تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law on water management

صدر في 2015-03 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Закон за водостопанство.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Water
الكلمات المفتاحية
basic legislation, business/industry/corporations, basin/catchment/watershed, drainage/land reclamation, effluent waste water/discharge, hydropower generation, industrial water use, inland waters, institution, integrated management, irrigation, offences/penalties, public water, sewerage, surface water, sustainable use, water abstraction, water conservation zone, water resources management, water supply, waterworks, wetlands, pollution control, freshwater pollution, governance, renewable energy
الفئات
*

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. ЗАКОН ЗА ВОДОСТОПАНСТВО („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/15, 193/15 и 189/16) . ОПШТИ ОДРЕДБИ Предмет на уредување Член 1 Со овој закон се уредуваат стопанисувањето, користењето, функционирањето и одржувањето на хидросистемите, системите за наводнување и системите за одводнување. Цели на законот Член 2 Целите на овој закон се: обезбедување на економично стопанисување, користење, функционирање и одржување на хидросистемите, системите за наводнување и системите за одводнување (во натамошниот текст: системи); дефинирање на обемот на услугите кои се даваат на корисниците на вода од страна на вршителот на водостопанската дејност; воспоставување на услови за нормално и успешно работење на вршителот на водостопанската дејност и користење на неговите услуги од корисниците на вода, и основање на акционерско друштво во државна сопственост АД Водостопанство на Република Македонија. Дефиниции Член 5 Поимите употребени во овој закон, го имаат следново значење: 1. „Вршител на водостопанска дејност“ е акционерско друштво, што е основано, работи и престанува да работи според одредбите на овој закон, како и јавните водостопански претпријатија основани од Владата на Република Македонија кои во рамките на своето работење, за водостопанските дејности, ги применуваат и одредбите од овој закон; 2. „Подрачје на дејствување“ е определено географско подрачје во чии граници вршителот на водостопанската дејност ја врши својата дејност непопсредно или преку подружници; 5. „Хидросистем" е целина од хидротехнички објекти со кои се уредува режимот на користењето на водите, што опфаќа една или повеќе брани со акумулации и/или зафати, канали за доведување и/или одведување на вода, вклучувајќи ги распределителните градби, прегради, преливи, пропусти, заштитни насипи, пумпни станици, објекти за заштита на акумулациите од засипување со нанос, ободни и заштитни канали и придружна инфраструктура - патишта, згради, и земјиштето под и во непосредна близина на хидротехничките објекти во обем потребен за користење и одржување на објектите; 4. „Систем за наводнување“ е целина од хидротехнички објекти со кои се зафаќа и доведува вода за наводнување на земјоделско и друго земјиште, што особено опфаќа зафати, пумпни станици и канали со придружна инфраструктура - патишта, згради, и земјиштето под и во непосредна близина на хидротехничките објекти во обем потребен за користење и одржување на објектите; 5. „Систем за одводнување“ е целина од хидротехнички објекти со кои се врши заштита и одводнување на земјоделско и друго земјиште, патишта и урбанизирани зони, што особено опфаќа, заштитни насипи, канали и пумпни станици со придружна инфраструктура - патишта, згради и земјиштето под и во непосредна близина на хидротехничките објекти во обем потребен за користење и одржување на објектите; 6. „Комунално претпријатие за водоснабдување“ е јавно правно лице по Законот за локалната самоуправа или секое друго лице или претпријатие, кое има законско право да работи со систем за водоснабдување на град, село или населено место за дистрибуција на вода за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби) и технолошки потреби; 7. „Точка на снабдување со вода", значи место на главниот канал, објект или цевка од кадешто се обезбедува и испорачува определена количина на вода или протек, од кој корисникот на вода може да црпи или да зафати вода за сопствени потреби; 8. „Корисник на вода“ е физичко или правно лице кое користи услуга за испорака на вода од водостопанството за: наводнување, консумирање од страна на човекот (пиење и други потреби), индустриски и технолошки (стопански) потреби вклучувајќи го и производството на електрична енергија (во натамошниот текст: корисник) и 9. „Испуштени води“ се сите отпадни и атмосферски води кои се испуштаат од стопански и индустриски објекти, канализациони системи, оранжерии, патишта, аеродроми и други приватни и јавни објекти во системот за одводнување. Јавен интерес Член 4 (1) Дејностите на водостопанството се дејности од јавен интерес. (2) Заради вршење на дејностите на водостопанството Владата на Република Македонија основа Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија (во понамошниот текст: АД Водостопанство). (3) Акционерското друштво од ставот (2) на овој член се основа и работи согласно со одредбите од Законот за трговските друштва. (4) Покрај дејностите од јавен интерес, АД Водостопанство врши и други дејности кои се поблиску дефинирани во Статутот на АД Водостопанство. (5) Освен АД Водостопанство, водостопански дејности вршат и јавните претпријатија Хидросистем Злетовица, Стрежево и Хидросистем Лисиче основани од Владата на Република Македонија кои во рамките на своето работење за водостопанските дејности, ги применуваат и одредбите од овој закон. 1. НАДЛЕЖНОСТ Предмет на работење Член 5 АД Водостопанство ги користи, одржува и стопанисува со системите за наводнување и одводнување во целина, заради: снабдување со вода за наводнување; снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби); снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби, вклучувајќи го и производството на електрична енергија; уредување на речни корита; одводнување на земјиште и одведување на испуштени води. Обврска за наводнување и одводнување Член 6 () АД Водостопанство врши снабдување со вода за наводнување на правни и физички лица, сопственици и/или корисници на земјоделско земјиште согласно со одредбите на овој закон. (2) АД Водостопанство врши и одводнување за правни и физички лица, сопственици или корисници на земјоделско и друго земјиште, патишта и урбанизирани зони, доколку во рамките на подрачјето на дејствувањето постои и систем за одводнување. (5) АД Водостопанство одводнувањето го врши, на сите површини и објекти кои припаѓаат во системот за одводнување. (4) АД Водостопанство може да врши одводнување и надвор од системот за одводнување на подрачјето на дејствување врз основа на склучен договор. (5) АД Водостопанство врши и одведување на испуштени води во системите за одводнување на подрачјето на дејствување, согласно со одредбите за испуштање на ваков вид води од Законот за водите. (6) По исклучок од ставот 1 на овој член, АД Водостопанство за вршење на услуги за наводнување на земјоделски површини преку користење на системи за наводнување во сопственост на Република Македонија, а со кој стопанисува акционерското друштво, може да склучува договор со земјоделски задруги за нивно користење и одржување само во случај, ако: за подрачјето на опфатот за кое е формирана земјоделската задруга нема поддружница, а е во подрачјето на дејствување на акционерското друштво или акционерското друштво има поддружница и е во подрачјето на неговото дејствување, но има склучено Договор за обезбедување на финансиски средства врз основа на Проект за подобрување на наводнувањето и развој на инфраструктурниот систем за наводнување кој е финансиран од меѓународната финансиска организација, а според кој краен корисник на системот треба да е земјоделската задруга. Соработка со комунални претпријатија Член 7 АД Водостопанство во рамките на подрачјето на дејствувањето може да врши снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување, на правни лица за индустриски и технолошки (стопански) потреби, вклучувајќи го и производството на електрична енергија, само кога системот тоа го овозможува согласно со проектната документација според која е граден, под услови и на начин согласно со овој закон. Производство на електрична енергија Член 8 АД Водостопанство може да произведува и продава електрична енергија само во случаите, кога хидроцентралата претставува дел на системот со кој стопанисува водостопанството, а во согласност со дозволата за користење на водата. Начин на остварување на надлежностите Член 9 () За остварување на своите надлежности, АД Водостопанство во рамките на подрачјето на дејствувањето врши: изградба, одржување, реконструкција и рехабилитација на хидротехничките објекти; (2) При вршење на својата дејност, АД Водостопанство: обезбедува оптимални услуги за корисниците на вода; обезбедува подеднаков третман во давањето на услугите на сите корисници на вода; пресметува и наплаќа надоместоци за услугите кои ги обезбедува; презема мерки за рационално користење на водата, за намалување на загубите на вода на минимум; презема мерки за штедење на водата; одговорно управува со своите средства, работејќи со нив на внимателен и трошковно ефикасен начин; го одржува и обезбедува ефикасно и одржливо функционирањето и користењето на системот со кој стопанисува и ги спроведува прописите од областа на својата надлежност, како и општите и поединечните акти што ги донесува. (5) АД Водостопанство е должно да ги исполни сите законски услови и барања, а пред се, да ги обезбеди сите потребни дозволи, одобренија и други овластувања во врска со користењето на водните ресурси и заштитата на животната средина и природа, кои се однесуваат на стопанисување, користење и одржувањето на системот. Мерки за сигурност Член 10 Со цел да обезбеди ефикасна работа на системот, да заштити или обезбеди сигурност на објектите кои припаѓаат на системот, и вршат заштита и одбрана од поплави согласно со Законот за водите, АД Водостопанство со средства од програмите на органот надлежен за управување со животна средина и просторно планирање: гради и одржува објекти за заштита и одбрана од поплави; гради и одржува објекти за спречување и заштита од ерозија; гради и одржува објекти за уредување на реките и пороите и врши други работи во согласност со закон. Примена на Законот за јавни набавки Член 1 АД Водостопанство, набавките на стоки, услуги и работи потребни за неговото работење ги врши во согласност со прописите за јавните набавки. Времена службеност Член 12 () Заради реализирање на работите од членовите 9 и 10 од овој закон, АД Водостопанство може да донесе решение со кое се воспоставува времена службеност врз парцелите опфатени со работите согласно со закон. (2) Против решението од ставот (1) на овој член странката може да поднесе приговор, во рок од осум дена, до Одборот на директори на АД Водостопанство. (2) Приговорот не го одложува извршувањето на решението. Исклучок при итност Член 15 Во случаите кога постои итност или потреба за спречување на опасност од настапување на значителна штета на системот и/или парцелите што ги снабдува со вода или ги одводнува, АД Водостопанство има право на пристап и користење на земјиштето во приватна сопственост или врз кое постои право на користење и без воспоставување на службеноста од членот 12 од овој закон, со тоа што во рок од 24 часа е должно да ги извести министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и директорот на Управата за водостопанство. Надоместок на штета Член 14 () При воспоставување на времена службеност од членот 12 од овој закон и случаевите од членот 15 од овој закон, АД Водостопанство одговара за штетата што сопственикот или корисникот на земјиштето ја претрпел, според одредбите на Законот за облигационите односи. (2) По извршените работи АД Водостопанство е должно земјиштето и објектите да ги врати во првобитна состојба. Можност за експропријација Член 15 Заради реализација за извршување на дејностите, АД Водостопанство може да покрене постапка за експропријација на земјиштето согласно со прописите за експропријација. ШИ. СТАТУСНИ ОДРЕДБИ Подрачје на дејствување Член 16 (0) АД Водостопанство се основа за вршење на водостопански дејности на подрачјето на целата територија на Република Македонија. (2) АД Водостопанство има дирекција и подружници за вршење на дејности на водостопанство на определено географско подрачје на дејствување. (3) Секоја подружница на АД водостопанство има регистрирано седиште кое се наоѓа во подрачјето на дејствувањето. (4) Со статутот на АД Водостопанство се определуваат бројот и подрачјето на дејствување на подружниците. Акти на АД Водостопанство Член 17 () АД Водостопанство согласно со Статутот донесува акти за начинот на работа и користење на системот со кој стопанисува кои ги опфаќаат постапките за: користење на водата што се испорачува; поднесување барање за испорачување на вода и постапување по него; известување на корисниците за одлуките кои ги донесуваат органите на управувањеи во случај на суши и слични ситуации кои го оневозможуваат редовното работење. (2) На актите од ставот 1 на овој член согласност дава Владата на Република Македонија. М. НАЧИН НА УПРАВУВАЊЕ Органи на управување Член 18 () Орган на управување на АД Водостопанство е: Одбор на директори. (2) Изборот, мандатот, правата и обврските на членовите на Одборот на директори се врши во согласност со Законот за трговските друштва и Статутот на АД Водостопанство. У. ОДНОСИ СО КОРИСНИЦИТЕ Договори и решенија Член 19 () АД Водостопанство своите услуги за наводнување и одводнување, за испорака на сурова вода за водоснабдување, за индустриски и технолошки потреби, за производство на електрична енергија како и за одведување на испуштени води ги реализира врз основа на договор и/или решение со соодветните корисници. (2) Договорите се склучуваат за секоја година или како повеќегодишни договори со рок на важност не подолг од десет години. Договор за снабдување со вода за наводнување Член 20 () АД Водостопанство врши снабдување со вода за наводнување врз основа на склучен договор. (2) Носител на договор може да биде правно или физичко лице кое има сопствена земјоделска површина или површина под концесија или под закуп. Статусот на површината се докажува со соодветен документ за сопственост, концесија или закуп. (5) Носител на договор може да биде физичко лице кое има земјоделска површина која ја користи и под други основи. Решение за одводнување Член 21 () АД Водостопанство врши одводнување на земјоделско и друго земјиште, објекти и инфраструктурни објекти само доколку тие се во рамки на системот за одводнување. (2) За работите на одводнувањето, АД Водостопанство до корисниците издава решение. (5) АД Водостопанство издава решение за одводнување на правно или физичко лице кое има сопствена земјоделска површина или површина под концесија или под закуп. Статусот на површината се докажува со соодветен документ за сопственост, концесија или закуп. (4) АД Водостопанство издава решение за одводнување на објекти (оранжерии, пластеници, хали и други стопански и индустриски објекти, државни објекти и индивидуални објекти, дворни површини и паркови, патишта, аеродроми и слично на сопствениците или корисниците на тие објекти. Договор за одведување на испуштени води Член 22 () АД Водостопанство врши одведување на испуштени води од објекти и инфраструктурни објекти само доколку тие се во рамки на системот за одводнување. (2) Работите на одведување на испуштени води, АД Водостопанство со корисниците ги уредува со договор. (5) АД Водостопанство склучува договор за одведување на испуштени води со правни лица, физички лица, органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. (4) АД Водостопанство склучува договор за одведување на испуштени води и со сопствениците или корисниците на следните објекти (оранжерии, пластеници, хали и други стопански и индустриски објекти, државни објекти и индивидуални објекти, дворни површини и паркови, патишта, аеродроми и слично). (5) Носители на договор за одведување на испуштени води можат да бидат и комунални и други правни лица кои ја испуштаат водата во системите за одводнување со кои што стопанисува АД Водостопанство. (6) За склучување на договор за одведување на испуштени води, корисниците мора да поседуваат дозвола за испуштање на води согласно со Законот за водите. Договор за снабдување со вода за комунални претпријатија и други корисници Член 25 () АД Водостопанство испорачува вода на комуналните претпријатија за водоснабдување и на корисниците на вода за индустриска и друга потреба, вклучувајќи ја и испораката на вода за производство на електрична енергија, само врз основа на годишни и/или долгорочни договори за снабдување со вода. (2) Времетраењето на секој долгорочен договор за снабдување со вода, се определува на период од десет години, а по барање на заинтересираната странка овој период може да биде и пократок, но не пократок од пет години. Содржина на договорите Член 24 () Договорите од членот 20 на овој закон особено содржат податоци за: местото на испорака на вода до површините на корисникот; начинот на користење на водата од страна на корисникот; периодите за испорака на вода во текот на годината; висината на надоместокот за услугата и рокот за плаќање; условите кои се неопходни заради обезбедување на праведна и еднаква распределба на вода, а кои произлегуваат од капацитетот и физичките ограничувања на системот; мерките кои треба да се преземат со цел да се намалат штетните ефекти од дифузните извори на загадувањето, од салинизацијата и од презаситеност на почвата со вода; условите со кои се промовира рационалното користење на водата или кои се неопходни за имплементирање на законските обврски на водостопанството во поглед на користењето на водата; правата за снабдување со вода и протоколот за сигурност на снабдување со вода; обврските и ограничувањата на обврските; договорни казни за повреда на договорните обврски; други податоци кои се во согласност со одредбите на овој закон или други закони односно прописи донесени врз основа на закон; постапката за поднесување барање за испорачување на вода за време на сезоната на наводнувањето; максималната количина вода која може да ја побара корисникот за време на секоја сезона за наводнувањеи правото на ограничување на испораката на вода од страна на АД Водостопанство. (2) Договорите од членот 22 на овој закон содржат и податоци за: локација на местото на испуштање; податоци за потеклото на водата што се испушта; податоци за квалитетот на водата што се испушта; податоци за количината на вода што се испушта и други податоци и услови пропишани во дозволата за испуштање. (5) Договорите од членот 23 на овој закон содржат и податоци за: количината на водата што треба да му се испорача на корисникот; правото на рестрикција во точно определени случаи и месечниот план на испорака на вода во случај на рестрикција. Раскинување на договорот Член 25 () АД Водостопанство има право да го раскине договорот и да го прекине снабдувањето со вода, во случај кога другата договорна страна доцни со исполнување на своите договорни обврски, подолго од 60 дена од денот на пристигнувањето на обврската, без оглед на обемот на неисполнетата обврска, како и во други случаи на еднострано раскинување на договорот согласно со Законот за облигационите односи. (2) За едностраното раскинување на договорот од ставот (1) на овој член, АД Водостопанство писмено го известува корисникот во рок од три дена од денот на приемот на известувањето за раскинување. Виша сила Член 26 () Во случај на виша сила, ако дојде до намалување на водата наменета за корисниците, Владата на Република Македонија на барање на АД Водостопанство или корисниците прогласува состојба на виша сила со одлука. (2) АД Водостопанство е должно да ги извести сите корисници во рок од 15 дена од денот на донесување на одлуката од ставот (1) на овој член. (5) Известувањето од ставот (2) на овој член се врши преку локалните средства за информирање и се истакнува на огласната табла на АД Водостопанство. (4) По прогласувањето на виша сила, АД Водостопанство започнува со спроведување рестрикција во снабдувањето со вода, согласно со протоколот за сигурност на снабдување СО вода во услови на виша сила. МЕ. МАТЕРИЈАЛНО И ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ Извори на финансирање Член 27 Извори на средства на АД Водостопанство се: надоместоци за услуги за снабдување со вода; надоместоци за одводнување; надоместоци за одведување на испуштени води; кредити; приходи од вршење на дејност од други области согласно со статутот на друштвото; средства обезбедени од Програмата за води и други програми финансирани од Буџетот на Република Македонија согласно со закон; приходи од продажба на минерални суровини (песок, чакал, камен и друго) согласно со Законот за минерални суровини; донациии други извори. Распоредување на добивката и покривање на загубата Член 28 За распоредување на добивката и покривање на загубата на АД Водостопанство, соодветно се применуваат одредбите од Законот за трговските друштва. Надоместоци Член 29 (1 АД Водостопанство наплаќа: надоместок за наводнување, надоместок за одводнување, надоместок за одведување на испуштени води и надоместок за испорачана количина на вода за водоснабдување и за индустриски потреби. (2) Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член се утврдува согласно со методологијата за утврдување на надоместок која ја усвојува Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за земјодлество, шумарство и водостопанство. (5) Надоместоците од ставот (1) алинеи Ти 2 на овој член ги плаќаат сите сопственици или корисници во рамките на системот за наводнување, односно одводнување. Основи за утврдување на надоместоци Член 50 АД Водостопанство ги утврдува надоместоците за своите услугите со одлука на која согласност дава Владата на Република Македонија врз основа на: се пресметува целосниот трошок на испорачаната вода на корисниците; надоместокот за услуги за наводнување и одводнување да биде единствен и заснован врз исти критериуми за целиот систем, освен за деловите од системот кадешто постои значителна разлика во трошоците која влијае врз висината на надоместокот, како што е друг извор на вода или област која користи пумпи; во надоместоците за услуги се вклучуваат трошоци за одржување и работење на системот, резервни делови, замена на истрошените постројки и објекти и покривање на ризици од суша, поплава или случајна штета; при користење на иста инфраструктура од повеќе корисници, плаќањето на надоместокот за услуги да биде пропорционално на количините на вода по корисник; амортизацијата може да биде вклучена во надоместокот за услугата доколку реалниот трошок вклучува камата и поврат на главницата на кредит, кадешто овие дополнителни трошоци треба да бидат повратени во подеднаков однос од сите корисници. Надоместок за наводнување Член 31 () АД Водостопанство наплатува надоместок за наводнување од правни и физички лица, сопственици и/или корисници на земјоделско земјиште кои користат вода за наводнување врз основа на склучен договор. (2) Надоместокот од ставот (1) на овој член се состои од: годишен надоместоки надоместок за испорачана количина на вода, за површини кои се наводнуваат. (5) Годишниот надоместок од ставот (2) алинеја 1 на овој член, е износ на трошоците за тековно годишно одржување на системот и се плаќа до 51 декември за тековната година или поинаку ако тоа е одредено во статутот на водостопанството или во неговите интерни акти и го плаќаат сите корисници до чијшто површини има техничка можност да се обезбеди вода за наводнување. (4) Надоместокот за испорачана количина на вода од ставот (2) алинеја 2 на овој член, е износ на трошоците според волуменот на потрошената или претходно утврдена количина на вода испорачана до корисниците. Надоместок за одводнување Член 32 () АД Водостопанство наплатува надоместок за одводнување од правни и физички лица, сопственици или корисници на земјоделско и друго земјиште, единиците на локална самоуправа и другите државни субјекти кои се сопственици или користат земјиште, или објекти, а припаѓаат во системот за одводнување со кој стопанисува АД Водостопанство, согласно со членот 21 став 4 од овој закон. (2) АД Водостопанство утврдува и наплатува надоместок за одводнување од секое правно или физичко лице во рамките на системот за одводнување: кое е сопственик или корисник на земјиште, кое има право на користење или закуп на државно земјиште и други иматели или корисници на инфраструктурни и други објекти од кои водата се одведува преку системот за одводнување. (5) Надоместокот од ставот (1) на овој член е износ на трошоците за тековно годишно одржување на системот и се плаќа до 21 декември за тековната година, или ако поинаку тоа е одредено во статутот на водостопанството или во неговите интерни акти. Начин на утврдување на надоместокот за одводнување Член 55 () Висината на надоместокот за одводнување од членот 32 на овој закон, се утврдува на следниот начин: се утврдува годишниот износ на трошоците за одржување на системот за одводнување; се утврдува вкупната површина што ја покрива системот за одводнување, површината на објектите и инфраструктурните објекти од членот 21 став 4 од овој закон во рамките на системот; се утврдува процентот на учество на површината на парцелата сопственост или во користење на правното или физичкото лице во вкупната површина на земјиштето И утврдениот процент од алинејата 3 на овој член, се множи со годишниот износ на трошоци и се утврдува износот што треба да го плати сопственикот, односно корисникот на земјиштето. (2) Директорот на АД Водостопанство со решение ја утврдува висината и рокот на плаќање на надоместокот од ставот 1 на овој член. (5) Против решението од ставот 2 на овој член незадоволната странка има право на жалба до Одборот на директори во рок од 15 дена. (4) Правосилното решение има својство на извршна исправа и се извршува согласно со одредбите од Законот за извршување. Надоместок за одведување на испуштени води Член 24 () АД Водостопанство наплатува надоместок за одведување на испуштени води од корисниците врз основа на склучен договор во согласност со одредбите од овој закон. (2) Надоместокот од ставот (1) на овој член, е износ на трошоците на услугата за одведување, трошоците за заштита на животната средина од испуштените води и трошоците за одржувањето на реципиентот и се плаќа согласно со условите во договорот. Надоместок за испорачана количина на вода за водоснабдување и за индустриски потреби Член 55 () АД Водостопанство наплатува надоместокот за испорачана количина на вода за водоснабдување и вода за индустриски потреби врз основа на склучени договори со корисниците во согласност со одредбите од овој закон. (2) Надоместокот од ставот (1) на овој член претставува износ на трошоците за испорачаните количини на вода до корисниците, според волуменот на истата и се плаќа месечно по извршената испорака. (3) Надоместокот од ставот (1) на овој член може да се пресметува по систем на премија. (4) Премијата претставува начин на утврдување на надоместокот врз основа на повисокиот степен на сигурност за снабдување со вода, што го бара корисникот од ставот (1) на овој член. (5) Премијата како начин на утврдување на надоместокот, мора да биде дефинирана во протоколот за сигурност на снабдувањето со вода кој е утврден со статутот на АД Водостопанство и мора да е внесена во долгорочниот договор. (6) Висината на премијата се утврдува со спогодба меѓу АД Водостопанство и корисникот. МИ. ПОСЕБНИ ОБВРСКИ Ажурирање и евиденции Член 26 АД Водостопанство: технички ја дефинира и ажурира картата на којашто е прикажано подрачјето на дејствувањето; ги евидентира сите составни делови на системот кои му се пренесени на користење; ги евидентира податоците за водата која се зафаќа од изворот; ги евидентира корисниците по вид на обезбедени услуги; ги евидентира решенијата за надоместокот за услуги, неплатените и платени обврски од корисниците на услугите; ги евидентира склучените, реализирани и нереализирани договори и трансакциите за нивна реализација; врши попис на основните средства; составува записници за контроли и снимања на состојбата на системот со кој стопанисува, во целина како и на делови од системот кои му се пренесени на користењеи врши други работи ставени во негова надлежност со закон или прописи донесени врз основа на закон. Спроведување на законот Член 57 Надлежен орган за спроведување на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Стручен надзор Член 58 () Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Управата за водостопанство врши стручен надзор над работењето на АД Водостопанство. (2) Во рамките на надзорот на овој закон, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има право да бара од одборот увид во документите од финансиска, материјална и друга природа и да укажува на противзаконитото работење и постапките кои го попречуваат редовното работење. (5) Овластените лица од Управата за водостопанство спроведуваат стручен надзор на системот и по утврдените недостатоци во работењето, даваат насоки на АД Водостопанството за преземање на дејствија за: правилно одржување на инфраструктурата; спречување на настапување на штети на инфраструктурата; спречување на настанување на штети на објекти од јавен интерес, што не се во состав на системот, или на објекти во сопственост на правнии физички лицаи обезбедување на правилно користење на инфраструктурата од аспект на јавен интерес. Писмен одговор Член 59 () Ако по спроведениот увид, се утврди повреда на законските прописи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство писмено ќе ги извести органите на управување на АД Водостопанство за своите констатации од наодите на увидот и од него ќе побара писмен одговор во рок од 50 дена од денот на приемот на известувањето. (2) Доколку органите на управување на АД Водостопанство не одговори на барањето од ставот () на овој член од овој закон, или ако по приемот на одговорот, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство утврди дека АД Водостопанство работело спротивно на одредбите од овој закон или други прописи, ќе ја извести Владата на Република Македонија. Обврска за информирање Член 40 () Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Управата за водостопанство може по писмен пат да побара од органите на управување на АД Водостопанство да му доставуваат информации и документација за користењето и одржувањето на системот со кој стопанисува. (2) Доколку органите на управување на АД Водостопанство не одговорат на барањето од ставот () на овој член, или ако по приемот на одговорот, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство утврди дека АД Водостопанство работело спротивно на одредбите од овој закон или други прописи, ќе ја извести Владата на Република Македонија. Инспекциски надзор Член А1 Инспекциски надзор од аспект на користење на водите, состојбата на водостопанските објекти и инфраструктурата, врши Државниот инспекторат за животна средина преку водостопанските инспектори во согласност со надлежностите кои произлегуваат од Законот за водите. МИ. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Прекршочна санкција за АД Водостопанство Член 42 () Глоба во износ до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на АД Водостопанство, ако: неоправдано не врши наводнување или одводнување на физички и правни лица на подрачјето на своето дејствување (член б); не ги остварува своите надлежности и не ја врши дејноста за која е основано (член 9 ставТ и 2); не ги исполнува законските услови и барања, не ги обезбедува потребните дозволи, одобренија и други овластувања во врска со користењето на водните ресурси и заштитата на животната средина и природа, кои се однесуваат на стопанисувањето, користењето и одржувањето на системот (член 9 став 3); не врши снабдување со вода врз основа на склучен договор и/или врши снабдување со вода без склучен договор (член 20); не ги врши работите на одводнувањето (член 21); неоправдано не врши одведување на испуштените води за кои има склучено договор (член 22); не испорачува вода на комуналните претпријатија и/или не испорачува вода за производство на електрична енергија врз основа на склучени договори (член 23); не ја распоредува добивката и не ја покрива загубата (член 28); не ги утврдува своите надоместоци за услугите (член 53); не врши ажурирање и евиденции (член 56) и не доставува информации и документација за користење и одржување на системите со кои стопанисува (член 40). (2) Глоба во износ од 3096 од одмерената глоба за АД Водостопанство ќе му се изрече и на одговорното лице во АД Водостопанство за прекршоците од ставот (1) на овој член. Прекршочна санкција за правно лице Член 453 () Глоба во износ до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице - корисник, односно трговец поединец - корисник ако: без склучен договор со АД Водостопанство користи вода од системот (член 19); без склучен договор со АД Водостопанство испушта вода во системот за одводнување (член 22); покрај постоење на правосилно решение или решение по кое приговорот не го задржува извршувањето ќе спречи овластено лице на АД Водостопанство на пристап или користење на земјиштето за извршување на работите од членовите 12 и 13 од овој закони постапи спротивно на процедурите определени со актите на АД Водостопанство (член 17). (2) Глоба од ставот (1) на овој член ќе му се изрече на правното лице, односно на трговец поединец за оштетување, уништување и крадење на инфраструктурата и објектите за наводнување, како и кражба на вода. (5) Глоба во износ од 5096 од одмерената глоба за правното лице, односно за трговец поединец ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице, односно на одговорно лице во трговец поединец за прекршоците од ставот (1) на овој член. (4) На правното лице, односно на трговец поединец покрај глобата од ставот 1 на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење одделна дејност во траење од три месеци до три години. (5) На одговорното лице во правното лице, односно трговец поединец покрај глобата од ставот 5 на овој член ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење професија или должност во траење од три до 30 дена. (6) Забраната од ставот 5 на овој член може да се замени со паричен надоместок само доколку прекршокот е сторен за прв пат. (7) Висината на паричниот надоместок од ставот 6 на овој член изнесува двоен износ од износот на одмерената глоба пропишана во овој член. (8) Паричниот надоместок од ставот 7 на овој член сторителот е должен да го плати во рок од три дена од од денот кога му е определен со акт на надлежниот орган. (9) Ако сторителот не го плати паричниот надоместок во рок од три дена, забраната од ставот 4 на овој член ќе се реализира. Прекршочна санкција за физичко лице Член ДА Глоба во износ од 500 до 450 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од членот 43 ставови (1) и (2) од овој закон на физичкото лице - корисник на вода. Прекршочна постапка и постапка за порамнување Член 45 (1) За прекршоците предвидени со овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд. (2) Пред поднесување на барањето за поведување на прекршочната постапка се спроведува постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците. (5) За прекршоците утврдени во овој закон, водостопанскиот инспекторот може на сторителот на прекршокот да му издаде прекршочен платен налог, пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. (4) Доколку сторителот го прими прекршочниот платен налог, истиот треба да го потпише. Примањето на прекршочниот платен налог од сторителот на прекршокот се забележува во записникот. (5) Во записникот се утврдува начинот на кој Ќе се отстранат штетните последици од прекршокот, како и начинот на надминување на последиците од сторениот прекршок. (6) Кога како сторител на прекршок се јавува правно лице, записникот и прекршочниот платен налог го потпишува службено, односно одговорното лице кое се нашло на самото место при инспекцискиот надзор или друго службено или одговорно лице кое изјавило дека има право да го потпише записникот и да го прими прекршочниот платен налог. (7) Изјавата од ставот (б) на овој член се забележува во записникот. (8) Инспекторот е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за нивниот исход. (9) Во евиденцијата од ставот (8) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следниве податоци име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на мандатниот/прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (10) Личните податоци од ставот (9) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. (1) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог. Рокови за застареност и извршување Член 46 За застареноста на поведувањето и водењето на прекршочната постапка како и за застареноста на извршувањето на прекршочните санкции соодветно се применуваат одредбите од Законот за прекршоците. Член 46-а Одмерувањето на висината на глобата за правното лице, односно на трговец поединец се врши согласно со Законот за прекршоците. (Х. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 47 () Владата на Република Македонија ќе основа АД Водостопанство најдоцна до денот на започнувањето со примената на овој закон. (2) До започнувањето со примената на овој закон, постојните Водостопанства продолжуваат со работа согласно со Законот за водостопанствата („Службен весник на Република Македонија“ број 85/2005, 95/2005,105/2008, 1/12 и 95/12). (5) Со започнувањето со примената на овој закон, постојните Водостопанства продолжуваат да работат како подружници на АД Водостопанство. (4) До денот на започнувањето на примената на овој закон, Владата на Република Македонија по предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопантво ќе донесе одлука за престанување на работењето на ВС Преспа од Ресен, согласно со Законот за водостопанствата („Службен весник на Република Македонија“ број 85/2005, 95/2005, 1053/2008, 1/12 и 95/12). (5) Со денот на основањето на АД Водостопанство од ставот (1) на овој член, имотот, опремата, средствата за работа и другите средства, архивата, документацијата, вработените, правата и обврските на постојните Водостопанства ги презема АД Водостопанство од ставот (1) на овој член. (6) АД Водостопанство од ставот (1) на овој член, е правен следбеник на правата и обврските на постојните Водостопанства од ставот (2) на овој член. Член 48 Хидросистемите, системите за наводнување и системите за одводнување кои се во сопственост на Република Македонија, а со кои до денот на започнувањето со примената на овој закон не стопанисувале постојните Водостопанства од членот 47 став (2) од овој закон ниту други правни лица, ги презема АД Водостопанство од членот 47 став (1) од овој закон. Член 49 Подзаконските акти чиешто донесување е утврдено со овој закон ќе се донесат во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 50 Со денот на започнувањето со примената на овој закон, престанува да важи Законот за водостопанствата („Службен весник на Република Македонија“ број 85/2005, 95/2005, 105/2008,1/12 и 95/12). Член 51 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија", а ќе започне да се применува од 1 октомври 2015 година.

Law on water management · Nelum