تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on additional identification of poultry meat destined for the market in terms of cooling and cultivation methods, on labels and their use

صدر في 2011-03-11 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар во однос на начинот на ладење и начинот на одгледување, ознаките и нивната употреба.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
poultry products, packaging/labelling, processing/handling, food safety and quality

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2011 година 1 од 5 2011035836 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 63, став 2 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА МЕСОТО ОД ЖИВИНА НАМЕНЕТО ЗА ПАЗАР ВО ОДНОС НА НАЧИНОТ НА ЛАДЕЊЕ И НАЧИНОТ НА ОДГЛЕДУВАЊЕ, ОЗНАКИТЕ И НИВНАТА УПОТРЕБА(∗) Член 1 Со овој правилник се пропишува дополнителното идентификување на месото од живина наменето за пазар во однос на начинот на ладење и начинот на одгледување, ознаките и нивната употреба. Член 2 (1) За дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар во однос на начинот на ладење се употребуваат следните ознаки: Ознака Ознака на Англиски јазик 1. Воздушно ладење Air chilling 2. Воздушно ладење со успрејување со вода Air spray chilling 3. Водено ладење со потопување Immersion chilling (2) За дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар во однос на начинот на одгледување се употребуваат следните ознаки: Точка Ознака Ознака на Англиски јазик 1. Хранети со ......% ..... Fed with….% of ... 2. Гуска хранета со овес Oats fed goose 3. Екстензивно во затворен објект (одгледано во затворено) Extensive indoor 4. Слободен начин на одгледување Free range 5. Традиционален начин на слободно одгледување Traditional Free range 6. Слободен начин на одгледување – тотална слобода Free range-total freedom (3) При дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар се употребуваат ознаките од табелите од став (1) и (2) на овој член. (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата за утврдување на детални правила за примена на Регулатива (ЕК) бр. 1234/2007 на Комисијата во однос на пазарните стандарди за месо од живина, CELEX бр. 32008R0543 Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2011 година 2 од 5 Член 3 Ознаките од член 2 став (1) од табелата на овој правилник се употребуваат за дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар кога: ладењето на целите трупови на месото од живина е направено во ладен воздух – со ознака “воздушно ладење”; ладењето на целите трупови на месото од живина е направено во ладен воздух измешан со воден млаз или воден спреј – со ознака “воздушно ладење со успрејување со вода” и ладењето на целите трупови на месото од живина е направено во резервоари со вода или мраз и вода, во процес на противструјно движење, односно движење на труповите во насока спротивна од насоката на движењето на водата - со ознака “водено ладење со потопување”. Член 4 Ознаката од член 2 став (2) точка 1 од табелата на овој правилник „Хранети со ......% .....” се употребува за дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар во однос на начинот на одгледување доколку се исполнети следните услови: во случај на исхрана со житарици, тие треба да учествуваат со најмалку 65% од формулацијата на смеската за исхрана со која се храни живината во поголемиот дел од гојниот период. Во овие 65% споредни продукти од житарици (трици, сточно брашно) може да учествуваат со најмногу 15%. Доколку се наведува една специфична житарица таа треба да учествува со најмалку 35% од формулацијата на смеската за исхрана, а во случај таа житарица да е пченка, треба да учествува со најмалку 50%; во случај на исхрана со легуминозни растенија и зеленчук тие треба да учествуваат со најмалку 5% од масата на формулацијата на смеската за исхрана во поголемиот дел од гојниот период и во случај на исхрана со млечни продукти тие треба да учествуваат со најмалку 5% од масата на формулацијата на смеската за исхрана во крајниот дел од гојниот период. Член 5 Ознаката од став член 2 став (2) точка 2 од табелата на овој правилник „Гуска хранета со овес” се употребува за дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар доколку гуските се хранети со најмалку 500 g овес дневно во тек на три недели во завршниот период од гоењето. Член 6 Ознаката од член 2 став (2) точка 3 од табелата на овој правилник „Екстензивно во затворен објект (одгледано во затворено)” се употребува за дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар доколку се исполнети следните услови: 1. Густината на населување на m2 поден простор да не преминува: 15 птици и не повеќе од 25 kg жива маса кај бројлери, кокошки, млади петли и капони; повеќе од 25 kg жива маса кај патки, бисерки и мисирки и повеќе од 15 kg жива маса кај гуски. 2. Птиците да бидат заклани на возраст од: бројлери: 56 дена или подоцна; мисирки: 70 дена или подоцна; гуски: 112 дена или подоцна; пекиншки патки: 49 дена или подоцна; Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2011 година 3 од 5 мошусни патки: 70 дена или подоцна за женски единки, 84 дена или подоцна за машки единки; женски мутави патки: 65 дена или подоцна; бисерки: 82 дена или подоцна; млади гуски: 60 дена или подоцна; млади петли: 90 дена или подоцна и капони: 140 дена или подоцна. Член 7 Ознаката од член 2 став (2) точка 4 од табелата на овој правилник „Слободен начин на одгледување” се употребува за дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар доколку се исполнети следните услови: 1. Густината на населување на m2 поден простор во објектот и возраста ги исполнуваат границите наведени во член 6 на овој правилник, со следниве отстапки: 13 птици но не повеќе од 27,5 kg жива маса кај бројлери и 7.5 птици но не повеќе од 27.5 kg жива маса кај капони; 2. Птиците во втората половина од гоењето да имаат континуиран излез на отворен простор претежно прекриен со вегетација со површина не помала од: 1m2 за бројлери и бисерки; 2m2 за патки и капони и 4m2 за мисирки и гуски. Во случај на бисерки отворениот простор може да биде заменет со замрежен простор со седала чија површина треба да е најмалку еднаква на површината на објектот и висина од 2m. Седалата (монтирани во објектот и во замрежениот простор) треба да обезбедат најмалку 10cm должина за секоја птица. 3. Формулацијата на смеската за исхрана да содржи најмалку 70% житарици 4. Објектот да е опремен со отвори од различна големина кои обезбедуваат најмалку 4m отвор на секои 100 m2 подна површина на објектот. Член 8 Ознаката од член 2 став (2) точка 5 од табелата на овој правилник „Традиционален начин на слободно одгледување” се употребува за дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар доколку се исполнети следните услови: 1. Густината на населување на m2 поден простор да не преминува: 12 птици и не повеќе од 25kg жива маса кај бројлери; во случај на мобилни објекти со подна површина помала од 150m2 кои остануваат отворени ноќе, густината на населување може да биде 20, но да не премине 40kg/m2 жива маса на подна површина; 6.25 птици (ако се на возраст не поголема од 91 ден може и 12), но не повеќе од 35kg жива маса кај капони; 8 машки но не повеќе од 35kg жива маса, 10 женки но не повеќе од 25kg жива маса кај мошусни и пекиншки патки; 8 птици, но не повеќе од 35 kg жива маса кај мутави патки; 13 птици, но не повеќе од 25 kg жива маса кај бисерки; 6.25 птици (ако се до возраст не поголема од 6 недели може и 10), но не повеќе од 35 kg жива маса кај мисирки и 5 птици (ако се до возраст не поголема од 6 недели може и 10) но не повеќе од 30 kg жива маса кај гуски. 2. Подниот простор на еден објект никогаш да не надминува 1600 m2. 3. Секој посебен објект нема вселено повеќе од: 4800 бројлери; Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2011 година 4 од 5 5200 бисерки; 4000 женски мошусни или пекиншки патки или 3200 машки мошусни или пекиншки патки или 3200 мутави патки и 2500 капони, мисирки и гуски. 4. Објектот е опремен со отвори од различна големина кои обезбедуваат најмалку 4m отвор на секои 100m2 подна површина на објектот. 5. Птиците имаат континуиран излез на отворен простор штом достигнат возраст од: 6 недели за бројлери и капони и 8 недели за бисерки, патки, гуски и мисирки. 6. Отворениот простор е површина претежно прекриена со вегетација не помала од: 2m2 за бројлери, пекиншки, мошусни патки и бисерки; 3m2 за мутави патки; 4m2 за капони по 92 дена возраст и 2m2 до 91 ден возраст; 6m2 за мисирки и 10m2 за гуски. Во случај на бисерки отворениот простор може да биде заменет со замрежен простор со седала чија површина треба да е најмалку еднаква на површината на објектот и висина од 2m. Седалата (монтирани во објектот и во замрежениот простор) треба да обезбедат најмалку 10cm должина за секоја птица. 7. Гоените птици се од генетска линија препознатлива како бавно растечка. 8. Формулацијата на смеската за исхрана содржи најмалку 70% житарици. 9. Птиците да бидат заклани на возраст од: бројлери: 81 ден или подоцна; мисирки и гуски: 140 дена или подоцна доколку се продаваат како цели за печење; женки мисирки: 98 дена или подоцна доколку се наменети за конфекционирање во делови; машки мисирки: 126 дена или подоцна доколку се наменети за конфекционирање во делови; пекиншки патки: 49 дена или подоцна; мошусни патки: 70 дена или подоцна кај женски и 84 дена или подоцна кај машки единки; мутави патки: 92 дена или подоцна; бисерки: 94 дена или подоцна; гуски наменети за фоие грас и магрет: 95 дена или подоцна; млади гуски: 60 дена или подоцна и капони: 150 дена или подоцна. 10. Крајот на гоењето во затворен простор не преминува: 15 дена за бројлери на возраст над 90 дена; 4 недели за капони и 4 недели за гуски и мутави патки наменети за производство на фоие грас и магрет на возраст над 70 дена. Член 9 Ознаката од член 2 став (2) точка 6 од табелата на овој правилник „Слободен начин на одгледување – тотална слобода” се употребува за дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар доколку се исполнети условите од член 8 на овој правилник и птиците имаат континуиран пристап до неограничен слободен простор. Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2011 година 5 од 5 Член 10 Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за квалитетот на производите од месо од перната живина („Службен лист на СФРЈ“ бр. 55/91). Член 11 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-2331/1 Министер за земјоделство, 11 март 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on additional identification of poultry meat destined for the market in terms of cooling and cultivation methods, on labels and their use · Nelum