Regulation amending the Regulation on the procedure for import and transit, the manner and procedure of conducting inspection and survey over the import and transit of animal by-products, the form and content of the animal health certificate or other documents accompanying the consignment of animal origin by-products, and the list of foreign countries from which the import and transit are approved
صدر في 2013-02-11 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно–здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock
- الكلمات المفتاحية
- residues, transport/storage, inspection, internal trade, international trade, certification, animal health, animal by-products
- الفئات
- *
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 1 од 33 20130250789 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 77 став (4), член 81 став (5), член 84 став (3), член 85 став (5), член 86 став (4), член 87 став (3) и член 88 став (10) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА УВОЗ И ТРАНЗИТ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА ВРШЕЊЕ НА ПРОВЕРКА И ПРЕГЛЕД ПРИ УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ПРАТКА СО НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕНИОТ СЕРТИФИКАТ ИЛИ ДРУГИ ДОКУМЕНТИ ШТО ЈА ПРИДРУЖУВААТ ПРАТКАТА СО НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО, КАКО И ЛИСТАТА НА ТРЕТИ ЗЕМЈИ ОД КОИ Е ОДОБРЕН УВОЗ И ТРАНЗИТ (*) Член 1 Во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит („Службен весник на Република Македонија” бр. 94/12), во член 2 став (2) по точката 8) се додаваат две нови точки 9) и 10) кои гласат: „9) “Нетретирана волна“ е волна со исклучок на волна која е: (а) фабрички испрана; (б) добиена со процес на штавење; (в) третирана со друг метод со кој се гарантира дека се отстранети несаканите ризици; (г) добиена од животни различни од животните од видот свињи и е фабрички испрана со повеќекратно потопување на волната и влакната во бања со вода, сапун и натриум хидроксид или калиум хидроксид или (д) добиена од животни различни од животните од видот свињи, наменета за испраќање директно до објектот за производство на деривати на нуспроизводи од волна и влакна за текстилната индустрија и е третирана со најмалку еден од следните методи: хемиско отстранување на влакна со негасена вар или натриум сулфид; фумигација со формалдехид во херметички запечатена комора во времетраење од најмалку 24 часа; индустриско перење кое се состои од потопување на волната и влакната во детергент растворлив во вода на температура од 60–70°C и складирање, кое може да го вклучи и времето на транспорт, на температура од 37°C во времетраење од осум дена, 18°C во времетраење од 28 дена или 4 °C во времетраење од 120 дена. (*) Со овој правилник се врши усогласување со Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 1063/2012 од 13 ноември 2012 за изменување на Регулативата (ЕУ) бр. 142/2011 за имплементација на Регулативата (ЕК) бр. 1069/2009 на Европскиот Парламент и на Советот за утврдување на здравствени правила за нуспроизводи од животинско потекло и деривати на нуспроизводи кои не се наменети за исхрана на луѓето и за имплементи рање на Директивата на Советот 97/78/ЕК во однос на одредени примероци и експонати кои се исклучуваат од ветеринарни проверки на граница во согласност со таа Директива CELEX бр. 32012R1063 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 2 од 33 10) “Нетретирани влакна“ се влакна со исклучок на влакна кои се: (а) подложени на фабричко перење; (б) добиени со процес на штавење; (в) третирани со друг метод со кој се гарантира дека се отстранети несаканите ризици; (г) добиени од животни различни од животните од видот свињи и се фабрички испрани со повеќекратно потопување на волната и влакната во бања со вода, сапун и натриум хидроксид или калиум хидроксид или (д) добиени од животни различни од животните од видот свињи, наменети за испраќање директно до објектот за производство на деривати на нуспроизводи од волна и влакна за текстилната индустрија и се третирани со најмалку еден од следните методи: хемиско отстранување на влакна со негасена вар или натриум сулфид, фумигација со формалдехид во херметички запечатена комора во времетраење од најмалку 24 часа; индустриско перење кое се состои од потопување на волната и влакната во детергент растворлив во вода на температура од 60–70°C, складирање, кое може да го вклучи и времето на транспорт, на температура од 37°C во времетраење од осум дена, 18°C во времетраење од 28 дена или 4°C во времетраење од 120 дена.“ Точките 9) и 10) стануваат точки 11) и 12). Член 2 Членот 36 се менува и гласи: „Следните нуспроизводи од животинско не се предмет на посебни услови во поглед на здравствената состојба на животните при увозот во и транзитот низ Република Македонија: 1) волна и влакна кои што се фабрички испрани или третирани на друг начин со кој се обезбедува отстранување на несакани ризици; 2) крзна кои што се сушат на собна температура од 18°C и влажност од 55% во период од најмалку два дена; 3) волна и влакна добиени од животни различни од животните од видот свињи кои што се фабрички испрани со повеќекратно потопување на волната и влакната во бања со вода, сапун и натриум хидроксид или калиум хидроксид; 4) волна и влакна добиени од животни различни од животните од видот свињи кои што се испратени директно до објект за производство на деривати на нуспроизводи од волна и влакна за текстилната индустрија и кои се третирани со најмалку еден од следните методи: (а) хемиско отстранување на влакна со негасена вар или натриум сулфид, (б) фумигација со формалдехид во херметички запечатена комора во времетраење од најмалку 24 часа; (в) индустриско перење кое се состои од потопување на волната и влакната во детергент растворлив во вода на температура од 60–70°C и (г) складирање, кое може да го вклучи и времето на транспорт, на температура од 37°C во времетраење од осум дена, 18°C во времетраење од 28 дена или 4 °C во времетраење од 120 дена. 5) волна и влакна кои се сушени, безбедно затворени во пакување и добиени од животни различни од животните од видот свињи, а се наменети за испраќање во објект за производство на деривати на нуспроизводи од волна и влакна за текстилната индустрија и ги исполнуваат следните барања: (а) произведени се најмалку 21 ден пред датумот на влезот во Република Македонија во Европската унија и чувани се во трета земја или делови од трета земја: Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 3 од 33 која е наведена во Прилог VI Дел 4 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*1) и одобрена за увоз во Република Македонија на свежо месо од преживари за која не се потребни дополнителните гаранции А и F и која е слободна од болеста лигавка и шап, а во случај на волна и влакна од овци и кози, од болестите сипаници кај овците и сипаници кај козите во согласност со критериумите наведени во Прилог IX од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*2); (б) придружени се со декларација од увозникот дадена во Прилог 4 Дел 21 од овој правилник; (в) од страна на операторот се дадени на увид на одобрено ветеринарно инспекциско место на граничен премин на влез во Република Македонија при што проверката и прегледот на документи од Дел II Глава I од овој правилник дале задоволителен резултат.“ Член 3 Во Прилогот 2 Глава II Оддел 1 Табелата 1 се заменува со нова Табела 1 која е дадена во Прилог 1 и е составен дел на овој правилник. Член 4 Во Прилогот 4 по Делот 3.1. се додава нов Дел 3.1.1. кој е даден во Прилог 2 и е составен дел на овој правилник. По Делот 3.2. се додава нов Дел 3.2.1. кој е даден во Прилог 3 и е составен дел на овој правилник. По Делот 3.3. се додава нов Дел 3.3.1. кој е даден во Прилог 4 и е составен дел на овој правилник. По Делот 20 се додава нов Дел 21 кој е даден во Прилог 5 и е составен дел на овој правилник. Член 5 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 19-1298/6 Директор на Агенцијата 11 февруари 2013 година за храна и ветеринарство, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 4 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 5 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 6 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 7 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 8 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 9 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 10 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 11 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 12 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 13 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 14 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 15 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 16 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 17 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 18 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 19 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 20 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 21 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 22 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 23 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 24 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 25 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 26 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 27 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 28 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 29 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 30 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 31 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 32 од 33 Службен весник на РМ, бр. 25 од 19.2.2013 година 33 од 33