Order on the implementation of international standard for determining and recognizing the equality of phytosanitary measures no. 24
صدر في 2017-06-08 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за одредување и признавање на еднаквоста на фитосанитарните мерки бр. 24
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Cultivated plants
- الكلمات المفتاحية
- plant protection, enforcement/compliance, international trade, hygiene/sanitary procedures, standards
- الفئات
- *, agriculture
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/15, 45/14, 158/14, 149/15 и 59/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА ОДРЕДУВАЊЕ И ПРИЗНАВАЊЕ НА ЕДНАКВОСТА НА ФИТОСАНИТАРНИТЕ МЕРКИ БР. 24 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за одредување и признавање на еднаквоста на фитосанитарните мерки бр. 24. Член 2 Во постапката за одредување и признавање на еднаквоста на фитосанитарните мерки, може да се примени меѓународниот стандард за одредување и признавање на еднаквоста на фитосанитарните мерки бр. 24, кој е даден во Прилоги е составен дел на оваа наредба. Член 3 Оваа наредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.25-14/4 Министер за земјоделство, 8 јуни 2017 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Николовски, ср. Прилог НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА ОДРЕДУВАЊЕ И ПРИЗНАВАЊЕ НА ЕДНАКВОСТА НА ФИТОСАНИТАРНИТЕ МЕРКИ БР. 24 Фитосанитарна мерка бр. 24 (2005) ОДОБРЕНО Овој стандард бил одобрен од Привремената Комисија за фитосанитарни мерки во април 2005 година. ВОВЕД ПРЕДМЕТ Овој стандард ги пропишува принципите и условите кои се применуваат при одредување и признавање на еднаквоста на фитосанитарните мерки, како и процедурите за определување на еднаквоста во меѓународната трговија. ЛИТЕРАТУРА Спогодба за примена на санитарни и фитосанитарни мерки, 1994, Светска Трговска Организација; Систем за сертификација при извоз, 1997, Г5РМ бр. 7, ФАО Рим; Поимник на фитосанитарни термини, 2004, Г5РМ бр. 5, ФАО Рим; Упатство за ризик од штетни организми, 1996, ГОоРМ бр. 2, ФАО Рим; Упатство за регулирање на дрвениот материјал за пакување во меѓународната трговија, 2002, 1Г5РМ бр.15, ФАО Рим; Упатство за известување при неусогласеност и итни мерки, 2001, (ОРМ бр.15, ФАО Рим; Меѓународна Конвенција за заштита на растенијата, 1997, ФАО Рим; Анализа на ризик за карантински штетни организми, вклучувајќи анализа на ризик на животната средина и живите модифицирани организми, 2004, ГоРМ бр.11, ФАО Рим; Принципи при растителен карантин за пратки наменети за меѓународна трговија, 1995, ГоРМ бр.1, ФАО Рими Примена на интегрирани мерки за систематски пристап при управување со ризик од штетни организми, 2002, (ОРМ бр.14, ФАО Рим. ДЕФИНИЦИИ Дефинициите на фитосанитарните термини кои се користат во овој стандард се дадени во меѓународниот стандард !5РМ бр. 5 „Поимник за фитосанитарни термини“. ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИ Еднаквоста, е еден од основните принципи на Меѓународната Конвенција за заштита на растенијата ЏРРО), согласно меѓународниот стандард !5РМ бр. 1 „Принципи при растителен карантин за пратки наменети за меѓународна трговија“. Еднаквоста се однесува за случаите кога се применуваат фитосанитарни мерки за дадени штетни организми, кои се појавуваат во пратки или делови од пратки. Одредувањето на еднаквоста се базира на ризик од дадени штетни организми и истата може да се однесува за поединечни мерки, комбинирани мерки или интегрирани мерки со системски пристап. Одредувањето на еднаквоста бара преиспитување на фитосанитарните мерки, за да се определи нивната ефикасност во намалувањето на одреден ризик од штетни организми. Одредувањето на еднаквоста на мерките може да содржи и оценување/евалуација на фитосанитарните системи или програмите на договорните страни извозници, кои ја поддржуваат имплементацијата на овие мерки. Притоа одредувањето вклучува континуирана размена на податоци и оценувања, како и примена на усвоените процедури помеѓу договорните страни увозници и извозници. Податоците треба да се достапни во форма која овозможува проценка на постоечките и предложените мерки за нивната способност да гарантираат соодветен степен на заштита на договорната страна увозник (во понатамошниот текст: увозник). Договорната страна извозник (во понатамошниот текст: извозник) може да побара информација од увозникот како гаранција дека постоечките мерки обезбедуваат соодветен степен на заштита. Извозникот може да предложи и дополнителна алтернативна мерка, која треба да го постигне потребниот степен на заштита. Постигнатиот степен на заштита се оценува од страна на увозникот. Во одредени случаи, кога се обезбедува примена на техничка помош, увозникот може да предложи и алтернативни фитосанитарни мерки. Притоа двете договорни страни се обврзуваат да воспостават еднаквост и сите несогласувања да ги разрешат во најкус можен период. УСЛОВИ . Општа рамка Еднаквоста, како општ принцип бр. 7, е опишана во меѓународниот стандард !5РМ бр. 1 (Принципи при растителен карантин за пратки наменети за меѓународна трговија): „Еднаквост: Земјите се обврзуваат да ги признаат како еквивалентни оние фитосанитарни мерки кои не се идентични, но имаат ист ефект.“ Покрај тоа, концептот на еднаквост и обврската на договорните страни да го почитуваат принципот на еднаквост е составен елемент и во другите меѓународни фитосанитарни стандарди - |5РМ. Еднаквоста е опишана во членот 4 од Спогодбата на МИТО-5Р5 (Светска трговска организација санитарни и фитосанитарни стандарди). Процесот на признавање на еднаквоста има за цел испитување на алтернативните фитосанитарни мерки, кои треба да го постигнат соодветниот степен на заштита кај земјите увозници, но не исклучувајќи ги и другите постоечки мерки во таа земја. Договорните страни се согласни дека алтернативните фитосанитарни мерки може да постигнат соодветен степен на заштита. Според ова, додека не се формализира терминот „еднаквост“, ќе постои широка примена на овој термин во моменталната фитосанитарна пракса. За управување со одреден ризик од штетни организми и постигнување на соодветен степен на заштита кај договорните страни, еднаквоста може да се примени кај: индивидуална мерка, . комбинирана мерка или . интегрирана мерка со систематски пристап. Во случаи кога има примена на систематски пристап, алтернативните мерки може да бидат предложени како замена на една или на неколку интегрирани мерки, наместо промена на целокупниот систематски пристап. Еднаквоста, се применува спогодбено за одреден вид на роба, а не за поединечни пратки. Проценката на еднаквост на фитосанитарните мерки не треба да се ограничи само на проценка на мерките, туку треба да ги земе во предвид и аспектите на системот за сертифицирање при извоз или другите фактори поврзани со примена на мерките за управување со ризик од штетни организми. Овој стандард дава насоки за случаите кога увозникот применува фитосанитарни мерки на лице место или предлага примена на нова мерка, додека извозникот предлага воведување на алтернативна мерка, како би се постигнал соодветен степен на заштита кај увозникот. Во таков случај, се оценува еднаквоста на алтернативната фитосанитарна мерка. Во некои случаи, увозниците составуваат листа на фитосанитарни мерки со чија примена се постигнува соодветен степен на заштита. Воедно договорните страни се охрабруваат да применат две или повеќе еквивалентни мерки за регулирани производи, кои се пропишани во нивното законодавство. Ова овозможува да се земат во предвид различните или изменетите фитосанитарни статуси кај земјите извозници. Овие мерки се разликуваат според степенот на заштита кој тие го постигнуваат или надминуваат кај договорните страни. Проценката на еднаквост на таквите мерки предложени од увозникот не се предмет на анализа во овој стандард. Иако еднаквоста е предмет на билатерален договор помеѓу двете договорни страни, мултилатералните договори за споредување на алтернативните мерки се сметаат како дел од стандардните процедури на !РРС. Таков е случајот со алтернативните мерки кои се одобрени во меѓународниот стандард !5РМ бр.5: „Насоки за регулирање на дрвен материјал за пакување во меѓународниот промет“. . Општи принципи и услови 2.1. Надлежен орган Договорните страни назначуваат надлежен орган согласно важечките меѓународни договори, одговорен за примена на фитосанитарните мерки за заштита на здравјето на растенијата во рамките на нивните територии, како и за утврдување на соодветен степен на заштита на здравјето на растенијата. Увозникот има суверено право да го уреди увозот на растенија, растителни производи и други објекти и предмети (член И. ГРРС1997). Оттука, увозникот има право да донесе одлука за одредување на еднаквоста. Со цел промовирање на соработката, увозникот врши процена на еднаквоста на фитосанитарните мерки. 2.2. Останати релевантни принципи на Меѓународната Конвенција за заштита на растенијата - !РРС При процена на еднаквоста, договорните страни треба да ги земат во предвид следните принципи: . минимално влијание (член МИ.2д. !РРС 1997); . модификација (член УИ.2Н. |РРС 1997); . транспарентност (член МИ.2Б, 2с, 21 и МИДЛа. !РРС1997); усогласеност (член Х.4. |РРС1997); .. анализа на ризик (член И и член МЈБ.|!РРС1997) и . недискриминација (член М!ИЛа. !РРС 1997). 2.5. Техничка оправданост за еднаквоста Процената на еднаквоста треба да се базира на ризик, односно користејќи ја процената на достапните научни податоци, преку процена на ризик од штетни организми (РКА) или преку процена на постоечките или предложените мерки. Извозникот е надлежен за обезбедување на технички податоци кои се доказ за примена на алтернативните мерки, кои го намалуваат ризикот од одредени штетни организми и гарантираат соодветен степен на заштита на увозникот. Во одредени случаи (како што е опишано во точка 3.2.) увозникот може да му предложи на извозникот и алтернативни мерки, кои треба да ги разгледа. Овие податоци може да бидат квалитативни и/или квантитативни се додека е можна нивна споредба. Иако примената на алтернативни мерки треба да се има во предвид, секогаш не е потребно континуирано спроведување на нова процена на ризик од штетни организми, бидејќи трговијата со растителни пратки е веќе регулирана, па земјата увозник треба да има основни податоци за одредена процена на ризик од штетни организми. 2.4. Не-дискриминација во примената на еднаквоста на фитосанитарни мерки Принципот на не-дискриминација се применува во случаи кога еднаквоста на фитосанитарни мерки се однесува само на извозникот, па истите треба да се применуваат и кај договорните страни со ист фитосанитарен статус со слични услови, за иста пратка и/или ист штетен организам. Увозникот со признавање на еднаквоста на алтернативните фитосанитарни мерки, му гарантира на извозникот дека нема дискриминација. Ова се однесува и за пријавата од трети земји за признавање на еднаквоста на исти или слични мерки и признавање на еднаквоста на сите домашни мерки. Треба да се има во предвид кога одредени мерки се прифатени како еднакви за извозникот, тоа автоматски се однесува и за други договорни страни, кога се работи за иста стока или ист штетен организам. Фитосанитарните мерки секогаш треба да се разгледуваат во корелација со статусот на штетните организми и фитосанитарниот регулаторен систем на извозникот, вклучувајќи ги политиките и процедурите што се применуваат. 2.5. Размена на податоци Во согласност со Меѓународната Конвенција за заштита на растенијата - |!РРС, договорните страни имаат обврска да разменуваат податоци кои се важни за одредување на еднаквоста. Притоа една од договорните страни, по барање, може да даде образложение за 5.2. 5.3. ЗА. фитосанитарните услови (Член МИ.2с, |ГРРС 1997) за меѓусебно одржување на соработка за давање на технички и биолошки податоци, неопходни за процена на ризик од штетни организми (Член УИПРРС, 1997). Договорните страни треба да настојуваат да се ограничи давањето на податоци, кои се поврзани и потребни за процена на еднаквоста. За да се примени еднаквоста, увозникот по барање треба да достави податоци за постоечките мерки кои го намалуваат ризикот од одредени штетни организми и на кој начин истите гарантираат одреден степен на заштита. Таквите податоци треба да се обезбедат во квалитативна или квантитативна форма. Истите треба да ? помогнат на земјата извозник за разбирање на постоечките мерки. Воедно треба да помогнат земјата извозник да образложи како предложените алтернативни мерки ќе го намалат ризикот од штетни организми и ќе се постигне соодветен степен на заштита на увозникот. 2.6. Техничка помош Во согласност со членот ХХ од Меѓународната Конвенција за заштита на растенијата ЦРРС 1997), договорните страни се охрабруваат да го разгледаат давањето на техничка помош за развој на еднаквоста на мерките, почитувајќи ги условите на другата договорна страна. 2.7. Временска рамка Договорните страни ја утврдуваат еднаквоста на фитосанитарните мерки и ги решаваат сите неусогласености во најкус можен рок. . Посебни услови за примена на еднаквоста . Специфични штетни организми и стоки Споредувањето на алтернативните фитосанитарни мерки е со цел за определување на еднаквоста и се однесува за извозни пратки за специфични регулирани штетни организми, идентификувани преку процена на ризик од штетни организми. Постоечки мерки Еднаквоста најчесто се однесува за случаи кога увозникот има постоечки мерки за моменталната трговија. Меѓутоа еднаквоста може да се примени и кога увозникот предлага нови мерки. Обично извозникот предлага алтернативна мерка, со која предвидува да се постигне соодветен степен на заштита кај увозникот. Во случаи кога се користи техничка помош, едната договорна страна на другата договорна страна може да и предложи за разгледување одредени алтернативни мерки. Кога предмет на трговија се нови стоки или класа на стоки, а не постојат мерки, договорните страни можат да се повикаат на Меѓународниот стандард |!5РМ бр.11 (Анализа на ризик за карантински штетни организми, вклучувајќи анализа на ризик на животната средина и живите модифицирани организми, 2004) и ГоРМ бр.21 (Анализа на ризик за регулирани некарантински штетни организми) за спроведување на анализата на ризик од штетни организми. Започнување на консултации По потреба, договорните страни се охрабруваат да одржуваат меѓусебна консултација, за да се утврди еднаквоста на фитосанитарните мерки. Процедури за спогодба 2.5. Договорните страни треба да се договорат за постапката за утврдување на еднаквоста со примена на процедури, препорачани во Додаток 1 на овој стандард или друга билатерално договорна процедура. Фактори кои се земаат во предвид при одредување на еднаквоста Одредувањето на еднаквоста на фитосанитарните мерки зависи од низа фактори, кои вклучуваат: . . ефикасност на мерките во теренски или лабораториски услови; примена на стручна литература за ефиканоста на мерките; искуства добиени од практичната примена на фитосанитарните мерки и фактори кои влијаат на спроведување на мерките (политики и процедури на договорната страна). Ефикасноста на фитосанитарните мерки во трети земји се зема како референтен податок. Од податоците за мерките кои се користат од договорните страни увозници има за цел да се процени придонесот на алтернативните мерки во намалување на ризикот од штетни организми, кои обезбедуваат соодветен степен на заштита. Кога меѓусебно се споредуваат постоечките мерки и предложените мерки за еднаквост, при увозот и извозот треба да се процени нивната способност за намалување на одреден ризик од штетни организми. Притоа треба да се процени ефикасноста на предложените мерки, за да обезбедат соодветен степен на заштита на увозникот. Во случаи кога влијанието на постоечките и на предложените мерки е изразено на ист начин, нивната ефикасност треба да се споредува директно за способноста да го намалат ризикот од штетни организми. Така, третманот за фумигација и третманот со смрзнување може да се споредуваат преку резултатите што ги даваат, базирано преку смртноста што тие ја предизвикуваат. Во случаи кога ефектот од мерките се манифестира различно, тешко е да се прави нивна меѓусебна споредба. Во такви случаи, се проценува способноста колку предложените мерки може да дадат соодветен степен на заштита на увозникот. Тоа може да бара измена или ажурирање на податоците, за да се користат еднакви мерни единици за споредба. Ефектите како што се смртноста и подрачјата со ниска распространетост на штетни организми, може да се споредуваат, доколку истите се разгледуваат за отсуството на штетни организми, во рамки на договорениот степен на доверливост (поединечно за секоја пратка или на годишно ниво). При одредување на еднаквоста, доволна е споредба меѓу посебните технички услови на постоечките и предложените мерки. Во одредени случаи, се разгледува можноста дали предложената мерка го дава соодветниот степен на заштита, земајќи ја во предвид спремноста на земјата извозник да ја примени таа мерка. При воспоставенување на трговски односи помеѓу двете договорни страни, се разгледува и познавањето и. искуството на фитосанитарниот контролен систем на извозникот (законодавството, надзорот, инспекциските контроли, сертификацијата и т.н.). Овие познавања и искуство треба да ја зајакнат меѓусебната доверба на договорните страни и доколку е потребно да го проценат предлогот за еднаквост. Увозникот може да побара и ажурирани податоци, кога постои техничка оправданост за 5.6. 5.7. 5.8. 5.9. процедурите на извозникот, кои се однесуваат на спроведување на предложените фитосанитарни мерки како еквивалент. Конечното прифаќање на предложените мерки зависи од одредени услови, како што е достапност на технологијата, несакани последици од предложените мерки (фитотоксичност) и нивна оперативна и економска изводливост. Непречено одвивање на трговија Поднесувањето на барање за признавање на еднаквоста не треба да го промени одвивањето на трговијата. Ова значи дека не постои оправданост за прекин или запирање на постоечките трговски или фитосанитарни услови за увоз. Обезбедување на пристап За да се даде поддршка на увозникот во разгледување на условите за еднаквост, извозникот треба да го олесни пристапот до релевантните места за вршење на преглед, инспекција или при проверка за утврдување на еднаквоста од увозникот, кога за тоа постои техничка оправданост. Преглед и мониторинг После признавање на еднаквоста и обезбедување на постојана доверливост во договарање на еднаквоста, договорните страни би требало да спроведат исти постапки за преглед и следење, како и за сличните фитосанитарни мерки. Овде може да се вклучи постапка за потврдување на сигурноста, како што е ревизија, редовни проверки или известување за неусогласеност (РМ бр.15 Упатство за известување при неусогласеност и итни мерки) или пак други форми за потврда. Спроведување и транспарентност За да се постигне потребен степен на транспарентност, потребно е да се врши измена и дополнување на донесените прописи и процедури, кои треба да се достапни и за другите заинтересирани договорни страни. Додаток 1 ПРОЦЕДУРИ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА ЕДНАКВОСТА НА ФИТОСАНИТАРНИТЕ МЕРКИ За проценка на фитосанитарните мерки се препорачува интерактивна процедура која е опишана подоле и со чија што примена би се утврдила нивната еднаквост. Меѓутоа, процедурата која се применува за одредување на еднаквоста зависи од фактичката состојба. Се препорачува примена на следните чекори: 1... Извозникот за одредување на еднаквоста да комуницира со својот трговски партнер, наведувајќи го видот на стоката, регулираните штетни организми кои се предмет на интерес, постоечките и предложените алтернативни мерки, како и релевантните податоци. Притоа, извозникот може да побара техничка оправданост од увозникот за постоечките мерки. При утврдување на еднаквоста може да се користи спогодба, која содржи преглед на чекорите и временски распоред на преземените чекори. 2... Увозникот ги опишува постоечките мерки на начин кој овозможува полесна споредба со алтернативните фитосанитарни мерки. Податоците кои увозникот ги дава, во најкус можен период треба да ги содржат следните елементи: а) цел на фитосанитарните мерки, вклучувајќи утврдување на ризикот од дадени штетни организми, заради кои и се користат овие мерки; б) на кој начин постоечките фитосанитарни мерки го постигнуваат соодветниот степен на заштита на увозникот; в) техничка оправданост на постоечките фитосанитарни мерки, по потреба вклучувајќи и процена на ризик од штетни организми и г) сите дополнителни податоци кои може да помогнат на извозникот за докажување дека предложените мерки го даваат соодветниот степен на заштита кај увозникот. 5. Извозникот обезбедува технички податоци кои ја докажуваат еднаквоста на фитосанитарните мерки, а ги содржат условите за еднаквост. Овие податоци треба да бидат напишани во форма која е прифатлива за споредба со податоците кои ги дава увозникот, со што би се олеснила неопходната проценка која истиот ја спроведува. Овие податоци ги содржат следните елементи: а) опис на предложените алтернативни мерки; б) ефикасност на мерките; в) придонес на предложените алтернативни мерки во одржливост на увозот; г) податоци за начинот на процена на мерките (лабораториски испитувања, статистичка анализа или практично работно искуство), како и примена на мерките во пракса; д) споредба на предложените и постоечките алтернативни мерки на увозникот за ист ризик од штетни организмии ѓ) податоци за оперативна и техничка изводливост на предложените алтернативни мерки. 4. Увозникот ги прифаќа и оценува предложените алтернативни фитосанитарни мерки, земајќи ги во предвид следните елементи: а) поднесокот од извозникот, вклучувајќи и дополнителни податоци за ефиканоста на предложените алтернативни мерки; б) степен до кој предложените алтернативни фитосанитарни мерки може да постигнат соодветен степен на заштита; в) податоци за начинот, преземената активност и операциите кои произлегуваат од предложените алтернативни мерки, во спречувањето или намалувањето на ризикот од дадени штетни организмии г) оперативна и економска изводливост при усвојување на предложените алтернативни фитосанитарни мерки. Во текот на евалуацијата може да се побара подетално објаснување. Увозникот може да побара дополнителни податоци и/или пристап до оперативните процедури, за да се комплетира проценката. Извозникот треба да одговори за сите технички проблеми кои ги иницира увозникот со релевантни податоци и/или да овозможи пристап на таквите податоци или веб страници, за да се олесни прегледот, инспекциите или другите проверки потребни за донесување на ваква проценка. 5. Увозникот го известува извозникот за своите одлуки и по барање доставува образложение за техничката оправданост, за што побрзо да се утврди еднаквоста на фитосанитарните мерки. 6. Во случај на одбивање на барањето за еднаквост, потребно е да се вложат напори за решавање на разликите низ билатерален дијалог. 7. Доколку увозникот ја признае еднаквоста, примената треба да се постигне со соодветни измени на увозните регулативи и сите процедури на договорната страна увозник. Измените и дополнувањата треба да бидат усвоени во согласност со членот М!.2.Б. на ГРРС (1997). 8. Постапката за ревизија и следење може да се утврди и да содржи план со активности, кој ќе ги спроведува мерките кои се признаени или програмите за еднаквост.