Order on the implementation of international standard for guidelines of the phytosanitary import regulatory system no. 20
صدر في 2012-01 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за насоки на регулаторниот систем за фитосанитарен увоз бр. 20.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Cultivated plants
- الكلمات المفتاحية
- plant protection, international trade, hygiene/sanitary procedures, standards
- الفئات
- *, agriculture
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА НАСОКИ НА РЕГУЛАТОРНИОТ СИСТЕМ ЗА ФИТОСАНИТАРЕН УВОЗ БР.20 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за насоки на регулаторниот систем за фитосанитарен увоз бр. 20. Член 2 Во постапката за фитосанитарен увоз може да се примени меѓународниот стандард за насоки на регулаторниот систем за фитосанитарен увоз бр. 20. кој е даден во Прилог е составен дел на оваа наредба. Член 5 Оваа наредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17-754/4 Министер за земјоделство, јануари 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср. Прилог НАСОКИ НА РЕГУЛАТОРНИОТ СИСТЕМ ЗА ФИТОСАНИТАРЕН УВОЗ Фитосанитарна мерка бр.20 (2004) ОДОБРУВАЊЕ Овој стандард е одобрен од страна на Привремената комисија за фитосанитарни мерки во април 2004 година. ВОВЕД ОБЕМ Овој стандард ги опишува структурата и функционирањето на регулаторниот систем за фитосанитарен увоз, како и правата, обврските и одговорностите кои треба да се земат во предвид при основање, функционирање и ревизија на системот. Во овој стандард секое повикување на закон, регулатива, процедура, мерка или дејствување е повикување на фитосанитарното законодавство, регулатива и т.н., освен ако не е поинаку назначено. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА Договор за примена на санитарни и фитосанитарни мерки, 1994 година, Светска трговска организација, Женева (Адгеетепк оп Се АррисаНоп оѓ 5апќагу апд РНукозапкагу Меазиге5, 1994. М/ог4 Тгаде Огдапјааноп, Оепеуа); Кодекс на однесување при увоз и ослободување на егзотични агенси за биолошка контрола, 1996 година. !5РМ бр 5, ФАО, Рим (Соде оѓ сопдисе ог СНе (трогќ апд ге|еазе о ехонс Бтоѓоајса! сопкго! адепќ5, 1996. ГоРМ Мо. 5, ЕАО, Коте); Утврдување на статусот на штетни организми во областа, 1998 !5РМ бр 8, ФАО, Рим (Оекегттаноп о ре5к окаќи5 гп ап агеа, 1998 Г5РМ Мо. 8, ЕАО, Воте); Систем за сертификација при извоз, 1997, Г5РМ бр.7 ФАО, Рим (Ехрогк сегнсанНоп зучкет, 1997. Г5РМ Мо. 7, ЕАО, Воте); Поимник на фитосанитарните термини, 2004 година. (5РМ број 5, ФАО, Рим (б!о55агу о рруќозапќагу ќегто, 2004. ГоРМ Мо. 5, ЕАО, Воте); Упатство за анализа на ризик од штетни организми, 1996, Г5РМ бр.2, ФАО, Рим (битчеПпе5 ог ре5к пок апаѓу515, 1996. Г5РМ Мо. 2, ЕАО, Коте); Упатство за известување при неусогласеност и итна акција, 2001 година, Г5РМ бр 15, ФАО, Рим (бијчеПпе5 ог Сте понбсаноп о поп-сотрИапсе апд етегдепсу асноп, 2001. (ОРМ Мо. 15, ЕАО, Воте); Упатства за надзор, 1998, ГоРМ бр 6, ФАО, Рим (битчејпе“ ог 5игуеШапсе, 1998, ГоРМ Мо. 6, ЕАО, Воте); Упатство за листите на регулирани штетни организми, 2005, Г5РМ бр.19, ФАО, Рим (битчеПпе5 оп око о гедијГаќеа ре515, 2005. (ОРМ Мо. 19, ЕАО, Воте); Меѓународна конвенција за заштита на растенијата, 1997, ФАО, Рим (пкегпанопа! Рѓапе Ргокесноп Сопуепноп, 1997. ЕАО, Воте); Анализа на ризик од штетни организми за регулирани некарантински штетни организми, 2004, Г5РМ бр.21, ФАО, Рим (Ре5Е поК апаѓу5/5 ог гедијаќед поп-диагапнпе ре565, 2004. Г5РМ Мо. 21, ЕАО, Воте); Анализа на ризик на карантински штетни организми, вклучувајки анализи на ризик на животната средина и генетски модифицирани организми, 2004, ГоРМ бр.11, ФАО, Рим (Ре5Е ек апа|ѓу5/5 ог диагапипе ре545, (псиЧтада апаѓуе/ оѓ епмгоптепка! пок апд Пипа тодед огдапјот5, 2004. ГоРМ Мо. 11, ЕАО, Коте); Фитосанитарни принципи за заштита на растенијата и примената на фитосанитарни мерки во меѓународната трговија, 1995, Г5РМ бр.1, ФАО, Рим (Рипарѓе5 оѓ рѓапе диагапипе а5 ге|аќед ко Гпкегпаќопа! кгаде, 1995. ОРМ Мо. 1, ЕАО, Коте); Услови за утврдување на зони слободни од штетни организми, 1996, !5РМ бр.4, ФАО, Рим (Ведитетепк5 ог Се еокароПтепе оѓре5Е тее агеа5, 1996. ГоРМ Мо. 4, ЕАО, Воте); Услови за утврдување на места на производство и производни области слободни од штетни организми, 1999, ГоРМ бр.10, ФАО, Рим (Ведитетепќ5 ог Пе е5каБиоНтепе оГре5Е гее р|асе5 оѓ ргодисНоп апд ресѓгее ргодисноп Ќе, 1999. Г5РМ Мо. 10, ЕАО, Коте); ДЕФИНИЦИИ Дефинициите на фитосанитарните термини употребени во овој стандард се наоѓаат во (5РМ Мо. 5 (ОГо55агу оГѓрруко5апкагу ќегт5). ОПШТ ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИТЕ Целта на регулаторниот систем за фитосанитарен увоз е да се спречи внесувањето на карантински штетни организми или да се ограничи внесувањето на регулираните некарантински штетни организми, преку увезената пратка или други регулирани производи. Регулаторниот систем за фитосанитарен увоз треба да содржи две компоненти: регулаторна рамка на фитосанитарното законодавство (регулативи и процедури) и официјален сервис (Националната организација за заштита на растенијата кој е одговорен за функционирање односно надзор на системот). Правната рамка треба да содржи: правно овластување за Националната организација за заштита на растенијата (за да може да ги спроведува своите должности), мерки (со кои увезената пратка треба да се усогласи), други мерки (вклучувајќи забрани кои се однесуваат на увезените пратки и други регулирани производи) и постапки (кои може да се преземат во случаи на неусогласеност или при случаи кои бараат итна постапка при нивното откривање). Може да бидат вклучени и мерките кои се однесуваат на пратки во транзит. При спроведување на регулаторниот систем за увоз, Националната организација за заштита на растенијата има голем број на одговорности. Ова вклучува одговорности утврдени во член П.2 на ГРРС (1997), во однос на увоз, вклучувајќи надзор, преглед, дезинсекција или дезинфекција, спроведување на Анализи на ризик од штетни организми, обука и доквалификација на инволвираните. Овие одговорности вклучуваат поврзани функции во области, како: администрирање, ревизија и проверка на усогласеноста; преземени мерки при неусогласеност; интервенција при итни случаи, овластувања на инволвираните и решавање на спорови. Во прилог, договорните страни може да им доделат на Националната организација за заштита на растенијата други одговорности, како што е регулаторен развој и измени. Ресурсите на Националната организација за заштита на растенијата се потребни за спроведување на овие одговорности и функции. Исто така, постојат барања за меѓународните и националните односи, документација, комуникација и ревизија. УСЛОВИ 1. Цел Целта на регулаторниот систем за фитосанитарен увоз е да се спречи внесувањето на карантински штетни организми или да се ограничи влезот на регулирани некарантински штетни организми (ВМОР), со увезените пратки и други регулирани производи. 2. Структура Компонентите на регулаторниот систем за увоз се: законска рамка на фитосанитарното законодавство, регулативи и процедури и Националната организација за заштита на растенијата, која е одговорна за функционирање на системот. Правните и административните системи и структури се разликуваат помеѓу договорните страни. Особено, некои правни системи предвидуваат секој дел од работата на нивните службеници да биде детализиран во рамките на законскиот текст, додека други предвидуваат широка рамка, во која службениците имаат делегирано надлежност за да ги вршат своите функции преку широка административна постапка. Овој стандард, како резултат на тоа, предвидува општи насоки за регулаторна рамка на регулаторниот систем за увоз. Оваа регулаторна рамка понатака е опишана во Оддел 4. Националната организација за заштита на растенијата е надлежен орган, одговорен за функционирање и/или надзор (организирање и управување) на регулаторниот систем за увоз. Други владини служби, како што е Царинска управа, може да имаат улога (со дефинирана поделба на одговорности и функции) при контрола на увезените пратки и односите кои треба да се оддржуваат. Националната организација за заштита на растенијата им наложува на своите службеници да работат на регулаторниот систем за увоз, но може да овласти други соодветни владини или невладини служби или лица, да дејствуваат во нејзино име и под нејзина контрола за одредени функции. Функционирањето на системот е опишано во Оддел 5. 5. Права, обврски и одговорности При основање и функционирање на регулаторниот систем за увоз, Националната организација за заштита на растенијата треба да ги земе во предвид: правата, обврските и одговорностите кои произлегуваат од релевантни меѓународни договори, конвенции или спогодби; правата, обврските и одговорностите кои произлегуваат од релевантни меѓународни стандарди; националното законодавство и политикии административните политики на Владата, Министерствата, Органите или Националната организација за заштита на растенијата. 5.1. Меѓународни спогодби, принципи и стандарди Националните Влади имаат суверено право да го регулираат увозот, со цел да се достигне нивното соодветно ниво на заштита, земајќи ги предвид нивните меѓународни обврски. Правата, обврските и одговорностите поврзани со меѓународните договори како и начелата и стандардите кои произлегуваат од меѓународните договори, особено Договорот за примена на санитарни и фитосанитарни мерки на !РРС (1997) и Светската трговска организација (МТО-5Р5 Адгеетепќк), влијаат на структурата и имплементирањето на системите за регулирање на увозот. Ова има влијание врз изработката и донесувањето на прописи за увоз, нивна примена и оперативните активности кои произлегуваат од нив. Изработката, донесувањето и примената на прописи налага признавање на одредени принципи и концепти, како што е наведено во !5РМ Мо. 1 (Рппср!е5 о рѓапе диагапнпе а5 ге|аќед ко (пеегпабопа! кгаде), вклучувајќи: транспарентност; суверенитет; потреба; недискриминација; минимално влијание; усогласеност; техничка оправданост (како што е Анализа на ризик од штетен организам); доследност; управување со ризик; измена; итна постапка и привремени мерки; еквивалентност и подрачја слободни од штетни организми и подрачја со ниска распространетост на штетни организми; Особено, фитосанитарните постапки и прописи треба да ги земат предвид концептот на минималното влијание и прашањата за економската и оперативната изводливост, со цел да се избегне непотребното нарушување на трговијата. 5.2. Регионална соработка Регионалните организации, како што се регионалните организации за заштита на растенијата (ВРРО) „ ЕРРО“ и регионалните организации за развој на земјоделството, може да поттикнат усогласување на системите за регулирање на увоз на нивните членки и може да соработуваат во размена на информации во корист на членките. Регионалната организација за економската интеграција, признаена од страна на ЕАО, има правила кои се однесуваат на нејзините членки, а исто така има и овластување да донесе и спроведе одредени прописи во име на оваа организација. 4. Регулаторна рамка Донесување на прописи е одговорност на Владата (договорна страна) (член М/.Зв од !РРС, 1997). Во согласност со оваа одговорност, договорните страни може да обезбедат Националната организација за заштита на растенијата (Фитосанитарната управа) е со овластување за формулирање на фитосанитарните прописи за увоз и имплементацијата на системот за регулирање на увозот. Договорните страни треба да имаат регулаторна рамка за да го обезбедат следново: спецификација на одговорности и функции на Националната организација за заштита на растенијата, во однос на системот за регулирање на увоз; правно овластување, за да и овозможи на Националната организација за заштита на растенијата да ги извршува своите одговорности и функции во врска со системот за регулирање на системот за увоз; овластување и процедури (може преку РКА да се утврдат фитосанитарните мерки за увоз); фитосанитарни мерки кои се применуваат на увезена стока и други регулирани производи; забрани за увоз, кои се применуваат на увезена стока и други регулирани производи; правно овластување за дејствување при неусогласеност и во итни случаи; спецификација на интеракцијата помеѓу Националната организација за заштита на растенијата и други Владини тела и транспарентни и дефинирани процедури и временска рамка за имплементација на прописите, вклучувајќи го нивното стапување на сила. Договорните страни имаат обврски да ги направат своите прописи достапни (во согласност со член М!1.26 на !РРС1997) и овие постапки бараат регулаторна основа. 4.1. Регулирани производи Увезените пратки, кои може да бидат конторлирани, вклучуваат производи кои може да бидат заразени или контаминирани со регулирани штетни организми. Регулирани штетни организми се карантински штетни организми или регулирани некарантински штетни организми. Сите пратки треба да се контролираат за карантински штетни организми. Производи за консумација или за преработка не треба да се конторлираат за регулирани некарантински штетни организми. Регулирани некарантински штетни организми треба да се контролираат само кај растенијата за садење. Ова се примери на регулирани производи: растенија и растителни производи употребени за садење, потрошувачка, преработка или некоја друга цел; објекти за складирање; материјали за пакување, вклучувајќи и сандуци; превозни и транспортни средства; почва, органски вештачки ѓубрива и сличен материјал; организми за засолнување или ширење на штетни организми; потенцијално контаминирана опрема (како што е земјоделска, воена и опрема за земјишни работи); истражување и други научни материјали; лични предмети на патници кои се движат надвор од државата; меѓународна пошта, вклучувајќи и меѓународни курирски услуги и штетни организми и агенси за биолошка контрола “. “ Штетните организми и агенсите за биолошка контрола не влегуваат во дефиницијата за „регулирани про- изводи“ (член 14 од !РРС, 1997). Сепак, каде има техничко оправдување, може да подлежат на фитосани- тарни мерки (РРС, 1997; член МИ во однос на регулирани штетни организми и член УИДв и УИЈГ) а цели- те на овој стандард се сметаат за регулирани производи. Листите на регулираните производи треба да се јавно достапни. 4.2. Фитосанитарни мерки за регулирани производи Договорните страни не треба да применуваат фитосанитарни мерки за внесување на регулирани производи како што се забрани, рестрикции или други барања за увоз, освен доколку ваквите мерки се дефинирани како неопходни од страна на фитосанитарните согледувања и се технички оправдани. Договорни страни треба да ги земат предвид меѓународните стандарди и другите релевантни барања и согледувања на !РРС при примена на фитосанитарните мерки. 4.2.1. Мерки за увезените пратки Прописите треба да ги прецизираат мерките, со кои увезените пратки “ на растенија, растителни производи и други регулирани производи треба да се усогласат. Овие мерки може да се општи, кои се применуваат на сите видови на стока или специфични, кои се применуваат за одредени производи со специфично потекло. Мерките може да се бараат пред влез, на влез или после влез. По потреба може да се користи и пристап кон системите. х За целите на овој стандард, увозот ги опфаќа сите пратки кои се движат во државата (освен во транзит) вклучувајќи и движење во слободни трговски зони (безцарински зони и пратки во обврзница) и нелегални пратки задржани од страна на други служби. Бараните мерки на земјата-извозник, кои ги пропишува Националната организација за заштита на растенијата на истата, за да издаде сертификат (во согласност со !5РМ Мо. 7: Ехрогќ сегнбсаноп зуоќет) вклучуваат: преглед пред извоз; тестирање пред ивоз; третман пред извоз; производи од растенија со одреден фитосанитарен статус (растенија наменети за вирус тестирање или одгледани под одредени услови); преглед или тестирање за време на вегетационен период, пред извоз; потеклото на пратката да биде од место на производство без штетни организми или подрачје на производство без штетни организми, подрачје со ниска распостранетост на штетни организми или подрачје без штетни организми; постапки за акредитација и зачувување на интегритетот на пратката. Мерки кои се потребни во текот на испораката: третман (соодветни физички или хемиски третмани) и зачувување на интегритет на пратката. Мерки кои се потребни при влез: проверки на документи; верификација на интегритет на пратката; верификација на третман за време на испораката; фитосанитарен преглед; тестирање; третмани задржување на пратки во очекување на резултатите од тестирањето или верификација на ефикасноста на третманот. Мерки кои се потребни после влез: задржување во карантин (Карантинска станица после влез) за преглед, тестирање или третман; задржување на одредено место во очекување на одредени меркии ограничување во дистрибуцијата или употребата на пратката (за спечифична преработка). Други мерки кои се потребни: барања за лиценци или дозволи; ограничувања на место на влез за одредени пратки; увозниците да известат однапред за доаѓањето на одредени пратки; проверка на процедурите во земјата-извозник и пре-усогласување. Регулаторниот систем за увоз треба да предвиди одредба за оценување и можно прифаќање на алтернативни мерки, предложени од страна на договорната страна извозник, за да биде еднакво. 42.141. Одредба за специјален увоз Договорните страни треба да предвидат посебна одредба за увоз на штетни организми, агенси за биолошка контрола (види !5РМ Мо. 3: Соде оѓ сопдисе ог Се (трогк апад ге|еазе оѓ ехоцс БтоГоајса! сопкго! адепк5 ) или други регулирани производи за научно истражување, едукација или други цели. Ваквиот увоз треба да се одобри како одредба на соодветни заштитни мерки. 42.12. Подрачја без штетни организми, места за производство без штетни организми, локации за производство без штетни организми, подрачја на ниска распространетост на штетни организми и програми за надзор Договорната страна увозник треба да означи подрачја без штетни организми (во согласност со (РМ Мо. 4: Ведитетепко ог Се езкарИортепе оѓ ре5Е ѓгее агеа5), подрачја со ниска распространетост на штетни организми и програми за надзор, во рамките на нивната држава. Прописите за увоз се потребни за заштита или регулирање на ваквите означени подрачја во рамки на земјата-увозник. Сепак, ваквите мерки треба да го почитуваат принципот на недискриминација. Прописите за увоз треба да го признаат постоењето на ваквите означувања и на оние кои се однесуваат на другите службени постапки (како што се места за производство без штетни организми и локации за производство без штетни организми) во рамките на земјите на договорните извозни страни, вклучувајќи ја едноставноста за признавање на овие мерки како соодветни. Можеби ќе е потребно да се донесе одредба во рамките на регулаторниот систем за да се оцени и прифати означувањето од страна на останати Националната организација за заштита на растенијата и да се одговори соодветно. 4.2.2. Овластување за увоз Овластување за увоз може да се обезбеди како општо овластување или овластување зависно од случај до случај (специфично овластување). Општо овластување Општо овластување треба да се користи: кога не постојат одредени услови поврзани со увозот и кога одредени услови се дефинирани со дозвола на влез, како што е утврдено во прописите за голем број на производи. Општите овластувања не треба да се условуваат со лиценца или дозвола, но треба да се предмет на проверка при увозот. Специфично овластување Специфични овластувања во форма на лиценца или дозвола, се бараат кога е потребна официјална согласност за увоз. Овие се потребни за посебни пратки или серија на пратки со одредено потекло. Треба да се бара овој тип на овластување во следните случаи: итен или исклучителен увоз; увоз со специфични, индивидуални барања, како што се барањата за карантин после влез, при назначена крајна употреба или за истражувачки цели и увоз кога Националната организација за заштита на растенијата бара гаранција да се пронајде материјалот во одреден рок после влезот. Некои држави користат дозволи со цел да се одредат општите услови за увоз. Сепак, развојот на општите овластувања се охрабрувачки, така што сличните специфични овластувања стануваат рутина. 4.2.5. Забрани Забрана за увоз може да се применува на одредени пратки или други регулирани производи од секакво потекло или конкретно на одредена пратка или други регулирани производи со специфично потекло. Забрана за увоз се користи само кога нема други алтернативни замени за управување со ризик од штетни организми. Забраните треба технички да се оправдани. Националната организација за заштита на растенијата треба да донесат одредба за еквивалентна проценка, но и помали рестриктивни мерки за трговијата. Договорните страни, преку нивни Национални организации за заштита на растенијата кои се овластени, треба да ги прилагодат нивните прописи за увоз, доколку таквите мерки го исполнуваат соодветното ниво на заштита. Забраната се применува за карантински штетни организми. Регулираните некарантински штетни организми не треба да се предмет на забрана, но да се утврди степенот на толеранција на штетните организми. Забранетите производи може да се бараат за истражување или друга цел и треба да се бара одредба за нивен увоз под контролирани услови, вклучувајќи соодветни заштитни мерки преку систем на лиценца или дозвола. 4.5. Пратки во транзит Во согласност со Г5РМ Мо. 5 (Оо55агу оѓ ррукозапкагу ќегт5), пратките во транзит не се сметаат за увезени. Сепак, регулаторниот систем за увоз може да биде проширен за покривање на пратки во транзит и да воспостави технички оправдани мерки за да се спречи внесување и/или ширење на штетни организми (член М!.4 на !РРС, 1997). Мерките можат да бидат потребни при следење на пратките, да се потврди нивниот интегритет и/или да се потврди дека ја напуштаат земјата на транзит. Државите треба да утврдат места на влез, маршута во рамки на државата, услови и време за транспорт, кое е опфатено во рамките на нивните територии. 4.4. Мерки при неусогласеност и итни случаи Регулаторниот систем за увоз треба да вклучи одредби за постапка која треба да се преземе во случај на неусогласеност или при итни случаи (член МИ.2 на ГРРС, 1997; детални информации се содржани во !5РМ Мо. 15: бијекпе5 ог Не понбсаноп о поп- сотрКапсе апд етегдепсу асНоп), земајќи го предвид принципот на минимално влиајние. Мерки кои се преземаат кога увезената пратка или другите регулирани производи не се во согласност со прописите, ро претходно одбиен влез, вклучува: третман; сортирање или препакување; дезинфекција на регулирани производи (опрема, простории, складишта, превозни средства); насочување кон одредена крајна употреба, како што е преработката; враќање на пратката и уништување (спалување). Откривање на неусогласеност или случај за итна постапка, треба да резултира со ревизија на прописите или со нивно укинување, односно одземање на овластувањето за увоз. 4.5. Други елементи кои бараат регулаторна рамка Меѓународните договори обврзуваат со правен основ или да се спроведат преку управни постапки. Аранжманите кои бараат такви постапки, вклучуваат: известување за неусогласеност; известување за штетни организми; назначување на официјално лице за контакт; објавување и ширење на информации за регулативата; меѓународна соработка; ревизија на прописи и документација; признавање на еднаквост; спецификација на места за влез и известување за службена документација. 4.6. Правно овластување за Националната организација за заштита на растенијата (МРРО) Со цел Нациналната организација за заштита на растенијата да може да ги изврши надлежностите (член М/ на !РРС, 1997), треба да биде обезбедено законско овластување, кое ќе им овозможи на службениците на Нациналната организација за заштита на растенијата и на други овластени лица: влез во простории, превозни средства и други места, каде може да бидат присутни увезените пратки, регулираните штетни организми или други регулирани производи; преглед или тестирање на увезената пратка и други регулирани производи; земање и отстранување на примероци од увезената пратка или од други регулирани производи или од места каде може да се присутни регулирани штетни организми (за анализа, чиј резултат може да резултира со уништување на пратката); задржување на увезени пратки или други регулирани производи; третирање или наложување на третман на увезени пратки, или други регулирани производи, вклучувајќи превозни средства, или подрачја или производи во кои е присутен регулиран штетен организам; да се одбие влез на пратки, со наредба за враќање или уништување; да се преземе итна постапка и да се утврди и наплати за активностите кои се поврзани со увоз или да се казни (прекршочно). 5. Функционирање на регулаторниот систем за увоз Нациналната организација за заштита на растенијата е одговорна за функционирање и/или надзор (организација и управување) на регулаторниот систем за увоз (види Оддел 2, трет став). Оваа одговорност произлегува од член П/.2 на ГРРС, 1997. 5.1. Управување и оперативни одговорности на Националната организација за заштита на растенијата Нациналната организација за заштита на растенијата треба да има систем за управување и адекватни ресурси за извршување на своите функции. 5.1.1. Управување Спроведувањето на регулаторниот систем за увоз од страна на Нациналната организација за заштита на растенијата, треба да обезбеди ефикасна и доследна примена на фитосанитарното законодавство и прописи и усогласеност со меѓународните обврски. Ова може да бара координативна соработка со другите владини служби или владини агенции вклучени во увозот, како што е Царина. Спроведувањето на регулаторниот систем за увоз треба да биде координиран на национално ниво, но може да биде организиран на функционална, регионална или друга структурна основа. 5.1.2. Регулаторен развој и ревизија Донесувањето на фитосанитарните прописи е одговорност на Владата, како договорна страна (член ГУ.Зс од !РРС, 1997). Во согласност со оваа одговорност, Владите можат да направат развој и/или ревизија на фитосанитарните прописи во надлежност на нивните Нацинални организации за заштита на растенијата. Оваа постапка може да биде по иницијатива на Нациналната организација за заштита на растенијата, во консултација или соработка со други соодветни органи. Соодветните прописи треба да бидат развивани, оддржувани и ревидирани по потреба и во согласност со важечките меѓународни договори, преку соодветни правни и советодавни процеси на државата. Консултации и соработка со релевантни агенции, засегнати индустрии и соодветни здруженија, може да бидат корисни при разјаснување и прифаќање на регулаторни одлуки од страна на здруженијата и често се корисни за подобрување на прописите. 5.1.5. Надзор Техничката оправданост на фитосанитарните мерки е утврдена во делот од статусот на штетните организмите и на регулираните штетни организми во рамките на контролираната територија. Статусот на штетни организми може да се смени и ова треба да бара ревизија на прописите за увоз. Надзорот над култивираните и некултивираните растенија во земјата увозник е потребен за да се има соодветна информација за статусот на штетниот организам (во согласнсот со (ОРМ Мо. 6: Пијдекпе5 ог 5игуе!апсе), и се бара за поддршка на РВА и листата на штетни организми. 5.1.4. Анализа на ризик од штетен организам и листа на штетни организми Техничката оправданост (преку анализа на ризик од штетни организми - РКА) е потребна за да се утврди дали штетните организми треба да бидат регулирани и јачината на фитосанитарните мерки кои треба да се преземат против нив (ЈоРМ Мо. 11: Ре5Е ПоК апаѓучб5 ог диагапнпе ре565, (псидтпа апаѓуој5 о епигоптепка! поКо апа (пд тодед огдапѓот5, 2004; ГРРМ Мо. 21: Ре5Е ок апаѓу5/5 ог геди!аќед поп-диагапипе ре5К5). РКА може да се направи на одредени штетни организми или на сите штетни организми поврзани со одредено движење (пратка). Пратката се класифицира според нејзиниот степен на обработка и/или нејзината намена. Регулираните штетни организми треба да бидат наведени во листи на конторлирани штетни организми (во согласност со !5РМ Мо. 19: Оијчејпе5 оп 1565 о гедијаќед ре5К5). Тие листи треба да бидат достапни (член УИ.2Г на ГРРС, 1997). Доколку соодветните меѓународни стандарди се достапни, мерките треба да ги земат предвид и не треба да бидат поригорозни, освен ако тоа не е технички оправдано. Административната рамка на РВА процесот треба да е јасно документирана, доколку е можно со временска рамка за завршување на посебните РВА и со јасни насоки за приоритет. 5.1.5. Ревизија и проверка на усогласеност 5.1.5.1. Ревизија на постапките во земјата извозник Прописите за увоз често вклучуваат посебни услови, кои треба да се исполнат во земјата извозник, како што се постапките за производство (обично за време на вегетацијата на дадените култури) или посебни постапки за третман. Во одредени околности, како при развој на нова трговија, условите може да вклучат (во соработка со Нациналната организација за заштита на растенијата на земјата-извозник) ревизија во земјата-увозник, од страна на Нациналната организација за заштита на растенијата на земјата-увозник, на компонентите како што се: системи на производство; третмани; инспекциски постапки; фитосанитарно управување; постапки за акредитација; постапки на тестирање и надзор. Земјата-увозник треба да го знае обемот на секоја ревизија. Постапките при такви ревизии се напишани во билатерална спогодба, договор или програма за работа поврзана со олеснување при увоз. Таквите мерки може да влијаат врз царината на пратките во земјата-увозник, која ги олеснува постапките до минимум при влез во земјата-увозник. Овие видови на постапки за ревизија не треба да се применат како постојани мерки и треба да се сметаат за спроведени, штом постапките во земјата-извозник се потврдени. Овој пристап, во границите на неговата примена, може да се разликува од претходната инспекциска дозвола спомената во Оддел 5.1.5.2.. Резултатите од ревизија треба да се достапни на Нациналната организација за заштита на растенијата на земјата-извозник. 5.1.5.2. Проверка на усогласеност при увоз Постојат три основни компоненти за проверка на усогласеноста: проверка на документација: проверка на интегритет на праткатаи фитосанитарен преглед, тестирање и сл. Проверка на усогласеноста на увезената пратка и други регулирани производи бара: да се одреди нивна усогласеност со фитосанитарните прописи; да се провери дали фитосанитарните мерки се ефикасни, како превентива при внесувањето на карантински штетни организми и ограничувањето на влез од регулирани некарантински штетни организми и откривање на потенцијални карантински штетни организми или карантински штетни организми, чиј влез со таква пратка не бил предвиден. Фитосанитарните прегледи треба да се вршат од страна на Нациналната организација за заштита на растенијата или со нејзино овластување. Проверка на усогласеноста треба да се направи веднаш (член УИ.24 и УИ.2е на !РРС, 1997). Треба да се направат проверки во соработка со други органи вклучени со регулирање на увозот, како што е Царинската управа, со цел да се минимизира мешањето со протокот на трговија и влијанието на лесно расипливите производи. 5.1.5.2.1. Преглед Прегледи може да се вршат на местото на влез, местото на претовар, местото на дестинација или други места каде увезените пратки може да се идентификуваат, како што се големите пазари, под услов нивниот фитосанитарен интегритет да е задржан и да се извршат соодветни фитосанитарни постапки. Со билатерална спогодба или договор, можат да бидат извршувани и во земјата на потекло, како дел од претходната програма во соработка со Нациналната организација за заштита на растенијата на земјата-извозник. Фитосанитарните прегледи, кои се технички оправдани, може да бидат применети: на сите пратки како услов за увози како дел од програмата на мониторинг за увоз, каде степенот на следење (број на прегледани пратки) е утврден врз основа на предвидениот ризик. Прегледот и постапките за земање на примероци може да се базираат на општи постапки или на посебни постапки, за да се достигнат зацртаните цели. 5.1.5.2.2. Земање на примероци Примероци, може да се земат од пратки за потребите на фитосанитарен преглед, за последователни лабораториски испитувања или за референтни цели. 5.1.5.2.5. Тестирање, вклучувајќи лабораториски испитувања Тестирање може да се бара за: идентификација на визуелно откриен штетен организам; потврдување на визуелно идентификуван штетен организам; проверка на усогласеност со барањата, кои се однесуваат на инфекциите, кои не можат да се откријатат со фитосанитарен преглед; проверка на латентни инфекции; ревизија или мониторинг; референтни цели особено во случај на неусогласеност и верификација на деклариран производ. Тестирањето треба да се изведе од страна на искусен кадар, со соодветни постапки и со следење на меѓународните договорени протоколи. Се препорачува соработка со релевантните академски и меѓународни експерти или институти, кога е потребна потврда на резултатите од тестот. 5.1.6. Неусогласеност и итна постапка Детална информација за неусогласеност и итна постапка се содржани во !5РМ Мо. 15: бијдејпе5 Гог Не поШНсаЦоп о поп-сотрапсе апд етегдепсу асНноп. 5.1.6.1. Постапка во случај на неусогласеност Фитосанитарната постапка при неусогласеност на пратката со прописите за увоз, може да се преземе кога: ќе се откријат наведените карантински штетни организми, поврзани со регулирани пратки; ќе се открие наведениот регулиран некарантински штетен организам, присутен во увезената пратка од растенија за садење, на ниво кое ја надминува дозволената толеранција за тие растенија; ќе се докаже неисполнување на пропишаните услови (вклучувајќи билатерални спогодби, договори или услови за одобрување за увоз), како прегледи на терен, лабораториски тестови, регистрација на производители и/или капацитети, недостаток од мониторинг на штетни организми или надзор; следењето на пратката, која не е во согласност со прописите за увоз, како при утврдено присуство на недекларирани пратки, почва или други забранети производи или доказ за неуспешни определени третмани; недостасува или неисправен фитосанитарен сертификат или друга потребна документација; се забранети пратки или производи и неисполнување на мерките при транзит. Видот на постапката зависи од околностите и треба да биде минимум доволен за да се спречи идентификуваниот ризик. Административни грешки, како што е некомплетен фитосанитарен сертификат, може да бидат решени преку соработка со Националната организација за заштита на растенијата на земјата извозник. Други прекршоци може да бараат постапка, како што е: Задржување - Ова може да се користи доколку се бараат и други информации, земајќи ја предвид потребата да се избегне оштетувањето на пратката, што е можно помалку. Сортирање и преформирање - Заразените производи може да се отстранат со сортирање и преформирање на пратката, вклучувајќи препакување доколку е соодветно. Третман - кога е возможно, употреба на ефикасен третман од страна на Националната организација за заштита на растенијата. Уништување - пратката може да се уништи во случај кога Националната организација за заштита на растенијата смета дека пратката не може поинаку да се реши. Враќање - неусогласените пратки се отстрануваат од земјата со нивно враќање. Во случај на неусогласеност со регулирани некарантински штетни организми, постапката треба да е во согласност со домашните мерки и да е ограничен степенот на штетни организми во пратката, во согласност со дозволената толеранција (со третман, со деградирање, рекласификација на еквивалентен произведен материјал или домашно контролиран). Националната организација за заштита на растенијата е одговорна за донесување на неопходните упатства и за потврдување на нивната примена. Примената обично се смета дека е во функција на Националната организација за заштита на растенијата, но за помош може да се овластат други субјекти. Националната организација за заштита на растенијата може да одлучи да не се применува фитосанитарна постапка против контролиран штетен организам или во други случаи на неусогласеност, каде постапките не се технички оправдани во дадена ситуација, доколку не постои ризик од појава или ширење (промена на намената за употреба: од свежа консумација со пренамена за преработка или кога штетниот организам е во стадиум која нема да овозможи негова појава или ширење), или од некои други причини. 5.1.6.2. Итна постапка Итна постапка се бара при нова или неочекувана фитосанитарна ситуација, како што е откриено карантински штетни организми или потенцијални карантински штетни организми: во пратки за кои не се дефинирани фитосанитарни мерки; во контролирани пратки или други регулирани производи, во кои не е очекувано нивното присуство и за кое не се дефинирани меркии како загадувачи на превозни средства, магацини или други места кои се во контакт со увезената пратка. Може да биде соодветна слична постапката како побараната во случај на неусогласеност. Ваквите постапки водат кон измена на постоечките фитосанитарни мерки или донесување на привремени мерки, по пат на ревизија за исполнување на техничката оправданост. Најчести ситуации кои налагаат итна постапка, се: Штетни организми кои претходно не биле оценети. Штетни организми кои не се на листите, налагаат итни фитосанитарни постапки, затоа што претходно не биле оценети. Во периодот на следење, тие се категоризирани како регулирани штетни организми, затоа што Националната организација за заштита на растенијата има причина да верува дека тие претставуваат фитосанитарна закана. Во вакви случаи, одговорноста на Националната организација за заштита на растенијата е да обезбеди солидна техничка основа. Доколку привремените мерки се дефинирани, Националната организација за заштита на растенијата треба активно да ги следи дополнителните инфромации, со учество на Националната организација за заштита на растенијата на земјата-извозник, и да спроведе РКА за навремено утврдување на регулиран или нерегулиран статус на штетниот организам. Нерегулирани штетни организми за одредена патека. Итни фитосанитарни постапки се применуваат на нерегулирани штетни организми во однос на одредена патека. Иако регулирани, овие штетни организми не се наведени во листата или поинаку назначени, затоа што тие не биле предвидени за потеклото, пратката, или околностите за кои листата на мерки е изработена. Ваквите штетни организми треба да бидат вклучени во соодветни листа(и) или друга|и) мерка(и), доколку се утврди дека појавата на штетен организам во исти или слични околности може да се очекува во иднина. Недостаток на соодветна идентификација. Во некои случаи, штетен организам оправдува фитосанитарна постапка, затоа што штетниот организам не може да биде соодветно идентификуван или таксономски е неадекватно опишан. Ова е од причина што примерокот не е опишан (таксономски непознат), во состојба која не дозволува негова идентификација или фенофазата која се испитува, не може да се идентификува според потребното таксономско ниво. Кога идентификација не е изводлива, Националната организација за заштита на растенијата има основа за преземените фитосанитарни постапки. Кога штетните организми рутински се откриени во форма која не дозволува соодветна идентификација (јајца, ран стадиум на ларва, несовршени форми и т.н), треба да се вложи напор за да се земат доволно примероци, за да се овозможи нивна идентификација. Соработката со земјата-извозник може да помогне при идентификацијата или да обебзеди претпоставки за идентификација. Вакви штетни организми, во овој стадиум може да се сметаат за привремени и да налагаат фитосанитарни мерки. Откако ќе се идентификуваат и доколку врз основа на РКА се потврди дека ваквите штетни организми ги оправдуваат фитосанитарните постапки, Националната организација за заштита на растенијата ги додава на листа(и) на регулирани штетни организми, истакнувајќи го проблемот на идентификација и основата за барање на потребни мерки. Заинтересираните договорни страни треба да бидат информирани дека идните постапки ќе се базираат на предвидената идентификација, доколку се откријат вакви форми. Сепак, во иднина ваква постапка треба да се преземе само во однос на потеклото, таму каде што е идентификуван ризик од штетни организми и веројатноста од присуство на карантински штетни организми во увезени пратки, задолжително. 5.1.6.5. Известување при неусогласеност и итна постапка Известување за пресретнати пратки кои се неусогласени или бараат итни постапки е обврска на договорните страни на |РРС, така што земјите-извозници ја прифаќаат основата за фитосанитарните постапки преземени против нивните производи при увоз и да ги олеснат условите на системите за извоз. Системите се потребни за собирање и пренос на вакви информации. 5.1.6.4. Повлекување или измена на регулатива Во случај на повторена неусогласеност, каде има значителна неусогласеност или случај кој налага итна постапка, Националната организација за заштита на растенијата на договорните страни за увоз може да го повлече овластувањето (одобрувањето) за увоз, да ја измени регулативата или да воспостави вонредна или привремена мерка со изменети процедури за увоз или забрана. Земјата-извозник треба веднаш да биде известена за промената и добие образложение за оваа промена. 5.1.7. Системи за овластување на субјекти кои не припаѓаат на Националната организација за заштита на растенијата Националната организација за заштита на растенијата може да овласти, под нивна контрола и одговорност, други владини служби, невладини организации, агенции или лица, да дејствуваат во нивно име за одредени дефинирани функции. Со цел да се обезбеди дека потребите на Националната организација за заштита на растенијата се исполнети, оперативните процедури се задолжителни. Освен тоа, процедурите треба да се унапредуваат за прикажување на компетентност и ревизија, корективни постапки, преглед на системот и повлекување на овластувањето. 5.1.8. Меѓународна врска Договорните страни имаат меѓународни обврски (членови МИ и МИ на ГРРС, 1997), кои вклучуваат: обезбедување за официјален контакт; известување за одредените места на влез; објавување и доставување на листи на регулирани штетни организми, фитосанитарни барања, рестрикции и забрани; известување при неусогласеност и итна постапка (ГоРМ Мо. 15: Оијејпе5 ог Се понбсаноп оѓ поп-сотриапсе апа етегдепсу асНоп); обезбедување на образложение за фитосанитарните мерки, по потреба и обезбедување на релевантни информации. Административни договори се потребни, за да се осигури дека овие обврски се извршени ефикасно и навремено. 5.1.9. Известување и објавување на регулаторни информации 5.1.9.1. Нови или ревидирани прописи Предлози за нови или ревидирани прописи треба да се објават и достават до заинтересираните страни на барање, овозможувајќи им доволно време за коментар и имплементација. 5.1.9.2. Објавување на воспоставени прописи Воспоставените регулативи за увоз или соодветни делови од нив, треба да се достапни на заинтересираните и засегнатите договорни страни, на Секретаријатот на |РРС и на ЕРРО на кои се членка. Преку соодветни процедури, тие може да се достапни и на други заинтересирани страни (индустриски организации за увоз и извоз и нивните претставници). Националните организации за заштита на растенијата се охрабрени да ги направат информациите за увоз достапни за јавноста, со употреба на електронски средства, вклучувајќи интернет, вебстрани и линкови, преку Меѓународниот фитосанитарен портал на ГРРС (нккр:/ /ииилиѓррсапо). 5.1.10. Национална врска Процедурите кои ја олеснуваат соработката, размената на информации и заедничките активности за одобрување, во рамки на државата, треба да бидат воспоставени преку адекватни Владини агенции или служби. 5.1.11. Решавање на спорови Имплементација на регулаторниот систем за увоз може да доведе до спорови со властите на другите земји. Националната организација за заштита на растенијата треба да ги утврди процедурите за консултации и размена на информации со другите Национални организации за заштита на растенијата и за решавање на такви спорови „ќе се консултираат помеѓу себе во најкраток можен рок“, пред да се отпочне со повикување на формални меѓународни постапки за решавање на споровите (член ХИД на !РРС, 1997). 5.2. Кадри на Националната организација за заштита на растенијата Договорните страни треба да обезбедат во нивните Национални организации за заштита на растенијата соодветни кадри, за извршување на нивните функции (член П/.1 на !РРС, 1997). 5.2.1. Кадар, вклучувајќи обука Националната организација за заштита на растенијата треба: да вработи или овласти кадар кој има соодветни квалификации и способности и да обезбеди соодветна и одржлива обука за целиот кадар, со цел да се обезбеди компетентност во областите за кои тие се одговорни. 5.2.2. Информации Националната организација за заштита на растенијата треба да обезбеди соодветни информации, кои треба да бидат достапни на кадарот: прирачници, процедури и инструкции за работа, покривајќи ги релевантните аспекти од работењето на регулаторниот системот за увоз; увозни регулативи на својата земја и информации за нивните регулирани штетни организми, вклучувајќи биологија, спектар на домаќини, насоки, глобална распространетост, откривање, методи за идентификација како и методи на третман. Националната организација за заштита на растенијата треба да има пристап до информациите за присуство на штетни организми во својата земја (листи), за да се олесни категоризацијата на штетните организми, за време на Анализа на ризик од штетни организми. Националната организација за заштита на растенијата треба да поседува листа на сите нејзини регулирани штетни организми. Детални информации за листите на регулираните штетни организми се содржани во (ОРМ Мо. 19: Оиејпе5 оп 1515 о гедиГаќед ре515. Кога регулиран штетен организам е присутен во земјата, треба да се поседуваат информации за неговата распространетост, подрачјата без штетни организми, надзорот и во случај на регулирани некарантински штетни организми, официјални програми за саден материјал. Договорните страни треба да објавуваат информации во рамки на нивната територија во однос на регулираните штетни организми и начини за нивна превенција и контрола. Оваа задача може да ја доделат на нивните Национални организации за заштита на растенијата. 5.2.5. Опрема и капацитети Националната организација за заштита на растенијата треба да обезбеди достапност на соодветна опрема и капацитети за: преглед, земање на примероци, тестирање, надзор и процедури за верификација на пратки и комуникација и пристап до информации (со помош на електронски средства). ДОКУМЕНТАЦИЈА, КОМУНИКАЦИЈА И ПРЕГЛЕД 6. Документација 6.1. Постапки Националната организација за заштита на растенијата треба да изработува прирачници, процедури и работни инструкции, опфаќајќи ги сите аспекти на функционирањето на регулаторниот систем за увоз. Процедури кои треба да се изработат, се: подготовка на листи на штетни организми; анализа на ризик од штетни организми; утврдување на подрачја без штетни организми, подрачја со ниска распространетост на штетни организми, места за производство ослободени од штетни организми или локации и програми за официјална контрола; преглед, методологија за земање на примероци и тестирање (вклучувајќи методи за зачувување на интегритет на примерокот); постапка за неусогласеност, вклучувајќи третман; известување за неусогласеност и известување за итна постапка. 6.2. Евиденција Евиденција треба да се води за сите постапки, резултати и одлуки, кои се однесуваат на регулативите за увоз, следејќи ги релевантните делови од |5РМ, вклучувајќи: документација на Анализи на ризик од штетни организми (во согласност со (РМ Мо. 11: Ре5Е теК апаѓу55 ог диагапнпе ре5К5, (псиЧтпад апаѓуо15 о епмгоптепка! Пок5 апа (па точед огаапјот5, 2004, и други релевантни |5РМ); каде што е утврдено, документација на подрачја без штетни организми, подрачја со ниска распространетост на штетни организми и програми за надзор (вклучувајќи информации за распространетост на штетни организми и користените мерки за одржување на подрачја слободни од штетни организми или област на ниска распространетост на штетен организам); џ евиденција на преглед, земање на примероци и тестирањеи неусогласеност и итна постапка (во согласност со !5РМ Мо. 15: бијдејпе5 ог Не посНсаноп оѓ поп-сотриапсе апд етегдепсу асноп). Доколку е соодветно, се чува евиденција на увезените пратки: со специфични крајни намени; подложни на карантин по влез или процедури за лекување; барање постапки за следење и лоцирање на потеклото на болеста " ХгасеБасК“, во согласност со ризик од штетен организами како неопходно, да управува со регулаторниот систем за увоз. 7. Комуникација Националната организација за заштита на растенијата треба да обезбеди процедури за комуникација, за контакт со: увозници и соодветни индустриски претставници; Националните организации за заштита на растенијата на земјите извозници; Секретаријатот на !РРСи Секретаријатите на ЕРРО. 8. Преглед на механизмите 8.1. Преглед на системот Договорните страни треба периодично да го ревидираат нивниот регулаторен систем за увоз. Ова вклучува мониторинг на ефикасноста на фитосанитарните мерки, ревизија на активностите на Националната организација за заштита на растенијата и овластените организации или лица, и изменување на фитосанитарното законодавство, регулативи и постапки, кои се потребни. 8.2. Преглед при итни случаи Националната организација за заштита на растенијата треба да има процедури за преглед при случаи на неусогласеност и при итна постапка. Ваквиот преглед може да доведе до донесување или измена на фитосанитарните мерки.