Order on the implementation of international standard for issuing phytosanitary certificate for export no. 7
صدر في 2011-07 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз бр. 7.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Cultivated plants
- الكلمات المفتاحية
- plant protection, certification, international trade, standards
- الفئات
- *, agriculture
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ број 29/05, 81/08, 20/09, 57/10 и 17/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ФИТОСАНИТАРЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ИЗВОЗ БР. 7 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз бр.7. Член 2 Во постапката за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз може да се примени меѓународниот стандард за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз бр. 7 кој е даден во Прилогот и е составен дел на оваа наредба. Член 5 Оваа наредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.1/-488/5 Министер за земјоделство, јули 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср. Прилог ИЗДАВАЊЕ НА ФИТОСАНИТАРЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ИЗВОЗ (Фитосанитарна мерка бр.7) 1997 ОДОБРЕНО Овој стандард беше одобрен од страна на 29-та седница на ФАО конференција во ноември 1997 година. ВОВЕД ОБЕМ Овој стандард ги опишува компонентите на националниот систем за издавање на фитосанитарни сертификати. ЛИТЕРАТУРА Речник на фитосанитарни термини, 1997 година, !5РМ број 5, ФАО, Рим. Меѓународната конвенција за заштита на растенијата 1992 година, ФАО, Рим. ДЕФИНИЦИИ Дефиниците на фитосанитарните термини кои се користат во овој стандард може да се најдат во ОРМ број 5 (Речник на фитосанитарни термини). ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИТЕ Меѓународната конвенција за заштита на растенијата ЏРРС) бара од договорните страни да направат подготовка за издавање на фитосанитарен сертификат, со кој ќе се потврди усогласеноста на фитосанитарните прописи со останатите членки на |РРС. Овој стандард го опишува системот за фитосертификација за извоз, со цел да се изработи валиден и веродостоен фитосанитарен сертификат. Извезените сертифицирани пратки на овој систем, треба да ги исполнат фитосанитарните услови на земјата-увозник. Основните компонентите на фитосертификациониот процес се: утврдување на релевантните фитосанитарни услови на земјата-увозник (вклучувајќи дозволен увоз, доколку тоа е потребно); проверка на усогласеност на пратката со условите за сертификација во дадениот момент и издавање на фитосанитарен сертификат. Условите на системот за издавање на сертификати треба да ги содржат следните функции: Правно овластување и Управување со одговорност, вклучувајќи ресурси, документација, комуникација и преглед на механизмите. БАРАЊА Рамката на системот за сертификација ги вклучува следните компоненти: 1. Правно овластување Фитосанитарниот инспектор како овластено лице врши контрола и издава фит осанитарен сертификат. Фитосанитарниот инспектор, заради заштита од потенцијални проблеми, како конфликт на интереси или лажна употреба на сертификат, има посебно законско овластување да го спречи извозот. Исто така, фитосанитарниот инспектор има овластување да го спречи извозот на пратки кои не ги исполнуваат условите на земјата-увозник. 2. Поделба на . одговорност за управување Фитосанитарната управа треба да обезбеди: развој на билатералните протоколи; систем за управување, кој ќе обезбеди исполнување на сите сертификациони, законски и административни услови; обукии редовна контрола на ефективноста на системот за сертификација при извоз. Фитосанитарниот инспектор треба да има: одговорност за сертификациониот систем за извоз; поврзаност со сите одговорни лица за издавање на сертификатот и утврдување на нивните одговорности и соодветна стручност за преземање на следните мерки: информираност за фитосанитарните услови на земјата-увозник; придржување кон процедурите, за да обезбеди сигурност дека фитосанитарните услови се задоволени за земјата-увозник; вршење инспекција, тестирање на пратките и придружните превозни средства; идентификација на штетни организми, најдени при преглед на пратките; потврдување на интегритетот и веродостојноста на фитосанитарните процедури; комплетирање со издавање на фитосанитарен сертификат; достапно чување на документите и достапност на информации од сертификацијата. и Ресурси 51. Кадар Фитосанитарната инспекција треба да има соодветен стручен кадар за должностите, одговорностите и позициите кои ги застапува. Исто така службениците треба да се обучува за стекнување на искуства во: вршење на преглед на растенија, растителни производи и други објекти и предмети со цел издавање на фитосанитарен сертификат; идентификација на растенија, растителни производи и други објекти и предмети; откривање и утврдување на штетни организми; надзор на фитосанитарните третмани потребни за сертификација; истражување, следење и контрола на активностите поврзани со фитосанитарната сертификација; поставување на соодветни системи за сертификација и формулирање на инструкциите од земјата-увозник, која поставува фитосанитарни барања и ревизија од овластени лица на системот за сертификација, доколку има потреба. Освен за издавање на фитосанитарен сертификат, неслужбените лица можат да бидат овластени од страна на Фитосанитарната управа, за да вршат определени функции за сертификација. За да бидат овластени како службени лица, треба да бидат квалификувани, обучени и одговорни пред Фитосанитарната управа. За да се обезбеди независност во примена на нивните официјални функции, тие треба да бидат со еднакви овластувања како и фитосанитарните инспектори, за да нема финансиски злоупотреби. 2.2. Информација за фитосанитарните услови на земјата-увозник Фитосанитарната управа треба да дава официјални информации во врска со барањата за увоз на земјата увозник, кои треба да бидат корисни за извозникот, за да се добијат официјални информации за потребите на земјата-увозник, како и за Фитосанитарната управа. 3.5. Технички податоци Фитосанитарната инспекција треба да има обезбедено кадар кој ќе биде вклучен во фитосертификацијата и обезбеденост со соодветни технички информации за штетните организми на земјата-увозник, вклучувајќи: нивно присуство и распространетост во земјата извозник; биологија, следење, откривање и идентификување на штетните организми и постапување со штетни организми (по потреба). 54. Опрема Фитосанитарната инспекција треба да обезбеди соодветна опрема и објекти достапни за вршење на преглед, тестирање, верификација на пратката, како и постапка за фитосертификација. 4, Документација 4.1. Фитосанитарен сертификат Треба да се употребува моделот на фитосанитарни сертификати кој е опишан во Анексот на РРС. Фитосанитарниот сертификат треба да содржи доволно информации за јасно идентификување на пратката за која се однесува. Фитосанитарниот сертификат не треба да содржи други информации, кои не се од фитосанитарна природа. Рокот на важење на фитосанитарните сертификати не треба да биде неограничен, туку ограничен (14 дена), до степен за кој Фитосанитарната управа смета дека е соодветен, за да се обезбеди фитосанитарен и физички интегритет. Соодветните услови на употреба поврзани со правната одговорност, треба да бидат вклучени на издадениот фитосанитарен сертификат. 4.2. Фитосанитарен сертификат за ре-експорт Пред издавањето на фитосанитарен сертификат за ре-експорт на пратката, Фитосанитарниот инспектор треба: да го провери оригиналниот фитосанитарен сертификат издаден од земјата на потекло и да утврди дали условите на земјата на дестинација се поригорозни, исти или се помалку ригорозни од условите во фитосанитарниот сертификат. Доколку пратката е препакувана, треба да се спроведе дополнителен преглед, без оглед на ригорозноста на условите. Доколку пак, пратката не е препакувана, се јавуваат два случаи: доколку условите се исти или помалку ригорозни, нема да биде потребен дополнителен преглед и доколку условите се поригорозни, треба да се спроведе дополнителен преглед. Доколку земјата на крајната дестинација бара посебни фитосанитарни услови (во полето на инспекција), а таа земја што врши ре-експортот не може да ги исполни целосно, во тој случај фитосанитарниот сертификат за реекспорт неможе да се прифати (освен ако посебните фитосанитарни услови не бидат вклучени) и во тој случај условите треба да бидат препишани од оргиналниот фитосанитарен сертификат. Испитувања на примероците може да врши само земјата на крајна дестинација доколку има соодветна лабораторија и се согласи за тоа. Доколку регуларниот реекспорт постои или е започнат, соодветните процедури за исполнување на овие посебни услови требаат да бидат договорени помеѓу Националната организација за заштита на растенијата на земјата на потекло (МРРО) и на земја на реекспорт. Доколку земјата на ре-експорт не бара фитосанитарен сертификат за пратката, но земјата на дестинација бара, а барањата се исполнети со визуелен преглед или лабораториски испитувања на примероци, тогаш земјата на ре-експорт може да издаде фитосанитарен сертификат со внесување во заграда на земјата на потекло. 4.5, Постапки Фитосанитарната управа изработува процедури и работни упатства, додека фитосанитарниот инспектор ја води постапката за собирање на документи и соодветно го покрива секој аспект на системот за сертификација. Клучни компоненти се: а). Упатства за фитосанитарни сертификати: контрола врз издавањето (рачно или електронски); назначување на овластени лица кои издаваат сертификат; вклучени и дополнителни соопштенија; обработка, промени и комплетирање на сертификатот и доставување и потпишување на фитосанитарни сертификати. 6). Упатства врз другите компоненти: постапки за работа со производителите; преглед, земање мостри и постапки за потврдување; безбедност врз службени пломби/ означувања; идентификација на пратката, следење и безбедност и . евиденција и чување на документи. ДД, Евиденција Евиденцијата треба да се води за сите активности, наведени во овој стандард. Примерок од копијата од секој фитосанитарен сертификат треба да се зачува поради проверка на веродостојноста. Фитосанитарниот сертификат издаден за секоја пратка, треба да се чува соодветно, како и останатата документација: за секоја инспекција за тестирање, третман или друга проверка што била спроведена врз пратката; за имиња на овластените лица; за датумот на кој била преземена активноста; за добиените резултати и за сите земени примероци. Исто така треба да се води евиденција и за оние пратки за кои не се издадени фитосанитарни сертификати. На Фитосанитарната управа треба да и е обезбеден пристап до сите податоци кога е потребно. Треба да има безбедно електронско чување на податоците. 4.5. Следење на пратка Пратките и нивните сертификати соодветно треба да се следат низ сите фази на производство, ракување и транспорт се до местото на извоз. Ако Фитосанитарната инспекција дознае дека сертифицираната пратка што се извезува, не може да се усогласи со фитосанитарните услови на земјата- увозник, во тој случај Фитосанитарната инспекција веднаш треба да се консултира со земјата-увозник. 5. Комуникација 5.1. Во рамките на земјата извозник Фитосанитарната инспекција треба да води процедури за навремена комуникација со стручните кадри и со производителите за промени во: фитосанитарни барања на земјата увозник; статусот на штетни организми и нивна географска распространетост и оперативните постапки. Фитосанитарната инспекција треба да воспостави процедура за нестандардните пратки, која ќе обезбеди брза комуникација со сите чинители, производството и овластениот кадар. Целта е полесно да се реши проблемот и да се спречи повторно доставување на пратката, освен доколку е преземена одобрена корекција. 5.2. Надвор од земјата извозник Фитосанитарната управа треба: да одржува врски со Националните Организации за Заштита на растенијата и да преговара за фитосанитарните услови; да има контакт со Националните Организации за Заштита на растенијата на земјата увозник, за да се следат нерегуларностите и да одржува врски со регионални организации од областа за заштита на здравјето на растенијата како и други меѓународни организации, со цел усогласување на фитосанитарните мерки и размена на информации. б. Преглед на механизмите 61 Преглед на системот Фитосанитарната управа би требало периодично да ги разгледа сите аспекти на ефикасност на системот за издавање сертификат за извоз и да иницира промени доколку тоа е неопходно. 6.2 Вонредна контрола Фитосанитарната управа треба да воспостави истражна процедура на извештаите од земјите увозници за нестандардните пратки опфатени со фитосанитарен сертификат. Ако се побара од земјата-увозник, треба да се достави извештај за резултатот од истрагата.