Regulation on criteria for determining rural areas and categories of rural communities
صدر في 2011-03-30 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за поблиските критериуми за определување на руралните средини и категории на рурални заедници.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development
- الكلمات المفتاحية
- classification/declassification, rural employment, youth, labour
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
1 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 63 став 5 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 49/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ И КАТЕГОРИИ НА РУРАЛНИ ЗАЕДНИЦИ (*) 1 Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските критериуми за определување на руралните средини и категории на рурални заедници. Член 2 (1) Рурални средини се сите населени места во рамките на една општина кои имаат помалку од 30.000 жители регистрирани со националниот попис на населението и домаќинствата на Република Македонија или со густината на населеност помала или еднаква на 150 жители на квадратен километар. (2) Доколку сите населени места во општината ги исполнуваат условите од став (1) на овој член, тогаш целата општина се прогласува за рурална средина. (3) Во општини каде што има населени места со повеќе од 30.000 жители регистрирани со националниот попис на населението и домаќинствата на Република Македонија или со густина на населеност поголема или еднаква на 150 жители на квадратен километар, рурална средина се само населените места согласно став (1) од овој член. Член 3 Поблиски критериуми за определување на категории рурални заедници се за: 1) Недостапни рурални заедници се населени места од член 2 став (1) и (3) на овој правилник оддалечени најмалку 5 km од изграден локален пат од најблиската градска населба со најголем број на население регистрирано со националниот попис на населението и домаќинствата на Република Македонија во рамките на општината каде што припаѓаат. 2) Заостанати рурални заедници се населени места од член 2 став (1) и (3) на овој правилник кои: од вкупниот број на работоспособното население по сите основи на возраст од 15 до 79 години регистрирани со националниот попис на населението и домаќинствата на Република Македонија се ангажирани по сите основи еднакво или повеќе од 80% во земјоделска дејност. од вкупниот број на регистрирани трговски друштва без разлика на запишана приоритетна дејност односно определаната главна приходна шифра издадено од Централниот регистар на Република Македонија, бројот на неактивни трговски друштва согласно податоците од регистерот на годишни сметки е еднаков или поголем од 75% од евиденцијата на 2 Централниот регистар на Република Македонија заклучно со 31 декември во тековната година. од вкупниот број на невработени на ниво на Република Македонија во однос на број на жители по населено место пријавени во Агенцијата за вработување на Република Македонија, имаат за 100% повисока невработеност во однос на националниот просек утврден во тековната година од страна на Државниот завод за статистика. 3) Депопулациони рурални заедници се населени места во рамките на една општина каде што бројот на жители утврдени со националниот попис во Република Македонија е помал од 150 жители. Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 16-9055/10 30 март 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски , с.р.