تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on detailed conditions to be met by buyers of agricultural products and conditions to be met by agricultural products purchase points

صدر في 2010-07-16 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупувачите на земјоделски производи и поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупните места на земјоделски производи.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Agricultural and rural development
الكلمات المفتاحية
agricultural development, internal trade, processing/handling, rural development

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 31 став 7 од Законот за земјоделство и рурален развој {,,Службен весник на Република Македонија" бр.49/10}, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОТКУПУВАЧИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ И ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОТКУПНИТЕ МЕСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупувачите на земјоделски производи и поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупните места на земјоделски производи. Член 2 Поблиските услови од член 1 од овој правилник се однесуваат на откупот на следните земјоделски производи : жита, маслодајни семиња, жив добиток, сурово млеко, овошје, зеленчук, печурки, трпезно и винско грозје. Член 3 Одделни поими и изрази употребени во овој правилник го имаат следново значење: 1. Откупно место е место каде откупувачот врши физичко превземање на земјоделските производи од член 2 од овој правилник, од производителите или трговците на големо заради трговија на големо, преработка или за сопствени потреби, организирано на начин со кој најмалку се обезбедува мерење, утврдување на квалитетот и привремено чување на превземениот земјоделски производ и можат да бидат: а) Мобилна откупно место е посебно организирано место на отворено каде што се врши откуп на земјоделски производи директно од земјоделското стопанство, односно од одгледувалиште на жив добиток; или посебно организирано место за збирен откуп заради групирање на земјоделските производи или живиот добиток од различни земјоделски стопанства или одгледувалишта на жив добиток, и за кое откупувачот обезбедил согласност од надлежниот орган на општината и општините на градот Скопје за одредено време. 6) Постојано откупно место е посебно организирано место за збирен откуп заштитен од надворешни влијанија кој ги исполнува минимално-техничките услови за магацини и складови согласно Законот за трговија и/или согласно Законот за безбедност на храната и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната и/или Законот за ветеринарно јавно здравство односно добиточен пазар за жив добиток кој ги исполнува условите согласно Законот за ветеринарно здравство. в) Откупно место во состав на преработувачки капацитети, кланици или одгледувалиште на добиток е место каде се врши откуп на земјоделски производи наменети за преработка, колење или за исхрана на добиток. 2.Откупувач е правно лице кое врши откуп на земјоделските производи опфатени со овој правилник. 3.Под располагање се подразбира сопственост или право на користење на објекти и опрема, вклучително транспортни средства, врз основа на договор за закуп или договор за користење или договор за транспортни услуги. 4.Откуп за сопствени потреби е откуп на жита и маслодајни семиња наменети за исхрана на добиток од страна на одгледувалиште од точка 1 в) од овој член со големина на стадо над 100 млечни крави, над 2.000 овци, над 1.000 кози, над 10.000 свињи за тов или над 30.000 несилки. 5. Посебно организирано место за збирен откуп претставува отворен простор за откуп одобрен од надлежниот орган на локалната самоуправа или градот Скопје и во надлежниот орган за трговија која е природно рамна, оцедна и тврда или специјално израмнета и припремена површина за непречен пристап на превозните средства за дотур, мерење и утовар на земјоделските производи кои се откупуваат со површина за мерење од најмалку 30 м? по една мобилна вага со капацитет за мерење до 500 кг. Член 4 Откупувачот за да врши откуп на земјоделските производи, треба да ги исполнува следниве услови: а) да е регистриран за вршење на соодветна дејност за : преработка на земјоделски производи согласно Законот за безбедност на храна и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, односно колење на фармски животни согласно Законотзаветеринарнојавноздравств~ преработка на винско грозје во смисла на производство на вино согласно Законот за вино, трговија на големо со земјоделски производи согласно Законот за трговија или Закон за трговски друштва или одгледување на жив добиток согласно Законот за ветеринарно здравство упишано во Единствениот регистар за земјоделски стопанства; б) да биде во рангот на микро, мало, средно или големо претпријатие согласно Закон за земјоделство и рурален развој, со најмалку три вработени лица на неопределено време; в) да има позитивен показател за ликвидност од економско финансиското работење; г) да има целосно намирени обврски од реализираниот откуп на количините на земјоделските производи по договори за откуп на земјоделски проеизводи чиј рок на исплата доспева најдоцна до 31-ви март во тековната година; д) да има склучен договор за трговија на големо за понатамошна продажба на откупените земјоделски производи на преработувачки капацитет доколку откупот го вршат откупувачи кои се регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи; ѓ} да располагаат со соодветни објекти и опрема за откуп на земјоделските производи кои ги исполнуваат минимално-техничките услови согласно важечки прописи и одредбите од овој правилник и е) мерните инструменти кои ги користи за утврдување на тежината, шеќерни единици и квалитетот на земјоделските производи кои се предмет на откуп, се во исправна состојба и баждарени согласно важечките прописи за метрологија. Член 5 {1} Откупот на жита и маслодајни семиња се врши на мобилна откупно место, на постојано откупно место или во преработувачки капацитет. (2) Откупувачот за да врши откуп на откупните места од став (1) од овој член покрај условите од член 4 од овој правилник треба да ги исполнува и следните услови : да располага со објекти за прием (кип платформа, приемен бункер, машинска куќа и комора или вреќи за отпадоци), објекти за подно складирање (во тенки слоеви, во вреќи или во контејнери) или во силокули за складирање во непакувана (рефусна) состојба со капацитет од 200 -1.000 тони на една силокула, да располага со опрема за преземање (статична или мобилна вага и опрема за чистење на зрното), опрема за оценка и сортирање на квалитетот на зрното при прием и излез (влагомер, апарат за определување на хектолитарската маса, апарат за мерење на присуство на примеси или сито со отвори од 2,8 мм за определување на примеси), доколку врши складирање во силокули да располага со опрема за квалитетно складирање (мерни проточни ваги, хоризонтални и вертикални елеватори за транспорт на зрното до ќелиите). {3) Доколку откупот се врши на мобилна откупно место, откупувачот треба да ги исполнува условите од алинеја 2 и 3 од став (2) од овој член и да располага со соодветно транспортно средство за жита или маслодајни семиња. Член 6 (1) Откупот на жив добиток се врши на мобилна откупно место, постојано откупно место или во кланични капацитети . (2) Откупувачот за да врши откуп на откупните места од став (1) од овој член покрај условите од член 4 од овој правилник треба да ги исполнува и следните услови: а) доколку откупот се врши на мобилна откупно место треба особено да располага со: мобилна вага од најмалку 500 кг и транспортно средство за пренос на жив добиток одобрено од надлежен орган согласно Законот за ветеринарно здравство и согласно условите пропишани со Законот за заштита и благосостојба на животните. б) доколку откупот се врши на постојано откупно место покрај условите од точка а) од овој став треба да ги исполнува условите согласно Законот за ветеринарно здравство со одобрение од надлежен орган; в) доколку откупот се врши во кланични капацитети треба особено да располага со објекти за растовар на добитокот, мобилна или статична вага за мерење на жив добиток и клан ич ни депоа за сместување на добитокот до колење во согласност со Законот за благосостојба на животните. Член 7 {1} Откупот на сурово млеко се врши на мобилна откупно место, постојано откупно место или во преработувачки капацитет. {2} Откупувачот за да врши откуп на откупните места од став {1} од овој член покрај условите од член 4 од овој правилник треба да ги исполнува и следните услови: а) доколку откупот се врши на мобилна откупно место треба особено да располага со: опрема за мерење на количина и на квалитет: млекомер, тест за антибиотици, тест за алкохолна проба, лажица за земање на проби, шишиња за земени проби; и посебни транспортни средства опремени за превоз на сурово млеко во цистерни, контејнери или садови и кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службените контроли на млекото и млечните производи согласно Законот за ветеринарно јавно здравство. 6) доколку откупот се врши на постојано откупно место покрај условите од точка а) од овој став треба да располага и со: посебно организиран простор за предавање и прием на млекото со минимум површина од најмалку 16 м2 вклучително и засебен простор во кој е сместена опремата за мерење на квалитет на млекото и хигиена; посебна опрема за прием (сад за прифаќање на млекото - лактофриз опремен со термометар, млечна пумпа со погодно црево, цедило,}; посебна опрема за мерење на квалитет на млекото (фрижидер за проби, лактодензиметар, термометар}, бојлер за топла вода и работна маса за опрема за мерење. в) доколку откупот се врши во преработувачки капацитет треба да ги исполнува условите од точка а) алинеја 1 и од точка б) од овој став. Член 8 (1) Откупот на овошје, зеленчук, печурки и трпезно грозје се врши на мобилна откупно место, постојано откупно место и во преработувачки капацитети. (2) Откупувачот за да врши откуп на откупните места од став (1) од овој член покрај условите од член 4 од овој правилник треба да ги исполнува и следните услови: а) доколку откупот се врши на мобилна откупно место треба особено да располага со: посебно организираното место кое е на рамна, оцедна и тврда површина или специјално израмнета и припремена површина која овозможува непречен пристап на превозните средства за дотур, мерење и утовар, и со површина од најмалку 30 м2 по една мобилна вага со капацитет за мерење до 500 кг или 100 м2 по една статична вага со капацитет на мерење до 50 тони; мобилна вага со капацитет на мерење од најмалку 500 кг или статична вага со капацитет на мерење до 50 тони; покриено транспортно средство за превоз на помало растојание (до 100 км) или транспортно средство треба да е опремено со разладни уреди доколку транспортот се врши на поголема одалеченост (над 100 км) . 6) доколку откупот се врши на постојано откупно место и во преработувачки капацитети треба особено да располага со: постојаното откупно место да биде со вкупна површина од најмалку 200 m?, а складишниот простор не помал од 50 m?. отворен простор покриен со настрешница за истовар и мерење или затворен предмагацински простор за преземање; организиран простор за чистење, сортирање и калибрирање, складирање и чување; мобилна вага со капацитет за мерење од најмалку 500 кг. или статична вага со капацитет за мерење до 50 тони; опрема за ладење и вентилација, за автоматизирано чистење, за сортирање и калибрирање, за детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали, опрема за манипулација, утовар и истовар (виљушкари, колички); ладилник за подолго чување на земјоделските производи од став (1) на овој член кои брзо се засушуваат или губат вода со транспирација и/или склад и опрема за дозревање; в) доколку откупувачот врши откуп за преработувачки капацитети директно од земјоделско стопанство треба да ги исполнува условите од точка а) алинеи 2 и 3. (3) Во случај на откуп на трпезно грозје покрај условите од став (2) точка а) и б) од овој член, откупувачот треба да располага и со: комора или тунели за предладење или вагон ладилници или вакум комори за предладење и со специјални апарати за фумигација со Ѕ02, опрема за безбедно вршење на фумигација (заштитни маски за Ѕ02), инструменти за мерење на Ѕ02 и децимална вага, ладилник за чување. (4) Во случај на откуп на овошје од следните видови: јагоди, малини, капини, рибизли, цреши и вишни, покрај условите од став (2) точка а) и 6) од овој член откупувачот треба да располага и со амбалажа и опрема за превземање без претурање или класирање. (5) Во случај на откуп на печурки покрај условите од став (2) точка а) и 6) од овој член откупувачот треба да располага и со ладилник. Член 9 (1) Откупот на винско грозје се врши на мобилна откупно место, постојано откупно место и во преработувачки капацитети. (2) Откупувачот за да врши откуп на откупните места од став (1) на овој член покрај условите од член 4 од овој правилник треба да ги исполнува и следните услови: а) доколку откупот се врши на мобилна откупно место треба особено да располага со: посебно организираното место кое е на рамна, оцедна и тврда површина или специјално израмнета и припремена површина која овозможува непречен пристап на превозните средства за дотур, мерење и утовар, и со површина од најмалку 30 м2 по една мобилна вага со капацитет за мерење до 500 кг или 100 м2 по една статична вага со капацитет на мерење до 50 тони; мобилна вага со капацитет на мерење од најмалку 500 кг. или статична вага со капацитет на мерење до 50 тони; мерни инструменти за утврдување на содржината на шеќерни единици во моментот на откупот на винското грозје; покриено транспортно средство за превоз на винското грозје. б) доколку откупот се врши на постојано откупно место и во преработувачки капацитети треба особено да располага со : просторија за вршење на административни работи, најмалку една мобилна вага со капацитет на мерење од најмалку 500 кг. или статична вага со капацитет на мерење до 50 тони; мерни инструменти за утврдување на содржината на шеќерни единици во моментот на откупот на винското грозје; рампа за истовар на винско грозје. Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 08-6986/6 16 јули 2010 година Скопје Министер, Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on detailed conditions to be met by buyers of agricultural products and conditions to be met by agricultural products purchase points · Nelum