 на овој правилник, не може да се исклучи можноста болеста да е пренесена од други одгледувалишта на одгледувалишта наведени во членовите 4 или 5 на овој правилник, или од огледувалишта од членовите 4 или 5 на овој правилник на друго одгледувалиште. (2) Одредбите од член 4 на овој правилник се применуваат на контактните одгледувалишта од став (1) на овој член се додека официјално не се исклучи сомнежот за присуство на африканска чума кај свињите. (3) Во зависност од епидемиолошката состојба во контактните одгледувалишта од став (1) на овој член, може да се применат мерките од член 5 став (1) на овој правилник. Во тој случај, од убиените свињи треба да се земе доволен број на мостри во согласност со дијагностичкиот прирачник со цел да се потврди или исклучи присуството на вирусот на африканска чума кај свињите на одгледувалиштето. Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 6 од 23 Член 8 Епидемиолошко испитување (1) Епидемиолошкото испитување на сомнителните случаи или жаришта на африканска чума кај свињите се врши врз основа на прашалник, подготвен во рамките на планот за итни мерки согласно член 20 од овој правилник. (2) При спроведување на епидемиолошкото испитување се зема во предвид: 1) временскиот период на присуство на вирусот на африканска чума кај свињите на одгледувалиштето пред да биде пријавена болеста или поставен сомнеж; 2) изворот на ширење на болеста на одгледувалиштето и идентификација на други одгледувалишта во кои свињите е можно да се заразени или контаминирани од истиот извор; 3) движење на лица, возила, свињи, мрши, семе, месо или некој друг материјал кој може да го пренесе вирусот на или од одгледувалиштето за кое се спроведува епидемиолошкото испитување и 4) веројатноста болеста да е раширена преку вектори или диви свињи. (3) Во случај кога епидемиолошкото испитување упатува дека вирусот на африканска чума кај свињите е пренесен од одгледувалиште од друга држава, Агенцијата веднаш го информира надлежниот орган во таа држава. Член 9 Формирање на заштитни и зони под надзор (1) Веднаш по добивањето на официјална потврда на присуство на африканска чума кај свињите на одгледувалиште, се формира заштитна зона во радиус од најмалку три килиметри околу одгледувалиштето и зона под надзор со радиус од најмалку 10 километри околу одгледувалиштето. Во заштитната зона и зоната под надзор се применуваат мерките од членовите 10 и 11 на овој правилник. (2) При формирање на заштитната зона и зоната под надзор треба да се земат во предвид следното: 1) резултатите од епидемиолошкото испитување направено во согласност со член 8 на овој правилник; 2) географската поставеност, особено природните или вештачките граници; 3) локацијата и близината на други одгледувалишта; 4) патиштата на движење, трговијата со свињи и достапноста на кланици и 5) објектите и персоналот кои се на располагање за спроведување на мерките за контрола на болеста и движењето на свињите во зоните. (3) Доколку заштитната зона или зоната под надзор опфаќа територија од соседна држава, Агенцијата треба да го информира и да остварува соработка со надлежниот орган од соседната држава за формирање на зоните. (4) Заради информирање на јавноста во заштитната зона и зоната под надзор треба да се постават лесно воочливи знаци за предупредувања и вклучување на медиумите, односно телевизијата и дневниот печат со цел информирање за забраните кои се во сила во овие зони во согласност со членовите 10 и 11 на овој правилник. Член 10 Мерки кои треба да се превземат во заштитна зона (1) Во заштитната зона се спроведуваат следните мерки: Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 7 од 23 1) попис на сите одгледувалишта во најкраток временски рок. Официјалниот ветеринар треба да изврши контрола во сите одгледувалишта кои се лоцирани во заштитна зона во рок од седум дена по формирањето на зоната. При контрола на одгледувалиштата, официјалниот ветеринар врши клинички преглед на свињите и контрола на регистарот на свињи и идентификационите ознаки во согласност со Законот за идентификација и регистрација на животните2. 2) забрана за движење и превоз на свињите по патишта, со исклучок на патишта на одгледувалиштата. Забраната не се однесува на транзит на свињи по копнен пат или железница без запирање и истовар. 3) по исклучок од точка 2) на овој став, може да се дозволи движењето наведено во точка 8) од овој став и движењето на свињи за колење кои доаѓаат надвор од заштитна зона, а се пренесуваат до кланица во заштитна зона за да бидат веднаш заклани; 4) чистење, дезинфекција и третман во согласност со упатствата и постапките од член 12 на овој правилник на камионите, другите возила и опремата, кои се употребени за превоз на свињи, други домашни животни или материјали кои можат да бидат контаминирани; 5) забрана за излез од зоната на камиони или возила кои биле користени за превоз на свињи без претходно чистење, дезинфекција, контрола и дозвола од официјален ветеринар; 6) забрана за влез или излез од одгледувалиштата на други домашни животни без предходно одобрување од официјален ветеринар; 7) пријавување во најкраток временски рок на сите угинати или заболени свињи на одгледувалиштето до официјален ветеринар и спроведување на испитување во согласност со постапките пропишани во дијагностичкиот прирачник; 8) забрана за движење на свињите од одгледувалиштата најмалку 40 дена по завршувањето на првичното чистење и дезинфекција и доколку има потреба дезинсекција на заразеното одгледувалиште. По истекот на 40 дена и во случај кога се применуваат одредбите пропишани во став (3) на овој член, официјалниот ветеринар може да одобри преместување на свињите од одгледувалиштето до: а) кланица определена од Агенцијата, лоцирана во заштитната зона или зоната под надзор каде истите веднаш треба да бидат заклани; б) објект за третирање или соодветно место каде свињите треба да бидат убиени и нештетно отстранети или нивните трупови третирани под официјален надзор или в) во исклучителни случаи, до други објекти лоцирани во заштитната зона. 9) забрана за излез на семе, јајце клетки и ембриони на свињи од огледувалиштето сместено во заштитната зона и 10) сите лица при влез и излез во и од одгледувалиштето на свињи треба да превземат соодветни хигиенски мерки за да се намали ризикот на ширење на вирусот на африканска чума кај свињите. (2) Во случај кога забраните од став (1) на овој член продолжат да се применуваат повеќе од 40 дена заради појава на нови жаришта или заради благосостојба на животните или некои други состојби настанати при чувањето на свињите, и доколку се исполнети одредбите од став (3) на овој член, официјалниот ветеринар може, постапувајки по барање од сопственикот, да одобри движење на свињите од одгледувалиште во заштитна зона, директно до: 1) кланица определена од Агенцијата,лоцирана во заштитната зона или зона под надзор каде истите треба веднаш да бидат заклани; 2) објект за преработка или соодветно место каде свињите треба да бидат убиени и нештетно отстранети или нивните трупови третирани под официјален надзор или 3) во исклучителни случаи, до други објекти лоцирани во заштитната зона. Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 8 од 23 (3) Дозволено е движење на свињи од одгледувалиште доколку: 1) е извршен клинички преглед од страна на официјалниот ветеринар со мерење на телесната температура на свињите на одгледувалиштето и проверка на регистарот и идетификационите ознаки на свињите согласно со Законот за идентификација и регистрација на животните2; 2) прегледот и контролата од точка 1) на овој став не покажале знаци на присуство на африканска чума кај свињите и утврдена е усогласеност со одребите на Законот за идентификација и регистрација на животните во поглед на регистерот и идентификационите ознаки кај свињите; 3) превозот на свињите се врши во возила кои се запечатени од страна на официјален ветеринар; 4) возилата и опремата употребени во превозот на свињите се исчистени и дезинфицирани по извршениот превоз согласно член 12 на овој правилник; 5) свињите треба да бидат заклани или убиени и се зема доволен број на мостри согласно дијагностичкиот прирачник заради официјална потврда на присуство или отсуство на вирусот на африканска чума кај свињите; 6) свињите се превезуваат до кланица при што: а) официјалниот ветеринар во кланицата е известен за испраќањето на свињите за колење и го потврдува нивното пристигнување до официјалниот ветеринар кој ги испратил; б) свињите во кланицата се чуваат и колат одвоено од другите свињи; в) за време на прегледите направени пред и по колењето во определената кланица, официјалниот ветеринар треба да ги земе во предвид клиничките знаци кои укажуваат на африканска чума кај свињите и г) свежото месо од свињи се преработува или означува со посебен здравствен печат, а потоа се третира согласно Законот за безбедност на храна3 Третманот на месото треба да се врши во објект определен од Агенцијата. Месото пред да се испрати до објектот се запечатува и така запечатено се пренесува до објектот каде печатот се отстранува. (4) Мерките во заштитната зона се применуваат се додека: 1) не се изврши чистење и дезинфекција, и доколку е потребно дезинсекција на заразените одгледувалишта и 2) не се извреши клинички преглед и лабораториско испитување на свињите во сите одгледувалишта согласно дијагностичкиот прирачник заради откривање на можно присуство на вирусот на африканска чума кај свињите. (5) Испитувањата од став (4) точка 2) на овој член треба да се извршат во рок 45 дена по првичното чистење и дезинфекција, и доколку се применети и мерки за дезинсекција на заразените одгледувалишта. (6) По исклучок од став (1) точка 8) и ставовите (2) и (5) од овој член, утврдените рокови за испитување од 40- и 45-дена можат да бидат намалени на 30 дена доколку, согласно дијагностичкиот прирачник, е спроведено интензивно земење и испитување на мостри со кое е овозможено исклучување на присуството на африканска чума кај свињите на одгледувалиште каде се спроведуваат мерките. Член 11 Мерки кои треба да се превземат во зона под надзор (1) Во зоната под надзор се спроведуваат следните мерки: 1) попис на сите одгледувалишта на свињи; 2) забрана за движење и превоз на свињите по патишта, со исклучок на патиштата на одгледувалиштата. Забраната не се однесува на транзит на свињи по копнен пат или Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 9 од 23 железница без запирање и истовар и движење на свињи за колење кои доаѓаат надвор од зоната под надзор, а се пренесуваат до кланица во истата зона за да бидат веднаш заклани. По исклучок официјалниот ветеринар може да дозволи движење и превоз на свињите по патишта, со исклучок на патишта на одгледувалиштата; 3) чистење, дезинфекција и третман во согласност со упатствата и постапките од член 12 на овој правилник на камионите, другите возила и опремата, кои се употребени за превоз на свињи, други домашни животни или материјали кои можат да бидат контаминирани; 4) забрана за излез од зоната на камиони или возила кои биле користени за превоз на свињи без претходно чистење, дезинфекција, контрола и дозвола од официјален ветеринар; 5) забрана за влез и излез од одгледувалиштето на други домашни животни во текот на првите седум дена по формирањето на зоната под надзор без предходно одобрување од официјален ветеринар; 6) пријавување во најкраток можен рок на сите угинати или заболени свињи на одгледувалиштето до официјалниот ветеринар, и спроведување на испитување во согласност со постапките наведени во дијагностичкиот прирачник; 7) забрана за движење на свињите од одгледувалиштата каде се чуваат најмалку 30 дена по завршувањето на првичното чистење и дезинфекција, а доколку е потребно и дезинсекција, на заразеното одгледувалиште. Доколку се исполнети одредбите од член 10 став (3) на овој правилник може да се дозволи движење на свињите од одгледувалиштето директно до: а) кланица определена од Агенцијата, лоцирана во заштитната зона или зоната под надзор каде истите треба веднаш да бидат заклани; б) објект за преработка или соодветно место каде свињите треба да бидат убиени и нештетно отстранети, а нивните трупови третирани под официјален надзор или в) во исклучителни случаи, до други објекти лоцирани во заштитната зона или зоната под надзор. 8) забрана за излез на семе, јајце клетки и ембриони од свињи од огледувалиште сместено во зоната под надзор и 9) сите лица при влез и излез од одгледувалиштето на свињи треба да превземат соодветни хигиенски мерки за да се намали ризикот на ширење на вирусот на африканска чума кај свињите. (2) Во случај кога забраните наведени во став (1) на овој член продолжат да се применуаат повеќе од 40 дена заради појава на нови жаришта или заради благосостојба на животните или некои други состојби настанати при чувањето на свињите, и доколку официјалниот ветеринар дозволил движење согласно член 10 став (3) на овој правилник може да се одобри движење на свињите од одгледувалиште во зоната под надзор по барање на сопственикот директно до: 1) кланица определена од Агенцијата, лоцирана во заштитната зона или зона под надзор за да бидат веднаш заклани; 2) објект за преработка или соодветно место каде свињите треба да бидат убиени и нештетно отстранети, а нивните трупови преработени под официјален надзор или 3) во исклучителни случаи, до други објекти лоцирани во заштитната зона или зоната под надзор. (3) Мерките во зона под надзор се применуваат се додека: 1) не се изврши чистење и дезинфекција, и доколку е потребно дезинсекција, на заразените одгледувалишта; Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 10 од 23 2) не се извреши клинички преглед и лабораториско испитување на свињите во сите одгледувалишта согласно со дијагностичкиот прирачник заради откривање на можно присуство на вирусот на африканска чума кај свињите. (4) Испитувањата направени во став (3) точка 2) на овој правилник треба да се спроведат во рок од 40 дена по првичното чистење, дезинфекција и дезинсекција на заразените одгледувалишта. (5) По исклучок од став (1) точка 7) и ставовите (2) и (4) од овој член, периодот од 30 дена од став (1) точка 7) може да биде намален на 21 ден,и периодот од 40 дена од ставовите (2) и (4), може да биде намален на 30 и 20 дена, доколку согласно дијагностичкиот прирачник е спроведено интензивно земење и испитување на мостри со кое е утврдено исклучување на присуството на африканска чума кај свињите на одгледувалиште каде се спроведуваат мерките. Член 12 Чистење, дезинфекција и третман со инсектициди (1) Дезинфекција треба да се врши со одобрени средства за дезинфекција и во пропишани концентрации. (2) Чистењето, дезинфекцијата и дезинсекцијата се вршат под официјален надзор и во согласност со: упатствата дадени од страна на официјалниот ветеринар и начелата и постапките за чистење, дезинфекција и дезинсекција и третман дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 13 Повторно населување на одгледувалиштата на свињи по појавата на жариште на болеста (1) Повторно населување на свињи во одгледувалиштата од член 5 на овој правилник може да се направи најмалку 40 дена по чистењето и дезинфекцијата, а по потреба и дезинсекција и во согласност со ставовите (2), (3), (4) и (5) на овој член . (2) При повторно населување на свињи на одгледувалиштето треба да се води сметка за типот на производството на одгледувалиштата и да бидат исполнети една од постапките дадени во ставовите (3) и (4) од овој член. (3) Во случај на одгледувалиште каде појавата на болеста не е поврзана со вектор, треба да се применува следното: 1) во случај на отворени одгледувалишта на свињи, внесувањето на свињи може да отпочне со така наречени „контролни“ свињи кои биле претходно испитани и се негативни на присуство на антитела на вирусот на африканска чума кај свињите или доаѓаат од одгледувалишта во кои не се спроведуваат мерки на забрана заради африканска чума кај свињите. Четириесет и пет дена по внесување на одгледувалиштето се испитуваат на присуство на антитела согласно дијагностичкиот прирачник. Целосно повторно населување може да се спроведе доколку кај испитаните свињи не се пронајдени антитела против вирусот на африканска чума кај свињите. Свињите не треба да се движат надвор од одгледувалиштето пред добивање на негативен резултат од серолошкото испитување; 2) во случај на сите останати типови на одгледување, повторно населување на свињите може да се спроведе согласно точка 1) од овој став или со целосно повторно населување ако: Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 11 од 23 а) сите свињи пристигнат на одгледувалиштето во период од 20 дена и доаѓаат од одгледувалишта кои не се под ограничувања заради присуство на африканска чума кај свињите, б) свињите со кои се врши повторно населување се серолошки испитани согласно дијагностичкиот прирачник. Земањето на мостри за серолошки испитувања се врши најмалку 45 дена по повторното населување на последната свиња и в) свињите не треба да се движат надвор од одгледувалиштето пред добивање на негативен резултат од спроведеното серолошкото испитување. (4) Во случај на одгледувалиште каде појавата на болеста е поврзана со вектор, повторно внесување на свињи во одгледувалиштето се прави по шест години освен ако: 1) успешно се спроведени активности под официјален надзор за елиминирање на векторите од просториите и местата каде свињите треба да бидат чувани или можат да дојдат во контакт со вектор, или 2) може да се докаже дека присуството на вектори не претставува голем ризик за пренесување на африканска чума кај свињите. (5) Во случај од став (4) на овој член во одгледувалиштето се применуваат мерките од став (3) точка 1) на овој член и ниедна свиња не смее да го напушти одгледувалиштето по повторното населување до добивање на негативни резултати од серолошките испитувања на присуство на африканска чума кај свињи на мостри земени од свињи на одгледувалиштето, согласно дијагностичкиот прирачник, најрано 60 дена по завршувањето на повторното населување. (6) Врз основа на епидемиолошката состојба може да се направат исклучоци од одредбите на став (3) од овој член во случај кога појавата на болеста не е поврзана со вектори и поминале повеќе од шест месеци од завршното чистење и дезинфекција на одгледувалиштето. (7) Повторно населување со други видови на домашни животни покрај свињи на одгледувалиштата од член 5 на овој правилник се прави по предходно одобрување од официјален ветеринар, врз основа на ризикот од ширење на болеста или појавувањето на векторите кое може да настане со повторното населување. Член 14 Мерки кои треба да се превземат во случај на сомнеж и потврда на африканска чума кај свињите во кланица или средства за превоз (1) Во случај на појава на сомнеж на африканска чума кај свињите во кланица или средство за превоз, официјалниот ветеринар веднаш спроведува испитување за да го потврди или исклучи присуството на болеста. Испитувањето се врши во согласност со постапката наведена во дијагностичкиот прирачник. (2) Во случај на појава на африканска чума кај свињите во кланица или средство за превоз, се превземаат следните мерки: 1) убивање без одлагање на сите приемчиви животни во кланицата или средството за превоз; 2) нештетно отстранување или третирање на труповите, внатрешните органи и отпадот од заразени или контаминирани животни под официјален надзор; 3) чистење, дезинфекција и дезинсекција на објектите, опремата и возилата под официјален надзор и во согласност со член 12 од овој правилник; 4) спроведување на епидемиолошко испитување согласно член 8 на овој правилник; 5) лабораториска постапка на идентификување на генетскиот тип на изолатот на вирусот на африканска чума кај свињите во согласност со дијагностичкиот прирачник; Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 12 од 23 6) примена на мерките од член 7 на овој правилник во одгледувалиштата од каде доаѓаат заразените свињи или трупови и во други контактни одгледувалишта. Мерките пропишани во член 5 став (1) на овој правилник треба да се применат во одгледувалиштата на потекло на заразените свињи или трупови освен доколку не се направи исклучок врз основа на епидемиолошкото испитување и 7) забрана за движење или внесување на животни во кланицата најмалку 24 часа по завршното чистење, дезинфекција и дезинсекција спроведена во согласност со член 12 на овој правилник. Член 15 Мерки кои треба да се превземат во случај на сомеж и потврда на присуство на африканска чума кај диви свињи (1) По пријавување на сомнеж на присуство на африканска чума кај диви свињи, официјалниот ветеринар треба веднаш да ги превземе сите мерки за да го потврди или исклучи присуството на болеста, да ги информира сопствениците на свињи и ловците, да изврши испитување на диви свињи кои биле застрелани или пронајдени угинати вклучувајки и лабораториско испитување. (2) По добивањето на потврдата за прв случај на присуство на африканска чума кај диви свињи, заради спречување на понатамошно ширење на болеста веднаш треба: 1) да се формира експертска група составена од ветеринари, ловци, биолози за дива фауна и епидемиолози. Експертската група учествува во: а) проучување на епидемиолошката состојба и дефинирање на областа каде е утврдена болеста, согласно член 16 став (3) точка 2) на овој правилник; б) предвидување на дополнителни мерки кои треба да се применат во заразеното подрачје покрај мерките од точките 2) и 3) на овој став, кои вклучуваат забрана за лов и забрана на прихрана на диви свињи; в) изготвување на план за сузбивање и искоренување на болеста во согласност со член 16 од овој правилник и г) контрола за потврда на ефективноста на мерките превземени за сузбивање и искоренување на африканска чума кај свињите во областа каде е утврдена болеста. 2) одгледувалиштата на свињи во областа каде е утврдена болеста треба да се стават под официјален надзор и да се спроведат следните мерки: а) спроведување и дневно ажурирање од страна на сопственикот на попис на сите категории на свињи на сите одгледувалишта кој се проверува од страна на официјалниот ветеринар. Во случај, на одгледувалишта на свињи на отворено, првиот попис може да се направи врз основа на слободна проценка; б) огранучување на сите свињи во одгледувалиштата во просториите каде живеат или на места каде можат да бидат изолирани од дивите свињи. Пристапот на дивите свињи до материјали кои подоцна може да дојдат во контакт со свињи од одгледувалиштето треба да биде оневозможен. в) забрана за влез и излез на свињи од одгледувалиштето освен ако не е дозволено од страна на официјалниот ветеринар во случај на поволна епидемиолошка состојба; г) поставување на соодветни средства за дезинфекција и за дезинсекција на влезот и излезот од објектите каде се сместени свињите како и на самото одгледувалиште; д) примена на соодветни хигиенски мерки за сите лица кои доаѓаат во контакт со диви свињи, за да се намали ризикот од ширење на вирусот на африканска чума кај свињите. Овие мерки можат да вклучат времена забрана за влез на одгледувалиштата на лица кои биле во контакт со диви свињи; Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 13 од 23 ѓ) тестирање на сите угинати или заболени свињи во одгледувалиштето за присуство на африканска чума кај свињите, е) забрана за внес во одгледувалиштето на делови од дива свиња, кои се застрелани или се најдени угинати, како и материјал и опрема која може да биде контаминирана со вирусот на африканска чума кај свињите; и ж) забрана за движење и пуштање во промет на свињи, нивно семе, ембриони и јајце клетки од областа каде е утврдена болеста. 3) да се прегледаат сите застрелани или угинати диви свињи во областа каде е утврдена болеста и да се изврши испитување на африканска чума кај свињите во согласност со дијагностичкиот прирачник. Дивите свињи и месото од диви свињи од ловишта каде се врши мониторингот не треба да се ставаат во промет без претходно лабораториско испитување. Труповите на сите животни кои се позитивни на африканска чума кај свињите нештетно се отстрануваат или се третираат под официјален надзор. Доколку резултатите од тестирањето се негативни на африканска чума кај свињите, дивите свињи и месото од диви свињи од ловишта каде се врши мониторингот може да се користат за човечка исхрана. Деловите кои не се наменети за исхрана на луѓето нештетно се отстрануваат или се третираат под официјален надзор и 4) да се изврши лабораториско испитување за идентификување на генетскиот тип на изолат на вирусот на африканска чума кај свињите во согласност со дијагностичкиот прирачник. (3) Доколку африканска чума кај диви свињи се појави на територија која граничи со соседна држава, Агенцијата го информира и остварува соработка со надлежниот орган од соседната држава за спроведување на мерките. Член 16 План за сузбивање и искоренување на африканската чума кај свињите во популацијата на диви свињи (1) Покрај мерките пропишани во член 15 од овој правилник, Агенцијата во рок од 90 дена од потврдата на прв случај на африканска чума кај диви свињи треба да изготви план на мерки и активности за сузбивање и искоренување на болеста во областа каде е утврдена болеста и мерки кои ќе се применуваат на одгледувалиштата во таа област. (2) Планот од став (1) на овој член може дополнително да се менува во зависност од промените на теренот и развојот на болеста. (3) Планот од став (1) на овој член треба да содржи податоци за: 1) резултатите од епидемиолошкото испитување и контролите спроведени согласно член 15 на овој правилник и географската распространетост на болеста; 2) одредување на област каде е утврдена болеста при што треба да се земат во предвид: а) резултатите од спроведеното епидемиолошкото испитување и географската распространетост на болеста, б) популацијата на диви свињи во таа област и в) постоењето на поголеми природни или вештачки бариери за движење на дивите свињи; 3) организацијата и соработката на билози, ловци, ловечки друштва, службите за заштита на дивите животни и ветеринарните служби (здравствена заштита на животните и ветеринарно јавно здравство); 4) начинот на спроведување на информативна кампања за подигање на свеста кај ловците за мерките кои треба да се спроведат во рамките на планот за сузбивање и искоренување на болеста; Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 14 од 23 5) утврдување на раширеноста на болеста кај популацијата на диви свињи, со испитување на застрелани свињи или пронајдени угинати, со лабораториско тестирање, вклучувајки и епидемиолошко испитување по старосни категории; 6) правилата кои ловците треба да ги применуваат за да се спречи ширење на болеста; 7) методите за отстранување на дивите свињи кои се најдени угинати или застрелани, а кои треба да содржат: а) нештетно отстранување или третирање под официјален надзор или б) преглед од официјален ветеринар и лабораториско испитување во согласност со дијагоностичкиот прирачник. Труповите на сите животни кои се позитивни на африканска чума кај свињите треба да бидат нештетно отстранети под официјален надзор. Доколку резултатите од тестирањето се негативни на африканска чума кај свињите, дивите свињи и месото од диви свињи од ловишта каде се врши мониторинг може да се користат за човечка исхрана. Деловите кои не се наменети за исхрана на луѓето нештетно се отстрануваат или се третираат под официјален надзор; 8) спроведување на епидемиолошко испитувања за секоја застрелана или најдена угината дива свиња. Епидемиолошкото испитување се спроведува врз основа на прашалник кој ги содржи следните податоци: а) географското подрачје каде животното било најдено угинато или е застрелано, б) датумот на кој животното било најдено угинато или е застрелано, в) лицето кое го пронашло или застрерало животното, г) старост и пол на свињата, д) доколку животното е застрелано, симптомите пред да биде застрелано, ѓ) доколку животното е пронајдено угинато: состојбата на трупот, е) лабораториските наоди, 9) програми на надзор и превентивни мерки кои се применуваат на одгледувалиштата во и околу областа каде е утврдена болеста, и забрана за движење и ставање во промет на свињи, нивно семе, ембриони и јајце клетки од областа каде е утврдена болеста; 10) други критериуми кои треба да бидат исполнети за повлекување на воведените мерки за сузбивање и искоренување на болеста во дефинирани области и за мерки кои се применуваат во одгледувалиштата во тие области; 11) воспоставување на систем со кој експертската група формирана во согласност со член 15 став (2) точка 1) на овој правилник може да врши редовна ревизија на резултатите од планот за сузбивање и искоренување на болеста и 12) спроведување на мониторинг на болеста 12 месеци по последниот потврден случај на африканска чума кај диви свињи во областа каде е утврдена болеста која ги вклучува и мерките кои се веќе на сила во согласност со точките 5), 7) и 8) од овој став. (4) Извештај за епидемиолошката состојба во дефинираната област и за резултатите од планот за ерадикација се изготвува на секои шест месеци. (5) Директорот на Агенцијата согласно член 20 став (1) алинеја 12 од Законот за безбедност на храна3 може да примени и дополнителни мерки во планот од став (1) на овој член по спроведена постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на ветеринарното здравство. Член 17 Мерки кои треба да се превземат за превенција на ширењето на вирусот на африканска чума кај свињите преку вектори (1) Во случај кога постои можност или сомневање, на присуство на вектори во објект каде е потврдено присуството на африканска чума кај свињите, треба : Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 15 од 23 1) да се изврши физички проверка за присуство на вектори во објектот и околината каде што е потврдена болеста. По потреба се врши заловување на вектори во согласност со Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник, 2) да се направат лабораториски испитувања за да се потврди или исклучи присуството на вирусот на африканска чума кај свињите во векторите, 3) да се воспостават соодветни мерки за мониторинг, проверка и контрола во објектот и во околината на објектот и 4) онаму каде контролата на векторите не е практична, свињите и другите домашни животни да не се држат во објектот најмалку следните шест години. (2) Директорот на Агенцијата согласно член 20 став (1) алинеја 12 од Законот за безбедност на храна3 покрај мерките од став (1) на овој член може да нареди примена на дополнителни мерки за следење и контрола на вектори и спречување на африканската чума кај свињите по спроведена постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на ветеринарното здравство. Член 18 Дијагностички постапки и услови за био-безбедност (1) Дијагностичките постапки и лабораториското испитување за откривање на присуство на африканска чума кај свињите го врши националната референтна лабораторија во согласност со дијагностичкиот прирачник за африканска чума кај свињите. (2) Националната референтна лабораторија е одговорна за применување на стандардите и дијагностичките методи во согласност со Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. Податоците за националната референтна лабораторија се објавуваат на интернет страната на Агенцијата. (3) Националната референтна лабораторија треба да остварува врски со другите референтни лаборатории. (4) За да се обезбедат соодветни гаранции за исполнување на био-безбедносни услови за заштита на здравјето на животните, вирусот на африканска чума кај свињи, неговиот геном и антигени и вакцини за истражување, дијагноза или производството треба да се манипулирани или да се користат само во места, институции или лаборатории определени од Агенцијата. Член 19 Употреба, производство и ставање во промет на вакцини против африканска чума кај свињи (1) Вакцинација против африканска чума кај свињите е забранета. (2) Употребата, производството, складирањето, набавката, дистрибуцијата и пуштањето во промет на вакцина против африканска чума кај свињи се врши под надзор на Агенцијата. Член 20 План за итни мерки (1) Критериумите за изготвување и содржината на планот за итни мерки за сузбивање и искоренување на африканска чума кај свињи се врши согласно Законот за ветеринарно здравство . Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 16 од 23 (2) Планот за итни мерки од став (1) на овој член треба да овозможи пристап до информации за институции, опрема, персонал и други соодветни средства неопходни за брзо и ефикасно сузбивање и искоренување на болест во случај на појава на жариште, фактори кои влијаат на ширењето на африканска чума кај свињи и густина на свињите. Планот за итни мерки треба да содржи јасни насоки за спроведување на мерките пропишани со овој правилник. (3) Планот од став (1) на овој член треба да се ревидира секои пет години. Директорот на Агенцијата согласно член 20 став (1) алинеја 12 од Законот за безбедност на храна3 може да го менува и надополнува планот за итни мерки за сузбивање и искоренување на африканската чума кај свињите по спроведена постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на ветеринарното здравство. Член 21 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 21-2363/3 5 јули 2012 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. 1 Законот за нус-производи од животинско потекло е усогласен со Регулативата (ЕЗ) бр. 1774/2002 на Европскиот парламент и на Советот од 3 октомври 2002 година која ги пропишува здравствените барања за нус-производи од животинско потекло кои не се наменети за исхрана на луѓе, бр. 32002R1774; 2 Закон за идентификација и регистрација на животните е усогласен со Директивата на Советот 2008/71/EЗ од 15 јули 2008 година за идентификација и регистрација на свињи, број 32008L0071; 3 Законот за безбедност на храната е во согласностусогласен со Директивата 2004/41/EЗ на Европскиот парламент и на Советот од 21 април 2004 за укинување на одредени директиви во врска со хигиената на храната и здравствените услови за производство и пуштање во промет на определени производи од животинско потекло наменети за исхрана на луѓе и за изменување и дополнување на Директивите 89/662/ЕЕЗ и 92/118/ЕЕЗ и Одлука на Советот 95/408/ЕЗ, број 32004L0041; 4 Членот 8 од Прaвилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат е усогласен со член 4 од Директивата на Советот 82/894/ЕЕЗ од 21 декември 1982 година за известување за болестите кај животните во рамките на Заедницата, број 31982L0894. Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 17 од 23 Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 18 од 23 Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 19 од 23 Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 20 од 23 Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 21 од 23 Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 22 од 23 Службен весник на РМ, бр. 91 од 20.7.2012 година 23 од 23

Regulation on measures to combat and eradicate the African swine fever · Nelum