تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on issuing a permit for conducting scientific research in nature

صدر في 2009-07-31 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за издавање дозвола за спроведување на научно истражување во природата.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Wild species and ecosystems
الكلمات المفتاحية
management/conservation, authorization/permit, procedural matters, protection of environment, protection of species, stock enhancement/repopulation, research, biodiversity

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 1 од 12 20091011946 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 24 став 4 од Законот за заштита на природата (“Службен весник на Република Македонија”бр. 67/04, 14/06 и 84/07), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ПРИРОДАТА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето за издавање на дозвола за спроведување на научно истражување во природата, постапката за нејзино издавање, како и формата и содржината на образецот на дозволата за спроведување на научно истражување во природата. Член 2 (1) Формата и содржината на барањето за издавање на дозвола за спроведување научно истражување (во натамошниот текст: барање) се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. (2) Формата и содржината на образецот на дозволата за спроведување на научно истражување во природата (во натамошниот текст: дозвола) се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 (1) Барањето се доставува до Министерството за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина. (2) Кон барањето се приложуваат и следните документи: 1. Две препораки во оригинал од научни институции за физичкото лице коешто ќе го врши истражувањето, доколку подносителот на барањето е физичко лице, и 2. Предлог-работна програма и методологија на истражувањето. Член 4 Предлог-работната програма и методологија од член 3 став (2) точка 2 на овој правилник треба да содржи детален опис на планираните активности преку кои ќе се спроведува научното истражување со временска динамика на нивното спроведување, како и методите кои ќе се применуваат во текот на научното истражување. Член 5 (1) Управата за животна средина во постапката за издавање на барањето ја оценува оправданоста на истражувањето земајќи ги во предвид: 1. Значењето на истражувањето за напредок на науката или за суштински биомедицински намени; 2. Намената во поглед на одгледување, размножување или подобрување на состојбата на видовите, со што ќе се зголемат придобивките за зачувување на природата, или 3. Придонесот на истражувањето за образовни цели и намени заради заштита или зачувување на природата. Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 2 од 12 (2) Во случај кога барањето се однесува на истражување во заштитено подрачје, Управата за животна средина најдоцна 5 дена од денот на приемот на барањето доставува копија од барањето до субјектот кој управува со заштитеното подрачје. (3) Субјектот од став (2) на овој член најдоцна 15 дена од денот на приемот на барањето доставува мислење до Управата за животна средина. (4) Врз основа на оценката од став (1) на овој член и мислењето од став (3) на овој член, Управата за животна средина подготвува мислење и дозвола што ги доставува до Министерот за животна средина и просторно планирање, најдоцна 60 дена од денот на добивањето на барањето. (5) Во случаите од став (2) на овој член Управата за животна средина една копија од дозволата доставува на субјектот кој е задолжен да управува со заштитеното подрачје. Член 6 (1) Доколку при спроведувањето на научното истражување во природата се увиде дека истражувањето треба се промени во однос на целта за која е издадена дозвола, носителот на дозволата треба за тоа да ја информира Управата за животна средина. (2) Врз основа на информациите од став (1) на овој член, Управата за животна средина цени дали е потребно да се изврши дополнување или измена на дозволата, за што го информира носителот на дозволата најдоцна 30 дена од денот на приемот на информацијата. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 07-6604/1 Министер за животна 31 јули 2009 година средина и просторно Скопје планирање, д-р Неџати Јакупи, с.р. Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 3 од 12 Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 4 од 12 Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 5 од 12 Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 6 од 12 Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 7 од 12 Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 8 од 12 Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 9 од 12 Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 10 од 12 Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 11 од 12 Службен весник на РМ, бр. 101 од 10.08.2009 година 12 од 12 .

Regulation on issuing a permit for conducting scientific research in nature · Nelum