Order on the implementation of international standard for reporting on harmful organisms no. 17
صدر في 2012-10 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за пријавување на штетни организми бр. 17.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Cultivated plants
- الكلمات المفتاحية
- plant protection, pests/diseases, data collection/reporting, standards
- الفئات
- agriculture
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ број 29/05, 81/08, 20/09, 57/1017/11 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ БР. 17 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за пријавување на штетни организми бр. 17. Член 2 Во постапката за спроведување на пријавување на штетни организми, може да се примени меѓународниот стандард за пријавување на штетни организми бр. 17 кој е даден во Прилоги е составен дел на оваа наредба. Член 5 Оваа наредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во „ Службен весник на Република Македонија“. Бр.17-614/4 Министер за земјоделство, октомври 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср. Прилог ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ Фитосанитарна мерка бр. 17 (2002) ОДОБРУВАЊЕ Овој стандард беше усвоен од привремената Комисијата за фитосанитарни мерки во ноември 2002 година. ВОВЕД ПРЕДМЕТ Овој стандард ги пропишува правата, обварски и одговорностите на договорните страни, поврзани со пријавувањето на појавата, жариштето и ширењето на штетните организми во подрачја за кои се надлежни. Исто така, овој стандард обезбедува насоки за пријавување на успешното уништување на штетни организми и воспоставување на подрачја во кои нема присуство на штетни организми. ЛИТЕРАТУРА Утврдување на статусот на штетните организми во подрачјето, 1998. Г5РМ бр. 8, ФАО, Рим. Поимник на фитосанитарни термини, 2001. 15РМ бр. 5, ФАО, Рим. Упатства за програмите за уништување на штетни организми, 1999. Г5РМ бр.9, ФАО, Рим. Упатство за анализа на ризик на штетни организми, 1996. !5РМ бр. 2, ФАО, Рим. Упатства за надзор, 1998. ГоРМ бр. 6, ФАО, Рим. Упатство за известување при неусогласеност и дејствување при итни случаи, 2001. Г5РМ бр. 15, ЕАО, Рим. Меѓународна конвенција за заштита на растенијата, 1997. ФАО, Рим. Анализа на ризик на карантински штетни организми вклучувајќи анализа на ризик на животната средина и генетски модифицирани организми, 2001. (ОРМ бр.11, ФАО, Рим. Услови за утврдување на слободни зони од штетни организми, 1996. Г5РМ бр. 4, ФАО, Рим. ДЕФИНИЦИИ Дефинициите на фитосанитарни термини употребени во овој стандард може да се најдат во |Г5РМ бр. 5 (Поимник на фитосанитарни термини). ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИ Меѓународната конвенција за заштита на растенијата (1997 година) ги обврзува државите да ја пријават појавата на жариштето и ширењето на штетни организми, со цел да се соопшти непосредна или потенцијална опасност. Националните организации за заштита на растенијата (МРРО5) имаат одговорност да соберат информации за штетните организми преку надзор, како и да ја проверат евиденцијата на штетните организми собрана на тој начин. Појавата, жариштето или ширењето на штетните организми, кои се дознаени врз основа на набњудување, претходното искуство или анализа на ризик од штетни организми (РВА), кое е непосредна или потенцијална опасност, треба да се пријави во другите држави а особено во соседните, како и кај трговските партнери. Извештаите за штетните организми треба да содржат информации за идентитетот на штетниот организам, локацијата, статусот на штетниот организам и природата на непосредната или потенцијалната опасност. Тие треба да се обезбедат без непотребно одлагање преку електронски пат, преку директна комуникација, преку публикации достапни за јавноста и/или преку Меѓународниот фитосанитарен портал -Џпкегпанопа! РНуќозапкагу Рогка! ЏРР))1. 1 ГРР (Меѓународен фитосанитарен портал) е електронски механизам обезбеден од Секретаријатот на |ГРРС, за да се олесни размената на официјални фитосанитарни информации (вклучувајќи и извештаи за штетни организми) помеѓу МРРО, КРРОИи, и/или Секретаријатот на РРС. Извештаите за успешното уништување, утврдувањето на подрачјата во кои нема присуство на штетни организми, како и други информации, може да се обезбедат со употреба на истата постапка како и за известувањето. УСЛОВИ 1. Одредбите на |ГРРС за пријавување на штетните организми РРС (1997 година) во однос на нејзината главна цел „обезбедување на заедничка и ефикасна постапка за спречување на ширењето и внесувањето на штетни организми од растенијата и растителните производи (Член 1.1), бара државите да донесат одредба, на најповолен начин, за официјална национална организација за заштита на растенијата,“ (Член М/.1) чии надлежности се состојат во следново: „Надзорот на одгледуваните растенија, вклучувајќи ги и обработените површини (полиња, плантажи, расадници, градини, оранжерии и лаборатории) и дивата флора, како и растенија и растителни производи кои се чуваат или се транспортираат, особено со цел да се пријави појава, жариште и ширење на штетни организми, како и со цел контрола на тие штетни организми, вклучувајќи ги и извештаите од член МИ став 1 (а) ..“ (Член МУ.2Б). Државите се одговорни за ширењето на нивните територии, за информациите за регулираните штетни организми (Член М.За) и од нив се бара „на најсоодветен можен начин, да вршат надзор на штетните организми и да ги ажурираат и поседуваат соодветните информации за статусот на штетните организми за да се поддржи категоризацијата на штетните организми, како и развојот на соодветни фитосанитарни мерки. Овие информации треба да се достапни на договорните страни, по нивното барање.“ (Член МИ.2ј), кои се обврзани да „назначат контактна лице за размена на информации поврзани со спроведувањето“ на ГРРС (Член М!.2). Со овие функционални системи, државите се во можност да го исполнат условите на |РРС: „да соработуваат една со друга, во најголема можна мера, при постигнувањето на целите на оваа конвенција (Член МИ), а особено да соработуваат во однос на размената на информации за штетни организми кај растенијата, особено при пријавувањето на појава, жариште или ширење на штетни организми, што може да биде непосредна или потенцијална опасност, во согласност со постапките кои може да ги утврди Комисијата... (Член МИЦЛа). 2. Цел на пријавувањето на штетни организми Главната цел на пријавувањето е да се соопшти за непосредна или потенцијална опасност. Непосредна или потенцијална опасност обично произлегува од појава, жариште или ширење на откриениот карантински штетен организам во земјата или карантински штетен организам за соседните земји и трговските партнери. Обезбедувањето на точен и навремен извештај за штетен организам, ја потврдува постапката за ефикасен надзор и ефикасни системи за известување од земјите. Пријавувањето на штетни организми овозможува земјите да ги прилагодат нивните фитосанитарни услови и активности, како би можеле да се земат во предвид било какви промени за ризикот. Тоа дава корисни сегашни и претходни информации за функционирањето на фитосанитарните системи. Точните информации за статусот на штетните организми ја олеснуваат техничката оправданост на мерките и помагаат да се намали неоправданото попречување на трговијата. Секоја држава за овие цели има потреба од извештаи за штетни организми и може да ги добие само преку соработка со други земји. Фитосанитарните активности преземени од страна на земјите увозници, врз основа на извештаите за штетни организми, треба да бидат сразмерни со ризикот и технички оправдани. 5. Национални одговорности Националните организации за заштита на растенијата треба да донесат одредби, за да се обезбеди собирањето, проверката и анализата на извештаите за штетни организми на својата територија. 5.1 Надзор Пријавувањето на штетните организми зависи од поставеноста на националните системи за надзор, како што се препорачува од !РРС (1997 година) (член П.2Б). Информациите за пријавување на штетни организми, може да произлезат од било кој од двата вида на системи за надзор на штетни организми, дефинирани во Г5РМ бр. 6 (Насоки за надзор), од општ надзор или од специфични испитувања. Системите треба да се спроведат за да се утврди дека информациите се испратени до и собрани од страна на Националната организација за заштита на растенијата. Системите за надзор и собирање, треба да работат континуирано и навремено. Надзорот треба да се спроведува во согласност со |Г5РМ бр. 6. 3.2 Извори на информации Информациите за пријавување на штетни организми треба да се добијат директно од Националната организација за заштита на растенијата или да бидат доставени на истата од различни останати извори (истражувачки институции и списанија, веб-портали, производители и нивните списанија, други Национални организации за заштита на растенијата и т.н.). Општиот надзор на Националната организација за заштита на растенијата се состои во преглед на информациите од останатите извори. 5.5 Проверка и анализа Националните организации за заштита на растенијата треба да спроведат системи за проверка на извештаите за домашните штетни организми од официјалните и останатите извори (вклучувајќи ги и оние кои им се предочени од страна на други држави). Ова треба да се изготви преку потврдување на идентификација на соодветните штетни организми и изработка на прелиминарно определување на нивната географска распространетост, а со тоа и утврдување на „ статусот на штетниот организам“ во земјата, според !Г5РМ бр. 8 (Одредување на статусот на штетен организам во одредено подрачје). Националните организации за заштита на растенијата треба да спроведат системи за анализа на ризик од штетни организми (РВА), за да утврдат дали новите или неочекуваните ситуации на штетни организми претставуваат непосредна или потенцијална опасност за нивната земја (земјата - известувач), налагајќи фитосанитарна постапка. Исто така РВА треба да утврди дали пријавените ситуации може да бидат предмет на интерес на други земји. 5.4 Мотивација за пријавување на штетни организми на својата територија Според можностите државите треба да го поттикнат пријавувањето на штетни организми кои ги има на нивната територија. Од производителите или други лица можат да побараат официјално пријавување на новите или неочекуваните ситуации на штетни организми. Треба да се охрабрат во тоа (преку реклама, со заедничка акција, преку награда или пак со глоба за непријавување). 4. Обврски за пријавување Обврската наведена во рамките на |!РРС (1997 година, член М!ИЈЛа) е да се пријави појава, жариште или ширење на штетни организми, кои можат да бидат непосредна или потенцијална опасност. Државите треба според избор да изготват и други извештаи за штетни организми. Таквото пријавување ја задоволува општата препорака во рамките на !РРС, да соработуваат во остварувањето на целите на конвенцијата, но не претставуваат посебна обврска. Овој стандард, исто така, ги зема во предвид и другите случаи за пријавување на штетни организми. 4.1 Пријавување на непосредна или потенцијална опасност Непосредна опасност се смета онаа која е веќе идентификувана (од веќе регулирани штетни организми) или е очигледна врз основа на наблудувањето, односно претходното искуство. Потенцијална опасност е онаа која е идентификувана како резултат на РВА. Непосредна и потенцијална опасност од штетни организми пронајдени во земјата известувач води кон фитосанитарна или итна постапка во таа земја. Појавата, жариштето и ширењето на штетни организми, кои претставуваат непосредна или потенцијална опасност на земјата известувач, може да биде непосредна или потенцијална опасност и за другите земји. Обврска е тие штетни организми да се пријават и во другите земји. Земјите имаат обврска да пријават појава, жариште или ширење на штетни организми кои не се опасни за нив, но соодветно да се регулираат, бидејќи претставува непосредна опасност за другите земји. Ова се однесува на трговските партнери (за релевантните премини), како и за соседните земји, во кои штетните организми може да се прошират без трговија. 4.2 Други извештаи за штетни организми Државите може да ги употребат истите системи за пријавување, за да се обезбедат извештаите за останатите штетни организми или да ги пријават во други држави, ако е корисно при размената на информации за штетни организми кај растенијата (член МИ од !РРО). Исто така можат да се внесат во билатерални или мултилатерални спогодби за известување за штетни организми (преку ЕРРО). 4.3 Известување на променетиот статус, отсуство или корекција на претходните известувања Државите може да пријават случаи каде што е непосредната или потенцијалната опасност, односно променета или отсутвото на штетни организми (особено отсуството на штетни организми). Кога има претходен извештај, кој посочува непосредна или потенцијална опасност, а потоа се констатира дека извештајот е неточен или околностите се променети, како резултат на што ризикот е променет или исчезнал, државите се должни да ги пријават промените. Државите може да пријават дека целата или дел од нивната територија е категоризирана како подрачје во кое нема присуство на штетни организми, според (5РМ бр.4 (Барања за утврдување на подрачја во кои нема присуство на штетни организми), или пријавување на успешно уништување според !5РМ бр. 9 (Упатства за програми за уништување на штетни организми) или промени во распространетоста на домаќинот или во статуасот на штетните организми според описите на ОРМ бр. 8 (Одредување на статусот на штетен организам во одредено подрачје). 4.4 Пријавување на штетни организми во увезените пратки Пријавувањето на штетни организми откриени во увезените пратки е опфатено со /6РМ бр. 15 (Насоки за известување на неусогласеност и итна постапка), а не е со овој стандард. 5. Иницирање на извештаи Извештаите за штетни организми се иницирани од појавата, жариштето, ширењето или успешното уништување на штетни организми или од било која друга нова или неочекувана ситуација на штетните организми. 5.1 Појава Појавата треба да се пријави кога присуството на штетните организми е ново утврдена, кога за истите е познато дека се регулирани од страна на соседните земји или трговските партнери (за релевантните премини). 5.2 Жариште Жариштето се однесува на ново откриената популација на штетни организми. Жариштето треба да се пријави кога неговото присуство одговара на почетниот статус на Минливо: изводливо во РМ бр. 8 (Одредување на статусот на штетен организам во одредено подрачје). Ова подразбира дека треба да се пријави кога штетниот организам може да опстане кратко и не се очекува да се одржи. Терминот појава, исто така се однесува на неочекувана ситуација поврзана со утврдени штетни организми што резултира со значително зголемување на фитосанитарниот ризик за земјата известувач, соседните земји или трговските партнери, особено кога штетните организми се регулирани. Неочекувани ситуации може да резултираат со брзо зголемување на популацијата на штетни организми, промени во видовите на домаќини, развој на нов поенергичен вирус односно биотип или откривање на нов начин на зараза. 5.4 Ширење Ширењето се однесува на утврдени штетни организми кои ја прошируваат својата географска распространетост што резултира со значително зголемување на ризикот за земјата известувач, соседните земји или трговските партнери, особено ако се знае дека штетните организми се регулирани. 5.4 Успешно уништување Уништувањето треба да се пријави кога е успешно, кога е утврден или е отстранет минливиот штетен организам од одредено подрачје и отсуството на тој штетен организам е потврдено. (ОРМ бр. 9: Насоки за програми за уништување на штетни организми) 5.5 Утврдување на подрачја во кои нема присуство на штетни организми Утврдувањето на подрачјата во кои нема присуство на штетни организми треба да се пријави, кога има промена во статусот на штетниот организам во подрачјето. (5РМ бр. 4: Услови за утврдување на оподрачја во кои нема присуство на штетни организми) 6. Пријавување на штетните организми 6.1 Содржина на извештаите Извештајот на штетните организми го содржи следното: идентитетот на штетниот организам со научно име (на ниво на видови и подвидови); датум на извештајот; домаќин(и) или опфатени производи (според потреба); статус на штетниот организам во рамките на Г5РМ бр. 8; географска распространетост на штетниот организам (по потреба и географска мапа) и природа на непосредната или потенцијалната опасност или друга причина за известување. Извештајот може да ги пропише применетите или потребните фитосанитарни мерки, целта, како и сите останати информации, како што е пропишана евиденцијата на штетни организми во 5РМ бр. 8 (Одредување на статусот на штетен организам во одредено подрачје). Ако сите информации за состојбата на штетните организми не се доволни, тогаш треба да се направи дополнување, со најновите информации, со цел информациите да задоволат. 6.2 Рок на известување Извештаите за појавата, жариштето и ширењето треба да се обезбедат без непотребно одлагање. Ова е значајно кога ризикот од непосредно ширење е висок. Функционирањето на националните системи за надзор и известување бараат одредено време (види дел 5), а особено процесите на проверка и анализа, кој периодот треба да биде што пократок. Извештаите треба да се ажурираат а новите и подеталните податоци да бидат достапни. 6.5 Механизмите за известување и дестинации на извештаите Извештаите за штетните организми, кои претставуваат обврски во рамките на |РРС, треба да се извршат од страна на Националната организација за заштита на растенијата со употреба на најмалку еден од следните три системи: директна комуникација со официјални контакт лица (пошта, факс или електронска пошта) државите се охрабруваат да употребуваат електронски средства при пријавувањето на штетни организми, за да се олесни широко и навремено ширење на информации; отварање на една официјална веб-страна, достапна за пошироката јавност (веб- страната може да се именува како дел од официјалното контакт лице) - прецизни информации за адресата за пристап кон веб-страната, каде се поставени извештаите за штетни организми, кои треба да бидат достапни за другите држави или за Секретаријатот и Меѓународниот фитосанитарен портал (РР). За штетните организми кои претставуваат позната и непосредна опасност за другите држави се препорачува директно известување по пошта или електронска пошта. Државите можат да испратат извештаи за штетни организми до ЕРРО, до приватно договорените системи за известување, преку билатерално договорени системи за известување или на било кој друг начин прифатлив за засегнатите држави. Без оглед на тоа кој систем за известување се користи, Националната организација за заштита на растенијата треба да има одговорност за извештаите. Објавувањето на извештаите за штетни организми во научно списание или во службен весник, кој има ограничена покриеност, не ги исполнува условите на овој стандард. 6.4 Добри практики за известување Државите треба да ги следат „ добрите практики за известување“, утврдени во |!5РМ бр. 8 (Одредување на статусот на штетен организам во одредено подрачје). Ако статусот на штетните организми во една држава е ставен во прашање од страна на друга држава, тогаш примарно е да се направи обид за билатерално решавање на прашањето. 6.5 Доверливост Извештаите за штетни организми не треба да бидат доверливи. Меѓутоа, националните системи за надзор, пријавувањето на штетни организми на своја територија, проверката, како и анализата можат да содржат доверливи информации. Државите треба да предвидат услови во врска со доверливоста на одредени информации (идентитетот на производителите). Националните услови не треба да имаат влијание врз основните обврски за известување (содржината на извештаите, навременоста и т.н.) Доверливоста во билатералните постапки не треба да биде во судир со меѓународните обврски за известување. 6.6 Јазик Не постојат обврски во рамките на !РРС во врска со јазикот кој се користи за пријавување на штетни организми, освен кога земјите бараат информации согласно со член МИ.2ј (РРС, 1997 година), кога за одговор треба да се користи еден од петте официјални јазици на ФАО. Државите се охрабруваат да обезбедат извештаи за штетни организми, како и на англиски јазик, особено за целите на глобалното електронско известување. 7. Дополнителни информации Врз основа на извештаите за штетните организми, државите може да побараат дополнителни информации преку официјалните контакт лица. Земјата - известувач треба да ги достави информациите кои се бараат согласно член МИ.2ј ЏРРС, 1997 година). 8. Преглед Националните организации за заштита на растенијата треба да вршат периодична контрола на надзорот на нивните штетни организми, како и на системите за известување, со цел да се обезбеди дека тие ги исполнуваат своите обврски за известување што ќе допринесе да се идентификуваат можностите за подобрување на безбедноста и навременоста. Исто така треба да се корегираат според потребата. 9. Документација Националните системи за надзор и пријавувањето на штетните организми треба да бидат соодветно опишани и документирани. Овие информации треба да бидат достапни на другите држави, по нивното барање (види Г5РМ бр. 6: Насоки за надзор).