Regulation on labelling, form and content of the seal and label for the carcasses of sheep and goats
صدر في 2012-01-23 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за начинот на означување, формата и содржината на печатот и етикетата на труповите на овци и кози односно јагниња и јариња.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- food safety and quality, classification/declassification, meat, sheep/goats, packaging/labelling
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 1 од 2 20120180572 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 106, став (6) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА ОЗНАЧУВАЊЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПЕЧАТОТ И ЕТИКЕТАТА НА ТРУПОВИТЕ НА ОВЦИ И КОЗИ ОДНОСНО ЈАГНИЊА И ЈАРИЊА (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на означување, формата и содржината на печатот и етикетата на труповите од овци и кози односно јагниња и јариња. Член 2 (1) Означувањето на труповите на овци и кози односно јагниња и јариња (во натамошниот текст: означување) се врши во кланичните капацитети. (2) Означувањето се врши со нанесување печат на надворешната страна на трупот користејќи небришливо и нетоксично мастило. (3) Печатите се нанесуваат на задните четвртини од трупот, на грбот во висина на четвртиот лумбален прешлен и на предните четвртини од трупот, на градите. (4) Означувањето се врши и со етикета прикачена на трупот како единствен начин на означување или заедно со означувањето со нанесување печат. Етикетите се прикачуваат само во одобрени кланични капацитети. (5) Етикетите треба да се заштитени од можно оштетување, да се отпорни на кинење и да се цврсто прикачени на секоја четвртина на местата наведени во ставот (3) од овој член. Член 3 (1) Печатот од член 2 став (2) на овој правилник има округла форма. (2) Печатот, согласно член 106 од Законот за квалитетот на земјоделските производи, ги содржи следните ознаки: L или S за категоријата на јагнешкиот/јаречкиот овчиот или козјиот труп или половинка; S, E, U, R, O или P за класата според меснатоста на јагнешкиот/јаречкиот овчиот или козјиот труп или половинка; 1, 2, 3, 4 или 5 за класата според покриеноста со масно ткиво на јагнешкиот/јаречкиот овчиот или козјиот труп или половинка; I, II или III за подкласата врз основа на масата кај лесните јагниња на јагнешкиот/јаречкиот труп или половинка; од I класа (A, B или C) за подкласата врз основа на масата и бојата на месото кај лесните јагниња на јагнешкиот/јаречкиот труп или половинка и ознака за идентификациски број на класификаторот. (3) Буквите и бројките кои се користат за ознаките на печатот не треба да бидат помали од еден сантиметар во висина. (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата за утврдување на детални правила за примена на Регулатива (ЕК) бр. 1234/2007 на Комисијата во однос на пазарните стандарди за месо од говеда, свињи, овци и кози, CELEX бр. 32008R1249. Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 2 од 2 Член 4 (1) Етикетата од членот 2 став (4) на овој правилник има квадратна форма со големина од најмалку 25cm2. (2) Етикетата ги содржи ознаките од член 3, став (2) на овој правилник. (3) Покрај ознаките од став (2) на овој член, етикетата ги содржи и следните податоци: бројот на одобрение на кланичниот капацитет; идентификацискиот или кланичниот број на животното; датумот на колење и масата на трупот. (4) Содржината на етикетата треба да е јасно читлива. На етикетата не треба да се вршат било какви измени, освен ако истите се јасно обележани на етикетата и извршени под надзор на официјален ветеринар. Член 5 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 jануари 2013 година. Бр. 08-10178/4 23 јануари 2012 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.