تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on conditions for placing on the market of certain animal species and manner of official controls when placing the animals on the market

صدر في 2011-05-30 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за условите за ставање во промет на одделни видови животни и начинот на вршење на официјални контроли при ставање во промет на животни.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock
الكلمات المفتاحية
animal health, inspection, internal trade, fees/royalties

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 77 од 7.6.2011 година 1 од 4 20110771927 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 58 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/2007 и 24/2011) директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА УСЛОВИТЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ОДДЕЛНИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ И НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ ПРИ СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ЖИВОТНИ 1. Општи одредби Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат условите за ставање во промет на животни и начинот на вршење на официјални контроли на животни при ставање во промет. Член 2 Примена Одредбите на овој правилник се применуваат на говеда, овци, кози, свињи, копитари, живина, еднодневни пилиња, пчели, риби, аквакултура, полжави, одгледуван дивеч и други видови животни. 2. Услови за ставање во промет на оделни видови животни и документи кои ја придружуваат пратката Член 3 Услови за ставање во промет на животни За да бидат ставени во промет, животните и одгледувалиштето од кое потекнуваат животните треба да: а) ги исполнат условите утврдени во прописите од областа на ветеринарството и безбедност на храна во однос на здравствената состојба на животните, идентификација и регистрација на животните, заштита и благосостојба на животните и јавно ветеринарно здравство; б) бидат прегледани пред да го напуштато одгледувалиштето; и в) бидат придружени со сертификат за здравствена состојба на животните (во понатамошниот текст: сертификат). Член 4 Преглед на животните и одгледувалиштето (1) Пред секое движење на животните од член 2 на овој правилник доктор по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти, клиники и болници овластени согласно член 40 и 40-а од Законот ветеринарно здравство (во понатамошниот текст Службен весник на РМ, бр. 77 од 7.6.2011 година 2 од 4 доктор по ветеринарна медицина) врши задолжителен ветеринарен преглед на животните и одгледувалиштето од кое потекнуваат животните со цел да ја утврди исполнетоста на условите од член 3 на овој правилник. (2) Во зависност од видот на животните, ветеринарниот прегледот од став (1) на овој член се состои од: а) преглед на документи; б) проверка на идентитетот; и в) клинички преглед. (3) Со прегледот на документи и проверка на идентитетот од став (2) точки а) и б) на овој член се утврдува дека животните и одгледувалиштето ги исполнуваат условите што се пропишани од областа на здравствената заштита на животните и идентификацијата и регистрацијата на животните и дека за нив е издаден документ, од страна на овластените ветеринарни друштва од член 40 од Законот за ветеринарно здравство, со кој се потврдува дека се извршени јавни овластувања за здравствена состојба на животните. (4) Со клиничкиот преглед од став (2) точка в) на овој член се утврдува дека животните кои се ставаат во промет како и другите животни од стадото односно јатото не покажуваат видливи клинички знаци на болест. Член 5 Исклучоци (1) По исклучок од член 4 на овој правилник преглед нема да се врши во случај на: а) движење на животни заради испаша во иста епизоотиолошка единица; б) движење на живина помалку од 50 единки; в) движење на животни кои се превезуваат директно до кланицa заради принудно колење; г) движење на животни кои се испраќаат директно во кланица во рамките на програма за превенција и сузбивање на заразни болести; и д) не комерцијално движење на домашни миленици придружени од страна на сопственикот. (2) При движење на животните од став (1) точки в) и г) на овој член здравствената состојба на животните се утврдува во кланицата од страна на официјален ветеринар. Член 6 Издавање на сертификат (1) Прегледот на животни од член 4 на овој правилник се врши по претходно усмено барање од страна на сопственикот на животните. (2) Сопственикот или одговорното лице за чување на животните треба во рок од 24 часа пред секое движење на животните од одгледувалиштето за кое е потребен сертификат да го извести докторот по ветеринарна медицина од овластено ветеринарното друштво со кое има склучено договор. (3) Докторот по ветеринарна медицина треба во рок од 24 часа од известувањето од став (2) на овој член, да направи преглед на одгледувалиштето и животните согласо член 4 на овој правилник. (4) По извршениот преглед од став (3) на овој член, докторот по ветеринарна медицина издава сертификат. (5) Сертификатот може да се издаде за секое животно поединечно (поединечен сертификат) или за повеќе животни ако се од ист вид кои припаѓаат на ист сопственик и доаѓаат од исто одгледувалиште (групен сертификат). Доенчињата од копитари, говеда, биволи, кучиња и мачки можат да се запишат во сертификтот издаден за мајката како поединечен сертификат. Службен весник на РМ, бр. 77 од 7.6.2011 година 3 од 4 (6) Сертификатот од став (4) на овој член има важност од 72 часа од часот на издавањето. (7) Во случај на движење на животни кога повеќе животните пристигнале во собирен центар придружени со еден сертификат а се испраќаат од собирниот центар на две или повеќе различни дестинации, докторот по ветеринарна медицина издава нови сертификати врз основа на сертификатите со кои животните пристигнале по предходно извршен ветеринарен преглед. (8) Во случај на движење на животни од собирен центар кога истите се придружени со сертификат со изминат рок на важност, докторот по ветеринарна медицина на собирниот центар врши преглед на животните и издава нов серификат врз основа на сертификатот кои бил предходно издаден за тоа животно по предходно извршен клинички преглед. (9) По исклучок од став (6) од овој член сертификатот издаден за пчелни смејства има важност од три месеци од денот на издавањето. (10) За издавање на сертификат докторот по ветеринарна медицина наплаќа надомест согласно Прилог 3 точка (2) од Одлуката за висината на надоместокот за граничните ветеринарни контроли, за сите активности и службени контроли за производи од животинско потекло, храна и производи за исхрана на животните кои се ставаат во промет во Република Македонија и за идентификација и регистрација на животните и одгледувалиштата и издавање на сертификати за здравствена состојба на животните. (11) Сертификатот содржи: а) единствен референтен број; б) податоци за сопственикот или одговорно лице на животното; в) изјава од сопственикот или одговорно лице за животното; г) податоци од ветеринарниот преглед и евиденција (РБО на одгледувалиштето, идентификација на животното и други податоци); д) изјава од докторот по ветеринарна медицина кој го издава сертификатот; ѓ) штембил на ветеринарното друштво; е) потпис и факсимил на докторот по ветеринарна медицина; и ж) податоци за превозносто средство и начинот на кој се врши превозот (место на натовар, датум и други податоци). (12) При издавањето, сертификатот треба да биде целосно и коректно пополнет во боја различна од отпечатениот текст на образецот на сертификатот и заведен со оригинален потпис и факсимил од докторот по ветеринарна медицина кој го издава и да има штембил на овластеното ветеринарно друштво каде е вработен докторот по ветеринарна медицина кој го издава. Непополнетите делови или алтернативи кои не се применливи треба правилно да се прецртани и да се заверат со потпис од докторот по ветеринарна медицина кој го издава сертификатот. Доколку има понатамошни исправки тие треба бидат заверени со потпис и факсимил од докторот по ветеринарна медицина кој го издава сертификатот. (13) Сертификатот се однесува на една пратка животни и не претставува документ со кој се утврдува сопственост на животното. 3. Официјални контроли Член 7 Официјални контроли на издадни документ за здравствена состојба на животните (1) На постапката на издавање и користење на сертификати се врши контрола најмалку два пати годишно од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. (2) По извршеното колење на животните во кланица, серфикатите со кои истите биле придружени се поништуваат со печат со текст „поништено“. Службен весник на РМ, бр. 77 од 7.6.2011 година 4 од 4 (3) На поништените сертификати на задната страна се запишува датумот и редниот број под кој животното е запишано во евиденцијата за заклани животни. (4) Евиденцијата за заклани животни и поништените сертификати се чуваат во кланицата најмалку три години и треба да бидат достапни на увид на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство. 4. Завршни одредби Член 8 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-1672/2 30 мај 2011 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р.

Regulation on conditions for placing on the market of certain animal species and manner of official controls when placing the animals on the market · Nelum