تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on general requirements for food safety in relation to the maximum levels of certain contaminants

صدر في 2013-07-12 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

research.laws.repealedOn

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
food safety and quality, residues, inspection, public health

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 1 од 14 20131022439 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 27, став 9 од Законот за безбедност на храната (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ОПШТИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ВО ОДНОС НА МАКСИМАЛНИТЕ НИВОА НА ОДДЕЛНИ КОНТАМИНЕНТИ (*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти. Член 2 (1) Контаминент претставува секоја материја која во храната е додадена ненамерно или по случаен пат, како последица на: производство (вклучувајки го примарното производство и ветеринарна медицина), преработка, припрема, обработка, ускладиштување и изложување на пазарот или како резултат на загадување на околината. (2) Контаминентот не ги опфаќа туѓите тела како што се делови од инсекти, животински влакна и сл. Член 3 Во смисла на овој правилник контаминенти се : микотоксини, тешки метали, монохлорпропандиол (MCPD) нитрати, диоксини и слични на диоксини ( PCDD и PCDF), полихлорирани бифенили (PCBs ) (31), полициклични ароматични јаглеводороди (PAH) и меламин и негови структурни аналози. Член 4 (1) Одредбите на овој правилник се применуваат за храната дадена во Прилогот за максимални нивоа за контаминенти во прехранбените производи (во понатамошниот текст Прилогот), кој е составен дел на овој правилник, во случај кога храната содржи контаминенти над максималното ниво дадено во Прилогот. (2) Прехранбените производи кои содржат контаминенти на ниво кое го надминува максималното ниво дадено во Прилогот, се сметаат за небезбедни и не треба да се пуштаат во промет. (3) Максималните нивоа на контаминентите се однесуваат само на деловите од храната кои се јадат, освен ако не е поинаку наведено во Прилогот. (4) Доколку храната содржи неприфатлива односно токсична количина на контаминенти, не треба да биде ставена во промет.  Со овој правилник се врши усогласување со Регулатива (ЕЗ) бр. 1881/2006 на Комисијата од 19 декември 2006 година за утврдување на максималните нивоа на одредени загадувачи во прехранбените производи Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 2 од 14 (5) При производството, транспортот и ракувањето со храната количините на контаминентите треба да се одржуваат на што пониско ниво, придржувајки се притоа кон добра производна пракса. (6) Нивото на присутните или утврдените контаминенти во храната, кое е во согласност со овој правилник, не може да биде причина за забрана, ограничувања или спречување за ставање во промет. Член 5 (1) При утврдување на максималните нивоа на контаминенти кои се дадени во Прилогот, а се однесува за прехранбените производи кои се сушени, разредени, обработени или составени од повеќе од една состојка, треба да се зема во предвид следново: (а) промени во концентрацијата на контаминентот предизвикани од процесите на сушење или разредување; (б) промени во концентрацијата на контаминентот предизвикани од преработката; (в) соодносот на компонентите во производот и (г) аналитички лимит на квантификација во рамките на лабараториската метода . (2) Операторот со храна во процесот на производство, во кои се применуваат технолошки процеси, при што настанува сушење, разредување, мешање и/или преработка на храната, ги евидентира и ги презентира специфичните фактори на концентрирање или разредување добиени во споменатите операции, кои се земаат во предвид при контролите за безбедноста на храната од Агенцијата за храна и ветеринарство. Член 6 (1) Прехранбените производи кои содржат контаминенти што не се во согласност со максималните нивоа наведени во Прилогот не треба да се користат како состојки на храна. (2) Прехранбените производи во кои контаминентите се во согласност со максималните нивоа наведени во Прилогот, не треба да се мешаат со прехранбени производи кои содржат контаминенти што ги надминуваат максималните нивоа на контаминентите. (3) Прехранбените производи што треба да се подложат на сортирање или друг физички третман за намалување на нивоата на контаминираност не треба да се мешаат со прехранбени производи наменети за директна човечка употреба или со прехранбени производи што ќе се користат како прехранбени состојки. (4) Прехранбените производи што содржат контаминенти наведени во дел 2 од Прилогот (Микотоксини), не треба да се детоксицираат намерно со хемиски третмани. Член 7 Кикириките, маслодајните семиња, јаткастите плодови, сушеното овошје, оризот и пченката што не се во согласност со соодветните максимални нивоа на афлатоксини што се наведени во точките 2.1.5, 2.1.6, 2.1.7, 2.1.8, 2.1.10 и 2.1.11 во дел 2 од Прилогот, можат да се пуштаат во промет под услов таквите прехранбени производи: (а) да не се наменети за директна човечка потрошувачка или за употреба како состојка во прехранбени производи; (б) да се во согласност со соодветните максимални нивоа наведени во точките 2.1.1, 2.1.2, 2.1.3, 2.1.4, 2.1.9 и 2.1.12 во дел 2 од Прилогот; (в) да се предмет на третман што вклучува сортирање или друг физички третман и по таквиот третман максималните нивоа што се наведени во точките 2.1.5, 2.1.6, 2.1.7, 2.1.8, 2.1.10 и 2.1.11 во дел 2 од Прилогот да не се надминати и овој третман да не предизвикува создавање на други штетни остатоци; Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 3 од 14 (г) да се јасно означени со што ќе се прикаже нивната употреба и да носат ознака „производот е подложен на сортирање или друг физички третман со цел да се намали загадувањето со афлатоксини пред употребата во човекова исхрана или користење како состојка во прехранбени производи“. Ознаката е вклучена во означувањето на секое посебно пакување или на оригиналниот придружен документ. Бројот на серијата – лот треба да биде неизбришливо означен на секое посебно пакување и на оригиналниот придружен документ. Член 8 (1) Јасна ознака за планираната намена треба да стои на означувањето на секое посебно пакување како и на документ кој ја придружува пратката. Ваквиот придружен документ треба да биде јасно поврзан со пратката преку наведување на серискиот број или лот на пратката, што се наоѓа на секое посебно пакување на пратката. Покрај тоа, деловната активност на примачот на пратката што е наведен во придружниот документ треба да биде сообразен со планираната намена. (2) Во отсуство на јасна ознака за намената на пратката, максималните нивоа што се утврдени во точките 2.1.5 и 2.1.11 од дел 2 од Прилогот се применуваат на сите кикирики, маслодајните семиња и производи од нив, како и жита што се пуштаат во промет. (3) Примената на максимално дозволени нивоа пропишани во точка 2.1.1 од дел 2 од Прилогот, за кикирики и други маслодајни семиња наменети за дробење се однесува единствено на пратки на кои е јасно означена нивната употреба и кои ја носат ознаката ‘производот ќе биде предмет на дробење за производство на рафинирано масло од растително потекло’. Оваа ознака треба да биде вклучена на означувањето на секоја индивидуална вреќа, кутија итн. и на придружниот документ(и). Крајната дестинација треба да биде објект во кој се врши дробењето. Член 9 Освен доколку зелената салата што е одгледувана под пластеници (заштитена зелена салата) не е означена како таква, се применуваат максималните нивоа што се наведени во дел 1 од Прилогот , во делот за зелена салата што е одгледувана на отворено (зелена салата одгледувана на отворено). Член 10 Начинот на земање мостри и анализата за службена контрола на максималните нивоа што се утврдени во Прилогот се врши во согласност со Правилникот за начинот на земање мостри од храна. Член 11 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да се применуваат членовите 25, 26, 28, 29, 30, 31 и 32 и Табелите 2,4,5,6 од Правилникот за општите барања за безбедност на храна (“Службен весник на Република Македонија” бр. 118/2005). Член 12 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-3091/1 Агенција за храна и ветеринарство 12 јули 2013 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 4 од 14 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 5 од 14 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 6 од 14 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 7 од 14 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 8 од 14 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 9 од 14 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 10 од 14 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 11 од 14 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 12 од 14 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 13 од 14 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.07.2013 година 14 од 14

Regulation on general requirements for food safety in relation to the maximum levels of certain contaminants · Nelum