Regulation determining certain by-products of animal origin as specified risk material in terms of transmissible spongiform encephalopathies
صدر في 2015-10-02 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Решение за определување на одредени нус производи од животинско потекло како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock
- الكلمات المفتاحية
- animal health, pests/diseases, classification/declassification
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 175 од 9.10.2015 година 1 од 1 20151754826 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 10 став (1) Законот за нус производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 144/14 и 149/15), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе РЕШЕНИЕ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ НУС ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО КАКО СПЕЦИФИЧЕН РИЗИЧЕН МАТЕРИЈАЛ ОД АСПЕКТ НА ТРАНСМИСИВНИТЕ СПОНГИОФОРМНИ ЕНЦЕФАЛОПАТИИ(*) 1. Со ова решение се определуваат следниве ткива или органи како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии доколку се добиени од животни кои потекнуваат од Република Македонија или од земја или регион со контролиран, односно неопределен Бовина спонгиоформна енцефалопатија (БСЕ) ризик, како и од земји членки на Европската Унија со незначителен БСЕ ризик: 1) од говеда: а) черепот, исклучувајќи ја мандибулата и вклучувајќи ги мозокот и очите и 'рбетниот мозок, од животни постари од 12 месеци; б) ‘рбетот исклучувајќи ги опашните пршлени, спиналните и трансверзалните продолжетоци на вратните, градните и слабински пршлени, и медијалниот сакрален гребен и крилја на сакралната коска, вклучувајќи го дорзалниот спинален ганглион од животни постари од 30 месеци, и в) тонзилите, последните четири метра од тенките црева, слепото црево и мезентериумот од животни од сите старосни категории. 2) од овци и кози: а) черепот вклучувајќи ги мозокот и очите, тонзилите и 'рбетниот мозок од животни постари од 12 месеци или кои имаат трајни секачи, и б) слезената и илеумот од животни од сите старосни категории. 2. Со денот на влегувањето во сила на ова решение престанува да важи Решението за определување на одредени нус производи од животинско потекло како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии („Службен весник на Република Македонија” бр. 26/10). 3. Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 02-6215/3 Директор на Агенција 2 октомври 2015 година за храна и ветеринарство, Скопје Зоран Поповски, с.р. (*) Со ова решение се врши усогласување со РЕГУЛАТИВА (ЕЗ) бр. 999/2001 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ од 22 мај 2001 која ги пропишува правилата за превенција, контрола и ерадикација на одредени трансмисивни спонгиформни енцефалопатии, CELEX бр. 32001R0999.