تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Order on taking measures to prevent the emergence and spread of the harmful organism Monilinia fructicola (Winter) honey and measures to suppress it

صدر في 2019-04-15 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Наредба за преземање на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот организам monilinia fructicola (winter) honey и мерки за негово сузбивање.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Cultivated plants
الكلمات المفتاحية
plant protection, pests/diseases, hygiene/sanitary procedures, risk assessment/management
الفئات
agriculture

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69, алинеја 5 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/15, 45/14, 158/14, 149/15, 59/16 и 85/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе НАР ЕД БАЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЈАВА И ШИРЕЊЕ НА ШТЕТНИОТ ОРГАНИЗАМ Мопитпта ѓгиснсо!а (МЛпкег) Нопеу И МЕРКИ ЗА НЕГОВО СУЗБИВАЊЕ Член 1 Со оваа наредба се определува преземањето на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот органи зам Мопуипка Гисисоја (МИЛпкег) Нопеу и мерки за негово сузбивање. Член 2 Мерките кои се преземаат заради спречување на појава и ширење на штетниот организам Мопипаа Ггиснсо|а (МЛпќег) Нопеу и мерките за негово сузбивање имаат за цел да се: а) сведе на минимум фитосанитарниот ризик за негова појава и ширење; б) лоцира и одреди неговата распространетост и дистрибуција на територијата на Република Северна Македонија; в) намали инфективниот потенцијал на габата и г) стави под контрола неговата дистрибуција. Член 5 Мерките за спречување на појава и ширење на штетниот организам Моп!пѓа Ггиснсоја (МЛпкег) Нопеу и мерките за негово сузбивање се преземаат на местата на производство, местата на складирање и дистрибуција и местата на увоз над растенија и растителни производи кои припаѓаат на следните родови: Ргипи5 5р. (праска, нектарина, цреша, вишна, слива и кајсија); Ма|и5 5р. (Јаболка); Руги5 ор. (круша) и Судопѓа 5р.дуња). Член 4 При преземањето на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот организам МопИпја Тгисисоја (ИЛпќег) Нопеу и мерките за негово сузбивање, треба да се примени Упатството за преземање на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот организам Моп!пѓа Тгисисоја (МЛпкег) Нопеу и мерки за негово сузбивање, кое е дадено во Прилог и е составен дел на оваа наредба. Член 5 Оваа наредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Министер за земјоделство, шумарство и Бр.103-40/4 водостопанство, 15 април 2019 година ЈБупчо Николовски, ср. Скопје Прилог Упатство за преземање на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот организам Мопиина Јиснсота (Уаќег) Нопеу и мерки за негово сузбивање 1. Вовед Во ова упатство се дадени насоки за преземање на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот организам Мопијија Кисцсоја САјшег) Нопеу и мерки за негово сузбивање. 1.1. Идентитет Назив: Мопитѓа ј-иенсоѓа (Уучпкет) Нопеу Синоними: 5е/егојиѓа Јеисисоја (Млпет) Вепт Анаморф: Мопија 5р. Таксономија: Габа: Азсотусеѓез: Не|онаје5 Во Листата на ЕРРО - А2 бр. 153, во Република Северна Македонија Листа | дел А секција 1 МотИтаа Јуиенсота е фитопатогена габа од редот Не|она!ез. Предизвикува кафеаво гниење на плодовите од коскестото овошје. Освен гниење на плодовите, предизвикува и сушење на цветовите, сушење на гранчињата, и рак-рани на гранките. Габата произведува голем број на спори и може да претставува огромен проблем, особено за време на влажните сезони. Продолжениот влажен временски период за време на цутењето може да резултира со инфекција на голем дел од цутовите. Потребното времетраење на влажните периоди за да дојде до инфекција на цутовите, зависи од температурата. Плодовите може да бидат заразени од заврзувањето па се до бербата, но најосетливи се во фазата на зреење. Симптомите од кафеавото гниење на плодовите може да се јават и после бербата. При топли услови, зрелите плодови може да изгнијат за само два дена. Главниот спектар на домаќини на оваа габа ги опфаќа овошните видови од фамилија Козасеае, и тоа претежно праската и другите коскести видови од родот Реилиз, а во помала мера јаболкото и крушата. Габата исто така може да се најде кај растенијата од родовите Слаепотеѓе5, Стаѓаевиз, Судонта и Енофотуа. Во неодамнешен извештај од Јапонија се тврди дека Молика ЈгисНеока причинува кафеаво гниење и кај грозјето. Во регионот на ЕРРО најзастапени домаќини на оваа болест се јаболкото, крушата и праската. Мопитѓа Јеиснсоја презимува во или на мумифицираниот плод или пак на инфицираните ткива кај дрвјата, како што се гранчињата, леторастите "и рак-раните на гранките. Конидиите што се формираат во влажни услови, напролет се шират преку ветерот, и во присуство на влага ги инфицираат цутовите, по што доаѓа до сушење на истите. Ова води до инфекција на младите гранчиња или листовите (сушење на гранчињата и листовите) и рак-рани на лисната дршка. Влажноста игра важна улога во процесот на инфекција со габата. Доколку условите се суви, дури и во присуство на огромен инфективен потенцијал, можноста за инфекција е сведена на нула; при 3 часовен влажен период, инфекцијата и понатаму е ниска; додека при 15 часовен влажен период, патогенот може да инфицира над 8075 цветовите од црешата. Во текот на вегетацијата се формираат голем број на конидии, коишто ги инфицираат зрелите плодови. Формирањето на конидиите зависи од температурата. Температурите од околу 15"С се сметаат за поволни за формирање на голем број конидии, подобро "ртење на конидиите и најважно зголемена агресивност на патогенот. Инфицираните плодови обично мумифицираат, но ако до инфекција дојде за време на или пред бербата, може да дојде до гниење на плодовите и после бербата. Телеоморфниот стадиум (сексуалниот стадиум), кој ретко може да се забележи кај сродните европски видови Моп!та Јуиснеепа и Мопитѓа аха е доста важен во животниот циклус на МопШиѓа Јаменсота. Напролет доаѓа до формирање на апотеции на паднатите мумифицирани плодови. Тие испуштаат аскуси во влажни временски услови, кои што во присуство на влага ги инфицираат цветовите. 2. Симптоми Во принцип, освен по пат на лабораториско испитување, не може да се направи разлика меѓу МонШиѓа Јеиснеоѓа и другите габи коишто причинуваат кафеаво гниење на плодовите. Почесто се јавува кај праската и нектарината, додека пак Мопииќа (аха ги претпочита кајсијата и бадемот. Но и двата вида може да се појавуваат кај сите растенија од родот Рецниз и тешко се разликуваат. МопШтиѓа Јгисирепа почесто може да се забележи кај јаболкото и крушата. Кај плодовите, мекото кафеаво гниење (кое некогаш поцрнува кај јаболкото) е проследено со појава на спородохии (перничиња од конидии) на површината од плодот (особено на местата со повреди). Кај МоишШиѓа јаиснсоѓа и Мопитка аха, спородохиите се со сивкаста боја, додека кај Мошиѓа Јј-исНеепа имаат изразито светложолта боја. При пониска влажност може да не дојде до создавање на перничиња од конидии; наместо тоа целиот плод дехидрира и мумифицира. Инфицираните цугови и листови покафенуваат и венеат и добиваат типичен изглед на исушување, Инфекциите на стебленцето причинуваат кафеави, налегнати рак-рани, кои често се пропратени со акумулирање на површинска смола. НГабите причинители на кафеаво гниење предизвикуваат сушење на цутовите и гранчињата и меко распаѓање кај плодовите од праска, цреша и слива. Па така се разликуваат две фази на болеста: меушење на цутовите и сушење на гранчињата Оваа фаза од болеста се јавува рано напролет, во фаза на цветање на овошките, иако до сушење на гранчињата може да дојде и за време на гниењето на плодовите. Најпрвин габата ги колонизира прашникот и толчникот кај цветот. Потоа габата ги капаѓа сите цветни делови „дршките и околните ливчиња, ластарите и гранчињата за коишто е прикачен ластарот. Заразените цутови овенуваат, покафенуваат и обично остануваат да висат на гранчето. Инфекцијата која што се шири на ластарите и гранчињата, резултира со некроза на дрвекестото ткиво (рак-рана). Понекогаш доаѓа до директна зараза на гранчињата и изданоци, кога има продолжени периоди на влага и високи температури. При влажни услови на површината од заболените цугови и гранчиња се формираат спородохии со синвкасто-пепеласта или сивкасто-кафеава боја кои создаваат конидии (асексуални спори) на површината од заболените цутови и гранчиња. Присуството на конидии е дијагностички знак со чија што помош се прави разлика меѓу кафеавото гниење од останатите габни и бактериски болести кај коскестото овошје. Од рак-раните често се јавува ексудат на смолеста материја, поради што доаѓа до прилепување на исушените цутови на гранчињата. гниење на плодовите Осетливоста на плодовите на кафеаво гниење се зголемува во текот на 2 до 3 недела пред бербата. Зголемената подложност се поврзува со зголемувањето на содржината на шеќерот додека созреваат плодовите. На почетокот на плодот може да се забележат светлокафеави кружни дамки. Во влажни услови, на овие лезии се формираат спородохии (перничиња од конидии) со пепеласто-сива или пепеласто-кафеава боја. На една лезија може да има и илјадници конидии, каде што секоја од нив има потенцијал да поттикне нова инфекција. Ако условите се влажни и топли при зреењето на плодовите, буквално преку ноќ може да дојде до гниење на сите плодови во рамките на насадот. Заболените плодови кои нема да отпаднат, дехилрираат, мумифицираат и остануваат да висат на гранката. Понекогаш габичната инфекција се проширува од плодот на гранчињата и на гранките. Иако не така често, кафеавото гниење може да се јави и кај зрелите јаболка и круши. 3. Начини на ширење и распространување Габата може да се шири и на подолги и на пократки растојанија. Ширењето на подолги растојанија е преку растителен материјал (подлоги, калем гранки, калемени садници, мали гранчиња со пупки наменети за калемење на подлога од друго растение) кај кои што можеби има латентна контаминација од страна на патогенот, и претставуваат главен начин за внесување и ширење на патогенот на нови поврпгини. Ширењето на пократки растојанија обично се јавува во рамките на овоштарниците за време на дожд или град. Способноста на патогенот да се шири, временските услови и појавата на болеста се во тесна врска, како што беше покажано при изготвувањето, спроведувањето и валидацијата на моделот за предвидување болести. Во главно, увозот на садници од родовите Реипиз, Маѓие, Ругиз, Судонја и други од фамилијата Ќозасеае коишто потекнуваат од нападнати области, претставуваат најголем ризик за внесување на Мопиија Јгисисоѓа во земјата. Кај растенијата што се во состојба на мирување, а се наменети за садење, можеби постои латентна инфекција, па затоа е тешко да се „улови“ патогенот при контролите за увоз. 4. Фнтосанитарен ризик Ризикот од меѓународно ширење по природен пат е релативно низок, дури и кога габата може да се шири преку ветерот и преку инсектите, како што е ДуозориНа теѓаповачет (Охрхега) којашто можеби е контаминирана со габата. Најверојатниот начин за внес е преку садниот материјал од осстливи видови, особено од вкоренети растенија, но исто така и од пупките. Исто така постои одреден ризик и кај свежото овошје, особено јаболкото, крушата и овошните видови од родот Ргипиг. ЕЕ5А утврдила дека постои голема веројатност за внесување на Мотииѓа Јуиснсоја преку растителен материјал за размножување, свежи плодови од осетливи родови и преку природен пат од нападнатите свропски земји кои што не се членки на ЕУ. Веројатноста ес мала ако станува збор за исушени плодови и по природен пат од нападнатите неевропски земји. И во двата случаи, несигурноста е мала. Населувањето на МопИиѓа јеисНнсоѓа во делот на процената на ризик е доста веројатно, со многу мала несигурност, како резултат на расположливоста на растенијата домаќини со долг период на подложност и поволни природни услови. Конкурентноста на другите видови Мотшииѓа (Мопитѓа Гаха и Мопита Јиенеена), земјоделските практики и контролните мерки што во моментов се применуваат, не можат да го спречат населувањето на штетниот организам. Дополнително, штетниот организам е веќе забележан во неколку земји-членки во подрачја на процена на ризикот (Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска, Романија. Словенија и Шпанија). Голема е веројатноста за ширење на Молика Јгиснсоѓа во подрачјата на проценка на ризик, со ниско ниво на несигурност, како резултат на повеќето начини на ширење (природна и потпомогнато од страна на човекот) и широката распространетост на видовите домаќини во делот на процена на ризикот и отсуството на делотворни бариери. 5. Инспекција Во суштина, треба 10095 да се провери целиот материјал за размножување којшто доаѓа од релевантните растенија домаќини. Се претпочита оваа проверка да се изврши двапати во текот на вегетацискиот период. Инспекцијата на другите култури - насади, како што се комерцијалните овоштарници, да се врши за време на инспекциите за други цели, како на пример при барање други карантински штетни организми. 6. Земање примероци од растенија Примероци се земаат во случај да се забележат симптоми кои што укажуваат на зараза со вируси. Како примероци треба да се земат контаминираните делови од растенијата, во различна фаза на развој на симптомите. 7. Процедура за земање примероци По секој земен примерок, алатката или опремата треба да се дезинфицира со алкохол или пак специјална течност за дезинфекција (по можност меѓу партиите, а секогаш меѓу местата на производство). Земените примероци од живите растенија треба да се стават во филтер хартија. Секој примерок треба да се стави во посебна пластична кеса на која што ќе биде прикачена стикета. Примерокот треба да се достави во лабораторија што е можно поскоро, но не подоцна од 2 дена. Примероците со живи делови од растенија треба ла се чуваат на ладно пред испораката (на 4 ?С). Се препорачува примероците да се земат во присуство на производителот или пак негов претставник и потоа да се запечатат. тии ала тула ддалоЏтва наро тате 8. Содржина на етикетата Потекло на растението Ботанички назив на растението Сорта на растението (задолжително за растенија наменети за садење). Наменалтип на производство Големина на проверена партија (увоз) или пак на проверена локација и големина на проверената површина (ари/хектари). Забележани симптоми Датум на инспекција Име на инспекторот 9. Алатки и материјал за земање примероци Лозарски ножици Нож Ракавици за една употреба Комбинезон/најлонски обувки за една употреба 7096 алкохол или пак друга течност за дезинфекција Пластични кеси за една употреба Хартија (филтер) што впива течности Етикети Пломби Протокол за земање примероци Забелешка: Од суштинско значење се добрите хигиенски мерки, како би се спречило внесување и ширење на штетни организми или болести. Инспекторот треба да ги преземе сите мерки за заштита за време на сите посети на местата каде што врши инспекција: миење и/или дезинфекција пред инспекторот да влезе на местото на инспекција, или пак да носи мантил за една употреба; да носи ракавици и лабораториски мантил за една употреба каде што е соодветно (особено кога зема примероци од растителен материјал). 10. Спречување и контролни мерки Мопитѓа Јуисисоѓа е штетен организам на ЕРРО со ознака А2 а исто така и карантински штетен организам за ТАР5С. Фактот што Мопитѓа јеиснсоја се чини дека е попроменлива и прилагодлива, за разлика од европските видови Мопиија Јгиснеепа и Мопитѓа јаха (веројатно во тесна врска со почестата појава на телеоморфниот стадиум) подразбира лека е голема веројатноста да причини сериозни загуби во регионот на ЕРРО, во ситуации каде што европските видови не се значајни. Треба да се забележи дека за Австралија, МопиИтѓа Јеиснеепа претставува опасен карантински штетен организам. 10.1. Превентивни мерки за контрола 1. Да се отстранат сите суви и полусуви гранки и гранчиња. 2. При резидбата да се реже најмалку 20 ст под сувиот дел, бидејќи габата навлегува длабоко во дрвото. Со оглед на тоа дека коскестото овошје може да се реже и во текот на вегетацијата, најдобро е да не се чека и да се изврши летна резидба на овошките. 3. Изрежаните заразени гранки и гранчиња да се отстранат од овоштарникот и да се спалат. 3. Да се отстранат сите заболени, мумифицирани плодови од крошната како и паднатите мумифицирани плодови на почвата во овоштарникот, на кој начин значително се намалува инокулумот (заразниот материјал) од патогенот. 4. Отстранетите плодови да се спалат или закопаат длабоко во почвата. 5. Овоштарникот да се одржува чист и без плевелна вегетација. 6. Доколку е возможно, да се отстранат дивите видови Ргипи5 рр. коишто се наоѓаат веднаш до/околу овоштарникот, како и растенија од родовите Сиаепоте!е5, Стаѓаериз, Судонѓа и Еноботуа, кои се исто така домаќини на габата. 10.2. Хемиски мерки за контрола 1. Зимско третирање со бакарни препарати (бакар оксид, бакар хидроксид, бакар оксихлорид, трибазен бакар сулфат, Бордовска чорба), најдоцна до почетокот на бубрењето на пупките, за намалување на инфективниот потенцијал на габата; 2. Третирање во фаза на цветки балони, односно непосредно пред отворање ка цветовите (манкозеб, пропинеб, каптан, метирам); 3. Третирање во фаза на полно цветање, а најдоцна до прецветување на овошките (ципродинил, ципродинил“флулиоксинил, пириметанил, боскалид, боскалилчпираклостробин, " фенхексамид, . хлорталонил, „ тиофанат-метил, тебуконазол) и 4. По потреба уште 1-2 третирања во вториот дел од вегетацијата за заштита на плодовите од кафеаво гниење (ципродинил, ципродинилтфлудиоксинил, пириметанил, боскалид, боскалид--пираклостробин, фенхексамид). Со оглед на фактот дека заразата на плодовите најчесто се остварува преку повреди нанесени од штетни инсекти, се препорачува и задолжителна контрола на пага ЦлеаеЦа (прасков молец) и Спуарио!На тоѓечка (прасков смотавец) во насадите од праска, нектарина и кајсија, Клавоѓену сетам (црешова мува) во насадите со вишна и цреша и на СтариоШа Јинебнана (сливов смотавец) во насадите со слива. 10,3, Постбербени мерки за контрола 1. Да се прегледаат и отстранат сите заразени плодови за да се спречи зараза на здравите плодови и понатамошно ширење на патогенот. 2. Да се отстранат и уништат сите заразени плодови пред внесување во магацин или ладилник. 3. Да се изврши дезинфекција на магацините, контејнерите и другиот материјал за цакување доколку претходно бил користен. 4. Да се закопаат заразените плодови далеку од овоштарниците, магацините или објектите за преработка или евентуално да се запалат.

Order on taking measures to prevent the emergence and spread of the harmful organism Monilinia fructicola (Winter) honey and measures to suppress it · Nelum