تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on criteria for selection of users of measures for rural development

صدر في 2011-09-12 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за поблиските критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Agricultural and rural development
الكلمات المفتاحية
agricultural development, classification/declassification, subsidy/incentive, rural employment, youth, rural development, labour

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 91 став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој ("Службен весник на Република Македонија" бр. 49/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ ПО МЕРКИТЕ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој. Според намената на поблиските критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој се доделуваат соодветни бодови. Член 2 Поблиски критериуми за избор на корисници за помош за обука и информирање на земјоделските производители се следните: доколку курсот или информативната сесија опфаќа тема за примена на хигиенски пракси за фитосанитарни или ветеринарни стандарди во ЕУ се доделуваат 50 бодови или доколку курсот или информативната сесија опфаќа тема за примена на пропишаните стандарди од областа на заштита на животната средина се доделуваат 40 бодови или доколку курсот или информативната сесија опфаќа тема за воведување на земјоделско производство со примена на повисоки стандарди за квалитет се доделуваат 35 бодови; доколку информативната сесија има за цел да информира над 150 земјоделски производители од еден статистички регион или доколку курсот има за цел да обучи над 30 земјоделски производители лоцирани во еден определен производен регион се доделуваат 20 бодови; доколку курсот или информативната сесија се фокусирани на една тема се доделуваат 20 бодови и доколку вредноста на прифатливите трошоци не надминува 600.000 денари се доделуваат 10 бодови. Член 3 Поблиски критериуми за избор на корисници на поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, се следните: доколку вкупната вредноста на инвестицијата не надминува 600.000 денари се доделуваат 70 бодови или доколку вкупната вредноста на инвестицијата е помеѓу 600.001 денари и 800.000 денари се доделуваат 60 бодови или доколку вкупната вредноста на инвестицијата е помеѓу 800.001 денари и 1.200.000 денари се доделуваат 50 бодови и доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето или доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е жена, се доделуваат 30 бодови. По исклучок од ставот 1 на овој член, поблиски критериуми за избор на корисници на поддршка за инвестиции во систем за наводнување на пченка и фуражни култури се следните: доколку вкупната вредноста на инвестицијата не надминува 1.200.000 денари се доделуваат 70 бодови или доколку вкупната вредноста на инвестицијата е помеѓу 1.200.001 денари и 1.600.000 денари се доделуваат 60 бодови или доколку вкупната вредноста на инвестицијата е помеѓу 1.600.001 денари и 1.800.000 денари се доделуваат 50 бодови и доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето или доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е жена, се доделуваат 30 бодови. Член 3-а (1) Поблиски критериуми за избор на корисници за помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност се: Доколку корисникот е невработено лице за период поголем од две години до датумот на поднесување на барањето - 5 бода; Доколку целта на инвестицијата е набавка на опрема за после бербени активности во растително производство - 20 бода; Доколку целта на инвестицијата е набавка на опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло - 20 бода; Доколку активностите од деловниот план се одвиваат во ридско-планински подрачја - 10 бода; Доколку корисникот се занимава или планира да се занимава со органско производство -10 бода; Доколку корисникот се занимава или планира да се занимава со сточарство - 10 бода; Доколку инвестициите од деловниот план предвидуваат воведување на нови производствени технологии за достигнување на добра земјоделска пракса - 5 бода Доколку корисникот е член на земјоделска задруга - 5 бода и Доколку инвестицијата од деловниот план се однесува на набавка на добиток од увоз или од признати организации согласно Законот за сточарство - 15 бода. (2) Најголем број на бодови што може да ги добие корисникот за помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност е 100 бода. (3) За да биде прифатлив, корисникот за помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност треба да добие најмалку 60 бода. Член 4 Поблиски критериуми за избор на корисници за инвестиции во примарната обработка на дрвната маса и обработка на био маса од шумите, се следните: доколку подносителот е трговец поединец или правно лице основано од физички лица со приоритетна дејност од областа на шумарството со седиште во село и во рангот на микро претпријатие се доделуваат 30 бодови; доколку инвестицијата е во село се доделуваат 25 бодови; доколку подносителот-правното лице се занимава со дејноста повеќе од една година се доделуваат 20 бодови; доколку вредноста на инвестицијата не надминува висина од 1.500.000 денари се доделуваат 15 бодови и доколку едно од одговорните лица на подносителот-правното лице е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето се доделуваат 10 бодови. Член 5 Поблиски критериуми за избор на корисници за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи освен за јавни инвестиции во пазарна инфраструктура за постбербени активности или активности за собирање и чување на примарни земјоделски производи за нивна натамошна намена, се следните: доколку подносителот е трговец поединец или правно лице основано од физички лица со приоритетна дејност од областа на откуп, чување и преработка на земјоделски производи со седиште во село и во рангот на микро или мало претпријатие се доделуваат 30 бодови; доколку инвестицијата се однесува на примарна преработка и складирање на ориз се доделуваат 25 бодови; доколку инвестицијата се однесува на преработка на јајца се доделуваат 20 бодови; доколку инвестицијата е во село се доделуваат 25 бодови или доколку инвестицијата е во рурална средина освен село се доделуваат 15 бодови; доколку едно од одговорните лица на правното лице е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето се доделуваат 10 бодови и доколку вредноста на инвестицијата не надминува висина од 3.500.000 денари се доделуваат 10 бодови. Член 6 Поблиски критериуми за избор на корисници за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, се следните: доколку подносителот е општина со рурален центар се доделуваат 30 бодови; доколку инвестицијата не надминува 5.000.000 денари се доделуваат 10 бодови; доколку инвестицијата е наменета за планински подрачја - населени места над 700 м просечна надморска височина се доделуваат 30 бодови; доколку инвестицијата е наменета за депопулациони рурални заедници се доделуваат 20 бодови и доколку инвестицијата се спроведува во рурални заедници погодени од неповолен климатски настан во претходен период од две години се доделуваат 10 бодови. Член 7 Поблиски критериуми за избор на корисници за инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството се следните: доколку инвестицијата е наменета за инфраструктура за пристап до земјоделското земјиште се доделуваат 45 бодови, доколку инвестицијата е наменета за инфраструктура за снабдување со електрична енергија на земјоделско земјиште се доделуваат 35 бодови или доколку инвестицијата е наменета за инфраструктура за водоснабдување (за водоснабдување и поење на добиток) на земјоделско земјиште се доделуваат 25 бодови; доколку вредноста на инвестицијата не надминува висина до 1.000.000 денари се доделуваат 45 бодови, доколку вредноста на инвестицијата е помеѓу 1.000.001 денари и 1.500.000 денари се доделуваат 35 бодови, доколку вредноста на инвестицијата е помеѓу 1.500.001 денари и 3.000.000 денари се доделуваат 25 бодови или доколку вредноста на инвестицијата е над 3.000.001 денари се доделуваат 15 бодови и доколку инвестицијата се спроведува во населени места погодени од неповолен климатски настан во претходен период од две години се доделуваат 10 бодови. Член 8 Поблиски критериуми за избор на корисници за економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност се следните: доколку подносителот е организациона форма на економско здружување 20 или повеќе земјоделски стопанства се доделуваат 30 бодови, доколку подносителот е организациона форма на економско здружување од 11 до 19 земјоделски стопанства се доделуваат 25 бодови и доколку подносителот е организациона форма на економско здружување до 10 земјоделски стопанства се доделуваат 15 бодови и доколку барателот е во постапка на воведување на повисоки стандарди на примарни земјоделски производи се доделуваат 30 бодови и доколку вредноста на инвестицијата не надминува висина до 1.000.000 денари се доделуваат 40 бодови, доколку вредноста на инвестицијата е помеѓу 1.000.001 денари и 1.500.000 денари се доделуваат 30 бодови, доколку вредноста на инвестицијата е помеѓу 1.500.001 денари и 3.000.000 денари се доделуваат 20 бодови или доколку вредноста на инвестицијата е над 3.000.001 денари се доделуваат 15 бодов. Член 8-а (1) Поблиски критериуми за избор на корисници за економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност за инвестиции за набавка на земјоделска механизација се следните: Дата на упис во регистарот - до 5 бода Број на вработени во земјоделската задруга - до 15 бода Промет преку земјоделската задруга - до 15 бода Обем на земјоделската задруга - до 15 бода Број на планирани нови работни места утврдени од деловниот план поврзани со потребата за набавка на земјоделска механизација - до 15 бода Воведување на нови технологии - до 15 бода Учество на жени фармери и млади земјоделци во вкупниот број на членови на земјоделската задруга - до 5 бода Млад управител до 40 години - 10 бода Земјоделски задруги основани во рурални средини лоцирани во „Планински“ облас - 5 бода. (2) Најголем број на бодови што може да ги добие земјоделската задруга изнесува 100 бода, согласно со бодувањето дадено во Прилог кој е составен дел на овој правилник. (3) За да биде прифатлива, земјоделската задруга треба да добие најмалку 30 бода. Член 9 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-8410/1 12 септември 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски , с.р.

Regulation on criteria for selection of users of measures for rural development · Nelum