Order on the implementation of international standard for the regulation of wooden packaging material in international trade no. 15
صدر في 2013-12-13 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за регулирање на дрвениот материјал за пакување во меѓународната трговија бр. 15.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Cultivated plants
- الكلمات المفتاحية
- hygiene/sanitary procedures, international trade, packaging/labelling, pests/diseases, plant protection, standards
- الفئات
- *, agriculture
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10,17/11, 148/11 и 69/13), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ДРВЕНИОТ МАТЕРИЈАЛ ЗА ПАКУВАЊЕ ВО МЕ УНАРОДНАТА ТРГОВИЈА БР. 15 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за регулирање на дрвениот материјал за пакување во меѓународната трговија бр. 15. Член 2 Во постапката за регулирање на дрвениот материјал за пакување во меѓународната трговија, може да се примени меѓународниот стандард за регулирање на дрвениот материјал за пакување во меѓународната трговија бр. 15 кој е даден во Прилоги е составен дел на оваа наредба. Член 5 Оваа наредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.1/-285/4 Министер за земјоделство, 15 декември 2015 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср. Прилог РЕГУЛИРАЊЕ НА ДРВЕНИОТ МАТЕРИЈАЛ ЗА ПАКУВАЊЕ ВО МЕ УНАРОДНАТА ТРГОВИЈА Фитосанитарна мерка бр.15 (2009) ПРИЛОЗИ Прилог бр. 4: Упатство за одобрени третмани за дрвениот материјап за пакување. Прилог бр. 2: Упатство за ознаката и нејзината примена. Додаток бр. 1: Методи на безбедно отстранување на дрвениот материјал за пакување кој не се придржува кон пропишаните услови ОДОБРЕНО Овој стандард најпрво е усвоен на Четвртата седница од страна на времената Комисија за фитосанитарни мерки во март 2002 год. како Насоки за регулирање на дрвниот материјал за пакување во меѓународната трговија. Измените кон Прилог 1 се донесени на Првата седница од страна на Комисијата за фитосанитарни мерки во априп 2006 год. Првата ревизија е усвоена на Четвртата седница од страна на Комисијата за фитосанитарни мерки во март-април 2009 год. како постоечки стандард ОРМ бр. 15 од 2009 год. ВОВЕД ПРЕДМЕТ Овој стандард ги пропишува фитосанитарните мерки со кои се намалува ризикот од внесување и ширење на карантинските штетни организми поврзани со движењето во меѓународната трговија на дрвната амбалажа, која е направена од сирово дрво. Дрвениот материјал за пакување опфатен со овој стандард ја вклучува амбалажата, но го исклучува дрвениот материјал за пакување кој што е направен од преработено дрво на начин со кој се отстранети штетните организми (шперплоча). Фитосанитарните мерки опишани во овој стандард не се наменети за да обезбедат трајна заштита од заразните штетни ипи други организми. ИЗЈАВА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Познато е дека штетните организми кои се поврзани со дрвениот материјал за пакување имаат негативни влијанија по здравјето на шумите и биодиверзитетот. Се смета дека примената на овој стандард значително ќе го намали ширењето на штетните организми, а покасно и нивните негативни влијанија. Третманот со метил бромид е предвиден во овој стандард исклучиво поради неможност за користење на основните третмани, кои земјите ги користат во дадени случаи или пак да обезбедат друг соодветен материјал за пакување. Познато е дека метил бромидот ја оштетува озонската обвивка. Во врска со ова прашање е усвоена препорака од Меѓународната конвенција за заштита на растенијата (во понатамошниот текст РРС) за Замена или намалување на употребата на метил бромид како фитосанитарна мерка Комисија за фитосанитарни мерки, 2008). Затоа се спроведуваат аптернативни третмани кои се еколошки. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА замена ипи намалување на употребата на метил бромид како фитосанитарна мерка (СРМ, 2006), ГРРС Препорака. Во извештајот од Третата седница (сесија) на Комисијата за фитосанитарни мерки, 7-11 Април 2008, Додаток 6, РРС. ФАО, Рим: Меѓународнаконвенција за заштита на растенијата. |РРС, ФАО, Рим; Кодови за обележување на имињата на земјите и нивните региони - Дел 1: Код на земјата, Женева, Меѓународна организација за стандардизација; СРир лим 150. оГаЛ5о/соинтгу содбе5/5о 3166 соде Пењ.Нт). 50 3166-1 од 2006. Поимник на фитосанитарни термини, |5РМ бр. 5. |РРС. ФАО, Рим; Систем за сертификација при извоз, 1997, |5РМ бр. 7, РРС, ФАО, Рим; Упатство за регулаторен систем при фитосанитарен увоз. 2004, |БРМ бр. 20, РРС, ФАО, Рим: Упатство за инспекција, 2005, ГБРМ бр. 23, 2005. |ТРРС. ФАО, Рим; Насоки за известување при неусогласеност и преземање на итни мерки, 2001, ГБРМ бр. 13, 2001, !РРС, ФАО, Рим; Пратки во транзит. 2006, |Г5РМ бр. 25, |РРС, ФАО, Рим; Фитосанитарни третмани за регупирани штетни организми, 2007. |5РМ бр. 28, РРС, ФАО, Рими Монтреалски протокол за супстанци што ја осиромашуваат озонската обвивка, Најроби, Озонски секретаријат, Програма на Обединети наши за животна средина. ЈОВМ: 92-807-1888-6 (НИр:-/Амили ипер.ога/огопе/рото/Могтеај Ргокосо!2000 рап, 2000 година, ЏМЕР. ДЕФИНИЦИИ Дефинициите за фитосанитарните термини кои се користат во овој стандард можат да се најдат во Г5РМ бр. 5 (Поимник на фитосанитарни термини). ПРЕГПЕД НА УСЛОВИ Усвоените фитосанитарни мерки кои значително го намалуваат ризикот од внесувањето и ширењето на штетните организми преку дрвениот материјал за пакување се состојат од употреба на дрво без кора ѓсо одредена толеранција на остатоци од кората) и примена на одобрени третмани (како што е пропишано во Припог 1). Примената на усвоената ознака, како што е пропишано во Прилог 2, гарантира дека дрвениот материјал за пакување кој подлежи на одобрените третмани лесно се идентификува. Одобрените третмани, ознаката и нејзината употреба се пропишани. Националните организации за заштита на растенијата на земјите-извозници и земјите-увозници имаат утврдено посебни надлежности. Третманот и примената на ознаката секогаш треба да е во надлежност на Националните организации за заштита на растенијата. Националните организации за заштита на растенијата кои ја одобруваат употребата на ознаката треба да вршат надзор (или најмапку ревизија односно преглед) на примената на третманите, употребата на ознаката како и нејзината примена од страна на производителот/давателот на третман, а воедно треба да воведат постапки за проверка, следење и ревизија. Посебни услови се користат кај дрвениот материјал за пакување кој е репариран или рециклиран. Националните организации за заштита на растенијата на земјите-увозници треба да ги прифатат усвоените фитосанитарни мерки како основа за одобрување на увоз на дрвен материјал за пакување, без дополнителни фитосанитарни услови за увоз на дрвен материјал за пакување и треба при увоз да проверат дали се исполнети уславите од овој стандард. Кога дрвениот материјал за пакување не ги исполнува уславите од овој стандард, Националните организации за заштита на растенијата исто така се одговорни за мерките кои се применуваат и за известувањето од непридржувањето кон условите, според потреба. УСЛОВИ 1. Основа за регулатива Дрвото со потекло од живи или мртви стебла може да биде нападнато од штетни организми. Дрвениот материјал за пакување често е направен од сирово дрво кое можеби не е доволно обработена или третирано за отстранување или уништување на штетните организми и притоа претставува патека за внесување и ширањае на карантински штетни организми. Докажана е дека амбалажата претставува висак ризик за внесување и ширење на карантински штетни организми. Дрвениот материјал за пакување многу често повторно се употребуаа, репарира или рециклира (кака што е апишано во оддел 4.2). Вистинското потекла на дел од дрвениот материјап за пакување тешко е да се одреди. а со тоа и неговиот фитосанитарен статус не може лесно да се утврди. За да се утврди ваабичаениот процес на отпочнување на анализа на ризик од штетни организми. дали некоја мерка е потребна и степенат на таа мерка, честопати не е можен за дрвениот материјап за пакување. Од таа причина. овој стандард ги опишува меѓународно прифатените мерки кои мажат да се применат на дрвениот материјал за пакување во сите земји. Со тоа. значително ќе се намали ризикот од внесување и ширење на повеќето карантински штетни организми кои можат да се присутни во тој материјап. 2. Контролиран дрвен материјал за пакување Овие упатства ги опфаќаат сите аблици на дрвен материјал за пакување кои можат да паслужат кака патека на штетните организми и кои претставуваат ризик за штетните организми што обична живеат на живите дрвја. Тие опфаќаат дрвен материјал за пакување (гајби, кутии, сандаци за пакување. амбалажа", папети, навои со кабли и калеми/макари) присутен ва била која увезена пратка. вклучувајќи ги и пратките кои обично не подлежат на фитосанитарна инспекција. 2.1. Исклучоци Следните производи се со значително мал ризик и треба да бидат исклучени од одредбите од овој стандард“: дрвен материјал за пакување кој целосно е направен од тенко дрво (до 6 тт или помала дебелина). Ј Пратките сод дрес (доеен натазијаги раѓа! нижат да Зидат придружени оо агталажа оја на а изработена ид истиот вид и кеатитет на рап г исе ги испопнува истите фитосанитевеи успеви како л дрвата ва плетката. Во такви случаи, амбепажата Мене да се снета кака дел ад пратката и гозба да -е се смета како грвен материјаг за пеасување во контежст на овој ртасцарц. “ Бе сите зидсви на хутии за прдачоци или бури са изработени на начин со кој са сбазбедува дека истита -амаа штет-и прга-изни џ затоа плредени рилањи мсжат да се пиетаат дека се во рамките не пбењмот ка свој стандард Вс одредени ситуации, за авие видови на гроизводи песејни гостагхи треја да се всспостават помеѓу КРРОкувозниците “ МРРО-извознијита. дрвено пакување направено целосно од обработен дрвен материјал, како што е шперплоча. иверица, медијапан, О5В - плоча или фурнир кој е направен со употреба на лепило, топлина, притисок или комбинација од нив; буриња за вино и алкохолни пијалаци кои се загреваат во текот на производството; кутии за подароци за вино, пури и други производи направени од дрво кое е обработено иѓили произведено на начин са кој е обезбедено отсуство на штетни организми: пилевина, струготини и дрвена волна и дрвени компоненти кои се трајно прицврстени за товарните возила и контејнерите. 3. Фитосанитарни мерки за дрвен материјал за пакување Овој стандард ги опишува фитосанитарните мерки, вклучувајќи ги и третманите кои се одобрени за дрвен материјал за пакување. а воедно обезбедува успови за нови или ревидирани третмани. 3.1 Одобрени фитосанитарни мерки Одобрените фитосанитарни мерки опишани во овој стандард се состојат од фитосанитарни постапки, вклучувајќи го и означувањето на дрвениот материјал за пакување. Примената на ознаката ја прави употребата на фитосанитарниот сертификат непотребна. бидејќи укажува дека се применети меѓународно прифатените фитосанитарни мерки. Овие фитосанитарни мерки треба да бидат прифатени од страна на сите Националните организации за заштита на растенијата како основа за одобрување на увоз на дрвен материјал за пакување. без дополнителни посебни услови. Потребните фитосанитарни мерки, освен одобрената мерка што е опишана во овој стандард, налагаат и техничка оправданост. Третманите опишани во Прилог 1 се значително ефикасни против повеќето штетни организми кај живите дрвја кои се со намена како дрвен материјал за пакување, кој се употребува во меѓународната трговија. Овие третмани се комбинираат со употребата на дрво без кора за изработка на дрвена амбалажа. коа делува на намалување на веројатноста од повторен напад од штетни организми кај живите дрвја. Овие мерки се усвовни врз основа на следните фактори: спектар на штетни организми кои можат да бидат опфатени; ефикасноста на третманот и техничката и/или комерцијалната оправданост. Во производството на одобрен дрвен материјал за пакување, вклучувајќи ја и амбалажата. вклучени се три главни активности: третирање, производство и означување. Овие активности можат да се изведат како посебни, еден субјект може да извршува неколку или пак сите активности заедно. Заради полесно упатување, овој стандард се однесува на производителите (оние кои го произведуваат дрвениот материјал за пакување и можат да ја применуваат ознаката на соодветно третиран дрвен материјал за пакување) и давателите на третманот ѓоние кои ги применуваат одобрените третмани и можат да ја користат ознаката на соодветно третиран дрвен материјал за пакување). Дрвениот материјап за пакување кој подлежи на одобрените мерки ќе биде идентификуван со примена на службена ознака во согласност со Прилог 2. Оваа ознака се состои од симбол кој се користи во комбинација со кодовите кои ја идентификуваат дадената земја, одговорниот производител или давателот на третман и третманот кој се применува. Во понатамошниот текст, сите компоненти со таква ознака се со заеднички назив „ознака“. Меѓународна признатата ознака. која не е со јазична определеност, ја олеснува идентификацијата на третираниот дрвен материјал за пакување во текот на контрола при извозот, на местата на увоз или на било кое друго место. Националните организации за заштита на растенијата треба да ја прифатат ознаката како што е наведено ва Прилог 2 како основа за одобрување при увоз на дрвениот материјал за пакување без дополнителни посебни услови. Со примена на еден од усвоените третмани утврдени во Прилог 1. дрво без кора треба да се користи за правење на дрвен материјал за пакување. Толеранцијата на дозволени остатоци од кората е утврдена во Прилог 1. 3.2. Усвојување на нови ипи ревидирани третмани Како што новите технички информации стануваат достапни, постаечките третмани можат да се ревидираат и менуваат, а новите алтернативни третмани иѓили програмѓи на третмани за дрвен материјал за пакување треба да бидат усвоени од страна на Комисијата за фитосанитарни мерки. |5РМ бр. 28 од 2007 година дава насоки за процесот ва |РРС за начинот на одобрување на третманите. Ако е донесен нов или е ревидиран распоредот на третмани за дрвен материјал за пакување. а истиот е вклучен во овај 15РМ, материјалот кој веќе бил подложен на претходниот третман и/или програм не треба повторно да се третира или повторно да се означи. 2.5. Алтернативни билатерални протоколи Националните организации за заштита на растенијата можат да прифатат мерки кои не се наведени во Прилог 1 со билатерална спогодба со нивните трговски партнери. Во такви случаи. ознаката која е прикажана во Прилог 2 не е дозволено да се користи, доколку не се исполнети сите услови од овој стандард. 4. Одговорности на Националните организации за заштита на растенијата За да се спречи внесувањето и ширењето на штетните организми, извозот и увозот на договорните страни и нивните Националните организации за заштита на растенијата имаат одговорности (како што е опишано во членовите |, Ми МИ од РРС). Во врска со овој стандард, подолу се дадени посебните одговорности. 4.1. Регупаторни фактори Третманот и примената на ознаката (иѓипи сродните системи) треба секогаш да бидат под надлежност на Националните организации за заштита на растенијата. Националните организации за заштита на растенијата кои ја овластуваат употребата на ознаката имаат задолжение да осигураат дека сите системи кои се овластени и одобрени за примената на овој стандард ги исполнуваат сите потребни услови опишани во рамките на стандардот и дека дрвениот материјал за пакување (или дрвото кое треба да се пренамени ва материјал за пакување) кој има ознака е третиран иѓили изработен во согласност со овој стандард. Одговорностите вклучуваат: според потребите: овластување. регистрирање и акредитација; третман на следење и системи за означување кои се применуваат со цел да се провери усогласеноста (дополнителни податоци за одговорностите се дадени во Г5РМ бр.7 од1997 година) и проверка, воспоставување на постапки за проверка и ревизија онаму каде е потребно (дополнителните информации се дадени во 15РМ бр.23 од 2005 година). Националните организации за заштита на растенијата треба да вршат надзор (барем ревизија или преглед) на примената на третманите и да ја одобрат употребата на ознаката за нејзино соодветно користење. Третманот треба да се спроведе пред да се употреби ознаката, за да се спречи нетретиран или неправилно третиран дрвен материјал за пакување да биде означен. 4.2. Примена и употреба на ознаката Утврдените ознаки кои се применуваат на дрвениот материјал за пакување кој е третиран се во согласност со овој стандард и треба да се придржуваат кон условите опишани во Прилог 2. 4.3. Третман и услови за означување на дрвениот материјап за пакување кој повторно се употребува. репарира или рециклира Националните организации за заштита на растенијата на/од земјите од каде што потекнува дрвениот материјал за пакување, кој има ознака опишана во Прилог 2, се репарира или рециклира имаат одговорност да ги обезбедат и проверат системите поврзани со извозот на тој дрвен материјал за пакување и целосно да соодветствуваат со овој стандард. 4.3.1. Повторна употреба на дрвен материјал за пакување Еден елемент на дрвениот материјал за пакување кој се третира и е означен во согласност со овој стандард а кој не е репариран, рециклиран или на друг начин изменет не треба повторно да се третира или повторно да се примени ознаката во текот на користењето на елементот. 4.3.2. Репариран дрвен материјал за пакување Репариран дрвен материјал за пакување е дрвен материјал за пакување на кој приближно една третина од неговите компоненти му се отстранети и заменети. Националните организации за заштита на растенијата треба да гарантираат дека означениот дрвен материјал за пакување се репарира и само дрвото кое е третирано во согласност со овој стандард се употребува за репарирање. или пак само дрвото кое е направено или произведено од обработен дрвен материјал (опишано во оддел 2.1.). Кога третираното дрво се користи за репарирање. секоја додадена компонента треба да биде независно означена во согласност со овој стандард. Дрвениот материјал за пакување кој има повеќе ознаки може да создаде проблеми при утврдување на потекпото на дрвениот материјал за пакување докопку се утврди дека има присутни штетни организми. Се препорачува Националните организации за заштита на растенијата на земјите каде што дрвениот материјал за пакување се репарира. да го ограничат бројот на различните ознаки кои што можат да се појават кај епементите на дрвениот материјал за пакување. Затоа. Националните организации за заштита на растенијата на земјите каде што дрвениот материјап за пакување се репарира. треба да побараат да се отстранат претходните ознаки од репарираниот дрвен материјал за пакување. елементот повторно да се третира во согласност со Припог 1, а ознаката потоа да се примени во согласност со Припог 2. Ако се користи метил бромид при повторен третман, да се користат податоците од Препораката од |РРС за „Замена или намалување на употребата на метил бромид како фитосанитарна мерка“ (Комисија за фитосанитарни мерки. 2008) треба да се користат. Има случаи каде што постои сомневање дека сите компоненти на една единица на репарираниот дрвен материјал за пакување се третирани во согласност со овој стандард или потеклото од единицата на дрвениот материјал за пакување или нејзините компоненти е тешко да се определи со сигурност. Во такви случаи Националните организации за заштита на растенијата од земјите каде што дрвениот материјал за пакување се репарира, треба да наложат репарираниот дрвен материјал за пакување повторно да се третира, уништи или на друг начин да се спречи негово движење во меѓународната трговија како дрвен материјал за пакување. кој соодветствува со овој стандард. Во случај на повторен третман. сите претходно користени ознаки треба трајно да се отстранат (покривање со боја или стругање). Поспе повторниот третман, ознаката треба повторно да се примени во согласност со овој стандард. 4.3.3. Рециклиран дрвен материјал за пакување Една единица на дрвениот материјал за пакување се смета дека е рециклирана ако има заменето повеќе од една третина од нејзините компоненти. Во овој процес, различните компоненти со допопнителна повторна доработка, докопку е потребно, можат да се комбинираат и потоа повторно да се вклопат во новиот дрвен материјал за пакување. Рециклираниот дрвен материјал за пакување може да ги вклопи и новите и претходно користените компоненти. На рецикпираниот дрвен материјал за пакување треба трајно да му се отстранат сите претходни ознаки (покривање со боја или стругање). Рециклираниот дрвен материјал за пакување треба повторно да се обработи а ознаката треба потоа повторно да се примени во согласност со овој стандард. 44. Транзит Кога пратките кои се движат во транзит имаат дрвен материјал за пакување кој не ги исполнува условите од овој стандард. Националните организации за заштита на растенијата на земјите на транзит треба да напожат мерки за да се обезбеди дека дрвениот материјал за пакување не претставува неприфатлив ризик. Дополнително упатство за постапките при транзит е дадено во |Г5РМ бр. 25 од 2006 година. 4.5. Постапки при увоз Бидејќи дрвените материјали за пакување се поврзани со повеќето пратки, вклучувајќи ги и оние кои не се сметаат за цеп на фитосанитарните контроли, значајна е соработката на Националните организации за заштита на растенијата со организациите кои обично не се вклучени во проверката на тоа дали фитосанитарните услови за увоз се исполнети. При тоа соработката со царинските организации и другите заинтересирани субјекти ќе помогнат на Националните организации за заштита на растенијата при добивањето на податоци за присуството на дрвен материјал за пакување. Ова е важно за да се обезбеди ефикасност при откривањето на потенцијалната неусогласеност на дрвениот материјал за пакување. 46. Непридржување кон фитасанитарните мерки на местата на уваз Соодветни податоци за неусогласеност и итно дејствување се дадени во одделите од 5.1.6.1. до 5.1.6.3. во Г5РМ бр. 20 од 2004 година и во (5РМ бр. 13 од 2001 година. При редовната повторна употреба на дрвениот материјал за пакување, Националните организации за заштита на растенијата треба да го земат во предвид фактот дека неусогласеноста која е утврдена може да произлегла од земјата на производство, репарирање или рециклирање. а не од земјата на извоз или транзит. Кога дрвениот материјап за пакување ја нема задолжителната ознака ипи се утврдени штетните организми. што е потврда дека третманот не бил ефикасен, Националната организација за заштита на растенијата треба да реагира соодветно и да преземе итно дејство. Ова дејство треба да биде во форма на задржување со анализа на ситуацијата, а потоа и соодветно да се отстрани неусогласениот материјал. третира“. уништи (односно друг вид на отстранување) ипи повторно врати. Дополнителни примери за соодветните опции за постапки се дадени во Прилог 1. Треба да се тежнее кон начелото на минимално влијание во врска со кое било итно дејство кое се презема, разграничувајќи помеѓу пратката со која се тргува и придружниот дрвен материјал за пакување. Освен тоа. ако е потребно итно дејство. се користи и метил бромид од страна на Националната организација за заштита на растенијата, при тоа треба да се следат соодветните аспекти од Препораката на !РРС во врска со „Замена или намалување на употребата на метип бромид како фитосанитарна мерка" Комисија за фитосанитарни мерки, 2008 година). Кога имаме случаи каде се пронајдени живи штетни организми. Националната организација за заштита на растенијата на земјата-увозник треба да ја извести земјата-извозник ипи земјата-производител. Во такви случаи. каде единицата на дрвениот материјал за пакување има повеќе од една ознака. Националните организации за заштита на растенијата треба да го утврдат потекпото на неусогласената компонентаѓи пред да се испрати известувањето за неусогласеност. Националните организации за заштита на растенијата треба да ги пријават случаите каде недостигаат ознаки и други неусогласености. Имајќи ги во предвид одредбите од оддел 4.3.2. треба да се наведе дека присуството на повеќе ознаки на една единица на дрвен материјал за пакување на значи неусогласеност. “Ова не мора да значи дока трапаано а одобрен во свој ста-цард. Прилог 1 Упатство за одобрени третмани за дрвениот материјал за пакување (овој анекс е пропишан дел од стандардот) Употреба на дрво без кора Без разлика на видот на третманот кој е употребен. дрвениот материјал за пакување треба да биде направен од дрво без кора. За овој стандард, секоја количина на одделени и јасно разграничени мали делови од кора може да останат. доколку се: потесни од 3 ст (без разлика на должината) или пошироки од 3 ст, со вкупна површина на поединечно парче кора помала од 50 ст. При третман со метил бромид. отстранувањето на кората треба да се спроведе пред третманот, бидејќи присуството на кора на дрвото влијае врз ефикасноста на третманот са метил брамид. При топлински третман, отстранувањето на кора може да се спроведе пред или по третманот. Топлински третман (код на третман са ознака „ НТ") Дрвениот материјал за пакување треба да се заее на минимална температура од 56"С за најмало времетраење од 30 минути на постојана температура на целиот профил на дрвото (вклучувајќи го и неговото јадро). Различните извори на енергија или процеси се дозволени за да се постигнат овие параметри. Случаите на: сушење во печка, хемиска импрегнација под притисок со присуство на топлина, микробранови или други третмани можат да се сметаат за топлински третмани доколку ги исполнуваат параметрите за топлински третмани утврдени во овој стандард. Метил бромид (код на третман со ознака „ МВ") Треба да се пристапи кон употребата на метил бромид имајќи ја во предвид препораката од !РРС за „Замена или намалување на употребата на метил бромид како фитосанитарна мерка“ (Комисија за фитосанитарни "мерки, 2008). Националните организации за заштита на растенијата се охрабруваат да ги користат третманите кои се одобрени во овој стандард.“ Дрвениот материјал за пакување треба да се фумигира со метил бромид ва согласност со дадениот однос со кој се третира производот со минимална вредност на концентрација и време“ (СТ) во текот на 24 часа. на температура и крајна концентрација на резидуи, утврдени во табела 1. Оваа вредност на СТ треба да се постигне на целокупниот дрвен материјал. заедно со неговото јадро, со концентрација измерена на собна температура. Минималната температура на дрвото и околната атмосфера не смее да биде помала од 10 "С, а минималното време на изложеност не смее да биде помапо од 24 часа. Спедењето на концентрациите на гас треба да се спроведува на најмалку 2. 4 и 24 часа (во случај на подолго врема на изложеност и послаба концентрација. дополнителното мерење треба да се бележи на крајот од фумигацијата). “ Исто така, договорните страни кон |РР“: треба да имаат сбврски спозед Прстаколот од Мос-треал во врска са супстанции кои ја оштетуваат озонската обвивка "МЕ", 20001 2 СТ гроизведот кој се користи за тре-нан со метил бронид Ба сеај стендард претставуза праиззал од ко це трацијата ГИТ и времото изразена до часови 1! за времетраењето на гретнано“. Табела 1: Најмала СТ во текот на 24 часа за дрвен материјал за пакување кој се фумигира со метил бромид. Температура СТ (а хит") Минимална крајна во текот на 24 Н концентрација (а/т") после 24 часа 21“С или повеќе 650 24 16?С или повеќе 800 28 10?С или повеќе 900 82 Пример на програм кој треба да се користи за исполнување на утврдените услови е прикажан во табела 2, Табепа 2: Пример на програми за третмани, со кои се постигнува минимална вредност на СТ, која е потребна за дрвениот материјал за пакување, кој се третира со метил бромид (почетните дози треба да се повисоки при услови со висака апсорпција и пропустливост) Температура Доза(алт") Минимапна концентрација (а/т") за 2И 4Р а4Р 21 “"С или повеќе 48 26 31 24 16 "С ипи повеќе 56 42 36 28 10 “С или повеќе 64 48 42 52 Националните организации за заштита на раст енијата гарантираат дека дадените р ЧекиЈи соодветно се употребени од областа за примената на третманот со метил омид. според овој стандард: Вентилаторите се употребуваат во текот на фазата од фумигација за што парамномерно распределување на гасот и треба да се постават за да обезбедат брзо и ефикасно распределување на фумигантот низ затворениот простор во кој се врши фумигацијата (во период од еден час после Затворените простори во кои се врши фумигација не треба да се полнат помалку од 8096 од нивниот волумен. Затварените простори во кои фе врши фумигацијата треба да се добро задихтувани и колку што е можно повеќе затворени. Ако фумигацијата треба да се спроведе под прекривки. тие треба да се изработени од материјал непропустлив на гас и да се соодветно задихтувани на рабовите и на подот. Подот на местото на кое се врши фумигацијата треба да е ипи непропустлив за фумигантот или покривките кои се непропустливи на гас треба да се С) примената). 2) О) (4) послани на подот. С) (6) Метил бромидат често се применува преку испарувач („топол гас"), со шта целосно би испарил фумигантот пред неговото внесување ва затворениот простор ва кој се врши фумигацијата. Третманот со метил бромид не се спроведува на дрвен материјал за пакување кој има пресек поголем од 20 ст. Памеѓу кубицираните дрва треба да има најмалку 20 ст растојание, за да се обезбеди соодветна циркулација и пенетрација на метил бромидот. (7) При пресметката за дозата на метил бромид, дополнувањето се прави за сите смеси од гас (295 хлоропикрин) за да се осигура дека вкупниот износ на метил бромидот кој се применува ги исполнува условите кои се потребни за стапките на дозирање. (5) Почетните нормирани дози и процедурите за третирањето на производот со метил бромид вклучуваат веројатност на различна апсорпциска способност на третираниот дрвен материјал за пакување или придружните производи (стиропор, кутии). (9) Измерената температура на производот или амбиенталниот воздух ќво зависност од тоа кое е пониско) се употребува за пресметување на дозата на метил бромид и треба да биде најмалку 10“С (вклучувајќи ја и онаа на јадрото од дрвото) во текот на целото времетраење на третманот. (10) Дрвениот материјал за пакување кој треба да се фумигира не се обвиткува или покрива во материјали кои се непропустливи за фумигантот. (и) За потребите на ревизија, документите од третманите со метил бромид се чуваат кај давателите на третман, за временски период утврден од страна на Националните организации за заштита на растенијата. Националните организации за заштита на растенијата треба да предложат мерки за да се намалат или отстранат емисиите на метил бромид во атмосферата онаму каде е тоа технички и економски изводливо (како што е пропишано во Препораката на !ГРРС за „Замена или намалување на употребата на метил бромид како фитосанитарна мерка" според Комисијата за фитосанитарни мерки од 2008 година). Усвојување на алтернативни третмани и ревизии за одобрени програми на третмани Како што новите технички достигнувања стануваат достапни, постојните третмани треба да се анализираат и менуваат, а нови алтернативни третмани или програми на третмани за дрвен материјал за пакување треба да се донесат од страна на Комисијата за фитосанитарни мерки. Ако е донесен нов или ревидиран програм на третман за дрвениот материјал за пакување и истиот е усвоен од (РМ. материјалот кој веќе е подложен на претходниот третман и/или програм не треба повторно да се третира односно да се означува. Припог 2 Упатство за ознаката и нејзина примена (Овој прилог е пропишан деп од стандардот) Ознаката која означува дека дрвениот материјал за пакување бил подлсжен на одобрен фитосанитарен третман во согласност со овој стандард" ги сочинува следните компоненти: . . бимбол; код на земјата; код на производителот/давателот на третман и . код на третманот со користење на соодветна кратенка во согласност со Прилог 1 („ НТ“ или „ МВ"). Симбол Дизајнот на симболот (треба да биде регистриран според националните, регионалните или меѓународните постапки, било како трговска марка или сертификациона/колективнајгаранциска ознака) треба да биде сличен на прикажаниот во примерите кои се илустрирани подопу и да биде поставен на левата страна од другите компоненти. Код на земјата Кодот на земјата треба да биде составен од две букви (прикажан во примерите како . ХХК) од Меѓународната организација за стандарди (150). Тој треба да биде одделен со цртичка од кодот на производителот/давателот на третман. Код на производителот/давателот на третман Кодот на производителот/давателот на третман е единствен код. кој се доделува од страна на Националната организација за заштита на растенијата на производителот на дрвен материјал за пакување или давателот на третман кој ги користи ознаките или правното лице кое на друг начин е одговорно пред Националните организации за заштита на растенијата, како гаранција дека е соодветно третирано дрвото кое се користи и адекватна се означува (прикажано во примерите како „О00“). Бројот и редоследот на броевите и/или буквите се доделуваат од страна на Националните организации за заштита на растенијата. Код на третман Код на третман е кратенка на !ТРРС (дадено во Прилог 1) за одобрената мерка која се користи и е прикажана во примерите со „ УУ“. Кодот на третман треба да се наоѓа после комбинацијата од кодови на земјата и производителот/давателот на третман. " При увоз. чемјике греба да го прифатат дриециот материјал за инкекаце кој е прегходио пронзвецец и кој ими очкаки која е дослециј иа Шри рерни ШЕ ои рацара, Тој треба да е поставен на посебна линија од кодовите на земјата и на производителот/давателот на третман или да се оддели со цртичка. ако е прикажан на истата пинија како и другите кодови. Код на третман Вид на третман НТ Топлински третман МВ Метил бромид Примена на ознаката Големината, фонтот како и местото на ознаката кои се употребени може да се разликуваат, а притоа да бидат доволно видливи и читливи за фитосанитарните инспекторите, без визуелни помагала. Ознаката треба да биде правоаголна или квадратна и да е обиколена со надворешната линија, поделена со вертикална пинија која што го одделува симболот од компонентите на кодот. За да се олесни употребата на ознаката, може да постојат мали празнини во надворешната линија, вертикалната линија и на секое друго место од компонентите на ознаката. На надворешната линија од ознаката не треба да има никакви други податоци. Ако се користат дополнителни ознаки (трговски марки на производителот, лого на телото кае дава овластување) кои се сметаат за корисни за заштита на употребата на ознаката на национално ниво, тие податоци можат да се наведат околу, односно надвор од надворешната линија на ознаката. Ознаката треба да биде: читлива; трајна и непренослива и ставена на место кое е видливо кога се користи дрвеното пакување, по можност на барем две спротивни страни од единицата на дрвеното пакување. Ознаката не смее да биде нацртана рачно. Употребата на црвена или портокалова боја треба да се избегнува, бидејќи овие две бои се употребуваат при означување на опасни стоки. Композитната (сложената) единица која е добиена од повеќе компоненти кои се вклопени во единицата на дрвениот материјап за пакување треба да се смета за единечна единица за обележување (додадената компонента на процесот не е услов за нов третман). За една композитна единица на дрвен материјал за пакување направена од третирано дрво и обработен дрвен материјал (каде обработената компонента не налага третман). треба да соодветствува ознаката која се наоѓа на компонентите од обработениот дрвен материјал, со што би се постигнало ознаката да е на видлива локација и да а довопно голема. Овој пристап кон примена на ознаката се применува само кај композитните единици, а не и кај привремените склопови од дрвен материјал за пакување. Потребно е посебно внимание за примената на читливоста на ознаката кај потпорното дрво. бидејки при користењето на истото димензијата не се менува и е соодветна за товарење при нормален транспорт. Важно е превозниците да приложат дека целата амбалажа која се употребува е безбедна или да упатат дека истата е третирана и означена како што е опишано во овој анекс. а ознаките да се јасни и читливи. Малите парчиња дрво кои не ги содржат сите потребни елементи од ознаката не треба да се употребат за амбалажа. Опциите за означување на амбалажата вкпучуваат: примена на ознака на парчињата од дрвото се употребува кога дрвената амбалажа се состои од повеќе кратки парчиња (кога повеќе мали парчиња се сечат последователно за примена како амбалажа, треба да бидат со големина која ќе овозможи целата ознака да е присутна на употребената амбалажа.) на дополнителна примена на ознака на третираната амбалажа на видливо место после сечењето, доколку превозникот е овластен во согласност со оддел 4. Примерите подолу ни прикажуваат некои прифатливи варијанти на потребните компоненти што ја сочинуваат ознаката која се користи за потврдување дека дрвениот материјал за пакување кој поседува таква ознака бил претходно подложен на одобрен третман. Отстапки во симболот не се прифатливи. Отстапките во изгледот на ознаката може да се прифатат доколку истите ги исполнуваат условите утврдени во овој анекс. Пример 1 ж-оо 44 Пример 2 ХХХ 000 4 Пример 3 (Ова претставува можен пример за ознака на надворешна линија со заоблени агли) , ХХ - 000 - ТУ Пример 4 (Ова претставува можен пример на ознака која се применува со шаблон; може да бидат испрекинати надворешната и вертикалната линија и на било кое друго место низ компонентите од ознаката.) Г Т Ш ХХ - 000 4 | -| Пример 5 : 000 Пример 6 сурус- ХХ-- 000 - УУ " (ХХ с (000 4 Додаток бр.1 Методи на безбедно отстранување на дрвениот материјал за пакување кој не се придржува кон пропишаните успови (Овој додаток е за референтни цели и не претставува пропишан деп од стандардот) Безбедното отстранување на дрвениот материјал за пакување кој не се придржува кон пропишаните услови претставува опција за управување со ризик која може да се примени од страна на Националната организација за заштита н растенијата на земјата-увозник. Ова е опција во случаи кога одредена итна постапка е недостапна или непожелна. Подолу наведените " методи се препорачуваат за безбедно отстранување на дрвениот материјал за пакување доколку не се придржува кон условите и тоа: (4) спалување, доколку е дозволено: (2) длабоко закопување на соодветни места одобрени од надлежните органи (длабочината на јамата зависи од климатските услови и видот на откриените штетни организми, а се препорачува истата да биде со најмалку 2 метри длабочина. Материјалот треба да се покрие веднаш по закопувањето и да остане закопан. Исто така, треба да се има предвид, дека длабокото закопување не е соодветен избор за отстранување на дрвото кое е зафатено со термити или други патогени штетни организми на коренот): (3) обработка (делкањето треба да се употреби само доколку е во комбинација со дополнителна обработка на начин кој е одобрен од страна на МРРО на земјата-увозник, а со цел уништување на дадените штетни организми, како што е спучај при производството на медијапан плоча): (1) њшмдруги ефикасни методи кои се одобрени од МРРО за дадените штетни организми и (Су штвраќање во земјата-извозник, доколку е потребно. Со цеп максимално да се намали ризикот од внесување или ширење на штетни организми, методите за безбедно отстранување треба да се преземат во најкраток можен рок. Пример 5 : 000 Пример 6 сурус- ХХ-- 000 - УУ " (ХХ с (000 4 Додаток бр.1 Методи на безбедно отстранување на дрвениот материјал за пакување кој не се придржува кон пропишаните успови (Овој додаток е за референтни цели и не претставува пропишан деп од стандардот) Безбедното отстранување на дрвениот материјал за пакување кој не се придржува кон пропишаните услови претставува опција за управување со ризик која може да се примени од страна на Националната организација за заштита н растенијата на земјата-увозник. Ова е опција во случаи кога одредена итна постапка е недостапна или непожелна. Подолу наведените " методи се препорачуваат за безбедно отстранување на дрвениот материјал за пакување доколку не се придржува кон условите и тоа: (4) спалување, доколку е дозволено: (2) длабоко закопување на соодветни места одобрени од надлежните органи (длабочината на јамата зависи од климатските услови и видот на откриените штетни организми, а се препорачува истата да биде со најмалку 2 метри длабочина. Материјалот треба да се покрие веднаш по закопувањето и да остане закопан. Исто така, треба да се има предвид, дека длабокото закопување не е соодветен избор за отстранување на дрвото кое е зафатено со термити или други патогени штетни организми на коренот): (3) обработка (делкањето треба да се употреби само доколку е во комбинација со дополнителна обработка на начин кој е одобрен од страна на МРРО на земјата-увозник, а со цел уништување на дадените штетни организми, како што е спучај при производството на медијапан плоча): (1) њшмдруги ефикасни методи кои се одобрени од МРРО за дадените штетни организми и (Су штвраќање во земјата-извозник, доколку е потребно. Со цеп максимално да се намали ризикот од внесување или ширење на штетни организми, методите за безбедно отстранување треба да се преземат во најкраток можен рок.