تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on additional conditions for support from rural development measures, eligible costs and amount of the support for eligible costs per beneficiary of individual measure

صدر في 2011-09-12 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Agricultural and rural development
الكلمات المفتاحية
rural employment, subsidy/incentive, agricultural development, rural development, labour

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. 1 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 90 став (3) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија" бр. 49/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ЗА ПОДДРШКАТА ОД МЕРКИТЕ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ, ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ И ВИСИНАТА НА ПОДДРШКАТА ЗА ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ ПО КОРИСНИК ЗА ПОЕДИНЕЧНА МЕРКА I. ПРЕДМЕТ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските дополнителни услови за поддршка од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. II. ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ Членот 2 се менува и гласи: (1) Дополнителните услови за располагање со соодветни производни капацитети на корисници на неповратна финансиска помош за инвестиции: 1) за модернизација на земјоделски стопанства, се следниве: за подигање на нови лозови насади: минималната прифатлива површина е 0,2 ха, задолжително извршена агрохемиска анализа на почвата, избраните сорти да се во согласност со Листата на домашни и странски признаени или одобрени сорти винова лоза и лозни подлоги, а посадочниот материјал по хектар обработлива земјоделска површина да е најмалку 1389 садници/ха; за подигање на нови повеќегодишни овошни насади, повеќегодишни насади со ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) минималната прифатлива површина е 0,2 ха, задолжително извршена агрохемиска анализа на почвата, видот на овошниот насад и ароматичното растение и бројот на сертифициран посадочен материјал по хектар да е во согласност со табелата дадена во Прилог кој е составен дел на овој правилник. набавка на високостелни педигрирани јуници, педигрирани машки и женски приплодни грла овци и кози, и педигрирани назимки и нерези, оригинали и хибриди, набавени од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија и од увоз; набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште; инвестиции во земјоделска опрема и механизација за житни и индустриски култури: 2 минимум 1,5 ха за житни и/или индустриски култури (маслодајни, фуражни култури) и/или минимум 0,5 ха за индустриски култури – тутун; инвестиции во систем за наводнување на пченка и фуражни култури: минимум 1 ха до максимум 20 ха земјоделско земјиште со пченка и/или фуражни култури. 2) за инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството да се има во сопственост: минимум 0,5 ха земјоделско земјиште под повеќегодишни насади и/или градинарски култури; минимум 1,5 ха земјоделско земјиште со житни и/или индустриски култури; минимум 1,5 ха земјоделско земјиште под категорија пасишта и/или ливади; минимум 10 крави и/или 150 овци и/или 30 кози и минимум 50 свињи за тов во годишен обрт и/или 5 маторици; 3) за економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност потребно е вредноста на продаденото годишно производството на членовите/основачите на организационата форма на економско здружување на земјоделски стопанства за тековната година да изнесува до 3.000.000 денари без вклучен ДДВ и 4) за инвестиции за диверзификација на економски активности во рурални средини се следниве: дејности кои можат да се вршат како дополнителни дејности на семејните земјоделски стопанства согласно Законот за земјоделство и рурален развој и дејности кои можат да ги вршат занаетчии во затворени простории согласно Законот за занаетчиска дејност. (2) Големината на производните капацитети од став (1) на овој член се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или согласно бројот на животните регистрирани во Регистарот за идентификација на животни при Агенцијата за храна и ветеринарство. Член 3 Дополнителни услови за располагање со соодветни производни капацитети на корисниците на помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики преку номадско одгледување на овци и традиционално овчарство е да има во сопственост минимум 150 овци од сите категории на овци. III. ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ И ВИСИНАТА НА ПОДДРШКАТА ЗА ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ Член 5 (1) Прифатливи трошоци за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, се следните: а) За лозарство, овоштарство (вклучително и трпезно грозје) и градинарство (пластеници, стакленици и на отворено со исклучок на тунелски фолии): 3 трактори до 95КС; култиватори или мото-култиватори; опрема и приклучна механизација за припрема на почва, садење или за берење и транспорт; генератори и агрегати за обезбедување на електрична енергија на земјоделското земјиште; градежни материјали и елементи за конструкција на бунари и други зафати на површинска вода за наводнување на земјоделски имот на корисникот; градежни материјали и елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на механизацијата и опремата; услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација; и услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за конструкција на елементите и инсталирање на опремата вклучително и софтвер. б) За воспоставување на расадници за лозарство, овоштарство и градинарство: трактори до 95КС; култиватори или мото-култиватори; опрема и приклучна механизација за припрема на почва, садење и транспорт на посадочен материјал; елементи за конструкција на високи пластеници или стакленици со опрема за микроклиматски услови; генератори и агрегати за обезбедување на електрична енергија на земјоделското земјиште; градежни материјали и елементи за конструкција на бунари и други зафати на површинска вода за наводнување на земјоделски имот на корисникот; градежни материјали и елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на механизацијата и опремата; услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација; и услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за конструкција на елементите и инсталирање на опремата вклучително и софтвер. в) За житни култури, индустриски култури (маслодајни, фуражни, тутун) вклучително и компир: трактори до 95КС; опрема и приклучна механизација за припрема и обработка на почва, садење и транспорт; комбајн за површини над 5ха под пченица, јачмен и/или овес или над 1 ха површини под ориз или над 2 ха површини под пченка или над 2 ха површини под сончоглед; опрема и приклучна механизација за берба и собирање на плодовите; опрема за припрема на плодовите за чување, манипулација и складирање градежни материјали и елементи за конструкција на силоси, простор за припрема на плодовите за складирање, складови и опрема за припрема на плодовите за чување, манипулација и складирање; генератори и агрегати за обезбедување на електрична енергија на земјоделското земјиште; градежни материјали и елементи за конструкција на бунари и други зафати на површинска вода за наводнување на земјоделски имот на корисникот; градежни материјали и елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на механизацијата и опремата; услуги од трети лица за изработка на деловен план, студии, елаборати, планска и техничка документација; и услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за конструкција на елементите и инсталирање на опремата вклучително и софтвер. 4 г) За одгледување на несилки: опрема за подготовка и складирање на храна; опрема за хранење вклучително и компатибилна опрема за функционирање на системот за хранење; опрема за системи за поење; опрема за одгледување и чување на несилките вклучително и обезбедување на микроклиматски услови; опрема за внатрешно транспортирање на јајцата, сортирање и пакување; опрема за обезбедување на систем за проверка, контрола и следење на квалитетот на јајцата; инкубатори за живина; градежни материјали и елементи за конструкција и опрема за изѓубрување за достигнување на барањата од прописите за заштита на животната средина; и услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за конструкција на елементите и инсталирање на опремата вклучително и софтвер. д) За пчеларство: набавка на рамки и сандаци за пчелни семејства; набавка на пчелни матици; набавка на опрема за одгледување на пчели; и набавка на опрема за производство на мед и пчелни производи (центрифуги, топилник за восок, млин за шеќер, пчеларска вага, садови за мед, декристализатор и електричен отклопувач на саќе). ѓ) За сточарство: набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата Буша); набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци; набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози и набавка на педигрирани свињи (нерези и назимки) оригинали и хибриди. е) За подигнување на нови повеќегодишни насади: набавка на повеќегодишни растенија; градежни материјали и елементи за потпорна конструкција (вклучително и маркирни столбови); услуги од трети лица за припрема на земјоделското земјиште за садење и садење на повеќегодишните растенија и услуги од трети лица за извршување на градежни работи и монтирање на елементите конструкција на елементите и инсталирање на опремата. ж) За инвестиции во систем за наводнување на пченка и фуражни култури и тоа: набавка на надземни системи за наводнување капка по капка; набавка на подземни системи за наводнување капка по капка; набавка на опрема и приклучна опрема за системот за наводнување (филтри, фертиригатори, пумпи, цевки и спојни елементи); 5 набавка на опрема и приклучна механизација за поставување и собирање на системот капка по капка; набавка на опрема и приклучна механизација за поставување на подземните системи за наводнување со капка по капка; градежни материјали и елементи за придружни објекти за сместување и чување на опремата; опрема за електрична инсталација за снабдување со електрична енергија, вклучително и опрема за енергетска ефикасност и опрема за производство на одржливи енергии за потребите на функционирање на системот за надводнување/одводнување; агрегати и/или генератори и придружна инсталациона опрема; компјутерска опрема за функционирање, управување и контрола на системот за наводнување и софтвер; услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни и електрификациски работи вклучително и инсталирање на опремата и софтвер и услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација. з) За инвестиции во бунари за наводнување и тоа: ископ и дупчење на бунари; градежни материјали елементи за конструкција на бунари (цевки, филтри, вентили, мерачи, завршна куќичка, шахта и сл.) и други зафати на површинска вода за наводнување на земјоделското земјиште на корисникот; опрема за електрична инсталација за снабдување со електрична енергија на бунарите и агрегати и/или генератори и придружна инсталациона опрема.“ (2) Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник на мерката од став (1) на овој член изнесува без данок на додадена вредност и други даноци и јавни давачки. изнесува: до 2.500.000 денари за прифатливите трошоци за лозарство, овоштарство (вклучително и трпезно грозје) и градинарство (пластеници, стакленици и на отворено со исклучок на тунелски фолии); и за медоносна флора. до 3.500.000 денари за воспоставување на расадници за лозарство, овоштарство и градинарство; до 4.500.000 денари за прифатливите трошоци за житни култури и индустриски култури (маслодајни, фуражни, тутун) вклучително и компир; до 6.000.000 денари за прифатливи трошоци за одгледување на несилки; до 800.000 денари за прифатливи трошоци за пчеларство до 6.500.000 денари за набавка на високостелни педигрирани јуници, педигрирани машки и женски приплодни грла овци и кози и педигрирани свињи (нерези, назимки) оригинали и хибриди; до 2.500.000 денари за подигање на нови лозови насади и за подигање на нови овошни насади и медоносна флора; до 600.000 денари за набавка на пчелни матици и до 3.500.000 денари за инвестиции во земјоделска опрема и механизација за житни и индустриски култури. 6 до 1.800.000 денари за инвестиции во систем за наводнување на пченка и фуражни култури и до 364.000 денари за инвестиции во бунари за наводнување. Член 6 (1) Прифатливи трошоци за инвестиции за зголемување на економската вредност на шумите, се следните: а) За одржливо стопанисување со шумите: трошоци за видно и трајно обележување на границите на шума во приватна сопственост, вклучително и трошоци за изработка на геодетски елаборати за извршени геодетски работи за посебни намени; услуги за одржливо стопанисување со шумите од стручни лица кои имаат лиценца за вршење на стручни работи на шуми во приватна сопственост и опрема за одржливо стопанисување со шумите (моторна пила, заштитна опрема за секачи, моторни бушачи за пошумување, моторни тримери за косење и за спроведување на шумски ред). б) За примарната обработка на дрвната маса и обработка на био маса од шумите: градежни материјали и елементи за конструкција на објекти за примарна обработка на дрвна маса и/или обработка на био-маса од шумите и отпад од обработката на дрвна маса и придружни објекти за складирање; опрема за примарна обработка на дрвната маса, био маса од шумите и отпад од обработка на дрвна маса; опрема за складирање и манипулација со суровината и готовиот производ; компјутерска опрема и софтвер за управување, контрола и следење на суровината и готовиот производ; и услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за конструкција на елементите и инсталирање на опремата вклучително и софтвер. (2) Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник на мерката од став (1) од овој член, без ДДВ и останати даноци и јавни давачки изнесува: до 20.000 денари за трошоци за видно и трајно обележување на границите на шума во приватна сопственост вклучително и трошоци за изработка на геодетски елаборати за извршени геодетски работи за посебни намени; до 500 денари за метар кубен, но не повеќе од 10.000 денари за услуги за одржливо стопанисување со шумите од стручни лица кои имаат лиценца за вршење на стручни работи на шуми во приватна сопственост; до 120.000 денари за опрема за одржливо стопанисување со шумите и до 3.000.000 денари за примарната обработка на дрвната маса и обработка на био маса од шумите. Член 7 (1) Прифатливи трошоци за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи, се следните: а) За преработувачките капацитети за примарна обработка и доработка на житни култури, маслодајни семиња и растенија: 7 градежни материјали и елементи за конструкција/реконструкција на објекти за прием, обработка и доработка и складирање; опрема за мелење; опрема за прием на суровина и складирање; опрема за подготовка за преработка, примарна обработка и доработка; опрема за означување и пакување; опрема за утврдување и контрола на квалитет на производите; и услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за конструкција на елементите и инсталирање на опремата вклучително и софтвер. б) За преработувачки капацитети за јајца: градежни материјали и елементи за конструкција/реконструкција на објекти за преработка на јајца, прием и чување на суровина, подготовка за преработка и преработка на јајцата и складирање на готовиот производ; набавка на опрема за прием и чување на суровина; опрема за подготовка за преработка и преработка на јајцата; опрема за означување и пакување; опрема за складирање на готовиот производ; опрема за утврдување и контрола на квалитет на производите; и услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за конструкција на елементите и инсталирање на опремата вклучително и софтвер. в) За преработувачки капацитети за винско грозје: градежни материјали и елементи за конструкција/реконструкција на објекти за преработка и придружни објекти за прием, подготовка и складирање; набавка на опрема за прием на суровина; опрема за подготовка за преработка и преработка на грозјето; опрема за зреење на виното; опрема за складирање на готовиот производ; и услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за конструкција на елементите и инсталирање на опремата вклучително и софтвер. г) За јавни инвестиции во пазарна инфраструктура за постбербени активности или активности за собирање и чување на примарни земјоделски производи за нивна натамошна намена: градежни материјали и елементи за конструкција/реконструкција на објекти за прием, подготовка и складирање; опрема за утврдување и контрола на квалитет на производите; опрема за означување и пакување; услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска, техничка и градежна документација; и услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни и елекртификациски работи. (2) Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник на мерката од став (1) на овој член без данок на додадена вредност и други даноци и јавни давачки изнесува: до 6.000.000 денари за преработувачките капацитети за примарна обработка и доработка на житни култури, маслодајни семиња и растенија, и преработувачки капацитети за винско грозје; до 10.000.000 денари за преработувачки капацитети за јајца; 8 Член 8 (1) Прифатливи трошоци за инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството, се следните: а) За патна инфраструктура за пристап до земјоделското земјиште: градежни материјали и елементи за конструкција; услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи; и услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација. б) За снабдување со електрична енергија на објекти на земјоделски стопанства: градежни материјали и елементи за конструкција; опрема за поврзување на објектите со електрична енергија; опрема за електрична инсталација, за снабдување со електрична енергија, вклучително и опрема за производство и користење на соларна енергија, био-гас, и/или на гео-термална енергија; набавка на агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема; услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни и електрификациски работи и инсталирање на опремата вклучително и софтвер; и услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација. в) За инфраструктура во водостопанство водоснабдување вклучително и поила за добиток. градежни материјали и елементи за конструкција на системот за наводнување/одводнување и придружни објекти за сместување и чување на опремата; опрема за функционалност на системот за наводнување/одводнување (пумпи, филтри, цевки); опрема за електрична инсталација, за снабдување со електрична енергија, вклучително и опрема за енергетска ефикасност и опрема за производство на одржливи енергии за потребите на функционирање на системот за надводнување/одводнување; агрегати и/или генератори и придружна инсталациона опрема; компјутерска опрема за функционирање, управување и контрола на системот за наводнување и софтвер; услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни и електрификациски работи вклучително и инсталирање на опремата и софтвер; и услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација за експропријација на земјиште за изградба на водостопански објекти и придружни објекти; чистење на каналска мрежа за одводнување и наводнување на земјоделско земјиште - бруто плата за ангажирање на стручни лица услуги од трети лица за користење на градежна механизација; и набавка на механизација за одржување и чистење на речните корита и на системите за наводнување и одводнување. г) За консолидација на земјоделското земјиште: услуги од трети лица за правни и стручни работи за консолидација на земјоделското земјиште, категоризација на бонитетна класа и утврдување на пазарна вредност на земјиштето; услуги од трети лица за правни и стручни работи за пренамена на земјиште од катастарска 9 култура пасиште, ливада, нива, или шума, како и неплодно земјиште (голини) во земјоделско земјиште; трошоци за анализа на физичките и хемиските својства на почвата на земјиштето кое е предмет на консолидација и/или пренамена; трошоци за организирање и спроведување на мелиоративни мерки за унапредување на квалитетот на земјиштето кое е предмет на консолидација и/или пренамена, трошоци за градежни материјали и елементи за конструкција на патна инфраструктура за пристап до земјоделското земјиште кое е предмет на консолидација и/или пренамена; услуги од трети лица за изработка на мелиоративен план и нутриционистички план за земјиштето кое е предмет на консолидација и/или пренамена; услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи; и услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација. (2) Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник на мерката од став (1) на овој член освен за корисници - орган на државна управа, државни органи, агенции, јавни претпријатија, јавни установи, како и трговски друштва во државна сопственост без данок на додадена вредност и други даноци и јавни давачки изнесува: до 1.000.000 денари за патна инфраструктура за пристап до земјоделското земјиште и за консолидација или пренамена на земјоделското земјиште; до 3.000.000 денари за снабдување со електрична енергија на објекти на земјоделски стопанства; и до 35.000.000 денари за инфраструктура во водостопанството и до 2.000.000 денари за водоснабдување вклучително и поила за добиток. Член 9 (1) Прифатливи трошоци за економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност, се следните: а) За воспоставување на задруга во тековната година и одржување на работата на веќе воспоставени задруги: трошоци за воспоставување на земјоделската задруга, освен за веќе воспоставени задруги; трошоци за закуп на простории и објекти за работа на задругата, освен за веќе воспоставени задруги; трошоци за набавка на компјутерска опрема, канцелариски мебел и компјутерски софтвер за планирање, управување, следење и контрола, освен за веќе воспоставени задруги; бруто-плата на стручни лица за управување со земјоделската задруга, административни и технички работници; услуги од трети лица за водење на сметководство и ревизија на работењето на земјоделската задруга; услуги од трети лица за едукација на вработените стручни лица во земјоделската задруга ; трошоци за информирање на членовите на земјоделската задругата; услуги од трети лица за организирање и спроведување на програми за обука на членовите на земјоделската задруга вклучително и патни и дневни трошоци на членовите на земјоделската задруга во висина која не надминува 800 денари од ден по учесник; и трошоци за организирање на промотивни настани за привлекување и ширење на членството на задругата. 10 б) За инвестиции за унапредување на физичкиот потенцијал на земјоделската задруга и тоа за: трактори до 95КС; култиватори или мото-култиватори; опрема и приклучна механизација за припрема на почвата, садење или за берење/собирање/жнеење и транспорт; генератори и агрегати за обезбедување на електрична енергија на земјоделското земјиште; градежни материјали и елементи за конструкција на бунари и други зафати на површинска вода за наводнување на земјоделски имот на корисникот; градежни материјали и елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на механизацијата и опремата; градежни материјали и елементи за конструкција на расадници со опрема за микроклиматски услови; услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи; услуги од трети лица за инсталирање на опремата вклучително и софтвер; и услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација. в) За помош за организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи произведени и пласирани од земјоделска задруга и тоа: трошоци за организирање и спроведување промотивни настани за промоција на земјоделската задруга и нејзините производи. трошоци за закуп на простор за изложување на земјоделски производи кои ги произведуваат членовите/основачите на организационата форма на економско здружување на земјоделски стопанства. трошоци за изработка на штандови и уредување и опремување на изложбениот дел; трошоци за награди и промотивен материјал за членовите/основачите на организационата форма на економско здружување на земјоделски стопанства како учесниците кои изложуваат на манифестацијата/саемот; патни и дневни трошоци на учесниците за учество на саемски манифестации и саеми како изложувачи; трошоци за транспорт на опремата и производите на учесниците за учество на саемски манифестации и саеми како изложувачи; услуги од трети лица за организирање на промотивна кампања за организационата форма на економско здружување на земјоделски стопанства и услуги за изработка на веб-страна и одржување на веб-странатa годишно. (2) Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник на мерката од став (1) на овој член, без данок на додадена вредност и други даноци и јавни давачки изнесува до 6.000.000 денари годишно Член 11 (1) Прифатливи трошоци за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, се следните: градежни материјали и елементи за конструкција; урбана опрема и украсна опрема и елементи освен за набавка на растителен и посадочен материјал за хортикултурно уредување; 11 опрема за одбележување, знаци, мапи, патокази, граничници, мостови, премини; санитарна канализациона и водоснабдителна опрема, вклучително и опрема за системи наводнување на зелени површини и опрема за обезбедување на вода за фонтани; опрема за поврзување со електрична енергија, вклучително и опрема за осветлување; агрегати или генератори и придружна опрема и инсталација; трошоци за изработка на проекти, студии, елаборати, планска и техничка документација; услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни и електрификациски работи; услуги од трети лица за инсталирање на опремата вклучително и софтвер; услуги од трети лица за хортикултурно уредување на зелени површини; и услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација опрема за телекомуникациска инфраструктура; опрема за организирање на продажба на земјоделски производи (мерни ваги и друго); опрема за организирање на продажба на жив добиток (мерни ваги за крупен и ситен добиток, метални или дрвени боксови, поилки, хранилки, рампа за утовар/истовар, опрема за чистење и дезинфекција на простории и моторни возила, опрема за пречистување на отпадни води и друго) и опрема за детски, младински и/или пензионерски културни центри или клубови. (2) Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник на мерката од став (1) на овој член, освен за корисници - орган на државна управа, државни органи, агенции или јавни претпријатија и јавни установи, без данок на додадена вредност и други даноци и јавни давачки изнесува: до 20.000.000 денари за развој на јавна инфраструктура во рурални средини и/или за обнова и развој на селата; до 15.000.000 денари за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја. Член 12 (1) Прифатливи трошоци за поддршка за поттикнување на локален развој на рурални средини преку реализација на стратегии за локален развој на рурални средини изготвена од страна на локалната акциона група (во натамошниот текст: ЛАГ) или стратегии за рурален развој на единиците на локална самоуправа со седиште во рурална средина се трошоците утврдени во овој правилник и со Правилникот за видот на активностите кои се предмет на поддршка, условите за финансирање, дефинирање на корисниците, општите и посебните услови за доделување на поддршката, детален преглед на прифатливи трошоци и начинот и правилата за визуелен идентитет на активностите („Службен весник на Република Македонија" бр. 161/2010). (2) Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник на неповратната финансиска помош за поддршка на поттикнување на локален развој на рурални средини преку реализација на стратегии за локален развој на рурални средини изготвена од страна на ЛАГ или стратегии за рурален развој на единиците на локална самоуправа со седиште во рурална средина, без данок на додадена вредност и други даноци и јавни давачки изнесува до 4.000.000 денари годишно. 12 IV. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 12 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за поблиските дополнителни услови за подршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на подршката за прифатливите трошоци по корисник по поединечна мерка („Службен весник на Република Македонија" бр. 69/11). Член 13 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 02-8409/1 12 септември 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски , с.р.

Regulation on additional conditions for support from rural development measures, eligible costs and amount of the support for eligible costs per beneficiary of individual measure · Nelum