Regulation on categories and functional groups of additives for animal feed, declaration criteria, minimum performance requirements that will be marked, as well as description of additives
صدر في 2011-11-16 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за категориите и функционалните групи на адитивите за храна за животни поблиските услови за декларирање, минималните карактеристики кои треба да се означат како и начинот на опишување на адитивите за храна за животни.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock
- الكلمات المفتاحية
- animal feed/feedstuffs, classification/declassification, marking/identification, feed additives
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 168 од 5.12.2011 година 1 од 4 20111683695 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 46 став (3) и член 50 став (2) од Законот за безбедност на храна за животни („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА КАТЕГОРИИТЕ И ФУНКЦИОНАЛНИТЕ ГРУПИ НА АДИТИВИТЕ ЗА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА ДЕКЛАРИРАЊЕ, МИНИМАЛНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ОЗНАЧАТ КАКО И НАЧИНОТ НА ОПИШУВАЊЕ НА АДИТИВИТЕ ЗА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат категориите и функционалните групи на адитивите за храна за животни поблиските услови за декларирање, минималните карактеристики кои треба да се означат како и начинот на опишување на адитивите за храна за животни. Член 2 Одредбите на овој правилник не се применуваат на: а) помошни средства при преработка на храна за животни и б) ветеринарно медицински препарати дефинирани во член 4 од Законот за ветеринарно медицински препарати*1, со исклучок на кокцидиостатици и хистомоностатици кои се користат како адитиви за храна за животни. Член 3 (1) За целите на овој правилник се применуваат дефинициите пропишани во Законот за безбедност на храна за животни*2. (2) Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) „кокцидиостатици“ и „хистомонастатици“ се супстанции за убивање или за инхибирање на протозои; 2) „микроорганизми“ се микроорганизми кои формираат колонии. Член 4 (1) Адитивите за храна за животни во зависност од нивните функции и својства, може да припаѓаат на една или повеќе од следниве категории: а) Технолошки адитиви: секоја супстанција која, за технолошки цели, се додава на храната за животни; б) Сензорни адитиви: секоја супстанција чие додавање во храната за животни ги подобрува или ги менува органолептичките својства на храната за животни, или визуелните карактеристики на храната која потекнува од животни; в) нутритивни адитиви; г) зоотехнички адитиви: сите адитиви, искористени со цел позитивно да влијаат на производителноста на животните при добра здравствена состојба или кои се употребени со цел да имаат позитивно влијание врз животната средина и д) кокцидиостатици и хистомоностатици. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕК) Бр. 1831/2003 на Европскиот Парламент и Совет од 22 септември 2003 година за адитиви кои се користат во исхрана на животни; целекс број. 32003R1831 Службен весник на РМ, бр. 168 од 5.12.2011 година 2 од 4 (2) Во рамките на категориите од став (1) на овој член, во зависност од нивната основна функција или функции, адитивите на храната за животни дополнително може да се распределат во една или повеќе функционални групи како што се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. (3) Воведувањето на дополнителни категории и функционални групи на адитивите на храна за животни може да се изврши како резултат на технолошки напредок или научно достигнување. (4) Одредувањето дали супстанцијата, микроорганизмот или подготовката е адитив за храна за животни се врши по спроведувањето на постапката од страна на Европската комисија со која Kомисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедноста на храна и ветеринарната политика. Член 5 (1) Пакувањето или контејнерот со адитиви за храна за животни треба да ги содржи следниве податоци: а) посебното име доделено на адитивот при неговото одобрување, претходено со името на функционалната група како што е назначено во одобрувањето; б) името или називот на операторот или адреса или место каде е регистриран бизнисот на лицето одговорно за податоците од овој член; в) нето тежина или, во случај на адитиви во течна состојба и премикси, или нето волумен или нето тежина; г) онаму каде е соодветно, бројот на одобрение на објектот кој го произведува или го става во промет адитивот за храна за животни или премиксот врз основа на член 27 од Законот за безбедност на храна за животни*3; д) упатства за користење и препораки за безбедност во поглед на употребата и, онаму каде е применливо, посебните барања од одобрението вклучувајќи го видот на животни и категориите за кои е наменет адитивот за храна за животни или премиксот; ѓ) идентификациониот број; и е) референтниот број на серијата и дата на производство. (2) Во случај на премикси, одредбите на став (1) точки б), г), д) и е) не се применуваат на инкорпорираните адитиви на храна за животни. (3) За ароматите, листата на адитиви може да се замени со зборовите “мешавина на аромати”, освен за аромати кои се предмет на квантитатвни ограничувања при нивна употреба во храната за животни и водата за пиење. (4) Во прилог на информациите од став (1) на овој член, пакувањето или контејнерот со адитиви на храна за животни кои припаѓаат на функционална група од Прилог 1 на овој правилник или со премикс кој содржи адитив кој припаѓа на функционална група од Прилог 1 на овој правилник, треба на воочлив, јасно читлив и неизбришлив начин да ги содржи информацииите дадени во Прилогот 2 кој е составен дел на овој правилник. (5) Во случај на премикси, на етикетата треба да стои зборот ‘премикс’. Носителите треба да бидат укажани во случај на суровини на храна за животни, во согласност со Законот за безбедност на храната за животни*4. Во случај кога водата се користи како носител, треба да се назначи составот на влага на премиксот. На пакувањето може да се назначи само еден рок на траење во однос на секој премикс како целина. Рокот на траење се одредува врз основа на минималниот рок на траење на неговите компоненти. Член 6 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 21-2696/3 Министер, 16 ноември 2011 година Љупчо Димовски, с.р. Скопје Службен весник на РМ, бр. 168 од 5.12.2011 година 3 од 4 Прилог 1 Групи на адитиви за храна за животни (1) Во категоријата ‘технолошки адитиви’ вклучени се следниве функционални групи: (а) конзерванси: супстанции или, кога е соодветно, микроорганизми, кои ја заштитуваат храната за животни од расипување, предизвикано од микроорганизми или нивни метаболити; (б) антиоксиданти: супстанции кои го продолжуваат рокот на складирање на храна за животни и суровините на храната за животни, штитејќи ги од расипување предизвикано од оксидација; (в) емулгатори: супстанции кои овозможуваат да се формира или одржува хомогена смеса од две или повеќе фази во храната за животни кои не можат да се мешаат; (г) стабилизатори: супстанции кои овозможуваат да се одржува физичко-хемиското својство на храната за животни; (д) згуснувачи: супстанции кои ја зголемуваат вискозноста на храната за животни; (ѓ) гелни супстанции: супстанци кои ја даваат текстурата на храната за животни формирајќи гел; (е) врзувачи: супстанции кои го зголемуваат врзувањето на честичките на храната за животни; (ж) супстанции за контрола на радиоизотопната контаминација: супстанции кои го намалуваат апсорбирањето на радиоизотопи или го поттикнуваат нивното исфрлување; (з) средства против згрутчување: супстанции кои го намалуваат сврзувањето на индивидуалните честички на храната за животни; (ѕ) регулатори на киселост: супстанции кои ја регулираат pH вредноста во храната за животни; (и) адитиви во силажа: супстанции, вклучително ензими и микроорганизми, кои се наменети да бидат вклучени во храната за животни, со цел да се подобри производството на силажа; (ј) денатуранси: супстанции кои при нивна употреба во производство на преработена храна за животни, овозможуваат одредување на потеклото на специфична храна или суровини на храна за животни. (к) супстанции за намалување на контаминацијата на храната за животни предизвикана од микотоксини: супстанции кои може да ја намалат апсорпцијата, да го подобрат исфрлањето на микотоксините или да го изменат нивниот начин на делување. (2) Во категоријата ‘сензорни адитиви’ вклучени се следниве функционални групи: (а) обојувачи: (i) супстанции кои додаваат или ја обновуваат бојата во храната за животни; (ii) супстанции кои при нивно давање на животните додаваат боја во храната од животинско потекло; (iii) супстанции кои поволно влијаат на бојата на украсните риби или птици; (б) аромати: супстанции чие додавање во храната за животни го зголемува мирисот или вкусот на истата. (3) Во категоријата ‘нутритивни адитиви’ вклучени се следниве функционални групи: (а) витамини, про-витамини и хемиски добро дефинирани супстанции кои имаат сличен ефект; (б) елементи во траги во крмни смески; (в) амино киселини, нивни соли и аналози; (г) уреа и нејзини деривати. (4) Во категоријата ‘зоотехнички адитиви’ вклучени се следниве функционални групи: (а) Подобрувачи на дигестивноста: супстанции кои при нивно користење во исхрана на животните за зголемуваат дигестивноста на исхраната преку делување на целните суровини на добиточната храна; Службен весник на РМ, бр. 168 од 5.12.2011 година 4 од 4 (б) Стабилизатори на цревна флора: микроорганизми или други хемиски дефинирани супстанции кои при нивно користење во исхраната на животните имаат позитивно влијание на флората на цревата; (в) супстанции кои поволно влијаат на животната средина; (г) други зоотехнички адитиви. Прилог 2 Посебни барања за обележување за одредени адитиви за храна за животни и за премикси (1) Зоотехнички адитиви, кокцидиостатици и хистомоностатици: – Дата на употреба на гаранцијата или рокот на траење од датумот на производство, – Упатство за користење, и – концентрација; (2)Ензими, во дополнение на предходно споменатите индикации: – Посебниот назив на активната компонента или компоненти во согласност со нивните ензимски активности, и во согласност со даденото одобрение, – Бројот за идентификација од Меѓународната Унија за Биохемија, и – Наместо концентрацијата: единици на активност (единици на активност по грам или единици на активност по милиметар); (3) Микроорганизми: – Рокот на употреба од гаранцијата или рокот на траење од датумот на производство, – упатства за користење, – број за идентификација на низата, и – бројот на единици кои формираат колонии по грам; (4) Нутритивни адитиви: – Степен на активни ступстанции, и – Рокот на употреба од гаранцијата на тој степен или рокот на траење од датумот на производство; (5) Технолошки и сензорни адитиви со исклучок на аромати: – степен на активна супстанција; (6) Аромати: – Стапка на инкорпорираност во премиксите. *1 Законот за ветеринарно медицински препарати е усогласен со Директивата 2001/82/EК на Европскиот Парламент и на Советот од 6 ноември 2001 година за кодот на Заедницата кој се однесува на ветеринарно медицинските препарати *2 Законот за безбедност на храна за животни е предмет на усогласување со Регулативата (ЕК) Бр. 178/2002 на Европскиот Парламент и на Советот од 28 јануари 2002 година со која се пропишуваат основните принципи и барања на законот за храна, со која се оснива Европскиот Авторитет за безбедност на храна и со која се пропишуваат процедурите за прашањата од областа на безбедност на храна *3 Законот за безбедност на храна е предмет на усогласување со Регулативата (ЕК) Бр. 183/2005 на Европскиот Парламент и на Советот од 12 јануари 2005 година со која се пропишуваат барањата за безбедност на храна за животни *4 Законот за безбедност на храната за животни е усогласен со Регулативата (ЕЦ Бр. 767/2009 на европскиот парламен и совет од 13 јули 2009 за ставање во промети користење на храна за животни, измена на регулативата (EЗ) Бр.1831/2003 на европскиот парламент и совет и повлекување на директива на совет 79/373/EEЗ, директива на комисијата 80/511/EEЗ, директива на совет 82/471/EEC, 83/228/EEЗ, 93/74/EEЗ, 93/113/EЗ и 96/25/EC и одлука на совет 2004/217/EЗ, целекс број. 32009R0767.C