Regulation amending the Regulation on special requirements related to the microbiological criteria for food
صدر في 2016-12-27 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за изменување и дополнување на правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- food safety and quality, fish products, swine, hygiene/sanitary procedures, toxicity/poisoning
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 37 од 24.3.2017 година 1 од 6 20170370654 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 44 став (4) точка 6) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15 и 39/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесe ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА МИКРОБИОЛОШКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ХРАНАТА(*) Член 1 Во Правилникот за посебните барања кои се однесуваат за микробиолошките критериуми на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 100/13 и 145/14), во Прилогот 1, Поглавје 1 потточката 1.33. се менува и гласи: () Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (EУ) бр. 1019/2013 од 23 октом ври 2013 година со која се врши изменување на Анекс I од Регулативата (EЗ) бр. 2073/2005 во врска со хиста мин во производи од риба (CELEX бр. 32013R1019); Регулативата на Комисијата (EУ) бр. 217/2014 од 7 март 2014 година со која се врши изменување на Регулативата (EЗ) бр. 2073/2005 во врска со салмонела во трупови од свињи (CELEX бр. 32014R0217) и Регулативата на Комисијата (EУ) 2015/2285 од 8 декември 2015 година со која се врши изменување на Анекс II од Регулативата (EЗ) бр. 854/2004 на Европскиот Пар ламент и на Советот во која се пропишани посебни барања за организација на официјални контроли на про изводи од животинско потекло наменети за исхрана на луѓе во однос на одредени барања за живи бивалвни мекотели, ехинодерми, туникати и морски гастроподи и на Анекс I од Регулативата (EЗ) бр. 2073/2005 за микробиолошки критериуми на храна (CELEX бр. 32015R2285). Службен весник на РМ, бр. 37 од 24.3.2017 година 2 од 6 Службен весник на РМ, бр. 37 од 24.3.2017 година 3 од 6 Фуснотата (2) се менува и гласи: „ (2) За точките 1.1-1.24 и 1.37а m=M.“. Фуснотата (16) се менува и гласи: „(16) Секоја единица мостра се состои од минимален број поединечни животни во согласност со MKC EN ISO 6887-3.“. Фуснотата (18) се менува и гласи: „(18) Единечни мостри можат да се земат од малопродажно ниво. Во тој случај, не важи презумпцијата, според која целата серија треба да се смета за неисправна, освен доколку резултатот е над М.“. Делот „Толкување на резултатите од тестовите“ се менува и гласи: „Дадените граници се однесуваат на сите испитувани мостри. Резултатите од испитувањето го покажуваат микробиолошкиот квалитет на испитаната серија (1). Listeria monocytogenes во храна готова за консумирање наменета за доенчиња и за специјални медицински цели се: — задоволителни, ако сите забележани вредности укажуваат на отсуство на бактеријата, — незадоволителни, ако се детектира присуство на бактеријата во било која од поединечните мостри. Listeria monocytogenes во храната готова за конзумирање може да го поддржи размножувањето на Listeria monocytogenes пред храната да ја напушти непосредната контрола на операторот со храна кој ја произведува, кога не може да докаже дека производот нема да ја надмине границата од 100 cfu/g во текот на рокот на траење: — задоволителни, ако сите забележани вредности укажуваат на отсуство на бактеријата, — незадоволителни, ако се детектира присуство на бактеријата во било која од поединечните мостри. L. monocytogenes во друга храна готова за консумирање: — задоволителни, ако сите забележани вредности се ≤ од границата, — незадоволителни, ако која било од вредностите е > од границата. E. coli во живи бивалвни мекотели и живи иглокожи, туникати и полжави: — задоволителни, доколку сите пет вредности кои се следат се ≤ 230 MPN/100 g од месото и интравалвуларна течност или доколку една од петте вредности кои се следат е > 230 MPN/100 g од месото и интравалвуларна течност, но ≤ 700 MPN/100 g од месото и интравалвуларна течност, — незадоволителни, доколку било која од петте вредности кои се следат е > 700 MPN/100 g од месото и интравалвуларна течност или доколку најмалку две од петте вредности кои се следат се > 230 MPN/100 g од месото и интравалвуларна течност. Yersinia enterocolitica во свежо месо од свињи во парчиња и МОМ: — задоволителни, ако сите забележани вредности укажуваат на отсуство на бактеријата, — незадоволителни, ако се детектира присуство на бактеријата во било која од поединечните мостри. E. coli O 157:H7 во свежо говедско месо во парчиња: — задоволителни, ако сите забележани вредности укажуваат на отсуство на бактеријата, — незадоволителни, ако се детектира присуство на бактеријата во било која од поединечните мостри. Bacilus cereus во житарки и нивни производи: — задоволителни, ако се исполнат следниве барања: Службен весник на РМ, бр. 37 од 24.3.2017 година 4 од 6 1. средната вредност што е добиена е ≤ m, 2. максимум од добиените вредности c/n се помеѓу m и M, 3. ниедна од добиените вредности не ја надминува границата M, — незадоволителни, ако добиената средна вредност надминува m или повеќето од c/n вредностите се помеѓу m и M или една или повеќе од добиените вредности се >M. Salmonella во различни категории на храна: — задоволителни, ако сите забележани вредности укажуваат на отсуство на бактеријата, — незадоволителни, ако се детектира присуство на бактеријата во било која од поединечните мостри. Campylobacter spp во живинско месо и производи кои содржат живинско месо: — задоволителни, ако сите забележани вредности укажуваат на отсуство на бактеријата, — незадоволителни, ако се детектира присуство на бактеријата во било која од поединечните мостри. Стафилококни ентеротоксини во млечни производи: — задоволителни, ако во ниедна од поединечни мостри не се детектираат ентеротоксини, — незадоволителни, ако ентеротоксините се детектираат во било која од поединечните мостри. Enterobacter sakazakii во млеко во прав за доенчиња или сушена храна за специјални медицински цели наменети за доенчиња од 0-6 месеци: — задоволителни, ако сите забележани вредности укажуваат на отсуство на бактеријата, — незадоволителни, ако се детектира присуство на бактеријата во било која од поединечните мостри. Vibrio parahaemolyticus во морски плодови и морска риба: — задоволителни, ако сите забележани вредности се ≤ од границата, — незадоволителни, ако која било од вредностите е > од границата. Vibrio parahaemolyticus во пастеризирани полу-конзерви од риби, ракови, школки, полжави, главоноги и жаби: — задоволителни, ако сите забележани вредности укажуваат на отсуство на бактеријата, — незадоволителни, ако се детектира присуство на бактеријата во било која од поединечните мостри. Хистамин во рибни производи од видови риби кои имаат високо количество на хистидин, освен рибен сос добиен со ферментација на рибни производи: — задоволителни, ако се исполнат следниве барања: 1. средната вредност што е добиена е ≤ m, 2. максимум од добиените вредности c/n се помеѓу m и M, 3. ниедна од добиените вредности не ја надминува границата M, — незадоволителни, ако добиената средна вредност надминува m или повеќето од c/n вредностите се помеѓу m и M или една или повеќе од добиените вредности се >M. Хистамин во рибен сос добиен со ферментација на рибни производи: задоволителни, доколку добиената вредност е ≤ граничната вредност, незадоволителни, доколку добиената вредност е > граничната вредност. (1) Резултатите од тестирањата можат да се користат и за докажување на успешноста на HACCP или на добрата хигиенска процедура на процесот.“. Службен весник на РМ, бр. 37 од 24.3.2017 година 5 од 6 Службен весник на РМ, бр. 37 од 24.3.2017 година 6 од 6 Член 2 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се објави по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија. Бр. 02-4182/3 Агенција за храна 27 декември 2016 година и ветеринарство Скопје Директор, м-р Зоран Поповски, с.р.