Regulation on manner and procedure for performing the expert control in organic agricultural production
صدر في 2010-11-26 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за начинот и постапката за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development, Livestock, Cultivated plants
- الكلمات المفتاحية
- ecological production/organic production, inspection
- الفئات
- agriculture
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Врз основа на член 46, став (3) од Законот за органско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.146/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧНА КОНТРОЛА ВО ОРГАНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот и постапката за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство. Член 2 (1) Кога прв пат се спроведува стручна контрола на субјектот кој организира органско земјоделско производство, контролата опфаќа проверка на: а) усогласеноста на податоците за единицата, објектите или активностите на субјектот со фактичката состојба; б) сите применети практични мерки што треба да се преземат на ниво на единицата, објектите или активностите за да се осигура примената на правилата за органско земјоделско производство согласно Законот за органско земјоделско производство (во понатамошен текст: Законот); в) превземените мерки на претпазливост заради намалување на ризикот од загадување со недозволени средства или супстанции и мерките за чистење кои треба да се преземат во складиштата и низ севкупниот процес на производство на субјектот и г) информациите за секоја промена во податоците за единицата, објектите или активностите на субјектот. (2) Веродостојноста на податоците од став (1) на овој член субјектот ја потврдува со изјава. (3) Контролното/сертификациско тело по извршената контрола со потпис и печат ја заверува изјавата од став (2) на овој член и составува извештај во кој ги наведува можните недостатоци или несогласности со правилата за органско земјоделско производство согласно Законот и потребните мерки кои треба да ги преземе субјектот за надминување на утврдените недостатоци. (4) Извештајот од став (3) на овој член го потпишува и субјектот, кај кој е извршена стручна контрола. (*) Сп пвпј правилник се врши успгласуваое сп Регулативата на Кпмисијата (ЕЗ) бр.889/2008 пд 5 септември 2008 гпд. сп кпја се утврдуваат правилата за спрпведуваое на Регулативата на Спветпт (ЕЗ) бр. 834/2007 за прганскп прпизвпдствп и етикетираое на прганските прпизвпдивп пднпс на прганскптп прпизвпдствп, етикетираое и кпнтрпла, CELEX бр. 32008R0889. Член 3 (1) Контролното/сертификациско тело најмалку еднаш годишно врши физичка контрола на сите субјекти. (2) Контролното/сертификациско тело зема примероци за анализа во случаи кога има основан сомнеж дека : а) се употребуваат методи, средства и супстанции кои не се дозволени во органското земјоделско производство; б) се применуваат производни техники кои се во спротивност со правилата за органско земјоделско производство согласно Законот и в) има загадување од средства и супстанции кои не ce дозволени во органското земјоделско производство. (3) По секоја извршена контрола се пoдготвува извештај кој го потпишува и субјектот. (4) Контролното/сертификациско тело врши и случајни контроли, претежно ненајавени, врз основа на општа оценка на ризикот од неприменување на правилата за органско земјоделско производство согласно Законот при што треба да се земат во предвид резултатите од претходните контроли, количината на засегнатите производи и ризикот од декларирање како органски земјоделски производи на производи од редовното производство. Член 4 (1) Од документацијата за материјалната и финансиската евиденција контролното/сертификациско тело треба да ги провери и: а) добавувачот, продавачот или извозникот на производите од органско земјоделско производство; б) природата и количеството на органските земјоделски производи донесени во единицата, сите донесени материјали како и нивната употребата и/или составот на крмната смеса; в) природата и количеството на органските земјоделски производи кои се складираат во објектите; г), документацијата за природата и количината на органските земјоделски производи донесени и продадени, производителитот, увозникот или трговецот во случај кога субјектите не складираат или физички не ракуваат со органските земјоделски производи. (2) Контролното/сертификациско тело треба да ја провери и документацијата која ги содржи и резултатите од проверката при приемот на органските земјоделски производи и евиденцијата за соодносот помеѓу влезните и излезните средства. (3) Контролното/сертификациско тело треба да врши контрола и над субјектите кои водат повеќе производни единици во исто подрачје, единците за редовното производство, заедно со складиштата каде се складираат заштитни средства, ѓубриња, материјали за пакување и сл. Член 5 Стручна контрола при собирање на самоникнати растенија и плодови (1) Покрај контролата наведена во член 2, став (1), точка а) на овој правилник, стручната контрола кај субјекти кои собираат самоникнати растенија и плодови опфаќа и проверка на: а) складиштата, производните објекти и на земјишните парцели или подрачјата за собирање, како и објектите каде се одвиваат одредени преработувачки или пакувачки работи; и б) датумот на последна примена на средства чија употреба не е во согласност со правилата за органско земјоделско производство согласно Законот на парцелите или подрачјата за собирање. (2) Мерките од член 2, став (1), точка б) на овој правилник вклучуваат и документи со кои се потврдува дека субјектот ги применил одредбите од член 18, став (1) од Законот. Член 6 Стручна контрола во растителното органско производство Покрај контролата од член 2, став (1) точка а) на овој правилник, стручната контрола во растителното органско производство опфаќа и проверка на: а) употребата на ѓубривата - датум на примената, вид и количество на ѓубривото, засегнатите парцели; б) употребата на средства за заштита на растенијата - причината и датумот на примената, вид на средство и начин на примената; в) набавката на земјоделски инпути - датум, вид и количество на купените производи; г) жетвата/бербата - датум, вид и количество на органски земјоделски производи или органски земјоделски производи во преод и д) пакувањето, складирањето и продажбата на растителните органски производи. Член 7 Стручна контрола во органското сточарско производство (1) Покрај контролата од член 2, став (1) точка а) на овој правилник, стручната контрола во органското сточарското производство опфаќа и проверка на: а) објектите во кои се чува добитокот, пасиштата, местата на отворено и сл., како и складиштата, просториите за пакување и преработување на добиточните производи, суровите материјали или инпути и б) инсталациите за складирање на добиточниот измет. (2) Мерките од член 2, став (1), точка б) на овој правилник вклучуваат и: а) план за користење на ѓубрето одобрен од контролното/ сертификациско тело, опис на површините под растително органско производство; б) писмен договор со други органски сертифицирани стопанства со цел да се проследи вишокот ѓубриво од органското земјоделско производство или со стопанства кои ги применуваат правилата за органско земјоделско производство согласно Законот. Доколку договорот е склучен со стопанства кои се придржуваат кон правилата за органско земјоделско производство согласно Законот, контролното/сертификациско тело може да дозволи употреба на тоа ѓубриво врз основа на изјава на субјектот дека не се користени средства кои не се дозволени во органското земјоделско производство или документи за направена анализа на ѓубривото; в) план за управување со единицата за органско производство на добиток и г) план за одделување на капацитетите доколку земјоделското стопанство покрај органско сточарско производство, одгледува и добиток од редовно производство од различен вид. Член 8 Контролното/сертификациско тело треба да го провери целокупниот процес на производство и тоа: а) за животните кои се доведуваат во земјоделското стопанство - потеклото и датумот на пристигнување, преодниот период, ознаката за идентификација и регистрација и ветеринарната евиденција; б) за животните кои го напуштаат земјоделското стопанство - возраста, бројот на грла, масата во случај на колење, ознака за препознавање и одредиштето; в) детали за изгубено животно и причината за тоа; г) во однос на исхраната на животните - видот, вклучувајќи ги и додатоците во добиточната храна, сразмерот на сите состојки во оброците и времето на пристап до отворени пасишта, времето на преселба каде се применуваат ограничувањата и д) во однос на спречувањето на болестите, лекувањето и ветеринарната грижа датум на лекувањето, податоци за дијагнозата, вид на лек, назив на активната фармаколошка супстанција, начин на лекување, упатства за ветеринарна грижа со причина за истата и времето на каренца пред добиточните производи да може да се етикетираат и ставаат во промет како органски. Член 9 Доколку се користени ветеринарни медицински препарати согласно член 8, точка д) на овој правилник, контролното/сертификациско тело проверува дали субјектот овозможил јасно препознавање на добитокот кој бил подлежен на ветеринарни интервенции, поединечно во случај на крупен добиток или по група односно по кошница во случај на живина, ситен добиток или пчели. Член 10 Стручна контрола во пчеларското производство Покрај контролата од член 2, став (1) на овој правилник, стручната контрола во пчеларското производство опфаќа и проверка на: а) мапата во соодветен размер во која е наведена местоположбата на кошниците; б) во однос на пчелната храна - вид на производ, датум, количества и кошниците во кои се употребува; в) евентуалната употреба на ветеринарни медицински препарати - вид на средството, вклучувајќи го и називот на активната фармаколошка супстанција, заедно со податоци за дијагнозата, позологијата, начин на примената, траењето на лекувањето и утврденото време на каренца согласно Законот и прописите од областа на ветеринарството; д) времето на евентуалните поместување на пчелните кошници и ѓ) начинот на собирањето, преработувањето и складирањето на пчелните производи. Член 11 Стручна контрола на повеќе производни единици кои ги води ист субјект Кога субјектот управува со повеќе производни единици во исто подрачје, единиците во кои се произведуваат растителни производи или се одгледуваат животни од редовното производство, заедно со складиштата за земјоделските инпути, треба да подлежат на минимум контрола од страна на контролното/сертификациско тело. Член 12 Стручна контрола при преработка на органски производи Во случај кога единицата која самата врши подготовки за преработка на органски производи за сопствени потреби или за продажба, а особено вклучувајќи ги единиците кои вршат пакување или препакување на тие производи, или единици кои вршат етикетирање на тие производи, контролата од член 2, став (1), точка а) од овој правилник, треба да ги опфати и објектите за прием, преработување, пакување, етикетирање и складирање на земјоделските производи пред и после вршењето на активностите, како и превозот на органските производи. Член 13 Стручна контрола при увоз на органски производи, суровини и состојки (1) Стручната контрола при увоз на органски производи, суровини и состојки опфаќа контрола на: а) просториите на увозникот и увозните постапки; б) другите простории кои увозникот ги употребува за складирање на увезените производи; в) системот на следливост на увозникот и г) копиите од сертификати, придружната документацијата за производителот, потеклото на производите, извозот, превозот, увозот и пуштањето во промет. (2) Во случај кога увозникот и првиот трговец се исто правно лица и работат во една единица, извештајот од член 2, став (3) од овој правилник може да се состави во еден извештај. Член 14 Стручна контрола на единиците кои подготвуваат добиточна храна (1) Покрај контролата од член 2, став (1), точка a) од овој правилник стручната контрола во единиците кои подготвуваат добиточна храна опфаќа и проверка на: a) просториите кои се користат за прием, подготовка и складирање на производи наменети за добиточна храна, пред и после вршење на активностите во нив; б) просториите кои се користат за складирање на другите производи употребени во приготвувањето на добиточната храна; в) просториите кои се користат за чување на производите за чистење и дезинфекција во органското земјоделско производство; г) крмната суровина која субјектот планира да ја произведе и видот на добитокот за кој е наменета суровината; д) називот на крмната суровина која субјектот планира да ја подготви и ѓ) информациите за потеклото, природата и количествата на крмните суровини, додатоците, продажбата и крајните производи. (2) Контролното/сертификациско тело врз основа на општа проценка на ризиците по секоја единица, изготвува план за контрола. Планот за контрола го содржи минималниот број на случајни примероци во зависност од потенцијалните ризици. Член 15 Кога контролното/сертификациско тело има основано сомневање дека субјектот има намера да стави во промет производ кој не е во согласност со правилата за органско земјоделско производство согласно Законот, но кој упатува на органскиот начин на производство, контролното/сертификациско тело му укажува на субјектот привремено да не го става производот во промет, за одреден временски рок. При тоа, потребно е да се отстранат сите упатства на органскиот начин на производство од овој производ доколку контролното/сертификациско тело е сигурно дека овој производ не ги исполнува барањата за органско земјоделско производство. Член 16 (1) Кога на субјектот се врши стручна контрола од друго контролно/сертификациско тело, изјавата од член 2, став (2) на овој правилник вклучува и согласност на субјектот дека контролните/сертификациски тела може да разменуваат информации за активностите под нивна контрола како и за начинот на кој може да се изврши таа размена. (2) Информациите за случаите кои влијаат врз органскиот статус на производот, односно при сериозни неправилности или прекршувања кои вклучуваат повлекување на производи или суспензија на сертификати треба ведна контролнитe/сертификацискитe тела. Член 17 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за начинот, постапката и методологијата за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/07). Член 18 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Министер за земјоделство, Бр. 08-8103/6 шумарство и водостопанство 26 ноeмври 2010 г. Љупчо Димовски Скопје