تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on detailed conditions to be met by the tobacco purchaser for entry in the register of tobacco purchasers

صدر في 2019-09-23 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за поблиските услови кои треба да ги исполнува откупувачот на тутун за запишување во регистарот на откупувачи на тутун.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Cultivated plants
الكلمات المفتاحية
processing/handling, internal trade, plant production, registration, transport/storage, tobacco, agricultural commodities
الفئات
agriculture

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 29 став 2 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА ОТКУПУВАЧОТ НА ТУТУН ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО РЕГИСТАРОТ НА ОТКУПУВАЧИ НА ТУТУН Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските услови кои треба да ги исполнува откупувачот на тутун за запишување во регистарот на откупувачи на тутун. Член 2 Откупувачот на тутун треба да располага со соодветни простории за откуп, сместување, чување и индустриска обработка на тутун, како и соодветен простор за сместување на обработениот тутун. Просторијата за откуп во местото каде се врши откуп на тутун треба да биде осветлена со природна дневна или вештачка светлина (со неонско или диодно осветлување), да биде со површина од најмалку 50 m² за една вага, обезбедена со електрична енергија и интернет конекција. За секоја вага во откупното место треба да се обезбеди монитор од 22 in или монитор од 17-22 in на допир монтиран на вагата, заради визуелизација при внесување на јавно искажаните податоци при процена на балата или картонската кутија, кој е поставен во видното поле на производителот и/или застапникот. Просторијата за сместување, чување и индустриска обработка на тутун треба да биде со површина од најмалку 800 m² и со висина над 2,5 m за прием и сместување на најмалку 100 тони тутун. Просторијата треба да е чиста, сува, да има услови за проветрување, односно прозорци со капаци или опрема за регулирање на температурата, влагата и светлината, како и да биде обезбедена со соодветни сталажи на повеќе катови или палети кои се мобилни и може да се редат на различен начин. Просторијата за индустриска обработка треба да биде опремена со опрема за кондиционирање (комора или проточен канал за кондиционирање), линија за пуштање, опрема за разлистување, обеспесочување и обеспрашување, ленти за сортирање, харманерки (силоси), тонга машина – преса и/или преса за пакување во картонски кутии, опрема за ферментирање и стабилизирање на готовиот производ (ферм-комора и/или софтдраинг- ридраинг систем) и физичко - технолошка лабораторија. Просторијата за сместување на обработениот тутун треба да биде со површина од најмалку 500 m² за сместување на најмалку 100 тони обработен тутун и истата да биде чиста, сува, да има услови за проветрување, односно прозорци со капаци или опрема за регулирање на температурата, влагата и светлината, како и да биде обезбедена со соодветни сталажи на повеќе катови или палети кои се мобилни и може да се редат на различен начин. Член 3 Откупувачот на тутун треба да располага со соодветна и калибрирана опрема за откуп и индустриска обработка на тутун и тоа: а) верифицирани ваги за мерење на масата на тутунот при откупот согласно прописите од областа на метрологијата; б) инструменти за утврдување на апсолутната влага кои се состојат од инструмент за мерење на влагата на тутунот, кој е на принцип на електричен отпор или апарат кој работи на НИР принципот (блиска инфрацрвена рефлексија) со точност на отстапување од 1-2% во споредба со стандардната лабораториска метода; в) комплет од метални сита за определување на песокот во тутунот кој се состои од горен капак, горно сито, кое се става на долното сито и долен капак. Ситата се ставаат на долниот капак-дно, во кое се собираат песокот и правот. Горното и долното сито треба да се изработени од жичана плетка со квадратчиња кои се со страни од 3,15 mm за горното сито и 1 mm за долното сито која е фабрички атестирана од производителот на жичаната плетка, со потврда дека отворите на квадратчињата се со наведените димензии и г) верифицирана вага со точност од 0,1 g за мерење на песокот во тутунот во секој откупен пункт. Член 4 Откупувачот на тутун за склучување на договор за производство и откуп на тутун за тековната реколта треба да обезбеди: испратница или фактура од регистриран снабдувач на сертифициран семенски материјал од тутун за обезбеден семенски материјал за договорени површини на тутун и извештај за исплатени финансиски обврски за откупениот тутун од претходната реколта по производители, типови на тутун, просечна откупна цена, износ за исплатениот надоместок за организирање и застапување, на претставникот на највисоката асоцијација на тутунопроизводителите при откупот на тутунот и вкупно исплатен износ. Член 5 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за поблиските услови кои треба да ги исполнува откупувачот на тутун за упис во Регистарот на откупувачи на тутун („Службен весник на Република Македонија“ бр. 121/16). Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Бр.29-6188/3 Министер за земјоделство, 23 септември 2019 година шумарство и водостопанство, Скопје Трајан Димковски, с.р. 2 од 2

Regulation on detailed conditions to be met by the tobacco purchaser for entry in the register of tobacco purchasers · Nelum