Regulation on fees for activities and official controls on food and animal feed imported in the country and activities and official controls on food and animal feed which are manufactured and marketed and the way of their collection
صدر في 2014-03-05 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Одлука за висината на надоместокот за активности и официјални контроли на храна и храна за животни која се увезува во република македонија и активности и официјални контроли на храна и храна за животни која се произведува и става во промет како и начин на нивна наплата.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock, Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- animal feed/feedstuffs, inspection, fees/royalties, food safety and quality
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 45 од 05.03.2014 година 1 од 2 20140451342 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 104 став 3 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр.157/2010, 53/2011, 1/2012, 164/2013, 187/2013), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 5.3.2014 година, донесе О Д Л У К А ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА АКТИВНОСТИ И ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ НА ХРАНА И ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ КОЈА СЕ УВЕЗУВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И АКТИВНОСТИ И ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ НА ХРАНА И ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ КОЈА СЕ ПРОИЗВЕДУВА И СТАВА ВО ПРОМЕТ КАКО И НАЧИН НА НИВНА НАПЛАТА 1. Co ова одлука се утврдува висината на надоместокот за активности и официјални контроли на храна и храна за животни која се увезува во Република Македонија и активности и официјални контроли на храна и храна за животни која се произведува и става во промет како и начин на нивна наплата. 2. Висина на надоместоците за спроведување на активностите и официјални контроли на храна и храна за животни која се увезува во Република Македонија се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на оваа одлука. 3. Висина на надоместоците за спроведување на активностите и официјални контроли на храна и храна за животни која се произведува и става во промет се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на оваа одлука. 4. Доколку Агенцијата за храна и ветеринарство врши неколку официјални контроли истовремено кај ист оператор и објект, истите се сметаат за една активност и се наплатува единствен надоместок во висина утврдена во Прилог 1 и Прилог 2 на оваа одлука. 5. Во случаи кога има потреба од дополнителни официјални контроли, како и во случај на последователни официјални контроли за утврдување на постапување пo решение од официјален ветеринар, Агенцијата за храна и ветеринарство наплатува надоместоци за трошоците кои произлегуваат од дополнителните официјални контроли во висина од 500 денари по работен час за секој вработен во Агенцијата за храна и ветеринарство вклучен во дополнителните официјални контроли. 6. Надоместоците од Прилог 1 на оваа одлука се зголемуваат за 50%, во случај кога официјалните контроли се извршуваат при претовар на пратките на ветеринарното инспекциско место на граничен премин. 7. Надоместоците од Прилог 2 на оваа одлука се зголемуваат за 100%, во случаи кога официјалните контроли се извршуваат во деновите на државни празници и неработните денови (сабота и недела). 8. Co денот на влегувањето на сила на оваа одлука престанува да важи Одлука за висината на надоместокот за граничните ветеринарни контроли, за сите активности и официјални контроли за производи од животинско потекло, храна и производи за исхрана на животни кои се ставаат во промет во Република Македонија и за идентификација и регистрација на животните и одгледувалиштата и издавање на сертификати за здравствена состојба на животните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 109/2009). Службен весник на РМ, бр. 45 од 05.03.2014 година 2 од 2 9. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 42-1799/1 Заменик на претседателот 5 март 2014 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р.