Monitoring Programme for animal feed safety for 2019
صدر في 2019-01-08 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Програма за мониторинг за безбедност на храна за животни за 2019 година.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- أخرى
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock
- الكلمات المفتاحية
- animal feed/feedstuffs, monitoring, policy/planning, residues, pests/diseases, toxicity/poisoning, animal health
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 1 од 9 20190050091 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 76-а став (7) од Законот за безбедност на храната за животни („Службен весник на Република Македонија” бр. 145/10, 53/11, 1/12, 33/15, 149/15 и 53/16), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 8.1.2019 година, донесе ПРОГРАМА ЗА МОНИТОРИНГ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ ЗА 2019 ГОДИНА Член 1 Со оваа програма се врши мониторинг на безбедноста на храната за животни заради откривање на присуство на резидуи, контаминенти и недозволени или непожелни супстанции, суровини и производи во храната за животни. Член 2 (1) Цел на оваа програма е утврдување на одредени несообразности во однос на прописите за безбедност на храната за животни. Оваа програма се применува во сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни, со исклучок на примарното производство на храна за животни наменета за исхрана на животни кои се одгледуваат за производство на храна за луѓе за сопствени потреби во домаќинството. (2) Со оваа програма ќе се спроведат триста педесет и едно аналитичко испитување, за утврдување на микробиолошката исправност на храната за животни, одредување на нивото на непожелни супстанции во храната за животни и утврдување на присуството на забранети супстанции во храната за животни согласно Правилникот за општи и посебни барања за безбедност на храна за животни, Правилникот за листа на непожелни супстанции во храната за животни и максимално дозволено ниво како и критичните точки за спроведување на истражување за идентификација на изворот и причините за пречекорување на максимално дозволеното ниво, Правилникот за начинот и постапката на земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни и Листата на суровини, материјали и други производи чие ставање во промет и употреба се забранети. (3) Земање примероци и лабораториско испитување се врши за следните патогени агенси и супстанции/групи на супстанции: 1) Микробиолошки опасности (Salmonella); 2) Неоргански контаминенти и азотни соединенија; 3) Микотоксини; 4) Органохлорни соединенија (со исклучок на диоксини и полихлорирани бифенили); 5) Диоксини и полихлорирани бифенили; 6) Одобрени адитиви и 7) Контаминација со забранети животински протеини. (4) Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата), мониторингот на безбедноста на храната за животни го спроведува согласно Планот за земање на примероци од храна за исхрана на животни кој е даден во Прилог и е составен дел на оваа програма. Бројот на примероци даден во Прилогот на оваа програма ќе биде поделен во подрачните единици на Агенцијата на месечно ниво, во согласност со бројот на животни кои се наоѓаат на територијата или на местото каде се произведува, односно увезува храната за животни. Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 2 од 9 (5) Средствата за реализација на оваа програма се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. Член 3 (1) Храната за животни не треба да биде микробиолошки контаминирана. Цел е да се оцени контаминацијата на храната за животни со Salmonella spp. (2) Mониторингот опфаќа собирање на податоци во врска со присуството на Salmonella spp. во храната за животни од животинско и од неживотинско потекло. (3) Примероци за микробиолошко испитување се земаат од: 1) суровини од растително потекло како што се маслодајни растенија, маслодајни овошја и производи добиени од истите: (а) кикирики и производи добиени од истите; (б) семе од репка и производи добиени од истите; (в) кокосов орев и производи добиени од истите; (г) соја (зрна) и производи добиени од истите; (д) семе од памук и производи добиени од истите; (ѓ) сончогледово семе и производи добиени од истите; (е) ленено семе и производи добиени од истите и (ж) производи добиени од други маслодајни семиња. 2) суровини од животинско потекло: (а) нус–производи од животинско потекло - преработени животински протеини; (б) присуство на крвно брашно; (в) чварки; (г) рибино брашно; (д) друга храна за животни која содржи рибино брашно и (ѓ) други сурови материјали од животинско потекло. 3) крмни смеси за исхрана на живина и свињи. (4) За поделба на примероците, треба да се пратат следните критериуми врз основа на ризик: 1) примероци од суровините за храна за животни се земаат од регистрирани и/или одобрени објекти и оператори за храна за животни за време на истоварот и складирањето и 2) за крмни смеси за исхрана на животните, примероците се земаат на крајот на производствениот процес или за време на складирањето во производствениот погон. Член 4 (1) Земање примероци за испитување на присуство на неоргански контаминенти и азотни соединенија се врши од храна за животни која е идентификувана според проценка на ризик. Опасностите од надминување на максимално дозволеното ниво на неоргански контаминенти и азотни соединенија во храната за животни можат да потекнуваат од контаминираните суровини за храна за животни или контаминацијата во текот на производствениот процес. (2) При земање примероци за испитување на арсен треба: 1) бројот на примероци да биде поделен според раширеноста на оператори со храна за животни на територијата. 2) Места за земање примероци се: (а) регистрирани и/или одобрени објекти и оператори со храна за животни кои користат рибино брашно за производство на храна за свињи, храна за кокошки (несилки) и храна за аквакултура; (б) фарми за свињи и живинарски фарми (кокошки несилки) каде се употребува рибино брашно и Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 3 од 9 (в) рибници. (3) При земање примероци за испитување на кадмиум треба: 1) примероците да се земаат од следните типови на храна за животни: (а) храна за животни за преживни животни (говеда, овци и кози); (б) фуражна храна за преживни животни (говеда, овци и кози); (в) силажа и (г) адитиви кои содржат цинк и фосфати (DCP/MCP). 2) бројот на примероци да биде поделен според бројот на животни на територијата и нивната категорија. 3) Места за земање примероци се: (а) регистрирани и/или одобрени оператори за храна за животни каде што се произведува храна за преживни животни (говеда, овци и кози) и (б) фарми за преживни животни (говеда, овци и кози). (4) При земање примероци за испитување на жива треба: 1) примероците да се земаат од следните суровини за храна за животни и крмни смеси за исхрана на животните: (а) крмна смеса наменета за аквакултура; (б) храна за животни која содржи рибино брашно и (в) суровини за храна за животни (рибино брашно). 2) земањето на примероци од храна за аквакултура да се подели според бројот на објекти за аквакултура кои се наоѓаат на територијата. Примероците од храна за животни која содржи рибино брашно треба да се поделат според бројот на свињи и живина кои се наоѓаат на територијата која претставува место каде најверојатно може да се најде рибиното брашно. 3) Места за земање примероци се: (а) регистрирани и/или одобрени оператори за храна за животни каде се користи рибино брашно за производство на храна за свињи и за кокошки несилки; (б) регистрирани и/или одобрени оператори за храна за животни каде се користи рибино брашно за производство на храна за аквакултура; (в) фарми за свињи каде се употребува рибино брашно или храна за животни која содржи рибино брашно; (г) живинарски фарми каде се употребува рибино брашно или храна за животни која содржи рибино брашно и (д) рибници. (5) При земање примероци за испитување на олово треба: 1) примероците да се земаат од следните суровини за храна за животни и крмни смеси за преживни животни (говеда и овци) и за живина: (а) силажа; (б) фуражна храна; (в) минерални премикси и (г) минерална храна за животни. 2) Места за земање примероци се: (а) фарми за говеда каде се употребуваат силажа и фуражна храна; (б) фарми за кокошки несилки и (в) регистрирани и/или одобрени објекти и оператори за храна за животни. (6) При земање примероци за испитување на нитрити треба: 1) примероците да се земаат од силажа и 2) при поделбата на земањето на примероци се земаат во предвид фармите каде се користи силажата заедно со бројот на животни на територијата. 3) Места за земање примероци се: Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 4 од 9 (а) фарми за млечни крави и (б) фарми за крави наменети за комбинирано производство (млеко и месо). Член 5 (1) Земање примероци заради утврдување на присуство на микотоксини во храната за животни се врши за да се утврди нивото на контаминација на храната за животни во однос на географската местоположба и типот на храната за животни. (2) Мониторингот треба да се врши низ целиот ланец на производство, имајќи го во предвид различното развивање на токсините на нива и на местото на складирање. (3) Главни цели на мониторингот се: 1) да се утврди усогласеност на храната за животни со законските барања за безбедност на храната за животни и 2) да се спроведат контроли низ целиот ланец на производство. (4) Мониторингот ја опфаќа храната (крмните смеси) за исхрана на фармски одгледуваните животни. (5) Примероци се земаат од следната храна за животни: 1) суровини за храна за животни кои се складирани долго време (пченка и производи добиени од пченка, пченица, јачмен, сирак, други житарки, маслодајни растенија и маслодајни овошја и производи добиени од истите), кикирики и производи добиени од истите, сончогледово семе и производи добиени од истите, семе од памук и производи добиени од истите, соја (зрна) и производи добиени од истите. Најдобро е да се мострираат пратките кои долго се складирани; 2) крмни смеси за исхрана на млечни крави; 3) крмни смеси за исхрана на други млечни животни и 4) крмни смеси за исхрана на свињи. (6) Земањето примероци се врши на следните локации: 1) регистрирани и/или одобрени објекти и оператори за храна за животни, со посебно внимание на фазите на складирање, транспорт и дистрибуција на храната за животни вклучени во бизнисот со храна за животни и 2) фарми. (7) Примероците по можност треба да се земаат: 1) кога храната за животни е целосно мувлосана или доколку мувлата е содржана во една од најважните суровини за храна за животни кои се користат и 2) кога се забележани промени во производството или во голем процент во здравствениот статус на стадото без некои посебни причини. Член 6 За испитување на oрганохлорни соединенија треба да се земаат примероци од: 1) следните суровини за храна за животни и крмни смеси за животни: (а) рибино брашно; (б) масти и масла од животинско потекло и (в) храна за животни за кокошки несилки, аквакултура и млечни крави. 2) Места за земање примероци се: (а) регистрирани и/или одобрени објекти и оператори за храна за животни каде се користи рибино брашно, масти и масла од животинско потекло; (б) регистрирани и/или одобрени објекти и оператори за храна за животни каде се произведува храна за исхрана на кокошки несилки, млечни крави и аквакултура; (в) фарми за млечни крави или комбинирано производство (млеко и месо); (г) живинарски фарми; (д) рибници и (ѓ) ветеринарно инспекциско место на граничен премин (увoз на храна за животни). Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 5 од 9 Член 7 (1) За одредување на присуството на диоксин (збир од полихлорирани дибензо-пара диоксини (ПДПДи) и полихлорирани дибензофурани (ПХДФи) и збир од диоксини и полихлорирани бифенили слични на диоксин (збир од полихлорирани дибензо-пара диоксини (ПДПДи) и полихлорирани дибензофурани (ПХДФи), кои се дадени во Прилог 1 од Правилникот за листата на непожелни супстанции во храната за животни и максимално дозволено ниво како и критичните точки за спроведување на истражување за идентификација на изворот и причините за пречекорување на максимално дозволеното ниво, одреден дел од примероците треба да се земат од ризичната група на суровини за храна за животни, особено од увезената, како што се мастите и маслата. (2) Одреден дел од примероците треба да се земат од ризичната група на суровини за храна за животни, особено од увезената, како што се мастите и маслата. (3) Примероци се земаат од: 1) суровини за храна за животни: (а) производи од животинско потекло, вклучувајќи млеко во прав и производи од јајца; (б) животински масти; (в) рибино масло; (г) рибино брашно; (д) житни култури и производи добиени од житни култури; (ѓ) маслодајни растенија и маслодајни овошја и производи добиени од истите и (е) минерали. 2) адитиви на храна за животни и премикси: (а) елементи во трагови; (б) врзувачи и (в) агенси против стврднување. 3) крмни смеси за исхрана на фармски одгледувани животни. (4) Посебно внимание треба да се обрне на контролата на додатоците на храна за животни, со цел да се спречи диоксините да дојдат во крмните смеси. Според тоа 60% од примероците треба да се земат од ризичните групи на суровини за храна за животни (увезени масти и масла и производи добиени од нив), а 40% од крмните смеси за фармски одгледуваните животни. (5) Примероците треба да се земат од: 1) регистрирани и/или одобрени објекти и оператори за храна за животни: (а) складирање на суровини за храна за животни; (б) објекти за преработка на масти и масла во кои се произведува храна за животни (масти, масла и производи добиени од истите); (в) објекти за сушење на храна за животни; (г) објекти во кои се произведуваат адитиви и премикси и (д) регистрирани и/или одобрени објекти и оператори за храна за животни во кои се произведува храна за животни за ставање во промет, а кои користат ризични групи на суровини за храна за животни; 2) фармери и 3) ветеринарно инспекциско место на граничен премин (увoз на храна за животни). Член 8 (1) Кокцидиостатиците/хистомоностатиците и медицираните премикси треба правилно да се употребуваат во храната за животни за да се спречи антибиотската резистенција, присуството на опасни резидуи во храната од животинско потекло и негативните ефекти врз здравјето на луѓето и животните. (2) Примероци се земаат од: Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 6 од 9 1) крмни смеси за исхрана на животните кои се користат за производство на храна за луѓе со посебен фокус на храната за животни вклучени во континуирано производство на храна (риби, кокошки несилки молзење и гоење); 2) медицирана храна за животни и 3) храна за животни со кокцидиостатици/хистомоностатици. (3) За откривање на вкрстена контаминација, треба да се земат примероци од првата серија на храна за животни произведена по производството на медицирана храна. (4) Бројот на примероци треба да се подели на 60% за регистрираните и/или одобрените објекти и оператори за храна за животни и 40% од фармите. (5) За поделба на примероците, треба да се пратат следните критериуми (високо ризични активности): 1) само една линија на производство со неколку формулации/активности; 2) претходно откриени несообразности; 3) недостаток на соодветни процедури за чистење на просториите, опремата и транспортните средства; 4) недостаток на соодветен систем за контрола на прашината во делови каде се одвива производството; 5) одобрени објекти и оператори за храна за животни кои произведуваат неколку типови на храна за животни за различни видови животни, со и без кокцидиостатици или други лекови; 6) фарми со голем број на животни; 7) фарми со животни на различна возраст или со различни видови животни во исто време и 8) фарми во кои се користат ветеринарно медицински препарати или медицирана храна за животни. (6) Супстанциите кои треба да се проверат во примероците од храна за животни треба да се одберат од страна на официјалниот ветеринар, врз основа на: 1) активната супстанција/и која е означена на етикетата; 2) регистарот на производство и 3) ветеринарните рецепти на ниво на фарма. Член 9 (1) За да не дојде до појава на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии кај преживните животни, исхраната на преживните животни не треба да се врши со храна за животни која содржи материјали од цицачи кои се забранети да се користат во исхраната на преживните животни. (2) Предмет за земање примероци се: 1) крмни смеси за исхрана на преживни животни; 2) рибино брашно и 3) преработени протеини од животинско потекло. (3) Целни места за земање примероци, поради тоа што претставуваат критични точки за контаминација со забранети животински протеини, што вклучува активности со висок ризик, се: 1) регистрирани и/или одобрени објекти и оператори за храна за животни, и тоа: (а) објекти за производство на крмни смеси за исхрана на преживни и непреживни животни; (б) видови на производство кои се најпогодни за контаминација (пр. производство на храна за животни за непреживни животни која содржи преработени протеини од животинско потекло како рибино брашно или животински масти); Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 7 од 9 (в) објекти за производство на храна за животни или суровини кои содржат голем процент на протеини и (г) потенцијална неефикасност на системот за сопствена контрола на објектот, особено во однос на контролата на вкрстена контаминација и правилното мешање на состојките. Вниманието, исто така, треба да се насочи и кон системот за складирање и транспорт на производите, претходно утврдените несообразности поради не следење на правилата за превенција на Спонгиоформни енцефалопатии кај говедата; 2) регистрирани и/или одобрени објекти и оператори за храна за животни: (а) каде се складира голема количина на непакувана храна за животни и (б) објекти во кои се складира храна за животни со висока содржина на протеини. 3) фарми: (а) со повеќе од 100 грла; (б) одгледување на преживни животни заедно со свињи или живина (ризик од вкрстена контаминација); (в) купување на храна за животни во рефус; (г) употреба на храна за животни со висока содржина на протеини; (д) употреба на органски ѓубрива кои содржат преработени животински протеини и (ѓ) потенцијална неефикасност на системот за сопствена контрола на објектот, особено во однос на контролата на вкрстена контаминација и правилното мешање на состојките и 4) пратки на храна за животни од увоз. Член 10 За спроведување на оваа програма се грижи Агенцијата за храна и ветеринарство. Член 11 Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 44-11576/1-18 Претседател на Владата 8 јануари 2019 година на Република Македонија, Скопје Зоран Заев, с.р. Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 8 од 9 Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 9 од 9